КАФЕ ПАУЗА

Tag: виолетова

  • Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?

    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?

    Бојата може да влијае на нашите емоции, дела и на начинот на кој реагираме на одредени личности, работи и идеи. Дали сте знаеле дека секој пат кога носите различна боја на облека, му давате различни сигнали на светот? Голем број луѓе веруваат дека боите се моќни. Преку наредниве неколку слики ќе можете да ги дознаете значењето и карактеристиките на вашата омилена боја.rnrn

    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Црна – авторитет, прави да изгледате послабо, безвременско
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Сива – софистицираност, самодоверба, старовремско, неутрално
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Бело – светло, чистина, едноставност
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Црвена – агресивност, создава енергија, интензивно
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Жолта – доминантно, светло, концентрација, несериозност
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Зелена – пријател на околината, смирувачко, освежувачко, богато
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Сина – океан, мирно, свежо, лојалност
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Виолетова – луксузно, богато, софистицирано, романтично
    rnrn
    Што вели бојата на вашата облека за вашиот карактер?
    Кафена – цврсто, доверливо, искреност, стабилност
    rnrnАко не сте сигурни која боја на облека да ја изберете за денешниот ден, направете го овој краток тест кој ќе ви ја покаже бојата што одговара на вашето моментално расположение…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистинската боја за вашата спална соба

    Вистинската боја за вашата спална соба

    Секоја боја има своја енергија и вибрација, а различните нијанси будат различни емоции. Бидејќи сите ние сме различни помеѓу себе, бојата на нашата спална соба треба правилно да ја избереме, во согласност со нашите интереси и потреби.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnСекоја боја кореспондира со различна страна на компасот, па затоа најважно е најпрво да се утврди каде е точно лоцирана. Како генерално правило, собите кои се наоѓаат на север и исток најдобро одговараат со ладни бои, како што се сината, зелената и виолетовата. Собите пак, кои се наоѓаат на запад и на југ, најдобро кореспондираат со топлите бои, како црвена, портокалова и жолта. За белата се вели дека има моќ на исцелување. Особено е препорачливо да се употреби во северниот дел од собата.rnrnЦрвената е полна со енергија и е активна боја која има стимулативен ефект на вашето тело. Не е препорачлива за спални соби, особено не за детски, бидејќи може да вознемирува во спиењето. Но, доколку се чувствувате летаргично или пак мислите дека тешко се мотивирате, употребата на црвената боја на југозападниот дел од собата може да ви го подигне нивото на енергија. Таа често се поврзува со чувството за мирис.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnПортокаловата е боја на среќата, која инспирира на социјална интеракција и на оптимизам. Нејзините воздигнувачки ефекти ја прават многу забавна, па затоа е препорачлива за детски соби. Најдобро е да се употреби во соба која е свртена јужно. Доколку собата не се наоѓа свртена кон југ, можете да ставите некаква декорација или некое парче уметност на јужниот ѕид. Таа често се поврзува со чувството за вкус.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnЖолтата боја го стимулира умот и ја поддржува комуникацијата и концентрацијата, правејќи ја идеална за соба за работа и учење. Но, таа е и една од најдобрите бои за спална соба и може да се употреби за соба која се наоѓа на исток, југоисток, југ или југозапад. Таа често се поврзува со чувството за вид.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnЗелената ја претставува природата и го симболизира балансот, изобилството и  исцелувањето. Зелената може да се додаде во собата, преку бојадисување, растенија или преку парчиња уметност. Зелената е најефективна во соби кои се наоѓаат на север или пак на северниот дел од собата. Таа хармонизира и создава мир. Зелената боја често се поврзува со чувството за допир.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnСините нијанси се познати по нивните смирувачки и исцелителни моќи. Бидејќи делува психолошки, сината боја е идеална за спална соба, особено за луѓе кои се премногу активни и зафатени по цели денови или пак за оние кои патат од вознемиреност. Сината боја се поврзува и со креативност и инспирација, па затоа е одлична и за детска соба. Сината боја е најефективна доколку собата е свртена кон запад или северозапад, а често се поврзува со исцелување.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnТемносината боја е длабоко спиритуална и најдобро е да се употребува во спалната соба на луѓе кои имаат силна верба. Таа е одлична за употреба во соби за одмор, релаксација и опуштање.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnВиолетовата има најголем смирувачки ефект од сите бои и е одлична за спални соби и соби за мирување. Таа исто така се поврзува со спиритуалноста.rnrnВистинската боја за вашата спална собаrnrnДоколку сакате совети во врска со изборот на соодветната боја за која било соба во вашиот дом, прочитајте ја серијата содржини на тема: „Боите во домот го менуваат вашето расположение“, и тоа доколку се љубители на топли бои, ладни бои или на неутрални бои во уредувањето, а информирајте се и детално за значењето на боите околу нас.

