КАФЕ ПАУЗА

Category: Тестови, загатки и игри

  • Забавни мемориски игри со Чарли Чаплин

    Забавни мемориски игри со Чарли Чаплин

    Проверете ги и подобрете ги вашите мемориски вештини со помош на легендата на немиот филм. ;)rnrnВо првата игра, ваша задача е да пронајдете по две исти фотографии со Чарли Чаплин, користејќи што е можно помалку кликови.rnrn(1) Забавни мемориски игри со Чарли ЧаплинrnrnДоколку успешно ја завршивте првата игра, пробајте ја и напредната верзија, во која треба да погодите која фотографија на кој филмски наслов одговара.rnrn(2) Забавни мемориски игри со Чарли Чаплин
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Квиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фаци

    Квиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фаци

    Некои од познатите личности навистина им пркосат на годините. Проверете дали има такви и меѓу следните 13. Среќно! :)rn

    1. Колку години има Чак Норис? Добро внимавајте на одговорот.

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 63rnб) 72rnв) 56

    rnrn

    2. А, колку години би ѝ дале американската актерка Мариса Томеј?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 48rnб) 33rnв) 37

    rnrn

    3. Сега погодете колку е стар на сликата покојниот канадскиот актер и музичар Кори Монтеит?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 19rnб) 25rnв) 30

    rnrn

    4. Со која од следните бројки би го „оцениле“ изгледот на Кијану Ривс?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 36rnб) 48rnв) 41

    rnrn

    5. Колку е возрасна канадската пејачка Карли Реј Џепсен, позната по музичкиот хит „Call Me Maybe“?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 16rnб) 19rnв) 27

    rnrn

    6. Погодете ги годините на американскиот актер и комичар Џејсон Ерлс.

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 35rnб) 30rnв) 21

    rnrn

    7. Колку години би му дале на американскиот актер, писател, рапер и комичар со грчко потекло Енди Милонаки (познат е по неговото шоу „The Andy Milonakis Show“, кое се емитува на Ем-Ти-Ви)?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 16rnб) 22rnв) 36

    rnrn

    8. Знаете ли колку години има холивудската актерка Џулија Луис-Дрејфус?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 40rnб) 46rnв) 51

    rnrn

    9. А, што мислите за возраста на американскиот актер и поранешен модел Габриел Ман?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 29rnб) 40rnв) 36

    rnrn

    10. Ги погодувате ли годините на актерот Џон Чо?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 40rnб) 33rnв) 28

    rnrn

    11. Да видиме колку ви се познати годините на раперот Ел Ел Кул Џеј?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 28rnб) 39rnв) 44

    rnrn

    12. Која е возраста на оскаровецот Морган Фримен?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 56rnб) 75rnв) 64

    rnrn

    13. И за крај, колку години има актерот Вилијам Шатнер, кој дефинитивно е најпознат по улогата на капетанот Кирк?

    rnКвиз: Погодете ја возраста на дел од познатите фациrn

    а) 81rnб) 76rnв) 64

    rnrn

    ОДГОВОРИ:

    rn[column col=”1/4″]

    1. б

    rn

    2. а

    rn

    3. в

    rn

    [/column]rn[column col=”1/4″]

    4. б

    rn

    5. в

    rn

    6. а

    rn

    [/column]rn[column col=”1/4″]

    7. в

    rn

    8. в

    rn

    9. б

    rn

    [/column]rn[column col=”1/4″]

    10. а

    rn

    11. в

    rn

    12. б

    rn

    13. а

    rn

    [/column]

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете го овој психолошки тест, навистина е забавен! :)

