КАФЕ ПАУЗА

Tag: уникатни

  • 23 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во животот

    23 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во животот

    Денес ја имаме целата потребна опрема за брзо да фотографираме некој интересен и уникатен момент. Како резултат на ова се создаваат вистински ремек-дела. Сепак и овие моменти се навистина ретки и понекогаш имате само една шанса за ваква фотографија. Па погледнете некои од најдобрите фотографии кои се прават само еднаш во животот.rn

    1. „Морам да побрзам, потребна им е мојата помош“

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrn

    2. „Фати ме за рака“

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrn

    3. Кога ќе слушнете дека сопственикот ви става храна

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrn

    4. Перспективата е најважна

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrn

    5. Професионално влегување во кадар

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrn

    6. Скокот на далечина на Луиса Бодем за време на Германското атлетско првенство

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrn

    7. Совршено

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrn

    8. Изгледа како дрвото да има очи

    rn24 уникатни фотографии кои се прават само еднаш во живототrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

    9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во мода

    Порано беше обичај да се однесе подарок кога одиме кај некого на гости, роденден или забава. Денес, дури и роденденските подароци се одбегнуваат, бидејќи немаме инспирација и не сакаме да потрошиме пари на погрешен и непотребен предмет.rnrnСепак, убаво е да се подарува и доколку немате никаква идеја, најдобро би било да помислите на старомодните подароци што некогаш биле многу популарни, но сме ги заборавиле. Тие се елегантни и покажуваат дека сте внимателни и дека навистина се грижите за личноста за која се наменети. Најдоброто е тоа што овие подароци нема да ве чинат многу, а некои од нив можете да ги направите и самите! Погледнете ги следниве застарени подароци што дефинитивно би требало да се вратат во мода…rn

    1. Домашно зготвена храна спакувана во тегла

    rn9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во модаrnrnАко имате време, покажете ја вашата љубов со домашно зготвена храна во тегличка. Не постои човек кој не би сакал да добие тегла полна со џем од јагоди или друго овошје. Бидете креативни и украсете ја теглата на уникатен начин. Личноста која ќе го добие подарокот со сигурност ќе остане без зборови.rn

    2. Букет од свежи цвеќиња

    rn9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во модаrnrnСвежо набраните цвеќиња се сметаат за многу внимателен подарок, а не чинат многу пари. Дополнете го букетот со рачно напишана порака или одберете интересна вазна, доколку мислите дека тоа ќе му се допадне на човекот за кого е наменет подарокот.rn

    3. Кутија со благи работи

    rn9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во модаrnrnДа бидеме искрени! Кој не би сакал кутија полна со крофни или колачиња? Ви гарантираме дека доколку се појавите кај вашите пријатели со ваква слатка ужина, веднаш ќе станете омилената личност во друштвото. Уште подобро би било ако одберете уникатна кутија или пак самите ја украсите. Совршен подарок!rn

    4. Вашето омилено шише вино

    rn9 застарени подароци што повторно би требало да се вратат во модаrnrnАко на сите вечери и собири се појавувате без шише вино, време е да го промените тоа! И не плашете се дали ќе згрешите при изборот! Многу луѓе се плашат да однесат вино како подарок, бидејќи мислат дека нема да го одберат вистинското. Најдобро би било да го подарите вашето омилено шише вино, бидејќи така ќе споделите дел од вашата личност и ќе им помогнете на луѓето подобро да ве запознаат. Не двоумете се дали да го подарите виното што најмногу го сакате, па дури и да не е од најскапите!rnrnПродолжете на следната страница за останатите интересни подароци…rnrn

  • 11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

    11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатно

    Сите луѓе имаат специфични карактеристики што ги издвојуваат од останатите. Станува збор за психички способности што се многу ретки и индивидуални. Но, дали сте знаеле дека и вашето тело поседува многу уникатни особености? Прочитајте кои се физичките вештини и карактеристики што само мал процент од луѓето ги поседуваат и дознајте дали и вие сте дел од нив…rn

