КАФЕ ПАУЗА

Tag: услуга

  • Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски

    Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски

    Никогаш не е лесно да му кажете на вашиот партнер дека сакате да ставите крај на вашата љубовна врска. Повеќето луѓе попрво ќе го одолговлекуваат болниот чин на раскинување, отколку да се соочат со партнерот и да го поднесуваат разочарувањето и страдањето. Во денешно време, очигледно и за овој „проблем“ има решение.rnrnПрофесионалниот раскинувач Џонатан Кикбуш од Брајтон, Англија за само 5 британски фунти (помалку од 8$) и плус трошоци, ќе ве поштеди од маките и ќе му објасни на вашиот партнер дека не можете повеќе да бидете во врска со него. Дваесет и едногодишниот маркетинг менаџер умее да ѝ стави крај на вашата врска на сосема природен начин, поради што станал професионалец во својата „професија“.Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врскиЏонатан, кој во моментов е сингл, вели дека неговата услуга е од големо значење, нарекувајќи се себеси „медијатор“ кој ги ослободува луѓето кога нивната љубовна врска не чини.rnrnТој го рекламира својот бизнис на fivesquids.co.uk, британски сајт на кој има разни услуги кои чинат до 5 фунти по понуда. Бизнисот на Џонатан очигледно цвета, со оглед на тоа што им става крај на пет до шест љубовни врски неделно, но секогаш претходно ја интервјуира личноста која сака да му раскине на партнерот, за да дознае каква е нивната приказна.rnrnДоколку се чувствува неудобно да ве вмеша во некоја премногу комплицирана ситуација, на пример ако едниот од партнерите бил неверен, тој ја одбива работата.rnrnЏонатан вели дека започнал да се занимава со ваков тип работа, откако самиот искусил многу тешко раскинување, кога посакал да има некој на кој може да му се јави да ја заврши „валканата“ работа место него. Тој воедно се опишува себеси како човек на кој пријателите честопати му се обраќаат за емоционална поддршка. Кога наишол на овој веб-сајт, сфатил дека неговиот специјален талент може да му носи и пари.rnrnЕве како изгледа неговиот оглас:Запознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врскиВетувањето дека успешно ќе му раскине на вашиот партнер, се однесува на период во рок од 6 дена. Досега тој има многу задоволни муштерии, со оглед на тоа што неговиот оглас има 100% позитивен рејтинг.rnrnРаботата си доаѓа во комплет и со ризици. Џонатан досега бил соочен со многу солзи и навреди, кога ги соопштувал лошите вести. Како и да е, и покрај тоа што тој ги користи сите методи на раскинување: преку СМС-пораки, состаноци лице в лице (кои чинат 31 долар) и разговори преку чет, вели дека „откачувањето“ е изненадувачки лесна работа.rn
    rn

    „Некои луѓе може да ги сметаат за кукавици оние кои би ја користеле мојата услуга, но јас ги доживувам само како грижливи луѓе кои не сакаат да се доведат во ситуација да повредат некој кој некогаш многу им значел“ – изјавил тој за магазинот „The sun“.

    rnЗапознајте го професионалниот раскинувач на љубовни врски rn

    „Секојпат сум изненаден од тоа колку ми е лесно да ги соопштам лошите вести и дека негативни реакции има незначително малку. Знам дека постојат луѓе кои сметаат дека секој треба сам да му раскине на партнерот, во знак на почит кон врската која ја имале. Но, јас сметам дека доколку чувствувате преголем притисок, треба да се заштитите од потенцијално насилна и вознемирувачка ситуација. Верувам во вистинска љубов и сметам дека луѓето не треба да си го трошат своето време во лоша љубовна врска. Јас сум рационалното решение на вашиот проблем.“

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастична вила за луксузно бегство од реалноста

    Фантастична вила за луксузно бегство од реалноста

    Вилата „Chi“ се наоѓа на островот Пукет во Тајланд. Таа е сместена веднаш над прекрасниот океан, притоа нудејќи комплетна изолација и непречен бескраен хоризонт за своите посетители. Со неа управува хотелот „Cape Sienna“, а за љубителите на луксузот, ова прекрасно место има што да понуди.Фантастична вила за луксузно бегство од реалностаОваа неверојатна вила може да биде изнајмена во текот на целата година, а за да поминете една ноќ во неа ќе треба да издвоите од 1.150 до 2.300 американски долари. Според правилата, тука ќе мора да поминете најмалку 3 вечери. Покрај беспрекорната услуга, во вилата би можеле да го користите феноменалниот базен долг 30 метра, салата во која се одржуваат часови по пилатес и јога, спа-центар и што ли уште не. Изнајмувањето автомобил или јахта е само уште една од многуте услуги кои ексклузивно би ви стоеле секогаш на располагање.Фантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаФантастична вила за луксузно бегство од реалностаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменален комплекс со вили во Бали

