Близнаците и ракот заедно создаваат љубопитна врска. Чувствителниот, емотивен рак има тешкотија јасно да комуницира, но јасната комуникација, пак, е токму она што го одликува близнакот. Кавалерската природа на близнакот, во комбинација со дарбата за елоквентно и убедувачко зборување, може да го охрабри ракот да излезе надвор од својата школка побрзо од вообичаено. Ракот, пак, може да му возврати на близнакот на тој начин што ќе го научи да забави малку и да ужива во животот, за што динамичните близнаци ретко имаат време. Ако близнаците го игнорираат ракот или не му ја обезбедуваат сигурноста и интимноста која му е нему потребна, може да настане проблем. Овие два знака му приоѓаат на светот на различни начини, па затоа мора да научат да си ги прифаќаат разликите.
Ракот е знак на домот и срцето, додека близнаците се мислители. Тие лесно можат да ја преземат улогата на витез во сјаен оклоп кој ќе го чува ракот, додека овој може да возврати покажувајќи голема грижа да ги заштити оние кои ги сака. На ракот многу му е важен животот во домот, па затоа ќе ги размазува близнаците со готвење од срце, мека постела и материјална удобност. Ракот е јако интуитивен и успева да оствари скоро духовна конекција со саканите, но тој има тенденција да биде посесивен и да го идеализира својот партнер-близнак. Доколку близнаците јасно му дадат до знаење на ракот дека тој е сакан и почитуван, тогаш сè во врската ќе оди како подмачкано.rnrnБлизнаците се водени од планетата Меркур (комуникација), а ракот од Месечината (емоции). Ракот обично ги потиснува чувствата длабоко во себе и тешко му е да ги покажува. Тој му завидува на близнакот за неговата способност да се отвори и јасно да се изрази. Близнаците можат да имаат корист од интуитивниот пристап на ракот. За разлика од брзоплетоста на близнакот, ракот е посталожен и може да го поттикне својот партнер да ја намали брзината со која поминува низ различните нешта во животот и да ги доживува поцелосно, пред да се истрча да го направи следниот чекор.rnrnБлизнаците се воздушен знак, а ракот е воден. Ако овие два партнери успеат да функционираат како пар, може да бидат одличен тим, со оглед на тоа дека најдобрите одлуки се донесуваат комбинирајќи ги умот и емоциите. Проблем во оваа врска е да се научи да се соработува со другиот. Партнерите имаат многу различни погледи на светот, што некогаш може да делува дека немаат ништо заедничко. Длабокиот, емотивен рак може некогаш да го „разводнува“ ентузијазмот на „сувиот“ близнак, а лесниот близнак со брз ритам на живот може да го вознемири ракот, па дури и да го уништи во духовна смисла. Но, баланс може да се постигне, и тоа доколку двајцата партнери научат отворено да комуницираат меѓу себе.rnrnБлизнаците се флексибилни и сакаат да се препуштат на работите додека некој друг ги води во животот. Ракот е иницијатор и сака да го овозможи таквото водство за својот љубен близнак. И близнаците можат да се обидуваат да бидат водачи и да покажат храброст, дури и спротивставување, но за да течат работите мазно и мирно, двајцата партнери треба да знаат кога да се повлечат назад и да му овозможат на другиот да ја води врската.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна врска е можноста да се издигнат заедно до големи височини, штом претходно ќе сфатат дека се сродни души. Близнаците секогаш размислуваат однапред за работите, а ракот ги поддржува неговите идеи „зад сцената“. Овозможувајќи му го она што на другиот му е потребно, партнерите ја прават оваа врска сосема исполнувачка.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Category: Близнаци
-

Близнаци и рак – љубовна комбинација
-

Близнаци и близнаци – љубовна комбинација
Кога двајца близнаци се во врска, тоа е како вистински да се поврзале четворица луѓе. Оваа врска никогаш не може да биде здодевна, што е добро бидејќи на овој знак лесно му досадува. Бидејќи и двата знака имаат иста потреба за интелектуална стимулација и се големи муабетчии, тие меѓусебно си служат како звучници од кои постојано одекнуваат нови идеи и сфаќања.
