Иван Добшон е брилијантен, инспиративен 29 годишен fingerstyle гитарист и композитор од Онтарио, Канада, познат по креативноста и интензивноста на неговото свирење и напредната, невообичаена техника. Неговата музика има елементи од класична, фолк, техно, хеви метал, блуграс, како и транс музика. Тој е еден од најдобрите канадски гитаристи, кој го има освоено првото место на речиси сите натпревари по класична гитара ширум земјата. Како најуникатно парче уметност мора да се издвои видеово, во кое тој свири транс на гитара и звучи неверојатно добро и оригинално. Овој музички уметник е совршен резултат добиен од неговиот исклучителен талент и напорните часови поминати со гитарата во рака. Секоја чест!rn
Даниел Кампос е повеќе од музичар и повеќе од танчар. Репертоарот на овој Филипинец го одликуваат толку многу стилови, што може да се споредува со некои големи светски музички имиња, како Мадона. Неговиот пристап е специфичен бидејќи тој музиката ја прави жива. Неговото последно парче, „Музичката кутија“ е добар пример за она за што тој е способен. Видеото трае 10 минути, но верувајте, вреди да го изгледате. Ова е некаков спој на глума, играње и творење музика. Нема да ви откриваме детали од сценариото, но ќе кажеме дека ова музичко-танчерско дело има и своја приказна. Браво за Даниел Кампос!rn
Овој човек тврди дека е најбрзиот пијано жонглер во светот. Немојте погрешно да сфатите, овој човек не фрла пијана во воздух со цел да жонглира со нив, туку фрла топчиња по дирките на пијаното, притоа создавајќи класична музика. Неговото име е Ден Менендез и со сигурност ќе ги освои вашите симпатии со неговиот исклучително уникатен талент и техника на работа, која ја нарекува „bounce piano“.rnrnrnrnrnrnСе сеќавате ли на ритмичките звуци создадени од предмети кои паѓаат на земја?rnrn
Велат музиката и љубовта секогаш одат рака под рака и во среќните и во тажните моменти. Но, овој пат нема ни да ги спомнеме вторите. Доколку деновиве планирате да организирате романтична вечер со вашиот партнер, овие добро одбрани песни, ќе ви помогнат да ја наелектризирате атмосферата со љубов и емоции. Опуштете се, направете план за текот на вечерта, а за музиката потпрете се на оваа плејлиста, со сигурност ќе ви се допадне на двајцата. Очекуваме предлози за да ја надополниме оваа листа со втор дел.rnrnrn
Замислете како би звучеле вашите Фејсбук статуси и коментари кога би биле испеани од страна на професионален хор? Не може да си замислите? Овој австралиски хор ќе ви покаже како супер можат да звучат коментарите, линкови и статусите кои ги поставуваме секојдневно на најголемата социјална мрежа, Фејсбук.rn
Група:ХипхоплетикаrnОснована: јуни, 2009rnСостав: Тофра, Нож, Драгс, Деки о2, Страчка, Далтон, Мастер Јо, Баже, Крле, Викс (почесен член), Мара (единствениот женски вокал, ама зашто се многу хардкор, уште немаат песна со неа)rnТип музика: хардкор рапrnИздадени албуми: во подготовка е првиотrn___________________________________________________________________________________________rnХипхоплетика е настаната како фузија на повеќе групи и емсија на шакалските клупи во Кисела Вода. Името е кованица од зборовите Хип и Хоплетика (наука за оружјето), а кум е Драгс. Секогаш ја следат странската и домашната сцена, но нивната поента е да извадат нешто свежо, тазе, така што гледаат да не создаваат идоли. Сите рецитираат, а покрај тоа, Баже, Климе и Далтон се продуценти, а Драгс е диџеј. Проби прават најчесто кај некој дома, и тоа обично пред настапи, чисто за загревање. Редовен термин за настап во некој клуб немаат бидејќи, како што велат тие, владее тезгата.rn___________________________________________________________________________________________
rnrn
rn011
rn
Колку песни имате досега? На кои социјални медиуми имате профили?
rn
rn
rn
Хипхоплетика има извадено неколку песни, десетина ако не се лажам. Албум нема… требаше да има, но имавме технички проблеми, па сè уште се работи на него. Инаку, имаме профили на Фејсбук и на Мајспејс и таму обично објавуваме новости. Тоа што до сега го имаме извадено може да се чуе на овие канали, каде што има и постар материјал на секој од членовите.
rn
rn011
rn
Дали сте настапувале на некои позначајни настани?
rn
rn
rn
Може да се издвојат Хипхопијадата на Бела Ноќ и концертот на Легијата во Охрид како позначајни.
rn
rn011
rn
Дали паралелно имате и соло кариери или настапи со други групи?
rn
rn
rn
Да, секако. Има соработка со други групи, многу се, нека ни простат што нема да ги спомнеме. Секој си брка соло на страна, башка работи кои не се поврзани директно со рап, прилично активни момци сме.
rn
rn.
rn
rn011
rn
Дали сметате дека ќе успеете да се занимавате со рап до крајот на животот и плус добро да заработувате од тоа?
