КАФЕ ПАУЗА

Category: Близнаци

  • Овен и близнаци – пријателска комбинација

    Овен и близнаци – пријателска комбинација

    Дружењето со близнаци го извлекува најдоброто од карактерот на овенот. Тоа е така бидејќи овие два знака имаат нешто заедничко, а тоа е големата желба да пробаат сѐ само еднаш. Без разлика дали авантуристичкиот овен е желен за скокање со банџи, качување по карпи или сурфање на бранови, близнакот секогаш ќе биде расположен да му прави друштво. Овенот е вечно расположен за нова акција, а близнакот обожава да стекнува нови искуства.Овен и близнаци - пријателска комбинацијаНа овенот никогаш нема да му биде досадно со близнакот, благодарение на неговиот импресивно интересен начин на раскажување приказни. Од друга страна, близнакот го фасцинира фактот што овенот секогаш точно знае што треба да направи за да претвори еден план во акција. Овие двајца ќе прават ризични потфати во текот на нивните заеднички авантури, но сето тоа ќе биде само од забавен карактер.rnrnОвенот ќе биде подоминантен во ова пријателство, но тоа најчесто нема да му пречи на близнакот. Исто така овенот знае да биде и малку груб. Ако почнат да му пречат ваквите карактеристики на овенот, близнакот ќе почне да го поминува слободното време со некои од многуте негови пријатели. Ќе има и ситуации во кои овенот ќе дреме во паркот, чекајќи го близнакот на договореното место, а тој нема да се појави зашто изумил дека е договорен. Исто така, на овенот ќе му смета кога близнакот ќе игра некои нејасни игри со него, бидејќи тој цени директен пристап во комуникацијата.rnrnЗа среќа овие двајца пријатели можат да ги минимизираат негативните ефекти од нивните карактерни разлики, вклучувајќи се во заеднички активности кои на двајцата им се интересни. Тие можат да уживаат играјќи спортови како тенис и кошарка, а оние денови кога се расположени за интелектуална стимулација, ќе уживаат во дебатирање на разни теми или играјќи покер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и близнаци – пријателска комбинација

    Риби и близнаци – пријателска комбинација

    Ова е едно од најпредизвикувачките пријателства за рибата, на која ќе ѝ биде потребно поголемо трпение за да го истрпи предизвикот. Без никаков сомнеж, за рибата близнаците претставуваат едни од најзабавните и најинтересните личности кои можете да ги сретнете во текот на животот. Таа ги сака неговите интересни прикаски, веселото расположение и остроумност. На ист начин, близнакот се восхитува на имагинацијата, сестраноста и интуицијата која ја поседуваат рибите.Риби и близнаци пријателска комбинацијаКако и да е, овие двајца пријатели имаат многу различна карактерна природа, што може да го растури нивното пријателство. Близнаците се поповршни и се потпираат на својата логика, додека пак рибата длабоко во себе е многу емотивна и сериозна личност. Ќе има моменти, кога близнакот ќе ѝ каже нешто на рибата на мајтап, што може да ја заболи како нож в срце. Од друга страна пак ќе има и моменти, кога меланхоличното расположение на рибата ќе го уништува веселиот дух на близнакот.rnrnБлизнакот и покрај тоа што ѝ се восхитува на флексибилноста на рибата и нејзината способност за лесна адаптација, сепак не може, а да не мисли дека неговиот пријател е преосетлив и не може да поднесе никаква критика. Наспроти ова, рибата пак најверојатно смета дека близнакот не ги сфаќа туѓите чувства доволно сериозно. Доколку близнакот биде доволно внимателен во врска со емоциите на рибата, таа веднаш ќе се прилагоди на неговиот весел и разигран дух.rnrnОвие два знака имаат голема желба за патување, па може да уживаат во посета на некои историски градови, како и градови кои излегуваат на море. Што се однесува до потрагата по креативност, овие двајца може да ги интересира пишување и читање поезија, креативно пишување и внатрешен дизајн. Исто така, може да им се забавни и хобија како читање на дланки, гледање на кафе и сл. Кога сите активности ќе станат досадни, овие двајца нема да погрешат ако отидат некаде на танцување. Тие најверојатно ќе бидат совршениот пар на подиумот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водолија и близнаци – пријателска комбинација

