КАФЕ ПАУЗА

Tag: знаменитости

  • Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

    Најпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светот

    Иако се протега на површина од само половина квадратен километар, Ватикан е дефинитивно една од најзанимливите земји во светот, но и една од најрелигиозните. Преубавите градби и фактот дека ова место е и седиштето на римокатоличката црква се доволни причини за посета. Сепак, и покрај верскиот аспект, за многумина Ватикан е „кул“ дестинација, особено доколку сте вљубени во историјата и уметноста. Доколку патот ве однесе натаму, не пропуштајте ги овие знаменитости.rnrnНајпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светотrn

    Ватикански музеи

    rnДоколку Ватикан се најде на вашата мапа, задолжително посетете ги Музеите на Ватикан. Музејската установа е сместена во ватиканската палата и со своите 1400 соби претставува исклучително важен музејски комплекс. Тоа се должи не само на бројот на артефакти туку и самата вредност на ремек- делата кои со векови биле собирани од страна на папите. Друг фасцинантен детаљ е и самата големина на музејот. Еден од поинтересните оддели е Галерија на картите каде се изложени стари карти, а во музејот Кијарамонти можете да видите над 800 примероци од антички ремек-дела. Покрај уметничките, археолошките и етноантрополошките артефакти како египетски мумии, артефакти од етрурска бронза, во музеите на Ватикан се наоѓаат и дел од просториите каде сликале Рафаело и Микеланџело. Музејот располага со колекција од дури 70.000 слики и скулптури, изложени во повеќе од 54 галерии. Тука ќе ги најдете и делата на ренесансните и барокните сликари како Леонардо да Винчи, Бернини и Караваџо. Освен тоа, ќе најдете и колекција на модерна уметност со делата на Гоген, Пикасо, Дали и Ван Гог.rnrnНајпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светотrn

    Сикстинска капела

    rnСекако, доколку сте во посета на Ватикан, ви препорачуваме да ја посетите една од најубавите капели во светот – Сикстинската капела. Капелата е изградена од архитектот Џовани де Долчи помеѓу 1475 и 1483 година, по наредба на папата Сикст IV. Како што е познато, фреските на Микеланџело го красат таванот на капелата.rnrnНајпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светотrn

    Базилика Свети Петар

    rnЦрквата е изградена во ренесансен-барокен стил, а се верува дека овде се наоѓа и гробот на Свети Петар, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и првиот епископ. Не пропуштајте го олтарот на Свети Петар како и познатата скулптура на Микеланџело, Пиета (Pietà – милост) која претставува и неговото прво потпишано дело.rnrnНајпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светотrn

    Една од најстарите војски во светот

    rnИнтересен факт за Ватикан е тоа дека ја поседува најмалата, но една од најстарите војски во светот – швајцарската гарда основана од папата Јулиј II во 1506 година која денес брои 110 членови.rnrnНајпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светотrn

    Банкомати на латински јазик

    rnОфицијална валута во земјата била ватиканската лира сè до 2002 година кога била заменета со еврото. Она што е занимливо е тоа дека банкоматите имаат и мени на латински јазик.rnrnНајпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светотrn

    Плоштад Свети Петар

    rnОва е најголемиот плоштад во Ватикан, изграден во 17 век, а се наоѓа пред базиликата Свети Петар. Нуди прекрасен поглед на базиликата но и на Сикстинската капела над која штрчи бел чад како сигнал за изборот на нов папа.rnrnНајпознати знаменитости и занимливи факти за најмалата земја во светотrnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Ватикан, можеби ќе сакате да прочитате и занимливости за животот на познатиот италијански сликар Рафаело Санти.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

    Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом

    За многумина од нас првата асоцијација за Куба е градот Хавана. Но, повеќето туристи кои имале можност да ја посетат оваа земја ќе ви кажат дека вистинска кубанска магија се крие во гратчето Тринидад. Градот кој се карактеризира со мали калдрмисани улички, згради од 18 и 19 век во пастелни бои и уредени барокни плоштади, е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1988 година.rnrnСветскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот домrnrnДоколку поминете покрај канделабрите од ковано железо на плоштадот Мајор кон автобуската станица, ќе здогледате човек кој седи покрај количка и чкрта во својот тефтер. Неговото име е Луис Мартинез.rnrnМартинез е автор на повеќе од 3.000 песни за градови и знаменитости ширум светот. Неговата умешност се состои во тоа да го опишува секое место со прецизни и живописни детали како тукушто да го видел со свои очи. Сепак, Мартинез никогаш не ја напуштил Куба. Во изминатите 20 години тој работел како амал на автобуската станица во Тринидад, при што дење разговарал со туристите, а ноќе ги проучувал старите атласи и преку нив го „запознал“ светот.rnrn

    Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом
    Alice Bellincioni & Giulia Paltrinieri
    rnrnДолго време многу Кубанци како Мартинез можеле само да се прашуваат што се наоѓа преку океанот. По револуцијата во 1961 година, тогашниот претседател Фидел Кастро донел строги ограничувања за патување со цел да ги спречи Кубанците масовно да заминат од земјата. Забраната останала на сила повеќе од 50 години сè до 2013 година кога тогашниот водач Раул Кастро го укинал законот според кој сите граѓани кои сакале да патуваат во странство морале да бараат владина дозвола.rnrnНо, за многумина кои исто како и Мартинез биле само деца кога земјата ги затворила границите, читањето книги и проучувањето мапи било единствениот начин да се „напушти“ Куба.rnrnДенес, Мартинез, кого не го служи здравјето како што тој самиот изјавува, продолжува да пишува и да запознава нови пријатели од странство кои му го носат светот во Тринидад.rnrnОткако ја прочитавте неверојатната приказна за Луис Мартинез, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те причини поради кои ќе се вљубите во Куба.rnrnИзвор: bbc.com

  • 10 европски градови со најмногу туристички атракции

    10 европски градови со најмногу туристички атракции

    Ако имате само неколку дена за патување, а сакате да посетите колку што е можно повеќе знаменитости, треба да изберете некој од градовите што отсекогаш биле центри на историските настани.rn

    1. Париз, Франција

    rnВо француската престолнина има околу 5.800 туристички атракции. Без разлика дали сакате да крстарите по Сена, да обиколите околу 300 музеи или едноставно да ѝ се восхитувате на Ајфеловата кула, Париз е тука за да ги исполни сите ваши желби.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    2. Лондон, Англија

    rnВтор на списокот на атракции е Лондон, кој има многубројни убаво уредени паркови и музеи, па затоа е невозможно да видите сè само со една посета. Меѓутоа, ако сакате малку да излезете од градот и околните градови имаат што да понудат.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    3. Барселона, Шпанија

    rnНешто повеќе од 5.000 атракции или поточно 5.079, па не е ни чудо што Барселона има толку многу проблеми со големиот број туристи бидејќи тие постојано се враќаат во овој град за да ги посетат најважните знаменитости. Во 2018 година само од крстарења имало 4,4 милиони туристи.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    4. Москва, Русија

    rnБез разлика дали сакате да го посетите Црвениот плоштад, катедралата „Св. Василиј“ или сакате да ги видите знаменитостите спомнати во делата на вашите омилени руски писатели, ќе можете да го направите сето тоа затоа што Москва стана многу подостапна и попривлечна за туристите. Љубителите на архитектурата можат да видат многу со само едно крстарење по истоимената река.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    5. Прага, Чешка

    rnПрага е сигурно еден од најубавите градови во Европа, а можете да ја посетите кога сакате бидејќи има одлична транспортна врска со поголемите градови и прифатливи цени за транспорт. Ако сте првпат во Прага, не смеете да ги пропуштите Стариот градски плоштад, Карловиот мост и Астрономскиот часовник.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    6. Истанбул, Турција

    rnОвој „чувар на портата на истокот и западот“ се најде на шестото место. Во Истанбул има околу 200 велнес и спа-центри, а повеќе од 300 музеи. Архитектурата на градот е разновидна затоа што тој бил во рацете на Грците, на Евреите, на Ерменците итн.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    7. Рим, Италија

