КАФЕ ПАУЗА

Tag: волонтирање

  • Важни лекции кои ги научив преку волонтирање во дневен центар за лица со интелектуална попреченост

    Важни лекции кои ги научив преку волонтирање во дневен центар за лица со интелектуална попреченост

    Волонтирањето е од витално значење за општеството и за постигнување социјална еднаквост. Ние како волонтери сме протагонисти на социјалните промени, а со малку надеж и упорност тој мал придонес што го даваме на овој свет, без разлика колку и да е мал, може да направи големи промени во нечиј живот.rnrnНе можев ни да замислам колку многу работи ќе научам, ниту колку ќе бидам благодарна на можностите што ми ги даде волонтирањето. Особено, волонтирањето во дневен центар за лица со интелектуална попреченост во Турција ми овозможи да ја разберам реалноста и тешкотиите со коишто можат да се сретнат овие луѓе. Тоа ми овозможи да развијам поголема социјална чувствителност, а ова се неколку од лекциите кои ги научив таму.rnrnВажни лекции кои ги научив преку волонтирање во дневен центар за лица со интелектуална попреченостrnrn1. Секое утро бев добредојдена со многу прегратки и насмеани лица, топол чај и вкусен појадок. Сите заедно седевме во кантината и уживавме во слободното време пред почетокот на работилниците. Секојдневно ме прашуваа дали би сакала да разгледам какви цртежи направиле или ми раскажуваа за филмот што го гледале. Разговорите беа скоро невозможни поради јазичната бариера, но насмевките и делата беа доволни. Понекогаш дури добивав и цртежи како подарок или други мали подароци направени од нив. Тогаш разбрав колку се моќни насмевката, прегратките и времето кое го подаруваме. Затоа, пред да излезете од дома не заборавајте да ја ставите насмевката на лицето и да подарите малку од вашето време за да направите нечиј ден поубав.rnrn2. Лицата со интелектуална попреченост, за жал, не можат да прават свои планови, не можат да си го организираат денот и да бидат слободни да го прават она што го сакаат. Сепак, со малку поткрепа тие се способни да ги завршат сите обврски. Се чувствував среќна што бев дел од нивната заедница и можев да ја понудам мојата помош. Тие ме научија да ја ценам слободата, да се чувствувам благодарна за животот и да ги релативизирам моите „проблеми“.rnrn3. Волонтирањето ми го отвори умот, станав поемпатична, понезависна, своја и пољубопитна за нови работи. Секогаш треба да бидеме подготвени да учиме и да се надградуваме, како што и луѓето во овој дневен центар секојдневно учат нови работи и се радуваат на сите мали детали и моменти. Тие знаат да уживаат во летот на пеперутките, секогаш се љубопитни за новите работи, танцуваат како никој да не гледа, се восхитуваат на рачните изработки на своите пријатели, делат пофални зборови. Не можеме да го спасиме светот, но можеме да бидеме среќни и неуморно да се обидуваме да ги направиме среќни луѓето околу нас.rnrn4. Се сеќавам на момчето кое обожаваше да гледа во небото и да црта авиони. Кога забележав дека го прави тоа секојдневно, го прашав зошто ги сака авионите толку многу. Ми кажа дека сака да биде пилот и да лета со птиците. Тоа ме потсети дека никогаш не треба да се откажуваме и дека упорноста е клуч за животот. Секогаш треба да го посакуваме најдоброто, па дури и невозможното, а пред сѐ, никогаш да не заборавиме да сонуваме.rnrn5. Волонтирањето во овој дневен центар ме правеше среќна и се чувствував како дел од нешто. Да бидете волонтер значи да се вклучите и да се чувствувате корисно. Овие чувства ја подобруваат самодовербата, а истовремено ни помагаат да ја ублажиме самоцентричноста што владее во нашите животи и да бидеме повеликодушни.rnrnГо охрабрувам секој што го чита ова да биде дел од промената. Направете нешто без да очекувате ништо за возврат и ќе ја добиете најголемата награда што можете да ја замислите – благодарноста и насмевката на нечие лице. Кога правите нешто добро за другите ќе се чувствувате исполнето и ќе бидете горди на себе. Колку подобро се чувствувате, толку е поголема веројатноста да имате попозитивен поглед кон животот и иднината. Вистина е дека многу е тешко да се најде време за други активности после сите секојдневни обврски. Сепак, придобивките од волонтирањето се толку големи што вреди да се размисли дали навистина не можеме да „потрошиме“ малку време во корист на другите. Далај Лама еднаш рекол: „Колку повеќе се грижиме за среќата на другите луѓе, толку похармонично станува нашето чувство за сопствената благосостојба“.

