КАФЕ ПАУЗА

Tag: зрелост

  • Имаш пошта

    Имаш пошта

    Го гледаш висок, згоден, неопходен, те гледа така заводливо и тебе ти се тресат колената, па гласно и јасно објавуваш – се заљубив! Не баш… Најверојатно си занесена… или пак си претерала со пиењето.rnrnЉубов на прв поглед – вистина или само мит? Јас би одела со второто. Да гледаме реално на нештата, колку знаеш за личноста која тукушто си ја сретнал/а?rnrnИмаш поштаrnrnОна што го чувствуваш на прв поглед е некаква хемија, сексуална привлечност, заинтересираност за другата личност, ама не е љубов. Љубовта во денешно време има толку многу дефиниции, најчесто ужасно погрешни. И да, јас сум млада, ќе речете, и најверојатно точно ќе знам да ја дефинирам љубовта кога со некого ќе се држам под рака на 60 години. И нема да погрешите. Но ако не знам да кажам што точно е, тогаш сигурно знам да кажам што не е. Всушност, во младоста сме многу незрели за да знаеме што е љубов, во зрелиот период од животот сме многу зафатени за да ѝ обрнеме внимание, а во староста може и да ја изумиме. Тогаш, кога е вистинското време за да знаеш точно да ја дефинираш љубовта?rnrnПоради тие романтични комедии и митови од сказните, девојките се стремат да го најдат својот prince charming и својата вистинска љубов на 16 години. Што предизвикува да донесат многу непромислени одлуки или пак да се тотално скршени и уништени доколку не си го нашле совршениот пред да завршат средно.rnrnКако ќе знаете дека сте го нашле совршениот? Најверојатно по тоа што воопшто нема да биде совршен. Но на некаков магичен начин ќе ве тера да тонете во неговите светови, и што е најважно од сè, ќе ве прави многу подобра личност од ден во ден. Ќе го истакнува најдоброто од вас. И за да се најде таков/ва, бога ми потребно е повеќе од еден кафе муабет и констатирање дека не можете да живеете без него/неа.rnrnВсушност, вистинската љубов, според мене, е далеку од љубов на прв поглед. Напротив, најверојатно на почеток ќе ви оди по нерви и ќе ви се чини дека е далеку од вистинска. Но после неколку кафиња, ќе почне да ве копка, и потребни ќе бидат 100 кафиња за да сфатите дека е вистинскиот/ата.rnrnАма не едно, во никој случај.rnrnЗатоа, поштедете се себеси од невистините за љубовта, и не очајувајте ако не сте нашле нешто вредно пред дваесеттата. Некои луѓе тоа вредното го наоѓаат и после триесеттата година од животот, но во секој случај, добрите работи доаѓаат кај тој што умее да биде трпелив. Не задоволувајте се со плитките дефиниции за љубовта, не се согласувајте на сенешто колку да имате некој покрај себе – љубовта ни треба да ја форсирате ни да ја измислите.rnrnЌе се вљубите едно сосем обично и „нережирано“ утро, по подготвеното кафе донесено во кревет. Тогаш ќе ви светне една прекрасна идеја – го/ја сакам. Како пошта. Динг-донг – имате пошта.rnrnПа и брзата храна не е здрава и не е препорачлива. Лебот баба што го прави, се чека да порасне па „да појде кај мајка му“, е тоа е веќе нешто друго. Така и љубовта. Ѝ треба време. Како лебот на баба. Ама откако ќе го пробаш, нема да ти текне на ништо друго.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека можеби станувате возрасни

