Најдоброто кафе расте на надморска височина од околу 915 метри. Висината придонесува за произведување на поелегантни, комплексни вкусови на црешките од кафе во кои се содржани зрната. Плодовите мора да се собираат рачно од дрвјата на кои може да има цветови, зелено овошје и зрели цреши истовремено.
Надворешната пулпа и пергаментот од црешовото кафе се отстрануваат, по што остануваат две зрна, кои потоа се чистат, сушат, градираат и рачно се проверуваат. Зрната варираат во бојата од бледо зелени до темно жолти кога се сирови.
Додека се такви се експортираат за печење, мешање и мелење до нивната финална дестинација. Повеќето комерцијални компании ги користат Ц. Робуста и Ц. Арабика како примарни во нивните смеси.
Американско (нормално) печење на кафето: зрната се средно печени, како резултат на што се прави умерен пијалак, не многу лесен, ниту тежок на вкус.rnrnФранцуско печење и темно француско печење на кафето: јако печени зрна, со длабока чоколадно-кафена боја и појако кафе на вкус.rnrnИталијанско печење на кафето: сјајно, кафено-црно, со силен вкус, се користи за еспресо.
Европско печење на кафето: 2/3 јако печено кафе помешано со 1/3 нормално печено кафе.rnrnВиенско печење на кафето: 1/3 јако печено кафе помешано со 2/3 нормално печено кафе.rnrnИнстант кафе: прашкаста материја добиена со сушење на свежо приготвен пијалак од кафе на висока температура.rnrnЗамрзнато сушено кафе: сварено кафе кое било замрзнато пред да испари водата. Вообичаено е поскапо од инстант кафето, но и со подобар вкус.rnrnБезкофеинско кафе: кофеинот се отстранува од зрната пред да се пече со користење на хемиски растворувач кој целосно исчезнува откако зрната ќе се испечат. Ова може да се постигне и во процес со швајцарска вода во кој се чистат зрната со машина на пареа по што однадвор се отфрлаат наталожените кофеински слоеви.rnrn
Category: Факти и сознанија
-

Видови кафиња според начинот на печење
-

На кафе во Белград
Погледнете неколку кафетерии во центарот на Србија, Белград и сами одберете каде ќе се напиете кафе следниот пат кога ќе го посетите овој град.rn.rn
Coffee dream
rn

Овој кафе-бар е создаден да понуди квалитетно кафе. Првата кафетерија Coffee dream е отворена во срцето на Белград, на аголот на улиците Кнез Михајлова и Крал Петар. Со елегантен ентериер и современа атмосфера, овој кафе-бар нуди огромен избор на кафиња (топли, ладни, со алкохол, фрапеа) како и десерти, чаеви, вина и други алкохолни пијалaци. Секогаш позитивната атмосфера која владее во објектот е одлично место за дружење и почитување на прекрасниот ритуал наречен пиење кафе.
rnrnЛокации:rn- rn011
- Улица Nikole Spasića
- На аголот на улиците Knez Mihailove и Kralja Petra
- Трговски центар Sremska и Makenzijevoj 89
- Eurocentar Dečanska 5
- Makedonska 30
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
.rnGreenet
rn
Оваа симпатична кафетерија нема класични маси и столици, туку шанк со барски столчиња на кои може да седнете и да се напиете некое кафе од менито на овој кафе-бар (кафе на база на еспресо, на база на филтер кафе, чоколадо, турско кафе, кафе со алкохол), да гледате низ прозорецот од кафетеријата и да се препуштите на вкусот на кафето и мигот. Првата кафетерија е отворена во 1992 година. Бидејќи се наоѓа во Трговскиот центар Милениум, кафетеријата претставува одлично место за одмор по шопинг.rnrnЛокација:rn- rn011
- Трговски центар Милениум, Nemanjinoj ulici br. 40
rn
rn
.rnSpeak Easy
rn
Оваа кафетерија во Белград е во минималистички стил и со едноставни елементи кои ја прават совршена за пиење кафе и уживање во градот. Поранешната кафана, сега кафетерија, Speak easy е место со современ ентериер и одлично за кафе пауза. Бидејќи е во близина на факултетот за бизнис, често е посетувано од студентите. Mint mocha и мафин од малини е одличен избор доколку седите овде.
rnЛокации:rn
- rn011
- Улица Svetogorska 49
- Улица Resavska 34
- Улица Njegoševa 4
rn011
rn011
rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