    Водолија и близнаци – пријателска комбинација

    Помеѓу близнаците и водолијата постои обострана симпатија, а тоа е така бидејќи двајцата поседуваат бистар и брз ум, што ги прави слични по карактер. Близнакот претставува умствена стимулација за водолијата и ги задоволува нејзините потреби за поимот „пријател“. Двајцата се многу љубопитни луѓе по природа и имаат многу енергија во себе. Деновите секогаш изгледаат кратки за нив двајца, кога го поминуваат времето заедно.Водолија и близнаци – пријателска комбинацијаИ покрај тоа што близнакот познава еден куп луѓе, сепак има само неколку блиски пријатели, а водолијата е најверојатно една од нив. Тоа е така бидејќи водолијата знае како да го надополни ентузијазмот за живеење на животот со полна пареа на близнакот, секогаш покажувајќи интерес за неговите најнови хобија и животни настани.rnrnРазликата помеѓу овие пријатели е тоа што водолијата умее да се фокусира на едно нешто со месеци, па дури и години, а близнакот секогаш лута, скокајќи од една на друга работа на секои две минути, како пчелата на цвеќињата. Овој недостаток на близнакот, го надополнува водолијата, внесувајќи конзистентност во неговиот живот. Од друга страна, близнакот ја возвраќа почитта, помагајќи ѝ на водолијата да се концентрира на она што го работи во периодот.rnrnОвие двајца може да уживаат во динамични спортови како тенис и сквош. Од зимските спортови може да им се допаѓа скијањето кое е најслично на летањето (овие два хороскопски знака ја ценат слободата повеќе од сѐ). Исто така, тие може да имаат заеднички интерес за интелектуални игри како шах, табла, брич и сите игри во кои тие ќе можат да развиваат одлични стратегии. Доколку поседуваат музички талент (па дури и да не се музикални), најверојатно ќе сакаат да се дружат заедно со звуците од гитарата. Од хобијата, двајцата може да ги интересира нешто со изработка на стаклени предмети, бидејќи ги фасцинираат триковите кои стаклото ги прави со светлината.rnrnДоколку овие двајца сакаат да го задржат нивното пријателство, водолијата ќе мора добро да се потруди да ги запамети битните случувања во животот на близнакот, додека тој мора да се потруди помалку да доцни.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јарец и близнаци – пријателска комбинација

    Јарец и близнаци – пријателска комбинација

    На јарецот му е тешко да го сфати близнакот, но тоа нема да го спречи постојано да се обидува. Близнакот има несекојдневен карактер, па јарецот сака да дознае кои работи прават неговото срце побрзо да чука. Но, со близнаците одговорот е секогаш различен. Во еден момент, претставниците на овој знак може да бидат страсно заинтересирани за облиците на модерната уметност, а во следниот момент да читаат историја за Античка Грција. Кога ќе го прашате близнакот што се случило со убавата уметничка слика која висела на ѕидот од неговата дневна соба, тој најверојатно ќе ви одговори: „Му ја дадов на ѓубреџијата минатата недела. Сметав дека тоа е кул идеја.“ Таквото необмислено и избрзано однесување, може да предизвика бес кај јарецот.Јарец и близнаци – пријателска комбинацијаОд друга страна, близнакот е фасциниран од карактерот на јарецот, бидејќи смета дека тој умее сите нешта во неговиот живот да ги држи под контрола. И покрај тоа што стабилноста по која тежнее јарецот, ќе му биде убиствено досадна на близнакот, тој сепак ја цени неговата лојалност. Близнаците сметаат дека е добро да имаат некој на кој можат да сметаат во тешките мигови, а таква личност е токму јарецот.rnrnНа близнакот му смета одбивањето на јарецот да пробува нови нешта во животот. На јарецот пак, каприциозното однесување на близнакот му создава страв во срцето, но тој сепак го доживува овој пријател како свеж воздух. Ако јарецот може да се справи со непредвидливоста на близнакот, тој ќе може да го поднесе рутинското однесување на јарецот.rnrnОвие пријатели, можат да најдат заеднички терен, додека ги извршуваат нивните омилени заеднички активности како на пример авантуристичко искачување по карпи, бидејќи јарецот ужива да биде во природа, а близнаците сакаат да ги истражуваат сопствените потенцијали. Исто така, тие можат да си разменуваат разни историски книги и биографии бидејќи близнакот обожава да чита, а јарецот се фасцинира од работите кои се случиле во минатото.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и близнаци – пријателска комбинација