rn
rn
rn
Се надеваме дека ќе има некој денар, но и без него ќе правиме рап, како и до сега.
rn
rn011
rn
Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на Хипхоплетика?
rn
rn
rn
Задоволни сме и со досега постигнатото, но секогаш целиме кон повеќе, на пример самостоен концерт… или греми.
rn
rn
rn.
rn
rn011
rn
Дали би го смениле стилот на музиката, доколку некој познат продуцент во Македонија ви понуди соработка и ви постави ваков услов?
rn
rn
rn
Ова е најраперското прашање. Нема да го смениме стилот, продуценти веќе имаме тројца, одлични се. Не гледам причина да бараме друг. Доколку му се допаѓа на некој нашата музика, отворени сме за соработка, во спротивно може да разговараме за кладилница или нешто друго.
rn
rn011
rn
Имате ли да споделите некоја интересна случка од настап?
rn
rn
rn
При гостувањето во емисијата Бумбокс на канал 103, испивме „малу појќе“ и бевме многу безобразни. Копчето за цензура не работеше и згора на сè емисијата траеше два часа повеќе од дозволеното. За жал, после ова емисијата беше забранета.
rnrn
rn011
rn
Што правите кога не се занимавате со музика?
rn
rn
rn
Кога не правиме рап, и си го ладиме, ние сме тројца вработени, петторица студенти и еден дипломиран машинец во бегство.
Момчето Родолфо Бургос се пријавило на чилеанското телевизиско шоу за таленти „Yo Soy“, што во превод значи „Јас сум“, на кое натпреварувачите имитираат познати пејачи. Кога тој им кажува на членовите на жири комисијата дека ќе ја имитира Шакира, тие почнуваат да му се смеат, меѓутоа после првиот стих целото студио останува во шок.rnrnРодолфо звучи толку идентично како колумбиската пејачка, што ја испровоцирал и самата Шакира да напише на нејзиниот профил на Твитер: „Ви го претставувам Шакиро! Би ми било задоволство да го запознаам кога ќе отидам во Чиле.“rn
rnОва видео може да биде и по малку вознемирувачко за припадниците на посилниот пол, бидејќи отсега па натаму, секогаш кога ќе го слушнат гласот на Шакира, ќе се присетуваат на ова момче, а не на нејзиното секси обликуваното тело. :)rnrnДополнување18.03.2011rnrnКако што напиша на својот профил на Твитер, така и стори: Шакира официјално се запозна со Шакиро! 🙂 Нели се преслатки?rn
Откако видовте како звучат 36 хитови во само 5 и пол минути, време е за нешто поекстремно. Помислете на сите број 1 хитови во музичката историја. Е сега, замислете како би звучеле тие во само две плејлисти. Лудо, нели?rnrnrnrnОпуштете се и релаксирајте се со оваа плејлиста составена од првите 5 секунди на секоја песна која била и останала хит во историјата на музиката.rnrnrnrnrnrnАко се подготвувате за незаборавна забава по повод вашето матурирање, дипломирање, магистрирање, славење роденден, враќање или заминување од државава, сега имате добра појдовна точка за да го направите најдобриот музички избор.rnrn
Гавин (10), Крис (9) и Кида (8) го сочинуваат преслаткото трио кое живее во Сакраменто, Калифорнија. Тие имаат неверојатен талент за танцување, збогатен со неверојатни, препознатливи и уникатни хип-хоп фристајл, крампинг движења. Гавин и Крис потекнуваат од Филипините, а Кида е Афроамериканец.rnНивната група се вика „The Art of Teknique“, а нивниот талент го „билдаат“ во танцувачкото студио „The Great House of Dance“.rn
rnОвие тројца момци полека, но сигурно стануваат омилени кај светската публика, а нивните фантастични способности се докажаа и со нивното освојување прва награда на натпреварот „World of Dance Bay Area 2010“.rn
rn.
rn
„Ние ги инспирираме сите луѓе на кои наидуваме. ОБОЖАВАМЕ да танцуваме и сакаме да бидеме со нашите семејства и друштва. Нашето патување штотуку започна, па се надеваме дека ќе ни се придружите“ – пишува на нивната фејсбук страница.
rnМалечки, симпатични, талентирани и уникатни професионалци, овие деца ја имаат „формулата“ за постанување светски ѕвезди уште на својата 8-10 годишна возраст.
Слатките мечиња, перничките во облик на срце и куклите што се бакнуваат и велат: „I Love you“ веќе одамна станаа клише подароци за празникот на вљубените. Секој оној кој е вистински задоволен од својата љубовна врска, овој ден ќе го памети по магичните, љубовни моменти поминати со својот партнер, а не по подарок каков што има секој втор во градот. Ова не значи дека подарокот треба да го изоставите, туку да одберете нешто оригинално, што има симболично значење за вашата врска. Во комбинација со подарокот, изрежете едно цеде со овие секси песни според жанрот на музика кој го преферирате. Миризливи свеќички, заводлива музика и личноста која ја сакате е во вашите прегратки. Можете ли да посакате подобар начин за празнување на Денот на вљубените?rn