    10 знаци дека можеби станувате возрасни

    Стари сте онолку колку што се чувствувате, без разлика на вашите години. Сепак, овие неколку показатели можеби ќе ви докажат дека веќе сте влегле во светот на возрасните.rnrn10 знаци дека можеби станувате возрасниrnrn1. Купувате удобна и квалитетна облека наместо брендирана. Свесни сте дека фенси облеката која ќе ја купите од тренди бутиците би ја облекле еднаш или двапати, па повеќе сакате да инвестирате во попрактични парчиња кои полесно ќе ги комбинирате за разни секојдневни прилики.rnrn2. Едвај чекате да дојде петок или сабота, но за да си останете дома. Обожавате да си се почестите со храна која сте ја нарачале со достава до дома, да се облечете во удобни тренерки и да гледате филмови додека да ви се приспие. Наредното утро наместо со мамурлак, повеќе би сакале да се разбудите свежи и да одите во теретана избегнувајќи го постојаниот нагон за повраќање.rnrn3. Штедењето пари ви станува возбудливо скоро исто колку и трошењето. Излозите по бутиците и разните технолошки гаџети и понатаму ве примамуваат, но чувството дека ќе тргнете некој денар на страна за „црни денови“ ќе ве исполни скоро исто колку и да го купите убавиот фустан, односно 50-инчниот 3Д телевизор.rnrn4. Одењето на гости кај родителите не ви е веќе обврска, туку еден вид задоволство. Иако не би сакале да се дружите постојано, некако почнуваат да ви годат придобивките од повременото дружење со родителите: спремен ручек, испрани алишта, завршување на работите кои вие немате време да појдете да си ги завршите сами.rnrn5. Најдоцна си легнувате за време на викендите. Останувањето до доцна и понатаму може инцидентно да се случи во текот на работната недела, но пиењето и станувањето со двојно поголема глава во среда наутро не ви изгледа баш како добра идеја, бидејќи знаете дека ќе треба да работите цел ден со главоболка и со недостаток на сон.rnrn6. Станувате поздрави. Важно ви е редовно да вежбате. Го регулирате внесот на витамини и минерали. Јадете повеќе зеленчук и овошје и далеку почесто успевате да им одолеете на хамбургерите и останатата брза храна. Едноставно сфаќате дека безгрижниот однос кон вашето тело од пред неколку години веќе не функционира. Ја прифаќате промената и се прилагодувате.rnrn7. Се возбудувате кога ќе добиете подарок за домаќинство. Сè почесто кога одите во маркет, застанувате кај рафтовите за домаќински работи, но особено ве радува кога некој ќе ви подари ново тавче, блендер или модерна правосмукалка.rnrn8. Повеќе не се грижите што мислат луѓето. Ова секако не важи генерално за сè во животот, но за некои работи како музиката што сакате да ја слушате, книгите кои сакате да ги читате и облеката во која одите на пазарење, едноставно веќе не ви грижа кој што ќе мисли. Имате сфатено дека постојат поважни работи во животот и повеќе не им обрнувате внимание на работите кои сосема ве дефинираа во адолесцентските денови.rnrn9. Поселективно ги градите вашите врски. Веќе не ви е грижа за луѓето кои не ве почитуваат и не се добри со вас. Наместо да се заморувате со нив, сè повеќе вложувате во пронаоѓање и задржување на оние луѓе кои вас ви се допаѓаат и ви значат и кои знаете дека исто ве гледаат вас. Сакате да го поминувате времето со нив, со луѓето кои се забавни и со кои се сложувате, а не со луѓе кои ве осудуваат.rnrn10. Полека си заминува носталгичното чувство за факултетските денови. Супер изгледаа забавите среде недела, останувањето до раните утрински часови, пиењето, секојдневното дружење со пријателите и колегите, но да се биде возрасен и зрел си има свои предности. Конечно можете да отидете на кафе сред бел ден и да разговарате за нешто друго освен за испити и колоквиуми, да работите вистинска работа и да заработувате наместо да зависите од џепарлакот од вашите родители или од келнерската плата. Се сеќавате на убавото минато, но го цените и она што го имате сега.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да поседува еден возрасен маж?

    Што треба да поседува еден возрасен маж?

    Промената од откачен детинест дечко кон возрасен маж некогаш во животот мора да се случи. Тоа секако значи зрелост во однесувањето, но и во некои други работи. Овие 7 нешта, доколку не ги поседувате, ве издаваат дека сè уште не се пораснале:rnrnШто треба да поседува еден возрасен маж?rnrn1. Соодветна облека – Можеби поседувате едно сако за сите посебни прилики во вашиот плакар, но и тоа е напразно доколку го искомбинирате со широки фармерки кои ви се влечат на подот и патики за трчање.rnrn2. Машки кожен паричник – Спортските паричници со лепенка едноставно не се за возрасен човек.rnrn3. „Возрасен“ пешкир – Доколку сте веќе возрасна и самостојна личност, сосема е нормално девојки да преспиваат кај вас. Ако девојка ви побара пешкир за туширање, погрижете се да не ѝ го подадете оној со Џивџи.rnrn4. Алат – Не мора да сте којзнае каков мајстор, ама клешта и чекан мора да ви се наоѓа по дома.rnrn5. Пасош – Девојка ви ве кани на патување за двајца кое го добила на наградна игра. За жал, без пасош тешко дека ќе ве пуштат во авионот за Виена.rnrn6. Добра долна облека – „Бетменките“ едноставно не се секси. Широките шарени боксерки се за тинејџери. Одиме понатаму.rnrn7. Исправна кола – Не мора да е спортски модел на автомобил или некој што ќе импресионира со еден куп врвна технологија, но барем треба да може да ве однесе заедно со девојка ви таму каде што сте тргнале. Не би било баш џентлменски да ја прашате дали би сакала да турка додека ви запали колата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Табу – бу!