На кафе во Виена
Утрото не е комплетно без жешко кафе. Оваа реченица ја покажува својата вистинитост во Виена. Кафето е најпреферираниот пијалак во овој Австријски град, а тоа се покажува по големиот број кафе-барови кои ги има на секое ќоше во главниот град.
Кафето во Виена е повеќе од обично кафе со млеко на кое сме навикнати. Во Виена постојат повеќе видови кафиња кои треба да се знаат. Прочитајте повеќе за најразличните кафиња и одберете какво ќе си нарачате кога ќе се најдете таму.rnrnKapuziner – мала доза кафе со многу млекоrnrnFiaker – Ако сакате ликер во вашето кафе, еве го кафето што треба да го нарачате. Мока кафе со рум или коњак и шлаг.rnrnEinspanner – силно црно кафе со шлаг и чоколаден прав. Се служи во голема стаклена чаша.
Kaffee Maria Theresia – мока кафе со ликер од портокал и шлагrnrnEiskaffee – идеално за оние кои сакаат ладно кафе, кафе со сладолед од ванила, шлаг и чоколадни снегулкиrnrnSchwarzer – Ако сакате чисто и силно црно кафе, ова е вистинското за вас. Може да побарате мало или големо.rnrnGrosser Brauner – кафе сервирано во голема шолја со додаток шлаг или млеко. Ова кафе е австриска варијанта на Американското капучино.rnrnKleiner Bauner – мала верзија од Grosser Brauner, сервирано во мала шолја со малку млеко. Ова е италијанска верзија на Espresso Macchiato.rnrnSchale Gold – еспресо кафе во голема шолја, сервирано со шлаг настрана.
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Основни информации за зрната кафе
Во продавниците и маркетите има голем избор на најразлични кафиња и нивни брендови: турско кафе, ќесички филтер кафе, нес кафе, гранули еспресо, капучино и многу други. Постојано во потрага по најсилниот и најароматичниот вкус, неретко сакаме да пробуваме различни кафиња, но понекогаш се разочаруваме по првата голтка. Едно е јасно – наутро ни треба силно, ароматично, јако црно кафе кое ќе нè расони и подготви за предизвиците кој ги носи денот.
За да бидете сигурни во вкусот на кафето кое го пиете, најдобро е да си купите печени зрна кафе, кои патем, се продаваат во маалски продавнички, а потоа вие бидете бариста кој ќе го сомеле, свари и на крај ќе го испие топлиот напиток.rnrnПогледнете кои се основните работи кои треба да ги знаете за зрната кафе:rn.rn1. Купете кафе кое ќе го пиете цела недела
rnНе правете залихи на кафе, туку купете онолку колку што мислите дека ќе испиете за една недела (секако, вклучувајќи ги и количествата за кога ќе ви дојдат пријатели на гости). Така, кафето ќе ви биде свежо во текот на неделата и ќе ги задржи интензивниот вкус и арома.rn.rn
2. Чувајте го кафето во ладна и темна просторија
rnШпајзот е одлично место за складирање на кафе. Таму, кафето нема да биде изложено на светлина, а тегличката во која ќе ги чувате зрната, ќе ја земате секогаш кога ќе посакате да си сомелете и сварите една шоља.rn.rn
3. Никогаш не замрзнувајте го кафето
rnОва се случува кога купувате зрна кафе повеќе одошто ви е потребно. Ова е правило од кое нема исклучок. Ако се замрзнат зрната кафе, тие губат многу од своите својства и после некое време, кога ќе се одмрзнат, кафето ја нема својата препознатлива силна арома и свежина.rn.rn
4. Мелете кафе онолку колку што ќе пиете
rnНи помалку ни повеќе. На тој начин, секој пат кога ќе сомелете од зрната, ќе пиете свежо, интензивно кафе и така секоја наредна шоља ќе биде полна со јаки вкусови и ароми.

