КАФЕ ПАУЗА

Tag: етика

  • 9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалност

    9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалност

    Во последните неколку години е забележан значаен напредок на виртуелната реалност (ВР). Квалитетот на ВР-очилата е сè подобар, понудата на соодветни содржини расте, а само во еден квартал од 2017 биле продадени повеќе од еден милион ВР-сетови. Инженерите секој ден работат на подобрување на опремата, но и на содржините, како и намалување на нивните цени, за да бидат достапни за што поголема публика.rnrn9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалностrnrnВидливите проблеми, секако, се решливи и со работа може да се придонесе за физичкото подобрување на целата оваа технологија, но остануваат уште неколку неодговорени прашања од аспект на етиката на функционирањето на светот на виртуелната реалност.rn

    1. Заштита на корисникот

    rnПоради тоа што при носење на ВР-сет воопшто нема реално видно поле, постојат ризици од удирање во предмети дома (или во околината), односно да дојде до физичка повреда. Токму затоа е потребно да се надополнат сетовите со нешто што ќе штити од вакви удари, како што е, на пример, сензор кој ќе реагира на секое доближување кон некој предмет.rn

    2. Социјална изолација на корисникот

    rnКако и другите технолошки апарати кои ги имаме, така и виртуелната реалност може да предизвика зависност и поминување предолго време со ВР-сет на очите. Поради тоа, треба да се регулира и ограничува времето поминато во виртуелна реалност.rn

    3. Порнографија

    rnДистрибуирањето на онлајн порнографските содржини не може да се спречи, а етичко прашање наметнува и фактот дека се лесно достапни за сите уреди. Притоа, постои ризик дека при ВР-искуството се можни сексуални однесувања кои вообичаено не се прифатени од општеството.rn

    4. Виртуелен криминал

    rnРазвојот на оваа технологија доведе и до можност за виртуелно присуство во игрите кои претходно ги игравте на мобилен телефон. Влегувањето во виртуелна реалност во игри полни со насилство и криминал уште е тема на многу етички дебати.rnrn9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалностrn

    5. Преклопување со реалноста

    rnПо поминато предолго време во виртуелниот свет, на корисникот може да му биде доста тешко да се врати во реалноста и да се однесува исто како пред да почне да користи ВР-опрема. Резултат на тоа може да бидат промени во однесувањето и нарушување на односите со луѓето, особено затоа што сметаат дека карактеристиките на ВР-светот важат и во секојдневниот живот.rn

    6. Трауми при играње

    rnИако ретко, предолгото „живеење“ во виртуелниот свет може да предизвика ефекти на посттрауматско стресно нарушување. Во ВР-игрите корисникот е принуден да носи одлуки, да дава наредби, но и да се справува со последиците. На овој начин текот на играта може да предизвика трауматски состојби кај корисникот.rn

    7. Виртуелна реалност како начин за тортура

    rnВиртуелната реалност може да послужи и да се нанесе траума на некое лице. На пример, припадник на војска во ВР-сетовите со очила може да гледа апарат за тортура, со тоа што на казнетите ќе им се пуштаат вознемирувачки содржини и тие ќе бидат принудени виртуелно да ги доживуваат. Доколку дојде до такво нешто, би било доста тешко да се лоцира, санкционира и искорени.rn

    8. Виртуелни патувања

    rnВиртуелната реалност може да ни дозволи секој ден да патуваме на различно место, а всушност да сме дома, во удобноста на нашиот кревет. Ова може да значи и дека некои ќе понудат виртуелни посети на места кои во реалноста се забранети за туристички тури. Затоа, се поставува прашање, ќе постојат ли ограничувања во однос на виртуелните патувања.rn

    9. Приватност на корисникот

    rnСекоја нова технологија со себе го носи и проблемот на заштита на приватноста на корисникот. Кога е виртуелната реалност во прашање, предвидени се голем број содржини, но никогаш не се знае дали кога се изработуваат, се мисли и на правото на приватност. Големата етичка дилема е: дали да се дозволи рекламирање преку ВР-апликациите или пак ова искуство сепак да биде поиндивидуално и поизолирано.rnrnПотсетете се и на 4-те погрешни начини на кои се користи технологијата.

