КАФЕ ПАУЗА

Tag: Виена

  • 6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно

    6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно

    Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен благодатно на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди голем избор на туристички атракции.rnrnПалатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)rnrnЗатоа, ослободете си малку време и погледнете ја оваа листа на места кои вредат да се посетат при вашето следното патување во Виена.rn

    Палатата Шенбрун

    rnОгромната палата Шенбрун каква што ја гледаме денес, е изградена во средината на 1700-тите години – дизајнирана во барокен стил со симетрична главна зграда која има стотици прозорци и статуи на покривот. Ова место претходно било во сопственост на моќен римски император, кој го користел како ловиште, за подоцна да стане главна летна резиденција на Хабсбуршките владетели. Денес палатата опстојува како музеј и е една од најпопуларните атракции во Виена, ако не и во цела Австрија. Исто така, таа е заштитена од УНЕСКО како светско културно наследство. Огромната палата има повеќе од 1.400 соби во кои посетителите можат да ги разгледаат бујните ентериери на кралските одаи. Прекрасните градини се слободни за истражување, накитени со формални цветни леи, скулптури, римски урнатини, лавиринти, како и фонтаната Нептун и видиковецот Глориете.rnrnПалатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)rnrnПалатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)rnrnПалатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)rn

    Катедралата Свети Стефан

    rnКатедралата Свети Стефан е едно од најпрепознатливите обележја во Виена. Импресивната готска црква датира од 1300-тите години и забележала многу промени низ годините. Највисоката кула достигнува висина од 136 метри. Разнобојниот покрив со мозаик од двоглав орел е впечатлива и симболична карактеристика за Хабсбуршката империја. Внатре има неколку капели посветени на различни светци, статуи, религиозна уметност и впечатлива готска говорница. Со искачување на 343 скалила кои водат до еден од врвовите на кулата, може да се ужива во прекрасниот поглед на градот. Интересни се и многуте музички настани кои се случуваат токму овде. При посета на јужната кула потребна е голема внимателност бидејќи за брзо време таа станува преполна, а скалите се прилично тесни.rnrnКатедралата Свети СтефанrnrnКатедралата Свети Стефанrnrnrn

    Паркот Пратер

    rnПратер е голем јавен парк во Леополдштат – една од најпознатите населби во Виена. Полн со зеленило низ целата главна патека, паркот е одлично место за уживање во природата и релаксирање на отворено. Во склоп на ова место има и забавен парк кој е еден од најстарите забавни паркови во целиот свет. Паркот има и планетариум, музеј, продавници, ресторани и разни други атракции. Посетата на паркот не се наплаќа, па можете слободно да уживате во неговите убавини. Приемот во забавниот парк е исто така бесплатен – посетителите единствено плаќаат за возењата кои што сакаат да ги искусат. Највозбудлив туристички симбол на градот е Пратеровото панорамско тркало кое што овозможува прекрасен поглед на целиот град уште од 1896 година. Во овој огромен парк има место за најразлични активности – од простор за јавање коњи, до пливање во базен на стадионот, возење велосипед, играње тенис, фудбал…rnrnПаркот ПратерrnrnПаркот ПратерrnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Магијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светот

    Магијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светот

    Пред неколку дена, Виена била прогласена за град во кој има најубав живот. Тука нема ништо чудно, освен фактот што австриската престолнина не ја добива оваа титула еднаш, туку осум години по ред! Па, каде лежи магијата во овој волшебен европски град? Австријците сметаат дека квалитетниот здравствен систем, јавен превоз, образовни институции и квалитет на водата се главните фактори што придонеле за освојување на оваа значајна титула. Но, Виена е позната и по многу други работи, а ние ќе ви ги претставиме 10-те факти што треба да ги знаете за градот со најубав живот…rnrnМагијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светотrnrn1. Виена е позната и како „градот на музиката“, што има логика ако го земеме предвид фактот дека тука живееле и твореле Моцарт, Бетовен, Хајдн, Шуберт и многу други композитори. Доколку сте големи љубители на класичната музика, можете да ги посетите домовите на некои од овие композитори, кои денес се претворени во музеи.rnrn2. Еден од прекарите на Виена е и „градот на соништата“, бидејќи таткото на психоанализата, Зигмунд Фројд, го поминал поголемиот дел од неговиот живот токму во овој град. Неговиот стан денес е претворен во музеј.rnrn3. За настанокот на познатите кроасани не се заслужни Французите, туку Австријците. Една австриска пекара ги направила за прв пат во далечната 1683 година за да ја прослават победата над Турците. Токму затоа кроасаните имаат форма на месечина, симболот кој го носеле турските војници на нивните штитови.rnrn4. Најстарата зоолошка градина на светот се наоѓа во Виена. Таа била изградена во градините на замокот Шенбурн во 1752 година, а денес во неа живеат повеќе од 700 најразлични животински видови. Освен тоа, ова е единствената зоолшка градина во барокен стил, па затоа се смета и за најубава зоолошка градина во светот.rnrnМагијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светотrnrn5. Новогодишниот концерт на виенската филхармонија е настан за кој секогаш се бараат карти и покрај тоа што некои места чинат повеќе од 1.000 евра. Последниот концерт го проследиле повеќе од 50 милиони луѓе во 90 земји, а картите не можете да ги купите туку-така. Треба да се пријавите на лотарија и да се надевате дека вашето име ќе биде извлечено.rnrn6. Кафето е многу важен дел од виенската култура, па затоа виенските кафулиња кои потекнуваат уште од 17-век завршиле на листата на културни знаменитости предводена од УНЕСКО.rnrn7. Марија Антоанета, Ники Лауда, Хеди Ламар, Франц Шуберт, Кристоф Волц, Густав Климт, Јохан Штраус помладиот… Сите тие можат да се пофалат дека се родиле токму во Виена.rnrn8. Познатата палата Шенбурн е најпосетеното место од страна на туристите. Но, доколку имате повеќе пари, ова искуство можете да го направите многу поприватно. Имено, можете да изнајмите апартман во замокот и да ѕирнете во царската Австрија, макар за момент. А која е цената? „Само“ 1.500 евра за една ноќ.rnrnМагијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светотrnrn9. По Втората Светска војна, Виена била поделена на четири окупациони зони. Сепак, во 1955 окупацијата престанала бидејќи Австрија одлучила дека нема да му припаѓа ниту на западниот ниту на источниот блок, туку ќе биде неутрална.rnrn10. Во Виена се одржуваат повеќе од 200 балови секоја година. Тие обично траат дури 3 месеци, од јануари до март, а најпопуларното место за нивно одржување е палатата Хофбург. Оркестрите свират, се играат валцери… Вистинска магија!rnrnМагијата на европската престолнина: Дознајте кој е најидеалниот град за живеење во светотrnrnДоколку и вие го обожавате овој европски град, сигурно ќе сакате да појдете на кафе во Виена.

  • Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

    Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

    Вистинскиот и најдобриот водич за патување најчесто доаѓа од непрофесионалните извори како што се пријателите или познаниците кои ги посетиле местата пред вие да го направите тоа. Искуството е секогаш гаранција за подобра реприза и може многу да помогне за оние кои за прв пат патуваат на некоја дестинација, доколку претходно се информираат пред да тргнат во својата авантура. Во продолжение прочитајте ги најважните работи кои треба да ги знаете за најголемите европски градови кои важат за едни од најдобрите туристички атракции, според искуствата на редовните туристи и посетители кои сигурно ќе ви помогнат многу повеќе од кој било водич.rn

    1. Виена

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnВистинските Виенчани се воздржани, културни и конзервативни луѓе, па препорачливо е да не се флертува со секоја дама, ниту пак да се започнува разговор со мажите во костуми. Во Виена само туристите носат хеланки, шорцеви и патики. Тука, кафето и утринските весници се дневен ритуал, a водата не се купува, туку се пие од чешма. Доколку сакате да го користите градскиот превоз, тогаш добро би било ако платите за билет, бидејќи виенските контролори се немилосрдни.rn

