КАФЕ ПАУЗА

Category: Забава и хумор

  • Како да свртите страница од весник?

    Како да свртите страница од весник?

    Овој неверојатен механизам, наречен „The Page Turner“, револуционерно ќе го промени читањето на вашиот весник. Отсега вие ќе можете спокојно да си читате, без притоа да треба да ги вртите страниците на весникот, бидејќи овој изум ќе го прави тоа за вас.rnrnКако да свртите страница од весник?rnrnИнвенторот Џозеф Хершер се занимава со кинетичка уметност и создава софистицирани системи кои извршуваат секојдневни работи благодарение на комплициран синџир од последователни реакции. Станува збор за креации кои се познати под називот „машините на Руб Голдберг“, благодарение токму на познатиот цртач, карикатурист и инженер Руб Голдберг, кој прв започнал да ги црта овие комплексни направи. Подоцна овој концепт почнува да се употребува во многу играни и цртани филмови. Со сигурност сите ја паметите комплексната машина која ќе ја создаде Том за конечно да го фати Џери?rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавни илустрирани факти

    Забавни илустрирани факти

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnМногупати се покажало дека кога ќе се искомбинираат знаењето и забавата, се добива одличен резултат. Информациите полесно се паметат кога ни се интересни и прикажани на интересен начин. Доказ за тоа се овие ултраинтересни илустрирани факти за разни нешта, зад кои стои дизајнерското студио Young од Велика Британија.rnrnrn

    Забавни илустрирани факти
    Полицајците во Индија добиваат повисока плата ако пуштат мустаќи.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Автомобилот „Буба“ е идеја на Хитлер.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Една риба Blowfish содржи отров кој може да убие 30 луѓе.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Ако го затворите носот додека јадете ментол, нема да го осетите неговиот вкус.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Прстените околу Сатурн се направени од мраз.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Поларните мечки имаат црна кожа.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    На секои 40 секунди се случува по едно самоубиство.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Машките ајкули немаат пениси.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Кога ‘рчите не сонувате.
    rnrn
    Забавни илустрирани факти
    Китовите-убијци се делфини.
    rnrn

  • Неверојатен, синхронизиран танц со раце

    Неверојатен, синхронизиран танц со раце

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnПреку нов синхронизиран танц со рацете, талентираната ирска двојка Сузан Клери и Питер Хардинг повторно ја освои интернет-публиката. Тие подготвиле видеоспот со откачена авангардна кореографија, која нивниот извонреден настап го прави уште поинтересен.rnrnСценографијата пак, овојпат ја збогатиле со пиво. Додека танцуваат, тие во неколку наврати ги активираат и нозете, најверојатно за да останат во кондиција, додека повремено конзумираат од пивото. :)rnrnНеверојатен, синхронизиран танц со рацеrnrnТанцуваат на ремиксот на песната „Hands“ од Тинг Тингс, а спотот е во режија на Џони Рид.rn

    rnСузан и Питер на публиката ѝ се добро познати уште од 2010 година. Станаа вистинска интернет-атракција со танцот на мелодијата „We no speak Americano“. Видеото беше погледнато од милиони интернет-корисници. Потсетете се.rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како реагираат мажите кога се лажно обвинети за прељуба?

    Како реагираат мажите кога се лажно обвинети за прељуба?

    Оваа одлична скриена камера ќе ве насмее до солзи. Станува збор за интересен трик кој две девојки го изведуваат врз парови. Имено, додека едната девојка зема мерки за да му даде на момчето точна големина од моделот што сака да го проба, му остава на вратот трага од црвен кармин.rnrnКако реагираат мажите кога се лажно обвинети за прељуба? rnrnОткако тој ќе излезе од соблекувалната, неговата поубава половина ја чека непријатно изненадување. Ситуацијата ја зачинува втората девојка која излегува од соблекувалната неколку секунди подоцна. Како вие би реагирале доколку се најдете во ваква ситуација?rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златен ретривер кој ги обожава звуците на гитарата