  • Како можете да им помогнете на бездомниците и сиромашните во Македонија?

    Како можете да им помогнете на бездомниците и сиромашните во Македонија?

    Македонија е сиромашна земја со сиромашни луѓе. Дури една третина од населението живее во сиромаштија, а регистрирани се и 140 луѓе во целата држава кои немаат дом и ноќите ги поминуваат под ведро небо. Дури 120 од нив се во Скопје.rnrnКако можете да им помогнете на бездомниците и сиромашните во Македонија?rnrnНема повеќе потреба да се трошат зборови на тоа затоа што на сите им е јасно во какви услови живеат дел од нашите сограѓани. Со оглед на тоа што го читате овој текст вие сте дел од онаа група среќници кои се соочуваат со помали проблеми од нив, па ако сакате да им помогнете и сте во можност да го сторите тоа, ние ви предлагаме неколку начини за тоа. Се разбира, можете како и досега да им дадете храна или облека на сиромашните кои ги среќавате на улица, но ако сакате да се придружите или да помогнете на некоја организација или иницијатива која поревносно се занимава со тоа, ова се вашите опции.rn

    Црвен крст

    rnЦрвениот крст е организацијата која најмногу работи на терен со бездомниците и сиромашните. Тие управуваат со единствениот пункт за бездомници во државата. Тој се наоѓа во Скопје, во населбата Момин Поток, веднаш зад касарната Илинден. Тоа е место каде што бездомните лица можат да добијат храна и облека, да се избањаат, да добијат услуги од лекар, психолог и социјален работник, како и услуги од бербер. Пунктот е отворен два пати во неделата. Покрај тоа, кога температурите се пониски Црвениот крст на град Скопје испраќа и патролни екипи кои на ранливите лица им делат ќебиња, вреќи за спиење, облека и сл.rnrnОвие активности можете да ги помогнете со донации или со волонтирање. Волонтерите се луѓе кои помагаат без паричен надомест водени само од желбата да донесат одредени промени во кои веруваат. Ако сакате да волонтирате во Црвениот крст и да ги помогнете овие активности најдобро е да се јавите на телефон: 02 3139 578 или обратете се лично во нивната канцеларија во домот „Даре Џамбаз“.rnrnКако можете да им помогнете на бездомниците и сиромашните во Македонија?rn

    Народни кујни

    rnНародните кујни се места каде што оние кои не можат да си дозволат ниту да јадат можат да одат и да добијат оброк. Има многу народни кујни низ голем број градови во Македонија кои ги посетуваат илјадници наши сограѓани. Надлежно за нив е Министерството за труд и социјална политика, а има и некои кои ги отвора и управува Македонската православна црква. Доколку сакате да помогнете во нивната работа обратете се до народната кујна која е најблиску до вашиот дом и тие ќе ви објаснат на кој начин можете да го сторите тоа.rn