Близнаците ја сакаат слободата и можноста за различност во себеизразувањето, па двајцата заедно ќе уживаат во тоа до максимум. Парот од двајца близнаци е омилен во друштвото, тие се живи на секоја забава со својот остроумен дух и добро извежбаната рутина за забавување на друштвото. Кога би можеле да го избегнат натпреварувањето и наместо тоа повеќе да соработуваат, нивната врска може да биде екстремно многу среќна и задоволувачка за двајцата.rnrnБлизнаците сакаат да дофрлаат шали, саркастични изјави и повремени иронични и цинични коментари. Ова е забавно, но може да го спречи едниот од партнерите да ја сфати врската сериозно. Во една љубовна врска, секако мора да има простор за сериозност, а близнакот ќе мора се потруди да научи да се однесува така. Доколку двајцата партнери научат да обрнуваат повеќе внимание на своите чувства наместо единствено да се раководат од своите размислувања и разумот, многу ќе си ја подобрат својата врска.rnrnБлизнаците се раководени од планетата Меркус (комуникација). Затоа, овој пар може да зборува за исти теми цееела ноќ. Меркур (или Хермес во Грчката митологија) бил патник, па близнаците ја имаат истата љубов за посетување разни места и разговарање на различни теми. Но, да не речете дека не сме ве предупредиле, луѓето со хороскопски знак близнаци имаат секој по една глава, па нивното интензивно муабетење често може да се сфати погрешно и да прерасне во гласина. Клучно е тие да научат да ја користат вештината за комуникација на позитивен начин.rnrnБлизнаците се воздушен знак. Тие се поставуваат кон партнерот и кон светот воопшто раководејќи се повеќе од рационалноста, а помалку од емоционалноста. Тие не успеваат долго да го задржат вниманието на една работа, па затоа понекогаш „прегоруваат“, но имајте предвид дека во ваков случај прегоруваат два близнака одеднаш. Затоа, пак, креативноста на близнакот, за кратко време ќе му овозможи да смисли нова интрига.rnrnБлизнакот е непостојан знак. Но, нивната флексибилност и лесна природа ги прави сите четворица совршен пар. Овие знаци се господари на компромисот токму поради нивната флексибилна природа. Два променливи знака, многу лесно можат да формираат унија без конфликти. Единствената работа што може да предизвика кавга е разговор кој излегол надвор од контрола. Но, за среќа, близнаците брзо сфаќаат колку е тоа неважно и се откажуваат од докажувањето некаква поента, па и од карањето воопшто.rnrnНајдобриот аспект од врската помеѓу двајца близнаци е големата количина интелектуална енергија и стимулацијата кои си ги овозможуваат еден на друг.rnrnТие се во состојба да го „спасат“ другиот во врската од водењето вообичаен живот. Заедно тие можат да го забавуваат светот и да постигнат повеќе отколку што би постигнале сами.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Бик и близнаци – љубовна комбинација
Кога бик и близнаци ќе стапат во љубовна врска, тие мораат меѓусебно да си дадат доволно време за да сфатат која е движечката сила во нивната врска и на кој начин најдобро би се согласувале. Двајцата партнери имаат многу нешта да си понудат еден на друг и можат многу да научат од нивната врска, но за да се случи тоа, потребно е да научат да бидат пофлексибилни и прилагодливи на потребите на другиот. Близнаците се познати по нивната двојна природа, поради која најчесто се двоумат дали да постапат на еден или на друг начин. Ако посесивниот бик е способен да му ја даде на едниот близнак безбедноста и блискоста која му е потребна, додека истовремено му ја овозможува на другиот близнак неговата слобода и независност, нивната врска ќе заземе добар правец. Бикот најверојатно ќе очекува многу повеќе од врската одошто близнакот ќе смета дека е потребно да даде, но за да постане спремен на таков степен на обврзување, потребно е да помине подолг временски период, во кој бикот ќе научи да биде трпелив.
