КАФЕ ПАУЗА

Tag: услуга

  • Магични зборови кои ќе направат да звучите поубедливо

    Магични зборови кои ќе направат да звучите поубедливо

    На многу луѓе им е непријатно кога треба да побараат услуга од некого. Но, мора да се согласите дека убаво е да се поседува вештина со која лесно ќе можете да ги натерате луѓето да го направат она што го сакате, бидејќи сепак сите ние сме само луѓе и не можеме сѐ да постигнеме сами.rnrnМагични зборови кои ќе направат да звучите поубедливоrnrnНареден пат кога ќе ви биде незгодно да побарате нешто од некого, сетете се на следниве магични зборови кои ќе направат барањето да звучи поприфатливо за двете страни. Станува збор за фразата „Дали ќе сакаш…“.rnrnПсихологот Елизабет Стокоу, професорка по социјална интеракција на Универзитетот во Лафборо, Велика Британија, преку нејзиното истражување дознала дека додавањето на зборовите „Дали ќе сакаш…“ (willing) во вашето барање, го трансформира истото од наредба за моментално дејство (што луѓето честопати ја одбиваат) во прашање за тоа што може да направи личноста во поширока смисла на зборот.rnrnНа пример, нареден пат кога ќе му кажете на вашиот партнер „Можеш да го фрлиш ѓубрето?“, а тој само ќе промрмори дека ќе го фрли подоцна, веднаш продолжете со „Дали ќе сакаш да го фрлиш ѓубрето?“. Ако малку го преформулирате првичното барање, веројатноста е дека резултатот ќе биде поинаков. Имајте на ум дека оваа техника е особено успешна откако првичното барање веќе било одбиено.rnrnДоколку почнете да ја применувате оваа ефективна техника освен тоа што ќе го добивате она што го сакате, ќе звучите многу поучтиво и луѓето нема ни да забележуваат дека ви прават услуга, туку со задоволство ќе прифаќаат сѐ што ќе им кажете. Вреди да се проба!

  • Почитување на ветеното во деловните односи

    Почитување на ветеното во деловните односи

    Автор: Гоце ПешевrnrnВеднаш ќе добиете информација. За два дена ќе ви ја пратиме понудата. Производите ќе ви ги испорачаме утре, сега го царинат камионот…rnrnpochituvanje-na-vetenoto-vo-delovnite-odnosi-kafepauza.mkrnrnКолку пати сте биле во ситуација да ги слушнете овие зборови? Колку пати сте се нашле во ситуација да чекате многу повеќе отколку што ви е ветено? Колку пати сте биле во ситуација поради одредени ваши партнери или соработници да морате да ја одложите пратката кон вашите клиенти, или да не можете да ја испорачате услугата која и вие сте ја ветиле и која некој ја очекува?rnrnЗнаеме да кажеме дека во нашиот менталитет е да ги оставаме работите за последен момент, да одложуваме сè до последно, или пак да ветиме нешто што реално не ни можеме да го исполниме. Од друга страна пак, знаеме да кажеме за некоја компанија или личност која е максимално одговорна со роковите дека работи како Германците или дека се точни како швајцарски саат.rnrnСе поставува прашањето, дали постои можност да се излезе од овој „маѓепсан круг на одложување“? Дали можеме да воспоставиме систем на правилни вредности во нашата работа и синџирот на добавувачи во кој функционираме?rnПостојат повеќе начини да го намалиме ризикот во работата и можноста неодговорноста на некои наши партнери или соработници да се пренесе и на нашите клиенти.rnrn1. Изберете правилен партнер, добавувач или соработник – Не секогаш од старт можете да знаете кој е соодветниот партнер за вашата компанија или за одредени активности, но побарајте препорака, побарајте мислење од нивни претходни соработници и клиенти, посетете ги лично и увидете ги нивните работни капацитети.rnrn2. Соодветно планирање за секоја работна задача – Пристапете кон секое барање максимално професионално и коректно, направете мапирање на процесите и планирање за секој процес соодветно.rnrn3. Пресметајте ризик за доцнење од страна на вашите партнери и (предочете им го тоа со време) – Секогаш може да се случи доцнење од различни причини. Машината може да откаже непланирано, да има дефект во електричната мрежа, материјалот или податоците кои ги обработувате да не се соодветни. Затоа, доколку е можно, секогаш оставете временски простор кој би ги амортизирал овие несакани ефекти, а сепак да не се случи доцнење со испораката кон вашите клиенти.rnrn4. Одвојте го пријателството од деловната соработка – Знаеме за многу случаи каде пријателството било ставено на коцка поради професионална или непрофесионална соработка. Затоа, од самиот почеток на соработката дефинирајте ги границите помеѓу пријател и професионален партнер и водете се според тие граници.rnrn5. Секогаш имајте минимум двајца соодветни добавувачи или соработници – На овој начин ќе ги сведете на минимум ризиците да не добиете навремена испорака на производ или услуга, а секако и ќе ги зголемите можностите и вашите професионални капацитети. Запомнете, колку и да е добар единствениот добавувач кој го имате, заради најразлични причини (технички застој, недостаток на кадри, преоптовареност на капацитетите) во даден момент можеби нема да биде во можност да одговори соодветно на вашите барања.rnrn6. Тргнете ги емоциите настрана и бидете максимално професионални.rnrnНо, постојат и неколку начини како вие да постигнете поголема ефикасност во работата и одговорност кон вашите клиенти:rn