    Табу – бу!

    Ние луѓето често си го применуваме познатиот трик за решавање на проблемите и предизвиците во животот. Се правиме „на Тошо“. Го игнорираме надевајќи се дека ќе помине. Штета што не разбираме дека така ништо не решаваме. Во последно време размислувам, колку децата се отворени со своите родители? Уште поважно, колку родителите се отворени со своите деца?rnrnЖивееме во општество во кое, за жал, сексот е табу тема. Страшно е да се зборува за тоа. Бу! Баш затоа и родителите (или барем повеќето), решиле да ја игнорираат темата или едноставно да ја прескокнат. Дали некогаш сте разговарале со вашата мајка или вашиот татко на тема секс? И доколку се случил таков разговор, колку сте биле отворени пред другата страна?Табу – бу!Јас разбирам колку може да ти биде лошо кога ќе помислиш дека твоето дете има односи. Всушност воопшто не ни сакаш да размислуваш бидејќи цел живот твојата ќерка ќе ја гледаш како малечко невино девојче, без разлика на нејзината возраст. Јасно ми е дека таквата помисла може да биде трауматично искуство за родителите. Ама не ми е јасно зошто најголем дел од нив одбираат да не разговараат со своите деца искрено и отворено. Упорно се однесуваме како да сме паднати од Марс. Жалам драги родители, ама ако сте одбрале да ја игнорирате оваа тема и да не разговарате со своето дете за тоа, не значи дека „тоа“ не постои.rnrnСите сме израснале слушајќи ги нашите мајки како ни велат „седни јади, седни учи, врати се дома до 12, облечи се подобро, јади зеленчук и овошје, не ме нервирај – јади манџа, не седи на промаја…“ Жалам драги мајки, ама не разбирам зошто толку се потресувате од терминот „промаја“ и зошто му ставате толкав акцент? Па промајата не прави дете на 17 години, туку неинформираните тинејџери.rnrnЗаминала ќерка ѝ да студира во друг град, а оваа мисли дека таму чавки брои. Или, ќерка ѝ има дечко веќе 4 години, а мајка ѝ упорно ѝ збори дека треба да јаде и да не седи на промаја, игнорирајќи апсолутно секаква друга тема на муабет. Кого залажувате, драги наши мајки и татковци?rnrnСексот не е табу тема, уште од многу одамна веќе не е, макар во светот, ама за кај нас сè уште не сум сигурна. Статистиката покажува дека огромен е бројот на тинејџери кои имаат сексуални односи, а се недоволно информирани на таа тема и не се доволно зрели. Седнете и разговарајте со своето дете бидејќи тоа ви е должност како родители.rnrnИли мислите дека најдобро е децата сами да си се информираат и да си се снаоѓаат како знаат и умеат? Можеби затоа им купувате ајфони уште на 10-годишна возраст? Тоа е вашето решение? Не навлегувај во никаков интимен разговор со твоето дете. Едноставно купи му го тоа што го сака за да бидеш подобар родител.rnrnИ како што сè повеќе и повеќе зема замав трендот да им се купуваат луксузни телефони на основци, се прашувам, а што ќе им побараат тие деца на своите родители кога ќе имаат 15 години? Авион?rnrnЕли rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 знаци дека имате речиси 30 години

    30 знаци дека имате речиси 30 години

    Како што се наближува 30-тата година од вашиот живот, многу работи коишто претходно ви биле приоритет и предизвик, ви стануваат досадни или неостварливи. Следниве 30 знаци ќе ве уверат дека сè е во ред со вас, но годините едноставно ги менуваат работите.rn