    Дневен центар за деца на улица

    rnДневниот центар за деца на улица во Скопје ги помага децата кои денот го поминуваат питајќи на улица. Тие деца се прибираат во центарот каде што поминуваат низ работилници преку кои стекнуваат основни навики и вештини за живот. Тие овде учат како да ја одржуваат личната хигиена, се описменуваат, се образуваат итн.rnrnНа центарот му се потребни волонтери. Можете да се вклучите така што ќе ги понудите вашите вештини на децата за и тие да можат да се осамостојат и да не бидат веќе социјални случаи. Меѓу другото, би им читале на децата, би цртале со нив, би ги учеле како да ја одржуваат хигиената итн. Иако ова е добра можност за идните педагози, психолози или социјални работници да стекнат некакво практично искуство, во центарот секој може да биде волонтер независно од професионалниот профил. Најважно е да има желба да помогне. Покрај тоа можете да помогнете и со донации. Облека, средства за хигиена и училиштен прибор ќе им бидат од голема помош. Ако сте заинтересирани за да му помогнете на центарот и на децата, информациите за контакт се поставени на овој линк.rnrnКако можете да им помогнете на бездомниците и сиромашните во Македонија?rn

    Поглед кон вистината

    rnЗдружението на граѓани „Поглед кон вистината“ раководи со „Проектот вистински дела на љубезност“. Оваа хумана група на луѓе преку својот проект им помага на оние кои имаат проблем да си обезбедат храна така што секоја недела пред спомен-куќата на Мајка Тереза делат храна, односно по еден солен или благ сендвич и чај или овошје. Покрај тоа делат и облека, обувки и други работи, зависно од она со што располагаат во моментот. Доколку тоа им го дозволуваат моменталните средства и слободното време, работат и во други денови освен недела. Им помагаат и на луѓето на улица и на оние кои имаат свој дом, но живеат во голема сиромаштија. Отворени се за каква било помош која можете да им ја понудите, вклучително и донации и волонтирање. Најлесно ќе ги контактирате преку нивниот Фејсбук профил на овој линк.rn

    Храна за сите – Банка за храна на Македонија

    rn„Храна за сите – БХМ“ е непрофитна организација која ја собира храната чиј рок на траење е при крај, а продавачите не можат да ја продадат, со цел да ја дистрибуира до оние на кои им е најмногу потребна. Тие немаат контакт со крајните корисници, туку храната ја даваат на народните кујни и сл. Ваков тип организации има во речиси секоја држава во Европа. Нивната работа таму, особено на оние во Западна Европа, оди мазно затоа што добиваат голем број донации на храна која е близу до расипување, а покрај тоа се субвенционирани од матичните држави.rnrnВо Македонија тоа не е случај, така што оваа организација сè уште се мачи со обезбедување на простории за работа и храна која треба да се подели. Засега нивните активности опфаќаат само повремени хуманитарни акции во повеќе градови: Скопје, Битола, Охрид, Струга, Велес, Тетово, Штип, Куманово, Струмица и Кавадарци. Ним им се потребни повеќе луѓе, а вие можете да ѝ помогнете на банката за храна преку донации или вклучување во хуманитарните акции. За тоа или за повеќе најдобро е да ги контактирате на bankazahranamk@gmail.com.rnrnКако можете да им помогнете на бездомниците и сиромашните во Македонија?rn

    Лице в лице

    rn„Лице в лице“ е списание кое го продаваат исклучиво бездомни лица. Чини 100 денари, од кои 50 одат за лицето кое го продава, а другите 50 за развој на проектот. Тоа значи дека со купување на списанието директно го помагате она ранливо лице кое ви го продава така што му плаќате за неговиот труд. Инаку списанието излегува еднаш во два месеца, а содржините се создаваат преку добротворна работа.rn

    Солидарен оброк

    rnСолидарен оброк е убава иницијатива која за жал не заживеа кај нас. Таа дава можност некаде да платите оброк плус кој некое лице кое не може да го плати подоцна ќе дојде по него. Според информациите од нашите медиуми, само 200 оброци биле платени во првата половина од 2014 година. Сепак, тоа сè уште постои како можност и можете и на овој начин да им помогнете на бездомниците и на нашите сиромашни сограѓани.rnrn rnrnЗнаете ли уште некоја можност да ѝ се помогне на оваа категорија граѓани? Споделете со нас и со читателите!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го искористите слободното време со пријателките ова лето?