-

Факти за кафето кои можете да ги примените во секојдневниот живот
Купувањето парфем е тешка работа. Треба да помирисате барем 3-4 додека го изберете вистинскиот, но после вториот, веќе не можете да направите разлика. Кога ќе излезете со намера да си купите нов парфем, понесете си малку кафе во вашата чанта и добро вдишувајте од него помеѓу секој парфем што ќе ви го понудат.
Сакате да ја дознаете тајната на вашата сосетка која има прекрасни цвеќиња во својот двор, но секогаш кога ќе ја прашате во што се состои нејзиниот успех, таа само учтиво ви се насмевнува. Утре, насмевнете и се и вие неа.
Земете го талогот од вашето утринско кафе и пропрскајте го земјиштето во коренот на вашите растенија. Ова ќе ги оттргне полжавите од џвакање на вашата градина.
Како надоврзување на претходното, комбинацијата од кафе и шеќер може да им помогне и на растенијата кои се чуваат во саксија, во домашни услови.
Доколку ги нахраните вашите цвеќиња со оваа смеса и секако, доколку редовно ги наводнувате, можете да им ја вратите живоста и бојата, откако свенале и пожолтеле за време на зимата.
Можеби уживате да бидете заглавени во кујната и да подготвувате интересни јадења за домашните и за вашите пријатели. Доколку тие немаат ништо против, не избегнувајте ги кромидот и лукот само заради тоа што подоцна ќе мирисате на нив.rnrnПосле готвењето постапете вака: најпрво потопете ги рацете во топла вода. Потоа, ставете течен сапун на едната рака и врз него ставете сол или подобро, талог од кафе. Тријте ги рацете една од друга една минута, а потоа плакнете ги врз мијалникот од не`рѓосувачки челик. Ако миризбата е сè уште тука, можеби ќе треба да се обидете уште еднаш.rnrnНе мора цел ден да ја носите кујната со вас, ослободете се од неа веднаш по готвењето. Ако го употребите овој трик, ќе забележите дека рацете ќе ви омекнат како кадифе.
Ако пак практикувате да јадете некој од овие зеленчуци, добро размислете како ќе постапите пред да излезете на кафе со пријателите или колегите. Најдобро е да не јадете кромид или лук пред излегување, но ублажување на лошата миризба ќе направите со шолја кафе. Доколку не ви е грозно, земете една лажичка неприготвено кафе и џвакајте го некое време во устата. Други природни отстранувачи на лошата миризба од кромид и лук се магдоносот и лимонот.rnrnСо оглед на шансите, подобро е да не успеете да ги избркате вампирите отколку да ги избркате пријателите :).rnrn -

Како да направите оригинално турско кафе?
Tурското кафе или Türk kahvesi е верен придружник кој секое утро нѐ расонува и подготвува за предизвиците кој ги носи денот. Неизбежна е неговата подготовка и послужување кога ќе ви дојдат гости. Со локум, некое крцкаво колаче или само со две три коцки шеќер, турското кафе е препознатливо насекаде низ светот по неговата силна арома, густиот кајмак на врвот од шолјата и неверојатниот вкус кој никогаш не може да се заборави.
rn