      rn011

    • Анализирајте го убаво секое барање кое стига до вас.
    • rn011

    • Бидете искрени со себе и барањата од вашите клиентите. Некогаш е подобро да се каже не можам (и да ги наведете причините за тоа), отколку да ветите нешто што не може да го испорачате.
    • rn011

    • Имајте искрена комуникација со вашите клиенти и отворено кажете им дали, кога и со кое ниво на квалитет можете да одговорите на нивните барања. Предочете им можни потешкотии во извршување на соодветното барање и објаснете им начин за решавање на истото.
    • rn

    rnИскреноста и максималната одговорност кон работата можеби не се ценети, но на долг рок ќе ви овозможат стабилен раст на компанијата, зголемување на приходите и секако многу задоволни партнери и клиенти.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Препораки: Зошто луѓето ретко препорачуваат некого или нешто?

    Препораки: Зошто луѓето ретко препорачуваат некого или нешто?

    Автор: Петар Лазаров rn

    Зошто последниот пат препорачавте некој ресторан, фитнес центар, компанија или производ на вашите пријатели, соседи или соработници?

    rnColorful thumb up like hand symbol with peoplernrnСигурно не било поради тоа што не сте добиле добар однос или бидејќи не ви се допаѓал производот или услугата што ви биле понудени. Јас често знам да кажам дека препораката е, „најтешкиот, а најлесен начин на продажба“. Најлесен поради тоа што вие не продавате, продава вашиот клиент (пријател, соработник). Вие не правите ништо за да ја реализирате таа продажба. Но, зошто најтешка!? Бидејќи ако некој ве препорача, тоа значи дека вие сте понудиле нешто повеќе од просекот, стандардот. Тоа значи дека вие сте ги надминале нивните очекувања.rnrnКлиентите повеќе се жалат на компаниите отколку што ги фалат и препорачуваат. Така велат истражувањата. И, тоа е нормално бидејќи обично клиентите добиваат просечна услуга, односно ние им ги задоволуваме нивните очекувања или она што сме го ветиле. Обично клиентите нè препорачуваат кога ќе им понудиме повеќе од ветеното и да постигнеме „WOW“ ефект кај нив.rnrnСо цел да ги сфатиме препораките, и зошто луѓето (не) препорачуваат треба да видиме што е она низ кое тие поминуваат пред да одлучат дали да препорачаат некој производ или услуга:rn

      rn011

    • Дали јас ќе бидам одговорен ако на мојот пријател не му се допаѓа производот/услугата?
    • rn011