    Стрелец и близнаци – пријателска комбинација

    Стрелецот и близнакот се спротивни знаци во зодијакот, но во овој случај, со нивните карактерни разлики, тие всушност се надополнуваат еден со друг, што ги прави одлични пријатели. Близнаците се типови луѓе кои знаат по малку од сè, а стрелецот е најчесто експерт во една-две области. Љубопитниот близнак го интересира што стрелецот има да му каже за областа која ја познава, а на него му се добредојдени интересните факти кои близнакот ги чул или прочитал некаде и сака да ги сподели со него.rnrnСтрелец и близнаци – пријателска комбинацијаСтрелецот може да го научи близнакот многу работи, а тој е желен да учи. Сепак, близнакот не поседува способност за истражување на работите во длабочина, каква што има стрелецот, но сепак желбата за учење нови работи е нивна заедничка особина.rnrnИ двата знака се екстремно дружељубиви и сакаат постојано да се запознаваат со нови луѓе, поради што нема да им претставува никаков проблем да се помешаат во старото друштво на нивниот пријател и да запознаат заедно нови.rnrnИ покрај нивната компатибилност, помеѓу овие пријатели може да се појави тензија. На стрелецот му оди на нерви кога близнакот не престанува да дрдори на мобилниот телефон, додека тој се обидува да се релаксира. На сличен начин, близнакот го нервираат острите забелешки на стрелецот, упатени кон него. Исто така, стрелецот не ја оправдува тенденцијата на близнакот да ја видозименува вистината. Стрелецот пак, понекогаш го иритира близнакот со своето супериорно однесување.rnrnВо секој случај, овие другари уживаат кога се заедно, особено кога ги прават нивните омилени активности. Дел од нив може да бидат играње пинг-понг, креативно пишување и разни патувања низ светот. Исто така, тие може да пронајдат огромна забава во јавањето коњи, а може да уживаат и во џогинг. Овие два знака имаат талент за учење странски јазици, па може да бидат одлични соученици на некој јазичен курс.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и близнаци – пријателска комбинација

    Скорпија и близнаци – пријателска комбинација

    Веселиот и оптимистичен карактер на близнакот е во директна спротивност со мистичниот на скорпијата. Најверојатно тоа е причината поради која таа обожава да биде во негово друштво – близнакот е мајстор за истерување на нејзините тажни мисли. Вечниот оптимизам и младешкиот дух на близнаците, ја потсетува скорпијата да погледне кон светлата страна на животот. Воедно, скорпијата секогаш успева да ја разбуди љубопитноста кај близнакот. Поради тоа, близнакот е способен да ги надмине разликите во нивниот темперамент.Скорпија и близнаци – пријателска комбинацијаСкорпијата е посесивна, а близнаците се безгрижни и слободоумни. Скорпијата се потпира на своите емоции и интуиција, а близнакот на интелектот и логиката. Скорпијата е тивка, а близнаците се дрдорковци. Во секој случај, близнаците уживаат да гледаат низ очите на емоционално длабоката скорпија. На сличен начин, скорпијата ја импресионира брзиот ум на близнакот, како и неговата досетливост и духовитост.rnrnКонстантното брборење на близнакот, може на моменти да ја иритира скорпијата, а тој пак воопшто не го обожува нејзиното ненадејно повлекување и молчење. Во секој случај, двата хороскопски знака се љубопитни за тајните кои ги крие животот и обожаваат заедно да откриваат разни мистерии.rnrnРазмена на мистериозни романи, може да биде составен дел од пријателството помеѓу близнакот и скорпијата. Кога станува збор за спортските активности, овие пријатели може да уживаат во енергични активности како тркање со велосипеди или играње тенис. Од друштвените игри може да уживаат во табла, шах и игри со карти, а ако се наклонети кон уметноста, може да пробаат да сликаат со водени бои.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и близнаци – пријателска комбинација