  • 13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонците

    13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонците

    Јапонската култура до ден денес фасцинира со својата историја, архитектура, уметност и наследство. Нивната беспрекорна чистота на околината, манири, домашно воспитување, образование, етика, економија и екологија се неспоредливи и ја прават Јапонија една од најголемите светски сили. Затоа, може слободно да се каже дека секој може да научи нешто корисно од неа и да започне да го применува во своето секојдневие.rnrn13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонцитеrnrn1. Јапонските деца заедно со наставниците секојдневно ги чистат своите училишта за да научат да ја почитуваат чистотата, но и работата.rnrn2. Просечното доцнење на возовите во Јапонија е 7 секунди на годишно ниво. Времето се почитува.rnrn3. Работниците кои водат сметка за хигиената во Јапонија се нарекуваат „инженери на здравјето“ и се многу добро платени.rnrn4. Јапонија практично нема природни ресурси, секоја година ја погодуваат околу 100-тина земјотреси, но и покрај тоа, таа е втора светска економска сила.rnrn5. Биле потребни само 10 години за Хирошима целосно да се обнови после атомската бомба. Навременото и целосното завршување на обврските е многу важно во Јапонија.rnrn6. Во Јапонија мобилните телефони не се користат во градскиот превоз, рестораните и јавните места затоа што тоа ги вознемирува другите луѓе.rnrn7. Децата од прво до шесто одделение учат етика за односот кон другите луѓе.rnrn8. Иако Јапонците спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во светот, тие скоро никогаш немаат куќни помошници или дадилки. Родителите секогаш сами се грижат за децата.rnrn9. Децата во помалите одделенија немаат оценки. Целта на образованието е пред сѐ градење здрава личност.rnrn10. Во рестораните ќе забележите луѓе кои јадат точно онолку колку што им е потребно. Храната никогаш не се фрла.rnrn11. Секој што има куче мора да носи вреќички и да чисти по своето милениче. Чистотата е дел од јапонската етика.rnrn12. После оброкот, децата на училиште секогаш ги мијат забите.rnrn13. Децата во училиштата имаат пауза од половина час, иако можат да го завршат оброкот за многу пократко време. Но, Јапонците сметаат дека е важно да се јаде во мир.

  • Би се вработиле ли на некое од овие неетички работни места?

    Би се вработиле ли на некое од овие неетички работни места?

    Финансискиот надомест е најважниот мотив за многумина кога станува збор за изборот на работното место, но секако постои и желба таа работа да има некаква смисла, да помага и да служи некому. Размислувајќи во таа насока, дали би се вработиле на некое од следните работни места?rnrnbi-se-vrabotile-li-na-nekoe-od-ovie-neetichki-rabotni-mesta-kafepauza.mkrn

    Дизајнер на оружје

    rnДизајнерот на оружје не убива никого, но измислува нови начини и алатки со кои некој друг може да убива. Програмите за вооружување секогаш се туркаат со „искрени“ идеи за самоодбрана, но знаејќи дека вашата земја може да нападне друга земја и да убива со вашето оружје за да ве „брани“, која е платата за која би ја работеле оваа работа?rn

    Лобист

    rnЛобист е човек кој убедува друг човек дека треба да направи нешто во нечија корист. Можете да лобирате кај донатори да издвојат пари за болните деца, но можете и да лобирате кај властите да донесат определен закон кој ќе ви помогне да направите некои матни работи и да се збогатите на грбот на некој друг. Некои интересни групи вработуваат лобисти за да ги завршат „преговорите“ во нивно име и за нивна сметка.rn

    Папарацо

    rnРаботата на папарацото е да ја премине црвената линија на приватноста и пристојноста и да следи и прави фотографии од славни личности. Потоа неговиот весник креира одредена слика во јавноста за некој што заради нив не може да си го живее животот онака како што сака.rn

    Касап на перки од ајкула

    rnРаботата на оној кој се бави со оваа работа e да ги исече перките на ајкулата штом биде уловена и додека сè уште е жива да ја врати назад во морето или океанот. Таа потоа бавно умира, претпоставуваме во големи болки и неможност да се движи како што посакува. Ќе мора да се преселите во Азија за да ја работите оваа работа.rn