    Направете го овој психолошки тест, навистина е забавен! 🙂

    Доколку сè уште го немате направено овој психолошки тест, одвојте неколку минути за него. Со сигурност ќе бидете изненадени од резултатите… Прочитајте ги наредниве 10 прашања, замислете ги сцените во вашиот ум и запишете ги ПРВИТЕ работи кои ќе ви паднат на памет. Не размислувајте премногу за прашањата.rnrnНаправете го овој психолошки тест, навистина е забавен! :)rnrn1. Вие одите низ шума. Кој оди покрај вас?rnrn2. За време на вашето одење низ шумата налетувате на животно. Каков вид животно е тоа?rnrn3. Каков вид интеракција настанува помеѓу вас и животното?rnrn4. Навлегувате подлабоко во шумата. Потоа налетувате на чистинка и пред вас се појавува вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.rnrn5. Дали вашата куќа е на отворено или околу неа има ограда?rnrn6. Влегувате во куќата, па во трпезаријата и таму гледате трпезариска маса. Опишете што гледате на неа и околу неа.rnrn7. Излегувате од куќата преку заедниот влез. Во тревникот забележувате чинија. Од каков материјал е направена оваа чинија (стаклена, хартиена, глинена…)?rnrn8. Што правите со чинијата?rnrn9. Одите до крајот на вашиот имот и таму забележувате дека се наоѓате на работ од предел со вода. За каков вид вода станува збор?rnrn10. Како ќе преминете преку водата?rnrnСтанува збор за функционален психолошки тест. Докажано е дека вашите одговори имаат голема поврзаност со вредностите и идеалите кои ги поседувате во животот. Анализата на одговорите можете да ја погледнете тука.rn

    rn
    rn
    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Што возбудливо ќе ви се случи во сексот во 2013 година?

    Тест: Што возбудливо ќе ви се случи во сексот во 2013 година?

    Решете го тестот и дознајте каков ќе биде вашиот сексуален живот оваа година. rnrnТест: Што возбудливо ќе ви се случи во 2013 година?rnrn

    1. Кое е најинтересното место на кое сте воделе љубов?

    rnа) Преку ден, на клупа во паркот.rnrnб) Во близина на шумскиот поток.rnrnв) На работ од креветот.rnrn

    2. Мечтаете за жешки игри со повеќе личности кои ве опкружуваат. Кои се тие?

    rnа) Пет личности кои ги запознавте на работното место.rnrnб) Неколку протагонисти од некој љубовен роман.rnrnв) Мечтаете само за една личност.rnrn

    3. На скала од 1 до 10, оценете го интензитетот на вашата сексуалност.

    rnrnа) Чиста десетка.rnrnб) Повеќе сте како добротворка, коректна и по малку заводлива, со просечна оценка 7.rnrnв) Двојка. Во орманот чувате мини здолниште кое сè уште не сте го пробале.rnrn

    4. Како изгледа вашиот одмор од соништата?

    rnrnа) Екстремни спортови кои вклучуваат непредвидливи страсни пространства во комбинација со неодолив зависник од адреналин.rnrnб) Романтична прошетка покрај море или интимни моменти во куќичка покрај езеро.rnrnв) Посета на роднините кои одамна не сте ги виделе.rnrn

    5. Како најчесто изгледаат вашите новогодишни дочеци?

    rnrnа) Излегување со пријателките во најдобрите клубови во градот каде што ќе добиете ВИП третман.rnrnб) Го пропуштивте ова прашање заради страсното гледање со партнерот очи во очи.rnrnв) Претходните години сте си дозволиле чаша шампањ за време на подготвуањето на вечерата.rnrn

    БОДУВАЊЕ:

    Најчесто заокружената буква го дава одговорот.rnrn

    Најмногу одговори под А:

    rnОваа година можете да очекувате бурни сексуални игри, но тоа најмалку ќе се случува помеѓу чаршафите. Ќе ве привлекуваат места во природа, под отворено небо. Ќе бидете заинтересирани за повеќе партнери и само вие ќе знаете до каде ви е границата.rnrn

    Најмногу одговори под Б:

    rnВо 2013 година подгответе се за романтични вечери со свеќи и љубовни игри обвиени со таинственост и мистерија. Ве очекуваат сексуални искуства кои не би можеле да ги пронајдете ниту во омилените романи. Вашите соништа конечно ќе станат јаве.rnrn

    Најмногу одговори под В:

    rnВие и оваа година ќе сметате дека нема ништо лошо во сигурниот, проверен и удобен секс со личноста која ви значи и во која верувате. Затоа започнете со предигра која ќе ви овозможи да почувствувате врвно задоволство пред да заспиете и ќе ви ја направи среќна новава година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За колку минути ќе ја решите загатката?

