КАФЕ ПАУЗА

Category: Забава и хумор

  • Три слатки ежиња ви посакуваат среќни празници

    Три слатки ежиња ви посакуваат среќни празници

    Погледнете го ова интерактивно видео со распеани ежиња на кое нема да можете да му одолеете. Изберете едно од ежињата и издадете му некоја од предложените наредби. Ако не ви се допаѓа изборот, обидете се со друго еже или пак со друга активност.rnrnТри слатки ежиња ви посакуваат среќни празнициrnrnСигурни сме дека она што ќе го видите, слатко ќе ве насмее и ќе ви го разубави денот. Ова кусо предновогодишно изненадување го подготви студиото „Bird Box“. Ваше е само да уживате во него.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Романтични пингвини се држат за раце

    Романтични пингвини се држат за раце

    Надвор можеби е студено, но оваа снежна фотографија со заљубени пингвини е доволна да ги стопи дури и најстудените срца. Овој перфектен пар уживал во романтичните мигови и се надевал на малку приватност, а десетина други пингвини биле собрани во група во нивна близина. Всушност, кога еден натрапник им се приближил на заљубените пингвини кои се држеле за раце како да се луѓе, тие воопшто не му обрнале внимание, па тој морал да продолжи да си пешачи.rnrnРомантични пингвини се држат за рацеrnrnОвие нежни пингвини се наоѓаат во Порт Локрој на Антарктичкиот полуостров, а фотографијата е направена од професионалниот четириесет и едногодишен романски фотограф Silviu Ghetie.rnrnПартнерите најпрвин стоеле држејќи се за рака и изгледале како да зјапаат во драматичниот снежен пејзаж. Нивните глави биле благо наклонети една спрема друга и делувале како да можат да ја почувствуваат моќта на љубовта. Потоа, сè уште држејќи се за раце, чекореле по смрзнатите води и си застанале крај нивните другари.rnrnРомантични пингвини се држат за рацеrnrnОвој фотограф обично прави фотографии само од луѓе, но во овој случај, не можел да му одолее на искушението да го чкрапне магичниот љубовен момент на пингвините, додека бил на неговата поларна експедиција.rn
    rn

    „Првенствено почнав да правам фотографии бидејќи бев вчудовиден од пејзажот таму. Светлината и атмосферата беа навистина интересни. Потоа, како што продолжив да чекорам, ги здогледав двата пингвина. Отсекогаш сум сметал дека пингвините одзади многу потсетуваат на луѓето, но оваа глетка беше особено смешна, бидејќи тие се држеа за раце. Изгледаа како двајца љубовници кои стојат рака под рака пред прекрасниот пејзаж и се гледаат в очи. Тие беа многу оддалечени од групата пингвини, па најлогично ми беше да помислам дека сакаат да имаат романтичен момент насамо. Стоеја сами околу две минути и потоа им се придружија на другите пингвини. Потоа сите заедно се упатија накај океанот. Тоа беше навистина еден надреален момент.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Новогодишна елка за студенти

    Новогодишна елка за студенти

    Драги студенти, годинава заборавете на украсувањето на новогодишната елка. Имаме да ви понудиме едно поинакво решение. Идејата сè уште нема официјален деец, па токму затоа не знаеме нешто повеќе за нејзе. Единствено со сигурност може да се потврди дека е оригинална и штосна. Па што чекате, соберете ги книгите и почнете да украсувате. Учењето за оваа зимска сесија може да почека. :)rnrnНовогодишна елка за студенти
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Места низ светот со урнебесно смешни имиња

    Места низ светот со урнебесно смешни имиња

    Низ светот навистина постојат многу места со смешно име, а доказ за тоа е оваа галерија која ќе ве насмее до солзи. Сигурно и вие досега на своите патувања сте наишле на некое вакво место и сте се сликале покрај неговиот знак. Споделете ги вашите искуства преку коментар или пратете ни интересна слика за да ја надополниме оваа интересна галерија.rnrnМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаМеста низ светот со урнебесно смешни имињаrnrn