    1. Полицаец ви бара лична карта и вашата прва мисла е „одлично“.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    2. Наместо фотографии од журки со коктелите в раце, вашите пријатели на Фејсбук сè повеќе објавуваат фотографии од бебиња.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    3. Се возбудувате кога одите на концерт каде што има слободни столчиња за седење.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    4. Започнувате приказни од типот „Кога бев на факултет…“ и сфаќате дека тоа се случило пред 10 години.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    5. Кога гледате тинејџерски филмови или ТВ серии, сфаќате дека повеќе ја држите страната на родителите, отколку на децата.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    6. Излеговте во бар, но набрзо си отидовте дома, бидејќи музиката ви беше премногу гласна.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    7. Имате еден куп бизнис-картички од претходните работни места, на кои немате поим што да им правите.

    rn

    8. Ги гледате познатите интересни личности кои се во нивните рани триесетти години и си помислувате „сè уште има надеж за мене“.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    9. Ве фаќа неверојатен страв секогаш кога треба да ја проверите состојбата на вашата сметка во банка.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    10. Сериозно размислувате да си купите куче. Или време е за бебе? Не, сепак ќе си земете куче…

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    11. Со задоволство би платиле малку повеќе за убава и чиста хотелска соба, отколку да се стискате со 12 пријатели во некој хостел.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    12. Бројот на познати музички артисти за кои никогаш не сте чуле постојано расте.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    13. Секоја вечер си помислувате, колку не ви се прави ништо во животот.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    14. Го имате искусено стравотниот дводневен мамурлак.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    15. Сфаќате дека родителите биле на ваша возраст или помлади кога вие сте дошле на овој свет, па имате поголемо разбирање за нив.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    16. Кога вежбате ве болат колената. Всушност сè ве боли!

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    17. Тинејџерскиот сленг ве вади од кожа!

    rn

    18. Почнувате да купувате чевли кои се исклучително удобни.

    rn

    19. Некое мало дете повеќе знае за паметните телефони од вас.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    20. За време на викендите, наместо да испиете вкупно две пијачки во четири различни барови, вие пиете две пијачки во еден бар и после тоа си одите дома на спиење.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    21. Премногу се возбудувате за некои чудни работи, како што се ниските каматни стапки.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    22. Сериозно се прашувате, како некогаш сте издржувале без спиење цела ноќ.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    23. Имате отидено на забава, на која барем двајца од вашите пријатели дошле со бебињата.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    24. Наместо да ги бркате автобусите секој ден, се возите со сопствена кола.

    rn

    25. Пиете чаша јогурт кога сте гладни пред спиење. Времињата кога јадевте хамбургери после диско и многу алкохол се далеку зад вас.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    26. Веќе не доаѓаат предвид неколкудневните концерти во соседните земји, бидејќи вашата идеална дестинација за забава треба да биде оддалечена на максимум 15 минути возење.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    27. Сите кул работи коишто се рекламираат по медиумите се наменети за луѓе кои се помлади од вас.

    rn

    28. Купувате 3 шишенца млеко за сончање со највисок фактор пред да одите на одмор.

    rn30 знаци дека имате речиси 30 годиниrn

    29. Не пропуштате да се пофалите на социјалните мрежи секојпат кога ќе го срушите рекордот во трчање.

    rn

    30. Го прочитавте целиов текст од А до Ш, за да се уверите дека не е до вас, туку е до годините.

