КАФЕ ПАУЗА

Category: Забава и хумор

  • Што сè имаме научено од филмовите

    Што сè имаме научено од филмовите

    Скоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.rnrnШто сè имаме научено од филмовитеrn

      rn011

    • Чесните и работливи полицајци секогаш загинуваат три дена пред да одат во пензија.
    • rn011

    • Колку и да е гужва во барот, секогаш има празно место пред шанкерот, кој цело време брише чаши и чека некој да нарача пијачка.
    • rn011

    • 1 милион долари во кеш секогаш пополнуваат точно една актовка.
    • rn011

    • Мајките секое утро приготвуваат јајца, сланина и свежо цеден сок од портокал, но мажот и децата секогаш имаат време да се напијат само по една голтка од сокот.
    • rn011

    • Кога некој се вози со такси, не ни погледнува колку откуцал таксиметарот, туку веднаш посегнува по првата банкнота која се наоѓа во паричникот и плаќа, притоа не чекајќи го ни кусурот.
    • rn011

    • Доколку доволно добро се потрудите, можете со трчање да избегате од експлозија.
    • rn011

    • Со едно фрлено шкорче на земја, може да се запали цела зграда голема колку стадионот „Вембли“.
    • rn011

    • Секогаш можете да се паркирате пред зградата кон која сте се упатиле.
    • rn011

    • Детективот секогаш го решава случајот кога е суспендиран од страна на својот претпоставен.
    • rn011

    • Ајфеловата кула се гледа од кој било прозорец во Париз.
    • rn011

    • Машките никогаш не чувствуваат болка, дури и кога се наоѓаат во најстрашната тепачка, но не можат да издржат и врескаат кога некој им ги чисти раните.
    • rn011

    • Секогаш кога некој во рацете има ќеса со намирници, во неа мора да има барем еден француски багет.
    • rn011

    • Автомобилите и камионите кои ќе се удрат некаде, скоро секогаш експлодираат.
    • rn011

    • Еден човек сам има поголеми шанси да утепа 20 луѓе кои пукаат кон него.
    • rn011

    • Вентилацијата во зградите се секогаш перфектно чисти, само може да налетате на некој стаорец.
    • rn011

    • Преку кој било компјутер можете да го пробиете системот на американската тајна служба.
    • rn011

    • Со каква било шнола можете да се ослободите од полициски лисици.
    • rn011

    • Бомбите секогаш се деактивираат пред истекот на последната секунда.
    • rn011

    • Колку силно и да трчате низ шумата, убиецот секогаш ќе успее да се најде пред вас.
    • rn011

    • На жените кои се наоѓаат сами во куќа, а надвор има невреме, најчесто нешто лошо ќе им се случи.
    • rn011

    • Можете да обиете врата со помош на кредитна картичка.
    • rn011

    • Кога две лица од спротивен пол, од самиот старт не можат да се поднесат, на крајот на филмот ќе завршат среќно заљубени.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул пешкири за на плажа