    Вага и близнаци – пријателска комбинација

    Ова пријателство е базирано на забава. На вагата, присуството на близнакот ù годи, исто колку пиењето убаво шампањско од елегантна висока чаша. Таа се воодушевува на веселоста и разиграноста на близнакот. После неколку минути од запознавањето, тие веднаш стануваат одлични пријатели, кои почнуваат одма да се шегуваат и да се смеат громогласно на некоја будалеста работа која се случила пред малку. Близнакот го обожува ведрото смеење на вагата, а таа ужива во хумористичните досетки на близнакот.Вага и близнаци – пријателска комбинацијаПосле кратка дружба, овие двајца пријатели веќе кројат планови за одење на некој голем музички фестивал во друг град или земја и дискутираат кој ќе вози, каде ќе се сместат и што ќе јадат додека се таму. Но, додека да се договорат може да пројде доста време, бидејќи мобилниот телефон на дружељубивиот и комуникативен близнак, може да заѕвони 100 пати, а тој не е многу популарен по својата етика на однесување. Во секој случај, добро е што близнакот ќе има што да прави, додека вагата се пакува три часа за патување кое ќе трае само два дена.rnrnВагата и близнакот се многу информирани луѓе, кои обожуваат да дискутираат за сè и сешто, од политиката која ја води премиерот, до љубовниот живот на Џенифер Анистон. Поради тоа што двајцата се големи брбливци, одлуката за тоа кој филм ќе го гледаат, може да потрае три часа, бидејќи вагата никогаш не може да се одлучи што сака, а на близнаците желбите им се менуваат на секоја петта секунда. Најдобро би било, да затворите очи и да го одберете она дивиди кое прво ќе го допрете, бидејќи вие двајца умеете во сè да пронајдете нешто што ќе ви биде интересно. Од спортските активности најверојатно уживате во играње пинг-понг, гимнастика, лизгање по мраз, картинг, летање змеј, а што се однесува до уметничките нагони, најверојатно обајцата сакате да цртате и скицирате.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и девица – љубовна комбинација

    Близнаци и девица – љубовна комбинација

    Кога близнаци и девица ќе стапат во љубовна врска, круцијално за нејзиниот опстанок, е тие да си дадат доволно време да го сфатат погледот кон животот и љубовта кој го има нивниот партнер и да запомнат дека и покрај тоа што нивното гледиште кон работите е сосема различно, сепак е доволно вредно за да се потрудат да го сфатат. Близнаците умеат да ги видат двете страни на секоја приказна и понекогаш не можат да одберат помеѓу двете опции кои им стојат на располагање, поради што честопати другите ги оценуваат како дволични луѓе. Во овој контекст, врската помеѓу овие партнери, особено би се зајакнала доколку стабилната девица му даде цврста емоционална потпора на едниот близнак, а на другиот му дозволи постојано да се колеба и премислува.Близнаци и девица – љубовна комбинацијаДевицата може да биде понекогаш сериозна повеќе одошто треба и да очекува премногу од близнакот, а тоа може нему да му претставува проблем, особено доколку нивната врска е сè уште млада, пред тој да е длабоко приврзан за партнерот. Доколку девицата ù даде доволно време на врската да се развива по нејзиниот природен тек, ќе забележи дека нештата ќе се „измазнат“ сами по себе.rnrnТотално спротивставените погледи кон животот на девицата и близнакот, може да претставуваат проблем во поглед на нивното меѓусебно разбирање, особено бидејќи девицата има тенденција честопати да биде премногу критична, напорна и комплицирана, а близнакот во таквите ситуации веднаш почнува да се бори и да покажува отпор. Практичните ставови кои ги има девицата, одат во контраст со колебливоста на близнаците. Како и да е, овие двајца партнери имаат многу нешта да се научат еден со друг. Девицата може да му помогне на близнакот да ги погледне длабочините на животот, да ја размисли суштината на идеите, а не само да „плива на површината“. Близнакот од своја страна, може да ù внесе на девицата забава и возбуда во нејзиниот живот.rnrnДевицата и близнаците се предводени од планетата Меркур (комуникација). Близнакот го прикажува машкиот аспект на оваа планета, а девицата женскиот (Меркур сама по себе е двополова). Девицата е во потрага по постојан љубовен партнер и таа има способност да води јасни разговори, кои ќе ù овозможат одлично формирање на врската. Близнакот е повеќе насочен кон интелектуалните работи во животот, но и тој има дарба за формирање добри односи со другите луѓе.rnrnДевицата е практична, директна и прецизна. Таа себеси се запрашува: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите животни цели?“ Близнакот, пак, кој се движи низ животот потпирајќи се на сопствениот мозок, не си го троши времето фокусирајќи се на тоа кон што е насочен, туку едноставно оди секаде онаму каде што неговиот ум го води. Раздразливата, критична природа на девицата и отсутноста, незаинтересираноста и своеволието на близнакот, може да предизвикаат недоразбирања и проблеми помеѓу овие партнери. Девицата мора да сфати дека флертувачката природа на близнакот, нема никакво влијание врз неговите чувства во однос на нивната врска, а тој пак од своја страна, мора да помогне во тој процес, преку зборови и дела.rnrnСреќна околност во љубовната врска помеѓу девица и близнаци, е тоа што и двата знака имаат многу флексибилна природа, поради која се способни да се прилагодат на секоја моментална промена. Двајцата знаат понекогаш да бидат колебливи, близнаците поради нивното вечно интелектуално „џвакање“ на работите, а девицата поради нејзината наклоност кон аналитичко размислување, наместо кон акција.rnrnНајдобриот аспект од врската помеѓу овие двајца љубовни партнери е сигурноста која тие меѓусебно си ја овозможуваат, а таа ќе се создаде само доколку девицата му ја препушти на близнакот слободата, сам да реши дали сака да се „врзе“ или не. Сè додека овие партнери правилно ги користат нивните комуникациски вештини за меѓусебни отворени разговори, нивната врска ќе функционира беспрекорно.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и лав – љубовна комбинација