    Извршител на смртна казна

    rnЗа да се вработите како извршител на смртна казна ќе мора прво да добиете државјанство од земја каде што таа сè уште е на сила. Ако тоа биде американската држава Флорида, хонорарот за едно извршување на смртна казна чини 150 долари.rn

    Креатор на компјутерски вируси

    rnИ сами знаете колку ги мразите кога ќе ви направат лом во компјутерот. Кој и да ги создава, намерите сигурно не му се чесни. Има ли плата за која што би можеле да создавате вируси за некој друг?rn

    Портпарол

    rnПортпаролот, или ПР агентот како што се нарекува во последно време, според зборовите на Рајан Холидеј, кој е еден од нив, е платен да ги лаже медиумите за тие потоа да ги лажат луѓето. Се разбира дека не е лага сè што кажуваат, но секогаш се ангажирани од некого кој сака да си го чува угледот по секој цена.rn

    Производител или трговец со цигари

    rnЗнаеме колку се штетни цигарите и колкумина умираат поради болести предизвикани од нив, но тие и понатаму се произведуваат, па дури и некои од најголемите светски компании се токму во оваа индустрија. Затоа привлекуваат и многу талентирани работници кои сакаат да работат таму и покрај неетичката цел на компанијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

    15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

     rn

    „Ако внимателно се погледнете самите, во себе ќе ги видите и сите останати.“

    rnЕмоционално интелигентните личности не дозволуваат чувствата да надвладеат со нив туку тие управуваат со сопствените емоции. Ова се 15 карактеристики на емоционално интелигентните луѓе кои ќе ви помогнат да откриете колкава е вашата емоционална интелигенција.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    1. Внимателно го набљудуваат однесувањето на луѓето

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се просто фасцинирани од туѓото однесување. Тие обрнуваат внимание на јазикот на телото, дијалектот, начинот на говор како и навиките и верувањата според кои другите функционираат во животот. Со други зборови тие ги набљудуваат луѓето откривајќи по што секоја индивидуа е препознатлива и што ја прави посебна.rn

    2. Не даваат наредби туку поставуваат пример

    rnТаквите личности не зборуваат напразно туку своите зборови умеат да ги поткрепат со дела. Нема да дозволат да ја следат колоната давајќи наредби туку ќе одат напред поставувајќи пример за другите.rn

    3. Си ги знаат слабите како и силните страни

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се свесни и за своите предности но и за своите недостатоци. Сепак со своето однесување ќе ги истакнат предностите и ќе ги маскираат мааните.rn

    4. Се помириле со минатото

    rnЗнаат дека промените и успесите се случуваат во сегашноста и баш затоа живеат токму во неа, оставајќи го минатото зад себе. Она што поминало не може да се промени, но може да се влијае на она што допрва доаѓа.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    5. Не се преоптоваруваат со иднината

    rnЖивотот е авантура, а не строго подготвено сценарио. Оние со емоционална интелигенција знаат дека не треба да се преоптоваруваат со иднината, особено со оние работи кои се надвор од нивната контрола и не зависат од нив.rn

    6. Активно се вклучени во својот живот

    rnТие не преживуваат и не чекаат подобри времиња, напротив тие живеат во сегашниот момент. Што е она што можете да го направите сега? Што можете да промените, како можете да се унапредите и да се издигнете на повисоко ниво? Денот секако дека ќе мине, но работата е да го обележите како ден во кој сте создале нешто.rn

    7. Тие се искусни слушатели

    rnЗнаат да ве ислушаат и прават разлика меѓу слушање и вистинско разбирање на зборовите. Во нивно друштво луѓето чувствуваат дека е безбедно да зборуваат и дека не зборуваат напразно.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    8. Свесни се од што резултираат нивните мисли и постапки

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се како детективи кои умешно ја пребаруваат околината, бараат знаци и траги и знаат кој е коренот на нивниот проблем. Знаат зошто се вознемирени и зошто се чувствуваат така како што се чувствуваат, но најважно од сè знаат што да преземат за да ја подобрат ситуацијата.rn