Сталожениот, сериозен и практичен пристап кон животот на бикот, се разликува многу од левтерниот, интелектуален пристап на близнаците. Ваквата разлика може да претставува поголем проблем, бидејќи близнакот може да го доживува бикот како малку здодевна и намуртена личност, а бикот пак може да мисли дека близнакот е површен и нереален. Токму поради нивните спротивставени карактери, овие партнери можат многу да научат еден од друг. Така, бикот може да му помогне на близнакот подлабоко да ги доживува секојдневните животни ситуации, а тој пак може да му помогне на бикот да внесе вариетет, забава и возбуда во неговиот живот.rnrnБикот е управуван од планетата Венера (љубов), а близнаците од Меркур (комуникација). Венера се однесува на физичките задоволства, романтиката и сензуалноста. Меркур, во близнакот внесува и женствена и мажествена енергија, а тој ја искористува онаа која најмногу му одговара во дадениот момент. Бикот бара страстен љубовен партнер во кој може да верува, па генијалноста која во себе ја носи близнакот, може да избледи доколку не постои толеранција во нивната врска. Ова може да биде незгодна ситуација, бидејќи близнакот за себе си мисли дека неговата досетливост е најголемиот квалитет во неговиот карактер. Добрата вест е дека, близнакот е доволно интелигентен за да научи да постане романтичен, чувствителен партнер, каков што бикот сака тој да биде.rnrnБлизнаците донесуваат одлуки базирани на разумот но и на моменталниот ќеф, додека бикот е попрактичен. Бикот во процесот на донесување одлуки си го поставува прашањето: „Како ова ќе ми помогне да си ги остварам моите цели?“, а близнакот одлучува моментно, без притоа да чувствува притисок дека треба да се води според некој прецизен план. Врската помеѓу бикот и близнакот ќе биде во криза, доколку бикот се предаде на неговите посесивни чувства или доколку близнакот постане премногу независен, незаинтересиран и отсутен во мислите. Партнерите со овие хороскопски знаци мораат да настојуваат да останат искрени, отворени и флексибилни еден кон друг, за да ù овозможат на нивната љубовна унија добро да функционира. Велат, кога се сака, сè се може, па така и љубоморниот бик доколку доволно се потруди, ќе сфати дека и покрај тоа што близнакот честопати знае да биде непредвидлив и многу да флертува, нему врската која тие ја имаат му е многу важна. Исто така, бидејќи бикот знае да биде премногу тврдоглав и непопустлив, близнакот може да ја употреби неговата флексибилност и одвреме-навреме да му попушта на бикот и да ги остварува неговите желби.rnrnБикот има тенденција да се фокусира на една работа, личност или идеја во даден момент, а близнакот се префрла од една на друга ствар (или личност) во согласност со моменталниот импулс. Бикот мора да му овозможи на близнакот доволно простор и слобода, бидејќи во спротивно врската ќе почне да го гуши. Бикот исто така, треба да научи една многу важна лекција од близнакот: променливоста понекогаш е подобра особина од фиксната решителност да се тераат работите само на еден начин.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација бик-близнаци е сигурноста која партнерите меѓусебно си ја даваат во нивната врска, се разбира доколку бикот му овозможи на близнакот таа сигурност да ја прикажува на послободен начин. Сè додека партнерите настојуваат добро да комуницираат, нивната љубов ќе биде стабилна, а нивната врска исполнета со среќа и хармонија. -

Овен и близнаци – љубовна комбинација
Кога овен и близнаци се во љубовна врска, тие се поврзуваат на интелектуално и на телесно ниво. Овие партнери обожаваат физички активности и умеат да го задржат оптимистичкиот дух, дури и во потешките ситуации. Овенот и близнакот најчесто уживаат во нивната одлична комуникација и имаат длабоко разбирање еден за друг.
Независниот, пионерски дух кој го има овенот му е привлечен на близнакот и тој смета дека многу е битно во љубовните врски да постои одреден степен на независност и самостојност кај секој од партнерите. Расправии и недоразбирања помеѓу овие партнери може да настанат, доколку на близнакот му засмета потребата на овенот да држи сè под контрола или ако овенот почне премногу сериозно да ја сфаќа флертувачката природа на близнакот.rnrnБлизнаците и овенот можат да креираат една навистина балансирана и хармонична љубовна врска. Овенот сака да искусува разни работи, а близнакот сака да дискутира за нив. Заеднички тие можат да дојдат до нови животни откритија, кои можеби ги пропуштиле во минатото додека сè уште не биле заедно. И двата знака располагаат со изобилство енергија во себе и тежнеат кон остварување на слични цели во животот.rnrnБлизнакот е комуникативен мудрец, кој високо ја цени слободата самостојно да одлучува и дејствува. Тој ги обожава оние нешта кои успеваат интелектуално да го стимулираат на добра дебата и најчесто умее да ги погледне ситуациите од сите перспективи и да извлече сопствен став за нив. Овенот пак, е многу трудољубива личност, која постојано сака да започнува да работи на некој нов проект, а близнакот во меѓувреме ќе се обидува да ги разбере причините поради кои неговиот љубен партнер ги избрал токму тие проекти.rnrnДодека близнакот честопати знае да биде колеблив и нерешителен, овенот е едноставен, директен, искрен и одлучен. Овие два знака се одлична љубовна комбинација, но основно нешто за таа да функционира на долг рок, е овенот да му даде на близнакот доволно интелектуален простор.rnrnОвенот е преводен од планетата Марс (страст), а близнаците од Меркур (комуникација). Поради нивните различни перспективи кон животот, овие два знака функционираат одлично во тандем. Тие имаат