rnАко одите во Турција и сакате да нарачате турко кафе по ваш вкус, еве како да го направите тоа на турски јазик:rn
- rn011
- Türk kahvesi Sade – Горко турско кафе
- Türk kahvesi Orta – Турско кафе со малку шеќер
- Türk kahvesi Sekerli – Многу благо турско кафе
rn011
rn011
rn
rnСите го правиме турското кафе на различен начин. Некои чекаат водата да зоврие, па потоа го ставаат кафето, а некои пак го ставаат кафето пред да зоврие водата.rnrnЗа да направите оригинално турско кафе, важно е да се знаат две работи. Прво, турско кафе се прави со деликатно смелени зрна кафе (пофино сомелени од еспресо) и варењето на кафето е најважниот момент од целиот процес на правење на кафето.rn
Еве како да направите оригинално турско кафе, до толку оригинално што ќе се чувствувате дека се наоѓате во ориентален кафе-бар во некој дел од Турција:
rn

rn1. Купете квалитетно, одлично смелено и добро испечено турско кафе Арабика (ако имате направа за мелење кафе, подобро би било сами да ги смелете зрната кафе).rnrn2. Земете бакарно ѓезве или на турски cezve и наполнете го со вода, која претходно сте ја измериле во шолјата во која ќе го пиете кафето.rnrn3. Во водата ставете две лажички кафе и шеќер, ако го пиете благо кафето. Мешајте додека сѐ се соедини.rnrn4. Ѓезвето ставете го на рингла со средна топлина. Ова е моментот кога целото внимание треба да го насочите кон ѓезвето со кафе. Во ниеден момент не мешајте со лажичка.rnrn5. Кога кафето ќе почне да врие, ќе забележите како пената избива на површина. Тогаш, тргнете го ѓезвето од ринглата и почекајте да спласне пената. Потоа, повторно ставете го ѓезвето на ринглата и почекајте пак да избие пената.rnrn6. Во шолјата за кафе, ставете малку од кафето и пак ставете го на ринглата додека повторно не избие пената и така повторувајте три пати додека не го истурите целото кафе во шолјата.rnrn
rnrnТурското кафе се служи жешко, во мала шолја за кафе и чаша ладна вода. Прво се пие една голтка вода па потоа се пие голтка од кафето. Водата всушност помага да се неутрализира вкусот во вашата уста за секој пат кога ќе пробате голтка од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус.rnrnВистинска умешност е да се знае кога точно треба да се престане со пиење на кафето, за да не се случи да голтнете малку од кашестиот остаток, кој паѓа на дното на шолјата. Кога ќе дојдете до тој дел, кој секако не се пие, не го фрлајте. Еве како да го искористите талогот од вашето испиено турско кафе. А пред да го искористите, превртете ја шолјата, почекајте да се исуши и со пријателите толкувајте ги фигурите исцртани на дното.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Видот на кафето ја дефинира вашата личност
Кафето кое секојдневно го пиете, не е само пена на врвот и шеќер на дното, туку во него се крие и вашиот карактер. Видот на кафето кое најмногу ви се допаѓа, зборува многу за вас.rnrnЏуди Џејмс и Џејмс Мур, експерти за говор на телото, открија дека преферирањето на одреден вкус кафе, зборува многу за самодовербата, сексуалниот живот, и нивоата на стрес на личноста. Во нивната книга „The you code“ тие прават еден интересен осврт на оваа тема.rn
Љубители на еспресо
rn
rnrnЛуѓето кои сакаат силно еспресо кое ќе ги разбуди наутро и ќе ги освестува во текот на целиот ден, се многу вредни луѓе на кои најбитно им е сите обврски да им се завршени на време. Настојуваат да си ги остварат целите најбрзо што можат и се одлични лидери. На љубовен план тие се страсни и посветени партнери, но може да не се доволно лојални и доверливи.rnЉубители на филтер кафе
rn
rnrnОние кои преферираат филтер кафе, се најчесто луѓе со поконзервативен поглед кон животот. Тие се тивки, ретко ги искажуваат своите чувства и имаат променливо расположение. „Нивниот карактер е малку поспецифичен, но потенцијално можат да бидат одлични другари, колеги или љубовни партнери“ – констатираат Џејмс и Мур.rnЉубители на лате
rn
rnrnНежни личности, кои имаат силна потреба да бидат сакани и почитувани од страна на другите луѓе. „Ако вашиот шеф пие лате, тој најверојатно ви дава работни инструкции со милозвучен бебешки глас“ – велат Џејмс и Мур. Сакаат да оставаат впечаток на самоуверени, успешни и шармантни личности, но со самото тоа што мешаат со млекце толку силно и чисто кафе какво што е еспресото, укажува дека тие имаат незрела страна.rnЉубители на капучино
rn
rnrnДеталите на ситуациите и наклонетоста од другите луѓе, не ги интересира оние кои уживаат во прекрасното пенливо капучино. Она што ги фасцинира е материјалниот свет. Тие уживаат во сексот и бараат партнери кои знаат да фантазираат и да ги покажуваат емоциите. Љубовник без идеи и иницијатива, може многу брзо да им досади.rnЉубители на инстант кафе
rn
rnrnОвие се весели, активни луѓе, кои често се смеат и шегуваат. Тие живеат според максимата „Ако не пробам, нема да знам“. Но, овие личности не се доволно амбициозни да направат голема кариера и најчесто завршуваат работејќи некоја обична работа, за просечна плата. Се држат настрана од вообразени луѓе кои се прават нешто што не се. Во сексот не се доволно опуштени и имаат тешкотии во приврзувањето со партнерот. Не е чудно доколку слушнете дека овие луѓе носат чорапи во текот на сексуалниот однос, бидејќи целосното разголување е преголем чекор за нив.rnЉубители на фрапе
rn
rnrnЛекомислени и површни луѓе, кои сакаат да пробаат сè одеднаш, особено ако претходно тоа нешто припаѓало на некоја позната медиумска личност. Сакаат да се преставуваат себеси како модни икони и нечии идоли, но придаваат поголемо значење на стилот на однесување, отколку на некои посуштински работи. Во љубовта се исто така површни и непосветени на партнерот.rnЉубители на безкофеинско кафе со соино млеко
rn
rnrnОвие луѓе се најчесто големи екологисти, кои сакаат да филозофираат и да се прават сезнајковци. Уживаат кога вниманието е свртено кон нив, но знаат да бидат доста пребирливи и критични. Во кревет се однесуваат вештачки и стегнато со партнерот. Изборот на кафе без кофеин, зборува за тип на личност, која е вообразена и пренагласена, која го сака она што не може да го има и поради тоа често става маска на своето лице, за да се прикаже во подобро светло.rnОние кои воопшто не пијат кафе
rnСпоред Џејмс и Мур, оние луѓе кои воопшто не консумираат кафе, најверојатно се плашат од него, а истовремено и од животните предизвици. „Ако не ти се допаѓа вкусот на кафето, тогаш мора да си дете и веќе е крајно време да влезеш во светот на возрасните“ –констатираат тие. Но, не е крај на светот. Потребен е само 21 ден за да го надминете гадењето од вкусот на кафето и да почнете да живеете во реалниот свет.
-