    За колку минути ќе ја решите загатката?

    Оваа загатка, децата на претшколска возраст можат да ја решат за 5-10 минути, на програмерите може да им треба 1 час, а на останатите луѓе… Епа, проверете и пишете го одговорот во коментар.rnrnЗа колку минути ќе ја решите загатката?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Кое е вашето внатрешно професионално животно?

    Тест: Кое е вашето внатрешно професионално животно?

    Дури и оние кои не чуваат домашни миленици може да ги согледаат сличностите меѓу луѓето и животните. Но, дали може да научите нешто од животните за вашиот професионален живот? Решете го овој тест и ќе дознаете со кое животно имате исти работни навики. Тест: Кое е вашето внатрешно професионално животно?

    rnrn

    1. Еден ваш колега приредува роденденска забава во канцеларијата? Каде се наоѓате вие?

    rnа) Веднаш до славеникот, ја сечете тортата или подавате чинии.rnrnб) Во задниот дел на канцеларијата или седнати покрај бирото.rnrnв) Кажувате шега која сте ја слушнале пред некое време.rnrnг) Не е важно, каде и да одите луѓето ве нервираат.rn
    rn

    2. Шефот ве замолил да бидете дел од најновиот проект. Како ќе реагирате?

    rnа) Ќе ги соберете сите потребни информации за да го водите проектот најдобро што можете.rnrnб) Ќе кажете дека не сте заинтересирани.rnrnв) Ќе го кажете она што вашиот шеф сака да го слушне.rnrnг) Ќе ги кажете вашите позитивни и негативни ставови во однос на проектот.rn
    rn

    3. Треба да работите со неколку колеги на проектот. Како се одвива соработката?

    rnа) Прекрасно! Вие го водите проектот и одлично соработувате со колегите.rnrnб) Подобро се снаоѓате кога работите индивидуално.rnrnв) Се согласувате со сè што е кажано.rnrnг) Не сакате да соработувате со колегите и веќе се скаравте со неколку од нив.rn
    rn

    4. Треба да ја презентирате вашата стручна област пред група колеги. Како се снаоѓате?

    rnа) Имате солидна интеракција со колегите, иако ви е малку непријатно да бидете главни.rnrnб) Среќни сте затоа што некој го препознал вашиот талент и ви дал шанса да зборувате.rnrnв) Не ви пречи да зборувате јавно, но повеќе сакате да ги цитирате другите во вашиот говор.rnrnг) Сè беше добро додека не забележавте дека некој се занимава со мобилниот телефон. Ја прекинувате презентацијата и го чекате неговото внимание.rn
    rn

    5. Шефот бара сите да останат подоцна на работа за да го завршите проектот. Што правите?

    rnа) Го менувате распоредот за да бидете последната личност која ќе си замине од работното место.rnrnб) Сметате дека е доволно да останете само еден или два часа повеќе.rnrnв) Се согласувате со сè што ќе каже шефот.rnrnг) Се лутите и го прашувате шефот зошто и вие мора да останете подоцна кога секогаш си ја завршувате работата на време.rn
    rnБОДУВАЊЕ: Најчесто заокружената буква го дава одговорот.rn
    rn

    Најмногу одговори под А: Куче

    rnВие сте сигурни и лојални работници. Не ви е тешко да соработувате со колегите и уживате кога сте во нивно друштво. Не заборавајте дека понекогаш е во ред да не се согласувате со мислењата на колегите или шефот. Не плашете се да ги изнесете и вашите мислења и започнете да се фокусирате на кариерата без да зависите од инструкциите на шефот.rn
    rn

    Најмногу одговори под Б: Мачка

    rnВие уживате да го поминувате работното време сами. Убедени сте во вашите способности и знаете дека одлично ќе ја завршите работата. Заради тоа и не е лесно да се соработува со вас. Обидете се да воспоставите рамнотежа помеѓу индивидуалната и тимската работа. Знаењето и посветеноста може да ве направат добар лидер ако научите како да соработувате со другите и да ги изнесете вашите идеи наместо да молчите.rn
    rn