  • Значењето на боите околу нас

    Значењето на боите околу нас

    Секоја боја околу нас има свое значење и ни буди различни чувства. Добрата комбинација од бои, често може да се покаже како клучна за успех при работата, уредувањето на домот, промовирањето на некое добро или услуга и слично. Која боја вам ви е омилена?rnrnЗначењето на боите околу насrnrnЦрвената е бојата на огнот и на крвта, па токму затоа таа асоцира на енергија, војна, опасност, сила, моќ, одлучност, страст, копнеж и љубов.rnrnЦрвената е емотивно интензивна боја. Таа го забрзува човечкиот метаболизам и дишењето и го зголемува крвниот притисок. Таа има голема видливост, па токму затоа сообраќајните знаци, семафорите и противпожарните апарати ја содржат токму неа. Во хералдиката, црвената се користи за означување храброст. Оваа боја се наоѓа и на многу национални знамиња.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnЦрвената ги поставува текстот и сликите во преден план. Може да се користи за да се акцентираат некои работи, кои можат да го натераат човекот да донесе некои брзи одлуки, како на пример „Купи сега“ или „Кликни тука“. Во маркетингот, црвената боја најчесто се користи да пробуди еротски чувства. Црвената боја својата најширока примена ја наоѓа во обележувањето на нешто што е опасно. Исто така, таа се применува и за асоцирање на енергија, па така може да се користи за промоција на енергетски пијалаци, игри, автомобили и друго.rn

      rn011

    • Светло-црвена: радост, сексуалност, страст, чувствителност и љубов
    • rn011

    • Розова: романтика, љубов, пријателство, женски квалитети и пасивност
    • rn011

    • Темно-црвена: енергија, волја, бес, лутина, лидерство, храброст, тага, злоба и гнев
    • rn011

    • Кафеава: машки квалитети и стабилност
    • rn011

    • Црвено-кафеава: жетва и есен
    • rn

    rnПортокаловата ја комбинира енергијата од црвената и среќата од жолтата. Таа се поврзува со радост, сонце и тропски предели. Портокаловата боја претставува ентузијазам, фасцинација, среќа, креативност, решителност, атракција, успех, охрабрување и поттикнување.rnrnВо човечките очи, портокаловата е многу жешка боја, па така му дава чувство на топлина. Сепак, портокаловата не е толку агресивна како црвената. Портокаловата боја го зголемува нивото на кислород во мозокот, произведува заживувачки ефект и ја стимулира менталната активност. Таа е мошне прифатлива помеѓу младите луѓе. Како цитрусна боја, портокаловата се поврзува со здрава храна и таа го стимулира апетитот. Портокаловата е бојата на есента и жетвата. Во хералдиката, оваа боја е симбол на сила и издржливост.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnПортокаловата боја има многу висока видливост, па можете да ја користите за да привлечете внимание и за да ги нагласите најважните елементи во вашиот дизајн. Таа е многу ефикасна за промовирање на прехранбени производи и играчки.rn

      rn011

    • Темно-портокалова: измама и недоверба
    • rn011

    • Црвено-портокалова: желба, сексуална страст, задоволство, доминација, агресија и жед за акција
    • rn011

