КАФЕ ПАУЗА

Category: Дизајн

  • 19 генијални изуми кои ќе ви го олеснат животот во канцеларијата

    19 генијални изуми кои ќе ви го олеснат животот во канцеларијата

    Барем една третина од нашите животи ја поминуваме во работење. Ако вашата канцеларија ја сметате за втор дом, тогаш треба да размислите како да ја уредите и декорирате со цел да го претворите вашето биро во удобно и забавно место. Секако не сакате вашето работно место да биде досадно. Погледнете ги овие 20 интелигентни и забавни изуми за вашата канцеларија кои ќе ви ги разубават и поедностават работните денови.rnrn

    Овие Ctrl + Alt + Delete шолји за кафе нема да го активираат Task manager-от на вашиот компјутер, но сигурно ќе ви пружат уникатно задоволство во пиењето кафе
    Овие „Ctrl + Alt + Delete“ шолји за кафе нема да го активираат менаџерот на задачи на вашиот компјутер, но сигурно ќе ви пружат уникатно задоволство во пиењето кафе
    rnrn

  • Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакате

    Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакате

    Благодарение на храбрите и колоритни дизајни, овие чевли изгледаат совршено за Дизни. Започнувајќи од големите потпетици со карактери и светлите бои, па сè светлото кое свети во чевлите со Чеширската мачка, деталите на овие модели се едноставно импресивни. Токму затоа и воопшто не нè изненадува фактот дека тие скршиле рекорди во областа на обувки инспирирани од анимираните филмови на Дизни. Погледнете…rnrn(1) Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакатеrnrn

  • 12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

    12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот дом

    Студентите многу добро го знаат овој период од годината, кога конечно завршила напорната и стресна јануарска сесија и конечно можат да земат здив во краткиот период пред почетокот на новиот семестар. И на многумина ви е познато чувството кога седите помеѓу четирите бели ѕидови, обидувајќи се да запаметите најмногу што можете од илјадниците страни распослани по креветот и бирото. Затоа пред да дојде новата напорна сесија, најдете време за да го разубавите катчето во кое поминувате најголем дел од времето. Ова се 12 брзи и лесни совети за декорација на ѕидовите од собата кои ќе ви дадат креативна поддршка.rn

    1. Декорации од хартија

    rn12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот домrnrnЕден од највообичаените начини да им дадете живост на белите ѕидови во собата, е да ги налепите со привремени хартиени декорации. Тие не одземаат премногу простор, а ви оставаат доста можности да бидете креативни при нивната изработка. На интернет побарајте совршен дизајн кој ќе одговара на естетиката во вашата соба.rn

    2. Фотографии

    rn12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот домrnrnИмате безброј фотографии од студентската екскурзија, вашиот омилен семеен одмор или забавната вечер со пријателите, но не знаете што да правите со нив? Купете иглички за облека и една топка предиво и ќе имате креативен начин како секој ден да се присетувате на убавите спомени.rn

    3. Светла

    rn12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот домrnrnДали некогаш сте помислиле дека вашата соба може да биде чудесно место за бегство како тие од омилените бајки од детството? Закачете новогодишни светилки на вашите ѕидови и бел проѕирен чаршав над нив, со што ќе направите илузија дека над вас е распослано ноќното небо со ѕвезди.rn

    4. Разни форми од огласна табла

    rn12 начини да ги разубавите ѕидовите во собата од студентскиот домrnrnОвој совет е за студентите кои ѝ придаваат големо значење на организацијата. Купете евтини огласни табли и пресечете ги во различни форми кои ви се допаѓаат. Обесете ги на ѕидовите и на нив закачете распоред за предавањата и вежбите за следната недела.rnrn

  • Талентирана 18-годишна девојка шие фустани кои изгледаат како да се од бајките

    Талентирана 18-годишна девојка шие фустани кои изгледаат како да се од бајките

    Анџела Клејтон е 18-годишен костимограф од Лонг Ајленд, Њујорк, која за првпат започнала да шие пред 3 години кога се заинтересирала за светот на игрите на улоги. Сега, Клејтон сѐ поретко посетува настани од овој тип и се фокусира повеќе на оригинални дизајни. Нејзините проекти може да траат и до 250 часа, а таа еднаш употребила 11 метри материјал за шиење за да направи еден костим!rnrnТалентирана 18-годишна девојка шие фустани кои изгледаат како да излегле од Дизни филмrn