    Кул пешкири за на плажа

    Пешкирите се неопходност во нашето секојдневие, кои со својата едноставна правоаголна форма, еднобојни или шарени, сепак си ја вршат својата основа функција – ги впиваат капките од нашата навлажнета кожа и ни пружаат удобност и комоција после капење. Но, како што има креативност во сè друго, така постојат и креативни пешкири со кои би било кул да се појавите на плажа. Кој од овие би бил вашиот избор?rnrnПешкир со Axe-ефект – Ќе ве забележат и ќе изгледате кул. Ако ништо друго, барем секогаш ќе имате раце или нозе замотани околу вашето тело.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир со горен и долен дел – Реупотребата на пешкирите е оправдана, но само доколку се практикува на начин кој ја осигурува беспрекорната хигиена. Горниот дел е за лицето, а долниот за интимните делови. Нема потреба од забуна.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПешкир за мерење на обемот на телото – Мерете си го намалувањето на обемот секогаш кога ќе излезете од вода. Ќе се зачудите колку се слабее со пливање. :)rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој ги открива влакнестите делови – Зад оваа креативна идеја стои Gillette, чија цел е да го привлече вниманието на оние делови од телото на жените, но и на мажите, кои најмногу се бричат за време на летниот период. И статистиката е на нивна страна: само 12% од жените сакаат мажи со влакна, додека 71,6% од мажите преферираат бричена бикини зона.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој ја подигнува свеста за опасностите од изложеноста на сонце – 50 вакви пешкири биле поставени на една плажа во Тел Авив, Израел, за да им го привлечат вниманието на присутните и да им ја подигнат свеста за опасните оштетувања на кожата и можноста за добивање рак на кожата како резултат на прекумерна и незаштитена изложеност на сонце.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир за комплетно уживање – Овој пешкир од Hi-Sun претставува четири во едно: ранец, перница на дување, пешкир и звучници. На овој пешкир можете комплетно да се опуштите и да уживате слушајќи ја музиката од вашиот ајфон, ајпод или кој било друг мп3 плеер, кој ќе го поврзете со стандардниот 3,5-милиметарски приклучок. Звучниците се јаки, а благодарение на литиум-јонската батерија на полнење преку УСБ, можете да бидете сигурни дека ќе уживате цел ден додека сте на плажа.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој се конвертира – Овој пешкир од Мејсон Мартин Маргиела се преобразува во торба и обратно.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПлејбој пешкир – Ова е веројатно најлесниот начин да се најдете на насловната страница на Плејбој.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПесочен пешкир – Овој пешкир има две лица, бела и песочна. Додека лежите на него можете да ја користите белата страна, но кога ќе сакате да појдете на пливање, свртете го наопаку врз вашите ствари што сте ги понеле на плажа. Песочните принтови ќе ја камуфлираат околната со што вашите вредни работи ќе бидат на сигурно.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој можете да го носите – Овој пешкир има 3 отвори, може да се носи како туника или како тога и нема потреба од закопчување.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПешкирот задник-лице ќе ви помогне да не ги мешате страните и секогаш да ги бришете деловите од телото со соодветната страна.rnКул пешкири за на плажа

  • Една поинаква изведба на „Hey Ya!“ од Outkast

    Една поинаква изведба на „Hey Ya!“ од Outkast

    Погледнете ги слатките Џереми и Џастин како играат и пеат (до душа само едниот од нив) на песната „Hey Ya!“ играјќи ја играта „Just Dance 2“ на Nintendo Wii. Многу се смешни 🙂

    rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заминување на љубовта

    Заминување на љубовта

    Овој краток анимиран филм е инспириран од немите филмови на Бастер Китон направени во 20-тите години на минатиот век. Во него, млада девојка заминува со воз, а нејзиниот љубен трча по возот како лудак, притоа изведувајќи секакви гимнастички точки за да преживее и да ја пронајде во точното купе.rnrnВозбудлива приказна со интересна завршница. Автор на видеото е Џена Борс, која го направила додека студирала на Kолеџот за уметност и дизајн Ринглинг во Сарасота, Флорида, на отсекот за компјутерска анимација.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Глупави ситуации кои му се случуваат секому

    Глупави ситуации кои му се случуваат секому

    На секој од нас, секојдневно му се случуваат пријатни, но и непријатни, па дури и смешни ситуации. Но, додека траат воопшто не ви е смешно, бидејќи ви се случува вам, а не на некој друг. Како и да е, откако ќе пројде ситуацијата, насмевнете се, бидејќи навистина е смешна и сетете се дека такви работи им се случуваат на сите луѓе. Прочитајте ги следниве ситуации кои ви се случиле или сте слушнале дека на некој друг му се случиле, а потоа споделете некое ваше „интересно“ искуство. 🙂

    rn

    Глупави ситуации кои му се случуваат секому

    rnrn

      rn011

    • Во бутик ги облекувате панталоните кои ви „фатиле око“ и притоа сфаќате дека ви се точни само до колена.
    • rn

    rn

      rn011

    • Малку сте напнати и нервозни, но не сте сигурни зошто.
    • rn

    rn

      rn011

    • Од подалеку здогледувате дека семафорот свети зелено и радосни стискате на гас за да „го фатите“, но токму пред него, светлото се менува во жолто и морате нагло да закочите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Одите по улица, го здогледувате вашиот симпатија, поради кој не можете да спиете навечер и во тој момент пресмешно се сопнувате пред неговите/нејзините очи, поради што се чувствувате како најголем идиот на светот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Одите на депилација, плаќате и си одите дома. Таман кога планиравте да ù се радувате на мазната кожа, сфаќате дека козметичарката утнала 2 квадратни сантиметри влакна.
    • rn

