КАФЕ ПАУЗА

Tag: весник

  • Весници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од Јапонија

    Весници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од Јапонија

    Во Јапонија еден од најпознатите дневни весници измислил 100% одржлив весник. Ако го засадите, ќе добиете растение. Јапонија уште еднаш се покажа како навистина напредна држава. Последниот изум се состои од весник направен од рециклирана и хартија од зеленчук којашто можете да ја засадите откако ќе ја прочитате. Проектот е наречен „Зелен весник“ и е смислен од страна на издавачот на познатиот јапонски дневни весник – Mainichi Shimbunsha.rnrnВесници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од ЈапонијаrnrnВесникот што можете да го засадите и не е некоја новост. На пазарот се наоѓа неколку години и е мешавина од рециклирана хартија, вода и семе од мали цветови и тревки. Лесно можете да го направите и дома. Најдоброто е што можете да го рециклирате на навистина креативен начин. Штом ќе завршите со читање, немојте да го фрлате. Наместо тоа искинете го на мали парчиња и засадете го. Со редовно полевање со вода, за неколку недели ќе имате нови растенија и цветови во вашиот дом.rnrnВесници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од ЈапонијаrnrnПрвичната идеја ѝ припаѓа на Dentsu Inc, една од најголемите агенции за рекламирање во Јапонија. Зелениот весник не е првата одржлива иницијатива од страна на јапонскиот дневен весник. Неговата посветеност на заштитата на околината е добро позната благодарение на претходна донација на вода за населението кое страда од жед. Весникот не презема акција само преку информации, тој решава глобални проблеми.rnrnВесници коишто се претвораат во растенија се најновиот изум од ЈапонијаrnrnЕколошкиот весник има голем успех. Секој ден кружат околу 4 милиони копии низ државата и се заработуваат околу 600.000 долари. Иницијативата исто така вклучува училишта со цел да се зголеми свеста на децата за проблемите со загадувањето на околината и да ја научат важноста на рециклирањето. Со цел да се намали емисијата на јаглероден диоксид генерирана од традиционалните системи за отстранување отпад, потребно е да ги рециклираме потрошните материјали, особено хартијата.rnrnJапонија е позната по нејзините навистина необични изуми, а овде можете да погледнете некои од најчудните.

  • Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон

    Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон

    Во денешно време сите сме опседнати со технологијата. Нашите телефони неизбежно ги земаме со себе кога го напуштаме домот. Многумина паничат кога ќе го заборават телефонот дома, па веднаш организираат такси или некој од домашните да им го донесе. Како да не може да помине ни еден ден без мобилниот.rnrnEnjoying lifernrnЗададете си еден интересен проект: заборавете го телефонот намерно дома. Еве што сѐ можете да правите и како би изгледал вашиот ден.rn

    1. Сликање

    rnПред ерата на модерните апликации за сликање и цртање, платното и боите беа незаменливи. Вратете им се. Ако сликате секој ден можете да го намалите нивното на стрес и анксиозност.rn

    2. Дремка без аларм

    rnСтудиите покажуваат дека чувањето на телефонот покрај главата може да ви го наруши сонот. Спијте додека ви се спие.rn

    3. Трчање без музика

    rnНаместо да слушате музика, уживајте во звуците на природата. Плус, ќе бидете свесни за она што се случува околу вас и ќе бидете подготвени за евентуалните непредвидливи ситуации. Додека слушате музика не можете да го чуете автомобилот зад вас.rn

    4. Дружење со домашниот миленик наместо гледање видеа од други миленици

    rnЛесно е човек да се навлече на смешни видеа со домашни миленици, но многу подобро ќе го поминете времето доколку се дружите во живо со вашиот миленик. Една неодамнешна студија покажала дека 20% од сопствениците на миленици попрво би гледале видеоснимки од миленици одошто да си играат со нив. Играјте со вашето домашно милениче. И тоа е, докажано, добро за намалување на стресот.rn

    5. Одење во кино или во театар

    rnПрестанете да гледате сѐ на вашиот телефон. Излезете сами или со пријателите и појдете на филм во кино или пак на театарска претстава. Ќе видите колку е поинакво тоа доживување.rn

    6. Пишување на хартија

    rnСтудиите откриваат дека запишувањето на работите за кои сме благодарни имаат добро влијание врз општата среќа, а самиот чин на пишување може да ви помогне да учите подобро. Наместо да запишувате во вашиот телефон, вратете се на старомодниот начин.rn

