КАФЕ ПАУЗА

Tag: уникатни

  • Најубавите стари и ретки дрвја ширум светот

    Најубавите стари и ретки дрвја ширум светот

    Велат дека една слика вреди илјада зборови. Оваа изрека дефинитивно го опишува влијанието кое го имаат фотографиите на фотографката Бет Мун од Сан Франциско. Таа цели 14 години патувала низ светот и овековечувала во прекрасни фотографии стари и ретки дрвја. Со својот фотоапарат, Бет Мун успеала да ја долови нивната убавина и уникатност во секоја смисла на зборот. Овие дрвја се наоѓаат претежно далеку од цивилизацијата и голем дел од нив преживеале токму поради тоа, како што кажува Бет. Иако многу други веројатно не ги ни забележале, Бет смета дека токму преку нејзините фотографии ќе успее да допре до многу луѓе и нивната свест со цел да се најде подобар начин за живеење во склад со природата, бидејќи според неа, дрвјата се најстарите и најголемите споменици на Земјата.rnrn1-najubavite-stari-i-retki-drva-shirum-svetot-kafepauza.mk_rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 супер идеи за бебешки соби

    15 супер идеи за бебешки соби

    Малото место не е пречка за големите идеи. Еве како да ја претворите малата соба на вашето новороденче во вистинска бајка. Овие бебешки соби ќе ве инспирираат да направите нешто навистина супер и вашето дете да расте во прекрасно уредена и пријатна атмосфера.rnrn

    Бебешка соба уредена како мала и слатка колиба
    Во морнарски стил
    rnrn
    Бебешка соба уредена како мала и слатка колиба
    Шарена соба со омилените фустани закачени на ѕид за идната трендсетерка
    rnrn rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот

    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот

    Со повеќе од 33.000 ресторани низ светот кои служат околу 68 милиони луѓе во 119 држави секојдневно, Мекдоналдс е белег на сеприсутноста. Од 1954 година, па сè до денес, Мекдоналдс е еден од најраспространетите и најпознатите брендови низ светот.rnrn

    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Клифтон Хил, Викторија, САД
    rnrnРаспространетоста на повеќе од 33.000 локации несомнено значи дека дел од нив ќе бидат уникатни и необични. Од стари преобразби во модерни градби, лицето на рестораните на Мекдоналдс многу варира, понекогаш дури и зависи од архитектурата и/или историјата на градот.rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Тајмс Сквер, Њујорк, САД
    rnrnНа Фликр постои огромна библиотека со голем број вакви локации наречена „McDonald’s Storefronts“. Со почеток во мај, 2006 година, моментално има околу 11.866 фотографии и 1.058 членови. Тоа е неверојатен подвиг и фасцинантен проект кој дефинитивно вреди да го разгледате.rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Галеријата „Vittoria Emanuele“ во Милано, Италија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Њухајд Парк, Њујорк, Америка
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Јангшуо, Кина
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Таупо, Нов Зеланд
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Лондон, Англија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Дебрецин, Унгарија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Хигашиоми, Шига, Јапонија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Лас Вегас, Невада, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Патершол, Гент, Белгија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Индепенденс, Охајо, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Тбилиси, Грузија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Порто, Португалија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Орландо, Флорида, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Асван, Египет
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Реката Мисисипи, Сент Луис, Мисури, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Ферхејвен, Масачусетс, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Берген, Норвешка
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Хамелн, Германија
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Улсан, Јужна Кореа
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Винита, Оклахома, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Источен Лонг Ајланд, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Чајнатаун, Њујорк, САД
    rnrn
    Најнеобичните ресторани на Мекдоналдс низ светот
    Мадрид, Шпанија

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни украси за коса кои можете да ги направите сами