    rnМногумина ќе бидат изненадени затоа што Рим не е меѓу првите на оваа листа, но пресметано е дека градот има 3.563 атракции. Лесно е да се за заљубите во „Вечниот Град“, но немојте да бидете премногу нападни затоа што градот презема строги мерки против туристите што не ги почитуваат историјата и правилата.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    8. Мадрид, Шпанија

    rnОколу 700 атракции од 3.491 што ги има Мадрид се поврзани со ноќните настани и забави. Затоа, пред да заминете на забава со некое јако шпанско вино, добра идеја би било да се одморите во некое удобно сместување. И не заборавајте дека сте во градот во кој се наоѓа музејот „Прадо“.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    9. Амстердам, Холандија

    rnАмстердам е одличен град ако сакате одеднаш да посетите многу места. Во овој град можете да ги доживеете најдобрите моменти во животот, но и најлошите, а сè зависи од тоа каков турист сте и што барате. Иако првата асоцијација на Амстердам се легализираната марихуана и проституција, овој град може да понуди многу атракции.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrn

    10. Берлин, Германија

    rnБерлин се најде на 10-тото место со 3.475 атракции. Никој не може да ги посети сите атракции со само една посета на овој град. Берлин е еден од градовите во коишто луѓето секогаш се враќаат, но ако сте првпат во овој град, не прескокнувајте го Берлинскиот ѕид, спомениците посветени на холокаустот и уникатните германски барови.rnrn10 европски градови со најмногу туристички атракцииrnrnМожеби ве интересира кои туристички дестинации имаат богата историска култура.

  • 7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денес

    7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денес

    Средниот век опфаќа поголем дел од историјата на уметноста на Европа. Започнувајќи со падот на Римската империја во петтиот век и завршувајќи со почетокот на Ренесансата, овој период опфаќал околу 1.000 години.rnrnВо овој период архитектите, уметниците и другите артисти ги оформиле градовите и заедниците кои ни се познати денес. Додека многу од средновековните ремек-дела се изгубени, некои стојат исправено и денес и служат како прозорец што ни овозможува да погледнеме кон минатото. Погледнете ги средновековните знаменитости ширум Европа што можете да ги видите и денес.rn

    1. Мон Сен Мишел

    rn7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денесrnrnМон Сен Мишел е остров лоциран во близина на брегот на Нормандија. Оваа уникатна заедница има неверојатна историја и е основна во 6-тиот век. Оригинално именуван Мон Том, островот станал познат како Мон Сен Мишел кога еден бискуп го осветил со мала црква, откако имал визија од архангел Михаил. Векови подоцна биле додадени две големи градби што го трансформирале островот во она што можеме да го видиме денес. Опатијата била изградена во 966-та година, а ѕидот во 13-тиот век.rnrnВклучувајќи елементи и од романтизмот и од готиката, опатијата е совршен пример за француската архитектура во Средниот век. Ѕидот одлично покажува како изгледале многуте тврдини подигнати во средновековна Европа.rnrnОстровот е заштитен од УНЕСКО од 1979-та година. Секоја година, 2,5 милиони посетители влегуваат во ѕидините и го истражуваат неверојатниот остров.rn

    2. Плоштадот Свети Марко во Венеција

    rn7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денесrnrnБез сомнение, Венеција е град кој наликува на бајка. Една од најпознатите знаменитости во градот е Piazza San Marco, или плоштадот Свети Марко.rnrnИзграден во 9-тиот век, на почетокот на плоштадот имало само мала капела. До 1092-ра година местото било проширено и биле додадени градби како базиликата на Свети Марко, црква и камбанарија. Базиликата е најпрепознатливата знаменитост од средниот век. Денес плоштадот останува религиски, политички и социјален центар на Венеција, како и голема туристичка атракција.rn