    • Дали ако препорачувам, му правам добро на мојот соработник или само му одземам повеќе време?
    • rn011

    • Дали мојот образ ќе се оцрни кај соработникот ако препорачаниот направи некои проблеми (пр. не плати)?
    • rn011

    • Што добивам ако препорачам нешто/некого?
    • rn

    rnВо секој случај, со цел да добиете препорака од ваш клиент, треба да сте свесни за овие 3 најважни фактори:rn

      rn011

    1. СУПЕРИОРЕН ПРОИЗВОД
    2. rn011

    3. ПОСЕБНО ИСКУСТВО ЗА КЛИЕНТОТ
    4. rn011

    5. ДОЛГОРОЧНА РЕЛАЦИЈА СО КЛИЕНТОТ
    6. rn

    rnДа се биде добар веќе не е доволно, мора да се биде посебен. Олеснете им ја работата на вашите гласноговорници и обезбедете им безбеден, забавен и исплатлив начин за да ве промовираат.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои само најдобрите пријатели би ви ги простиле

    Работи кои само најдобрите пријатели би ви ги простиле

    Веќе со години сте најдобри пријатели и заедно сте минале низ сито и решето. Многу добро се познавате и може да комуницирате дури и без зборови. Сите правиме грешки, но вакви нешта само најдобрите пријатели простуваат и после години истите стануваат добри приказни за раскажување.rnrnРаботи кои само најдобрите пријатели би ви ги простилеrn

    Купување на исто парче облека

    rnДоколку вашата колешка од работа се појави со ист фустан како вашиот тоа навистина би ве изнервирало, но случајот не е ист со вашата најдобра пријателка. Напротив, тоа дури може да биде и олеснителна околност бидејќи, како прво, нема да има потреба да ви го позајми вашиот фустан па да не ви го врати со месеци, и второ, може сосем случајно и без договор да го облечете за една иста пригода и заедно да изгледате како чудаци (што навистина ќе ве забавува во текот на вечерта). Шала на страна, одбирањето исто парче облека може дури и да значи дека навистина сте сродни души, и иако можеби на почеток ќе ви пречи, никогаш нема да ѝ се налутите и ќе најдете начин од тоа да направите забава.rnrnРаботи кои само најдобрите пријатели би ви ги простилеrn

    Кажување остра критика

    rnКако најдобра пријателка треба да биде искрена со вас за ваше добро. Тоа значи дека ќе ви каже кога облеката не ви одговара, кога не треба да купите одредено парче облека, кога она што сте го напишале треба да се поправи или кога она што сте го направиле не е најдоброто од вас. Во принцип егото на човекот е големо и никој не сака да му биде посочено дека направил грешка, но најдобрите пријатели имаат пропусница за критика. Најважно до сè, ја кажуваат од срце и за доброто на пријателот.rnrnРаботи кои само најдобрите пријатели би ви ги простилеrn

    Уништување на серија/филм/книга

    rnО, не, само што ви го кажа крајот на филмот! Ова не е на добро. Но, бидејќи станува збор за најдобар пријател, простувате… и му го кажувате крајот на книгата што ја чита. Или можеби е толку возбудена за новата серија што ви кажува дури и повеќе отколку што треба бидејќи не сте почнале да ја гледате. Малку фучите со носот но ви минува за миг.rnrnРаботи кои само најдобрите пријатели би ви ги простилеrn

    Кажување лоши нешта за вашите омилени работи/личности

    rnСамо најдобриот пријател може да каже негативна критика за нештото/личноста што го/ја сакате без да добие лавина аргументи и убиствен поглед. Секако, најчесто станува збор за провокација од која ќе излезе добра шега.rn

    Заборавањето да се честита роденден на ФБ

    rnСè додека не заборави да ви купи поклон и да ви честита во живо, во ред е. Всушност, на најдобриот пријател не му треба ФБ потсетник дека имате роденден и може воопшто да не се осврне кон социјалните мрежи за честитка.rnrnРаботи кои само најдобрите пријатели би ви ги простилеrn