    Како да го искористите слободното време со пријателките ова лето?

    Заврши школската година и немате веќе обврски за на училиште или факултет па пред вас е цело лето кое може да го поминете правејќи сè што сакате. Како да не го минете залудно ова слободно лето, истовремено креирајќи прекрасни и незаборавни спомени од вашето дружење?rnrnКако да го искористите слободното време со пријателките ова лето?rn

    1. Основајте книжевен клуб

    rnГолеми се придобивките од читањето книги како и од основањето книжевен клуб. Соберете ги вашите пријатели кои се љубители на добри книги и основајте ваш книжевен клуб. Тоа ќе биде супер причина да се собирате макар еднаш неделно на кафе и да разговарате за омилените книги и автори како и за конкретна книга која сте ја прочитале изминатата недела.rn

    2. Направете неколку летни журки/собиранки со различни теми

    rnБез разлика дали подготвувате журка за повеќе луѓе или само за најблиските пријателки, направете да биде незаборавна. Забавите нека бидат со одредена причина или повод и тематски смислени. За совети како да подготвите совршена летна забава кликнете тука.rn

    3. Не пропуштајте ги театрите и забавите на отворено

    rnДоколку сте љубители на театарот задолжително присуствувајте на театарските претстави што се организираат во вашиот или пак во друг град. Потоа може да ги споделите вашите впечатоци и импресии. Исклучок не се и забавите на отворено бидејќи од летните журки ретко кој не заминал со добри спомени.rn

    4. Направете дневник за ова лето

    rnКупете голема тетратка каде ќе споделувате мисли, шеги и анегдоти кои не смеат да бидат заборавени. Може да лепите и слики. Кога по повеќе години ќе се навратите на вашиот дневник ќе се смеете до солзи.rn

    5. Испробајте кул летни фризури и стилови

    rnЛетото е време кога може слободно да испробувате нови стилови. Променете го вашиот стил во нешто што навидум воопшто не сте вие и видете како ќе ви годи. Менувањето на стилот е еден начин да го истакнете вашето алтер его. Летото е период кој ви дозволува да бидете слободни и луди. Кога од есен ќе се вратите на своите обврски може да бидете оние старите, но секогаш со себе ќе ги имате летните лудории.rnrnКако да го искористите слободното време со пријателките ова лето?rn

    6. Волонтирајте заедно

    rnЗачленете се во организација каде ќе може да волонтирате и да придонесете за нечија благосостојба. Ќе направи да се чувствувате добро за самите себе, ќе ширите познанства, искуства, ќе го зајакнете вашето другарство и ќе знаете дека времето не ви минало залудно.rn

    7. Испланирајте незаборавно патување

    rnЗаштедете макар за еден викенд настрана од вашето постојано место на живеење и не заборавајте да направите безброј фотки кои ќе го обележат вашето незаборавно летување.rn

    8. Пишувајте кратки приказни

    rnОдличен начин да го минете времето заедно и да ја усовршите вашата способност за пишување. Почнете вие една приказна и оставете ја до пола, нека ја продолжи вашата другарка која подоцна ќе ја предаде на друга од пријателките. Којзнае што ќе напишете на крај. Ако ништо друго, барем добро ќе се насмеете.rn

    9. Помогнете си во преуредување на вашите соби

    rnКога веќе рековме дека летото е време за промени, истото важи и за вашите соби. Оваа недела ја менувате собата на една од пријателките. Што би промениле, што би одзеле, што би додале? Можеби ќе заминете до таму што ќе менувате бои на ѕидовите. Не е важно, важно ќе се забавувате и ќе си помогнете една на друга.rn

