КАФЕ ПАУЗА

Category: Дизајн

  • Како да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ куќичка во форма на змеј!

    Како да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ куќичка во форма на змеј!

    Креативниот Сем решил дека неговата мачка Дени не може да спие во обична куќичка од картон. Тој го искористил неговиот миленик како инспирација и изградил уникатна куќа за мачка, целосно направена од картон и залепена со жешко лепило.rnrnКако да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ  куќичка во форма на змеј!rn

    „Обожавам да изработувам нови работи, особено од картон. Мојата мачка исто така обожава картон, а јас ја обожавам неа“, напишал Сем на неговиот веб-сајт.

    rnКако да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ куќичка во форма на змеј!rnrnСтруктурата на куќичката е многу покомплицирана одошто изгледа.rn

    „Ја дизајнирав оваа кула за мачки така што некои нејзини делови се движат. На тој начин Дени може да се движи како што сака во кулата. Некои делови од подот можат да се извадат, додадов рампа, прозори на лизгање и фиоки за неговите играчки“, објаснил Сем.

    rnКако да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ куќичка во форма на змеј!rnrnСем исто така самиот изработува играчки и приготвува храна за мачки. Доколку и вие ги обожавате мачките исто колку него, дефинитивно треба да почнете да го следите на Инстаграм.rnrnКако да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ куќичка во форма на змеј!rnrnКреативноста на Сем можеби ќе ве инспирира и вие да направите нешто необично и креативно за вашиот домашен миленик.rnrnКако да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ куќичка во форма на змеј!rnrnПогледнете го и видеото за да видите подобро како функционира идејата на Сем…rnrn

  • За сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостел

    За сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостел

    Во Токио неодамна се отвори хостел што личи на вистинска книжарница, познат како Book And Bed Tokyo. Со оглед на тоа што тој стана многу популарен, на 2-ри декември ќе се отвори уште еден таков хостел, овој пат во Кјото. Исто како и во хостелот во Токио, гостите ќе спијат во кревети вградени во самите полици за книги. Освен тоа, ќе бидат опкружени со фантастичен избор на 5.000 книги на англиски и јапонски јазик.rnrnЗа сите љубители на читањето: Можете да спиете опкружени со 5.000 книги во новиот јапонски хостелrnrnСите љубители на книгите ќе уживаат во ова ново удобно катче! Цените се движат од 39 долари од вечер па нагоре. Погледнете како изгледа овој необичен хостел што веднаш ќе ве натера да се сместите во креветот во придружба на некоја интересна книга…rnrn

  • Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнат

    Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнат

    Дупнатата гума е најлошиот начин да му се уништи патот на велосипедистот. Но, отсега велосипедистите можат да заборават на носење различна опрема за справување со издишаните и скинатите гуми бидејќи вработените во компанијата „Nexo“ создале безвоздушни гуми што ќе се погрижат да продолжите да вртите со педалите.rnrn(2) Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнатrnrnГумите што не можат да се издишат не се новост, но нивната примена никогаш не се раширила поради неудобноста и непријатноста што ја предизвикувале при возењето. Но, вработените во оваа компанија тврдат дека нашле решение на проблемот. Гумите се направени од мешавини на полимер за кои се смета дека не само што создаваат совршен баланс, чувство на мекост и отпорност, туку истовремено и се и многу издржливи.rnrnПостојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнатrnrnПродуктот доаѓа во две различни форми – гуми што можат да се монтираат на велосипед со животен век до 5.000 километри и оние што можат да го заменат целиот механизам за возење со траење до 8.000 километри.rnrn(1) Постојат нови безвоздушни гуми за велосипеди што никогаш нема да ви се дупнатrnrnАко тоа не ви е доволно неверојатно, тогаш сигурно ќе се зачудите кога ќе ви кажеме дека овие гуми се направени од единствен материјал, што го прави рециклирањето многу едноставно. Со оглед на тоа што на годишно ниво се фрлаат и по 10.000.000 тони гуми од велосипеди, ова без сомнение е чекор во вистинската насока. Погледнете го и видеото да дознаете повеќе информации за овие иновативни гуми.rnrn

  • Познат тату артист бесплатно ги тетовирал луѓето што дозволиле тој да им избере дизајн

    Познат тату артист бесплатно ги тетовирал луѓето што дозволиле тој да им избере дизајн