    Будење во глуво доба од ноќта

    rnСамо најдобриот пријател може да ви ѕвони во 4 наутро во пијана состојба или за да ве извести дека завршил со читање на најдобрата книга која некогаш му дошла во раце а вие да не го испратите на едно посебно место. Најверојатно дури и ќе се впуштите во разговор.rnrnРаботи кои само најдобрите пријатели би ви ги простилеrn

    Игнорирањето на пораките кои ги праќате

    rnДоколку навистина има важна работа знае дека ќе може да ви објасни подоцна зошто била недостапна. Тоа е така бидејќи знае дека од вас ќе биде разбрана.rn

    Барањето на чудна услуга

    rnМоже да биде одење некаде, извршување чуден телефонски повик, купување нешто што не ви е јасно како би го употребила. Она што за познаниците е барање голема или чудна услуга, за најдобрите пријатели е задача која ја извршуваат со задоволство и знаат дека секогаш може да побараат нешто за возврат.rnrnРаботи кои само најдобрите пријатели би ви ги простилеrn

    Имањето ставови кои се тотално различни од вашите

    rnНајдобрата пријателка може да има сосем различни ставови од вас за некои работи, може да членува во организација која се коси со вашите верувања и интереси, и иако да беше некој друг никогаш не би му проститле, со пријателот едноставно одлучувате да не зборувате повеќе за тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каков е вашиот однос со клиентите?

    Каков е вашиот однос со клиентите?

    Автор: Александар Николовски – Киндерrn

    Дали нудиме лоша, просечна или одлична услуга?