    10. Рачно изработувајте предмети и украси

    rnВреме е вашата креативност да работи со полна пареа. Изработувајте предмети од глина или хартија. Доколку добро се усовршите може дури и да ги продавате што ќе му годи на вашиот буџет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да патувате за малку пари? – Евтин престој

    Како да патувате за малку пари? – Евтин престој

    Планирањето на трошоците за патување, покрај за транспортот, секогаш се врзуваат за цените на хотелите и рестораните. Секогаш изгледаат скапо и одвраќаат многумина од намерата да патуваат некаде. Сепак, суштината на патувањето не е во купувањето комфор, туку во доживувањето на новата средина која ја посетувате. Тоа е она што носи возбуда и што остава спомени. Не се тоа преценетите хотели и ресторани кои својата услуга ја наплатуваат според пазарната логика, а не според она што вистински го нудат. Факт е и тоа дека ручек во традиционален ресторан може да му додаде вредност на доживувањето, но не мора сите оброци да ви бидат такви.rnrnВо продолжение ви претставуваме неколку алатки со чија помош можете вашиот престој во странство да го направите евтин.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    1. Краток престој

    rn

    Каучсурфинг

    rnВеќе пишувавме за каучсурфингот, веб-сервис кој го смени начинот на патување во светот. Доколку не сте запознаени со тоа, се работи за можност да престојувате како гостин кај некого кој може да ви го понуди своето гостопримство преку својот кауч и времето кое може да го помине со вас покажувајќи ви го градот. Тоа најчесто не е комфорен начин на патување. За него потребен ви е малку авантуристички дух, отвореност и желба за запознавање на нови луѓе и култури. Имајте предвид дека каучсурфингот не е само можност за бесплатен престој, туку начин на запознавање на нови луѓе и култури, така што не би требало да го злоупотребувате ако не ви е дојдено до дружба со вашите гостопримливи домаќини.rnrnПрочитајте поопширно за каучсурфингот.rnrnCouchsurfing.com е најпопуларниот светски сервис за размена на гостопримство, но не и единствен. Покрај него можете да ги проверите и HospitalityClub.org и BeWelcome.org. Тие имаат помалку членови, но ако не успеете да најдете ништо на Каучсурфинг, можете да се обидете и таму. Доколку сте велосипедист кој ужива во долги велосипедски тури, користете го Warmshowers.org. Тоа е сервис во кој велосипедистите на долги патеки меѓусебно си помагаат на начин што на своите колеги им го нудат својот кауч и дом, или само топол туш додека се на поминување.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    ЕрБнБ

    rnЕрБнБ овозможува да изнајмите соба или цел апартман за помалку пари од вообичаеното. Не ги изнајмувате од какви било агенции, туку од обични луѓе. Кога некој има вишок соба или цел стан и сака да го издаде на туристи, тој тоа може да го огласи на ЕрБнБ со цел да дојде во контакт со оние на кои им е потребно сместување. Препорачливо е да го користите овој метод кога патувате барем двајца или пак во поголема група, затоа што цената секогаш е фиксна за собата или станот, така што трошоците се делат. Некои од сопствениците одлучуваат дека својот простор ќе го издаваат за одреден број луѓе и наплатуваат за секој дополнителен човек, додека пак други не ги интересира колкумина престојуваат внатре сѐ додека го добиваат својот фиксен надомест.rnrnЦените многу варираат во зависност од квалитетот што го добивате. Сепак, возможно е да се најде цел стан за двајца за околу 30 евра за една ноќ во Прага, што би било 15 евра по човек и е поевтино од хостел. Во центарот на Париз може да најдете сместување за 250 евра неделно, што поделено на двајца излегува по помалку од 20 евра за еден човек, додека нема шанси да добиете таква цена во хостел во истиот град.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrn

    Хостел

    rnДоколку немате друг избор, а имате и нешто повеќе пари за трошење, хостелите се доста добра опција, иако не се и најевтината. Можете да одберете соба за еден или за двајца, но ако сакате да поминете поевтино тогаш препорачливо е да одберете кревет во една од оние големи спални во кои престојуваат и по повеќе од десет луѓе. Двата најдобри пребарувачи на хостели во светот се hostelworld.com и hostels.com.rn

    Кампување

    rnАко цел за вашето следно патување е некој преубав дел од природата, размислете за кампување. Кампувањето на диво надвор од означените кампови речиси секаде е илегално, но се толерира. Доколку сакате да бидете сигурни можете да одите во камп, но ќе треба да издвоите некоја сосема мала сума пари која се определува по ноќевање. Дури и во поскапите западноевропски земји тие цени често пати се под 10 евра за една вечер.rnrnКако да патувате за малку пари? - Евтин престојrnrn

  • ЕВС – можност бесплатно да волонтирате и да живеете во странство до една година

    ЕВС – можност бесплатно да волонтирате и да живеете во странство до една година

    ЕВС е кратенка за Европски волонтерски сервис. Тоа е прекрасна програма за неформално учење на Европската Унија, која на младите од Европа им дава можност, преку извршување на волонтерска работа, да се преселат во друга земја во период од најмногу една година, да живеат во поинаква култура, да патуваат, да сретнат многу нови луѓе, да го научат јазикот на земјата во која престојуваат, да ги урнат своите предрасуди и да ги прошират своите погледи на светот.ЕВС – можност бесплатно да волонтирате и живеете во странство до една годинаВолонтирањето се извршува во граѓански организации и тела основани од локалната власт кои се акредитирани од страна на надлежните органи на ЕУ. Тоа се организации кои работат во некое поле од општествениот живот со цел да го дадат својот придонес кон подобрување на состојбите во областа која ги засега. Волонтерскиот сервис може да се отслужи во организации кои поттикнуваат социјална инклузија на ранливи групи како мигранти, бездомници, алкохоличари, лица со хендикеп, стари и изнемоштени лица итн. Можат да бидат младински организации, детски градинки, организации кои работат на полето на заштита на правата на животните и на животната средина, уметност и културни настани, рурален развој итн. Притоа, задача на волонтерот е да помага во извршувањето на активностите. Тој не може да ги извршува задачите на вработените, ниту да заработува, затоа што својот труд го дава бесплатно.rnrnСепак, волонтирањето во странство не е финансиски предизвик за вас затоа што сите трошоци се покриени од страна на фондовите на ЕУ. Покриени се трошоците за патување од земјата каде што волонтерот живее до земјата каде што ќе престојува и назад во висина од 90%, а комплетно се покриени трошоците за виза, здравствено осигурување, сместување, храна, јазичен курс, и плус добивате мала сума пари како џепарлак. На крајот волонтерот добива и сертификат во кој е наведено што работел и што научил. Сето тоа во замена за вашиот труд, ентузијазам и волја за помагање.ЕВС – можност бесплатно да волонтирате и живеете во странство до една годинаrn

    Кој може да аплицира?

    rnПрограмата е отворена за млади на возраст од 18 до 30 години кои се граѓани на некоја од земјите-членки на ЕУ или на некоја од земјите-партнери на програмата, во кои спаѓа и Македонија. Притоа, младите од ЕУ можат да волонтираат во која било земја, а оние од земјите-партнери мораат да одберат проект во некоја од земјите од ЕУ. Од апликантите не се бара диплома, познавање на јазици или работно искуство. Периодот на волонтирање може да трае од еден до дванаесет месеци, а секој може да одработи само еден ЕВС проект во текот на животот.rn
    rn

    Како да аплицирате?