  • Синдромот Петар Пан

    Синдромот Петар Пан

    Сликите и спомените се добра работа. Како времеплов кој те носи таму каде што сакаш да бидеш. Јас лично, обожувам да ги гледам снимките од мојот втор и трет роденден. Пеам, играм, филозофирам (само што големите образи не ми дозволуваат да зборувам јасно и разбирливо), и приредувам вистинско шоу за присутните, на кои им доаѓа да скокнат низ прозор. Ама ако, дете сум била, што има да се срамам кога сум имала 3 години?rnrnМожеби таа детска смелост и бестрашност не смееме да дозволиме да нè напушти, ама нè напушта. Кога-тогаш стануваш многу свесен за своите постапки. Почнуваш да се срамиш, да ги покажуваш твоите „таленти“ со резерва, и полека те напушта детскиот сон дека кога ќе пораснеш ќе бидеш позната балерина. Па престануваш да скокаш од кауч и да си замислуваш дека навистина си балерина. Или престануваш со твојата тактика на вриштење и тркалање по земја бидејќи не ти купуваат нешто, па учиш за она што го сакаш да се бориш со зборови, на цивилизиран начин. Кај женските најчесто тоа се случува околу 5-годишна возраст. Кај машките – поретко.Синдромот Петар ПанВо просек девојчињата побрзо почнуваат да зборуваат за разлика од машките и побрзо заодуваат. Потоа, уште во основно покажуваат разбирање за чувства и вљубеност. Доколку кај машките се јави чувство на симпатија кон некое девојче, најчесто се шегуваат со неа, ја нарекуваат со навредливи зборови, ја туркаат, со еден збор не знаат како да се однесуваат со девојчето, бидејќи и самите не разбираат како се чувствуваат и што им се случува. И ќе си речеш OK, имаат 8 години. Ама не е OK ако имаат 20.rnrnНа 20 години не знаат како да ѝ пријдат на девојка, не можат да си ги објаснат своите чувства, а уште помалку да разберат нечии други, со еден збор одбиваат да созреат, а јас тоа накратко го викам Петар Пан синдром. Само што овие нашиве не носат зелени хеланки. На речиси 30 години тој брка 16 годишни од проста причина што не знае да направи муабет со зрела девојка.rnrnЕдно е да те држи детскиот жар и елан за живот, друго е да одбиваш да пораснеш. На 25 години излегува со женска, а се однесува како да излегол со мајка му за да му купи сладолед и автомобилче. Постои бонтон како треба да се однесуваш со девојка и начини на изразување кои му доликуваат на возрасен човек. Би требало, барем на таа возраст, ако ништо друго, да знаеш да покажеш чувства. Би требало веќе да почнеш да заработуваш сам и сам да се грижиш за себе, бидејќи НЕМАШ ВЕЌЕ 3 ГОДИНИ.rnrnАма што очекуваме, кога најголем број од нив до 30 години си живеат со мама и тато, мама ги пере и пегла, мама им ја мести масата (инаку нема да се снајдат сами и нема да јадат), мама ги потсетува дека треба да влезат и да се истушираат, и секако, мама им менува постелнина и им го мести креветот. И после очекуваш истиот тој, кога ќе излезе со тебе, дека ќе те гледа како возрасна девојка или дека ќе се однесува како возрасен маж… да, секако. Мала е веројатноста дека ќе созрее дури и кога ќе се ожени, дека ќе се осамостои и ќе те гледа како негова жена, а не мама која треба да му оди по газот.rnrnКога си тинејџерка, можеби ќе „паднеш“ на слатки зборови, и нема толку да ти смета фактот што не е созреана личност туку дека е уште момче. Ама кога ќе ја надминеш 20-тата, бараш созреан маж, кој ќе те сака, почитува, ќе ги разбира твоите чувства, ќе биде самостоен и едноставно ќе има манири кои му доликуваат на маж и ќе ти биде мило кога ќе го пронајдеш бидејќи прави да се чувствуваш како жена.rnrnНам нервите ни се мили и не служиме како терапија за лечење на некаков синдром. Созрејте, не се лигавете, бидете мажи како што ви доликува. Со тек на време ќе сфатите дека девојките ги менуваат своите критериуми, па по одреден период нема да ѝ бидете интересен само бидејќи имате нови Адидаски кои мама ви ги купила. Ќе ве почитува бидејќи имате најобични патики кои сами сте ги купиле.rnrnВозрасни дами и господа, ве поздравувам до следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 карактеристики на зрелите луѓе

    7 карактеристики на зрелите луѓе

    Зрелоста на еден човек во нашето општество најчесто се изедначува со прифаќање на широко прифатените норми на однесување карактеристични за одредена возраст, но психолозите поинаку гледаат на овој проблем. Некој може веќе да има широки знаења од одредена област, одлично да комуницира, да има дете на 25-годишна возраст, но тоа не значи дека стекнал емоционална зрелост. Д-р Тим Елмор издвојува седум битни карактеристики кои човек треба да ги усвои за да може да се нарече зрел.rnrn7 карактеристики на зрелите луѓеrn

    Знаат да го одложат задоволството

    rnЕдна од најзначајните карактеристики на зрелите луѓе е способноста да го одложат задоволството. Пример за одложување на задоволството е ученик кој домашните задачи ги завршува во петок за да има целосно слободен викенд. Тој задоволството од слободата го одложува за периодот кој доаѓа откако претходно ќе се соочи со маката на вложувањето труд. Созреаната личност нема проблем на ваков начин да го одложува задоволството кога се работи за долгорочни цели. Таа ќе продолжи да работи на нив дури и кога уживањето ќе изостанува, но е свесна за позитивните резултати кои ја очекуваат.rn