    Скот Кемпбел е познат тату артист од Бруклин, Њујорк, кој на своите клиенти им направил тест за доверба во неговата работа. Имено, тој решил бесплатно да ги тетовира оние кои ќе му дозволат тој да го одбере дизајнот на тетоважата и да не ја погледнат истата додека не биде готова. Името на овој проект е „Целосна слава“ (Whole Glory).rnrnПознат тату артист бесплатно ги тетовирал луѓето кои покажале доверба во неговиот избор за дизајн и начин на работаrnrnДовербата на овие луѓе кои се согласиле да ја протнат раката во дупка на ѕидот за да добијат бесплатна тетоважа не е неоснована. Кемпбел има тетовирано познати личности како што се Марк Џејкобс, Орландо Блум и Пенелопе Круз. И покрај тоа, тој им се заблагодарува на сите кои ја покажале нивната доверба во уметноста што ја создава.rnrnПознат тату артист бесплатно ги тетовирал луѓето кои покажале доверба во неговиот избор за дизајн и начин на работаrnrnПогледнете ги следниве фотографии од интересните тетоважи кои ги добиле најхрабрите клиенти…rnrn

  • Најкреативните клупи и места за седење ширум светот

    Најкреативните клупи и места за седење ширум светот

    Многу работи го дефинираат изгледот на еден град: Згради, мостови, паркови, скулптури… па дури и клупи! Да, тоа е вистина. Оваа едноставна форма на „јавен мебел“ може да додаде прекрасен изглед на некое место. Погледнете ги овие необични дизајни на клупи кои докажуваат дека креативноста може да ги трансформира дури и најздодевните улици во пријатна јавна дневна соба. Без разлика дали таму ќе го јадете вашиот оброк или ќе го имате вашиот прв состанок, овие неверојатни клупи со сигурност ќе ви го разубават денот.rnrn

    Интересна клупа во Луксембург
    Интересна клупа во Луксембург
    rnrn

  • Сон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумите

    Сон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумите

    Некои луѓе сакаат да читаат дома, други во паркови во природа, трети, пак, во автобус додека патуваат за на училиште или работа. Некои сакаат да читаат на најтивкото место што можат да го најдат, место што ќе им дозволи целосно да нурнат во волшебниот свет на книгите без да се грижат дека магијата ќе исчезне поради гласната бучава.rnrnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrnrnДоколку се пронајдовте во последниот опис, со сигурност ќе ви се допадне оваа изолирана библиотека скриена во шумите во Њујорк. Нејзиниот дизајн е дело на американската фирма „Studio Padron“ и се вика „Hemmelig Rom“, што на норвешки значи „тајна соба“. Црната колиба од 200 метри квадратни е изградена од дабово дрво и внатре има кревет, фотелја, работна маса и шпорет на дрва за да ви биде топло додека стуткани го читате романот што сте го одбрале од многубројните полици со книги околу вас.rn

    „Тајната соба“ е изградена и опкружена од дабови дрвја

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrn

    Просторите помеѓу дабовите цепаници однатре формираат полици за книги

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrn

    Благодарение на шпоретот на дрва ќе ви биде топло и удобно додека си ја читате вашата нова омилена книга

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумитеrn

    Зар не би сакале да поминете една вечер тука?

    rnСон на сите љубители на книги: Изолирана библиотека скриена во длабочините на шумите

  • Овој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на развод

    Овој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на развод

    Овој несекојдневен дизајн ја воодушевува јавноста ширум светот, донесувајќи практично решение за клучниот проблем на разведените парови. Станува збор за куќа која лесно може да се подели на две еднакви дела. Таа е дизајнирана од страна на Студио OБА во Амстердам, со цел да ги реши проблемите на повеќето парови кои се разведуваат. Имено, куќата е замислена така да би можела да се раздели на два дела, при што паровите по разводот би можеле непречено и одвоено да живеат во својот дел од куќата.rnrnОвој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на разводrnrnИдејата да се создаде предбрачна куќа е на експертот Омар Кбири кој вели:rn

    „За жал, бројот на разводи се зголемува секоја година, па затоа мислам дека овој проект е релевантен.“

    rnОвој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на разводrnrnКбири својата идеја ја споделил со архитектите во студиото ОБА и од нив побарал помош при реализацијата, сметајќи дека ова ќе им ги олесни работите на многу разведени парови. Архитектите овој проект го извеле фантастично, па го нарекле „Предбрачна куќа.“rnrnОвој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на разводrnrnКуќата се состои од две монтажни единици кои изгледаат како една. Овие две монтажни структури со помош на едноставен механизам совршено се вклопуваат една во друга, како во прочуената игра Тетрис. Куќата е направена од едноставни елементи од карбонски влакна и дрва, за да се прилагодува на различната околина.rnrnОвој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на разводrnrnКога паровите ќе одлучат повеќе да не живеат заедно, куќата ќе се подели со извлекување на двата дела кои може да стојат одвоено. Тимот планира наскоро да го тестира овој дизајн, а Омар Кбири истакнал дека веќе е во преговори со инвеститорите и дека во 2017 година очекува понуди.rnrnОвој проект освојува дизајнерски награди: Куќа која може лесно да се подели во случај на развод

  • Што се случува кога архитект ќе се обиде да подготви десерт?

