Честопати мудроста и тајната на среќниот живот се кријат во старите поучни приказни кои секогаш носат моќна порака со себе. Во тој контекст, прочитајте ја приказната за двајцата пријатели која нѐ учи дека лошите периоди, непријатните ситуации и оние моменти кога некој нѐ повредил не треба само да ги заборавиме, туку и да се обидеме да ги простиме, бидејќи простувањето е дар кој ја ослободува душата. А, добрината, љубезноста и благодарноста се оние работи кои вреди да останат засекогаш врежани во вашите сеќавања.rnrn
rnrnДвајца пријатели шетале низ пустината. Во еден момент се скарале и едниот го удрил другиот. Повредениот не рекол ништо, но запишал во песокот: Денес мојот пријател ме удри.rnrnИ така продолжиле по својот пат. По некое време наишле на една оаза и одлучиле да се одморат. Но, пријателот кој бил удрен паднал во жив песок. Другиот го спасил. Во тишината, спасениот пријател изгребал на една камена плоча: Денес пријателот ми го спаси животот.rnrnОној кој го удрил и кој му го спасил животот, го прашал: „Кога те удрив, тоа го запиша во песок, а кога ти го спасив животот, тоа го забележа на камен. Зошто?“rnrnПријателот му одговорил: „Кога некој ќе те повреди, тоа мора да го запишеш во песок за да може ветрот на простувањето да го избрише. А, кога некој ќе направи нешто добро за тебе, тогаш тоа треба да го запишеш на камен, за ветрот никогаш да не може да го избрише и да го однесе во заборав.“
Поучна приказна за двајца пријатели: Како треба да го памтиме злото, а како добрината?