    Знаат да се справат со комплименти и критики

    rnСозревањето значи учење дека ништо не е онолку добро колку што можеби изгледа, ниту е толку лошо колку што се чини. Затоа оние кои веќе созреале знаат да ги прифатат комплиментите и критиките, а воедно тоа да не им влијае премногу на сопствената слика за себе. Тие нема да се дигнат во облаци од убави зборови за нив, ниту ќе се паднат во депресија од лошите критики.rn

    Поседуваат скромност

    rnНаспроти раширеното погрешно гледиште, скромноста не е особина која се манифестира со тоа што ќе се откажете од своите потреби и ќе се задоволите со малку. Тоа подразбира цврсто да стоите на земја, да бидете свесни за сопствената вредност и да го барате она што мислите дека ви припаѓа. Скромниот човек оддава почит на оние кои му помогнале и не очајува по туѓите признанија. Тоа е зрелост и е спротивно на ароганција.rnrn7 карактеристики на зрелите луѓеrn

    Носат рационални одлуки врз основа на принципи

    rnЌе препознаете незрел човек по тоа што заклучоците и одлуките го носи врз основа на емоциите кои го преплавуваат во дадениот момент. Зрелиот човек има свои принципи, добро изграден сопствен систем на вредности и не отстапува од нив ниту кога е соочен со тежок предизвик. Секогаш носи рационални и независни одлуки.rn

    Благодарни се

    rnНезрелите претпоставуваат дека го заслужуваат сето убаво што им се случува, без разлика колку сработиле за да го достигнат тоа. Оние другите знаат дека сè мора да се заслужи, знаат дека патот до успехот не е лесен и свесни се колку имаат во споредба со другите. Тие секогаш чувствуваат благодарност за она што го постигнале, кон себе и кон оние што им помогнале во тоа.rn

    Знаат како и кога да им дадат приоритет на другите

    rnПостојаното давање приоритет на туѓите потреби пред своите може да нанесе многу штета по менталната состојба на една личност, но доколку таа поседува вистинска зрелост, тогаш ќе знае кога и како да го стори тоа. Нивниот свет не се врти само околу самите нив, туку тие знаат да им помогнат и на оние кои имаат потреба од тоа. Знаат да проценат кога треба да постапат така, а кога не.rn

    Отворени се за учење во текот на целиот живот

    rnНа крај, зрел човек знае дека не знае сè. Колешката на д-р Елмор, д-р Сузан Питерс има кажано дека децата имаат добри шанси да созреат ако тоа прво им успее на нивните родители. Оној кој е доволно зрел да биде родител не се поставува кон другите како да ги знае сите одговори на овој свет, туку продолжува постојано да учи и да бара совети кога му се потребни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемите разочарувања во животот

    Најголемите разочарувања во животот

    Во животот секогаш постојат падови и подеми. Еднаш сте на врвот, друг пат ве газат. Како и да го живеете животот, секогаш ќе постојат состојби, луѓе и случувања кои ќе ве разочаруваат. Сепак, ваквите работи нè оформуваат како личности, нè изградуваат и од нив учиме вистински да го живееме животот. Ова се петте најголеми разочарувања кои неминовно сите ги доживуваме во текот на животот.rnrn

    Најголемите разочарувања во животот
    Детство – Дедо мраз не постои
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Адолесценција – Љубовта не е вечна
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Младост – Факултетска диплома не гарантира работа
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Зрелост – Идеалите имаат цена
    rnrn
    Најголемите разочарувања во животот
    Старост – Животот е залудно потрошен

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Станувате зрели кога сексот ќе престане да ви биде на прво место