    Што се случува кога архитект ќе се обиде да подготви десерт?

    Динара Каско е готвачка која го комбинира печењето со геометриски фигури и архитектски дизајни. Таа им пристапува на десерти како да се згради и создава уникатни структури што можат да се јадат.rnrnrn

    „Имам многу нереализирани идеи и огромна желба за експериментирање. Не сакам да ги имитирам другите, сакам да создадам нешто ново“, вели таа.

    rnИ без сомнение успева. Единственото прашање што останува е како да јадете нешто олку совршено дизајнирано?rnrn

  • Креативно изработен ранец ви дава крилја

    Креативно изработен ранец ви дава крилја

    Не постои човек што барем еднаш во својот живот не сонувал да има сопствени крилја. Удобни, големи, со прекрасни пердуви… Ни, за жал луѓето не се птици или ангели. И многу е непријатно да носите маскенбалски крилја секој ден. Но што ако крилјата можат да биде корисни? Што ако можете да спакувате нешто во нив и да ги носите на својот грб? Што ако крилјата се ранци? Со цел да го остварат сонот на илјадници луѓе, една фирма создала ранец во форма на крилја – совршен за средношколците, но и сите оние кои отсекогаш сакале да летаат.rnrnrnrn

  • Како би изгледале патничките авиони во иднина?

    Како би изгледале патничките авиони во иднина?

    Секој на планетава Земја кој патува со авион би сакал да има свое седиште, одвоено од останатите со повеќе простор за да ги испружи нозете. За среќа, дизајнерите на воздушни летала моментално работат на тоа да создадат што е можно поудобни услови за сите типови патници, особено за оние кои патуваат на поголема далечина. Ова се неколку од најгенијалните иновации кои наскоро ќе бидат дел од вашиот следен лет…rn

    Личен систем за забава

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnСоопштувањата за летовите преку Фејсбук на пример, моментално е врвот на технолошките достигнувања за повеќето авионски компании. Но, некои од нив, поточно оние кои ги следат најновите технолошки трендови, почнуваат да воведуваат вградени индивидуални центри во нивниот авионски дизајн. Ќе можете дури да го поврзете и вашиот уред со овие системи преку мрежата во самиот авион.rn

    Помошен систем за време на летот

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnХоландската авиокомпанија AirFi ги опремува ниско-буџетните воздушни летови со посебни безжични системи кои ги аплоудираат информациите за патниците директно преку нивните уреди. Тоа ви нуди можност за време на летот да читате списанија, да одберете кои филмови ќе ги гледате, да нарачувате храна и да купувате бесцарински производи.rn

    Виртуелна реалност наместо Интернет

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnПатниците често гледаат филмови или читаат книги на Интернет за време на летот. Многу авиокомпании сакаат да ги надминат овие Интернет можности за забава и самите да почнат да ги нудат, но досега немало многу простор за тоа. Австралиската компанија Qantas моментално тестира најнова технологија која преку виртуелна реалност ќе им овозможи алтернативна забава на патниците.rn

    Неверојатно удобни седишта со ВР технологија

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnМногу полесно ќе уживаме во сите иновации кои планираат да ни ги понудат авионските компании доколку седиме во удобни седишта. Можеби најбараното нешто за време на летовите наскоро ќе стане реалност. Освен тоа, Qantas планира да воведе ВР очила со што ќе можете уште повеќе да се опуштите додека уживате во ова ново ниво на удобност. Сето ова е веќе достапно во некои од првокласните авионски летови.rn

    Седишта како во кино

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnИталијанската компанија Aviointeriors дизајнира посебни авионски седишта кои се собираат кога никој не седи на нив. Оние кои патуваат во економска класа ќе можат многу полесно да се движат во авионот. Кога ќе гледате филм за време на летот повеќе ќе се чувствувате како да сте во кино, отколку како да сте во авион.rn

    Индивидуални кабини за спиење

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnОваа иновација, дизајнирана од страна на компанијата Factory Design која се вика „Air Lair“, е вистинска јаготка на шлагот кога станува збор за авионската технологија. Компанијата планира да воведе индивидуални „кожурци“ за спиење наместо седишта. Патниците од прва класа ќе можат да уживаат во овие футуристички кабини со свое посебно осветлување, извор на звук и регулатор на температура. Овие специјални седишта се дизајнирани така што ентериерот во авионот ќе биде искористен максимално, но бараат солидна инвестиција која само мал број авиокомпании можат да си ја дозволат моментално.rnrnЗа кратко време овие неверојатни иновации ќе им бидат достапни на сите патници. Да се надеваме дека ќе успеат и да го победат стравот од летање со кој многумина се соочуваат.