    3. Каналите во Бриж

    rn7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денесrnrnКако Венеција, и Бриж во Белгија е поврзан со канали. „Украсени“ со калдрми, жални врби и шармантни колиби, овие канали се симбол на бајковитиот град.rnrnКаналите во Бриж биле изградени во 1128-ма година. Познати како „артериите“ на градот, тие имале важна улога во развојот на градот во Средниот век, бидејќи нуделе ретка и директна конекција со Северното Море. Оваа врска ја отворила можноста за интернационална размена и го ставила Бриж на мапите.rnrnИако улогата на каналите е променета со текот на времето, нивниот изглед воглавно е ист. Па тие се одличен приказ за средновековна Белгија.rn

    4. Сен Шапел

    rn7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денесrnrnВо Средниот век во Париз била изградена Сен Шапел, односно Света капела. Наречена и „бисер на готскиот стил“, оваа неверојатна црква ја прикажува естетиката на француската архитектура од 13-тиот век.rnrnЛуј IХ ја изградил црквата во 1248-ма година. На почетокот била наменета за чување реликвии и во неа се наоѓале некои од најскапоцените артефакти на католиците. Иако реликвиите биле преместени во Нотр Дам во 1804-та година, капелата останала позната по неверојатните слики на прозорците кои прикажуваат дури 1.113 сцени од Библијата.rnrnДенес ова свето место привлекува секакви посетители – од верници, до љубители на уметноста.rn

    5. Богородичната црква

    rn7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денесrnrnБогородичната црква во Париз е едно од најпознатите средновековни чуда. Познатата црква е славена поради иновативниот дизајн, импресивните скулптури и високата кула.rnrnЦрквата е направена во чест на Марија, мајката на Исус, па оттаму нејзиното име што во превод од француски значи „Нашата дама“. Иако изградбата започнала во 1160-тите, црквата била завршена дури 200 години подоцна. Оттогаш градбата постојано еволуира. Замена на прозорците, чистење на фасадата и додавање на гарголите се само некои од промените.rn

    6. Астрономскиот часовник во Прага

    rn7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денесrnrnСтарото собрание во Прага е едно од нејзините најпосетени знаменитости. На врвот на градбата се наоѓа познатиот Астрономски часовник што ја краси фасадата.rnrnОвој неверојатен часовник бил усовршуван со текот на времето. Механичкиот часовник и астрономскиот бројач (направа што ја следи моменталната положба на сонцето и месечината) биле инсталирани во 1410-та година. Во 1490-та година, бил додаден и календарски бројач. Во 1600-тите, часовникот бил украсен со дрвени скулптури.rnrnБлагодарение на редовните поправки и одржување, часовникот работи и денес. Ова го прави најстариот астрономски часовник кој сè уште е во функција.rn

    7. Катедралата Вестминстер

    rn7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денесrnrnКатедрала Вестминстер има многу намени. Покрај тоа што е една од најважните цркви во Англија, овде се погребани и британските монарси, а има и цело богатство од слики, цртано стакло, материјали и други артефакти.rnrnВестминстер била изградена во 10-тиот век. Но, структурата што може да се види денес воглавно била изградена во 13-тиот век, под власта на кралот Хенри III. Оттогаш и ентериерот и екстериерот на готската катедрала ја задржале средновековната магија, правејќи ја катедралата една од најпосетените знаменитости.rnrnПокрај тоа што е отворена за туристи, Вестминстер привлекува и верници и сè уште има црковна служба 7 дена од неделата.rnrnПогледнете ги и дестинациите во Европа кои се идеални за патување со воз.

  • Најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет

    Најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет

    Кога помислувате на најпознатите знаменитости ширум светот, кое е првото нешто што ви паѓа на памет? Најверојатно одговорот е Таџ Махал, Биг Бен, Ајфеловата кула…rnrnНајпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на ИнтернетrnrnКомпанијата Storyblocks открила кои се најпопуларните знаменитости во светот што ги пребаруваат креативните луѓе на Интернет. Овие луѓе кои се фотографи, писатели, блогери и слично, секогаш можат да ни кажат кои дестинации се најпопуларни.rnrnЧестопати кога ги планираат нивните патувања, гледаат да бидат во близина на познатите знаменитости што сакаат да ги видат. Сепак никој не би отишол во Сан Франциско без да се фотографира со мостот Голден Гејт.rnrnStoryblocks e компанија која нуди фотографии, видео и аудио записи по прифатлива цена и ги откри 50-те најпопуларни знаменитости. Нивната листа дополнително ќе ја разгори вашата желба за патување.rn