    2. Рим

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnПрво правило е дека не треба да се фрла паричка во секоја фонтана. Исто така, не треба да се чека ред за Колосеумот, бидејќи се влегува со истата карта која се купува на влезот на Форумот или во Музејот. Влезот во Ватикан е бесплатен во последната недела од месецот, а Пантеон е секогаш џабе. На улиците треба да се избегнуваат средбите со „трговците“ кои нудат по некој ситен подарок, а потоа трчаат по вас за да им дадете пари.rn

    3. Барселона

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnКатедралата Саграда фамилија навистина вреди да се посети. Колку и да е гладен, туристот не треба да јаде на Ла Рамбла, туку во Готскиот кварт. Локалното население добро го владее англискиот јазик, така што ќе можете да очекувате помош за насоки во секое време. Во Барселона, иако шаренилото, разиграноста и разнобојноста се присутни насекаде, сепак не треба да се очекува фламенко и весела, распеана атмосфера, бидејќи Каталонија не е Шпанија.rn

    4. Париз

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnВо Париз е невозможно да се види сѐ, а максимумот може да се постигне само со прецизно планирање и користење на метрото. Париз е скап град, па доколку сакате да заштедите тогаш треба да избегнувате да јадете на познатите авении или на Монмартр. Најдобрата и најевтината алтернатива се рестораните на железничките станици, кои се вистински уметнички дела. Да се чека ред за Ајфеловата кула е „фрлен“ ден, а доколку навистина сакате да се искачите, тогаш поминете ги 328-те скали до првото ниво, бидејќи погледот е прекрасен и оттука, а надолу можете да слезете со лифт. Мудрите туристи не влегуваат во големите продавници и шопинг центри, колку и да се привлечни, бидејќи тука се губат минимум 3 часа. Елисејските полиња најдобро е само да се поминат, бидејќи постојат само за Американците.rn

    5. Прага

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnБез размислување треба да се доплати за хотел во центарот. Не е пожелно да се оди на шопинг на Венцеславскиот плоштад, бидејќи може да се најдат идентични работи во околните места кои се многу поевтини. Не мора да пиете кафе во Старбакс или да јадете брза храна, бидејќи чешките ресторани имаат многу достапни и разумни цени на своите деликатеси. Доколку сакате да го посетите Карловиот мост, тогаш тоа треба да го строите наутро или во квечерините. Не треба да се нервира гардата на Дворецот Храдчани, бидејќи имаат силен темперамент и брзо го губат трпението. Во Прага секогаш треба со себе да понесете јакна, во кое било годишно време.

  • Кафе „Виенска релаксација“

    Кафе „Виенска релаксација“

    Релаксирачко кафе за будење

    rnКафе „Виенска релаксација“rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 мл кафе
    • rn011

    • 50 мл крем
    • rn011

    • 10 мл чоколаден сируп
    • rn011

    • ¼ лажичка цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во шејкер и добро измешајте. По желба додадете и мраз. Сервирајте со шлаг наросен со рендано чоколадо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Европски спот за песната „Круг“ на Дон и Андреј од ДНК

    Европски спот за песната „Круг“ на Дон и Андреј од ДНК

    Спотот за песната „Круг“ на бизнисменот Дон и Андреј од ДНК, кој е снимен низ Европските метрополи Виена, Париз, Милано и Венеција од денес имаме можност да го гледаме на медиумите. Интересната видео репортажа за нивната заедничка песна „Круг“ е зачинета и со прекрасни кадри од Сани Бич, каде што се појавува и актуелната Мис на Македонија, прекрасната Симона Станковска.rnrnrn
    rnrn

    „Спакувавме едно интересно несекојдневно видео со кадри од Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св. Марко во Венеција, кои ги посетивме со Андреј и екипата на 2С Продукција којашто го работеше спотот. Се надевам дека спотот, а и самата песна ќе ѝ се допаднат на публиката затоа што носи искрена порака во себе. Почетокот на текстот ја искажува скриената желба на многу луѓе за материјални вредности, но во последните стихови се објаснува дека вистинската вредност не е во парите и славата туку во духовните вредности како љубовта и среќата“ – изјавува Дон.

    rnrnКомплетниот текст со моќната порака на „Круг“ го напиша самиот Дон, а композиторот Лазар Цветкоски ги направи музиката, аранжманот и продукцијата на песната.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказна за тажната принцеза Елизабет од Баварија

