Многу луѓе ги замислуваат островите како изолирано парче рај каде што можат да побегнат од нивното зафатено секојдневие, но тоа не е секогаш така. Во неколку делови од светот постојат острови кои бројат повеќе жители дури и од градовите на некои од попознатите земји и покраини. Во тој контекст, прочитајте кои острови во светот се едни од најгусто населените, независно од нивната територијална површина.rn
1. Мале (Малдиви)
rn
rnrnМалдивите се сметаат за едни од најубавите острови и се честа дестинација за меден месец. Но, за да стигнете до нив треба да поминете низ густо населениот Мале. Според последниот попис на населението, на островот живеат преку 133.000 луѓе.rn
2. Ебеје (Маршалски Острови)
rn
rnrnЕбеје е најнаселениот остров во атолот Квајалејн, дел од Маршалските Острови. На него живеат околу 150.000 луѓе на 1.600 км². Растот на бројот на жителите на ова е место е резултат на нуклеарните тестирања од САД, што го натерало населението да се исели од своите домови во атолот Бикини и атолот Еневетак.rn
3. Венеција (Италија)
rn
rnrnВенеција се простира преку 177 мали острови на Јадранското море во североисточна Италија и е дом за 270.000 луѓе. Само еден остров, Бурано, има популација од 4.000 луѓе. И покрај тоа што е град од големо културно значење, таа исто така е и град во неволја, бидејќи постепено почнува да се навалува кон исток и му се заканува потопување.rn
4. Либек (Германија)
rn
rnrnСтариот град Либек е сместен на островот и е откриен во 1143-тата година на крајбрежјето на Балтичкото море во северна Германија. Не постои точен број на луѓе кои живеат во центарот на историскиот град, но воздушните слики покажуваат дека островот е густо населен, со многу згради и мрежи со улици. Остатокот на модерниот Либек е релативно простран.rn
5. Менхетен (САД)
rn
rnrnМенхетен е првиот остров кој доаѓа на памет кога ќе се спомне Њујорк. Зафаќа површина од само 60.000 км², а се проценува дека на ова земјиште живеат 1.626 милиони луѓе.rn
6. Островчето Санта Круз (Колумбија)
rn
rnrnСанта Круз се смета за едно од најнаселените места во светот и има околу 4 пати поголема населеност од Менхетен. Околу 1.200 луѓе живеат на 1 хектар од островот. И покрај овој факт, не може, а да не се спомене непостоењето на гробишта, медицински установи и питка вода.rn
7. Ап Лај Чо (Хонгконг)
rn
rnrnАп Лај Чо се наоѓа на јужното крајбрежје на главниот остров. Локалното население го нарекува Островот на јазикот од патката, бидејќи има сличен облик. На него живеат околу 87.000 луѓе.rn
8. Мигинго (езеро Викторија)
rn
rnrnГусто населеното земјиште на овој остров, уште познат како Рибарскиот остров, е прекриено со мали колиби. И Кенија и Уганда делат право на половина парцела, што е еднакво на половина фудбалски стадион.














rnrnСекоја необичност може да се претвори во добра реклама. За тоа доказ е селото Окухарима во јапонскиот град Химеџи во кое живеат повеќе од 100 плашила. Бизарните кукли во човечка големина седат насекаде низ селото во неговата идилична околина создавајќи чувство на страв и ужас. Полињата во околината на необичното село се полни со кукли, како и тремовите на напуштените куќи. Изгледа морбидно преку ден, но можете само да замислите како би изгледала една ноќна прошетка во Окухарима.rnrn
rnrnКреатор на овие страшила е 61-годишниот Мастао Окауе кој своето бизарно хоби го започнал во 2010 година. Идејата на уметникот била да привлече туристи откако многу млади кои биле родени во Окухарима се отселиле во потрага по работа.rnrn













rnrnОсвен талентиран фотограф, Марио е и голем авантурист, всушност оваа фотосесија настанала благодарение на неговата љубов кон патувањата. На 27 години тргнал на пат околу светот на неговиот велосипед, па возејќи од Кејптаун кон Каиро имал можност да се запознае со убавините на Африка. Освен фасцинантната природа, она што најмногу го воодушевило биле и луѓето од разни племиња и нивниот номадски живот. По неговата прва посета Марио се вратил назад во Африка уште осум пати за да направи нови фотографии како дел од неговиот проект 

rnrnЗа својата фотосесија Герт вели дека има за цел да ја зачува, на некој начин, културата на луѓето коишто ги сретнал при неговите патувања. Според него, многу од племињата со кои се запознал нема да постојат за некои 25 години и затоа сакал да ги овековечи онака како што изгледаат денес. Тврди дека никогаш не ги подготвувал луѓето кои ги избирал за сликање и секогаш се фотографирани онака какви што биле кога ги сретнал.rnrn