    „Се надевам дека од ова хоби ќе произлезе и мојата идна кариера. Јас сакам да правам костими и сакам да ги оживувам моите идеи. Ако би можела тоа да го правам за модата, посебно за театарот или филмот, тоа би било супер… Повеќе би сакала да почнам да го работам тоа, отколку да одам 4 години на факултет“, вели Анџела.

    rnrnrnТаа започнала да шие на 14-годишна возраст.rn

    „Првиот проект кој го завршив беше училишна униформа од една анимирана ТВ серија кога имав 14 години. Ми требаа 2 месеци. Сакав игри на улоги, да правам костими или да ги носам на конвенции, но не можев да си ги дозволам костимите кои беа достапни за купување на интернет. Продолжив да изработувам костими, бидејќи го сакав аспектот на шиењето. Одлучив да си дадам слобода при фокусирањето на историските проекти и оригиналниот дизајн. Имам еден костим на кој работам од јануари и сѐ уште не сум го завршила, но се надевам дека ќе го завршам наскоро. На некои луѓе им доаѓа природно, но ова е дефинитивно нешто што може да се научи како да се прави. Ако вежбате, сигурно ќе научите, но процесот може малку да потрае“, објаснува Анџела.

    rn

  • Ви претставуваме неколку дизајнери на накит со навистина оригинални идеи

    Ви претставуваме неколку дизајнери на накит со навистина оригинални идеи

    Доволно е само едно парче накит за наједноставната комбинација од облека да ја направи интересна и ефективна. Може да го прифатите модниот тренд, а можете и да изберете нешто кое сигурно ќе биде етикетирано како „чудно“ и да бидете уникатни.rnrn00-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mk_rnrnВо моментот кога накитот почнал да се изработува од неблагородни метали, ја изгубил улогата да биде исклучиво само статусен симбол во општеството. Освен од неблагородни метали, накитот може да се изработува од дрво, коска, стакло, пластика, жици, волна, па дури и од хартија. Покрај елегантните парчиња за посебни пригоди, сѐ почесто можеме да сретнеме и крајно необичен накит кој има за цел да го привлече вниманието на тие што го носат.rnrnВи претставуваме неколку дизајнери со навистина необични идеи.rn

    Ерик Кларенбек

    rnДизајнерот од Холандија во 2008 година дизајнираше накит кој се носи на очите. Да, добро прочитавте. Сјајните „солзи“ висат на медицинска жица која е врзана на контактна леќа, што се става во окото.rnrn(0)-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mkrnrnНа жиците висат кристални додатоци кои блескаат под сончевата светлина и даваат впечаток на вистински солзи. Овој накит е комплетно безбеден, не смета при трепкањето и не го оштетува видот.rn

    Имме ван дер Хаак

    rnСо својата работа постојано ја поматува нашата перцепција и нѐ наведува да се запрашаме што е всушност „нормално“. Меѓутоа, оваа Холанѓанка вели дека нејзината намера не е да нѐ шокира, туку да ни покаже дека секоја силуета крие своја убавина. Во 2010 ја издаде книгата со наслов „Elastic Mind“, која се занимава со прашањето на критериумите за убавина низ деформациите и модификациите на лицето и телото. Оваа книга ни ја покажува инспирацијата за колекцијата која ја лансираше истата година.rnrn(1)-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mkrnrnСе работи за колекцијата „Cofigurations“ која се состои од позлатени, лимени елементи, наменети за невообичаени делови од телото како на пример ноздрите и очните длабнатини. Имме тврди дека носењето на накитот не предизвикува бол, а целта ѝ била да го трансформира човечкото лице и да ни покаже нова идеја за убавината.rn

    Бјорг

    rnНорди Матисен е млада Норвежанка која секогаш нѐ изненадува со својот необичен вкус. Овој пат нема да се врзуваме за конкретна линија накит, бидејќи сите се необични. Накит од коњски влакна, белегзии и прстени кои наликуваат на р’бетниот столб, очила со синџири наместо стакла, метални приврзоци во облик на човечко срце или заб…rnrn(2)-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mkrnrnЕстетиката која ја применува оваа дизајнерка е блиска до минимализмот, а инспирација црпи од бајките, но и од секојдневието.rn