    Близнаци и лав – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу лав и близнаци е ведра, позитивна, активна и изобилува со младешка енергија. Близнакот е во вечна потрага по ментална стимулација, па поради тоа многу го привлекува креативната, драматична природа на лавот. Но, помеѓу овие двајца партнери може да настанат и проблеми. Тоа може да се случи, доколку лавот ја сфати премногу сериозно комуникативната, флертувачка природа на близнакот или доколку близнакот смета дека лавот се обидува да заземе целосна контрола врз нивната врска. И покрај тоа што нивните погледи кон животот се различни, во смисла близнакот сака да ги анализира сите детали од еден интелектуален разговор, а лавот попрво не би разговарал на темата и би се впуштил во кавга – овие два знака сепак добро си одговараат.Близнаци и лав – љубовна комбинацијаИ лавот и близнакот се многу енергични знаци. Лавот обожава да биде координатор на проекти, додека близнакот сака да ја има слободата да размислува што е можно побрзо и подлабоко. Директниот и решителен лав, може да му помогне на близнакот побрзо да донесува одлуки, доколку тој почне да се колеба, поради неговата способност да ги гледа сите опции кои му стојат на патот. Но, лавот мора да внимава да не звучи премногу шефовски, бидејќи на таквото однесување, близнакот нема да реагира добро.rnrnЛавот е предводен од Сонцето (его), а близнаците од планетата Меркур (комуникативност). Двата знака се доста отворени луѓе, желни за разговор, како резултат на нивните слични планетарни влијанија во нивниот хороскопски знак. Но, тие имаат различен начин на самоизразување, поради што може да имаат „жешки“ дебати. На близнакот ваквите дискусии може да му бидат забавни и ментално стимулирачки, но лавот има тенденција да ги сфаќа премногу сериозно, поради што неговите чувства може да бидат многу повредени.rnrnБлизнакот како воздушен знак и лавот како огнен знак, си одговараат многу добро. На близнакот му е многу лесно да излезе на крај со енергичноста и креативноста која ја има лавот. И покрај тоа што, лавот има тенденција да биде премногу драматичен  и демонстративен и сака да „им соли памет“ на луѓето, близнакот секогаш успева да ја разбере пораката која што тој се обидува да ја испрати. Најслатката работа во нивната врска, е тоа што овие двајца партнери може да бидат во текот на цел ден, активни, зафатени со некоја работа, но навечер кога ќе се видат, со задоволство ќе си раскажат сè што им се случувало додека не биле заедно.rnrnЛавот е тврдоглав и одлучен лидер, а понекогаш е и премногу крут, кога се обидува да промени некоја своја идеја или правец во животот. Кога лавот еднаш ќе се реши на некој чекор, тој некако умее да си ја визуелизира целата работа до крај. Близнаците, од друга страна, се екстремно флексибилни луѓе. Нив лесно им досадува, па поради тоа и му дозволуваат на лавот да управува со своите планови, онака како што тој смета дека треба, без разлика на тоа дали тие мислат дека таквиот план е изводлив или не. Близнакот сака единствено да си биде лидер на сопствените мисли. Нему му е сосема во ред да заземе подредена положба во врската и да си биде среќен со мислите кои „стрјуат“ низ неговата глава, додека неговиот лав е во центарот на вниманието.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу лав и близнаци, е младешкиот поглед кон животот кој го имаат овие два знака. Овој пар, може да биде многу успешен, како резултат на оптимизмот и отворената природа на овие двајца партнери.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астролошки профил на родените во знакот близнаци