    9. Имаат одлични комуникациски способности

    rnТие без проблем разговараат со непознати и умешно дискутираат со оние кои се различни од нив. Не осудуваат предвреме и им даваат шанса на луѓето без разлика на нивниот пол, раса или политичка определеност.rn

    10. Се водат според правилата на етиката

    rnИмаат свои принципи и етички се однесуваат на работното место, во односи со други личности како и во љубовните врски. Секако ќе постојат личности кои нема да им се допаднат, но секогаш ќе бидат водени од нивниот морален компас.rn

    11. Желни се да пружат помош

    rnУмеат да сочувствуваат и да се стават во нечија позиција. Тие чувствуваат потреба да им помогнат на луѓето и да им излезат во пресрет онолку колку што можат.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    12. Умеат да ги читаат луѓето

    rnСвесни се дека секогаш има многу повеќе од самиот збор. Начинот на кој луѓето зборуваат, тонот, движењата, погледите и гестикулациите испраќаат безброј пораки. Емоционалната интелигенција подразбира декодирање на многу скриени знаци.rn

    13. Цврсто се посветуваат на зацртаната цел

    rnНе си изгубил сè додека не се откажеш. Тие се свесни дека ќе доживеат по некој пад или негативна критика, но секогаш решително ќе се исправат повторно тргајќи кон зацртаната цел.rn

    14. Самите себе се мотивираат

    rnСекогаш тргнуваат од себеси и нивните цели и интереси. Функционираат на принципот на себемотивација бидејќи знаат што им треба и што е најдобро за нив.rn

    15. Умеат да речат „не“

    rnЗнаат дека во животот мора да поставиш граници и принципи и тогаш кога навистина не им оди во прилог способни се да одбијат понуда или барање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Затвореници (Prisoners)

    Филм: Затвореници (Prisoners)

    Дали е дозволено да се биде поголем ѓавол од ѓаволот во име на доброто?

    rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)Режија: Денис ВилневrnrnУлоги: Хју Џекмен, Џејк Гиленхал, Мелиса Лио, Вајола ДејвисrnrnВреметраење: 153 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 септември 2013rnrnЖанр: крими трилер, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Затвореници“ е крими трилер кој драстично отскокнува по квалитетот од другите холивудски филмови кои му припаѓаат на овој жанр. Не само што располага со извонредна тензија низ буквално целото дејство, туку истражува и некои морални теми, што денес ретко може да се види.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnВоведот во кој се запознаваме со идиличниот живот на две среќни семејства е краток. Трае сè до моментот кога по заедничката вечера на денот на благодарноста ќе исчезнат Ана и Џој, двете најмали ќерки од двете семејства. Родителите почнуваат панично да ги бараат, а од нив нема никаква трага, небаре земјата ги голтнала. Уште во овој дел се чувствува колку е добар филмот. За гледачот тука веќе е лесно да се соживее со дејството преку маестрално одиграните улоги и да ја почувствува паниката на родителите која полека се претвора во тешко издржлива болка.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnТие добиваат трошка надеж кога ќе биде пронајден еден туѓинец кој во моментот на исчезнувањето на девојчињата бил паркиран со своето комбе токму пред нивната куќа. Полицијата брзо го пронаоѓа, но детективот Локи (Џејк Гиленхал) нема друг избор освен да го пушти, затоа што неговиот интелектуален развој одговара на десетгодишно дете и изгледа неверојатно дека тој можел да стори такво нешто.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnОттогаш Келер Довер (Хју Џекмен), татко на едно од девојчињата решава да ги земе работите во свои раце и сам да ја бара ќерка си. Затвореник на својата избезуменост и очај, се одлучува на потези кои не гарантираат добра завршница, но кои истовремено наметнуваат многу етички прашања. Покрај останатите квалитети, тоа е она што „Затвореници“ го прави посебен. Истражува до каде може да оди еден родител за да го спаси своето дете, колку е дозволено да биде лош при тоа и дали му е дозволено да биде поголем ѓавол од ѓаволот во име на доброто.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)rnrnОва можеби ве потсетува на „Грабната“ (Taken) во кој таткото на суперхеројски начин се справуваше со никаквиците, но не може да сте подалеку од вистината. Иако Хју Џекмен се појавува во, типична за него, мажествена улога, неговиот лик е човек од крв, месо и душа. Овој филм ја поседува типичната тензија за добрите холивудски крими трилери, но истовремено има и своја драматична страна која поставува етички прашања како што тоа обично го прават филмовите кои доаѓаат од северот на Европа. Не колебајте се, ова ќе бидат возбудливи 153 минути кои ќе ви остават силен впечаток.rnrnФилм: Затвореници (Prisoners)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали економскиот факултет учи на алчност?