rnrnВизијата на овој амбициозен фотограф е да ја смени барем малку перцепцијата на светот за Африка – континентот на хаосот. Герт тврди дека реалноста е сосема спротивна од стереотипот и „модерните номади“ облечени во фармерки, со смартфони и секогаш во брзање треба да бидат свесни и да го ценат начинот на живот на овие луѓе.rnrn
Најмистериозната заедница на оваа листа е едно мало племе кое се наоѓа на средината од Бразилскиот Амазон, во „најдалечните краеви на светот“. Тоа е скоро откриено и сè уште многу малку се знае за нивните традиции и обичаи. Нивното име исто така сè уште не е познато и единствената причина поради која биле пронајдени е сечењето на дрвјата околу нивното село.rnrnИ покрај тоа што изгледа како нивното племе да има ограничен контакт и со племињата во околината, тие го делат истиот јазик Пано со нив, но со досега непознат дијалект. Настрана од тоа, со сигурност знаеме дека тие живеат во големи колиби од слама што укажува дека во нив не живее само примарното семејство, но како точно се одредуваат поделбите сè уште не е познато. Главниот извор на храна им се плодови како банани, пченка и кикиритки.rnrn
Канадските Инуити се едни од најстарите заедници чија историја датира од пред 20.000 години. Исто така тие се одликуваат по тоа што успеале да преживеат во едно од најбезмилосните места на планетата: на најсеверните простори од Канада каде што во летото има долги денови со умерена температура, но за време на зимите имаат константна ноќ и температури под нулата.rnrnПоголемиот дел од нивниот живот тие го поминуваат ловејќи фоки, како и китови и некои видови риби. Нивните фамилии живеат заедно и во нив секој член има одредена специфична задача од која сите имаат придобивки. Инуитите секогаш биле многу понапредни во поглед на технологијата од останатите нивни соседи, сè додека не се појавиле првите колонии од Северна Америка.rnrn
Тие живеат во регионот „Sápmi“ кој ги опфаќа најсеверните делови од Шведска, Норвешка, Финска и Русија. Самите се единствените официјални скандинавски домородци.rnrnТие имаат голем број средства за живот, но најчесто се фокусираат на обработка на крзно, одгледување овци и рибарење. Тие се и најпознати по одгледувањето на ирваси врз кои се потпираат не само за исхрана, туку и за облека. Нивниот јазик, Сами, сè уште се употребува како примарен јазик од поголемиот број на жителите. Тој се учи како прв јазик и во голем број училишта на далечниот север, како и на Универзитетот Сами.rnrn
Како и непознатото амазонско племе, така и Сентинелсите се противат на контакти со странци. Но, на нивна среќа тие живеат на Северниот Сентинел Остров, кој е дел од архипелагот Андаман на средината од Индискиот Океан каде што се прилично изолирани. Нивната популација се смета дека брои нешто помалку од 250 жители, делумно поради фактот дека тие својата храна ја добиваат само преку ловење – нема никакви докази дека се занимаваат со агрикултура.rnrnТие се неверојатно прецизни со копје и стрели, но постојат многу малку докази за понапредни видови оружје за ловење или пак за друг вид технологија. И покрај проучувањето на Индискиот антрополог Т. Н. Пандит, многу малку се знае за нивната социјалност. Тој во 1970 ги опишува како вид „заедница за парење“.rnrn
Пронајдени во северен Бразил и јужна Гвајана, народот од Ваписхана за првпат воспоставил контакт со Европејците во 1498 година, за време на третото патување на Колумбо. Пред да се вмешаат мисионерите, тие биле полигамисти (еден маж имал повеќе жени), но денес голем број од нивните бракови се надгледувани од католички свештеници.rnrnОд друга страна, голем број од нивните традиции сè уште се целосно сочувани. На пример, секое село секогаш се дизајнира околу црква и жителите се фокусираат на одгледување на „cassava“ (корен кој се јаде). Голем број од домовите се состојат од основна фамилија, плус дедо. Само селскиот водач живее во примарната и најголема куќа околу која се наоѓаат куќите на неговите синови и ќерки, кои живеат со нивните фамилии.rnrn