    Приказна за тажната принцеза Елизабет од Баварија

    Да се биде најубавата и најсаканата императорка во светот само по себе би значело да се има прекрасен и исполнет живот. Но, таква не била приказната на Елизабет I – владетелката на Австрија. Зад сета убавина и сјај што со себе го носел животот во Хабсбуршката монархија всушност се крие трогателна и емотивна приказна.rnrnПриказна за тажната принцеза Елизабет од БаваријаrnrnПозната низ историјата како Сиси, прекар којшто го добила уште во детството, оваа мистериозна и необична жена всушност растела како многу весело и живо девојче на имотот на нејзиното големо семејство во дворецот Посенхофен, Баварија. Идилата на прекрасниот имот каде Сиси уживала да ги поминува деновите во долги прошетки и јавање коњи за жал брзо завршила поради амбициите на нејзините мајка и тетка.rnrnПринцезата Софи од Баварија, мајката на тогаш 23-годишниот император Франц Јозеф, сакајќи да ги задржи богатството и моќта во семејството склучила договор со нејзината сестра да ја омажи Хелена, постарата сестра на Елизабет, за нејзиниот син.rnrnНо нивниот план морал да се промени кога Франц Јозеф за првпат ја видел Сиси и воедно за првпат се спротивставил на желбите на неговата мајка,  ја сакал убавата 15-годишна девојка за жена и решително уште утредента ја објавил венчавката. Така, веселото девојче морало да го заборави својот безгрижен живот и преку ноќ да се прилагоди на строгите правила и да научи да живее како императорката на Австрија.rnrnПриказна за тажната принцеза Елизабет од БаваријаrnrnСекако, едно од најважните очекувања за младата девојка било да роди машки наследник за монархијата, нешто што се подразбирало без разлика на нејзината возраст. Една од многуте трауми кои нејзината тетка, сега веќе свекрва, ù ги нанела било одземањето на нејзината прва ќерка Софи – секако крстена без прашање на Елизабет, а истото се случило и по раѓањето на втората ќерка.rnrnБезгласна и немоќна, затворена во ѕидините на огромните дворци, Сиси се повлекла длабоко во себе, станувајќи со текот на времето депресивна и меланхолична. Овие емоции и длабоки рани ќе ја следат во текот на нејзиниот цел живот, предизвикувајќи да страда од многу нарушено здравје.rnrnИако Франц Јозеф имал длабоки чувства спрема својата жена, обврските и влијанието на неговата мајка оневозможиле да си создадат добар брак, па на тој начин Сиси останала целосно сама и никогаш вистински не го засакала.rnrnПриказна за тажната принцеза Елизабет од БаваријаrnrnНемајќи можност правилно да се развива како личност уште од многу рана возраст, Елизабет со текот на времето целосно се преориентирала кон она што сметала дека е нејзин единствен квалитет – убавината. Била позната како најубавата владетелка во светот и постојано добивала внимание од јавноста поради нејзиниот изглед. Сакајќи што подолго да ја задржи својата убавина се придржувала до бизарни, секојдневни ритуали.rnrnБила опседната со својата тежина, многу малку јадела и постојано вежбала и пешачела. Единствената страст која ја задржала од детството била јавањето, голема љубов, но и начин да се одржува во форма. Нејзината половина била необично тенка и тоа поради ужасно тесните корсети кои постојано ги носела, а биле правени по нарачка за неа во Франција.rnrnСиси имала многу долга коса, за која се грижел нејзиниот личен стилист и ја негувала со есенција од јајца и коњак. Во деновите кога нејзината коса ја миеле и чешлале, сите други активности на Елизабет биле откажувани.rnrnСите овие необични ритуали створиле еден култ за нејзината убавина и уште повеќе привлекувале внимание кон имиџот на мистериозната жена. После 32-та година, Елизабет не дозволувала никој повеќе да слика нејзини портрети, сакала да ја задржи сликата на вечно убава и млада жена. Сиси зборувала повеќе јазици и била навистина плодна поетеса, но сите нејзини песни биле проткаени со доза иронија и сарказам упатени кон членовите на Хабсбуршкото семејство.rnrnПриказна за тажната принцеза Елизабет од Баварија rnrnНа крајот, покрај сите закани од семејството дека доколку не роди машки наследник ќе биде протерана од Австрија, Елизабет го родила нејзиниот син Рудолф, но нејзината животна приказна била обоена со уште една трагедија, принцот починал на млада возраст и Сиси оттогаш целосно се повлекла од јавниот живот. Така настанала вечната слика за дамата во црно.rnrnОна што мора да биде споменато во врска со животот на Сиси е фактот дека иако имала ограничена, поточно никаква политичка сила, сепак имала огромно влијание врз создавањето на Австро-Унгарија. Била необично поврзана за Унгарците и постојано настојувала Франц Јозеф да ја земе земјата под закрила. На крај искористувајќи ја неговата љубов спрема неа, ја исполнила нејзината единствена мисија. Токму поради ова нејзино влијание, Сиси станала една од најобожуваните владетелки на нејзиното време.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водич низ светот за зависниците од кафе