    rnAn image of a customer yelling at a cashier.rnrnПред некој ден, ми стигна следниов линк со дискусија помеѓу вработен во Amazon.com и клиент којшто не ја добил книгата што ја нарачал. Заради начинот, сосема нестандарден и уникатен, на кој вработениот го решил проблемот на купувачот, почнав да размислувам за односот и за грижата за корисниците и колку многу е важен овој сегмент за успешно работење и создавање верни купувачи. Јас овој линк го добив на ФБ. Ние сега го споделивме со вас, а кој знае уште колку како мене го споделиле овој разговор на клиентот и продавачот на Амазон. Колкав позитивен ефект и влијание, за компанијата, има направено тој човек, само со тоа што бил оригинален и што дава максимум од себе да го задоволи клиентот на најдобар можен начин.rnrnГрадењето добар однос со клиентите давајќи им професионална услуга е од најголема важност за секој бизнис. Може да се прават реклами, разни промоции со кои ќе се привлечат луѓето, но ако не ги услужиме добро, да ги задоволиме нивните желби и да ги натераме да се вратат повторно, бизнисот нема да биде профитабилен на подолг рок. На долг рок сите бизниси зависат од лојални клиенти. 2/3 од корисниците што преминуваат кај конкуренцијата сметаат дека не добиваат соодветен третман кај претходниот обезбедувач на услугата. Стремежот на секој бизнис треба да биде: секој купувач да го напушти нашиот дуќан, канцеларија, работилница… толку задоволен што ќе каже на сите пријатели за тоа искуство и со тоа ќе отвори можност секој од нив да го направи наш купувач.rnrnЕве, ставете се и вие во ситуација кога сте клиент. Колку пати не ве интересирала цената, локацијата, изгледот. Ако сте задоволни од услугата – другото доаѓа во втор план.rnrnБи сакал да споделам со вас неколку совети кои ќе ви овозможат подобро менаџирање на клиентите.rnrnДобивање реципроцитет – Секој од нас, кога е купувач, за да биде задоволен бара да има реципроцитет на цената со производот/услугата што ја добил. Кога тој реципроцитет не е исполнет во нашите очи, настанува незадоволство. Меѓутоа, ефектот од реципроцитетот не е секогаш заснован на цената. Голем дел има и во услугата што сме ја добиле. Затоа, бидете љубезни. Актот на љубезност има поголем ефект кога луѓето не го очекуваат. Изненадете ги со некоја дополнителна информација која не е никаде спомената (веб-страница, каталози), со разговор помогнете им да го направат вистинскиот избор заснован на нивните потреби. Изненадете ги со љубезност кога имаат проблем и кога се жалат, а не да ги гледате намуртено или, пак, да се расправате со нив.rnrnПокажете дека се грижите за нив – Разговарајте со нив на позитивен и на пријателски начин. Така ќе им се приближите. Најдете заеднички интереси. На сите нас природно ни се допаѓаат луѓе со кои имаме нешто заедничко/слично. Прашувајте кои се нивните потреби, желби. Со тоа се создава пријателски однос кој овозможува добра соработка и доколку се одржи ќе се создаде врска што е тешко раскинлива. Сите ние сакаме да купуваме кај некој што го чувствуваме близок, ни ги задоволува потребите, ни го дава тоа што ни треба, и затоа не би го смениле.rnrnКвалитетно решавање жалби и поплаки – Веројатно никој нема некоја посебна желба за решавање на жалби и поплаки, но тие се дел од секојдневното работење. Статистиките покажуваат дека 80-90% од купувачите купуваат повторно доколку некој им го реши проблемот што го имале на брз и професионален начин. Покажете им дека вистински сакате да го решите нивниот проблем. Направете сè што е во ваша моќ и доведете ги муштериите до моментот кога ќе кажат сами дека сè е во ред и се задоволни. Дозволете им да видат дека вие вредите да се работи со вас и ќе направите сè што треба за да ја здобиете нивната лојалност. Задржувањето на само 5% од вашите досегашни муштерии може да го зголеми профитот на вашето претпријатие за 25-125%.rnrnИнвестирајте во квалитетна услуга – Креирајте култура во организацијата која го става купувачот во центарот на вниманието. Но, навистина. Не само да пишуваме на нашите веб-страници дека нашиот главен фокус е клиентот, а во практиката да не е така. Направете систем со кој ќе ги соберете информациите од муштериите за тоа што им значи нив, што сакаат да добијат, од што се задоволни, а од што не. Анализирајте ги и според тоа составете план какви услуги ќе адаптирате. Инвестирајте во обуки на тимот, квалитетот на услугите кои ги давате не е ништо доколку тие не се даваат на квалитетен начин. Инвестирајте во алатки и направете систем според кој ќе се водат сите вработени во компанијата.rnrnРазговарајте на нивно ниво – Избегнувајте сленг или многу технички изрази кои можеби нема да ги разбере муштеријата. Адаптирајте се на нивното ниво на знаење од областа. Не ги потценувајте, но не бидете ни премногу формални со нив, како да разговарате со претседателот на САД.rnrnНе правете го она што не сакате да ви го (на)прават вам!!!rn(клише кое на жалост многу малку го употребуваме)rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието

    Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието

    Да се создаде паметна идеја за маркетинг кампања и да се реализира за да ги привлекува погледите на минувачите е вистинска уметност и воопшто не е лесна задача. Треба да се употреби голема интелигенција за да се испромовира некој производ или услуга на невиден начин и тоа да има голем ефект врз луѓето. Ова е еден мал дел одлично смислени маркетинг кампањи.Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманиетоГалеријата продолжува на втората страница. rn

