Виолетовата боја ги симболизира правдата и достоинството и со текот на годините стана симбол и за родовата еднаквост и за силата на жените. Виолетовата боја е создадена од комбинација на топло и енергично црвено и ладно сино, и ги има својствата на двете бои. Виолетова соба може да ја поттикне креативноста кај децата или уметниците. Тоа беше омилена боја на египетската кралица Клеопатра.rnrn
rnrnИсто така, се покажа како совршен избор за украсување на луксузен стан кој освојува со својот простран план за отворен простор. Многу белина го прави просторот уште поголем, и сè е подигнато со изобилство на виолетова со златни акценти.rnrnОвалната виолетова гарнитура зазема централно место во дневната соба, а кристалните лустери над трпезариската маса и над креветот во спалната соба совршено се вклопуваат во целиот простор – многу убав и елегантен. Исто така, нè освои бањата во беж мермер и со пурпурен таван – прекрасна комбинација, нели?rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие топ 15 најубави рустикални кујни.
Tag: виолетова
-

Прекрасно уреден стан во кој ќе се вљубат љубителите на виолетовата боја
-

Топ 5 нијанси на кармин кои ќе ги обожавате оваа есен
Многу шминкери ќе ви кажат дека ефективниот кармин е доволен. Со малку пудра и маскара, вашиот стајлинг е исполнет. Оваa есен ќе се носат токму такви кармини – ефективни, моќни и такви кои ќе ги истакнат вашите усни. Во продолжениe ќе погледнете 5 нијанси кои се апсолутен хит за оваа есен. Слободно експериментирајте!rnrn
rn1. Марсала боја на кармин
rnМешавината на сина и црвена нијанса е бојата која оваа есен ја носат моделите на модните недели ширум светот. Истакнете ги вашите усни, нека тие бидат во прв план. Со овој кармин доволно е да додадете само неколку слоја црна маскара.rnrn
rn2. Неутрални мат усни
rnАко не сте смели или не сте сигурни дека темните нијанси на кармин добро ви стојат, тука и понатаму се неутралните „голи“ усни, кои сè уште не излегле од мода. Со оваа варијанта одлично се вклопуваат зачадени очи.rnrn
rn3. Незаменливата црвена
rnСекогаш е во тренд, а се чини дека секоја сезона сè повеќе и повеќе. Заводничка, дава посебен сјај на вашето лице, а стана дел од секојдневието, бидејќи можете да ја носите и во дневни и во ноќни варијанти.rnrn
rn4. Црвена мат нијанса
rnУште една црвена нијанса, но овој пат во мат варијанта. Мат шминката сè повеќе зазема место меѓу новите бјути трендови, затоа не мислете двапати. Мат кармините комбинирајте ги со мат лакови за нокти, бидејќи тоа е вистински погодок за оваа сезона.rnrn
rn5. Мистериозно виолетова
rnНијанса која е одлична за работен стил. Со неа можете да комбинирате и различни нијанси на сенка за очи и малку руменило на лицето.rnrn

-

Најновиот хит за оваа есен: Мерлот боја на коса!
Паралелно со модните трендови, секоја година во есен се појавува и цела низа нови бјути трендови, без разлика дали станува збор за шминкањето, обликувањето или бојадисувањето на косата. Па така, еден од водечките трендови за оваа есен ќе биде мерлот бојата за коса. За што всушност станува збор?rnrn
rnrnМерлот е врста на вино кое е познато по неговата богата црвена боја, додека мерлот трендот во бојадисувањето на косата подразбира нијанса која се базира на комбинација на боите на вишна и какао. Мерлот бојата може да ја добиете и со комбинација на виолетова и црвена, додека во зависност од нијансата којашто сакате да ја постигнете, на вашата коса може да доминира виолетовата односно црвената боја.rnrn
rnrnНајдобрата варијанта која можете да ја изберете е мерлот бојата да ја нанесете на кафеава коса, бидејќи на тој начин нема да добиете боја која ќе изгледа премногу нападно, додека оние похрабрите може да се одлучат за длабински прамени или за коса која е потполно бојадисана во црвено – одлуката е ваша!rnrn -