    Водич низ светот за зависниците од кафе

    Кафето е многу повеќе од напиток со млеко и шеќер. Од селата во Етиопија, каде за првпат започнало да се одгледува, до кафулињата низ цела Европа и улиците на Токио, кафето стана дел од сечие секојдневие и се прилагодува на секаква култура.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnНа многубројните обожаватели на кафето, кога патуваат не им е потребна карта на светот, толку колку што им е потребен водич за конзумирање кафе. Сите ние имаме свои ритуали и начини на конзумирање на кафето. Би биле изненадени на колку различни начини тоа се прави во светот. Сите кафе зависници, подгответе се, одиме на една мала турнеја!rn

    Италија – Espresso (Еспресо)

    rnОпис – Совршеното италијанско еспресо, на површината треба да има слој со боја на карамела, кој е доволно дебел да го задржи неколку секунди шеќерот пред да пропадне надолу.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Еспресото во Италија се пие на една голтка. Колку и да изгледа невообичаено, луѓето го пијат стоејќи во кафе барот.rnrnКаде да го пиете – Експертите тврдат дека најдоброто еспресо во Италија може да го вкусите во Рим, во близина на Пантеонот, поради изворите од каде ова подрачје се снабдува со вода.rn

    Австрија – Melange (Меланж)

    rnОпис – Станува збор за популарното виенско кафе Меланж, кое е вид капучино со многу млечна или шлаг пена на површината.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Со кафето задолжително побарајте чаша вода, и тоа од чешма. Не само што е безбедна за пиење, водата во Виена е добра и препорачлива.rnrnКаде да го пиете – Се разбира, каде ако не во Виена! Со кафето не прескокнувајте да порачате некоја од познатите виенски торти, како тортата Захер.rn

    Етиопија – Buna (Буна)

    rnОпис – Во родното место на кафето, нека не ве чуди фактот што жителите го конзумираат со сол и путер, наместо со млеко и шеќер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Ако сте поканети кај некого дома, покажете почит кон целата церемонија на подготвување на кафето. Напијте се макар три филџани кафе! Бројот три (наречен bereka) се смета за благослов.rnrnКаде да го пиете – Посетете некој од рестораните во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, каде церемонијата за подготовка на кафе се одвива на отворено во сламени колиби.rn

    Мексико – Café de Olla (Кафе Ди Ола)

    rnОпис – Традиционално зачинето кафе, кое се служи во земјен сад, а се додаваат и стапчиња цимет.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако да го пиете – Доколку патот ве однесе во Мексико и сакате да си го порачате ова кафе, не додавајте шеќер пред да го пробате, и онака е доволно засладено.rnrnКаде да го пиете – Мексико Сити се смета за централно место на традиционалната мексиканска храна и пијалаци, па затоа оригиналното Кафе Ди Ола може да го вкусите токму овде. Најдобро би било да одберете место во периферијата на градот, каде би можеле да уживате во прекрасната глетка и вкусот на мексиканско кафе.rn