    Кои се 10-те најпребарувани знаменитости?

    rnНајпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на ИнтернетrnrnНе би требало да ве изненади, но Статуата на слободата се нашла на врвот на листата. Статуата која на некој начин е симбол на Њујорк, секоја година привлекува околу 3,5 милиони туристи. Во првите десет се нашле уште две знаменитости од Њујорк – Тајмс Сквер на второто место и Централ парк на четвртото.rnrnДруги дестинации од САД кои се помеѓу првите десет се мостот Голден Гејт (седмо место) и националниот парк Јелоустон (деветто место). Од европските знаменитости најпопуларни се Ајфеловата кула и Биг Бен, на третото и петтото место. На осмото место се наоѓа Таџ Махал, а на десеттото Мека.rn

    Кои други знаменитости се нашле на листата?

    rnНајпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на ИнтернетrnrnБруклин Бриџ и Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк се наоѓаат на 11-то и 12-то место. Други знаменитости од САД се Пентагон, споменикот Вашингтон, Капитол Хил, Белата куќа, па сè до знакот Холивуд.rnrnОблакодерите како Бурџ Калифа во Дубаи, кулата Токио и зградата CN во Торонто се наоѓаат веднаш до историските знаменитости како Стоунхенџ, Големиот кинески ѕид, Мачу Пикчу, Акропол и Колосеумот.rnrnНа листата ќе ги најдете и Лондонското око, оперската куќа во Сиднеј и Мулен Руж. Исто така има и многу религиски и владини знаменитости вклучувајќи ја Бакингемската палата во Лондон, Кремлин во Москва, Алхамбра во Шпанија, Анкгор Ват во Камбоџа и статуата на Исус во Рио де Жанеиро.rnrnДоста пребарувани се и некои од најубавите природни чуда. Монт Еверест се наоѓа на 18-тото место, а Долината на смртта на 20-тото. Други поважни знаменитости се планината Фиџи, планината Килиманџаро, водопадите Викторија и Сината лагуна.rn

    Зошто би требало да ги посетите овие места?

    rnНајпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на ИнтернетrnrnСите овие дестинации се одобрени од креативните луѓе, вклучувајќи ги и луѓето кои се фокусираат на визуелното, како фотографите и блогерите. Ова значи дека на овие места без сомнение ќе направите неверојатни фотографии. Па почнете да се подготвувате за следното патување.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=XDuQsNM5rDwrnrnАко сакате да пробате нешто ново, дајте им шанса на овие забавни начини на патување и откривање нови места.

  • Интересна мапа која ги покажува најпопуларните туристички атракции во секоја држава

    Интересна мапа која ги покажува најпопуларните туристички атракции во секоја држава

    Што се наоѓа на вашата листа со работи што сакате да ги направите? Посета на некој џунгла, сурфање во Австралија, да ја видите поларната светлина… Кога имате само неколку денови во некоја држава, може да биде навистина тешко да одберете што сакате да направите. Но за тоа ќе ви помогне оваа мапа.rnrn