Треба ли да пиеме кафе пред физичка активност?
Некои истражувања покажуваат дека пиењето кафе пред вежбање, може да ја зголеми ефикасноста, особено при џогинг на подолги стази. Но, не сите истражувања го тврдат истото. Така, една неодамнешна студија објавена од Американскиот колеџ за кардиологија, тврди дека и пиењето кафе во умерени количини може да ги наруши атлетските перформанси.rnrn
rnrnПротокот на крвта до срцето се зголемува во текот на вежбањето.Но, при направениот експеримент, кога на спортистите им биле дадени кофеински таблети, резултатите покажале дека протокот на крвта бил драстично намален, што би значело дека помалку кислород и хранливи материи одат до срцето.rnrn
rnrnОвој ефект на намалување на притисокот на крвта не е важен само од аспект на остварување на поголема ефикасност при вежбањето, туку може да претставува и сериозен проблем за оние со срцева болест или висок крвен притисок. Комбинацијата од вежбање и кофеин, ја зголемува работата на срцето и значително ги зголемува потребите на телото за кислород. Па, кога оваа потреба нема да се остварува, резултатот може да биде постојана зашеметеност и сериозни промени на срцевиот ритам.rnrn
rnrnЕфектите на кофеинот врз спортските перформанси може да варира во зависност од индивидуата и количината на кофеинот која се консумира, па затоа е тешко да се генерализира. Сепак, би било мудро да се избегнува пиење кафе пред вежбање за да се одбегнат евентуалните негативни ефекти. Многу фитнес тренери препорачуваат, доколку вежбате, кафето да го замените со зелен чај без кофеин.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Заблагодарете им на козите за кафето
Автор: Мирослава СимоновскаrnrnКој би помислил дека козите се виновни за пронаоѓањето на вкусот што секое утро го буди светот?
Според една распространета легенда, уште во 9-от век, едно козјо стадо во Етиопија, во местото Кафа, привлечено од жар црвената боја на плодовите, се доближило до грмушките кафе вкусувајќи го задоволството што ги расонува пилотите и доставувачите на пица.
Овчарот што го чувал стадото, откако го забележал возбуденото однесување кај животните, ги однел плодовите во некој манастир кај група познати монаси. Тие ги свариле чудните „бобинки“ и го испиле напитокот, веднаш чувствувајќи ја возбудливата сензација. Од Етиопија, кафето се ширело до Египет и Јемен и до 15-от век стигнало до Персија, Турција и северниот дел од Африка.
Денес, Бразил е лидер во извозот на кафе, а годишното производство е 110-120 милиони кесички. Магијата на ова „црно злато“, го обиколува светот со 50 билиони шолји, сварени во кафулињата и домовите. Секако, изворниот вкус ја задржува својата свежина поради тоа што зрнцата се чуваат во речиси вакуумска амбалажа и на ладно место.
Кафето, после нафтата, е втор најизвезуван производ. По сé изгледа, козите „имаат нос“ за бизнис, нели?
rnrn