    Златен ретривер кој ги обожава звуците на гитарата

    Не е чудно животните да реагираат позитивно кога се во друштво на луѓе и кога се придружени со музика. Ова куче од расата златен ретривер премногу очигледно го покажува задоволството од звуците на гитарата. Кога музиката ќе престане, тој се мурти, штом почне пак да свири, мести широка насмевка на лицето и мрда со главата во нејзиниот ритам. :)rnrnrnrn rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смешни детски новогодишни желби и пораки до Дедо Мраз

    Смешни детски новогодишни желби и пораки до Дедо Мраз

    Дали вашите желби ги ставивте на хартија и ги адресиравте до Дедо Мраз? 🙂 Најмладите веќе го сторија тоа. Еве дел од нивните искрени, слатки, смешни и навистина креативни писма:rnrnСмешни новогодишни детски желби и пораки до Дедо Мразrnrn1. Ако одлучиш да ми подариш играчки на батерии, те молам донеси ми и батерии.rnrn2. Мојата единствена и најголема желба е да бидам поубава од другарка ми Елена.rnrn3. Дедо Мраз, те молам јави му се на татко ми. Тој ја има целата моја листа со новогодишни желби.rnrn4. Сакам косата да ми стане долга метро и пол.rnrn5. Моите другарчиња не веруваат во тебе. Те молам испрати ми фотографија со автограм за да им докажам дека навистина постоиш.rnrnrn6. Кога ќе се пензионираш, може ли јас да бидам новиот Дедо Мраз?rnrn7. Дали викаш хо, хо, хо, бидејќи не зборуваш други јазици?rnrn8. Сакам  сите мои роднини и миленичиња да живеат вечно, ама не и лошите луѓе.rnrnrn9. Ти благодарам за подароците минатата година. Оваа година сакам двојно повеќе.rnrnrn10. Зошто Петар доби Плеј стејшн 2, а не јас. Мислиш дека е фер?rnrnrn11. Дали минатата година дојде преку визбата? Може ли годинава да имаме шифра и таа да биде „чоколадна торта“ за да знам дека навистина подароците ги носиш ти. Не сакам тато да биде Дедо Мраз.rnrnrn12. Сакам да имам 12 години до крајот на животот.rnrnrn13. Може ли да го добијам твојот телефонски број и да се слушнеме кога ќе дојдеш? Сакам да го видам ирвасот Рудолф.rnrnrn14. Може ли годинава да дојде Баба Мразица, многу се плашам од тебе. Извини Дедо Мраз.rnrnrn15. Ти оставив колачи и млеко под елката, а пред вратата има моркови за Рудолф.rnrnrn16. Сакам Спајдермен-костум. Сакам и други работи, ама не ми текнуваат во моментот. Ќе ти ги кажам подоцна, кога ќе се видиме.rnrnrn17. Дедо Мраз, може ли да ми кажеш што правиш останатите 364 дена во годината? Дали можеби ги правиш играчките?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Илустрирани вистини за животот

    Илустрирани вистини за животот

    Алекс Нориега е триесетгодишен маж од Барселона. Тој е роден таму, но моментално живее со неговата девојка во Мапуто, Мозамбик во Африка, каде ги поминува своите денови цртајќи и читајќи книги.rnrnВо 2010 година тој поминувал низ некој кризен период од животот, како резултат на проблемите кои ги имал на работа, поради што се решил да го отвори блогот насловен „Stuff No One Told Me“ (Работи кои никој не ми ги нема кажано), како обид да дознае што е тоа што не го прави како што треба. Тој сакал сето она коешто го научил во текот на животот да го стави на хартија и да го поедностави најмногу што може, за да види дали она што се случува околу него прави некаква смисла.rnrnВо моментов тој работи на графички илустрирана книга која ќе се вика „Anosmic“ што во превод би значело губење на чувството за мирис. Се разбира, насловот се однесува на апсурдноста во однесувањето на луѓето. Погледнете дел од неговите смешни, но и длабоки илустрации кои тој ги има изработено.rnrn