    Прекрасни украси за коса кои можете да ги направите сами

    Шнолки, венчиња, ленти, стегачи и што ли уште не, идеите за вашата фризура да биде интересна и несекојдневна се многубројни. Но за жал, многу од овие прекрасни украси за коса знаат да чинат доста, а често пати се случува да не можеме да пронајдеме токму во онаа боја или форма која што ни треба. За среќа постои начин како да ја употребите вашата креативност и имагинација, а да не потрошите премногу пари.rnrnСледат неколку интересни упатства со чија помош лесно можете да направите свои, уникатни украси за коса и следниот пат кога ќе излезете во град слободно да се пофалите пред пријателките со вашата оригиналност. Кој знае, можеби ќе привлечете и некој заводлив поглед од спротивниот пол.rnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    1. Шноли со кристалчиња

    rnОвие интересни шноли можете да ги направите со конец во каква било боја, но и со различни камчиња, во зависност од гардеробата која ја имате. Всушност, зошто да не направите повеќе различни? Сè што ви треба се шнолки, конец, игла и камчиња кои најдобро е да бидат самите залепени на проѕирна лента, како на сликата, но доколку не најдете такви можете и директно да ги залепите на шнолата.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnЛентичката со кристалчиња треба добро да ја залепите за шнолата, а ако не успеавте да пронајдете таква, залепете го секое кристалче посебно. Почнувајќи од крајот на шнолата вртете го конецот внимателно во просторот помеѓу две кристалчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnКрајот од конецот најдобро е да го скриете под долниот дел на шнолата за да не се познава и вашата креација да изгледа што подобро.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    2. Впечатлив украс со бисерчиња

    rnМожеби ќе ви одземе повеќе време да го направите, но дефинитивно вреди секоја секунда. Овој украс е навистина елегантен и можете да го носите за специјални пригоди, но и во оние денови кога навистина сакате да бидете и да се чувствувате посебни. Потребна ви е обична црна шнолка, шнола со повеќе иглички (оние во вид на малечко чешле), подебел конец или тенка жица, лепак и многу бисерчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnПочнете така што жицата или конецот ќе ја закачите во едно од дупчињата на чешлето за да можете потоа да нанижете бисерчиња.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrnКраевите од секој конец врзете ги цврсто на крајот на другата шнола. Вишокот конец скратете го, а на самите дупчиња од чешлето можете да залепите бисерчиња за уште подобар ефект.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    3. Слатки машнички

    rnОвие машнички се многу лесни за изработка и се одлични кога сакате да го разиграте вашиот стил. Одберете материјал по желба, можат да бидат еднобојни или со некој интересен принт. Можат да се направат од каков било материјал (на пример некоја стара маичка) и не одземаат многу време. Потребно ви е лепак, ножици, шнола и малку креативност. За почеток, погледнете ја изработката на овие едноставни, еднобојни машни.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrn

    4. Шноли и копчиња – разиграна комбинација

    rnТука веќе нема изговори, зашто за оваа креација потребни ви се само копчиња, лепак, обични шноли и неколку минути од вашето време, освен ако не ви стане интересно, па се решите да го искористите секое копче кое што ќе ви се најде по дома. А ефектот е навистина одличен.rnrnПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиПрекрасни украси за коса кои можете да ги направите самиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритни течни мозаици

    Колоритни течни мозаици

    Овие интересни ликвидни мозаици се креирани од страна на фотографот Фабијан Ефнер. Овој швајцарски фотограф сака да експериментира со науката за да ги креира овие слики. Тој за оваа цел користи ферофлуид, што претставува течност слична на моторното масло, која силно се магнетизира под дејство на магнетно поле. Ефнер ја комбинирал оваа течност со водени боици и потоа ја поставувал во магнетно поле, добивајќи ги овие уникатни форми.Колоритни течни мозаициМалите крукчиња се со големина на палец, а со овој свој проект т.н „Milefiori“, Ефнер вусшност се обидува живописно и драматично да ги зароби дејствата што се случуваат во времетрање помало од една секунда. Лавиринтот од бои и облици е толку прекрасен и уникатен, а формите се неповторливи и тешко може да се репродуцираат.Колоритни течни мозаициКолоритни течни мозаициКолоритни течни мозаициКолоритни течни мозаициКолоритни течни мозаици
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога фотографиите почнаа да комуницираат…