    rn

      rn011

    • Гладни и препотени чекате повеќе од 45 минути ред во банка и тогаш доаѓа некоја бабичка и ви вели дека е стара и изморена и ве замолува да се „протне“ пред вас во редот, а вие сте премногу културни за да ја одбиете.
    • rn

    rn

      rn011

    • Се разминувате со пешак на патека и тргнувате првин налево, па надесно, не знаејќи на каде ќе се упати другиот и додека да трепнете сфаќате дека силно се удирате во него.
    • rn

    rn

      rn011

    • Одите да го купите вашиот омилен сладолед во продавница и гледате дека друг купувач го зема последниот пред вашите очи.
    • rn

    rn

      rn011

    • Комуницирате со некого на интернет. Возбудени пишувате цел параграф и без да погледнете во екранот стискате ентер. После кратко време сфаќате дека сте направиле „фатални“ печатни грешки, поради кои на соговорникот ќе му биде потребен толкувач за да разбере што сте му пишале.
    • rn

    rn

      rn011

    • Имате уште малку пари во вашиот паричник, но морате некаде да стигнете најбрзо што можете, поради што фаќате такси. 2 километри пред посакуваната дестинација, сфаќате дека морате да се симнете од автомобилот, бидејќи немате доволно пари за да платите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Радосни што сте си купиле нови модерни хулахопки, излегувате на кафе и станувајќи од столчето ги расцепувате на острото ќоше.
    • rn

    rn

      rn011

    • Шетате низ полна дискотека и некој случајно ја „гаси“ цигарата од вашата рака и додека сте во силни болки ви вели: „Извини многу! Ај па ќе си фатиш момче/девојка.“
    • rn

    rn

      rn011

    • Брзате некаде и кога стигате до посакуваната дестинација, излегувајќи од автомобилот, ја заклучувате вратата, тргате, се вртите назад и сфаќате дека не сте ги затвориле прозорците.
    • rn

    rn

      rn011

    • Многу сте жедни, поради што силно го натегнувате шишето Спрајт, кое го пронајдовте дома во фрижидерот. Притоа сфаќате дека пиете студена вода, наточена од чешма.
    • rn

    rn

      rn011

    • Некој ве прашува зошто сте толку тивки денес, а вие не можете да смислите реален одговор.
    • rn

    rn

      rn011

    • Прегладнети едвај чекате да гризнете од големиот сендвич, кој штотуку си го купивте и притоа ви капнува кечап на вашите бели панталони.
    • rn

    rn

      rn011

    • Конечно надвор преврна и можете да излезете на раат од дома. Правејќи ги првите неколку чекори надвор од вашиот дом, стапнувате на полжав.
    • rn

    rn

      rn011

    • Вашиот шеф ви пишува службен имејл во недела навечер и вие сфаќате дека викендот штотуку ви завршил.
    • rn

    rn

      rn011

    • Сте стапнале на кучешки измет и долго време не сте биле свесни дека вие сте смрделе цело време.
    • rn

    rn

      rn011

    • Си шеткате и свиркате на улица и притоа забележувате мртво животинче до вас, кое ви го уништува доброто расположение што пред малку го имавте.
    • rn

    rn

      rn011

    • Конечно се спремивте наутро на време за на факултет/работа и откако ја заклучивте влезната врата од вашиот дом, се присетувате дека го заборавивте мобилниот телефон во кујната.
    • rn

    rn

      rn011

    • Се будите совршено одморени и после пет минути сфаќате дека на десет места сте каснати од комарец.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ја слушнавте песната „Макарена“, првпат после долго време и не може да престане „да ви пее во главата“ цел ден, а вам никогаш не ви се ни допаѓала.
    • rn

    rn

      rn011

    • Со вашето ново момче/девојка седите на клупа под сенка и романтичните моменти ги прекинува гулабот, кој врши измет на вашата коса. Ако имате среќа, момчето/девојката ви вели дека тоа значи дека ќе ви пристигнат пари.
    • rn