    Најмногу одговори под В: Папагал

    rnМожеби е време да се запрашате дали е ова вистинската работа за вас. Дали можеби го повторувате она што веќе сте го слушнале наместо да создадете свое мислење? Престанете да ги крадете туѓите мислења и да го кажувате само тоа што другите сакаат да го слушнат. Понудете го сопственото мислење или побарајте работа која ќе ви овозможи право на глас.rn
    rn

    Најмногу одговори под Г: Твор

    rnДали сте забележале дека соработниците ве избегнуваат? Вашиот непредвидлив темперамент ја уништува вашата кариера. Престанете да „ги истурате“ негативните емоции на шефот и на останатите соработници. Обидете се да ја канализирате негативната енергија на работа, правејќи вежби за дишење. Страста може да биде голема предност за кариерата, но само ако ја искористите продуктивно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Загатка: Четворица мажи со капи

    Загатка: Четворица мажи со капи

    На сликата се прикажани четворица мажи кои се закопани до врат во земја. Не можат да се движат, што значи дека можат да гледаат само пред себе. Помеѓу А и B има дебел непровиден ѕид. Сите знаат дека носат 2 бели и 2 црни капи, но не знаат кој каква носи. Секој од нив знае дека се закопани уште тројца луѓе.rnrnЗагатка: Четворица мажи со капиrnrnЗа да не бидат убиени, еден од нив мора да го повика џелатот и да му ја каже бојата на капата која ја носи. Ако тој погреши, сите ќе бидат убиени. Не им е дозволено да зборуваат меѓусебно. После 1 минута во тишина, еден од нив ја извикува бојата на својата капа. Кој и како е сигурен?rnrnНапомена: не се работи за трик прашање. Не постојат други влијанија ниту начини на комуникација. A и B може да си ја видат само својата репрезентација во ѕидот пред нив, C го гледа B, а D ги гледа и B и C.rnrn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnC кажува дека носи црна капа, бидејќи ниту А, ниту Б, ниту D не можат да го дадат одговорот. D може да ги види капите на B и C, но не може да ја одреди бојата на својата капа бидејќи не знае каква капа носи А. А и B воопшто не можат никого да видат, ниту себеси. Тоа го остава само C во игра. Бидејќи сите други молчат, C сфаќа дека тој мора да носи црна капа, бидејќи доколку D видеше дека B и C носат бели капи, тој ќе знаеше дека носи црна и ќе го извикаше одговорот. Но, бидејќи D молчеше, C знае дека штом B носи бела капа, тој мора да носи една од црните.rnrn[/toggle_item][/toggle_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии

    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии

    Често знаеме да речеме: „Ќе поверувам кога ќе видам со свои очи“. Но, овие оптички илузии ќе ве доведат во состојба да се сомневате во она што го гледате, а некои ќе му дадат одличен тренинг на вашиот мозок. Кажете ни како ви оди со одгатнувањето преку коментари.rnrn

    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    1. На која страна гледа коњот: кон нас или кон хоризонтот?
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    2. Овој човек е фатен на дело со љубовницата од страна на неговата сопруга. Можете ли да забележите од каде таа го набљудува?
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    3. Гледајте ја сликата и концентрирајте се на бојата на двете срциња. Ви изгледа како да се исти? Погледнете повторно.
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    4. Концентрирајте го вниманието на централно поставеното квадратче на горната страна (кафеаво) и на квадратчето поставено на истото место на страничната страна која е во сенка (жолто).
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    Сега погледнете повторно.
    rnrnrn5. На која страна се врти човекот на анимацијата? Ве потсеќа ова на девојката која изгледа како да се врти во двете насоки?rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    6. Кое парче е поголемо, жолтото или црвеното?
    rnrnrnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    7. Погледнете ја сликата од лево. Изгледа како патка да има фатено човек во својот клун. Сега погледнете ја истата слика превртена наопаку. Што гледате?
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    8. Колку луѓе гледате на сликата?
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    9. Изгледа како девојката од левата страна да е превисока за таванот во оваа просторија.
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    Но, сега работите изгледаат поинаку.
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    10. Пронајдете го животното во овој пејзаж.
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    11. Оваа слика има 6 намерни визуелни грешки. Можете да ги пронајдете?
    rnrn
    Забавна мозочна гимнастика: 12 кул оптички илузии
    12. Гледајте во знакот „x“ и доближувајте се со носот точно кон него. Апчето ќе влезе право во устата на коњот. Напомена: треба сосема да се залепите за екранот за да го забележите ефектот.
    rnrnГи чекаме одговорите на илузиите за кои недостасува решението. Успеавте ли да видите сè што е скриено во нив?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?

    Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?

    Гугл спаѓа во групата на најпосакувани работодавци, но судејќи според прашањата кои им се поставуваат на кандидатите за вработување, тешко се стига до некое од работните места.rnrnДали сте доволно паметни да работите за „Гугл“?rnrnВилијам Паундстон, авторот на книгата „Дали сте доволно паметни да работите за Гугл?“ објаснува какви сè задачи и загатки им се поставуваат на потенцијалните вработени во компанијата. Тој во својата книга открива како да бидете брилијантни на вашето интервју, доколку конкурирате во оваа компанија, а открива и некои од можните прашања кои можат да ви бидат поставени.rnrnКако што тој тврди во книгата, одделот за човечки ресурси од одговорите може да утврди дали некој од кандидатите со задоволство би ја работел понудената работа. На листата се наоѓаат и овие неколку прашања:rn

      rn011

    • Зашто капаците од шахтите се округли?
    • rn011

    • Колку тоалетна хартија е потребна за да се прекрие цел Тексас?
    • rn011

    • Ве смалуваат во големина на една монета и ве фрлаат во миксер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите?
    • rn011

    • Колку би наплатиле за бришењето на сите прозорци во Сиетл?
    • rn011

    • Колку правосмукалки се произведуваат годишно?
    • rn011

    • Смислете план за евакуација на Сан Франциско.
    • rn011

    • Кој број е следен во низата: 10, 9, 60, 90, 70, 66 ?
    • rn011

    • Во што побрзо се плива, во вода или во сируп?
    • rn011

    • Колку пати во денот стрелките на часовникот се преклопуваат?
    • rn011

    • Маж го туркал својот автомобил до некој хотел и го изгубил целото свое богатство? Што се случило?
    • rn

    rnСега за сега од компанијата немаат коментар за оваа книга и задачите кои се опишани во неа, но една поранешна вработена во Гугл тврди дека никогаш на интервју не се давале такви загатки за решавање.

  • Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Можеби сте привлечни како Мерлин Монро или елегантни како Џорд Клуни, но наспроти женствениот /мажествениот изглед, вашиот мозок можеби не ви е од истиот пол. Изненадени сте?rnrnЕкспертите тврдат дека нашето тело и мозок не мораат да бидат од истиот пол. Така, во мозокот на фетусот иницијално се наоѓаат женски хормони и дури подоцна во него доаѓаат и машките хормони. Некои фетуси се изложени под дејство на поголема количина машки хормони. Тоа е и научната основа на теоријата за различните полови на мозокот и телото.rnrnТест: дали размислувате како маж или како жена?rnrnМашкиот мозок размислува логично и праволиниски, додека женскиот мозок во поголема мера користи интуиција, ги поврзува различните и случајно избрани работи и лесно преминува од една кон друга тема. Машко–женскиот однос во мозокот е одреден од количината на тестостерон на која била изложена вашата мајка во текот на бременоста. Научниците велат дека организмот на жените кога се под стрес, произведува повеќе андроген, од кој подоцна настануваат машките хормони. Поради тоа, возможно е во организмот на жените да се наоѓа необично големо количество естроген (женски хормон), кој ги маскира машките хормони. Воедно, консумирањето поголеми количини од производи од соја, го подигаат нивното на естроген во вашето тело.rnrnКако овој тест може да ви помогне? Откривањето на половата ориентација на вашиот мозок, како и на луѓето кои ве опкружуваат, може да ви го промени животот. Тоа сознание влијае на сите сфери од животот, од спалната соба до канцеларијата. На пример, доколку работите исклучиво само со жени и никако не можете да најдете заеднички јазик со вашите колешки, тоа најверојатно значи дека вашиот мозок е помашки, во однос на нивните мозоци. Така, одредувањето на полот на вашиот орган за размислување и емоции, ќе ви помогне да ги промените клучните работи во вашето однесување, а доколку ги натерате вашиот партнер и пријателките да го решат овој тест, ќе ги откриете и мотивите на нивното однесување.rn

