Во последните неколку години е забележан значаен напредок на виртуелната реалност (ВР). Квалитетот на ВР-очилата е сè подобар, понудата на соодветни содржини расте, а само во еден квартал од 2017 биле продадени повеќе од еден милион ВР-сетови. Инженерите секој ден работат на подобрување на опремата, но и на содржините, како и намалување на нивните цени, за да бидат достапни за што поголема публика.rnrn
rnrnВидливите проблеми, секако, се решливи и со работа може да се придонесе за физичкото подобрување на целата оваа технологија, но остануваат уште неколку неодговорени прашања од аспект на етиката на функционирањето на светот на виртуелната реалност.rn
1. Заштита на корисникот
rnПоради тоа што при носење на ВР-сет воопшто нема реално видно поле, постојат ризици од удирање во предмети дома (или во околината), односно да дојде до физичка повреда. Токму затоа е потребно да се надополнат сетовите со нешто што ќе штити од вакви удари, како што е, на пример, сензор кој ќе реагира на секое доближување кон некој предмет.rn
2. Социјална изолација на корисникот
rnКако и другите технолошки апарати кои ги имаме, така и виртуелната реалност може да предизвика зависност и поминување предолго време со ВР-сет на очите. Поради тоа, треба да се регулира и ограничува времето поминато во виртуелна реалност.rn
3. Порнографија
rnДистрибуирањето на онлајн порнографските содржини не може да се спречи, а етичко прашање наметнува и фактот дека се лесно достапни за сите уреди. Притоа, постои ризик дека при ВР-искуството се можни сексуални однесувања кои вообичаено не се прифатени од општеството.rn
4. Виртуелен криминал
rnРазвојот на оваа технологија доведе и до можност за виртуелно присуство во игрите кои претходно ги игравте на мобилен телефон. Влегувањето во виртуелна реалност во игри полни со насилство и криминал уште е тема на многу етички дебати.rnrn
rn
5. Преклопување со реалноста
rnПо поминато предолго време во виртуелниот свет, на корисникот може да му биде доста тешко да се врати во реалноста и да се однесува исто како пред да почне да користи ВР-опрема. Резултат на тоа може да бидат промени во однесувањето и нарушување на односите со луѓето, особено затоа што сметаат дека карактеристиките на ВР-светот важат и во секојдневниот живот.rn
6. Трауми при играње
rnИако ретко, предолгото „живеење“ во виртуелниот свет може да предизвика ефекти на посттрауматско стресно нарушување. Во ВР-игрите корисникот е принуден да носи одлуки, да дава наредби, но и да се справува со последиците. На овој начин текот на играта може да предизвика трауматски состојби кај корисникот.rn
7. Виртуелна реалност како начин за тортура
rnВиртуелната реалност може да послужи и да се нанесе траума на некое лице. На пример, припадник на војска во ВР-сетовите со очила може да гледа апарат за тортура, со тоа што на казнетите ќе им се пуштаат вознемирувачки содржини и тие ќе бидат принудени виртуелно да ги доживуваат. Доколку дојде до такво нешто, би било доста тешко да се лоцира, санкционира и искорени.rn
8. Виртуелни патувања
rnВиртуелната реалност може да ни дозволи секој ден да патуваме на различно место, а всушност да сме дома, во удобноста на нашиот кревет. Ова може да значи и дека некои ќе понудат виртуелни посети на места кои во реалноста се забранети за туристички тури. Затоа, се поставува прашање, ќе постојат ли ограничувања во однос на виртуелните патувања.rn
9. Приватност на корисникот
rnСекоја нова технологија со себе го носи и проблемот на заштита на приватноста на корисникот. Кога е виртуелната реалност во прашање, предвидени се голем број содржини, но никогаш не се знае дали кога се изработуваат, се мисли и на правото на приватност. Големата етичка дилема е: дали да се дозволи рекламирање преку ВР-апликациите или пак ова искуство сепак да биде поиндивидуално и поизолирано.rnrnПотсетете се и на 4-те погрешни начини на кои се користи технологијата.