Паметните креативци од јапонската компанија „D-BROS“ ги направиле овие кул коверти кои многу лесно се отвораат. Навидум личат на стандардни коверти во боја, со мало авионче, автомобил или воз во едниот ќош, но штом го повлечете отвореното јазиче покрај сликичката, ковертот се отвора, правејќи трага од авион, чад од ауспух од автомобил или пареа од локомотива. Отворањето на коверти наеднаш станува забавно и возбудливо. Одлична идеја.rnrn
Иако првичната цел на кацигата е да ја заштити главата на возачот на моторот од несакани повреди во случај на незгода или пад од моторот, сепак тоа не значи дека не може да изгледа кул.Како задолжителна опрема која секогаш морате да ја носите, кацигата е елемент преку кој можете креативно да се изразите себеси. Следниве неколку модели, покрај тоа што се безбедни и удобни, изгледаат и многу кул.rnrn
„Crossover“ е унисекс часовник со дијаметар од 40 мм, направен од црн нерѓосувачки челик поврзан со кожно ремче преку скриени држачи. Благо накосените стрелки совршено се ротираат околу центарот украсен со камче. Ваквиот дизајн му овозможува мазен минималистички изглед, погоден за мажи и за жени подеднакво. Чини 140 долари.rn
Роган Браун е англо-ирски артист кој работи со сложени уметнички скулптури направени од хартија. Тој за својата работа вели:rnrn
„Јас барам шеми и повторувачки мотиви кои се појавуваат низ природните феномени на различни нивоа, од микроскопските до макроскопските, од индивидуални клетки, па сè до огромни геолошки формации.rnrnДел од мојата инспирација произлегува од традиционалните научни цртежи и макетите, а посебно од работата на артистите-научници како што е Ернст Хекел. Но, и покрај тоа што мојот пристап вклучува внимателна опсервација и детални ‘научни’ подготвителни цртежи, тие секогаш се потиснати од имагинацијата; сè мора да биде прекршено низ призмата на имагинацијата, да се извлече и на некој начин да се трансформира.“
rnПогледнете дел од неговата неверојатна уметничка колекција…rnrnСредиште на клеткиrnrnЕрозијаrnrnВртлогrnrnПејсаж, навнатре и нанадворrnrnБранrnrnЗрноrnrnРастrnrnЗрноrnrnКлонrnrnМешунка пресечена на полаrnrnРастrnrnМешунка пресечена на полаrnrnЗрноrnrnСпориrnrn rnrn
Се сеќавате на оние чудните нешта наречени аудио касети? Технологијата дефинитивно се променила многу од тогаш. Ерика Ирис Симонс е артистка попозната како iri5. Таа во својата уметност употребува нетрадиционални медиуми како стари книги, аудио касети, списанија, кредитни картички, шпил карти… Еден ден, средувајќи го својот стар автомобил, Ерика Ирис налетала на аудио касета со песни од Џими Хендрикс. Ова откритие ја инспирирало да го нацрта артистот употребувајќи ја старата касета и на тој начин настанала оваа креативна идеја.rnrnЏими ХендриксrnrnГледајќи колку внимание привлекло нејзиното дело, таа се инспирирала да направи многу повеќе. Нејзините дела биле комбинирани во серија од фотографии наречена „Ghost in the Machine“ (Духот во машината). Таму можете да најдете голем број славни актери и музичари како Боб Дилан, Мерлин Монро, Мадона, Боб Дилан, Роберт де Ниро и многу други.rnrn
„Прекрасно е чувството да се работи со чудни и стари материјали. Со нешта кои имаат свој ум. Поголемиот дел од работите кои ги употребувам се фрлени или донирани. Работи на кој им поминало времето кога биле хит, како што е впрочем со некои од најдобрите нешта во светот“ – вели Ерика Ирис Симонс.
rnТоа што таа успеала да го создаде со овие стари аудио касети е навистина иновативно. Се надеваме дека нејзината работа и вас ќе ве инспирира.rnrnОдри ХепбернrnrnБон ЏовиrnrnМелора КригелrnrnЛорин ХилrnrnБитлсиrnrnБоб МарлиrnrnКурт КобејнrnrnМерлин МонроrnrnМајкл ЏексонrnrnНик КејвrnrnЛени КравицrnrnПол ГрифитrnrnДеби Хари од БлондиrnrnБоб ДиланrnrnМадонаrnrnСлешrnrnБоб ДиланrnrnЏери Гарсијаrnrn rnrn
Ирина Никитна е аматер-фотограф од Русија, креатор на оваа интересна серија фотографии наречена „Coffee Fantasies“. На фотографиите се претставени карактери од познати руски цртани филмови со помош на зрна кафе и илустрации.Ирина е инаку музичар по професија, фотографирањето е нејзино хоби, но ќе се сложите дека е креативна и би можела и посериозно да се занимава со оваа работа. rnrn
Нема некој што не сака бонбони, чоколатца, мастики и лижавчиња. Емили Блинко креирала фантастична серија фотографии наречена „Sugar Series“ во која слатките задоволства ги групирала според бојата. Нели ви доаѓа да ги изедете сите? :)rnrn
Уличната уметност не е веќе интересна само заради тоа што често се појавува на забранети места. Таа во последно време се комбинира со околината и на тој начин создава интересни илузии и дела кои се комплетни само кога се набљудуваат во целина.Таков е случајот и со уметничкото дело на артистот Above кој нацртал брејк денсер кој се потпира на сенката од еден уличен знак во Лондон. Секако, сенката е видлива само навечер, па денски изгледа како тој да лебди во воздух, додека навечер создава илузија дека се потпира на сенката од знакот.Му биле потребни 7 месеци за да ја пронајде совршената локација.rn
Многу уметници ја користат древната јапонска уметност оригами во креирањето на своите дела. Архитектите не се исклучок од оваа појава, па затоа имаме привилегија да уживаме во некои прекрасни градби за кои инспирацијата е црпена оттаму. Тоа најчесто се музеи, но има и административни згради, куќи, научни центри, па дури и капели.rnrnЧоколадниот музеј Нестле во Мексико СитиrnrnМузејскиот комплекс Каруизава Во Нагано, ЈапонијаrnrnМузејот на уметноста во Тел Авив, ИзраелrnrnФестивалската сала на Тиролер Фестшпиле во Ерл, АвстријаrnrnЖелезничката станица Ориенте во ЛисабонrnrnИнсталација на саем во ШангајrnrnЦентарот за обновлива енергија и технологија во Нингбо, КинаrnrnЗградата на Министерството за здравство во Билбао, ШпанијаrnrnЗградата на банката Берклис во ПаризrnrnКапелата во болницата Сен Луп во Помпапле, ШвајцаријаrnrnКуќа во АвстралијаrnrnПавилјонот во паркот во Куенка, ШпанијаrnrnКуќа во БарселонаrnrnБензинската пумпа Хелиос Хаус во Лос Анџелесrnrn rnrn
Дали по дома ви се наоѓаат неколку палети на кои не знаете што да им правите? Во ниту еден случај не треба да ги фрлите. Постојат голем број начини на кои можете да ги реупотребите и да направите нешто убаво и оригинално од нив. Ова се само неколку примери кои можат да ви помогнат. Импровизирајте и не плашете се да ја употребите вашата имагинација.rnrnrnrn rnrn