    7. Одење на прошетка

    rnПојдете на прошетка без телефонот. Можеби некој ќе ве бара. Ако. Вие одмарајте малку во природа. Подоцна ќе се јавите.rn

    8. Готвење според рецептите од баба

    rnРецептите од интернет се супер, но најпроверени се рецептите од кои веќе сте го пробале финалниот продукт. Фамилијарните рецепти од баба се оние најдобрите.rn

    9. Одење на вечера со пријателите

    rnВо храната треба да се ужива, не само да се поставува на Инстаграм. Следниот пат кога ќе одите на вечера со пријателите, договорете се да не ги користите телефоните и играјте ја играта „кој прв го допре телефонот, тој ја плаќа сметката.“rn

    10. Читање весник

    rnСекако дека ако читате вести од интернет имате можност први да дознавате што се случува, но хартија си е хартија. Чувството меѓу прстите кога ги вртите страниците, мирисот на печатарската боја, па и благата болка во мускулите од држење на весникот, се едноставно незаменливо искуство.rn

    11. Пополнување енигматика

    rnКога веќе го имате весникот в рака, решете некој крстозбор или судоку наместо да изиграте некоја игра на вашиот телефон.rn

    12. Читање книги

    rnЧитањето е неверојатно корисно за мозокот. Впуштањето во добра приказна може да го намали нивото на стрес, да ви помогне да спиете подобро и да бидете поемпатични.rn

    13. Возење без цел

    rnСеднете зад воланот и само возете. Без крајна дестинација.rn

    14. Прелистување на старите албуми со слики

    rnОставете ги сликите од Фејсбук и оние со кои го имате наполнето вашиот телефон. Земете в рака вистински албум, сами или со вашата мајка. Ќе ве потсети на минатото и ќе ви даде оптимизам и доза самодоверба.rn

    15. Медитација

    rnНаместо да пуштите смирувачка музика додека правите нешто созема друго, исклучете ги звуците од вашиот телефон и медитирајте во тишина неправејќи ништо. И медитирањето е добро за намалување на стресот, а дополнително може да го зајакне имунолошкиот систем.rn

    16. На пијалак со колегите или старите пријатели

    rnДоговорете се да се видите со некои луѓе со кои се немате видено одамна. Сигурно ќе имате што да си кажете, а телефонот нема да ви биде воопшто потребен во добро друштво и со добар муабет.rn

    17. Набљудување на изгрејсонцето и зајдисонцето

    rnСамо застанете и набљудувајте го излегувањето на сонцето. Немојте да го фотографирате во желба да го „фатите“ моментот. Уживајте во моментот додека се случува пред вашите очи.rn

    18. Ден со семејството

    rnПоминете еден ден со родителите или со вашите деца. Според едно истражување, вредноста на социјалните врски изнесува 131.232 долари годишно, со оглед на нивото на задоволство кое се добива од нив.rn

    19. Сложување сложувалка

    rnНавистина сложувалките не се евтини, но уживањето во поврзувањето не може да се спореди со ваквите игри на вашиот мобилен телефон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Ексклузивна приказна“ – Ферн Мајклс

    Книга: „Ексклузивна приказна“ – Ферн Мајклс

    Опуштена приказна за четири откачени баби кои купуваат пропаднат весник и неволјите во кои успеваат да се вовлечатrnrnНаслов на оригиналот: Exclusive – Fern MichaelsrnrnЕксклузивна приказна - Ферн Мајклс Ферн Мајклс е американска писателка и еден од најпродаваните автори на USA Today и New York Times, позната е по серијалите: „Сестринство“, „Кумите“, „Фамилијата Циско“ и „Тексас“, освојувајќи ги читателите со интересните, но не премногу тешки содржини и досетливиот стил на пишување. Всушност, ова лесно можете да го откриете од начинот на кој што раскажува за сопствениот живот кој на почетокот би ви звучел исто како на типична американска домаќинка, но за кратко сфаќате дека нема ништо типично поврзано со оваа интересна писателка.rnrnОткако изгледала 5 деца и најмалечкото тргнало во градинка нејзиниот сопруг ја известил дека треба да „стане од нејзиниот задник“ и да си најде работа (буквално со овие зборови, барем сама така вели), а бидејќи немала никакво работно искуство освен она што е потребно да се биде посветена мајка и жена, се решила на единственото логично решение – да пишува книги. Секако, сопругот ја разуверувал дека никогаш нема да успее, па затоа денес повеќе не и е сопруг, а Ферн има напишано стотина книги!rnrnИ да, верува во духови и дури тврди дека со новата куќа си добила и нова „пријателка“ која ѝ ги разместува перниците од една соба во друга и ѝ ги крши шолјите за кафе кои не ѝ се допаѓаат. Има изградено и финансирано неколку дневни центри за деца и многу сака животни, всушност самата има 4 кучиња кои заедно со „пријателката“ ја дружат во нејзиниот дом во Јужна Каролина.rn

    „Ексклузивна приказна“ е втора книга од серијалот „Кумите“.Ексклузивна приказна - Ферн Мајклс

    rnrn

    Синопсис

    rnДоколку барате тотално релаксирачка книга за четири луди пријателки кои имаат по скоро 70 години и живеат повозбудлив живот од вас самите, тогаш дефинитивно ова е книгата за вас. Не е премногу зачудувачки што книга за четири бабички започнува со погреб, но може да се каже дека е прилично интересен фактот што погребот е на осмиот маж на една од пријателките која не може ниту да дочека свештеникот да ја заврши молитвата и се мисли дали десетте дена жалење да ги смета со денот на погребот затоа што црната боја ја правела многу бледа и непривлечна. Всушност, на погребот не присуствува ниту една од трите пријателки затоа што не успеале да се видат цели 6 години, но благодарение на Интернетот и новогодишните честитки останале во контакт. Затоа нема да бидете премногу зачудени од следниот разговор:rn
    rn

    „Сакам да ми дојдеш на гости, Мејвис. Ти отсекогаш си била таа со идеи. За колку време можеш да бидеш тука? Инаку, денеска го закопав Лиленд и потиштена сум.“ rnrn„Жалам Тутс. Не можам да си дозволам такво патување. Не можам да ја оставам Коко, кучката. Таа ми е единственото друштво овие денови. Жал ми е што починало твоето куче Лиленд. Не знаев дека имаш куче. Ужасно е кога ќе ти умре миленичето…“

    rn

    Да, на ваков разговор ќе наидете во првите неколку страни, и погодете што? Ова навистина е само почетокот, всушност, да бидам искрена, книгата нема никаква врска со погребот! Како и да е, Тутс – главната бабичка во книгата, успева да ги собере пријателките и да ги убеди да ја спроведат нејзината брилијантна идеја на дело. Нејзината ќерка Аби која живее во Лос Анџелес и која пишува за локален таблоид има проблеми на работното место, весникот се продава, а „Тајфунот Тутс“ се решава ни повеќе ни помалку да стане новиот сопственик. Секако, заедно со трите пријателки и нејзината ќерка. Е, тука почнува хаосот од книга и сите сплетки во кои успеваат да се најдат.Ексклузивна приказна - Ферн Мајклс

    rnrn

    Лична критика

    rnПосле напнати трилери, корпорациски сплетки и разни мистерии бев решена да побарам нешто полабаво, ама да бидам искрена, мислам дека претерав. Книгата е далеку од мој жанр, но интересниот старт и смешните разговори меѓу лудите баби изгледаа како интересна занимација, па успеав да ја дочитам. Реалноста е, вакви книги има во изобилие, но очигледно има нешто во нив затоа што бројна публика просто ги обожува. Можете да ја отворите кога сте во поопуштено издание, кога едноставно не сакате премногу да ги напрегате вијугите и малку да се посмеете со досетките и идеите на четири бабички кои немаат попаметна работа.rnrnПриказната во суштина е интересна, па дури и делува мотивирачки. Сериозно, кога четири жени во веќе поодминати години ќе се решат да купат пропаднат весник, тоа мора да делува позитивно на вашите ставови. Како што напредува содржината има доста интересни моменти кои ќе ве натераат да ја свртите наредната страница. Книгата нема да ве просветли и малку веројатно е дека ќе се навратите на неа повторно, но сигурно вреди да одвоите време и за неа и да се позабавувате со „кумите“.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Од што сѐ можете да направите новогодишна елка?

    Од што сѐ можете да направите новогодишна елка?

    Дури и откако поминаа многу години откако престанавте да верувате во Дедо Мраз, сепак сите сакаме убаво накитено новогодишно дрво, креативни празнични декорации и снешковци. Во денешно време, не е битно само убаво да ја накитите вашата елка, туку уште покул е да креирате и самите една елка. Тие ќе го зголемат празничниот дух во вашиот дом и ќе го направат поинтересен вашиот ентериер. Еве од што сѐ можете да направите божиќно дрво:rn

    Од вашите дебели студентски книги

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од отпечатоците на вашите дланки

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од украсна хартија за виткање подароци

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од балони

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од картонски кутии за јајца

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од копчиња со различни големини и форми

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од дрва

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од страници од книга

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од волница за плетење

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од плутени тапи од шишиња вино

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од украсни траки за виткање подароци

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Ѕидна колекција од фотографии, магнети, украси кои ви ја обележале 2012

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од суви стапчиња

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од стари весници бојадисани со златна боја

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од салата со броколи

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rn

    Од брдо златни перничиња

    rnОд што сѐ можете да направите новогодишна елка?rnrnДоколку ништо од ова не ви се прави, можете да се позанимавате во текот на празниците, изработувајќи ја оваа едноставна хартиена елка, која ќе го збогати вашиот дом со хармонија.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Дневник на румот (The Rum Diary)­

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnЕдна доза бес. Една доза правда. Три дози рум. Промешај добро!rnrnДневник на румот (The Rum Diary)­Автор: Хантер С. ТомсонrnrnАдаптација и режија: Брус РобинсонrnrnГлавни улоги: Џони Деп, Амбер Херд, Мајкл Рисполи, Џовани Рибиси, Арон ЕкхартrnrnЖанр: комедија, драма, биографијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 28 октомври 2011 (САД)rnrnВреметраење: 120 минутиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    rnПо излегувањето на големото платно, „Страв и параноја во Лас Вегас(Fear and Loathing in L.A., 1998) премина од критички омразен до „неочекувано“ популарен хит. Како резултат на овој филм публиката остана со сува уста, жедна за уште од алкохолот, дрогата, лудилото и генијалноста на Хантер С. Томсон да биде пресликана на големото платно. Па изгледаше дека пријателот на Хантер и главниот јунак во претходниот филм Џони Деп скоро и да нема друг избор освен да му овозможи на стариот доктор по новинарство, повторно да оживее преку филмската лента.


    rnrnДневник на румот е интересен филм во кој на прилично точен и реалистичен начин се прикажани новинарските почетоци на Хантер во Пуерто Рико потопени во многу рум. Но, овој филм не е она што го очекуваше публиката. Ова е повеќе една меланхолична приказна измешана со (бес)краен алкохолизам и социјална нееднаквост (како критика, но и протест кон општествената криминална политика) за разлика од лудото халуциногено патување во потрага по Американскиот сон кое го гледавме во „Страв и параноја…“rnrnХантеровиот хумор и глас нè следат низ целиот филм, но идеалот кој е врежан во сите дела на Томсон тука е за нота потивок и повнимателен што може да биде разочарувачки фактор за сите оние кои очекуваа динамична забава во стилот на „Fear and Loathing“. Сепак овој филм дефинитивно го заслужува вниманието на сите следбеници на д-р Гонзо, како и на фановите на Џони Деп и недоволно почитуваниот британски режисер Брус Робинсон.rn

    rnПриказна: Филмот, како што веќе споменав, зборува за почетоците на младиот, наивен и полн со ентузијазам новинар кој пишува под псевдонимот Пол Кемп како репортер за „Сан јуан стар“ – весник кој е на работ на пропаст. Пол е еден чуден млад човек кој е повеќе од среќен поминувајќи ги карипските ноќи пиејќи 470 (да, четиристотини и седумдесет!) процентен алкохол и тестирајќи непознати халуциногени супстанци.rnrnНо, овој млад писател сè уште не го пронашол својот авторски глас, својот стил на пишување кој подоцна ќе прерасне во едно цело движење и идеологија позната како „Gonzo Journalism“. Сепак, овој период од неговиот живот е пресуден за развој на омразата кон „копилињата“ кои го држат светот во своите раце претставени преку ликот на главниот антагонист Сандерсон. Оваа омраза и презир кон неправедните авторитети подоцна ќе прерасне во движечка сила и главен мотив кој ќе биде еден од основните елементи во сите неговите книжевни дела, како и во предизборната претседателска кампања од 1972 година која ја покривал пишувајќи за американскиот весник „The Rolling Stone“.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Секако, во филмот има и многу забава. Сцените во кои се појавува хистерично загубениот репортер Моберг, кој генијално е одигран од Џовани Рибиси, се екстремно траги-комични и крајно непредвидливи. Самата атмосфера во Пуерто Рико е мистична и едноставна, но сепак полна со авантури и опасности кои постојано го демнат главниот лик и неговиот цимер и колега Сала. Не недостасува ни сексапил, напротив ликот на Амбер Херд изобилува со него и како митска нимфа го маѓепсува Пол Кемп, будејќи го либидото во него, но и страста кон автомобилската брзина.Дневник на румот (The Rum Diary)­Дневник на румот (The Rum Diary)­Како и кога да го гледате: За да го доловите елементот на овој филм и вистински да го осетите на своја кожа, високо пожелно е да соберете лудо друштво и да се снабдите со многу алкохол (+18), по можност рум. Тоа ќе создаде идеална атмосфера за да се претопите во филмското дејство и целосно да се соживеете со приказната.Дневник на румот (The Rum Diary)­
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 година

    5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 година

    Автор: Боро МирческиrnrnСигурно имате безброј навики за кои ниту самите не сте свесни, но тие очајно ви го отежнуваат вашето секојдневие. Затоа, мора да одвоите дел од вашето скапоцено време и да посветите неколку минути на ден размислувајќи колку продуктивно го трошите времето од денот и како да скратите на губење време на „непотребни“ работи. Еве мала помош и од нас, од каде најпрво да започнете со „заработката“ на дополнително време за продуктивно уживање во денот:5 работи што треба да престанете да ги правите во 2012 годинаrn

    1.011Престанете да „висите“ над електронското сандаче

    rnСекој експерт за продуктивност во светот ќе ви каже дека електронската пошта мора да се проверува на интервали не пократки од 90 минути, наместо постојано да „висите“ над електронското сандаче и да кликате „рифреш“. Верувајте, никој нема да ви се налути ако одговорот на електронската пошта го добие за 90 минути, наместо за 10 минути. А вие, во меѓувреме ќе можете да најдете многу нешта на кои можете да го потрошите времето, наместо на постојано примање и одговарање на електронската пошта.rn
    rn

    2.011Немојте да бидете „клише“

    rnДоколку одредена личност ви недостасува и сакате да стапите во контакт со неа, не мора да чекате да дојде некој празник, па да ù испратите смс или електронска порака. Бидете инвентивни. Не е потребен повод за да побарате некого да испиете едно кафе во некое од градските кафулиња, доколку тоа навистина и го посакувате. Воопшто не е срамно и да ги изненадите вашите најблиски со подарок, во време кога тие најмалку го очекуваат тоа од вас.rn
    rn

    3.011Прескокнете ја „црната хроника“ во весникот

    rnОваа година обидете се да останете „глуви“ на сите вести од рубриката „црна хроника“. Во светот не се случуваат само лоши работи и поради тоа нема потреба на дневна база да се „труете“ со вести од таков вид. Таквите вести, сами по себе се депресивни и многу лесно може да ја префрлат депресијата и врз вас. Мислете позитивно и дејствувајте позитивно! Неверојатен ќе е резултатот ако почнете постојано да размислувате оптимистички.rn
    rn

    4.011Престанете да ја работите работата која не е доволно добра за вас

    rnДоколку сте заглавени на работно место, кое не ве исполнува или не сте доволно платени за работата која ја работите, веднаш дадете отказ. Да, времињата се тешки и потребни се финансии, но верувајте дека постои огромна веројатност, токму во времето кога сте невработени да ви се појави нова можност за вработување. Замислете тоа да биде токму во компанијата во која од секогаш сте посакувале да работите!?rn
    rn

    5.011Не правете ги работите покомплицирани од тоа што се

    rnОваа година обидете се животот да ви биде едноставен. Експертите кои говорат за специјализираниот магазин за мажи „Ask Men“ тврдат дека едноставноста во животот ќе ви ја намали секојдневната главоболка, а со тоа и стресот. Нема никаква потреба да ги комплицирате работите повеќе од тоа што се.
    rnДоколку примените барем неколку од овие совети ќе заштедите голем дел од вашето време, верувале вие или не. Така ќе имате повеќе време, кое може да го трошите токму на оние работи кои ве исполнуваат и ве прават среќни.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    643832
  • Како да свртите страница од весник?

    Како да свртите страница од весник?

    Овој неверојатен механизам, наречен „The Page Turner“, револуционерно ќе го промени читањето на вашиот весник. Отсега вие ќе можете спокојно да си читате, без притоа да треба да ги вртите страниците на весникот, бидејќи овој изум ќе го прави тоа за вас.rnrnКако да свртите страница од весник?rnrnИнвенторот Џозеф Хершер се занимава со кинетичка уметност и создава софистицирани системи кои извршуваат секојдневни работи благодарение на комплициран синџир од последователни реакции. Станува збор за креации кои се познати под називот „машините на Руб Голдберг“, благодарение токму на познатиот цртач, карикатурист и инженер Руб Голдберг, кој прв започнал да ги црта овие комплексни направи. Подоцна овој концепт почнува да се употребува во многу играни и цртани филмови. Со сигурност сите ја паметите комплексната машина која ќе ја создаде Том за конечно да го фати Џери?rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Завиткајте ги креативно вашите новогодишни подароци

    Завиткајте ги креативно вашите новогодишни подароци

    Ако се потрудите подароците кои ќе ги давате за новогодишните празници да бидат убаво завиткани, ќе оставите впечаток дека навистина се грижите за луѓето за кои се тие наменети. Општо познато е дека добро завитканиот подарок е исто толку важен колку и неговата содржина.rnrnЗавиткајте ги креативно вашите новогодишни подароциrnrnОва се неколку одлични идеи кои можат да ви послужат како инспирација при пакувањето на годинешните подароци, со материјали кои сите ги имаме по дома.rnrnЗавиткајте ги креативно вашите новогодишни подароциrn

    Цветови од хартиени кошнички за колачи

    rnСо оглед на тоа дека повеќето домаќинки би требало да имаат вакви кошнички во повеќе големини во своите кујни, би требало овој ресурс да не ви биде проблем. Во спротивно, со сигурност можете да ги најдете во поголемите маркети во вашата близина. Одберете неколку бои, залепете ги една врз друга и со ножички обликувајте го цветот.rnrnКреативно завиткајте ги вашите новогодишни поклониrn

    Подароци завиткани во хартија од весник

    rnПо дома сигурно имате еден куп стари весници и списанија кои не ви се повеќе потребни. Нив можете да ги искористите за неколку намени. Една од нив е целосно да го завиткате подарокот во една страница од весник и на него да ставите убава машна во боја.rnrnСо ножички можете да исечете неколку цветчиња, да ги залепите едно врз друго, а на врвот да залепите старо копче. На тој начин ќе добиете еден вид брош кој може да ви послужи за декорирање на веќе спакуваните подароци.rnrnКреативно завиткајте ги вашите новогодишни поклониrnrnПоследната идеја е плик за честитка. Од една страница од весник направете плик, вметнете ја честитката и запечатете го со еден цвет.rnrnКреативно завиткајте ги вашите новогодишни поклониrnrnАко сакате да бидете целосно оригинални, не заборавајте да направите и рачно изработена новогодишна честитка.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Печатач на персонализиран мини дневен весник

    Печатач на персонализиран мини дневен весник

    Нашето секојдневие доби поинаков облик. Секое утро читаме дневни вести на интернет, се чекираме секаде каде што одиме, со помош на апликации на нашите паметни телефони ги забележуваме дневните задачи и ги „помниме“ родендените на нашите блиски.rnrnТехнологијата ни го олесни животот, овозможувајќи ни да правиме многу работи со помош на нашите мобилни уреди. Но и тоа не беше доволно. Сега повторно сакаме да читаме и пишуваме на хартија. Изумот „Little Printer“ е уред кој ги печати содржините од интернет за кои вие сте заинтересирани во вид на мини дневно печатено издание.Печатач на персонализиран мини дневен весникИдејата е „Little Printer“ да претставува нов пријател во вашата средина, во домот или на работното место. Користи повеќе апликации, односно публикации, на кои можете да се претплатите за да ги добивате во вашата дневна печатена верзија. Тоа може да е потсетник за родендените на вашите пријатели и роднини, судоку, насловите од познатите весници и списанија и тоа според темата што ве интересира итн.Печатач на персонализиран мини дневен весникПечатач на персонализиран мини дневен весникСе управува со помош на вашиот мобилен телефон, а има поддршка за Ајфон и за Андроид базирани смартфони. Печатач на персонализиран мини дневен весникИзумителите од BERG велат дека можете да печатите и повеќе изданија на ден, но тие препорачуваат да се печати по едно весниче наутро, на излегување од дома и едно навечер пред да заврши денот.Печатач на персонализиран мини дневен весникЌе може да почне да се нарачува во 2012 година. Детали околу цената и спецификацијата на хартијата која ќе ја користи сè уште не се објавени.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #24

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #24

    Кафето и весникот се секогаш добра комбинација за добро утро. Уште кога вака ќе ви почне неделата, си ги зголемувате шансите за пријатна и успешна работна недела. На здравје кафе!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #24
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.