    Кога фотографиите почнаа да комуницираат…

    Минатата година првпат се запознавме со терминот кинемаграфии (cinemagraph), кој беше употребен за да се објаснат подвижните фотографии, креирани од страна на фотографката Џејми Бек и веб-дизајнерот Кевин Бург, кој се занимава и со подвижна графика и видео обработка. Сега, талентираното њујоршко дуо, повторно се враќа на сцената со нови, чудесни и уште поинтересни анимирани фотографии во GIF формат. Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Спојувањето на содржината од обичната фотографија со желбата таа да почне повеќе да комуницира со набљудувачот го произведе кинемаграфскиот процес. Артистите прво прават традиционална фотографија и потоа го комбинираат живиот момент во сликата, вметнувајќи ја во неа изолираната анимација, која е создадена од повеќе слики (фрејмови).rnВизуелниот графички артист Кевин Бург започнал да експериментира со форматот .gif во овој контекст, во 2009 година, но немал реализација сѐ додека не оформил партнерство со фотографката Џејми Бек, со која работеле на њујоршката модна недела, а таму се родиле кинемаграфиите.Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...За крај, повторно ќе ја цитираме фотомоделката Коко Роча, која беше дел од првата кинемаграфска фотосесија на Кевин и Џејми: „Тие се повеќе од фотографии, но не се баш ни видеа“. Уживајте. 🙂 Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудо на природата – неверојатни албино животни

    Чудо на природата – неверојатни албино животни

    Албино животните се многу ретки во природата и човекот уште од античко време бил фасциниран од нив. Во некои култури се сметале за свети животни и биле основа на едни од најголемите легенди и митови. Поради нивната уникатност, албино животните и ден денес се најголемата атракција во зоолошките и циркусите низ светот.rnrnЧудо на природата - неверојатни албино животниrnrnАлбинизмот е еден вид вродено хипопигментарно нарушување, кое се карактеризира со делумен или целосен недостаток на пигментот меланин во очите, кожата и косата. Тој се наследува преку рецесивни гени и досега е откриен кај цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите, птиците, рептилите и водоземните животни.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересна уметност од секојдневни предмети

    Интересна уметност од секојдневни предмети

    Во уметноста е најважна креативноста, уникатноста и личниот печат во делата. Преку уметноста се изразуваат идеите и емоциите на авторот. Дали делото е добро или лошо е оставено на гледачот да одлучи, затоа што тоа е еден многу субјективен начин на доживување. Погледнете ги овие фотографии кои се направени како инспирација од секојдневните предмети кои ги користиме. Вие одлучете дали се добри или не. Едно е сигурно – тие се мошне креативни и уникатни. Уживајте…rnrnИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предметиИнтересна уметност од секојдневни предмети
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

    Спектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

    Островот Стафа се наоѓа во Шкотска и е познат по неговите уникатни геолошки карактеристики, како што се многуте пештери и чудните форми на базалт (многу тврда вулканска карпа). Овој извонреден мал остров, се наоѓа југо-западно од островот Улва, и е еден од најмалите во надворешните Хебриди.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаНајпозната пештера на островот е „Пештерата на Фингал“ (Fingal’s Cave), која се наоѓа во неговиот јужен дел. Големата морска пештера е висока 20 метри и долга 75, а формирана е од шестоаголни базалти.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаНа почетокот на 18-иот век, островот бил населен и имал околу 16 жители, но нивното место денеска го заземаат морски птици и туристи. Островот станал познат доцна во 18-иот век, кога бил посетен од Сер Џозеф Банкс (познат Британски ботаничар). Тој заедно со неговите придружници биле воодушевени од неверојатната природа и прекрасните базалти, но и од главната пештера на островот која Банкс ја нарекол „Пештерата на Фингал“.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаОвој остров во историјата бил посетен и од други истакнати личности, како што се кралицата Викторија и принцот Алберт, Жил Верн, д-р Давид Ливингстон, Сер Валтер Скот и други.rnСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