    • Златна: престиж, просветлување, мудрост, богатство и висок квалитет
    • rn

    rnЖолтата е боја на сонцето. Таа се поврзува со радост, среќа, интелект и енергија.rnrnЖолтата боја обезбедува чувство на топлина, чувство на бодрење, ја стимулира менталната активност и создава мускулна енергија. Таа често се поврзува со храната. Светлата, чисто-жолта боја е предизвикувач на внимание, поради што и такси возилата во многу земји од светот се бојадисани со таа боја. Кога е премногу употребена може да има вознемирувачки ефект. Познато е дека бебињата повеќе плачат во соби во кои доминира жолтата боја. Во хералдиката, жолта укажува на чест и лојалност. Подоцна, некои значењето на жолта го поврзуваат со кукавичлукот.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnЖолтата боја се користи за да предизвика пријатни и весели чувства. Оваа боја можете да ја одберете за да промовирате детски производи и предмети поврзани со користењето на слободното време. Жолтата е многу ефикасна за привлекување внимание, па може да се користи за да се потенцираат најважните елементи во дизајнот. Мажите често на жолтата боја гледаат како на детска, па затоа не се препорачува престижни и скапи продукти за мажи да ја содржат. Таа е нестабилна и спонтана боја, па препорачливо е да се избегнува ако треба да се потенцира стабилност и безбедност. Светло-жолтата има тенденција да исчезнува кога е во комбинација со белата, па затоа потребна е потемна боја за да се потенцира нешто. Нијансите на жолта боја се визуелно непривлечни, бидејќи ја губат ведрината и постануваат валкани и безбојни.rn

      rn011

    • Несјајна: претпазливост, распаѓање, болест и љубомора
    • rn011

    • Светло-жолта: интелект, свежина и радост
    • rn

    rnЗелената е боја на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Зелената има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. Темно-зелената, многу често се поврзува со пари.rnrnЗелената има голема исцелителна моќ. Таа е најспокојната боја за човечкото око и може да го подобри видот. Таа симболизира стабилност и издржливост. Понекогаш зелената означува недостаток на искуство. Во хералдиката, зелената боја покажува раст и надеж. Оваа боја, обратно од црвената, означува безбедност. Не за џабе, таа е бојата на слободен премин во патниот сообраќај.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnКористете ја зелената за да посочите безбедност при рекламирање лекови и медицински производи. Зелената е директно поврзана со природата, па можете да ја користите за промовирање еколошки производи. Потемно-зелената најчесто се поврзува со парите, финансискиот свет, банкарство и слично.rn

      rn011

    • Темно-зелена: амбиција, алчност и љубомора
    • rn011

    • Жолто-зелена: болест, кукавичлук, раздор и љубомора
    • rn011

    • Аква: емоционално лекување и заштита
    • rn011

    • Маслинесто-зелена: мир
    • rn

    rnСината е боја на небото и морето. Често, таа асоцира на длабочина и стабилност. Оваа боја симболизира доверба, лојалност, мудрост, самодоверба, интелигенција, вера, вистина и рај.rnrnСината се смета како корисна за телото и умот. Таа го забавува човечкиот метаболизам и произведува еден фин смирувачки ефект. Сината е силно поврзана со спокојството и смиреноста. Во хералдиката, сината боја се користи за да симболизира побожност и искреност.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnМожете да ја користите за промоција на производи и услуги поврзани со чистота (филтри за прочистување на водата, средства за чистење…) воздухот и небото (авиокомпании, аеродроми, климатизери), вода и море (туристички патувања, минерална и обична вода). За разлика од емотивно-топлите бои како црвената, портокаловата и жолтата, сината е поврзана со свеста и интелектот. Користете сина за да покажете прецизност кога промовирате технолошки производи.rnrnСината е машка боја бидејќи, според истражувањата, таа е многу прифатена во машкиот свет. Темно-сината е поврзана со длабочина, експертиза и стабилност. Избегнувајте да употребувате сина боја кога промовирате храна и готвење, бидејќи оваа боја го потиснува апетитот. Кога се употребува заедно со некоја од топлите бои, сината може да создаде енергичен дизајн.rn

      rn011

    • Светло-сина: здравје, лек, спокојство, разбирање и мекост
    • rn011

    • Темно-сина: знаење, моќ, интегритет и сериозност
    • rn

    rn

    Виолетовата боја е комбинација од стабилноста на сината и енергијата на црвената. Виолетовата е поврзана со кралското семејство. Симболизира моќ, благородност, луксуз и амбиција. Таа претставува богатство и екстраваганција. Виолетовата е поврзана со мудроста, достоинството, независноста, креативноста, мистеријата и магијата.