  • Ноќта кога бевме кралеви…

    Ноќта кога бевме кралеви…

    Знаеш дека си заљубен кога не можеш да заспиеш, затоа што реалноста конечно е подобра отколку сонот…

    rnНоќта кога бевме кралеви...rnrnОва кратко анимирано филмче е дело на пет студенти од француското анимациско студио „Gobelins“, направено во соработка со 3Д студиото „Cube Creative“. Преку видеото е прикажана заслепувачката љубов помеѓу главните ликови и уживањето во мирот и тишината.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вицови за мажите измислени од страна на жените

    Вицови за мажите измислени од страна на жените

    Најчеста тематика во вицовите кои можеме да ги чуеме или прочитаме се жените. Без разлика дали станува збор за „плавушши“, бринети, сопруги, свекрви или нешто друго, жените се оние кои се ставени во незгодна ситуација.rnrnОва се неколку вицови на кои мажите седат на жешкото столче, а истите се измислени од жени.rnrnВицови за мажите измислени од страна на женитеrnrn1. Зошто мажите се женат? – За да не мора повеќе да го вовлекуваат стомакот.rnrn2. Кога мажите би имале менструација, би се фалеле со големината на тампонот кој го користат.rnrn3. Не надевајте се дека можете да промените нешто кај мажите, освен ако сè уште се во пелени.rnrn4. Секогаш одбирајте помлад маж. Иако тие никогаш не растат…rnrn5. Не е вистина дека жените прават будали од мажите. Повеќето мажи се водат според мотото „Направи сам“.rnrn6. Љубовта е слепа, ама бракот е искуство кое ги отвора очите.rnrn7. Запомнете дека да имате смисла за хумор, за него не значи дека треба да кажувате вицеви, туку да се смеете на неговите.rnrn8. Што е заедничко помеѓу веце шолја и годишнина од брак? Обете мажите никогаш не ги погодуваат.rnrn9. Што за мажите е романтично помината вечер? – Секс.rnrn10. Зошто мажите не перат алишта? Затоа што машината за перење не работи на далечински управувач.rnrn11. Кој е единствениот начин да го натераш мажот да го запомни датумот на годишнината од брак? – Ќе се земете на неговиот роденден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила според кодот на мажите

    Правила според кодот на мажите

    Мажите мора да се однесуваат според правилата кои важат за сите мажи. Никаде не се официјално напишани, ама оние кои ќе ги прекршат, сигурно ќе доведат некого во незгодна ситуација, а веројатно и себеси. Еве 15 правила според „кодот“ на мажите кои се споделени на Твитер со хаштагот #GuyCode. Слободно дополнувајте…rnrnПравила според кодот на мажитеrnrn1. Доколку има слободни места за мочање во тоалетот, никогаш не застанувај до она кое во моментот го користи друг.rnrn2. Во сала со 200 седишта, никогаш не седнувај до друго лице од машки пол.rnrn3. Мажите не треба да носат унисекс чизми.rnrn4. Никогаш не му стискај „Poke“ на друг маж на Фејсбук.rnrn5. Не е ОК мажи да носат тесни пантолони („уз нога“).rnrn6. Ако се најдеш на забава каде сите се мажи, слободно напушти го местото. Не мора да придонесуваш за проблемот.rnrn7. Немој да остваруваш контакт со очи со друго машко додека јадеш банана.rnrn8. Никогаш не зборувај со машко на телефон подолго од 2 минути, освен ако не сте се виделе подолго од 2 месеци.rnrn9. Брадата треба да биде небричена барем еднаш или два пати во неделата.rnrn10. Кога девојка ти ќе ти каже дека вечерта ќе излегува со други девојки, кажи ѝ дека и ти ќе го правиш истото. Види како ќе изреагира :).rnrn11. Само жени фарбаат коса.rnrn12. Не излегувај со девојка која го менува нејзиниот статус на Фејсбук почесто од долната облека.rnrn13. Доколку на пријател му забележиш трепка на лицето или пердув во косата, во никој случај не посегнувај да го отстраниш страното тело.rnrn14. Мора да се нафураш на вежбање, барем еднаш во животот.rnrn15. Освен ако твојот другар немал секс со твојата девојка, мора да го избавиш од неволја.