  • Неверојатни хотели низ светот

    Неверојатни хотели низ светот

    За Нова година, за следното летување или за претстојното зимување, направете план да посетите некој од овие хотели во светот. Кој и да го изберете, ќе имате незаборавно и неповторливо искуство.rn
    rn

    Dog Bark Park Inn

    rnДоколку случајно се најдете во Котонвуд, Ајдахо, ќе имате можност барем една ноќ да поминете во хотелот „Dog Bark Park Inn“, кој е во форма на огромно куче.rnНеверојатни хотели низ светотСобите се декорирани со елементи кои потсетуваат на кучиња. Во продавничката во хотелот можете да купите секакви производи за кучиња, а тоалетот кој се наоѓа надвор од објектот е во форма на хидрант. Со капацитет за преноќување на само 4 луѓе одеднаш, овој хотел е одличен за една фамилија и за обожавателите на животните.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Null Stern Hotel

    rn„Null Stern“ хотелот се наоѓа во напуштено нуклеарно скривалиште во Швајцарија. „Null Stern“ во превод значи „со нула ѕвезди“, а тоа е така бидејќи гостите не добиваат ништо повеќе од кревет и топла вода. Дури можеби и ќе ја делите собата со уште 6 непознати луѓе.rnНеверојатни хотели низ светотПозитивното е тоа што едно ноќевање ќе ве чини околу 10 американски долари. Сепак, креаторите го презентираат како социјален експеримент што ќе им даде шанса на посетителите да се запознаат малку повеќе едни со други.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Karostas Cietums

    rnДоколку некогаш сакате да поминете ноќ во поранешен затвор на СССР, овој хотел е совршеното место за вас. Тој се наоѓа во Летонија, а неговите соби се буквално келии.rnНеверојатни хотели низ светотДоколку сакате и имате доволно пари, можете да платите за да доживеете вистинско затворско искуство, бидејќи „чуварите“ можат да се однесуваат со вас како да сте вистински затвореник. Хотелот има и музеј и организира редовни тури за посетителите.Неверојатни хотели низ светотrn

    Library Hotel

    rnДоколку сте љубител на книги тогаш овој хотел во Њујорк е перфектен за вас. Секој спрат и секоја соба е организирана по азбучен ред и по категорија.rnНеверојатни хотели низ светотВо сите 60 соби има безброј книги од соодветната категорија,од математика до еротски романи, па така секој гостин може да најде книга по својот вкус.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Jumbo Hostel

    rnОвој хотел се наоѓа во боинг 747 и е приспособен да собере 85 гости. Тој се наоѓа на 10 минути оддалеченост од аеродромот во Стокхолм, а од неговото кафуле и од направената дрвена палуба ќе имате прекрасен поглед кон пистата на аеродромот и полетувањата и слетувањата на авионите.rnНеверојатни хотели низ светотНеверојатни хотели низ светотrn

    Propeller Island City Lodge

    rnУправата на овој германски хотел тврди дека треба да преспиете во парче уметност, бидејќи секоја соба е различно дизајнирана.rnНеверојатни хотели низ светотЕдна соба е потполно портокалова, во друга мебелот е превртен обратно, во трета ќе бидете опколени само со огледала. Дури ако се чувствувате доволно морбидно, можете да спиете и во ковчег како вампир.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Hang Nga

    rnОвој виетнамски хотел е направен да личи како огромно чудно дрво. Сепак дрвото е вештачко, но е опколено со многу природа и растенија, па така остава впечаток како да е вистинско. Во внатрешноста доминира дрвената подлога и деталите кои отсликуваат едно дрво, па така ќе наидете на скулптури од мравки, пајаци, пајакови мрежи, по некоја птица и слично.rnНеверојатни хотели низ светот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.