Овие пет градови се големи и се значајни во своите земји. Сите тие имаат долги патишта и модерни згради, но сето тоа е направено во хармонија со природата. Било посветено големо внимание на одржливиот развој и градовите сега изгледаат неверојатно.rn
1. Копенхаген
rn
rnrnСо текот на годините, данската престолнина освои многу награди поврзани со екологијата. Со одличната инфраструктура за велосипедизам и можноста за пливање речиси во центарот на градот, тешко е да не бидете фасцинирани. Исто така, има многу зеленило, па Копенхаген е град целосно скроен по мерка за човекот.rn
2. Ванкувер
rn
rnrnОвој канадски град е сместен веднаш до Тихиот Океан и до дивите планини на Британска Колумбија и има природна предност кога е во прашање одржливоста. Користејќи обновлива енергија и хидроенергија, воздухот во градот е свеж и чист и за разлика од многу северноамерикански градови, Ванкувер промовира и урбан начин на живот, што покажува дека неговите улици се преполни со живот. Во Ванкувер има двесте паркови, од кои најимпресивен е паркот Стенли.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
3. Амстердам
rn
rnrnГрадот одамна е синоним за велосипедизам, „прошаран“ е со канали, па не треба да ве изненадува тоа што е еден од најзелените градови во светот. Посетете го обновениот поранешен индустриски центар на „Амстердам Норд“ и опуштете се покрај водата или истражете ги руралните предели. „Норд“ стана и креативен центар на градот, каде е можно да се посетат многубројни галерии, ресторани итн.rn
4. Сингапур
rn
rnrnИако најчесто се поврзува со сјајни облакодери и екстремна чистота, Сингапур е најзелениот азиски град. Како мал остров без природни ресурси, тој сепак најде начин за иновација заснована врз екологијата. За локалното население, градините на покривите на зградите одамна станаа начин на живот. Ако патот ве носи таму, не само што ќе ги погледнете блескавите облакодери, туку ќе уживате и во зеленилото.rn
5. Рејкјавик
rn
rnrnИако не е премногу голем (има 115 000 жители), Рејкјавик е одличен пример за град кој користи обновливи извори на енергија. Топлата вода, греењето и електричната енергија доаѓаат од хидроцентрали и геотермални извори. Тоа значи дека можете да уживате во топли извори, загреани надворешни базени и свеж воздух. Најхрабрите може да ја посетат геотермалната плажа Наутолсвик, каде се среќаваат ладното море и топлата геотермална вода.rnrnПогледнете ги 6-те најубави мостови на светот.


rnrnРезултатите? Жените кои живееле во најзелено опкружување имале понизок морталитет за 12% за разлика од жените кои живееле во дом без растенија. И овие жени не само што живееле подолго, туку имале и подобро ментално здравје.rnrn
rn

















rnrnНе знаејќи да чита, ниту да пишува и без никакви модерни помагала и техники, Јокуба продолжил да ја користи старата африканска пракса за одгледување растенија наречена „заи“. Тој најпрвин засадува семиња во мали дупки полни со компост, а потоа, за време на дождовната сезона, ги полни дупките со вода за да може да се задржат влажноста и хранливите материи во сушните периоди.rnrn
rnrnОвој експеримент на Јокуба бил успешен и квалитетот на почвата е на многу повисоко ниво од порано. Покрај просото и соргото, тој засадил и нови дрвја кои успеале да ги дополнат подземните води. Почвата и органските материи кои се наоѓаат под дрвјата помагаат земјиштето подобро да ја апсорбира водата.rnrn
rnrnПриказната на Јокуба станала позната во светот во 2010-тата година, кога тој бил дел од документарниот филм „Човекот кој ја запре пустината“. Сите собрани средства биле донирани во ресторацијата и обновување на локалните шуми и во нови тренинг програми за земјоделците кои сакаат да ја научат техниката на Јокуба. Денес, „заи“ се учи низ целиот регион и локалните земјоделци знаат како да ја задржат сигурноста на нивната храна и да се прилагодат на климатските промени.rnrn



























rnrnНа имотот се наоѓаат две градби, еден блок на два ката со дневна и спална соба, како и еднокатен блок во кој се сместени просториите за забава. Двата дела се споени преку простран централен двор. Погледнете ги наредниве фотографии од овој мал зелен рај…rnrn
rnrn rnrn
rnrnМасивниот челичен ѕвер тежок 1.140 тони, е изграден во далечната 1911 година во Велика Британија, а бил регистриран во Сиднеј во 1912 како брод кој превезува камен јаглен. Подоцна бил користен за транспортирање на разни добра за американската војска стационирана во пацифичкиот регион во текот на Втората светска војна. Бродот потоа продолжил да служи како преносител на јаглен од Њукасл до крајната станица во Милер, во Блекватл Беј.rnrn
rnrnВо 1972 година бродот „SS Ayrfield“ бил конечно пензиониран и испратен во Хоумбуш Беј – место коешто служи за откупување отпадни материјали од бродови. И покрај тоа што многу бродови биле демонтирани, сепак има уште 4 метални бродски тела постари од 75 години кои сѐ уште пловат во заливот, но ниеден од нив не е обвиткан од мајката-природа како што е Ерфилд. Бродот постојано го привлекува вниманието на посетителите со својата грандиозна појава, сочинета од бујните дрва ризофора во него.rnrn


rnrn rnrn