    Саудиска Арабија – Kahwa (Кава)

    rnВкусете го кафето на Бедуините. Ќе ве послужат и со слатки суви урми кои ќе ја засладат горчината на ова јако кафе. Заедно со кафето, порачајте си сок од роза или бадемово лиснато печиво.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Куба – Café Cubano

    rnИталијанското еспресо добива посебен и уникатен вкус со додавање на кубански шеќер, што резултира со слатка кафеава пена на врвот, наречена espumita.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Индија – Kaapi

    rnКафе-напитокот, кој оригинално доаѓа од Јужна Индија, се приготвува на висока температура, а на површината има дебел слој пена која се добива при процесот на ладење. Кафето се сервира со претурање од еден сад во друг неколку пати.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Индонезија – Kopi Luwak

    rnОва традиционално индонезиско кафе е едно од најскапите во светот, ако не и најскапо. Она што е посебно е начинот на кој се произведува. Кафето Копи Лувак се собира од измет на азиското животно дива цибетка, кое јаде зрна кафе. Колку и да звучи необично, светската побарувачка за ова кафе сè повеќе расте, па дивата цибетка почна да се одгледува во кафези со цел да се покачи производството на ова кафе, чија цена достигнува и до 11 долари од филџан.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Малезија – Pak Kopi/Kopi Putih/Bai Ka-fe

    rnУште е наречено бело кафе, се приготвува со печење на зрната кафе со маргарин.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Аргентина – Cortado

    rnЕдна од најстарите култури за одгледување кафе е токму во Буенос Аирес, Аргентина. Ова нивно традиционално кафе се прави со додавање мала количина млеко во кафето еспресо.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Шпанија – Café Bombón

    rnОваа слатка комбинација на еднаква количина кафе и млеко, потекнува од Валенсија и е позната насекаде низ светот.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Мароко – Café des Épices

    rnВкусот на ова кафе варира во зависност од количината на додатоците, како: ѓумбир, црн пипер, сусам, ким, цимет и други, кои можат да се најдат на мароканските пазари.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Финска – Kaffeost

    rnОсобено популарно кај локалното население, ова кафе се приготвува со млеко од крави или ирваси. Во чаша црно кафе се додаваат парчиња кајмак кои се вадат пред да почнете да го пиете кафето.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Ирска – Irish Coffee

    rnТрадиционалното ирско кафе е нешто што мора да се проба. Направено е од топло кафе, шеќер и ирско виски, со многу шлаг на површината на чашата.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Америка – Frappuccino

    rnСтарбакс е дефинитивно симбол за американската кафе-култура, а овој вид милкшејк кафе е еден од најпродаваните низ цела Америка.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Холандија – Bakkie Troost

    rnБуквално преведено, неговото име значи „чаша удобност“, може да го најдете под името kaffe, а се служи со колачиња. Доколку сакате млеко, ќе треба да порачате „koffie verkeerd“ или „coffee wrong“.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Полска – Kawa Parzona

    rnИсто познато под името „kawa naturalna“, ова традиционално полско кафе се прави со ставање на кафето во врела вода, без употреба на филтер.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrn

    Хонг Конг – Yuanyang

    rnОвој пијалак е мешавина од кафе и чај. Направено од повеќе видови млеко и чај, може да се служи и топло и ладно. Ова кафе е симбол за тоа како две некомпатибилни состојки можат да се измешаат и да се добие прекрасен вкус.rnrnВодич низ светот за зависниците од кафеrnrnКако што можеме да заклучиме, кафето е вистинска магија, разни вкусови, мешавини и додатоци симболизираат различни традиции ширум целиот свет. Затоа каде и да одите не заборавајте да пробате традиционално кафе и да го збогатите вашето животно искуство за уште една шолја.