    Феноменален комплекс со вили во Бали

    Хотелскиот синџир „Alila“ од Сингапур е надалеку познат по неговите фантастични летувалишта, кои се испреплетени со луксуз и прекрасни природни убавини. Компанијата има три комплекси со вили во Бали, помеѓу кои се наоѓа и феноменалното рајско место „Alila Villas Uluwatu“.rnrnФеноменален комплекс со вили во БалиrnrnИсклучителна убавина на ова место му дава неговата висина и погледот кон океанот. Гостите на ова место добиваат неверојатна услуга, добивајќи личен батлер, а можат да се релаксираат и во бесконечниот базен, пиејќи пијалак од блискиот бар. Во комплексот се наоѓаат 84 вили, а дизајнот на местото е целосна заслуга на сингапурската компанија „WOHA“, која се погрижила секоја спална соба, да има неодолив поглед со спокоен амбиент.rnrnФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во БалиФеноменален комплекс со вили во Балиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 ситуации во кои не треба да праќате СМС-пораки

    7 ситуации во кои не треба да праќате СМС-пораки

    Најверојатно на секој од вас му се има случено да прими некоја шокантна СМС-порака, но уште полошо е ако вие сте испраќачот на некоја таква. Ситуациите со лошите пораки можат да бидат екстремно непријатни и да доведат до сериозни последици кои тешко се преболуваат. Овие седум ситуации ги издвоивме како најкритични, кога најбезбедно би било да не притиснете „send“ на планираната СМС-порака.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    1. Пијана порака

    rnНајверојатно не постои личност која не испратила некоја „опасна“ СМС-порака во пијана состојба, но тоа е дефинитивно лоша идеја бидејќи наредното утро со сигурност ќе умирате од срам поради вашето непромислено однесување. Без разлика колку очајно сакате да му се јавите на вашиот бивш партнер и да му кажете колку ви недостига или сакате да му ги кажете на некој ваш непријател сите негативни работи кои ги мислите за него, верувајте дека тоа може да почека до наредното утро кога ќе знаете што зборувате.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    2. Гневна порака

    rnТекстуалните пораки пратени во моментот кога сте лути некому, е исто толку лоша идеја колку и пијаните пораки. Имајте на ум дека СМС-пораките нема да исчезнат во воздухот како изговорениот збор. Можете да негирате дека нешто сте кажале, но никогаш не можете да се расправате со некого кажувајќи дека вие никогаш не сте ги напишале тие грди зборови, кога постои доказ за нив. Кога губите контрола врз сопствените емоции, автоматски не можете да размислувате рационално. Затоа, доколку имате нешто кое сакате да му го кажете на вашиот партнер или пријател, разговарајте со него кога ќе бидете смирени.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    3. Порака за сериозно извинување

    rnАко навистина сте ја зафркнале работата, праќањето СМС-порака за да кажете некому „извини“, едноставно нема да го реши проблемот. Секако доколку сте заборавиле да купите млеко или да му дадете храна на вашето милениче, пред да излезете од дома, во ред е да пратите порака за да известите некого. Но, доколку „не сакајќи“ сте се „смувале“ со другар/ка на вашиот партнер, праќањето порака за да кажете колку ви е жал, не е доволно и навистина фрустрира. Спуштете го телефонот на маса, фатете такси и појдете да се извинете лице в лице, бидејќи тоа е единствениот начин.rn
    rn

    4. СМС-известување до шефот дека сте болни

    rnНикогаш, ама баш никогаш немојте да го правите ова, ако ви е битно да ја задржите вашата работа. Праќањето СМС-порака до вашиот шеф во која пишува дека сте болни, нему ќе му звучи исто како да му кажувате „денес некако не ми се доаѓаше баш на работа“. Секогаш практикувајте да му се јавите на шефот за да бидете поуверливи дека навистина не ви е добро, а доколку сте премногу болни за да зборувате, замолете го вашиот партнер или некој пријател да го стори тоа место вас.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    5. Прашање до вашиот професор преку СМС

    rnДоколку сте студент и некако сте дошле до мобилниот телефон на некој ваш професор, немојте да го злоупотребувате тоа со праќање СМС-порака, во која го прашувате нешто во врска со материјалот или тестот. Всушност, избегнувајте воопшто да праќате порака на професор преку мобилен. Ако имате некои прашања, пратете му имејл и закажете консултации на кои разговорот ќе биде појасен и поефикасен. На овој начин вашиот многу зафатен професор нема да треба да потроши цел век, пишувајќи ви долги СМС-пораки за да ви одговори на прашањето.rn
    rn