    1mapa-koja-gi-pokazhuva-najpopularnite-atrakcii-vo-sekoja-drzhava-kafepauza.mk_
    Кликнете на сликата за поголема верзија
    rnrnОваа мапа ги покажува најпопуларните атракции во секоја држава во светот. Атракциите се рангирани според алатката на TripAdvisor која дава предлози за што да правите во некоја држава.rnrn(2)mapa-koja-gi-pokazhuva-najpopularnite-atrakcii-vo-sekoja-drzhava-kafepauza.mkrnrnКреирана од VoucherCloud, дестинациите прикажани на мапата може да не бидат оние што ги очекувате. На пример ја нема Бакингемската палата во Велика Британија, туку се наоѓаат атракциите на кои туристите си поминале најубаво. Од спуштање по жица во Фиџи, до кајакарство во Џибути, со сигурност ќе си поминете неверојатно на местата кои ги предлага оваа мапа.rnrn(3)mapa-koja-gi-pokazhuva-najpopularnite-atrakcii-vo-sekoja-drzhava-kafepauza.mkrnrnНо има и дел од традиционалните туристички атракции, како Големиот кинески ѕид, Столната планина, Нијагарините водопади и пристаништето на Сиднеј. Природните чуда се најпопуларниот избор, а на мапата се наоѓаат дури 76 од нив. Исто така има 54 историски атракции, 38 традиционални туристички атракции и 29 атракции поврзани со религијата.rnrn(4)mapa-koja-gi-pokazhuva-najpopularnite-atrakcii-vo-sekoja-drzhava-kafepauza.mkrnrnЗападна Европа е најинтересна за туристите, додека Источна Европа најмногу се посетува за историските знаменитости. Во Америка најпознати се природните чуда, а во Азија има мешавина од историски и традиционални туристички атракции.rnrn(5)mapa-koja-gi-pokazhuva-najpopularnite-atrakcii-vo-sekoja-drzhava-kafepauza.mkrnrnНа мапата се наоѓа и Македонија, а главната атракција е Охридското Езеро. Езерото е најголемо природно езеро во Македонија, а воедно и најстарото во Европа. Во 1980 година езерото, како и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство и се под заштита на УНЕСКО. Не е ни чудо што е најпопуларната туристичка дестинација во нашата држава.rnrnmapa-koja-gi-pokazhuva-najpopularnite-atrakcii-vo-sekoja-drzhava-kafepauza.mk_-1024x596rnrnСега кога ја имате мапата, погледнете и како поевтино да го пропатувате светот.

  • 10 тајни места што се скриени пред вашите очи

    10 тајни места што се скриени пред вашите очи

    Само што ќе помислиме дека знаеме сè за познатите знаменитости во светот, благодарение не Интернетот дознаваме дека не е така. Погледнете некои од тајните кои ги кријат најпознатите туристички атракции.rn

    1. Приватниот апартман на Густав Ајфел, Париз, Франција

    rn(1)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnНа третиот кат од Ајфеловата кула се наоѓа еден апартман кој му припаѓал на Густав Ајфел. Овде тој се среќавал со некои важни гости, вклучувајќи го и Томас Едисон. Денес во оваа просторија има кукли од Ајфел и Едисон и е отворена за јавноста.rn

    2. Празната зграда на Тајмс Сквер, Њујорк, САД

    rn(2)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnИ покрај тоа што им носи годишна заработка од 23 милиони на сопствениците, познатата зграда на Тајмс Сквер е празна. Компанијата што ја поседувала зградата банкротирала во 1992 година, и потоа била продадена на компанија за реклами. Оттогаш таа е само огромен билборд со екрани.rn

    3. Станицата на Градското собрание, Њујорк, САД

    rn(3)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnОваа станица во подземната железница на Њујорк била во функција од 1904 до 1945 година. Потоа била затворена бидејќи долгите вагони на новите возови правеле многу остри свртувања во тунелот. Станицата можете да ја посетите ако не се симнете на крајот на линијата број 6. Таа ја користи оваа станица за да се врати назад.rn

    4. Тајната просторија на Маунт Рашмор, САД

    rn(4)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnПокрај скулптурата со претседателите, Маунт Рашмор има тајна соба во која се чуваат најважните документи на САД, вклучувајќи ја и Декларацијата за независност.rn

    5. Затвор во палатата Доџ, Венеција, Италија

    rn(5)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnПод венецијанската палата Доџ постои затвор во кој престојувал познатиот Џакомо Казанова. Низ 400-годишната историја на затворот, Казанова бил единствениот затвореник кој успеал да избега. Постоењето на овој затвор обично им е познато на многумина, но неговата посета не е вклучена во турата низ палатата.rn

    6. Тунелите под Лас Вегас, САД

    rn(6)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnПод главната улица во Лас Вегас се протега огромна мрежа на тунели кои се дом на стотици бездомници. Овде владее целосна темница, но штом ќе ја вклучите светилката можете да ги забележите многуте знаци на човечко присуство: покуќнина, облека и разни секојдневни предмети.rn