    Дали економскиот факултет учи на алчност?

    Со цел студентите научат како да заработат пари, на економскиот факултет се изучуваат законите по кои функционира капитализмот, а неговата логика е со што помал влог да се оствари што е можно поголема добивка. Се разбира, централна вредност во сето тоа е личниот интерес.rn
    rn

    „Што ќе добиете за вечера не зависи од добрата волја на месарот, пиварот или пекарот, туку од нивниот личен интерес.“ – Адам Смит

    rnДали економскиот факултет учи на алчност?rnrnДали тоа значи дека стекнувајќи знаења и вештини за заработка на што е можно повеќе пари, студентите се учат да бидат алчни? Има податоци кои го потврдуваат токму тоа:rn

      rn011

    • Професорите кои предаваат економија во САД даваат помалку пари во добротворни цели споредено со своите колеги од другите факултети. Всушност, повеќето од нив воопшто не даваат пари за некој друг.
    • rn011

    • Студентите по економија од Германија, за разлика од нивните колеги од другите насоки, биле повеќе склони да им препорачаат поскап водоводџија на своите пријатели кога биле платени за тоа.
    • rn011

    • Во анкетите економистите почесто ја оценуваат алчноста како „генерално добра“, правилна или „морална“.
    • rn011

    • На студенти им биле дадени по 10 долари кои требало да предложат како да ги поделат со врсник. Ако врсникот го прифател предлогот, ги задржувале парите според договорот, а ако одбиел, тогаш двајцата не добивале ништо. Економистите во просек предлагале да задржат повеќе од половина од парите во однос на нивните колеги од другите студии.
    • rn011

    • Во еден друг експеримент студенти од различни факултети добивале пари од кои дел требало да ги стават на куп со сите други и рамноправно да ги поделат со другарите. Во просек, студентите донирале по 49% од своите пари, при што 25% од вкупниот број ги донирале сите пари. Економистите во просек оставиле по 20%, а остатокот го задржале за себе.
    • rn

    rnДали економскиот факултет учи на алчност?rnrnНекои стручњаци го поставуваат прашањето дали на економски факултет се запишуваат луѓе кои веќе веруваат во алчноста и веруваат дека личниот интерес е поважен од колективниот, или пак токму лекциите за максимизација на профитот ги тераат да веруваат во себичноста, особено кога се дел од таква група која го охрабрува тоа. Резултатите од истражувањата го поддржуваат второто тврдење.rn

      rn011

    • Бруцошите на еден економски факултет во Израел им дале повисока оценка на вредностите како чесност, лојалност и помагање во споредба со своите колеги од трета година.
    • rn011

    • Кога биле ставени во ситуација да изберат дали ќе соработуваат со своите колеги или ќе ги измамат, економистите ја преферирале измамата. Интересно е тоа што бројките покажуваат дека склоноста кон мамење на колегите кај нив растела со текот на студирањето, додека кај студентите од другите факултети опаѓала.
    • rn011

    • Едно истражување на американски универзитет покажало дека бруцошите од повеќе различни факултети генерално исто или слично очекувале лоши и неморални дела од другите. Само неколку месеци подоцна ваквите очекувања кај економистите драстично пораснале.
    • rn

    rnДали економскиот факултет учи на алчност?rnrnАдам Грант, професор на факултетот за бизнис Вортон, укажува на тоа дека во програмата на студентите мора да се даде предност на предмети од типот на социологија и психологија кои ќе имаат за цел да ги научат за соработка, алтруизам и фер однесување. Дотогаш, според него, ќе важи изреката на филозофот Амартија Сен:rn
    rn

    „Чисто економскиот човек е многу блиску до тоа да биде општествен морон.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