    Астролошки профил на родените во знакот близнаци

    (21 мај – 20 јуни) rnrnАстролошки профил на родените во знакот близнациЛуѓето родени во хороскопскиот знак близнаци имаат брз и бистар ум, благодарение на кој се секогаш во потрага по нов извор на информации. Повеќето близнаци, сакаат да ги учат работите преку практични примери. Тие обожаваат да шетаат низ светот, да запознаат што е можно повеќе луѓе и да стекнат голем број различни искуства. Близнаците не се луѓе кои можат да седат затворени дома, туку се енергични и авантуристички личности, чија душа останува млада во текот на целиот нивни живот.rnrnБлизнаците имаат тенденција да бидат „главни“ на секоја забава, поради нивната живост, ведрина, досетливост и способност да „накитат“ некое нивно досадно искуство за да го прераскажат на најинтересниот можен начин, при што на присутните ќе им звучи магично. Близнакот едноставно знае како да го задржи вниманието кон себе и да направи сите да го доживуваат како „главен на сцената“.rnrnЛуѓето со овој хороскопски знак се чувствуваат како да припаѓаат во речиси секоја ситуација, поради нивната способност за адаптација на секаков вид промена. Тоа е така, поради нивната непресушна потреба од промени во животот и независност, која го оневозможува нивното преголемо приврзување кон одреден сет на околности.rn
    rn

    Близнакот како дете

    rnБлизнаците додека се деца обрнуваат многу големо внимание на светот во кој живеат и благодарение на тоа умеат да ја сфатат заднината на сите ситуации уште од многу рана возраст. Нивната љубов за комуницирање и забележување на сите најмали детали, ги прави близнаците одлични комуникатори од најмали години.rnrnДецата родени во знакот близнаци имаат жилава, кинетичка природа која им овозможува постојано да бидат во движење. Добро би било тие да имаат повеќе различни видови активности, за да можат правилно да ја канализираат нивната енергија. На младите припадници на овој хороскопски знак многу лесно им досадува, па доколку изгубат интерес да извршуваат некоја активност, тие веднаш ќе тргнат во потрага по нешто поинтересно, затоа, многу е можно да ги пронајдете како го демонтираат миксерот во кујната или да разберете дека отишле сами на планинарење.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Комуникативна природа

    rnВеднаш ќе препознаете близнак во соба полна со луѓе. Тој енергично ќе разговара со двајца, тројца или повеќе луѓе. Може да изговори стотици зборови во минута, но близнакот не зборува само за да се слушне себеси како кажува нешто, туку бидејќи има нешто вредно да додаде во разговорот.rn
    rn

    Споделува информации

    rnБлизнакот обожава да го споделува со светот она што го знае. Ставете близнак пред микрофон или пред камера и тој ќе се чувствува како да е дома. Тој нема трема или нервоза кога се наоѓа пред голема публика, бидејќи ги сака луѓето и разменувањето мислења на различни социјални збиднувања. Секоја ситуација која ќе му овозможува на близнакот да ги искористи неговите таленти и да ги изрази неговите мисли и чувства ќе му биде добредојдена. Не е воопшто чудно, тоа што близнаците се успешни во оние професии каде што пишувањето, комуникацијата и креативноста се најважниот елемент. Исто така, близнаците имаат интерес кон изучување на технологијата, особено компјутерите.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Социјална пеперутка

    rnБлизнакот е навистина најдруштвениот хороскопски знак во зодијакот. Доколку тој се најде во улога на организатор на журка, бидете сигурни дека сте составен дел од еден спектакуларен настан. Од разни видови мезиња, до фантастични оброци, близнакот ќе ги наполни со задоволство стомаците на сите свои гости, а воедно ќе се погрижи секој добро да се забавува. Близнакот е секогаш во „центарот на забавата“ бидејќи може да го прилагоди неговото ниво на ентузијазам во однос на моменталната прилика. Тој ќе се чувствува сосема удобно доколку се наоѓа во парламент, на службена вечера или на рок концерт, бидејќи сите околности му нудат можност да ја вежба неговата интелектуална острина и да разменува идеи со различни типови луѓе.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Наклоност кон уметност и музика

    rnБлизнакот има вродена наклоност кон разните облици уметност. Кога еднаш ќе успее да се пронајде себеси во некој уметнички облик, тој ќе биде како пеперутка во лет, која ќе продолжи да ги шири нејзините крила и ќе се обидува да испробува сè повеќе нови работи во таа област.rn
    rn