  • Виенско топло чоколадо

    Виенско топло чоколадо

    Нема некој што не ужива во чоколадото. А ова чоколадо е за уште поголемо уживање – топло чоколадо. Толку едноставно и вкусно. Почестете ги пријателите со вакво, домашно топло чоколадо со виенски шмек.rnВиенско топло чоколадоrnrnПотребно за 4-ца:rn

      rn011

    • 125 г чоколадо со 70% какао маса
    • rn011

    • 500 мл минерална вода
    • rn011

    • 50 г шеќер во прав
    • rn011

    • 25 г какао
    • rn

    rnЗа шлаг:rn

      rn011

    • 150 мл хопла (може и шлаг)
    • rn011

    • една лажица шеќер во прав
    • rn011

    • какао за декорација
    • rn

    rnПодготовка: Чоколадото исечкајте го ситно. Во тенџерче ставете ги минералната вода и шеќерот да се загреат. Шеќерот треба да се стопи, но водата никако не смее да зоврие. Додајте го какаото и мешајте додека да зоврие сè. Малку по малку ставајте го чоколадото и почекајте да се стопи. Сето ова правете го на средна температура. Тргнете го тенџерето од оган. Изматете ја хоплата (шлагот) со шеќерот. Кога хоплата ќе биде цврста, тогаш значи дека е готова. Ставете го чоколадото во стаклени чаши. Од горе ставете од шлагот и попрскајте го какао.Виенско топло чоколадо

  • На кафе во Виена

    На кафе во Виена

    Утрото не е комплетно без жешко кафе. Оваа реченица ја покажува својата вистинитост во Виена. Кафето е најпреферираниот пијалак во овој Австријски град, а тоа се покажува по големиот број кафе-барови кои ги има на секое ќоше во главниот град.На кафе во ВиенаКафето во Виена е повеќе од обично кафе со млеко на кое сме навикнати. Во Виена постојат повеќе видови кафиња кои треба да се знаат. Прочитајте повеќе за најразличните кафиња и одберете какво ќе си нарачате кога ќе се најдете таму.rnrnKapuziner – мала доза кафе со многу млекоrnrnFiaker – Ако сакате ликер во вашето кафе, еве го кафето што треба да го нарачате. Мока кафе со рум или коњак и шлаг.rnrnEinspanner – силно црно кафе со шлаг и чоколаден прав. Се служи во голема стаклена чаша.На кафе во ВиенаKaffee Maria Theresia – мока кафе со ликер од портокал и шлагrnrnEiskaffee – идеално за оние кои сакаат ладно кафе, кафе со сладолед од ванила, шлаг и чоколадни снегулкиrnrnSchwarzer – Ако сакате чисто и силно црно кафе, ова е вистинското за вас. Може да побарате мало или големо.rnrnGrosser Brauner – кафе сервирано во голема шолја со додаток шлаг или млеко. Ова кафе е австриска варијанта на Американското капучино.rnrnKleiner Bauner – мала верзија од Grosser Brauner, сервирано во мала шолја со малку млеко. Ова е италијанска верзија на Espresso Macchiato.rnrnSchale Gold – еспресо кафе во голема шолја, сервирано со шлаг настрана.На кафе во Виенаrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусот на свежата музика

    Вкусот на свежата музика

    Некои свират на пијано, други пак на виолина. Најважно е тоа што овие музиканти не треба да ги наштимаат своите инструменти. Нив им е битно само тие да бидат свежи. Па нели музиката не познава граници?rn

    Вкусот на свежата музикаThe Vegetable Orchestra или Оркестарот на зеленчуци, буквално ја сфати оваа реченица и сега тие прават музика од морков, пиперки, краставици, зрнести продукти и модри патлиџани.Вкусот на свежата музикаОркестарот е основан 1988 година во Виена и брои 11 членови чии професии се најразлични – од професионални музичари до архитекти, поети и дизајнери – сите ентузијасти и луѓе кои вистински ја сакаат музиката.Вкусот на свежата музикаНастапуваат секаде низ светот во Америка, Англија, Франција, Германија, Австрија, Шпанија, Русија.rnПогледнете го клипот кој покажува како ги подготвуваат зеленчуците за настап и слушнете како живо и свежо звучи нивната музика.

    rnrnrnОркестарот на зеленчуци на својот репертоар има музика од повеќе музички жанрови: џез, електорнска експериментална музика, ориентална хаус музика, па дури и компонираат своја. Интересно за овој оркестар е тоа што после секој нивни настап, на публиката им нудат да ги вкусат нивните „инструменти“.Вкусот на свежата музика