    rn

    Значењето на боите околу нас

    rn

    Според анкетите, речиси 75 проценти од предадолесцентите преферираат виолетова пред сите други бои. Виолетовата е многу ретка боја во природата, па затоа некои луѓе сметаат дека таа е вештачка. Светлата виолетова е добар избор за женски дизајни. Таа може да се користи за промоција на детски производи.

    rnrn

      rn011

    • Светло-виолетова: романтични и носталгични чувства
    • rn011

    • Темно-виолетова: мрак, тажни чувства и фрустрација
    • rn

    rnБелата боја се поврзува со светлината, добрината, невиноста, чистотата. Таа се смета за бојата на совршенството. За разлика од црната, белата боја обично има позитивна конотација. Таа може да претставува успешен почеток. Во хералдиката, белата отсликува вера и чистота.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnВо маркетингот, белата се поврзува со свежина и чистота бидејќи тоа е бојата на снегот. Можете да ја користите за да сугерирате на едноставноста во технолошките продукти. Белата е соодветна боја за добротворни организации, бидејќи ангелите обично се замислуваат дека носат бела облека. Белата е поврзана со болници и доктори, па можете да ја користите за да прикажете безбедност при промовирање на медицински производи. Белата е често поврзувана со мала тежина, ниско калорична храна и со млечни производи.rnrnЦрната боја се поврзува со моќта, елеганцијата, формалноста, смртта, злото и мистеријата. Црната е мистериозна боја која асоцира на страв и непознато. Таа вообичаено има негативна конотација. Црната боја се смета за многу формална, елегантна и престижна боја.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnВо хералдиката, црната е симбол на тагата. Црната боја дава чувство на перспектива и длабочина, но сепак кога се користи како позадина ја намалува читливоста. Црниот костум или фустан исто така може да направи да изгледате послабо. При дизајнирање и фотографирање, црната боја може да се искористи како позадина за да се истакнат другите бои. Таа е одличен контраст на светлите бои. Во комбинација со црвена или портокалова, црната боја добива агресивност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Боите во домот го менуваат вашето расположение #1

    Боите во домот го менуваат вашето расположение #1

    Сакате да направите некаква промена во вашиот дом, да го освежите просторот, но и да ја промените бојата на ѕидовите, бидејќи белата е веќе одамна демоде. Ви останува уште да го направите изборот на боите кои ќе ги комбинирате. Додека размислувате на таа тема, немојте да заборавате дека боите потсвесно влијаат на вашите емоции и расположение, како и на психичката и физичката стабилност.rnrnДоколку преферирате ладни бои…rnrnСвежите нијанси на зелена, сина и виолетова боја ублажуваат, смируваат и успокојуваат и прават просторот да изгледа поголем.rn

    Зелената боја е боја на природата, која смирува, успокојува, прави да се чувствувате заштитени и ја подига вашата самодоверба. Зелената е одлична боја за вашата бања или спална или за било која соба која служи за одмор и релаксација.(1) Боите во домот го менуваат вашето расположение #1 Виолетовата боја симболизира страдање и тага, но истовремено и кралско достоинство, привилегираност и интегритет. Светлите нијанси на виолетова пак, се одлични за медитација, самоанализа и за духовно прочистување. Соодветна е за спална соба.(2) Боите во домот го менуваат вашето расположение #1 Сината боја го смирува нервниот систем, а симболизира живот во заедница. Светло сината е одлична соба за спиење, па затоа употребете ја за вашата спална или за соба во која се релаксирате. Избегнувајте ја за дневна соба и канцеларија. Сината боја е и „убиец“ на апетитот, така што освен ако не сте на диета или не ве бива за готвење, немојте да ја изберете за вашата трпезарија. Темно сината пак, создава депресивни чувства и ја „вшмукува“ енергијата во домот.(3) Боите во домот го менуваат вашето расположение #1