    Близнаците на љубовен план

    rnПретставниците на овој хороскопски знак се во потрага по интелигентен, прилагодлив и толерантен љубовен партнер. Со него, никогаш не може да ви биде досадно бидејќи тој секогаш е во потрага по некоја нова авантура. Поради таквата негова природа, неговиот партнер ќе треба исто така да биде креативен и остроумен, способен да се прилагоди на секоја ситуација која ќе ја создаде близнакот. Доколку не сте во можност да го следите неговото брзо темпо на живот, близнакот ќе се умори од таквата врска и ќе си продолжи понатака во животот, барајќи нешто поинтересно.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Ладни како мраз?

    rnЧестопати во астролошките профили за знакот близнаци, пишува дека тие имаат ледено срце, кога станува збор за нивните емоции. Близнаците дефинитивно се луѓе кои имаат чувства, па затоа не дозволувајте никој да ве убедува во спротивното. Повеќе луѓе сметаат дека овој знак е „ладен“ бидејќи близнакот и покрај неговата комуникативност и отвореност, е многу затворен кога станува збор за неговите емоции. Тој дури некогаш не се ни забележува себеси дека се чувствува вознемирено или несреќно, бидејќи во неговиот ум тој „патува“ кон освојување на некоја нова авантура. Вистина е дека близнаците имаат ум кој се базира на логика и рационалност, но тие истовремено имаат забавен карактер, кој често другите го оценуваат како детинест.rn
    rn

    Како да ја згреете душата на близнаците?

    rnЕдна од работите кои инстантно ќе го приближат психолошки близнакот кон вас, е вашето развиено чувство за хумор и љубезност. Близнакот ги третира сите луѓе еднакво и нема ни грам толеранција за оние кои лошо се однесуваат кон другите. Дури и најмалите акти во кои некој покажува љубезност и култура, се забележани од страна на близнакот, кој не пропушта ниеден детаљ. Но, наспроти тоа, тој има тенденција да биде „слеп“ и несвесен за големите, неубави работи кои се случуваат пред неговите очи. Тоа е така, поради начинот на кој близнаците го живеат животот – секогаш се фокусирани кон иднината, поради што честопати ја пропуштаат сегашноста.rn
    rn

    Сензуален љубовник

    rnБлизнакот е секси љубовник, кој ги знае сите добри сензуални чекори. Тој има големо чувство за уметничката страна на љубовта, а на неговиот флерт никој не може да остане рамнодушен. Близнакот обожава романтични активности, кои ќе го одведат кон една умствена авантура од која ќе му се помати умот. Сè додека неговиот партнер, умее да го одржува нивото на интрига и возбуда во врската, близнакот ќе биде фасциниран и нема да му биде досадно. Дефинитивно не сакате на близнак да му досади од вас, бидејќи ако тоа се случи, сè што ќе ви остане е сеќавањето за него.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

    Близнаците на работното место

    rn

    Доколку работата која што ја работи му е доволно интересна и привлечна, близнакот ќе заврши повеќе задачи до пладне, отколку што неговите колеги ќе завршат во текот на целиот ден. Доколку пак, тоа што го работи му е досадно и монотоно, тој ќе работи само извесен период на тоа работно место, сè додека не најде некоја нова попредизвикувачка работа. Близнаците сакаат да бидат информирани за сè што се случува на работното место, умеат да учат од искуството на нивните колеги и да ги слушнат нивните паметни совети. Наспроти инсистирањето на близнакот да биде секогаш во центарот на вниманието, тој знае одлично да се вклопи во тимска работа.Астролошки профил на родените во знакот близнаци

    rnrn

    Негативни карактеристики на близнакот:rn

    rn

      rn011

    • Ведри или мрачни личности?
    • rn

    rnБлизнаците се знакот на дуалитетот. Едната страна на близнакот е ведра, комуникативна, а другата депресивна, па дури и злобна. Близнаците можат да варираат од расположени и дружељубиви личности, кон намуртени и мрачни непријатели. Кога овој вториот близнак е во акција, подобро ви е да се повлечете и да го оставите сам да си го пронајде излезот од таквото марчно расположение.Астролошки профил на родените во знакот близнациrn