    Делфина Делетрез

    rnОваа дизајнерка припаѓа на четвртата генерација од семејството Фенди и тоа што од малечка е опкружена со модата, влијаело на нејзината креативност. Нејзините колекции често се инспирирани од надреализмот на Салвадор Дали, анатомските нацрти на Леонардо да Винчи или од филмовите на Тим Бартон. Често има мотиви од очи, усни, раце, прсти, пчели, овошје…rnrn(3)-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mkrnrnИако необичен, овој накит е гламурозен бидејќи го красат бисери, кристали и циркони. Димензиите се минијатурни, како на пример обетките кои изгледаат како вистински, минијатурни, уметнички дела. Сепак, накитот со кој доби планетарна слава е познат како „скелетна дланка“.rn

    Маргo Ланџ

    rnАмериканската дизајнерка веќе десетина години создава накит, кој некои го гледаат како бизарен, а кај други предизвикува воодушевување и носталгија. Се работи за накит изработен од делови од телото од куклата Барби и нејзиниот љубовник Кен. Гради, раце, уши, очи, усни – искористен е секој дел од телото.rnrn(4)-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mkrnrnМарго вели дека е фасцинирана од убавината на овие кукли како културни икони и во текот на изработката на овој накит била инспирирана од љубовта што ја имала кон славната барбика.rn

    Doodad & Fandango

    rnАвстралиската дизајнерка Никита, кон крајот на деведесеттите години, била во посета на Јапонија и се воодушевила од уличниот „харајуки“ стил. Со години го гради својот бренд кој асоцира на поп-арт. Се работи за предимензионирани пластични обетки и огрлици во весели бои.rnrn(5)-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mkrnrnНакитот го прават необичен самите облици: очи, заби, парче сирење, корнет од сладолед, фламингоси, кактуси… и сето тоа е претставено на духовит и провокативен начин, во вид на необичен колаж.rn

    Ѓувеѓ Ѓувеѓевич

    rnЗад овој прекар се крие уметникот Томислав Зидар. Ова момче од Хрватска по струка е електротехничар, но благодарение на тоа што го открил својот скриен талент, од 2008 година создава необичен накит под името „Јоботичи“. Основен материјал за изработка на овие роботчиња е рециклиран материјал. Неупотребливите делови од телефони, тостери, компјутери, играчки – во неговите раце се претвораат во вистински, мали уметнички дела.rnrn(6)-vi-pretstavuvame-nekolku-dizajneri-so-navistina-originalni-idei-kafepauza.mkrnrnСекоја од овие симпатични фигури има едноставен облик и форма. Прекрасен начин со рециклирање и игра да се изработи моден детаљ. Рециклажата која има за цел да создаде нешто корисно и убаво звучи како одлична идеја.

  • Планетарни чаши за пиење ги прикажуваат познатите планети од „Војна на ѕвездите“

    Планетарни чаши за пиење ги прикажуваат познатите планети од „Војна на ѕвездите“

    Како ќе се справите со „жедта за повеќе“ откако ќе излезете од кино на 17-ти декември?rnrnrnrnПостојат две опции. Знаејќи дека ќе треба да чекаме месеци и месеци за новиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, може да си ја смириме жедта со нашите солзи, или да се утешиме со еден пијалак од овие официјални ѕвездени чаши.rnrnСетот се состои од шест чаши на кои се изработени небесните тела од епизодите IV-VI: Alderaan, Dagobah, Hoth и Tatooine, месечината на Endor, и смртоносната Death Star. Произведени од „Think Geek“, овие моќни пехари можат да соберат безмалку 300 мл течност.rnrnrnrnПа, разбудете ја вашата темна страна или прославете ги празниците што доаѓаат во џедај стил!