    6. Порака во која барате некоја огромна услуга

    rnПраќањето СМС-порака до пријател, во која пишува дека барате некоја огромна услуга, е исто како да признавате дека сте знаеле дека нема да го направи тоа што го барате, но секако сте си прашале. Исто како со пораките за извинување, овој тип на барање најдобро е да се направи лице в лице, а доколку чувствувате дека не можете, најдобро воопшто не ја барајте услугата.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    7. СМС со кој ставете крај на вашата врска

    rnРаскинување на вашиот љубовен партнер преку СМС, стана навистина клише, но немојте да го правите тоа. Раскинувањата се тешки, но многу е важно да не го одберете полесниот пат, со тоа што ќе напишете пораче со кое набрзина ќе завршите работа, бидејќи можете навистина да ги повредите чувствата на оној со кој до пред малку сте биле во врска. Без разлика дали партнерот ве сакал доволно или не, ве заслужувал или едноставно не бил ваш тип, вие ќе бидете подобра личност, со цврст карактер доколку кажете сè што имате да му кажете в лице.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Оттргнете го чувството на вина од себеси

    Оттргнете го чувството на вина од себеси

    Кога сте обземени со чувство на вина, и најмала работа може да ви создаде фрустрација. Можеби ќе успеете да смените нешто од навиките и од вашето секојдневие, но сепак чувството на вина останува и ве кочи. На крајот се чувствувате безвредно и дека не го црпите максимумот од животот. Најдобар начин да го намалите стресот е да ја тргнете вината од себе најбрзо што можете. Прилагодувајќи го вашиот однос кон работите, ќе мора да направите позитивни промени.rnrnОттргнете го чувството на вина од себесиrn

    Лоцирајте ја причината

    rnПостојат безброј причини зошто можете да се чувствувате виновно. Можеби мислите дека не правите доволно за луѓето околу вас? Или сметате дека вашите цели се недостижни? Одвојте го реалното од интерното. Понекогаш сметате дека сте себични и мрзеливи, но кога ќе размислите што сè сте направиле во денот, ви станува јасно дека тоа е далеку од вистината.rn

    Самопочитувајте се

    rnДавајте си комплименти еднаш на ден за добрите работи кои ги правите. Можете да водите и дневник за моментите на кои сте најгорди. Секојдневните работи не ги сфаќајте здраво за готово и секогаш бодрете се за добро завршената работа.rnrnОттргнете го чувството на вина од себесиrn

    Пронајдете си мантра

    rnМантрите се едноставни фрази, на кои можете да се фокусирате, медитирате или молите. Пронајдете мантра што ви се допаѓа и која истовремено ве опишува и разоткрива. Тоа може да биде нешто во стилот: „Јас секогаш го давам најдоброто од себе, а тоа е сосема доволно“. Позитивната афирмација можеби ќе ви изгледа смешна на почетокот, но ставајќи се во таа позиција, можете да си помогнете, притоа зајакнувајќи ја врската со себеси на долг рок.rn

    Што било, останува во минатото

    rnОваа мисла е полесно да се каже отколку да се употреби во практиката, но навистина нема поента да се чувствувате виновни за работи кои се случиле во минатото. Поправете ги грешките од минатото во однос на другите и во однос на себеси и размислете како да ги подобрите работите во сегашноста и иднината.rnrnОттргнете го чувството на вина од себесиrn

    Не правете услуга, ако таа никогаш нема да ви биде возвратена

    rnИма разлика помеѓу практикувањето великодушност и тоа некој да ве искористува. Доколку постојат луѓе во вашиот живот кои ја искористуваат вашата добрина, подобро размислете за нив. Во таквите пријателства секогаш размислувајте што можете да направите заедно, а не еден за друг. Доколку сакате да му помогнете на пријател кој има некаква потреба од вас, секогаш однапред размислете дали вие ќе добиете нешто од тоа. Тоа не мора да е еднаква компензација, вечера или некој поклон, доволно би било едно искрено благодарам или фина честитка. Доколку не добиете ништо за возврат, не се стискајте да се побуните за тоа.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.