Чудо на природата: Ова прекрасно дрво старо 144 години ќе ви го одземе здивот
Доколку ги погледнете сликите, на прв поглед би помислиле дека станува збор за сцена од анимиран филм или дека се компјутерски обработени, но нема подобар Фотошоп од природата. Оваа вистерија се наоѓа во Јапонија и е стара цели 144 години. Дрвото е толку прекрасно што ќе ви го одземе здивот, а ако вака изгледа на слики може само да замислиме како изгледа во живо.rnrn
rnrnМожеби не е најголемото дрво во светот, но се протега на неверојатни 1.990 метри квадратни во цветниот парк Ашикага во Јапонија, и постои уште од 1870 година. Иако наизглед како дрво, всушност вистериите спаѓаат во вид лози, а бидејќи лозите на вистеријата може да бидат доста тешки, ова растение се потпира на метални шипки кои го штитат од уништување. Ова им дозволува на посетителите да одат под лозите на дрвото и да уживаат во волшебната глетка на розови и виолетови нијанси.rnrn
rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените
Некои бои навистина можат да го нагласат најдоброто кај секоја жена, без разлика на нивниот тен или бојата на коса. Боите кои се наоѓаат на средина на спектарот, односно оние кои не се ниту претопли ниту преладни, им прилегаат на сите жени.rnrn
rn„Вистинска“ црвена
rnВо овој случај навистина важи онаа фамозна изјава на дизајнерот Бил Блас:rnrn
„Кога сте во дилема, облечете црвено.“
rnНе само што црвената боја го запира целиот сообраќај, туку на секоја жена што ја носи ѝ дава предност.rnrn
rnТиркизна
rnБоите на спротивните страни на спектарот се зајакнуваат една со друга, па затоа и не е чудно што јагодите спакувани во зелена кутија изгледаат толку привлечно. Истото важи и за сино-зелената боја или позната како тиркизна, која совршено прилега со спротивната розова, давајќи ѝ здрав изглед на кожата. Одлично се комбинира со црна, кафена и останатите неутрални бои.rnrn
rnВалкано розова
rnОваа боја делува префинето. На спектарот се наоѓа помеѓу светло розовата и бојата на праска. Ја нагласува природната свежина на лицето, па секој што ја носи остава впечаток дека блеска. Козметичарите препорачуваат со ваквата боја да се користи и слична нијанса на кармин.rnrn
rnБоја на модар патлиџан
rnОва е совршена темно виолетова боја, бидејќи е лесно прилагодлива, скоро како црната, темно кафената или морнарско сината.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Избрана е бојата на 2014-та
Компанијата Пантон која се официјално задолжена за контрола на комплетниот спектар на бои ја објави бојата која ќе ја одбележи 2014-та година.rnrn
rnrnОфицијалното име на бојата е Орхидеја која зрачи (Radiant Orchid), а нејзиниот технички назив е PANTONE 18-3224. Кога Пантон ќе ја одреди бојата на годината, потоа сè околу нас ќе биде во таа боја, од облека до технолошки гаџети и мебел за уредување на просторот.rnrn
rn„Radiant Orchid предизвикува и инспирира сигурност и зрачи со љубов. Тоа е виолетова боја која освојува, која привлекува кон себе со својот неверојатен шарм“, изјавува Леатрис Ајсман, извршниот директор на Color институтот.
rnДали ви се допаѓа?rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најчистото езеро во светот
Синото Езеро или Rotomairewhenua на маорски јазик, е мало свежо езерце во Националниот Парк Нелсонски Езера, во северните предели на Јужните Алпи во Нов Зеланд.rnrn
rnrnВо истражување од 2011 спроведено со неколку посети со хеликоптер и специјална опрема, истражувачите од Националниот институт за истражување води и атмосфера (NIWA), откриле дека езерото има екстремна визуелна оптичка бистрина до воодушевувачки 80 метри длабочина, што е речиси чисто колку и дестилираната вода.rnrn
rnrnЕзерото се карактеризира со сино-виолетова боја, која може да се види само во најчистите природни води. Тоа се полни напролет од соседното глацијално езеро Констанс, а водата поминува низ брана формирана од лизгачки одрони. Природната брана ги филтрира скоро сите честички кои ги има во водата, давајќи му ја на езерото најинтензивната сино-виолетова боја.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што кажуваат за вас боите во вашиот плакар?
Дали кога ќе го отворите вашиот плакар гледате шаренило од секакви бои или сепак до некој степен преовладуваат нијанси на една боја? Бојата која ја носиме, не значи само дека сме ја одбрале бидејќи била привлечна за нашето око, туку и кажува многу за она што е под облеката. Што кажува за вас бојата која преовладува во вашиот плакар и каква перцепција имаат другите за вас?rnrn
rnЦрна
rnЦрната боја асоцира на авторитет и моќ, па затоа вие сте личност која не се плаши целосно да ја преземе ситуацијата под своја контрола и да ужива во функцијата која ја има. Црната боја често ја носат луѓе со високи функции и авторитет, како политичарите или оние со важни функции во фирмите. Станува збор за елегантна боја која ве прави повитки. Плус, одговара за секоја пригода, од погреб до венчавка.rn
Бела
rnБелата боја се поврзува со едноставноста. Вие сте весела и едноставна личност која не сака комплицирање на работите. Исто така, доколку оваа боја преовладува во вашиот плакар, значи дека сте педантна личност која ја сака чистотата. Баш затоа успевате толку често да носите бело без видливи дамки од кафе или некаков оброк.rnrn
rnСива
rnСивата боја значи софистицираност. Им дава до знаење на луѓето околу вас дека сте самоуверена личност која мисли и донесува одлуки самата за себе. Без страв ги презентирате вашите одлуки и ставови пред другите. Сивата е одлична боја за бизнис средби, романтични состаноци или интервјуа за работа, бидејќи покажува дека сте самоуверени и се чувствувате добро во вашата кожа.rn
Кафена
rnОваа боја е знак на стабилност, луѓето можат да се потпрат на вас. Покажува дека уживате во удобноста на животот, но не преферирате промени. Едноставно сакате да играте на сигурно.rn
Сина
rnВие сте опуштена, релаксирана и кул личност и не сте многу импулсивна. За посериозни настани, како интервју за работа, одбрете потемна нијанса, како морнарско сина. Но за порелаксираните моменти, одберете посветли нијанси како небесна сина.rn
Розова
rnДоколку сте љубител на розовите нијанси, вие сте чувствителна личност со големо срце која се чувствува убаво самата за себе. Кога луѓето носат розова боја изгледаат достапни и способни да ги сакаат луѓето околу себе.rnrn
rnЗелена
rnЗелената ги поттикнува убавите чувства и доброто расположение кај вас, но и кај оние околу вас. Испраќате позитивни и смирувачки вибрации. Можеби тоа е така бидејќи зелената боја асоцира на топла пролет по ладната зима.rn
Жолта
rnОваа боја покажува дека сте забавна личност која сака убави моменти и секогаш е подготвена за забава. Вие ги асоцирате луѓето на топло сонце кое го разубавува денот. Секогаш имате одличен избор на облека за опуштена летна забава.rn
Црвена
rnВие сте страсна личност која умее да сака. Црвената боја се асоцира со љубов и романса. Ова е бојата која најмногу ги привлекува мажите. Кога се подготвувате за важен настан или романтичен состанок со личност која многу ви се допаѓа, нема да згрешите доколку се одлучите за вашата омилена боја – црвена.rn
Виолетова
rnБоја на креативноста. Им покажува на луѓето околу вас дека сте способни да размислувате „надвор од кутијата“. Не се плашите да ги правите работите поинаку од другите и често ја гледате убавината во места каде другите најчесто не ја гледаат. Па кога сакате да се инспирирате себеси или некој друг, носете виолетово!rn
Портокалова
rnПортокаловата е бојата на луѓето со богат социјален живот, кои лесно се впуштаат во разни разговори и познанаства. Им кажува на луѓето дека не сте затворени во себе, дека сте опуштени и дружељубиви.rnrn

