Колачињата се сечија радост – тие се слатки и едноставно знаат како секого да расположат, а кога нивниот дизајн е добар, тогаш тие се уште послатки. Некои креативни луѓе ги измислиле „најпаметните“ и најинтересните колачи кои постојат. Би се осмелиле да ги јадете или само би им се сладеле со очи?rnrnУметничко делоrnrn
Восокот кој паѓа од запалена свеќа понекогаш навистина наликува на солзи. Токму од таму дошла и идејата за создавање на овие прекрасни морничави свеќи и држачи за свеќи. Тие биле создадени од страна на „The Jacks“, дизајнерски тим од Јужна Кореја со цел свеќите да се топат во држачите, па да изгледа како тие да „плачат“ восочни солзи во различни бои. Погледнете…rnrnrn
Овие држачи за свеќи можете да ги користите и како саксии за вашите цвеќиња…
rnrn
Погледнете го целосното видео кое ни објаснува како работи овој продукт:
Оваа девојка многу често патува со нејзиното момче. На една од нивните авантури тие нашле неверојатно место каде што решиле да направат фотографии од серијата „Следи ме“. Додека ги правеле фотографиите, непозната девојка им пристапила барајќи од нив мала услуга. И таа сакала ваква фотографија, па го замолила момчето да ѝ „позајми“ рака. Токму оваа необична ситуација го инспирирала овој пар да создадат решение за сите оние девојки кои сакаат вакви фотографии, но сè уште се сингл. Погледнете ја нивната идеја…rnrnrnrn
Денес 3Д печатењето е еден од светските трендови. Со негова помош може да се создаде што било за многу малку време. Дури и една цела модна колекција. Денит Пелег е неодамна дипломирана студентка на колеџот за инженерство и дизајн Шенкар во Израел, која испечатила цела колекција за нејзиниот завршен проект.rnrnОваа 27-годишна девојка не знаела скоро ништо за 3Д печатењето кога започнала да го работи проектот, но по 9-месечно истражување таа успеала целосно да го заврши за само 2.000 часа.rnrn
„Сакав да се предизвикам да ја испечатам целата колекција користејќи ги домашните 3Д печатачи. Да бидам искрена, исто така сакав да имам слобода да создавам сопствени материјали, а не да зависам од тоа што се наоѓа на пазарот“ – рекла таа за Mashable.
rn
Данит Пелег создала сопствена колекција…
rnrnrn rn
За нејзиниот завршен проект на колеџот за инженерство и дизајн Шенкар.
rnrnrn rn
Но, оваа 27-годишна девојка не се решила за игла и конец…
rnrnrn rn
Туку за 3Д печатач со чија помош ќе создаде една цела колекција во рок од 2.000 часа.
A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on
rnrn
rnrn rn
Пелег не знаела многу за 3Д печатењето кога го започнала проектот, па затоа 9 месеци ја истражувала технологијата и многу време посветила во тестирање на различни печатени материјали.
rnrnrn rn
Вели дека откровението настанало кога се запознала со филафексот – нов тип конец кој е многу силен, но и многу флексибилен.
rnrnrn rn
Создала 5 различни изгледи за колекцијата користејќи само специјални конци и Witbox домашни печатачи, а имала и помош од TechFactoryPlus и заедницата на XLN.
rnrnrn rn
Пред да го започне печатењето, со помош на софтверот Optitex таа го цртала секое парче, а потоа го користела софтверот Blender за да создаде виртуелни модели и 3Д фајлови.
Ѝ биле потребни околу 400 часа (околу 17 дена) да ги создаде сите парчиња од колекцијата.
rnrn rnrn rn
Како главна инспирација во моментите кога ги создавала 3Д дизајните ѝ послужила колекцијата на Андреас Бастијан – Мезоструктуирани ќелијски материјали…
rnrn rnrn rn
И сфатила како да создаде материјали кои се движат како обичната облека.
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn It bounces! A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on rn
rnrn rn
Целата нејзина колекција е прекрасен спој од мода и технологија…
И Пелег планира да ја продолжи својата работа со 3Д печатењето и во иднина.
rnrnrn rn
Овој проект е навистина освежувачки, иновативен и авангарден – и во светот на модата, но и во светот на технологијата. Затоа ги заслужува сите пофалби.
Многу луѓе сметаат дека цвеќињата ги освежуваат градините и на суптилен начин внесуваат боја во животот. Овие креативни градинарски дизајни ќе ви покажат дека цвеќињата можат да изгледаат толку живописно како да се истурени врз тревата.rnrnrnrnАко сакате да направите ваква градина, едно од правилата е дека половина од саксијата треба да биде закопана во земјата. На овој начин, старите и скршени саксии можат да бидат рециклирани, а другото е лесно – само избирате растение и го засадувате на местото каде што сакате. Испробајте ги ваквите дизајни и дајте ѝ нов изглед на вашата градина.rnrnrnrn
Овој иновативен дизајн на саксии е инспириран од јапонската уметност оригами. Тие растат заедно со вашите растенија, овозможувајќи им повеќе простор за почва и место за нивните корења. Зад дизајнот стои дуото Бајк и Бегам Ајескан, кои имаат свое студио.rnrnrn
„Во природата, сè еволуира, се адаптира, расте, цвета, се распаѓа, умира, се впива и се користи одново“, велат тие. „Модерниот пристап на дизајн е сосема спротивното. Тука нештата постојат во 3 фази: објектите се создаваат, употребуваат и на крај се фрлаат… Оваа саксија, преку внимателно пресметани оригами обрасци, ја имитираат способноста на природата да расте и да се трансформира со тек на време, овозможувајќи му го на растениото она што му е вистински потребно.“
Интерактивното пакување е еден од најдобрите начини да го направите вашиот продукт забавен и незаборавен, а понекогаш дури и многу покорисен. Овие интерактивни пакувања се многу позабавни од само една паметна слика. Тие им дозволуваат на потрошувачите да се во контакт со нивните производи, па токму затоа и го прават самиот производ повреден. Дел од овие производи веќе можат да се најдат на пазарот, додека пак дел од нив сè уште се само идеи.rnrnРазигран дизајн на чаша за кафеrnrn
Спиењето под отворено ѕвездено небо и онака е одлична идеја, ама со овие шатори тоа изгледа неверојатно. Тие ќе ве кренат неколку метри над земјата, доближувајќи ве поблиску до ѕвездите и давајќи ви чувство дека тие се на дофат. Сè што ви треба во таква ситуација е да најдете дрвја на идеална оддалеченост за да го поставите шаторот, а потоа… кој би можел потоа да заспие со таква глетка?rnrnrnrnРазни стилови и дизајни на висечки шатори по различни цени можете да најдете на Eagles Nest Outfitters, Tentsile и Clark Jungle Hammock. Нивниот избор е доволно голем за да ве направат среќен кампер.rnrn