различна природа и нивните желби, интереси и цели се движат во спротивна насока, но дефинитивно се преклопуваат на половина пат.rnrn„Жешките“ дебати кои имаат тенденција да постанат секојдневие во оваа љубовна врска, можат или да ја „зачинат“ нивната љубов или да ја убијат. Неопходно е овенот да сфати дека близнакот обожава добра, страсна дебата, не со цел да го навреди својот соговорник или да доминира врз него, туку за интелектуално да си го стимулира умот.rnrnБлизнакот му помага на овенот целосно да го искористи неговиот потенцијал, бидејќи тој дефинитивно има доволно енергија за да оди во чекор со брзиот овен и неговите откачени идеи. Комбинацијата од вистинска, водечка страст и интелектуална моќ, го прави и невозможното – возможно во оваа врска. Двајцата партнери имаат широк дијапазон на интереси, а најдобриот дел од нивната врска е крајот на долгиот и активен ден, кога овенот се враќа дома и му ги раскажува сите детали на љубопитниот и желен за разговор близнак.rnrnОвенот секогаш иницира нови планови во врската како на пример, некое несекојдневно патување во странство, нивно заедничко зачленување во спортски клуб или навистина возбудлив предлог за состанок. Близнакот ќе се сложи на сите негови идеи, сè додека не е присилуван на ништо. Друга интересна движечка сила во оваа врска е ниското ниво на компетитивност меѓу партнерите. Овенот ја обожава славата и сака да биде во центарот на вниманието, а близнакот ќе биде сосема задоволен ако биде во позадина и ги „влече конците“.rnrnДвата знака се многу подобри во започнување, отколку во завршување на работите, па така ако на некој од нив му здодее од правецот кој го зазема нивната врска, другиот нема да му пречи да сврти нова страница во љубовниот живот.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу овен и близнаци е нивната способност да функционираат како еден. Заедно тие имаат прилика да научат многу работи, кои не би ги сфатиле и искусиле самостојно. -

Риби и близнаци – љубовна комбинација
Во љубовната врска помеѓу риби и близнаци постои меѓусебна симпатија и задоволство. Близнакот е интелигентен, слаткоречив и мозокот му работи брзо, па благодарение на овие негови карактеристики може да внесе еден хумористичен бран во животот на рибата, како и да и даде интелектуална насока, која може да и помогне да го фокусира нејзиниот фантазерски поглед кон светот.
Рибите имаат интуитивна дарба. Тие лесно остваруваат конекција со другите луѓе на едно суптилно емоционално ниво, а нивната мечтателска природа ги прави многу отворени и дружељубиви личности. Накратко кажано, рибите очекуваат да го „извлечат“ од луѓето дури и она што некои би го нарекле невозможно и доста вешто го прават тоа. Близнаците се исто така слободоумни, многу пргави и флексибилни луѓе, а нивна најголема дарба е способноста да ги погледнат сите аспекти на ситуациите. Оваа врска е базирана токму на флексибилност и поврзаност. Близнаците и рибите не само што можат да бидат одлични љубовници, туку и добри другари.rnrnНа рибата може да и бидат повредени чувствата доколку близнакот честопати кажува премногу непотребни зборови пред да размисли. Но, дури и кога имаат проблеми овие партнери знаат да заборават и простат брзо. Никој од нив нема тенденција да „држи лутина“, рибата бидејќи знаат дека нивниот партнер има искрени намери, а близнакот бидејќи не сака да си го троши времето размислувајќи на „старите рани“.rnrnБлизнаците се управувани од Меркур, планетата на комуникациите, а рибите од Јупитер, кој е симбол на среќа и Нептун (илузија). Јупитер кој се однесува на филозофијата, среќата и учењето, ја води рибата да посака да дознае што се крие длабоко под површината на работите, а Нептун му ја дава таа „мечтателска нота“. Меркур пак се однесува на бистриот инвентивен ум кој го има близнакот.rnrnРибата умее да ги сфати непресушните идеи на близнакот, на едно длабоко интуитивно ниво. Интересно во оваа љубовна комбинација, е тоа што постои микс од интелектуален, емоционален и интуитивен поглед кон животот, што му овозможува на овој пар да донесува многу стабилни одлуки. Ако рибата и близнаците заеднички работат на нешто, тие можат да достигнат многу голем успех.rnrnЕдинствен нивни проблем се комуникациските недоразбирања, кои можат да настанат ако рибата се чувствува како близнакот да не ја разбира, или ако близнакот се почувствува задушен од чувствителноста на рибата. Добрата работа е тоа што двајцата партнери се трудат да ги преболат нивните сопствени повредени чувства. Овие два знака се многу компатибилни. Тие се многу прилагодливи, попустливи и лесно се справуваат со промени. Тие исто така имаат тенденција многу често да се предомислуваат, па олеснителна околност е тоа што се многу отворени и искрени. Ниеден од партнерите во оваа врска не чувствува потреба да биде „главен“ и тие меѓусебно си даваат доволно простор и слобода.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација близнаци-риби, е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и исползувањето корист од нивниот различен вид интелигенција. Тие имаат слични интереси, флексибилни се еден спрема друг и дефинитивно може да си каже дека многу си одговараат како пар. -

Водолија и близнаци – љубовна комбинација
Водолија и близнаци во љубовна комбинација можат навистина да уживаат во нивната волшебна и инспиративна психичка конекција. Близнакот обожава да слуша нови идеи, а креативната водолија може да смисли еден куп. И на двата знака им е потребна независност и доволно простор за да можат да „дишат“. Оваа нивна потреба тие меѓусебно си ја задоволуваат бидејќи и двајцата ја разбираат многу добро.