rnrnВо главниот град на Р. Бугарија, Софија има многу кафе барови. Некои се познати по убавото кафе, а некои по прекрасното топло чоколадо кое Бугарите го обожаваат. Со оглед на тоа што Софија доби кафе продавници од познатиот ланец Starbucks, тие се и најпознати и најпосетени. Градот има и други кафе барови кои вреди да се посетат ако се наоѓате таму и сакате да испиете убаво кафе во духот на градот.rn
rnrnМодерни, динамични и опуштени места каде кафето е на прво место. Бидејќи се прилично новоотворени, секогаш се преполни со луѓе, бучни и раздвижени. Во Старбакс продавниците достапни се колачињата и разните слатки десерти кои одат совршено со кафето.rnrnЛокации:rn
rnrnОва е Британски ланец на кафе продавници. Овој кафе бар е повеќе познат по најразличните видови на топло чоколадо и се чини дека е специјализиран за нив. Атмосферата е мирна, но во зависност од денот може да има и многу луѓе. Карактеристично за овој кафе бар е тоа што има кафе за носење и чашите се од дебел картон од кој не може да се изгорите.rnrnЛокации:rn
rnrnОва е кафе бар кој треба да го посетите ако се наоѓате во Софија. Има одлична атмосфера и прекрасно кафе. Секогаш е полно со гости. Во кафе барот има некомерцијална музика, а ентериерот е карактеристичен по разиграните бои на ѕидовите. Кафето тука е со најдобар квалитет. Vanilla latte и cinnamon sunset се одличен избор. Наутро се подготвуваат сендвичи и слатки. Кафе барот плени со прекрасниот поглед кон Руската црква.rnrnЛокации:rn