КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и сознанија

  • Најдобрите кафе барови во Њујорк

    Најдобрите кафе барови во Њујорк

    Сигурно сте се запрашале каде најчесто одат Њујорчаните на кафе и колаче и кои се оние кафе барови каде туристите уживаат во вкусно кафе во текот на денот. Погледнете ги десетте најдобри кафе барови во Њујорк, каде воедно и се продаваат најразлични видови кафе во зрна.rnrn1. McNulty’s Tea & Coffee (Вест Вилиџ) – Тука струи енергија од педесетите, која одлично оди со модерна кофеинска доза.Најдобрите кафе барови во Њујорк2. El Beit (Вилијамсбург) – Кафиња и цедени сокови. Рок музика. Одлична атмосфера.Најдобрите кафе барови во Њујорк 3. Abraco (Ист Вилиџ) – Удобно катче за сериозните љубители на кафе.Најдобрите кафе барови во Њујорк 4. Beanocchio Café (Апер Ист Сајд) – Слатки, омлети и сендвичи кои супер се дополнуваат со кафе и лаптоп со интернет конекција.Најдобрите кафе барови во Њујорк5. Zibetto Espresso Bar (Апер Вест Сајд) – Пријдете кон барот и нарачајте си кафе. Ова е место каде што секојпат сте добредојдени.Најдобрите кафе барови во Њујорк6. Ashbox (Вилијанмсбург) – Место каде што можете да пиете добро кафе и ладни пијалоци, во мирна атмосфера.Најдобрите кафе барови во Њујорк7. Porto Rico Importing Company (Сохо) – Одлична продавница за да купите квалитетно кафе во зрна. Голем избор на кафиња, чаеви, колачиња и најразлични сирупи.  Супер место за попладневно кафе.Најдобрите кафе барови во Њујорк8. Casa Cupcake (Гармент Дистрикт) – Рустичен стил со сончогледи и антички рерни. Лоцирано во помалку населено место кое гарантира спокојство и уживање. Препознатлив по тортички какви што не сте пробале.Најдобрите кафе барови во Њујорк9. Housing Works (Сохо) – Топло, вкусно кафе. Одлична библиотека. Бесплатен WiFi. Зарем треба нешто повеќе?Најдобрите кафе барови во Њујорк10. Café Reggio (Вест Вилиџ) – За неодоливиот шарм на овој кафе бар ќе ви потврдат туристите. Прекрасно капучино.  Ноти на оперски арии низ локалот. Панини и најразлични слатки кои се дел од менито. Совршено.Најдобрите кафе барови во ЊујоркАко ве однесе патот во Њујорк, знаете каде да го пиете вашето омилено кафе во омилениот дел од денот.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да си нарачате кафе во Италија?

    Како да си нарачате кафе во Италија?

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnКога нарачувате кафе во Италија, секогаш имајте ја на ум неговата цена. Во многу кафе барови на преубавите улички во Италија, едно капучино може да чини четири пати повеќе од капучиното што ќе го нарачете и пиете во некој обичен бар.Како да си нарачате кафе во Италија?Италијанците нивното кафе го пијат набрзина, во бар, пред да отидат на работа, оставајќи ги масите празни за туристите.rn

    Ако сакате да го прашате келнерот кое кафе да го нарачате, бидете подготвени, откако ќе ви го даде кафето да му оставите пристоен бакшиш.

    rn

    Ако сакате да нарачате еспресо во Италија, треба само да побарате „кафе“ и запомнете: треба да го испиете брзо. Еспресото не е кафе кое се пие голтка по голтка, туку треба да се испие во две до три голтки, најмногу.rnКако да си нарачате кафе во Италија?Кафето не се служи самостојно, туку се служи после некој оброк, со исклучок на појадокот. Секое кафе кое следи после појадокот, не треба да има ни капка млеко, а оние кои нарачуваат капучино после 11 часот, често се исмејувани од страна на вистинските Италијанци.

    rnКако и да е, постојат најразлични видови кафиња кои можете да ги нарачате и кои се вкусни.rnrnКако да си нарачате кафе во Италија?rnЕве листа на кафиња кои најмногу се нарачуваат во Италија:rn.rn

      rn011

    • Еспресо (Espresso) – познато како Caffe во Италија, се служи во шоља со 88 мл кафе, силно по својот вкус и со бронзена пена
    • rn011

    • Допио (Doppio) – двојно еспресо
    • rn011

    • Ристрето (Ristretto) – кафе кое е поконцентрирано од еспресото и се прави со помалку вода
    • rn011

    • Лунго или Американско кафе (Lungo or Caffe Americano) – спротивно на ристрето, еспресо кое се прави со повеќе вода
    • rn011

    • Макијато (Macchiato) – еспресо кое е „обележано“ со пена од млеко на врвот
    • rn011

    • Корето (Corretto) – еспресо кое е „коригирано“ со коњак или друг 60-процентен алкохол
    • rn011

    • Капучино (Cappuccino) – еспресо со млечна пена, кафе кое содржи еднаков размер на млеко, кафе и млечна пена
    • rn011

    • Капучино скуро (Cappuccino scuro) – капучино подготвено со помалку млеко и карактеристична темна боја
    • rn011

    • Капучино кјаро (Cappuccino chiaro) – капучино подготвено со повеќе млеко (не повеќе од количината на млеко во кафе лате) и карактеристична светла боја
    • rn011

    • Кафе лате (Caffelatte) еспресо подготвено со повеќе млеко од капучиното и со малку млечна пена. Во Италија се пие за време на појадокот.
    • rn011