  • Перфекцијата на кафето од Старбакс

    Перфекцијата на кафето од Старбакс

    Покрај тоа што „Starbucks“ се прославија благодарение на доброто кафе, тие отсекогаш знаеле и одлично да се промовираат. Доказ за ова е и следново видео, чиј креатор е Роџиер Виланд. Преку фантастична анимација, Виланд успева во нешто повеќе од една минута да раскаже зошто подготвеното кафе од овој ланец на продавници е едно од најдобрите.Перфекцијата на кафето од „Starbucks“ Во ова видео тој го претставува целиот процес, од одгледување на кафето, преку одбирање, па до целосната и љубезна услуга од вработениот бариста. Приказната почнува од крајот, односно од перфектното кафе кое го добива секој купувач, а потоа се навраќа наназад.Перфекцијата на кафето од „Starbucks“ Перфекцијата на кафето од „Starbucks“rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Ви недостига ли малку адреналин во вашето здодевно секојдневие? Доколку џебот ви е длабок и сакате да ја уништите монотонијата, имате ексклузивна можност да ѝ платите на француската компанија „Ultime Realite“ да ве киднапира, чисто онака за разонода. Кој го гледал филмот „The Game” (1997) со Мајкл Даглас, веднаш ќе се сети за што станува збор.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrn30-годишниот Жорж Зиксус од Франција ја основаше оваа компанија уште пред 3 години, која зa 1.300 американски долари нуди основен пакет: сосема неочекувано ве киднапираат непознати луѓе, ве сместуваат во багажник, а потоа неколку часа ве држат на непозната локација.rnrnОние со подлабок џеб, кои сакаат да се почувствуваат како во вистински крими- филм од Холивуд, можат да си нарачаат и поекстремно искуство, кое предвидува подолго сценарио со пострашно искуство, вклучуваjќи бркотници со хеликоптери и бродови.rnrnКлиентите можат сами да си одберат сценарио, а при нарачката потпишуваат договор дека киднапирањето може да се случи кога било. „Киднаперите“ ќе ве следат неколку дена и кога најмалку ќе претпоставувате, во погоден момент за нив, ќе ве начекаат на улица или на друго место и ќе ве киднапираат.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrnНа сајтот на компанијата пишува: „Ќе поминете низ вистинска сензација од насилство, терор и страв, кои се јавуваат во реалното киднапирање. Тоа е психолошки шок кој нема лесно да го заборавите.“rnrnИскуството го споредуваат со некои други екстремни спортови како што се скокање со банџи и слободно паѓање од авион со падобран.rn
    rn

    Никој во текот на киднапирањето не е повреден, бидејќи тоа не е дел од планот. Ние заеднички размислуваме за физичките и психолошките ограничувања. Она што јас го нудам е тотално контролирано искуство, кое овозможува да ја проширите вашата лична визија. Сѐ е возможно. Јас го идентификувам она што мојот клиент го сака и потоа се трудам истото да го претворам во акција. Се разбира, доколку клиентот во одреден момент почувствува дека ги надминал границите на неговата издржливост, може да ја прекине играта, служејќи се со претходно договорената лозинка. Може да се каже дека целта на оваа компанија е да се допре до најголемиот страв на клиентот, она што се прикрадува од крајот од неговиот ум, она за коешто никогаш не се осудил да зборува гласно.“ – вели Рожер

    rnКомпанијата нуди и други специфични услуги како што се: да бидете преводници во потера по бегалец, да бидете следени од ловци на награди, да присуствувате на сопствениот погреб, да поминете една ноќ во мртовечница или да си го испробате талентот за некои „сиви“ бизниси, како на пример шверц на дрога.rnrnОваа компанија нуди пакет од искуства, кои звучат освежувачки. Нешто што секојдневните луѓе можеби нема никогаш да го искусат. Но, нивната работа не е толку воодушевувачка за сведоците или луѓето кои поминуваат во близина во текот на „киднапирањето“ и немаат поим дека станува збор за лажен настан. Сервисот не е стриктно илегален, но портпарол од француската полиција изјавил дека компанијата ќе мора да ги предупредува локалните надлежни органи, за да нема вознемирувачки повици од сведоците.rn
    rn

    Според француската полиција и кривичниот закон, не постои причина да го забраниме сервисот, бидејќи жртвата го одобрува настанот, што значи дека не се случува криминал. Но да, работите можат да се искомплицираат доколку некој пријави киднапирање и полицијата се вмеша.“ – објаснува портпаролот

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ако немате пријател, изнајмете го!

    Ако немате пријател, изнајмете го!