-

Хит бои кои ќе се носат оваа есен
Модните трендови се менуваат од сезона во сезона. Оваа есен ќе ја одбележат живи бои и дезени. Ова се боите кои ќе бидат хит оваа есен:rnrn
Окер
rnОваа боја е софистицирана и сензуална. Облеката со темно портокалова боја можете да ја комбинирате со некои парчиња со неутрална боја. Како на пример, тесни цевка фармерки во окер боја, одлично стојат со бела кошула.
rnЦрвена
rnЦрвената боја ќе биде апсолутен хит оваа есен. Црвени пантолони можат да се комбинираат со еднобојни маици и кошули или пак парчиња со живописни принтови. Во случај да не сте расположени за црвени пантолони, тогаш изберете некоја црвена блуза или кошула и сигурно нема да погрешите.
rnСина
rnВо есенски бои не спаѓаат само оние кои асоцираат на ова годишно време. Одберете ја оваа боја и подгответе се да бидете главна модна икона оваа есен. Одлична е во комбинација со светло портокалова боја.
rnЖолта
rnЖолт фустан е едно од задолжителните парчиња за оваа есен. Одберете каков било вид жолт фустан за да изгледате сензуално. Дури можете да ја збогатите и вашата колекција на обувки, со еден пар жолти чевли.
rnВиолетова
rnВиолетовата е една од најубавите есенски бои. Без разлика дали ќе одберете да носите виолетови чевли, џемпер или фустан, секако ќе изгледате фантастично. Комбинацијата можете да ја надополните со бела или жолта чанта за да го комплетирате вашиот изглед.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Бојата на собата влијае колку често имате секс
Според резултатите од последното истражување, луѓето кои имаат виолетови спални соби имаат најмногу секс. Во просек тие неделно имаат 3,49 пати секс, што е значително повеќе за разлика од оние луѓе чии ѕидови на спалната соба и мебелот им се во друга боја.rnrn
rnrnВеднаш зад нив се наоѓаат оние чија спална соба е црвена, а на трето место се оние во чија соба доминира небесно сината боја. Истражувањето опфатило 2.000 луѓе, а со него се докажало и дека луѓето кои имаат свилена постела имаат 4,25 пати секс во просек неделно.rnКомплетната листа:
rn1. Виолетова – 3,49rnrn2. Црвена – 3,18rnrn3. Небесно сина – 3,14rnrn4. Розова – 3,02rnrn5. Црна – 3,0rnrn6. Сина – 2,76rnrn7. Жолта – 2,43rnrn8. Портокалова – 2,36rnrn9. Кафена – 2,10rnrn10. Бела – 2,02rnrn11. Окер – 1,97rnrn12. Зелена – 1,89rnrn13. Сива – 1,80rn
Како постелата влијае врз сексуалниот живот (просечно во неделата):
rn1. Свила – 4,35rnrn2. Памук – 2,72rnrn3. Најлон – 2,35rnrn4. Полиестер – 2,33rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