  • Зорт за благо, а колачите вон дофат

    Зорт за благо, а колачите вон дофат

    Колку пати ви се случило да ви се пријаде нешто благо во ниедно време од ноќта, што ви доаѓа да излезете и да одлетате до првата отворена продавничка само за да си ја задоволите таа потреба? Таква потреба има и прасето Орми, кое по секоја цена се обидува да стигне до бисквитните колачи на фрижидерот, но притоа се фрустрира при секој обид, бидејќи тие се надвор од неговиот дофат.rnrnЗорт за благо, а колачите вон дофатrnrnОвој краток анимиран филм има добиено 8 награди на фестивали за филм. Изработен и режиран е од Роб Силвестри, а продуциран од Грејам Молоу од Arc Productions. Уживајте во оваа кратка, но буквално слатка комедија. :)rnrn

  • Положбата на спиење го открива вашиот карактер

    Положбата на спиење го открива вашиот карактер

    Луѓето кои спијат на грб со рацете покрај телото се тивки и резервирани, а оние кои ја гушкаат перницата се идеални пријатели, додека во положба фетус спијат луѓе кои се навидум „остри“. Ако спиете склопчени на страна вие сте друштвени, а оние кои се шират по целиот кревет се цинични. Според британскиот центар за проценка на сонот, положбата во која спиете ја открива вашата вистинска личност. Професорот Крис Иѕиковски, кој е автор на студијата, издвоил шест различни положби на телото: фетус, морска ѕвезда, слободно паѓање, војник, желба и трупец.rnrnПоложбата на спиење го открива вашиот карактерrnrnСпиењето на страна е најдобро за здравјето според старите Грци, додека инструкторите по јога препорачуваат спиење на десната страна, бидејќи така не се оптоварува срцето. Според некои средновековни записи пак, е добро половина сон да се помине на десната, а половина на левата страна.rnrnПоложбата морска ѕвезда и војник всушност претставуваат спиење на грб. Ваквата положба на телото го зголемува ризикот од ’рчење, проблеми со дишењето, проблеми со желудникот и парализа во сон. Положбата слободно паѓање е најдобра за желудникот, бидејќи му овозможува слободно да ја вари храната.rn

    Положба фетус

    rnЛуѓето кои спијат во положба фетус често се навидум „тврди“, а всушност се многу сензибилни. На прв поглед се срамежливи, но бргу се ослободуваат. Положбата фетус е најзастапена, а повеќе ја практикуваат жените од мажите.rn

    Морска ѕвезда

    rnЛичности кои спијат со двете раце околу перницата се карактеризираат како добри пријатели. Тие секогаш имаат време да ги слушаат луѓето и да им пружат помош. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието.rn

    Слободно паѓање

    rnОние кои спијат на стомак, со рацете околу перницата и главата завртена настрана, вообичаено се друштвени, но дрски луѓе со тенки нерви, кои не сакаат екстремни ситуации и критики упатени на нивна сметка.rn

    Војник

    rnСпиењето на грб со рацете покрај телото е карактеристично за тивки и резервирани луѓе кои не сакаат гужва и бучава. Овие личности себеси си поставуваат високи стандарди, но тоа го бараат и од другите.rn

    Положба желба

    rnЛуѓето кои спијат на бедрата со испружени раце вообичаено се отворени, но знаат да бидат цинични и недоверливи. Тие ретко ги менуваат своите ставови и откако нешто ќе одлучат, никој не може да го смени нивното мислење.rn

    Положба трупец

    rnОние кои спијат на грб со двете раце поставени на телото, се едноставни и друштвени личности кои сакат да бидат во гужва. Не се плашливи и веруваат секому, поради што се сметаат за лековерни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Верувам дека можам да летам“

    „Верувам дека можам да летам“

    Себастијан Монтац Росет и неговата екипа се самопрогласени пионери во одење по лента поставена во височина во комбинација со качување по карпи и скокање од нив. За разлика од одењето по јаже, одењето по лента е многу потешко бидејќи таа секогаш се поставува полабаво и е поподложна на ветер и мала промена на тежината.rnrn„Верувам дека можам да летам“rnrnПадови се случуваат често, па токму затоа, оние кои го прават ова се поврзани со сајли директно на лентата, нешто слично како алпинистите. Сепак постојат и храбри момци кои не сакаат да ги почитуваат овие безбедносни правила, па истото го прават слободно, само со мало падобранче на нивниот грб.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.