    Животот е полесен кога сте опкружени со пријатели, со кои можете да споделите и добро и лошо. Но, некои од нас ја немаат таа среќа. Заради преголем работен ангажман или премногу домашни обврски, немаат време да стекнат нови пријателства или да ги одржуваат старите. За овие случаи, Јапонија веќе има решение. Осамените Јапонци сега можат да си платат некој да им глуми пријател за еден ден. Сè што треба е да се обратат до агенцијата „Client Partners“ и да побараат лице со кое ќе отидат во кино, диско…rnrnАко немате пријател, изнајмете го!rnrnКолку и да звучи тажно, сепак, е реално и практично. Пример за тоа е 25-годишниот Kouichi (псевдонимот под кој е регистриран во агенцијата). Тој минатото лето одлучил да ги искористи услугите на компанијата, па изнајмил две девојки да му прават друштво во диско клуб. За дружбата платил 341 американски долари. Kouichi вели дека цената на услугата е висока, но и дека вреди.rnrn„Постои тоа чувство на сигурност, кога некој безусловно ќе ве прифати“, изјавил Kouichi, додавајќи дека е подобро да платите за лажни пријатели, отколку вистинските да ве одбијат.rnrnСе согласувате ли и вие со неговата теза? 🙂rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни цитати за вистинското пријателство

    Креативни цитати за вистинското пријателство

    Љубовта, пријателството и семејството се основата на човечкото постоење. Затоа денес, одвојте дел од вашето време за да се потсетите на вредностите кои треба да ги крие секое вистинско пријателство, преку овие мудри мисли. Запомнете дека можеби познавате многу луѓе, но малкумина ви мислат секогаш добро.rnrnКреативни цитати за вистинското пријателствоrnrn rn

    „Ако твоето срце нема пријателска порта, ти си од погрешна сорта!“

    rn

    „Кучето за разлика од човекот има многу пријатели бидејќи мавта со опашот, а не со јазикот.“

    rn

    „Кога одбираш пријатели не брзај, а уште помалку кога ги менуваш.“

    rn

    „Вистинските пријатели се како дијаманти, ретки но скапоцени. Лажните пријатели се како есенско лисје – ги има во изобилие!“

    rn

    „Пријател ти е оној што може да ја препознае мелодијата на твојата душа.“

    rn

    „Пријателите се како парите: полесно се спечалуваат одошто се задржуваат.“

    rn

    „Пријател ти е тој што верува во тебе, тогаш и кога сам не веруваш во себе.“

    rn

    „Создавај нови пријатели, но чувај ги и старите. Првите се сребро, а вторите се злато!“

    rn

    „Новите пријатели се како зелени плодови: не знаеш дали ќе испаднат слатки или кисели.“

    rn

    „Пријателот ти е најдоброто огледало.“

    rn

    „Кога тишината не ти е непријатна, знаеш дека си помеѓу пријатели.“

    rn

    „Секој го слуша она што го кажуваш, но само пријателот може да го чуе тоа што не го кажуваш.“

    rn

    „Парите те прават богат, но пријателите те прават вреден.“

    rn

    „Ако пријателството со некого треба да го купуваш, тогаш немој воопшто да се трошиш.“

    rn

    „Лажните пријатели се како сенките – присутни се кога е сончево, а ги снемува кога е облачно.“

    rn

    „Вистинскиот пријател ќе проба да те утеши, а ако не може, ќе седи до тебе и ќе ти прави друштво.“

    rn

    „Пријателите се како штедна книшка: од нив можеш да извлечеш толку колку што си вложил.“

    rn

    „Тој што им е пријател на сите, не му е пријател никому.“

    rn

    „Ако за секоја своја услуга бараш противуслуга, тогаш не си подарил, туку си продал!“

    rn

    „Прекинатото пријателство е како скинат конец: може да се состави, но јазолот ќе остане.“

    rn

    „Пријател е оној што твоите непријатели ги смета и за свои непријатели.“

    rn

    „Несреќните бракови не се такви поради отсуство на љубов, туку поради отсуство на пријателство.“

    rn

    „Ако најдобриот пријател на човекот му е кучето, тогаш човекот си има сериозен проблем.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.