    rn

      rn011

    • Сте викнале дома друштво, за да гледате некој премногу интересен филм, но притоа морате да го паузирате на секои пет минути, бидејќи на гостите премногу им се прави муабет.
    • rn

    rn

      rn011

    • Излегувате од дома и доаѓате до констатација дека заборавивте да ставите антиперспирант после туширање, а надвор е 35 степени Целзиусови.
    • rn

    rn

      rn011

    • Некој ваш пријател ви вели дека многу му личите на некоја филмска/музичка ѕвезда, која вам ви е многу антипатична.
    • rn

    rn

      rn011

    • Рано наутро имавте неодложна обврска, но се успавте бидејќи кога ви заѕвонел алармот, наместо „snooze“, сте притиснале „cancel alarm“.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ви мрда очен нерв цела недела, а тоа чувство ви „гази по нерви“.
    • rn

    rn

      rn011

    • Шефот планира да ви даде отказ од работа и откако тоа ќе се случи, дознавате дека сите во канцеларијата знаеле, освен вие.
    • rn

    rn

      rn011

    • Одите на летен одмор и пресреќни се нурнувате во вода, а притоа констатирате дека вашиот нов, убав костим за капење се проѕира.
    • rn

    rn

      rn011

    • Во маркет налетувате на некој познаник, со кој ви е незгодно да одите да се поздравите, па му се насмевнувате од далеку и набрзо повторно се сретнувате, барајќи производ на истата полица.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ја читате целата оваа листа глупави ситуации кои му се случуваат секому, додека треба да сработите некоја попаметна работа.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магијата на првиот допир меѓу заљубените дрвца

    Магијата на првиот допир меѓу заљубените дрвца

    Две дрвца се заљубуваат, но не можат да бидат заедно бидејќи се физички разделени едно од друго. Можат да се видат и да се посакуваат, но не можат да се допрат. Дали нивната љубов ќе опстои? Гледајте ја оваа слатка романтична анимација, која е производ на четворица студенти на Училиштето за уметност во Утрехт, Холандија.rnrnЉубов во природатаrnrnПриказната е едноставна, но тоа е и клучот за добра анимација. Љубов, природа, шаренило, весели бои и ведри сцени… Вистинско уживање во 5 минути. Гледајте го „Rooted“ (Вкоренети)!rnrnrnrnАко ви се допадна ова филмче, гледајте ги и „Ден и ноќ“ и „Зошто пандата е црно-бела?“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 научни трикови со кои можете да се правите важни

    10 научни трикови со кои можете да се правите важни

    Знаете како некои луѓе секогаш имаат добар виц на лагер, токму кога е потребно развеселување на собраното друштво? Епа, бидете подготвени вие да се покажете следниот пат.rnrn10 научни трикови со кои можете да се правите важниrnrnПрво вежбајте сами, а потоа самоуверено заблескајте како вистинска ѕвезда во друштвото, која знае како да ги расположи другите. Овие 10 трикови, се лесни, научни и, што е најважно, изводливи. Пробајте се! :)rnrn

  • Паралелно паркирање

    Паралелно паркирање

    Yum Yum е креативно студио од Лондон кое е составено само од двајца луѓе, Beth Algieri и Jonny Plummer. И двајцата се креативни директори и како што велат и самите, обожаваат да креираат нови и возбудливи работи. Инаку, отворени се за секаква соработка, па ако имате било каква креативна идеја, слободно контактирајте ги. Анимацијава ја направиле само за да ни го разубават денот. :)rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 смешни знаци дека сте компјутерски зависник