    7. 103-от кат на Емпаер Стејт Билдинг, Њујорк, САД

    rn(7)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnСекој знае дека има платформа за набљудување на 102-от кат, но можете да уживате и во погледот од 103-от. Овде се наоѓа мала соба со балкон. Сепак, овој кат е отворен само за вработените и за ВИП личности.rn

    8. Тоалетот на кардиналот Бибиена, Ватикан

    rnStufetta del Cardinale Bibbiena (Bathroom of Cardinal Bibbiena).rnrnТоалет декориран од Рафаело Санти во 1516 година е дел од апартманите на кардиналот Бибиена. Она што е необично за овој тоалет е тоа што фреските се далеку од пристојни. Влезот на овој тоалет е во поранешната спална соба на кардиналот каде што денешниот Папа одржува средби со светските лидери.rn

    9. Тајни апартмани во замокот на Пепелашка, Дизниленд, САД

    rn(9)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnСобата изгледа како апартман од некој многу скап хотел, но не можете да ја изнајмите дури и ако ги имате сите пари на светот. Но, можете да ја освоите престој во оваа соба – секој ден, во јануари, Дизниленд организира лотарија за собата.rn

    10. Платформа за набљудување во факелот на Статуата на слободата, Њујорк, САД

    rn(10)10-tajni-mesta-koi-se-skrieni-pred-ochi-kafepauza.mkrnrnСè до 1916 година имало скали кои воделе до оваа платформа. Но во таа година факелот бил оштетен од експлозија, па на туристите им бил забранет пристапот. Оваа забрана важи и денес, иако факелот бил заменет со нов во 1986 година.rnrnПогледнете ги и 10-те места кои не можете да ги видите на Google Maps.

  • Очекувањата кои ги имаме од патувањата и реалноста со која се соочуваме

    Очекувањата кои ги имаме од патувањата и реалноста со која се соочуваме

    Денес, повеќето луѓе не носат розови очила кои ќе им помогнат да го гледаат светот поинаку. Наместо тоа, тие се одлучуваат за еден од филтрите на Инстаграм. Со самото тоа ќе се запрашате: Каде се тие идилични места кои ги гледаме на социјалните мрежи? Дали се навистина такви, или станува збор за паметен избор на добри фотографски трикови? Што всушност можеме да очекуваме кога патуваме во друга земја за да ги посетиме познатите туристички атракции и знаменитости? Во продолжение погледнете што навистина се случува кога ќе се одлучите да направите фотографија од некој познат монумент или место и кога ќе посакате да го споделите тоа искуство со вашите пријатели и познаници на социјалните мрежи.rnrn

    Очекувањата од посетата на Кинескиот ѕид
    Очекувањата од посетата на Кинескиот ѕид
    rnrn
    Реалноста од посетата на Кинескиот ѕид
    Реалноста од посетата на Кинескиот ѕид
    rnrn

  • Магични места во Хрватска кои треба да ги посетите

    Магични места во Хрватска кои треба да ги посетите

    Хрватска е комбинација од природна убавина, богата и фасцинантна историја, фантастично локално вино и кристално чисти сини мориња. Земјата постепено ги освојува срцата на луѓето со своите исплатливи аранжмани за одмор кои нудат сензационално и магично искуство. Хрватска е сместена помеѓу Балканот и Централна Европа и го меша стариот светски шарм со средоземниот одблесок. Во продолжение погледнете ги најдобрите места кои дефинитивно треба да ги посетите во Хрватска следен пат кога ќе бидете таму.rn

    1. Плитвички езера

    rnМагични места во Хрватска кои треба да ги посетитеrnrnСместени помеѓу Загреб и Задар, Плитвичките езера се првиот национален парк во Хрватска. Тие се прогласени за едно од најубавите места на светот, а пејзажите и околината се инспиративни. Каскадните водопади кои паѓаат во едно од многуте езера заштитени од Унеско, заедно со еден прекрасен спектар на бои едноставно воодушевуваат. Независно дали е есен, кога разнобојните лисја го покриваат паркот, или е лето, кога цутат сите растенија, Плитвице е совршеното место на кое можете да се опкружите со недопрена природа.rn