    rnЕВС е составен од три страни: организација-испраќач (сендинг организација), организација-примач (хостинг организација) и волонтерот. Понекогаш може да се јави и четврта страна во улога на координатор на сите активности пред, за време и по волонтерскиот сервис. Ако сакате да волонтирате најпрво треба да контактирате со сендинг организација. Такви организации има во повеќе македонски градови, а можете да ги најдете на овој линк откако во полето Country ќе ја изберете Македонија, во полето Type of accreditation ќе изберете Sending organisation, а потоа ќе притиснете на Submit Query. Контактирајте некоја од овие сендинг организации и од нив ќе ги добиете сите можни информации во врска со ЕВС.rnrnПотоа следува потрага по организација која ќе ве прими. Истиот линк служи за пребарување во датабазата на хостинг организации (ХО). Може да се пребарува по основ на повеќе преференции: земјата или градот во кој сакате да волонтирате, видот на волонтерската работа, итн. Во датабазата има информации за секоја организација, какви активности би извршувал волонтерот кој ќе биде селектиран, каде ќе биде сместен итн. Откако ќе најдете организации кои одговараат на вашите желби и интереси и на кои сакате да им го понудите вашиот труд, треба да започнете со испраќање на CV и мотивациски писма до нив, или пак да пополните посебна апликација која се симнува од нивниот веб-сајт доколку инсистираат на тоа. Откако ќе ги испратите сите апликации, ви останува само да чекате одговор. Некои волонтери имаат среќа да пронајдат ХО уште по првите неколку контакти, но има и такви кои испраќаат и по 70-80 апликации и дури тогаш добиваат позитивен одговор. Во секој случај, ова е процес кој може да потрае и затоа не треба да губите надеж.ЕВС – можност бесплатно да волонтирате и живеете во странство до една годинаrn

    Што откако ќе добиете позитивен одговор?

    rnАко некоја организација ја прифатила вашата апликација и сака да ве види во своите редови како волонтер, веќе сте изоделе добар дел од патот, но има уште. Следува процес на обезбедување на финансиски средства за вашиот престој во странство кој го води ХО или организацијата-координатор. Тие аплицираат за вашиот проект пред фондовите на ЕУ и чекаат одговор околу 3-4 месеци. Повеќето волонтери започнуваат со работа на почетокот на септември, па повеќето организации ја прават селекцијата на кандидатите доста рано. Неретко уште во декември или јануари може да се направи селекција на волонтерите кои започнуваат со сервис наредниот септември.rnrnДоколку од европските фондови од некоја причина не одобрат пари за вашиот престој, што ретко се случува, тогаш сè паѓа во вода. Или нема да одите, или вашата организација одново ќе аплицира во наредната сесија. Ако пак, се одобрени финансиските средства, тогаш треба само да си ја обезбедите визата за престој во ЕУ од над три месеци за која не би требало да имате проблеми, секако доколку има потреба од толкав престој. Откако ќе ја добиете и неа, можете да почнете со пакување на куферите.ЕВС – можност бесплатно да волонтирате и живеете во странство до една годинаrn

    Што кога ќе стигнете таму?

    rnКога ќе стигнете во странската држава каде што ќе волонтирате ви останува добро и посветено да си ги извршите задачите во духот на волонтерството, да се обидете што подобро да се вклопите во новата средина и да си создадете многу спомени. ЕВС е уникатно искуство. Многу е различно од туристичките импресии при патувањата или од тринеделниот престој кај роднините во странство. Кога ќе стигнете таму ќе бидете во контакт со луѓе од друга култура и со поинакви сфаќања, ќе комуницирате на друг јазик, ќе работите во работна средина со поинакви навики. Хостинг организациите знаат дека тешко ќе се снаоѓате на почетокот и ќе ви дадат време да се привикнете на новиот амбиент. rnrnПо малиот почетен шок ќе почнете полека да се приспособувате на новиот начин на живот, ќе го поднаучите јазикот, ќе запознаете нови луѓе кои ќе ви бидат пријатели. ЕВС е авантура чија возбудливост доаѓа од животот некаде далеку од дома и од зоната на комфорот, од одвоеноста од старите навики, од сфаќањето дека животот може да се живее на различни начини, и секако запознавањето на безброј интересни луѓе. Тоа е одлична можност да земете слободна година која ќе ја поминете во помагање некому, а притоа ќе добиете поинаква перспектива за животот и ќе размислите за тоа што ќе правите понатаму, за потоа освежени со многу нови сили, знаења и доживувања да тргнете напред кон своите цели.ЕВС – можност бесплатно да волонтирате и живеете во странство до една година
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 причини зошто да волонтирате