Проблем во нивната врска може да се јави како резултат на две причини: ако близнакот почне да мисли дека водолијата е премногу тврдоглава и нефлексибилна или ако пак ако динамичната и напредна водолија смета дека близнакот е премногу бавен и постојано безделничи. Во секој случај, ваков тип на проблем, не може да предизвика некој сериозен немир во нивната врска, бидејќи генерално овие партнери функционираат многу добро и меѓусебно се разбираат на едно длабоко ниво.rnrnИ водолијата и близнаците поседуваат големо количество енергија во себе. Нивните мозоци работат многу брзо, благодарение на што се способни постојано да смислуваат нови идеи, а со помош на решителната водолија, плодот на нивната заедничка креативност, може да се спроведе во акција. И двата знака кога донесуваат одлуки се потпираат на нивниот секогаш буден, спремен и остар ум, што особено важи за близнакот. Водолијата и близнакот мразат да го губат своето време на небитни работи, но близнакот има тенденција понекогаш да биде хаотичен и психички несреден. Водолијата може да му помогне на близнакот да се фокусира ако тој почне да „осцилира“, но таа воедно мора да му даде и доволно простор и слобода за одлучување. Близнакот не сака да се чувствува притиснато и присилено да прави нешто.rnrnВодолијата е управувана од планетата Сатурн, која ја симболизира нејзината карма и Уран нејзината бунтовност, а близнаците се предводени од Меркур, кој ја отсликува нивната одлична способност за комуницирање. Комбинацијата од влијанијата на Сатурн и Уран, му го даваат на водолијата тој прогресивен, оригинален ум и решеност да ги претвори неговите идеи во нешто добро.rnrnВодолијата е најголемиот хуманитарец од сите знаци во зодијакот. Близнакот има бистар ум и одлични комуникациски вештини, благодарение на кои може да и даде на водолијата стимул да се придржува до своите идеи и да работи на нивна реализација. Со својот флексибилен начин на размислување, близнакот може да и помогне на водолијата во моменти кога е тврдоглава, крута и под тензија.rnrnБлизнаците и водолијата се интелектуално поврзани. Тие се дружељубиви и природни луѓе. Близнакот е досетлива и зборлеста личност, која обожава да ги импресионира другите со неговото пргаво и брзо реагирање во различни ситуации, а водолијата ги сака сите типови на луѓе. Колку повеќе различни карактери на луѓе познава водолијата, толку подобро се чувствува. Двата знака имаат широк опсег на интереси. Наклоноста на близнакот за дебатирање и интелигентни разговори кои му го стимулираат умот, може да биде задоволена со многуте различни искуства кои овие двајца партнери меѓусебно си ги споделуваат.rnrnВо однос на улогите во врската, близнакот ја цени независноста и е лесно прилагодлив на промени. Водолијата од друга страна, е поодлучна, дури и тврдоглава и генерално сака да биде „газдата“ во врската.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо близнаци – водолија е нивната способност за одлична комуникација, уживање во животот и искористување на нивниот креативен и бистар ум за реализација на феноменални идеи. -

Јарец и близнаци – љубовна комбинација
Кога јарец и близнаци се во љубовна врска, ним може да им биде проблем да се сетат зошто воопшто се заедно, бидејќи начинот на кој секој од нив го перцепира светот околу себе е сосема различен. Доколку нивната врска се базира на љубов и меѓусебна почит, тие ќе можат да ги надминат сите пречки на патот, но за тоа да се случи, мораат многу да се трудат.