    10 смешни знаци дека сте компјутерски зависник

    Веројатно ако сте компјутерхолик не се ни запрашувате дали поминувате премногу време со вашиот „најдобар пријател“, но ако евентуално ве интересира, еве 10 сигурни знаци дека спаѓате во таа категорија:rnrn10 смешни знаци дека сте компјутерски зависникrnrn1. Имате повеќе компјутери и практикувате да ги користите сите во исто време.rnrn2. Преспивате на работа, каде имате специјално легло под компјутерското биро.rnrn10 смешни знаци дека сте компјутерски зависникrnrn3. Не се одделувате од компјутерот дури и кога не сте баш во состојба да го користите, на пр. со рака во гипс, фатени во кичмата…rnrn4. Одите со компјутерот во веце.rnrn5. …или во поекстремни ситуации, го носите вецето пред вашиот компјутер.rnrn10 смешни знаци дека сте компјутерски зависникrnrn6. Имате отпечатоци од тастатурата додека спиете.rnrn10 смешни знаци дека сте компјутерски зависникrnrn7. Имате дете, но го запоставувате и игнорирате додека сте пред компјутерот.rnrn8. Не водите многу грижа за хигиената во вашата соба каде што ви е сместен компјутерот.rnrn9. Попрво би умреле отколку да се одделите од компјутерот.rnrn10. А кога ќе умрете, сакате да имате компјутер место надгробна плоча.rnrn10 смешни знаци дека сте компјутерски зависникrnrnВо колку точки се пронајдовте?rnrn10 смешни знаци дека сте компјутерски зависникrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни начини на раскинување

    Смешни начини на раскинување

    Автор: Викиrn
    rn

    „Сè уште ми недостасува мојот бивш, но пoзабавно ми е да го гледам како пати.“

    rnНајдобро е да се избегнуваат ваквите тажни и тмурни изјави. Она што обично ни помага да продолжиме понатаму после раскинувањето, се смешните ситуации на кои се присетуваме.rnrnБез разлика дали ќе му ги пратите на вашиот бивш/а преку СМС или пак ќе си ги задржите само за себе, со ваквите изјави и мисли, секако ќе имате причина да се насмеете. Плус, запомнете дека понекогаш работите треба да се сфаќаат малку полабаво, понесериозно.rnrnСмешни начини на раскинувањеrnrnЕве неколку начини на смешно раскинување:rn
    rn

    „Заборави ја љубовта, јас попрво би се заљубил/а во чоколадо.“

    rn

    „Најпрво, после раскинувањето, ќе имаш слика за себе, како си сама на 57-58 години, шеташ во ноќница, со косата фатена во пунџа, можеби си библиотекарка, подгреваш супа за една особа и се грижиш за пајажините што растат во твојата утроба.“rn-Убави девојки (1996)

    rn

    „Не оди си лут, само оди си!“

    rn

    „Не е до мене, до тебе е.“

    rn

    „Мојот витез во сјаен оклоп испадна дека е губитник во алуминиумска фолија.“

    rn

    „Јас добив прстен, тој доби прст.“

    rn

    „Ако твојот мобилен телефон не ѕвони, тоа сум јас.“

    rn

    „Јас сум толку мизерен/на без тебе, речиси исто како ти да си тука.“

    rn

    „Зошто не одиш на некое поудобно место, како на пример во кома?“

    rn

    „Омразата кон тебе ќе бара емоционална посветеност.“

    rn

    „Разговарај со раката, ако имаш некои прашања – консултирај се со мојот среден прст.“

    rn

    „Посакувам да бевме подобри непознаници.“

    rn

    „Ако ти е тешко да си се изнасмееш на себеси, не грижи се, јас со задоволство ќе го направам тоа за тебе.“

    rn

    „Подобро е да се љуби и да се загуби отколку да се живее со психо до крајот на животот!“

    rn

    „Мислам дека треба да бидеме само пријатели.“

    rn

    „Нова година, нова јас, истиот стар ти.“

    rn

    „Се чувствувам многу подобро откако се откажав од надежта.“

    rn

    Таа му раскинува, а тој и вели:rn„Никогаш нема да најдеш некој како мене“rn- Се надевам. Ако не те сакам тебе, зошто би сакала некој како тебе?“

    rn

    „Кога ти треба маж е исто како кога ти треба падобран. Ако не е тука првиот пат кога ќе ти треба, шансите се мали дека ќе ти треба повторно.“

    rn

    „Ако поминуваш низ пекол, продолжи да одиш.“

    rnКој е најинтересниот начин на кој вие сте откачиле некого или пак тој/таа ве оставил вас? Можеби имате нешто што сте сакале да му кажете на вашиот бивш/а, но не сте добиле прилика… испукајте се во коментарите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.