Животот во специфичните „лебдечки“ селца е интересен, необичен, но ни малку лесен. Освен неколкуте мали плодни делови почва на островот, останатиот дел од теренот е карпест и неповолен за какво било земјоделие. Затоа, изреката „Водата живот значи“, за овие луѓе е животно мото. 
Во моментот, на ваков начин живеат речиси 4.000 жители. Нивниот број порано бил значително поголем, но во текот на 70-те и 80-те години, тешкиот живот ги натерал да заминат оттаму и да побараат подобра егзистенција. Со нивното заминување, се намалила рибарската флота, односно столбот на необичните села.
Но, овие Виетнамци-печалбари не го заборавиле нивниот роден крај, се вратиле и инвестирале во сиромашното копно. Направиле вистински хотелски бум и развиле туризам во јужниот дел од островот. Никнал град, кој од 1997 година, почнал рапидно да расте и набрзо станал туристички центар. Таму денеска живеат 13.000 жители. Со ова, од сиромашно место, островот се трансформирал во омилена летна атракција за домашните туристи. Во текот на годината, тој бележи и голем број посети од странски туристи, кои пак, се повеќе заинтересирани за неговите помалку истражени делови.
Кат Ба е најголемиот и засега единствен населен остров во архипелагот Халонг Беј, во северниот дел на Виетнам. Останатите 336 острови се всушност пусти и високи карпи. Во 1986 година, половина од Кат Ба и 90 квадратни километри од водената површина, биле прогласени за национален парк. Целта е да се заштити уникатниот еко-ситем, кој вклучува зелени суптропски шуми, слатководни мочуришта во подножјето на ридовите, крајбрежна мангрова шума… Иако, поголемиот дел од крајбрежјето се состои од карпести гребени, постојат и неколку песочни плажи, скриени во малите заливи.
И покрај заштитата на овие природни убавини, островот сепак, се соочува со бројни проблеми во однос на животната средина. Во последните неколку години, со забрзаниот развој и зголемувањето на туризмот, се зголемил и незаконскиот лов, прекумерниот риболов и загадувањето на водата…
rnrn
Работните места пополека почнале да исчезнуваат и заедно со растечките хипотеки ја разбркале дури и стабилната средна класа кон предградијата, оставајќи илјадници имоти и куќи зад себе. Според бирото за попис, во последната декада бројот на напуштени домови се зголемил на 80.000, што претставува скоро 1/5 од вкупните живеалишта. Иако градот секоја година урива по барем 1.000 куќи, сепак не може да го следи темпото со кое луѓето го напуштаат Детроит.rn
Фотографот Кевин Бауман преку неговиот проект „










rn










rnrnrn
rnrnИзграден е да вдоми 1 милион луѓе, иако моментално во него живеат само неколку илјади (владата тврди дека се околу 28.000, а поголемиот дел од нив се градежни работници). На улиците во градот скоро и да нема сообраќај, а облакодерите и другите јавни згради кои вредат околу 5 милијарди американски долари остануваат празни и никогаш неупотребени. Но и покрај целата ситуација, градежните работи во Ордос и понатаму продолжуваат. Градските власти се уверени дека во многу брзо време, голем број од 1,5-те милиони жители кои живеат 20 километри подалеку во стариот дел од Ордос, конечно ќе почнат да се доселуваат.rnrn
rn
rnrnЛокалната економија на градот треба да е во подем, со оглед на тоа што се наоѓа во близина на наоѓалишта на природни богатства, како природен гас и јаглен. Како и во остатокот на целата територија на Кина, недвижниот имот во Ордос е во подем и становите не се празни поради недостаток на купувачи. Инвеститорите ги имаат купено скоро сите расположливи резиденции, уверени дека ќе имаат голема заработка. Но токму оваа активност ги загрижува аналитичарите, кои се плашат дека балонот на интензивно купување недвижент имот, неизбежно и болно ќе пукне.rnrn
Па зошто луѓето не сакаат да живеат во овој модерен град? За сега селењето во новиот град е непогодно. Најмногу поради тоа што има 30 минути возење од новиот до стариот дел од градот каде што живеат најголемиот дел од жителите и каде што се наоѓаат пазарите и рестораните.rnrn

rn
Античкото племе Мегхалаја ги има забележано овие квалитети на дрвото, па неговите корени ги искористиле за градење мостови преку многубројните реки и потоци низ целата околина. Интересно е тоа што жителите им оставиле на мостовите сами да израснат, притоа тие помагале само коренот да го фати вистинскиот правец кон другата страна од реката.rn
Некои од овие мостови се стари повеќе од 500 години, а за еден мост да биде функционален потребни се најмалку 10 до 15 години заплетување на корените. Најдолгиот мост кој е направен е долг 30 метри и може да издржи 50 луѓе. Овие мостови и денеска секојдневно ги користат жителите на околните села.rn


rnrnrn