На близнакот му е неопходна слободата да размислува без никакви ограничувања, бидејќи своите одлуки тој ги донесува како резултат на неговата снаодливост, досетливост, хумор и храброст, туркајќи го животот со голема брзина. Од друга страна, на јарецот му се битни напредокот и статусот кои го има во општеството. Тој има тенденција да ги следи правилата и така да го пронајде најбезбедниот, испробаниот и вистинскиот начин да стигне до успехот, без разлика колку време тоа ќе трае. Близнаците сакаат да ја скратат постапката на работите, а јарецот сака да ги изврши совршено, целосно и темелно.rnrnЉубовната врска помеѓу јарец и близнаци е предизвикувачка, бидејќи тие имаат многу да научат еден од друг, за да можат да успеат да се сретнат на половина пат. Јарецот е многу непретенциозен и тивок, што е тотална спротивност на близнакот, кој е екстровертен, дружељубив и енергичен. Јарците најчесто се спори, одмерени и тврдоглави личности, а близнаците се флексибилни, и многу често се предомислуваат.rnrnБлизнакот има брз ум кој веднаш успева да ги пронајде дупките во законот, додека јарецот е жилав, упорен и тежок за убедување дека искористувањето на некој скратен пат до целта е подобра идеја, отколку да се следи „обележаниот правец“, кој знае дека ќе го одведе до успехот.rnrnАко овие двајца партнери успеат меѓусебно да се разберат и да ги спојат нивните сосема различни гледишта на работите, ќе постигнат многу повеќе заедно, отколку што би постигнале секој посебно. Јарецот и близнакот се многу подобри бизнис партнери, отколку љубовници.rnrnБлизнаците се предводени од планетата Меркур, која е симбол на комуникацијата, додека јарецот е управуван од Сатурн, кој симболизира моќ. Влијанијата на овие две планети си контрираат едно на друго. Сатурн внесува студена, мажествена енергија во јарецот, која му помага да биде истраен и решителен, за да може да ги надмине сите тешкотии. Меркур во близнакот внесува двополова енергија, која му овозможува да ги комбинира неговата комуникативност и интелектуалниот дар, за да ги остварува своите цели. Ниеден од овие хороскопски знаци не се откажува лесно, но на љубовно поле, тие можеби ќе мораат да си ги потиснуваат нивните природни чувства за да спречат недоразбирања.rnrnБлизнаците го доживуваат нивниот љубовен живот многу површно, како и останатите работи во животот. Јарецот може да ја потиснува ентузијастичката природа на близнакот, ако партнерите не се придржуваат до сопствените граници на самоконтрола во врската.rnrnЈарецот е практичен, постојан и делотворен. Тој не чувствува потреба да презема ризик, ако не постои гаранција дека истиот ќе му се исплати. Близнаците од друга страна, се аналитични и сè базираат на факти. Тие обожаваат да преземаат ризици и да ги реализираат нивните инвентивни идеи, без разлика каде тие ќе ги одведат.rnrnВо врската, јарецот е иницијатор и сака да ги држи работите под контрола. Близнаците се прилагодливи и генерално со задоволство ги следат желбите на јарецот, сè додека не се принудени на тоа. Тие сакаат да се чувствуваат слободни да одлучат дали се согласуваат со нешто или не и ако во некој момент се почувствуваат присилени на нешто, стануваат неразбирливи, непристапни и дистанцирани.rnrnАко овие двајца партнери ја ценат и вреднуваат нивната врска, тие мораат да научат да се спогодуваат и да си дадат слобода еден на друг. Најдобриот аспект од нивната врска е тоа што тие внесуваат различни квалитети во неа. Оваа љубов е навистина предизвик за јарецот и близнакот, но трудот ќе им се исплати ако си дозволат еден на друг да бидат свои.rnrn rnrn -

Стрелец и близнаци – љубовна комбинација
Близнаците и стрелецот во љубовна комбинација, можат да бидат навистина спектакуларен пар. Тие се екстремно компатибилни знаци и какви било „нерамнини“ кои би се појавиле во текот на градењето на нивната врска, можат да се „израмнат“ со минимум вложен напор од двете страни.
