Писмо од Алберт Ајнштајн до неговиот син, што мора да го прочитаат сите „лоши“ ученици
Алберт Ајнштајн сакал да сонува и да талка со мислите за време на часовите, бил расеан и често ги игнорирал своите училишни задачи. Поради тоа и денес многумина би го нарекле лош ученик. Некои предмети едноставно му се допаѓале повеќе од останатите, па ним им посветувал повеќе внимание, додека пак другите ги занемарувал.
Кога пораснал и станал родител, тој секогаш сметал дека на децата треба да им се пружи слобода да откријат што ги интересира. Неговите деца, синовите Ханс Алберт и Едуард кој го нарекувал Тете, ги поттикнувал да развиваат интереси кои не се врзани со училиштето. По разводот од неговата сопруга Милева, Ајнштајн отишол да живее во Берлин, а неговите синови живееле со мајка им на релација Виена-Цирих. Во писмото кое во 1915 година му го пратил на тогашниот 11-годишен Ханс Алберт, тој го советува да се држи до свирењето клавир и дрводелството, кое малото дете ги сакало, затоа што за него тоа е „дури подобро и од училиште“.
За разлика од многуте кои до ден денес не го сфаќаат ова, Ајнштајн знаел дека не постојат лоши ученици. Тоа е само лош назив за децата и младите кои не добиле можност да ги развиваат своите специфични интереси, туку се обидувале да се вклопат во наставните програми кои веќе постојат и во пропишаните активности. Во продолжение прочитајте го писмото во кој големиот научник открива како може децата најмногу да научат.