    1. Погледнете ја дланката на раката со којашто пишувате. Вашиот домал прст е:

    rnа) Подолг од показалецот (2 поени)rnrnб) Пократок од показалецот (1 поен)rnrnв) Речиси се иста големина (0 поени)rn

    2. Дали вашата мајка има работено стресна работа (или била изложена на некаков друг вид стрес) во текот на првото тримесечје од бременоста?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Не (0 поени)rn

    3. Дали понекогаш ги мешате левата и десната страна?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    4. Добивте работна задача поради која ќе морате да се натпреварувате со вашите колеги. Вие сте…

    rnа) Исплашени и загрижени (0 поени)rnrnб) Возбудени и особено мотивирани (2 поени)rn

    5. Дали вас ве нервираат луѓето кои многу зборуваат?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    6. Дали ви претставува проблем да чуете што луѓето зборуваат во просторија во која има бука и гужва?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    7. Си пеете караоке, а луѓето кои ве слушаат…

    rnа) прават гримаси (2 поени)rnrnб) ви се смеат (1 поен)rnrnв) импресионирани се од вашите вокални способности (0 поени)rn

    8. Заедно со пријателките учествувате во некој натпревар. Колку ви е вам важно да ги победите, на скала од 1 до 10?

    rnа) 1-3 (0 поени)rnrnб) 4-6 (1 поен)rnrnв) 7-10 (2 поени)rn

    9. Во кои од наведените активности најмногу уживавте додека бевте дете?

    rnа) Качување по дрво (2 поени)rnrnб) Возење велосипед и ролери (2 поени)rnrnв) Собирање предмети и нивно сортирање по категории (2 поени)rnrnг) Расклопување на работи за да дознаете како функционираат (2 поени)rnrnд) Сите физички активности за кои е потребна енергија (2 поени)rn

    10. Најчесто одбирате пријатели…

    rnа) на кои им се восхитувате и од коишто можете да учите (2 поени)rnrnб) кои ви се допаѓаат, ама тоа не мора да значи и дека ги цените (0 поени)rnrnв) кои се комбинација од двете категории (1 поен)rn

    11. Кога одите во шопинг вие…

    rnа) морате сѐ да разгледате пред да ја донесете конечната одлука што да купите (0 поени)rnrnб) имате одредени работи на ум и само нив ги купувате (2 поени)rnrnв) се однесувате и на едниот и на другиот начин, зависно од ситуацијата (1 поен)rn

    12. Доколку некој ве прекине додека работите, дали можете набрзо повторно да се концентрирате?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    13. Вашиот ракопис е…

    rnа) совршено уреден (0 поени)rnrnб) прилично уреден (1 поен)rnrnв) па… речиси нечитлив (2 поени)rn

    14. Љубовта и работата брзо ви досадуваат – точно или неточно?

    rnа) Точно (2 поени)rnrnб) Понекогаш точно (1 поен)rnrnв) Неточно (0 поени)rn

    15. Разгледајте ги книгите на полиците во вашиот дом. Дали на нив се наоѓаат…

    rnа) воглавно историски романи, биографии и слично (2 поени)rnrnб) воглавно фикција (0 поени)rnrnв) по нешто од сите жанрови (1 поен)rn

    16. На одмор сте. Кои од следниве тврдења се однесуваат на вас:

    rnа) Можете да го сфатите локалното население благодарение на вашата моќна интуиција, разбирање на говорот на телото и слично, иако не го разбирате јазикот којшто го зборуваат луѓето. (0 поени)rnrnб) Штом се сместите во вашиот апартман/хотел, веднаш почнувате да се распакувате и да ги складирате стварите по орманите. (2 поени)rnrnв) Доколку не ви се допаѓа сместувањето, одма го напуштате и тргнувате во потрага по подобро. (0 поени)rnrnг) Се чувствувате изгубено ако немате мапа за местото на коешто сте дошле. (2 поени)rn