    Станувате зрели кога сексот ќе престане да ви биде на прво место

    Речиси половина учесници од едно истражување кое го спровело интернет порталот за пронаоѓање партнер www.seekingarrangement.com, сметаат дека 28-та година од животот претставува пресвртница, односно точка во која се напушта младоста и се влегува во светот на возрасните, зрели години.Станувате зрели кога сексот ќе престане да ви биде на прво местоСпоред мислењето на испитаниците меѓу кои имало и мажи и жени, промените најмногу се чувствуваат во односот кој го имаме спрема работата и интимниот живот. Така на пример, на жените кои наполниле 28 години најважна им станува кариерата, а самата работа им станува побитна дури и од сексуалниот живот. Истражувањето покажало многу слични промени и кај мажите. И тие стануваат многу сериозни. За поголемиот дел од припадниците на посилниот пол, односно 40 отсто, зрелата доба започнува на 28 години, а 30% од нив пак, сметаат дека преломна година претставува 30-тата.rnrnСтручњаците составиле листа со работи кои ќе ви помогнат да ги препознаете симптомите дека веќе не сте во цутот на младоста:rn
    rn

      rn011

    • Моментот кога првпат ќе се откажете од сексот, зошто наутро имате важен состанок.
    • rn011

    • Веќе некое време немате поим кои песни се наоѓаат на врвот на топ листите.
    • rn011

    • Размислувате за купување недвижен имот, бидејќи ви е смачено од изнајмување станови или живеење под ист покрив со родителите.
    • rn011

    • Не ви е веќе толку драго навечер да лудувате по клубовите.
    • rn011

    • Повеќе сакате да готвите и подготвувате храна во вашиот дом, бидејќи од брзата храна не се чувствувате добро.
    • rn011

    • Наместо да одите на одмор со пријателите, повеќе би сакале да отидете со саканата личност.
    • rn011

    • Не сакате веќе само да се забавувате со девојки/момци, туку сакате да имате заедничка иднина со некоја личност, па дури и да склучите брак.
    • rn

    rnСепак, вистината е дека зрелоста не може да се мери со годините и степенот на сериозност зависи од личност до личност. Додека некои луѓе стануваат многу сериозни и на 20 години, некои и во својата шеста деценија, се однесуваат како несериозни деца.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога почнав да се сакам себеси – Чарли Чаплин

    Кога почнав да се сакам себеси – Чарли Чаплин

    Се претпоставува дека поемата „Кога почнав да се сакам себеси“, Чарли Чаплин ја напишал на својот 70-ти роденден, на 16 април 1959 година.rnrnКога почнав да се сакам себеси - Чарли ЧаплинrnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека секогаш и во секоја приликаrnсум на вистинското место, во вистинското време,rnи дека сè што се случува е така како што треба да биде.rnОттогаш можам да бидам спокоен.rnДенеска знам: тоа се нарекува ВЕРБА.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив колку може да биде навредливо за некојrnкога се обидувам да му ги наметнам моите желби,rnиако знам дека моментот не е вистински и дека таа личност не е подготвена за тоа,rnпа дури и тогаш кога таа личност сум јас.rnДенеска знам: тоа се нарекува ПОЧИТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnможев да препознаам дека емотивната болка и страдањетоrnсе предупредување да не живеам против сопствената вистина.rnДенеска знам: тоа се нарекува АВТЕНТИЧНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да копнеам за друг животrnи можев да видам дека сè околу мене беше повик за растење.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЗРЕЛОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да се лишувам од моето слободно време,rnпрестанав да планирам грандиозни проекти за иднината.rnДенеска го правам само она што ми причинува задоволство и радост,rnона што го сакам и заради кое моето срце се смее.rnГо правам на мој начин, со мое темпо.rnДенеска знам: тоа се нарекува ИСКРЕНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпобегнав од сè што не е здраво за мене,rnод јадења, луѓе, работи, ситуации…,rnод сè што ме влечеше надолу и ме оттргнуваше од самиот себе.rnНа почетокот тоа го нарекував „здрав егоизам“,rnно денеска знам: тоа е ЉУБОВ КОН САМИОТ СЕБЕ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да сакам секогаш да сум во право,rnа на тој начин помалку грешев.rnДенеска знам: тоа се нарекува СКРОМНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnодбив да живеам во минатотоrnи да се грижам за мојата иднина.rnЖивеам овде и сега.rnДенеска знам: тоа се нарекува СВЕСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnвидов дека моите мислиrnможат да ме направат мизерен и болен.rnНо, кога моите мисли побараа сила од срцето,rnмојот ум доби важен партнер.rnДенеска знам: тоа се нарекува МУДРОСТ НА СРЦЕТО.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека нема потреба да се плашиме од дискусии, конфликти и проблеми,rnбидејќи дури и ѕвездите понекогаш се судираат,rnно потоа создаваат нов свет.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЖИВОТ.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.