Близнакот е прилично спремен во секој момент да експериментира и да се впушта во искусување нови работи и да му ја даде на стрелецот потребната слобода во врската која нему му е потребна, бидејќи и самиот тој ја има истата потреба. На стрелецот му е потребна физичка слобода, што значи дека тој сака да е независен од својот партнер во одлуките кога и зошто сака да излезе за да се види со некоја личност, додека на близнакот му е потребна умствена, психичка независност, но во основа нивната потреба е иста. И близнакот и стрелецот обожуваат да доживуваат нови искуства, да запознаваат нови луѓе; сакаат изненадувања, сензации и е повеќе од сигурно дека ќе го поминат заедничкото време во разни авантури.rnrnОвие два знака постојано се префрлаат од една на друга работа, со цел да апсорбираат што е можно повеќе искуства. Покрај тоа што се одлични љубовници, стрелецот и близнаците се и одлични пријатели. Помеѓу нив постои меѓусебно длабоко разбирање и имаат многу сличен поглед кон животот, кој е во главно базиран на освежувачки оптимизам и ентузијазам.rnrnСтрелецот понекогаш знае да биде премногу остар и да кажува работи без претходно да размисли дека тие можат да повредат нечии чувства. Среќна околност е што близнакот е жилава, издржлива личност, која исто како и стрелецот лесно опростува и брзо заборава. Овие два знака немаат време, ниту интерес да бидат нерасположени или непријателски настроени.rnrnБлизнаците се управувани од планетата Меркур (комуникативност), а стрелецот – од Јупитер (среќа). Меркур ги прави близнаците зборлести и високо интелигентни луѓе. Јупитер внесува среќа и филозофија во животот на стрелците и им создава жед за постојано учење и пронаоѓање на вистината.rnrnДруга причина зошто овие двајца се одличен љубовен пар, е што близнакот е креаторот на идеите во врската, а стрелецот веднаш ги прифаќа и се впушта во акција на нивно реализирање. Стрелецот ја зголемува моќта на близнакот, и обратно. Ова е навистина врела, страствена и активна врска, во која секогаш нешто се случува, па затоа не може да им здодее на партнерите еден од друг. Но, понекогаш таа енергија и активност во нивната врска, може да ескалира во сериозна расправија помеѓу стрелецот и близнакот, во која некој ќе заврши повреден. Тие се спротивни знаци во зодијакот, што значи дека нивниот однос е многу длабок и комплексен. Со други зборови, кога на партнерите им е убаво заедно, ним им е прекрасно, а кога им е лошо, може да биде ужасно.rnrnЧеста причина за нивното несогласување, може да биде за тоа кој е главен во врската, бидејќи и двајцата имаат многу компетитивна природа, која може да избие на површина во сосема погрешен момент. Добрата вест е и покрај тоа што помеѓу нив може често да има несогласувања, разликата во ставовите не трае долго. Близнакот е премногу зафатен да се заморува со кавги бидејќи психички се подготвува за следниот предизвик, а стрелецот може да опрости сè освен непочитување од страна на неговиот партнер.rnrnДвата знака се екстремно флексибилни, способни се и имаат волја да се прилагодат на секаква промена. Тоа е добро, бидејќи кога близнакот ќе се предомисли на сред реченица, стрелецот нема проблем да се „заврти“ за 180 степени, и да заземе чекор со својот партнер кој сака „високо да лета“. Кога пак стрелецот, ќе добие ненадејна желба да патува некаде, близнакот срдечно ќе „рипне“ во автомобилот и ќе го придружи својот партнер.rnrnНајдобриот аспект од оваа врска е нивниот заеднички интерес за стекнување знаење, интелектуално унапредување и негово претворување во акција. Тие се одличен пар, заснован на ентузијазам, енергија и движење. Сличните интереси и карактери, ги прават стрелецот и близнаците високо компатибилен пар. -

Скорпија и близнаци – љубовна комбинација
Кога двајца партнери родени во хороскопските знаци скорпија и близнаци ќе стапат во љубовна врска, тие мораат да научат да ги почитуваат нивните разлики во карактерите. Доколку успеат во тоа, тие ќе имаат речиси нескршлива врска. Близнаците се прилагодливи, интелектуални, зборлести и дружељубиви, а скорпијата е таинствена, фокусирана, одлучна, интензивна и страсна.
Близнакот е поедноставен и поповршен и тој најчесто не ги зема работите при срце, вклучително и неговиот љубовник. Скорпијата од своја страна, има многу длабока потреба за емоционална поврзаност и интима. Таа генерално е многу лојална кон својот партнер и е многу посветена во љубовните врски. Врската помеѓу скорпија и близнаци има тенденција да биде многу страсна, во која и двајцата партнери се многу аргументативни. Близнакот сака добра дебата, која ментално ќе го стимулира. Тој сака да шири познанства и да флертува, а таа негова карактеристика може да ја иритира љубоморната и посесивна скорпија.rnrnНаспроти нивните различности, ова сепак не е досадна врска. Двата знака сакаат да ги искористуваат приликите во животот и да ги „зачинат“ со цел да им биде поинтересно. Тие можат да поминат многу авантуристички моменти заедно, но ако нивниот однос стане премногу напнат и нивните караници заземат негативен правец, партнерите ќе мораат да направат напори да се запрашаат дали доволно ја ценат нивната врска и дали сакаат љубовта помеѓу нив да трае.rnrnБлизнаците се предводени од планетата Меркур, која е симбол на