    • Лате макијато (Latte macchiato) запенето млеко кое е „обележано“ со доза еспресо кафе
    • rn

  • Интересни факти поврзани со кафето

    Интересни факти поврзани со кафето

    Интересни факти поврзани со кафетоrnrn1. Едно кафе дрво годишно произведува само околу половина килограм кафе.rnrn2. Зеленото кафе за време на печењето се зголемува двојно, но губи 16% од својата тежина.rnrn3. За едно кафе дрво да може да почне да раѓа плод потребни се 5 години.rnrn4. Што повисоко расте кафето во височина, толку поквалитетно кафе ќе пиете.rnrn5. Кафето најубаво ќе се свари доколку водата е на температура од 90 степени Целзиусови.rnrn6. Кафето е одлично за исхраната, бидејќи нема калории.rnrn7. Кафето содржи Б-комплекс витамини.rnrn8. Во еден килограм кафе има околу 7200 зрна.rnrn9. Во Канада луѓето пијат во просек по 13 килограми кафе годишно.rnrn10. Кафето се пече на температура од 200 до 250 степени Целзиусови, зависно од потребниот вкус и бојата.rn


      rnrnrn


      rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    1. Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      После уживањето во шолја ароматично кафе, талогот секогаш оди во корпата за отпадоци бидејќи се смета за неупотреблив. Меѓутоа, неговите алтернативни употреби би ви обезбедиле заштеда на време и пари при вршењето на некои споредни работи за себе или за домот.rn

      1. Одлично решение за чешлање на вашето милениче

      rn

      Можеби звучи чудно,  но талогот од кафето помешан со вода, може да претставува одличен регенератор за расчешлување за вашето домашно милениче. По неколку триења, крзното станува помеко а влакното посјајно и лесно за чешлање. Некои одат дотаму што велат дека, ги отстранува болвите и другите паразити од крзното, меѓутоа ова се уште не е доволно тестирано и докажано.

      rn

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      rnrn

      2. Дезодоранс за фрижидер

      rn

      Чувањето на различни видови храна во фрижидерот може да доведе до создавање на многу непријатна миризба. Измешаната миризба можете лесно да ја неутрализирате доколку во фрижидерот ставите сад со талог од кафе и неколку капки екстракт од ванила кој потоа ќе ја апсорбира миризбата.

      rn

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      rnrn

      3. Пилинг за лице

      rn

      Триењето на лице со кафе е смешна но одлична идеја. Кафето го отстранува мртвото ткиво од кожата и го затегнува. Може да ви зачува илјадници денари.

      rn

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      rnrn

      4. Отстранувач на миризба од чевли

      rn

      Активните луѓе и миризливите нозе обично oдат заедно. Талогот од кафето може да ви помогне да го намалите непријатниот мирис од чевлите или пак доколку сакате навистина да не ви мирисаат нозете тогаш можете редовно да ги миете со вода и екстракт од кафе.

      rn

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      rnrn

      5. За посјајна коса

      rn

      Секој сака да има блескава и сјајна коса. Некои луѓе фрлаат многу пари само да направат нивната коса да изгледа подобро и да изгледаат посамоуверено. Едноставно и многу поевтино ќе поминете доколку ја протриете косата со талог од кафе, потоа да почекате неколку минути и на крај убаво да ја измиете. Вашата коса ќе го добие посакуваниот холивудски изглед.

      rn

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      rnrn

      6. Ослободете се од домашните мравки

      rn

      Мравките можат да бидат доста досадни, а што е најтрагично тешко можете да се ослободите од нив. Но за некое чудо, мравките не го сакаат мирисот на кафето, па затоа за да не ви пречат најдете од каде доаѓаат и запрете ги малите штетници.

      rn

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      rnrn

      7. Боја за сликање

      rn

      Доколку добро ја измешате смесата, кафето може да ви претставува одлична кафеава фарба за сликање на ткаенини или уметнички дела а во комбинација со кна може да претставува одлична боја за тетовирање.

      rn

      Неколку причини зошто да не го фрлате талогот од кафето

      rn rnrn


      rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    2. Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

      Колку шолји кафе треба да пиеме дневно?

      Кафето најчесто се консумира со идејата дека кофеинот ќе го зголеми когнитивното функционирање и ќе го подобри расположението на консументот.  Всушност, многумина навистина и не можат да функционираат без утринското кафе. Тоа е така, бидејќи кофеинот го стимулира централниот нервен систем, го ублажува уморот и ја зголемува будноста. Меѓутоа како и се друго, кафето мора да се консумира во умерени количини за да го има посакуваниот ефект и за да се избегнат можните непосакувани последици од претерувањето.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnСпоред експертските анализи, еден просечен возрасен човек треба да пие 200-300 милилитри кафе дневно, што би значело 2 шолји кафе. Секако, во оваа бројка е вклучено само чистото кафе, без додатоци како млеко, засладувачи, преливи и слично. Редовното внесување на поголема количина кафе од просечната може да ви предизвика несоница, немир, нервоза, главоболки, неправилни и забрзани отчукувања на срцето, па дури и дијареа.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?rnrnНо, и откажувањето од кофеинот може да има лоши последици. На организмот ќе му треба време на се навикне на новата состојба, па затоа во првите недели би требало да чувствувате немоќ, константно да имате главоболки, да чувствувате болки во мускулите и слично. Доколку сте решени да го сторите ова, би ви било многу подобро доколку во тој период внесувате кофеин преку црн и зелен чај, чоколадо, енергетски пијалаци и други слични алтернативни производи кои содржат помало количество на кофеин.rnrnКолку шолји кафе треба да пиеме дневно?