    6 причини зошто да волонтирате

    Можеби ќе ви изгледа чудно, но работата која ќе ја извршите без никаков надомест може да ви донесе големи придобивки. Не зборуваме за практична работа во компании или државни институции, туку за волонтирање во непрофитни организации каде што можете да придонесете кон остварување на некоја идеја во којашто верувате. Ако сè уште се прашувате зошто би го правеле тоа, еве шест причини кои ќе ве натераат сериозно да размислите.rnrn6 причини зошто да волонтиратеrn

    Придонес за општеството

    rnПрвиот и најсилен мотив за секој што се нафатил да ги подари своето слободно време и труд е желбата да се даде одреден придонес за општеството преку каузата што се остварува со волонтирањето. Ако, на пример, верувате во правата на животните, најдобро место за вас би било некое прифатилиште за бездомни животни или НВО која се бори за нивните права. Задоволството од вашиот придонес е навистина голема награда.rn

    Запознавање нови пријатели

    rnВолонтерските задачи ќе ги извршувате заедно со други волонтери, кои имаат слични идеи и сфаќања како вашите, па тоа е одлична можност да стекнете нови пријатели. Ќе сретнете луѓе со различно образование, различен социјален статус, од различни националности, и ќе бидете изненадени колку навидум различните луѓе може да си одговараат и да се дружат.rn

    Личен развој

    rn

    Преку самата работа што ќе ја извршувате ќе стекнете низа способности кои се неопходни и во идната кариера и во секојдневието воопшто. Ќе научите правилно и ефикасно да го распоредувате времето, како да работите во тим, ќе стекнете комуникациски вештини, а можеби ќе откриете и некој нов талент за кој не сте знаеле дека го поседувате. Сето тоа од вас ќе направи подобар човек кој понатаму полесно ќе се снаоѓа со животните предизвици.

    rn

    6 причини зошто да волонтирате

    rnrn

    Стекнување искуство

    rnПреку волонтирање во областа во којашто имате образование или која сè уште ја студирате, ќе стекнете бесценето практично искуство. Организациите кои се потпираат на волонтерска работа не ги притискаат волонтерите со високи цели, не ги изложуваат на непотребен стрес, а даваат огромна поддршка и знаење со цел да се исполнат целите на организацијата. Тие се одлично место за полека да се започне со кариерата.rn

    Расчистување на дилемите во врска со кариерата

    rnВолонтирањето е извонредна можност да се испробате во повеќе полиња во ситуација кога не знаете која кариера да ја изберете. Наместо да слушате сечии совети дали да одите на правен факултет или да бидете социјален работник, најдобро би било да поминете некое време во бесплатната правна служба на некоја НВО, а потоа да волонтирате во областа на социјалните работи. Потоа ќе можете на мира да ги средите впечатоците и да слушнете што има да ви каже срцето.rn

    Патување

    rnВолонтирањето дава можност да го пропатувате светот преку организациите кои ќе ви понудат бесплатна храна и сместување ако се решите да волонтирате кај нив. Сепак, треба да знаете дека при тоа патните трошоци и џепарлакот паѓаат на ваш грб. Засега, единствена можност да го дадете вашиот труд бесплатно во странство, а за тоа да немате никакви трошоци е Европскиот волонтерски сервис, кој ги покрива трошоците за пат, сместување, храна и малку џепарлак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.