    Резултати – вашиот мозок е:

    rn

    До 12 поени: изразено женски

    rnРабота: Вашата мајка во текот на бременоста била изложена на мала количина тестостерон. Тоа значи дека нивото на кортизол (стрес-хормонот) во вашиот организам рапидно расте во ситуациите кои бараат натпреварување и брзо решавање на проблемите. Од друга страна, таквите ситуации кај личностите кои имаат машки мозок, предизвикуваат прилив од допамин (хормонот на задоволството). Поради тоа, секогаш кога имате стресен период на работа, надвор од работното време се трудите да правите активности кои ве релаксираат.rnrnСоцијален живот: Дали сте знаеле дека личностите кои имаат женски мозок, слушаат од два до десет пати подобро од мажите? Центарот за јазик се наоѓа во двете половини од вашиот мозок, што ви овозможува да зборувате со повеќе личности истовремено. Поради тоа, вие сте вистински „лепак“ во друштвото.rnrnЉубов: Доколку вашиот партнер е типичен маж (изгледа и се однесува мажествено) тогаш имајте на ум дека нему повеќе му се потребни мир и тишина отколку зборување, за да може да се опушти после стресниот ден. Поради тоа, тој не може секогаш да го следи вашиот неповрзан процес на размислување и вие треба да се потрудите со него да бидете поконцизни и да не скокате од една кон друга тема на разговор.rn

    13-21 поени: машко-женски

    rnРабота: На работното место, жените најчесто ги извршуваат своите задачи и се социјализираат врз основа на своите убедувања и интуиција, додека мажите честопати се агресивни и натпреварувачки расположени. Како „комбинирана“ личност, вие успевате да воспоставите рамнотежа помеѓу тие особини, што претставува ваша предност. Поради тоа вие имате потенцијал да бидете одличен организатор.rnrnСоцијален живот: Доколку вашите пријатели ги одбирате врз основа на тоа какви квалитети и вештини поседуваат, а не врз основа на тоа дали вам лично ви се допаѓаат, кај вас доминира машкиот дел од мозокот. Од друга страна, доколку вашите пријатели се во главно луѓе кои многу зборуваат, а не покажуваат некои особени вештини, тоа значи дека вашиот мозок во однос на друштвените односи е повеќе женски.rnrnЉубов: Погледнете на кои од прашањата од тестот одговоривте со два бода или со ниту еден бод, за да идентификувате кои делови од вашиот мозок се помашки, а кои поженски. Потоа, споредете ги со резултатите на вашиот партнер и откријте каде не се согласувате. Женскиот мозок е добар во одгатнувањето на говорот на телото и донесувањето одлуки засновани на интуиција, додека машкиот мозок функционира на обратен, попрактичен начин.rn

    22 и повеќе поени: многу машки

    rnРабота: Не паничете и не грижете се. Сосема е возможно да бидете најженствената дама во светот, но да имате „мачо“ мозок. Вашата најголема моќ е желбата за преземање ризици и во најголемиот број од случаите, жените кои имаат машки мозок успеваат да се искачат до врвот на кариерата. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи концентрацијата ви е слаба страна. Личностите со машки мозок не можат да бидат посветени на една задача подолго од 5 минути.rnrnСоцијален живот: Големи се шансите во друштво да не се однесувате како типично женско. Додека вашите другарки се подготвени долго и детално да зборуваат на некоја тема, вам повеќе ве интересираат фактите. Женскиот мозок е програмиран да дистрибуира детали, а машкиот мозок е способен да ги решава проблемите.rnrnЉубов: Центарот за секс во машкиот мозок е два до три пати поголем од женскиот. Затоа, доколку вашиот партнер има поженски мозок од вашиот, потрудете се да бидете потактични со него и да имате поголемо разбирање за неговите емоции.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.