    9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

    Денес сè повеќе луѓе се корисници на паметни мобилни телефони. Колку што се тие интересни за нивните сопственици, толку знаат да предизвикуваат зависност и занесеност, па не ретко се причина за оставање лош впечаток.rnrnДали сте вие од оние луѓе кои твитаат под маса на здодевните состаноци? Дали го ставате телефонот секогаш на масата, дури и кога сте на ручек или вечера, па вашиот смартфон го сервирате како дел од приборот? Дали го поставувате вашиот најнов Фејсбук-статус додека другите ви зборуваат? Ако се препознавате, вие имате премногу близок однос со вашиот телефон. Ние не замеруваме, но некој може да ви замери доколку ги преминете границите на учтивото однесување. Еве ги најчестите грешки.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеrn

    1. Мулти-таскинг

    rnНемојте да праќате СМС или да читате имејл-пораки додека разговарате со некого. Ако седите со некој на иста маса и истовремено пишувате порака, тоа ѝ покажува на личноста пред вас дека не ви е важна. Исто така, таа ќе почувствува дека не сакате да ѝ посветите време.rn

    2. Брзо пишување

    rnСекоја порака што ја праќате е продолжение на вашата личност, како персонално, така и професионално. Не пишувајте пораки со изговорот дека брзате. Вложете екстра време за да ја проверите секоја порака што сакате да ја пратите, исто како да праќате службен имејл од вашата канцеларија.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеrn

    3. Вклучени вибрации

    rnВибрациите го одвлекуваат вниманието бидејќи сите можат да ги чујат. Исклучете ги звуците на вашиот телефон и оставете го во џебот или во чантата додека сте на состанок. Доколку очекувате важен повик, кој мора да го прифатите, културно е да се извините и потоа да го направите разговорот надвор од просторијата, каде што нема да пречите никому.rn

    4. Читање в скут

    rnЧесто се случува да го држиме телефонот во нашиот скут, божем за да не се познава дека читаме. Но, единствено не се познава телефонот, но наведнатата глава ја издава акцијата. Ваквата пракса прави да изгледате незаинтересирано и ве спречува во редовното одржување контакт со очите на другите присутни. Исто така, ова е непристојно и остава многу лош впечаток за вас.rn

    5. Долги говорни пораки

    rnОва важи за сите корисници на мобилни телефони, не само за оние кои користат смартфони. Ако не ја добиете личноста што ја барате, сосема ОК е да оставите говорна пошта, но ако на неа подоцна ѝ треба лист и пенкало за да ги запише сите детали кои вие сте решиле да ги споделите, едноставно е премногу. На ова треба да го додадеме и фактот дека не смеете да зборувате неразбирливо додека оставате пораки со својот глас. Најдобро е да бидете кратки и јасни, кажете за што сакате да зборувате и евентуално оставете дополнителни информации за начинот на кој може да ве контактираат.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеrn

    6. На втора линија

    rnКога разговарате со некој и ви ѕвони втората линија, може за кратко да се префрлите на другиот повик, но не смеете да заборавите на личноста со која прво сте го започнале разговорот. Ако решите да го прифатите повикот, учтиво е да замолите да ве причекаат за момент, а потоа веднаш да се вратите назад. Во спротивно, доколку очекувате дека разговорот на втората линија може да потрае, културно би било едноставно да се извинете дека мора да прекинете и да кажете кога точно ќе се јавите за да го довршите разговорот.rn

    7. Повратни мелодии

    rnПовратните мелодии не се за професионалците. Можеби ви звучи забавно, но ако сакате да ве сфатат сериозно, не пуштајте го Еминем да рапува после звучниот сигнал кога некој ќе го повика вашиот број.rn

    8. Зборување пред други луѓе

    rn

    Извинете се и тргнете се настрана за да го прифатите повикот. Немојте да разговарате пред други луѓе, особено во професионална средина. Тоа е безобѕирно кон луѓето околу вас.

    rnrn

    9. Прекинување лице в лице комуникација

    rnПогоре кажавме дека не треба да се занимавате со вашиот смартфон додека сте во присуство на други луѓе, но ова уште повеќе важи додека сте во среде муабет. Да го прекинете соговорникот наведнувајќи ја главата и почнувајќи порака е едноставно премногу грубо. Ова покажува дека пораката ви е поважна од човекот кој е пред вас и му става до знаење дека сте незаинтересирани за разговорот.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеПрочитајте како да се однесувате културно во комуникацијата преку Скајп.