  • Јахта од соништата: Брилијантен и симетричен концепт кој ќе ве остави без зборови

    Јахта од соништата: Брилијантен и симетричен концепт кој ќе ве остави без зборови

    Компанијата „Sinot Exclusive Yacht Design“ од Холандија презентирала неверојатен концепт за јахта со големина од 180 метри која зачудува со својата симетрија по која и го добила своето име. Оваа исклучителна јахта со способноста за движење во две насоки има зголемена подвижност и поголема безбедност во однос на локалните бродови. Јахтата Симетрија може да смести 34 гости и се состои од површина од 1.000 метри квадратни каде што се наоѓаат бесконечен базен, приватна бања и домашно кино. Секоја од 6-те палуби е дизајнирана за специфична функција, каде што можете да најдете различни видови занимливости кои ќе го исполнат вашето време поминато на море. Погледнете колку неверојатно изгледа таа…rnrn(0) Јахта од соништата: Брилијантен и симетричен концепт кој ќе ве остави без зборовиrnrn

  • Прекрасни фрагменти од дрво претворени во брилијантен и уникатен накит

    Прекрасни фрагменти од дрво претворени во брилијантен и уникатен накит

    Инспирирана од австралиската флора и фауна, Брита Бокман спојува фрагменти од дрво со обоена смола за да добие прекрасни додатоци кои можат да се носат. Секој брош, прстен и пар обетки се рачно направени и уникатни – Бокман работи без одреден шаблон – наместо тоа, таа има цел да ги нагласи природните карактеристики на секое парче преку материјалот од кое е направено. За да го направи ова, таа нежно му дава облик на накитот и потоа додава политура за дополнителен сјај. Конечниот резултат се прекрасни бои споени со парчиња дрво.rnrnБекмен започнала да прави накит откако дипломирала индустриски дизајн. Во 2013, таа се преселила од Германија во Мелбурн каде се придружила на групата дрводелци Вангарата и научила голем број фабрички техники. Нејзиниот накит е достапен преку нејзината онлајн продавница.rnrn rnrn

  • Овој калап за правење јајца на око во форма на маче стана вистински хит!

    Овој калап за правење јајца на око во форма на маче стана вистински хит!

    Кога правите јајце на око, сигурно би сакале да ви излегуваат некои забавни форми, по можност со животински облик. „Egg Addiction“ конечно го решиле овој „ужасен“ проблем така што дизајнирале калап кој ви дозволува да правите јајца на око во облик на маче. Ова е чуден продукт, но ако судиме по нивната страница на Kickstarter , тој многу брзо станува хит.rnrn0-ovoj-kalap-za-pravenje-jajca-na-oko-vo-forma-na-mache-stana-vistinski-hit-kafepauza.mk 1-ovoj-kalap-za-pravenje-jajca-na-oko-vo-forma-na-mache-stana-vistinski-hit-kafepauza.mk 2-ovoj-kalap-za-pravenje-jajca-na-oko-vo-forma-na-mache-stana-vistinski-hit-kafepauza.mk 3-ovoj-kalap-za-pravenje-jajca-na-oko-vo-forma-na-mache-stana-vistinski-hit-kafepauza.mk 4-ovoj-kalap-za-pravenje-jajca-na-oko-vo-forma-na-mache-stana-vistinski-hit-kafepauza.mkrnrn

  • Јапонски чадори кои откриваат скриени дезени кога ќе се намократ

    Јапонски чадори кои откриваат скриени дезени кога ќе се намократ

    Она што ги прави овие чадори интересни и привлечни за луѓето е нивната добра комбинација на водоотпорни и апсорбирачки материјали, што открива еден убав дезен само кога ве штитат од дождот. Ваквиот вид технологија брзо стана хит и е прифатен од широк спектар на произведувачи кои создаваат многу различни дизајни, вклучувајќи ги и оние со традиционален јапонски мотив или ликови од поп културата.rn1-japonski-chadori-koi-otkrivaat-skrieni-dezeni-koga-kje-se-izvodenat-kafepauza.mkrnrnЗатоа што потекнуваат од Јапонија, голем дел од овие чадори се достапни во традиционални јапонски стилови, кои вообичаено имаат многу повеќе жици за разлика од западните производители. Но, не грижете се, нема потреба да одите до Јапонија за да набавите ваков убав чадор, доволно е само да отворите Амазон.rnrn2-japonski-chadori-koi-otkrivaat-skrieni-dezeni-koga-kje-se-izvodenat-kafepauza.mk4-japonski-chadori-koi-otkrivaat-skrieni-dezeni-koga-kje-se-izvodenat-kafepauza.mk5-japonski-chadori-koi-otkrivaat-skrieni-dezeni-koga-kje-se-izvodenat-kafepauza.mk3-japonski-chadori-koi-otkrivaat-skrieni-dezeni-koga-kje-se-izvodenat-kafepauza.mkrnrn