комуникација, а скорпијата од планетите Марс (страст) и Плутон (моќ). На скорпиите генерално им е многу важна емотивната блискост и поврзаност со партнерот. Нив им е потребен постојан доказ дека нивниот љубен ја вреднува врската, колку што тие самите ја вреднуваат. Благодарение на одличните комуникациски способности на близнакот, тој не би требало да има проблем да ѝ ја искаже на скорпијата својата посветеност во нивната врска. Тоа ќе биде случај, само доколку близнакот навистина се чувствува емотивно приврзан со скорпијата. Во спротивно, близнаците не можат и нема да глумат приврзаност која не ја чувствуваат, па затоа страсната скорпија ќе мора малку да се повлече и да престане да го притиска. Близнаците единствено ќе се „врзат“ во сериозна врска, доколку ја имаат потребната слобода самите да одлучат што сакаат, а не да бидат присилени на тоа.rnrnСкорпијата е неверојатен стратег. Ако треба некоја одлука да биде донесена или некоја работа да биде завршена, таа може да му помогне на својот расеан близнак да се фокусира на најдобрите можни опции. Близнакот за возврат, може да ја научи скорпијата да почне помалку психички да се заморува со неправедните ситуации во кои таа напорно се трудела да постигне одредена цел, а чии резултат испаднал спротивен на нејзината волја и интерес.rnrnКога умеат да соработуваат, скорпијата и близнаците можат да бидат одлична унија сочинета од интелект, емоции, разум и срце. Од друга страна, емоционалните манипулации на скорпијата може да ја обесхрабрат природната енергија и ентузијазам на близнаците. Воедно, длабоките емоции на скорпијата за близнакот може да бидат вознемирувачки, напорни и неочекувани. Скорпијата е постојана, а близнакот променлива личност. Близнаците сакаат да прават некои работи, само ради ќеф и стекнување ново искуство, додека скорпијата речиси секогаш има некаков план и прикриен мотив на ум.rnrnСкорпијата може да ја насочи нејзината концентрација и решителност, кон подучување на близнакот првин да ги завршува започнатите работи, пред да влета во некое ново искуство. Близнакот е оној кој умее правилно да резонира и да донесува заклучоци, а скорпијата ја носи со себе својата здрава сексуална привлечност, емоционалност и страст. Кога овие двајца партнери ќе сфатат дека комбинацијата од нивните карактери може да биде многу интересна, ќе можат обострано да уживаат во нивната задоволувачка љубовна врска. -

Вага и близнаци – љубовна комбинација
Љубовната комбинација од хороскопските знаци вага и близнаци претставува одлична врска, базирана на заеднички интелектуални интереси, живост и умствена бистрина. Шармантната вага умее да ја балансира двојната природа на близнакот, а тој од своја страна со неговата досетливост, зборливост и остроумност секогаш умее да ја разведри и насмее вагата.
Додека вагата ужива во уметноста и убавината, близнакот ужива во смислувањето неверојатни идеи, а ваквите карактеристики го прават овој пар уште поинтересен. И двајцата тежнеат кон рамноправност и пријателски однос во љубовните врски. Располагаат со огромна енергија, благодарение на која заеднички можат да смислуваат интересни идеи, со тоа што вагата своите планови веднаш настојува да ги претвори во реалност, а близнакот е подобар во теоретскиот, отколку во практичниот дел.rnrnДруга заедничка карактеристика на вагата и близнаците е нивната потреба за интелектуална самостојност, која си ја обезбедуваат еден на друг. Вагата е предводена од планетата Венера која е симбол на љубовта, а близнакот од Меркур што ја прикажува неговата комуникативна способност. Комбинацијата на овие две сили, прави овие два знака добро да се согласуваат. Бидејќи вагата не сака да се расправа и приоритет во врската и е хармоничниот однос со партнерот, близнакот нема да си дозволува многу често да започнува искрени и долги дебати со неа.rnrnБлизнакот ја цени енергичноста на вагата и ù допушта да си ги следи своите цели и соништа. Обата знака имаат широк спектар на интереси, а таа особина е одличен материјал за провокативни дискусии. Поради силната желба на вагата да го задоволи својот партнер, таа е толерантна и внимателна со својот близнак. Но, од друга страна таа сака да ја има позицијата на лидер во врската, кој секогаш има добри предлози. И двата знака често имаат интересни замисли за љубовни состаноци и места, а флексибилниот близнак е желен да се согласи на нив, се додека вагата ја прифати неговата карактеристика да се предомислува во последен момент. И вагата и близнаците имаат тенденција да ги иницираат работите, но не се брзи во нивната реализација.rnrnВо оваа врска, двата знака уживаат во комуникацијата и социјализирањето со своите пријатели. Тие се разбираат толку добро, што понекогаш нема потреба да користат зборови. Нив никогаш нема да им досади еден од друг, бидејќи секогаш умеат да најдат некоја интелектуална и длабока тема на разговор. Вагата со својата страствена и шармантна природа го „топи“ својот близнак со мали романтични гестови. Близнакот од друга страна, внесува хумор и смеа во врската, со што избегнува да запаѓа во мрачно расположение.rnrnНајдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е нивното проширување на хоризонтите, погледот кон светот и прилагодувањето кон нивните индивидуални светови.rnrn