  • Skype етика

    Skype етика

    Скајп станува ултра-популарна алатка во секојдневната комуникација на многумина. Корисниците на ова парче софтвер ја обожаваат едноставноста во користењето, пријатниот интерфејс и можностите за пишана, аудио и видео комуникација. Наоѓајќи се на 4-тото место според бројот на корисници, веројатноста дека многу ваши пријатели ќе се најдат како контакти кои секојдневно ќе ве контактираат на еден од разните начини, е многу голема. Но, не сите луѓе знаат да постапуваат правилно додека користат скајп. Во продолжение, еве неколку совети за етичко и неиритирачко однесување на скајп.rnrn1. Комуникацијата секогаш треба да ја започнете учтиво и да чекате личноста од другата страна да ви одговори, пред да ја нападнете со она што имате да го кажете. rnskype етикаДоколку не добиете одговор, едноставно напишете нешто во стилот: „Изгледа не си тука, ќе ти пратам имејл“. Исто така, не треба да се навредите ако некој ја напушти комуникацијата ненадејно, без да ве извести за тоа и потоа повторно се врати после еден час или дури и по неколку дена.rnrn2. Немојте да го злоупотребувате копчето Ентер од тастатурата.rnskype етикаРазбираме дека вашата мисла е многу осетлива на времето, па наместо да ја напишете целата реченица, едноставно притискате Ентер на средина на реченицата или зборот. На тој начин, вашиот соговорник знае што сакате да кажете уште на почетокот на реченицата, без да мора да ја чита истата докрај. Помислете дека секој пат кога ќе притиснете Eнтер, на вашиот соговорник му бипка компјутерот за да му сигнализира пристигнување на нова порака. Ова многу вознемирува. Затоа, пишувајте целосни реченици, дури и пасуси пред да го притиснете големото копче. Луѓето ќе го ценат тоа.rnrn3. Немојте веднаш да почнувате аудио повик.rnskype етикаПристојно е прво да почнете со пишана порака. Доволно ќе биде нешто од типот: „Онлајн си? Имаш време да ти се јавам на кратко?“ Вознемирувачки е кога скајп почнува да ѕвони од никаде. Може да се случи соговорникот по грешка да го прифати разговорот кој имал намера да го одбие, а вие да му предизвикате губење на слухот поради јачината на вашиот микрофон. Уште ако имате и вклучено видео и притоа барате и тој да го стори истото, ќе биде премногу. Некому можеби не му е до бучно попладне.rnrn4. Видео повиците не се ваше право дадено од Господ.rnskype етикаСамо затоа што вам ви се зборува со видео, не значи дека исто се чувствува и другата страна. Можеби вашиот соговорник моментално седи раскомотен по дома во својата долна облека, со лоша фризура и растурена соба во позадината. Вие можете да изберете да направите видео повик со вашиот соговорник, но ако тој сака да го направи истото, ќе го стори тоа, не мора дополнително да му го побарате тоа. Ако веќе го вклучите вашето видео пак, внимавајте како се однесувате. Многу смешно ќе изгледате ако се фрцкате пред камерата 90% од времето. Не заборавајте, соговорникот го гледа истото што и вие. Веб-камерата не е огледало.rnrn5. Не претпоставувајте дека ситуацијата од другата страна е чиста.rnskype етикаНикогаш не брзајте да пратите некоја важна порака до некој кој во моментот можеби се наоѓа на јавна презентација служејќи се со својот лаптоп. Пораката која ја кажувате во доверба ќе заврши проектирана на ѕидот пред сите присутни во просторијата. Затоа,  секогаш треба да ја започнете комуникацијата со мек разговор и да почекате соговорникот да ви одговори пред да се избрзате да напишете нешто осетливо. Не заборавајте дека други луѓе може да стојат зад компјутерскиот екран на вашиот соговорник, така што бидете внимателни со праќање доверливи информации без да се осигурате кој сѐ ги прима.