      rn011

    • Нерешителност
    • rn

    rnСпособноста на близнаците да ги погледнат сите аспекти на ситуациите и нивната потреба постојано да испробуваат нешто ново, ги прави близнаците неодлучни. Доколку донесувањето некоја одлука стане премногу тешка и здодевна задача, близнакот најверојатно ќе ја игнорира и ќе тргне во потрага по некои нови и попријатни околности.rnrnНеуморноста и независноста на близнакот може на другите луѓе да им остави впечаток дека тој е површна личност. Припадниците на овој знак се љубезни и дружељубиви со сите луѓе и не фаворизираат никого особено. Но, кога ќе им стане здодевно, нивната ведрина и љубезност се претвора во своеволно и тврдоглаво однесување.rnrnВаквите негативни особини, можат да го направат близнакот непостојана личност. Колку почесто го менува расположението, толку потешко ќе му биде да ги заврши започнатите проекти на кои работи. Нешто друго ќе му го „улови“ вниманието и притоа може да се случи да постане недисциплиниран да почека да ја заврши првин започната работа, пред да започне нова. Ваквото преминување од едно на друго нешто, може да постане составен дел од карактерот на близнаците, кој негативно ќе се одрази и на љубовните врски, доколку тие не одвојат доволно време да поработат на решавање на овој проблем. Близнаците имаат тенденција и да се испробуваат себеси во сосема различни видови професии, бидејќи нив им создава возбуда идејата да се тестираат колку ги бива за некоја работа и доколку успешно го положат тестот, нивните батерии ќе бидат повторно полни за следната авантура.rn
    rn

      rn011

    • Чувствување страв од губење на слободата
    • rn

    rnНајверојатно најзабележителната карактеристика која ја имаат близнаците, е нивната потреба да се чувствуваат слободно. Истовремено, оваа потреба е и нивниот најголем страв. Тој страв може да предизвика тие понекогаш да се однесуваат неконтролирано. Близнакот не сака да се води според никакви планови во животот, ниту да ги почитува општествените норми, туку сака да изгради свои. Оваа внатрешна потреба на близнаците да имаат избор во секоја животна ситуација и да се чувствуваат слободно да се премислат во секој момент, се составен дел од нивниот карактер. Навистина е тешко да натерате некој близнак да направи нешто насила, бидејќи тој не сака да затвора очи пред повеќето различни опции кои стојат пред него.Астролошки профил на родените во знакот близнациБлизнаците секогаш имаат некоја порака која сакаат да ја споделат со вас, но за да ги разберете, морате да научите да слушате што тие зборуваат, и уште повеќе, да научите да го слушате она што не го кажуваат.rn
    rn

    Енергични и брзи луѓе

    rnБлизнаците се брзи во речиси сè што прават. Тие имаат многу малку трпение. Доколку се решите да почекате некој близнак да си ја „олади главата“ додека вие се обидувате да завршите некоја битна задача, најверојатно ќе останете со подзината уста кога ќе видите дека тој си заминува една секунда откако сте го изговориле зборот „почекај“. На близнаците секоја секунда во животот им е драгоцена, па тие немаат време да чекаат нешто да се случи, туку мораат да делуваат навремено.rnrnНо, токму таа нивна брзина на извршување на работите ги прави близнаците површни и нерешителни во очите на другите луѓе. Наместо да се трудат да бидат што е можно побрзи и поефикасни, близнаците треба да поработат на квалитетот со кој ги завршуваат работите. Како совет би им ја кажале поговорката: „Два пати мери, еднаш сечи.“rnrnЗа да можете да „одите во чекор“ со близнак, ќе ви треба навистина многу енергија, бидејќи најверојатно додека стоите во банка чекајќи долга редица за да платите сметка, на него ќе му текне дека сака да присуствува на отворањето на некоја уметничка галерија. Или ќе морате да се прилагодите на брзиот начин на живот кој го живеат близнаците, или тргнете се настрана од „трката“ и дозволете му на некој друг да ја заземе вашата позиција.rn
    rn

      rn011

    • Близнаците најмногу си одговараат со: овен, лав, вага, водолија.
    • rn011

    • Идеални професии за близнаци: актер, адвокат, новинар, политичар, пиар, професор, писател, организатор на настани, специјалист за развој на производи, вработен во департман за продажба и др.
    • rn011

    • Животно мото на близнаците: „Играта може да започне.“
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn