КАФЕ ПАУЗА

Tag: успех

  • Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!

    Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!

    Една од најхаризматичните ѕвезди во Холивуд е несомнено Дензел Вашингтон, а неговите цитати ќе ви покажат колку е важно да верувате во себе и никогаш да не се откажувате од сопствените соништа.rnrnНе пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!rn

    „Среќата настапува во моментот кога ќе се сретнат можностите и подготовката.”

    rn

    „Во Лос Анџелес сите се ѕвезди.“

    rn

    „Треба да ги зграпчите моментите кога ќе дојдат.“

    rn

    „Ние го правиме она што треба за да можеме да го правиме она што сакаме.“

    rn

    „Кога нешто не разбирате, го етикетирате и осудувате.“

    rn

    „Бидете добри во она што го работите, но никогаш не заборавајте дека луѓето со кои работите се вашето највредно богатство. Почитувајте ги.“

    rn

    „Мојата вера ми помага да сфатам дека околностите не ја диктираат мојата среќа ниту мојот внатрешен мир.“

    rn

    „Ако сакаш да бидеш воин, мора да тренираш.“

    rn

    „Не плашете се да доживеете голем пораз, ниту пак да сонувате за големи работи.“

    rn

    „Никогаш не знаете како ќе им влијаете на луѓето.“

    rn

    „Секој неуспешен експеримент е чекор поблиску до успехот.“

    rn

    „Постојат два вида болка во овој свет. Болката што боли и болката што ве менува.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите од Дензел Вашингтон, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот.rnrnИзвор: everydaypower.com

  • 9 знаци кои ќе ви укажат дека сте на добар пат да успеете во животот

    9 знаци кои ќе ви укажат дека сте на добар пат да успеете во животот

    Дали честопати се чувствувате обесхрабрени и разочарани бидејќи сметате дека не сте успеале во животот? Само затоа што не сте милионер, не живеете во луксузна куќа и не возите скап автомобил, не значи дека сте неуспешни. Еве кои знаци ќе ви укажат на фактот дека вие всушност сте успеале во животот.rnrn9 знаци кои ќе ви укажат дека сте на добар пат да успеете во живототrn

    1. Не се плашите повеќе да побарате помош и поддршка.

    rnБарањето помош не претставува слабост. Всушност, тоа е сила. Ниту еден човек никогаш не успеал сосема сам без помошта од другите. Понекогаш потребна е тимска работа за да се постигнат целите. Освен тоа, барањето помош е знак дека сте пораснале како личност.rn

    2. Ги променивте вашите лични критериуми.

    rnОдлучивте дека е подобро да не го трошите времето на оние кои лошо се однесуваат кон вас. Повеќе не поминувате време со „енергетските вампири“ во вашиот живот.rn

    3. Велите „не“ на работите што не ве прават среќни.

    rnНе, ова не е нарцисоидно иако можеби изгледа така. Самољубието е успех. Сакајте се доволно за да кажете „не“ на сè што не ве прави среќни или не ја исполнува вашата цел.rn

    4. Научивте дека неуспесите се нормален дел од себеспознавањето.

    rnЖивотот се состои од победи и порази. Затоа гледајте на вашите неуспеси како можност да се подобрите и усовршите. Запомнете дека сите искуства се само дел од чудесното патување наречено „живот“.rn

    5. Ги следите вашите страсти.

    rnСвесни сте за вашите таленти и способности и знаете дека можете да му подарите на светот нешто прекрасно. Продолжете да се усовршувате.rn

    6. Имате цели кои се остварени.

    rnИако „неуспесите“ се дел од животот, вие сте се задржале на вашите цели и соништа доволно долго за да ги остварите. Досегашните победи се вашиот поттик и мотивација да продолжите со работа.rn

    7. Имате емпатија за другите.

    rnЧовек без емпатија е мртов внатре во себе. Емпатијата, всушност, претставува ширење љубов и позитивна енергија во светот. Успешните луѓе го знаат ова.rn

    8. Не ви е гајле што мислат другите луѓе.

    rnЗнаете дека не можете да им угодите на сите. Знаете дека стандардите кои општеството им ги наметнува на луѓето се честопати нереални. Така што, само останете верни на себе и сакајте се онакви какви што сте.rn

    9. Го прифаќате она што не можете да го промените.

    rnИма многу работи што не можете да ги промените во животот. Сè што можете да промените е начинот на размислување. Ако можете да ја промените вашата негативна перспектива во позитивна, тогаш сте успеале да се подобрите како личност.rnrnОткако прочитавте за тоа кои знаци ви укажуваат дека сте на добар пат да успеете во животот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 6-те позитивни мисли за секојдневна мотивација.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 3 методи кои ќе ви помогнат да ги постигнете резултатите што ги посакувате!

    3 методи кои ќе ви помогнат да ги постигнете резултатите што ги посакувате!

    Се прашувате дали можете да остварите големи резултати за кратко време? Одговорот е да. Сè додека го следите вистинскиот метод и го правите тоа на вистински начин, можете да постигнете извонреден успех за краток период. Во продолжение прочитајте кои 3 методи ќе ви помогнат да ги остварите посакуваните резултати и да го постигнете посакуваниот успех во најкус можен рок.rnrn3 методи кои ќе ви помогнат да ги постигнете резултатите што ги посакувате!rn

    1. Самосвест и визија

    rnОва е еден од најважните клучеви за успех. Ако не сте свесни што сакате или што сте згрешиле, никогаш нема да го постигнете успехот што го посакувате. Размислете, ако сте кошаркар и сакате да станете најдобар во вашиот тим, но не сте свесни дека треба да подобрите одредени вештини, нема да можете да ја постигнете вашата цел. Затоа, мора да бидете свесни за тоа што сакате, како да го добиете тоа и како да се подобрите. Повеќето луѓе немаат поим што сакаат од животот. Тие го повторуваат она што го прават секој ден и секој ден, чувствувајќи се обесхрабрени, под стрес и затоа не постигнуваат ништо. Ова е причината зошто треба да имате визија, да поставувате цели, да ги анализирате секојдневно, а потоа да се придржувате до нив додека не го постигнете успехот што го посакувате.rn

    2. Применете го правилото 90-90-1

    rnПрименете го правилото 90-90-1 во вашиот секојдневен живот. Со други зборови, во следните 90 дена, посветувајте ги првите 90 минути секое утро работејќи на вашиот приоритет број еден. Истражувањата покажале дека за да формирате нова навика, треба да ја повторувате најмалку 66 дена. И ако можете да работите на вашите цели во следните 90 дена, ќе можете да ги трансформирате вашите постапки во навики.rnДоколку го следите ова правило ќе бидете сигурни дека вложувате напори за да создадете вистински резултати. Следно, фокусирајте се само на една цел или еден проект. Доколку си поставите повеќе цели лесно ќе го изгубите фокусот.rn

    3. Постојана работа и надоградување

    rnТретиот метод кој може да ве донесе до успехот е постојано да работите и да се надоградувате. Ако продолжите да го правите она што го правите, ќе продолжите да ги добивате истите стари резултати. Освен ако не го промените начинот на кој ги правите работите, ништо нема да се промени. Работете напорно, но во исто време и осигурете се дека вашата напорна работа ќе се исплати. Сигурно не сакате да работите на нешто што нема да ви го донесе посакуваниот резултат.rnrnОткако прочитавте за овие 3 методи, можеби ќе сакате да прочитате и која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои алатки ви се потребни за да успеете во животот?

    Кои алатки ви се потребни за да успеете во животот?

    За да успеете во животот потребни ви се неколку квалитети кои морате постојано да ги негувате. Не заборавајте дека исполнувањето на сите ваши соништа е возможно само доколку размислувате на вистинскиот начин. Ова се алатките кои ќе ви помогнат во тоа.rnrnКои алатки ви се потребни за да успеете во животот?rn

    Фокус

    rnНе губете го фокусот од вашата примарна цел. Можете да го започнете денот со вежбање и медитација, а потоа со нова енергија да ѝ се посветите на целта.rn

    Начин на размислување – вие сте она што мислите дека сте

    rnСе замислувате како успешна и среќна личност? Тоа може да ви помогне полесно да ги остварите вашите цели. Бидете прецизни докрај во однос на тоа каква личност сакате да постанете и нека тоа ви прерасне во секојдневна навика.rn

    Самодоверба

    rnСите ние имаме потенцијал за да го направиме она што е неопходно за да успееме, па затоа мора да научиме да се снаоѓаме самите во животот. Благодарение на самодовербата ќе се стекнете со доволно инспирација и решителност така што никој и ништо нема да ве спречи да го добиете она што го сакате.rn

    Храброст

    rnСамодовербата ќе ви донесе и поголема храброст која, пак, ќе го зајакне вашиот претприемачки дух. Стекнете навика што е можно почесто да дејствувате надвор од вашата удобна зона, а тоа ќе ви помогне и полесно да преземате ризици во иднина.rnrnОткако прочитавте кои алатки ви се потребни за да успеете, можеби ќе сакате да прочитате и за медитацијата како алатка за поголем успех.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!

    Најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!

    Не пропуштајте ги инспиративните цитати на една од најголемите тениски ѕвезди, Серена Вилијамс. Се надеваме дека тие ќе ви бидат инспирација да почнете уште денес да работите на надминувањето на пречките на патот кон вашите цели!rnrnНајдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот!rn

    „За да се оствари вашиот сон неопходно е да работите напорно и да не се откажувате од него.“

    rn

    „Не е важно вашето потекло или местото од каде доаѓате. Важен е само фактот дека имате соништа и цели.“

    rn

    „Секогаш верувам дека можам да ги победам најдобрите и да го постигнам најдоброто. Секогаш се гледам себеси на првата позиција.“

    rn

    „Имам среќа дека и покрај сиот страв во мене, мојата желба за победа е секогаш посилна.“

    rn

    „Во текот на целиот мој живот морав да учам да се борам, да учам да се смеам. Доволно е да се насмеете, а нештата ќе се решат кога-тогаш.“

    rn

    „Ако не сфатам како што треба, не престанувам со работа додека не сфатам.“

    rn

    „Мислам дека во животот треба да работите на себе сè додека не умрете.“

    rn

    „Мора да верувате во себе дури и кога никој друг не верува.“

    rn

    „Не се каам за ништо. Не живеам во минатото. Живеам во сегашноста и учам да не ги правам истите грешки во иднина.“

    rn

    „Среќата нема никаква врска со тоа бидејќи поминав многу, многу часови, безбројни часови на теренот работејќи за тој еден единствен миг, не знаејќи кога ќе дојде.“

    rn

    „Мислам дека поразот ме мотивира уште повеќе.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот, можеби ќе сакате да прочитате и за 20-те моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовта

    Најдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовта

    Прочитајте во продолжение дел од најубавите цитати на Елвис Присли, кралот на рокенролот, кои сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни.rnrnНајдобрите цитати на Елвис Присли за животот, успехот, среќата и љубовтаrn

    „Претпоставувам дека најважното нешто во животот на една личност е среќата.“

    rn

    „Сè што сакав беше да им помогнам на луѓето, да ги сакам, да ги расположам и да ширам радост.“

    rn

    „Не напуштај ја мојата прегратка бидејќи овде е твоето место.“

    rn

    „Не е никаков срам да плачете кога сте заљубени.“

    rn

    „Ниедна работа не е претешка кога сте полни со самодоверба.“

    rn

    „Морате да ги следите вашите соништа без оглед на тоа каде ве водат.“

    rn

    „Луѓето мислат дека сте луди ако зборувате за работи кои не ги разбираат.“

    rn

    „Утре ќе биде предоцна, или сега или никогаш.“

    rn

    „Правете го она што мислите дека е правилно за вас сè додека не повредувате некој друг.“

    rn

    „Би просел и би молел само да го почувствувам твоето срце како чука блиску до моето.“

    rnОткако ги прочитавте безвременските цитати на кралот на рокенролот, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Медитацијата како алатка за поголем успех

    Медитацијата како алатка за поголем успех

    Дали знаевте дека медитацијата во денешно време може да биде една од најмоќните алатки за успех? Редовното практикување медитација може да ви помогне да останете смирени. На кој начин медитацијата може да ви помогне при постигнувањето на вашите цели? Прочитајте во продолжение.rnrnМедитацијата како алатка за поголем успехrnrnМедитацијата е една од клучните алатки за искажување на вашите желби и постигнување успех. Преку медитацијата можете да ги смирите сите непотребни гласови и да се фокусирате на оние мисли кои ќе ве доведат до успех.rn

    Медитација за водство

    rnЗатворете ги очите. Длабоко вдишете и издишете. Со секое издишување обидете се да ги исфрлите негативните мисли и да се ослободите од напнатоста. Медитацијата ви помага да ја осознаете вашата интуиција. Потоа, опуштете се и фокусирајте се на внатрешниот оган. Препуштете му се на светот околу вас, но притоа не дозволувајте ништо да го згасне огнот. Напротив, замислете дека тој станува поголем и поголем. Продолжете околу четири минути да набљудувате како пламенот на огнот се зголемува.rn

    Медитација за успех

    rnКако што полека се навикнувате на медитацијата, така таа навлегува во вашиот секојдневен живот. Кога брзаме, престануваме да дишеме – но, ако само дишеме имаме можност да го живееме максимално животот и имаме време за да се грижиме за нашите работи, да работиме на нашите желби и амбиции. Тоа ни овозможува да се поврземе со нашето автентично „јас“ и нашата интуиција.rnrnОткако прочитавте како медитацијата може да ви помогне да успеете во животот, можеби ќе сакате да прочитате и како медитацијата може да ви помогне во донесувањето одлуки кога се сомневате во себе.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 5 стратегии за преземање ризици

    5 стратегии за преземање ризици

    Понекогаш колку поголем е ризикот, толку поголема е наградата. Можете да го живеете животот без ниту еднаш да не излезете од вашата удобна зона, без ниту еднаш да не ризикувате, а да бидете среќни. Сепак, мислите од типот: што ако, да можев, кога би… неминовно предизвикуваат жалење за работите што не сте ги направиле бидејќи не сте биле доволно храбри. Понекогаш животот вреди да се живее токму поради ризиците… Во продолжение прочитајте ги нашите стратегии за преземање предизвици.rnrn5 стратегии за преземање ризициrn

    Неуспехот е дел од успехот

    rnФактот дека неуспехот е дел од процесот кон постигањето успех е нешто што многумина од нас го забораваат или не можат да го прифатат. Никој не може да постигне големи резултати кога прави нешто за прв пат. Сетете се, на пример, кога учевте да возите велосипед или безуспешно се обидувавте да ги врзете врвките на чевлите. Сфатете го неуспехот како чекор напред кон успехот.rn

    Направете проценка на она што ќе го добиете и она што ќе го изгубите

    rnИсто како и секој потфат, кога размислувате за ризик, морате да ги земете предвид добивката и загубата. Сакате да започнете сопствен бизнис? Колку средства сте подготвени да потрошите пред да почнете да заработувате? Добро размислете за вашата финансиска стабилност, а потоа одлучете дали вреди да ризикувате или не.rn

    Дејствувајте како ова да ви е единствена можност

    rnВложете ги сите ваши сили во ризикот што ќе го преземете, како ова да е единствена шанса која никогаш нема да се повтори. Осигурете се дека ризикот што го преземате е она што вистински го посакувате. На пример, сакате да работите во друга земја – можеби ќе ви треба повеќе време да се навикнете на јазикот, културата, можеби ќе ви недостига домот – сепак, тоа ќе биде вистинска авантура за вас, а авантурите не се авантури без тешкотии! Секако, можеби и навистина ќе имате и други можности, но не дозволувајте тоа да ви биде изговор доколку можноста ви се пружи токму сега.rn

    Бидете онакви какви што сте

    rnРазмислете каков ризик сакате да преземете. Дали се совпаѓа со вашите цели, амбиции и вашата личност? Изберете ризик кој ќе одговара на вашата личност и не обидувајте се да се промените себеси поради ризикот. Се разбира, ќе морате да ја напуштите удобната зона, но не очекувајте дека тоа целосно ќе ве трансформира. Изберете ризик кој има потенцијал да ве направи среќни, а не ризик кој можеби повеќе би им одговарал на другите. Спознајте се.rn

    Верувајте во себе

    rnНајверојатно ќе наидете на моменти кога другите ќе ве обесхрабруваат. Ќе има мигови кога и самите ќе се сомневате дали сте го направиле вистинскиот избор – да ризикувате. Во тие моменти доволно е да се сетите дека веќе сте ги процениле потенцијалните добивки и загуби и дека сте одлучиле на таков чекор бидејќи верувате во своите способности. Само така ќе успеете!rnrnОткако ги прочитавте нашите стратегии за преземање ризици, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 ризици треба секој да ги преземе барем еднаш во животот.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот

    Најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот

    Вил Смит е еден од најпознатите актери во светски рамки, но и еден од малкуте уметници кои се подеднакво успешни како во филмската, така и во музичката индустрија. Преку неговите филмови и говори тој е инспирација за милиони луѓе ширум светот. Во продолжение прочитајте дел од неговите инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да го живеете максимално животот.rnrnНајдобрите цитати на Вил Смит за успехот и живототrn

    „Првото нешто што морате да го направите е да си кажете дека можете да го сторите тоа.“

    rn

    „Голем дел од луѓето ги трошат парите што не ги заработиле за да купат работи што не ги сакаат со цел да ги импресионираат луѓето кои не им се допаѓаат.“

    rn

    „Секое утро се будам со помислата дека денес ќе биде подобро од вчера.“

    rn

    „Стравот не е вистински. Единственото место каде стравот може да опстојува е во нашите мисли за иднината. Тоа е производ на нашата имагинација што прави да се плашиме од нештата кои не постојат во моментов и можеби никогаш нема да постојат. Не ме сфаќајте погрешно, опасноста е вистинска, но стравот е само избор.“

    rn

    „Реалистичкото однесување води кон патот на медиокритетот.“

    rn

    „Доколку не се изборите за она што го посакувате, не плачете за она што сте го изгубиле.“

    rn

    „Престанете да им дозволувате на луѓето кои прават толку малку за вас да ги контролираат вашите мисли и чувства.“

    rn

    „Не знам кој е мојот призив, но сакам да верувам дека постојам поради поголема причина. Моето постоење тежнее кон тоа да биде рамо до рамо со најголемите луѓе кои некогаш живееле.“

    rn

    „Нема потреба да имате план Б бидејќи тоа само ќе ви го одвлекува вниманието од планот А.“

    rn

    „Во моите мисли јас отсекогаш сум бил еден од најдобрите холивудски актери само што вие сè уште не го знаевте тоа.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Вил Смит, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Во следните 3 години сè ќе им оди како подмачкано на овие 3 хороскопски знаци!

    Во следните 3 години сè ќе им оди како подмачкано на овие 3 хороскопски знаци!

    Астролозите предвидоа дека за три хороскопски знаци следува период на успех и среќа на сите полиња! Со малку труд, нивниот живот ќе постане онаков каков што отсекогаш посакувале. Доколку и вие спаѓате во оваа група, тогаш навистина имате среќа!rnrnВо следните 3 години сè ќе им оди како подмачкано на овие 3 хороскопски знаци! rn

    Бик

    rnНајголем успех ќе имате во полето на љубовта. Доколку сте слободни, ќе запознаете личност која ќе ве заинтригира и со која ќе посакате да го поминете остатокот од животот. Ако веќе сте во врска, ве очекува мирен период во кој ќе владее љубовта, мирот и слогата со партнерот. Покрај љубовниот, ве очекуваат успеси и на професионален план. Следните 3 години се идеален период за започнување бизнис за кој долго време размислувате.rn

    Лав

    rnВо следните 3 години значително ќе се подобри вашата финансиска состојба. Вашиот труд конечно ќе биде забележан од надредените и голема е веројатноста дека ќе добиете покачување. Покрај тоа, сите ваши замисли и идеи ќе вродат со плод. Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и креативност што позитивно ќе влијае врз сите сфери од вашиот живот. Не заборавајте максимално да ја искористите секоја можност што ќе ви се укаже.rn

    Девица

    rnУниверзумот ви порачува да не го губете времето залудно во следните 3 години – учете нови јазици, патувајте, читајте, научете нови вештини. Пред вас е период кој морате максимално да го искористите. Сите ќе ви се восхитуваат и завидуваат, а ќе имаат добра причина за тоа бидејќи постојано ќе бидете полни со енергија и позитивно расположени. Лесно ќе ги надминете сите пречки кои ќе се појават на патот кон целта.rnrnОткако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќните во следните 3 години, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во март.rnrnИзвор: atma.hr