    2. Островот Корчула

    rnМагични места во Хрватска кои треба да ги посетитеrnrnСпоред легендата, најпознатиот истражувач на светот, Марко Поло, бил роден во Корчула. Овој остров изобилува со зеленило, вински лозја и мали и тивки плажи. Тој ни нуди еден интересен приказ на историјата со средновековните кули и калдрмисаните улици, шармантните селца и панорамските погледи кон длабоките сини мориња.rn

    3. Римскиот амфитеатар во Пула

    rnМагични места во Хрватска кои треба да ги посетитеrnrnАмфитеатарот во Пула, кој е толку голем што се гледа од сите страни на градот, ќе ве потсети на романтичните прошетки низ римските улици. Амфитеатарот бил користен во Римскиот период за гладијаторски борби кои ги следеле илјадници спектатори и гледачи. Но, има и една романтична стана зад конструкцијата на театарот која вели дека тој бил изграден од императорот Веспасиан како знак за љубов и почит кон неговата љубовница, Антонија Сенида.rn

    4. Ровињ

    rnМагични места во Хрватска кои треба да ги посетитеrnrnРовињ го краде угледот на Дубровник како најпопуларното место за посета во Хрватска во последниве неколку години и сосема е разбирливо зошто. Уште пред Источното римско царство да ја преземе контролата, Ровињ бил прекрасен град изграден од илирските племиња и бил едно од најсликовитите места на Хрватското крајбрежје. Тој изобилува со историски руини за истражување и калдрмисани улици кои се преплетуваат во овој необичен град. Убавината на Ровињ најдобро може да се забележи од врвот на кулата со ѕвона на зајдисонце, како што последните зраци ги отсликуваат колоритните згради на морската површина.rnrnУште еден дел кој се истакнува е Стариот град. Древните порти од градот сѐ уште стојат и денес, а биле употребувани за заштита од натрапници. Ова, заедно со атрактивната архитектура, малите рибарски чамци, вкусните тартуфи и вибрантната атмосфера го прават истражувањето на градот едно од највозбудливите работи кои можете да ги направите во Хрватска.rn

    5. Островот Локрум

    rnМагични места во Хрватска кои треба да ги посетитеrnrnОстровот Локрум нуди шанса да задржите едно делче од Хрватска за себе. Тука има многу изолирани камени плажи кои се одлични за пикник или за да поминете неколку часа во нуркање, сончање и забава со најблиските. За авантуристичките духови, постои можност да направите тура со кајак и да запловите под древните градски ѕидови на Дубровник. Во секој случај, островот Локрум е место на кое вреди да ги потрошите парите на вашето следно патување во Хрватска.

  • Рачно изработени прстени кои ја покажуваат архитектонската убавина на светските метрополи

    Рачно изработени прстени кои ја покажуваат архитектонската убавина на светските метрополи

    Златарката Ола Шектмен создава деликатен и импресивен накит инспириран од омилените светски пејзажи на големите градови. Секои 2 до 3 години, Ола се сели во различни метрополи и дозволува околината што ја опкружува да прерасне во нејзините креативни идеи. Таа рачно ги топи, кова, превиткува и полира металите за да создаде прстени кои ја рефлектираат архитектонската убавина на светот, нагласувајќи ги најголемите монументи и знаменитости кои им се познати на скоро сите.rnrnРачно изработени прстени кои ја покажуваат архитектонската убавина на светските метрополиrnrnТокму овие препознатливи детали кои се дел од дизајните на Ола се и најпривлечниот и највпечатливиот аспект на нејзината уметност и вештина, бидејќи им дозволуваат на потрошувачите да ги носат со себе популарните знаменитости од нивните омилени градови, како Лондон, Париз, Њујорк, Берлин, Хонгконг, Вашингтон, Чарлстон, Бостон, Сан Франциско, Амстердам, Стокхолм и Единбург.rnrn