    Илустрирани вистини за животот
    Висината на твојата плата не одредува колку си добар како личност.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Оние работи кои е тешко да се кажат, се најчесто и најважни.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Ако не криеш ништо, ќе немаш ни што да сокриеш.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Сè уште си немоќен, ако си добар само во една работа.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Жените се онолку сексуално „загреани“ колку што се и мажите. Тие само подобро го кријат тоа.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Најди некој со кој ќе можеш да се смееш за сè и останатото ќе биде во ред.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Никој нема да ти ги оствари твоите желби. Мораш да се потрудиш сам да го направиш тоа.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Одвои малку време за да бидеш мрзелив. Тоа е добро за тебе.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Факт: Големите компании ќе ја исцицаат твојата крв и душа… Обиди се да ги избегнуваш.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Предолгото размислување за некој проблем, не мора да значи дека ќе ти помогне за полесно да го решиш.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    „Здраво“ е најмоќниот збор против осаменост.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Не можеш да се ослободиш од твоите стравови… Но, можеш да научиш да живееш со нив.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Вината е бескорисна емоција.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Луѓето кои секогаш ја кажуваат вистината, независно од тоа колку е болна, се кретени. Крај на приказната.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Секојдневно предизвикувај се по малку.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Твоите најстрашни сомнежи се вистинити… Сите освен ти, имаат секс во моментов.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Забавата е релативен концепт.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Во ред е да се премислуваш во врска со луѓето и работите во твојот живот… Само обиди се тоа да има некаква смисла.
    rnrn
    Илустрирани вистини за животот
    Секогаш биди свој, освен ако си арогантно копиле.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мало девојче се бунтува против машко-женските стереотипи

    Мало девојче се бунтува против машко-женските стереотипи

    Малечката Рајли е многу паметно девојче, кое ја разбира апсурдноста на стереотипите. Вознемирено мавајќи се по главата, таа се прашува зошто сите девојчиња во продавниците за детски играчки секогаш купуваат принцези, а момчињата суперхерои. Според неа, производителите на овие играчки сакаат да ги измамат девојчињата да купуваат само розови играчки, наместо да сакаат да си играат и со машките играчки, кои ги има во повеќе бои.rnrnМало девојче се бунтува против машко-женските стереотипиrnrnТаа испраќа важна порака до производителите: престанете да форсирате розови играчки за девојчињата. Тие ги сакаат и другите бои. Плус, некои девојчиња сакаат суперхерои исто колку што сакаат принцези, ако не и повеќе. Погледнете за што станува збор. :)rnrn

  • Работливо мајмунче мие садови

    Работливо мајмунче мие садови

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnЦивилизираниот мајмун Пит кој се наоѓа во засолниште за примати во Боливија знае да мие садови. Оваа несекојдневна особина тој ја научил од Луис Думас од Париз, кој неколку години работел во засолништето, како дел од мисијата за повторно враќање на мајмуните во дивината.rnrnРаботливо мајмунче мие садови
    rnrn

    „Пит ме набљудуваше додека мијам садови и по неколку дена почна совршено да ме имитира во тоа“, вели Луис.

    rnПокрај тоа што е вреден, Пит е и особено грижлив мајмун. Додека ги мие садовите, тој на својот грб ја носи и малечката Пеи. Иако таа не е негова ќерка, тој сепак, се однесува заштитнички  кон неа.rn
    rnrn

    „Пит е тешко повреден, тоа се забележува на неговиот изглед, па затоа нема многу среќа со дамите. Најверојатно, овие работи го натерале да се насочи кон грижа за младите мајмунчиња“, коментира Луис. rnrn„Месеците поминати со мајмуните се најмагичното време во мојот живот“, додава тој.

    rnrnПогледнете го видеото, кое иако е снимено поодамна, одлично ги прикажува човечките вештини на овој мајмун.rnrnrnrnВаквите потези на мајмуните и не се веќе толку чудни. Се сеќавате на орангутанот што се брише со мокра крпа за да се излади?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пародија за животот на една самостојна модерна жена

    Пародија за животот на една самостојна модерна жена

    Слаткото девојче во ова видео е Лу Мекдауел, која има само 4 години. Идејата за снимањето на ова кратко филмче била на нејзините родители, а таа ја толкува улогата на една модерна вработена жена.rnrnПародија за животот на една самостојна модерна жена rnrnНачинот на кој таа се справува со своите сериозни обврски ќе ве насмее до солзи, иако таа е сериозна, со изградени ставови и поставен авторитет врз другите колеги. Проследете го текот на нејзиниот напорен ден и обврските кои успева да ги изврши, од будење до легнување.rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.