    1. Еластичен јазик

    rn11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатноrnrnЗа да имате еластичен јазик, тој мора да поседува одредена должина и мускулна маса. Покрај генетиката, животната средина исто така може да има влијание на оваа необична карактеристика. На пример, кај Индијците постои голема веројатност да имаат еластичен јазик. Научниците веруваат дека ова се должи на специфичноста на нивниот мајчин јазик. Степенот на јазичната еластичност може да варира. Истражувачите дури и спровеле посебно истражување на оваа тема. 63% од испитаниците успеале да го свиткаат јазикот во ролна, 14% успеале да го превиткаат на половина, а помалку од 1% успеале да го обликуваат јазикот во спирала.rn

    2. Подвижни уши

    rn11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатноrnrnОколу 22% од луѓето на планетава можат да го придвижат едното уво, додека не повеќе од 18% можат да го сторат истото со двете уши. Но, ова не било отсекогаш така. Нашите далечни предци можеле да прават секакви движења со овие делови од телото. Тоа е така затоа што мускулот што е одговорен за движењето на ушите некогаш бил многу развиен кај луѓето, но ја изгубил неговата функција со текот на еволуцијата.rn

    3. Способност да се придвижува секој прст на стапалото одделно

    rn11 неочекувани знаци дека вашето тело е уникатноrnrnБез разлика колку се трудите, нема да можете наизменично да ги движите прстите на стапалата. Тоа е така затоа што само големиот и малиот прст имаат индивидуални мускули, додека, пак, останатите ги контролираат заеднички мускули. Повеќето луѓе ширум светот без никаков проблем можат да го придвижат големиот прст, но малкумина можат да го сторат истото со малиот. Некои истражувачи ги советуваат жените да не се венчаат со мажи кои можат да ги движат малите прсти на стапалата, бидејќи таквите луѓе ѝ придаваат преголемо значење на нивната лична слобода.rnrnПродолжете на следната страница за остатокот од текстот…rnrn

  • Ова лето тие се задолжителни: Воздушните душеци за плажа добија сосема нов облик!

    Ова лето тие се задолжителни: Воздушните душеци за плажа добија сосема нов облик!

    Кога бевме мали, не можевме ниту едно одење на плажа да го замислиме без воздушен душек за вода. Тоа беа класични верзии на рамни и едноставни душеци, а доколку сме ги пронашле во некоја занимлива и несекојдневна боја или дезен, на нашата среќа ѝ немаше крај.rnrn1-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblikrnrnВоздушни душеци во облик на крофна, пица или школка во тие времиња беа незамисливи и секако, недостапни.rnrn2-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrnНо, времињата се променија. Овие денови е потешко да се пронајде класичен воздушен душек за вода отколку оној во несекојдневен облик. Минатото лето главна атракција помеѓу душеците беше фламингото, меѓутоа во модата ништо не трае засекогаш, па така ниту овој душек.rnrn6-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrnОваа сезона хит се душеците во облик на пеперутка, лубеница, парче пица или школка.rnrn4-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrnОвие нови душеци не само што овозможуваат максимална удобност додека уживате во мирните морски бранови, туку се и занимлив и секако впечатлив додаток за одење на плажа.rnrn3-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_rnrn5-ova-leto-tie-se-zadolzhitelni-vozdushnite-dusheci-za-plazha-dobija-sosema-nov-oblik-www.kafepauza.mk_

  • Оваа жена потрошила повеќе од илјада часови за да создаде уникатни вратоврски во форма на машни

    Оваа жена потрошила повеќе од илјада часови за да создаде уникатни вратоврски во форма на машни

    Од 2 јули, па сѐ до 9 октомври, оваа жена секојдневно создавала уникатни вратоврски. Таа поминала 100 дена во постојано креирање, постигнувајќи повеќе од илјада часови шиење.rnrnЖена потрошила повеќе од илјада часови за да ги создаде овие уникатни вратоврскиrnrnНејзината работа вклучувала и постојано истражување на комбинации со бои, материјали и детали и како истите да ги комбинира на поинаков начин.rnrnЖена потрошила повеќе од илјада часови за да ги создаде овие уникатни вратоврскиrnrnИнспирирана од старите техники на производство и природата на волнените влакна, таа ги комбинира овие методи и материјали со современата убавина, а потоа создава уметност погодна за носење. Таа вели дека ова е најдобрата работа што ја има направено и најголемото нешто што ја возбудува. Погледнете дел од нејзините уникатни креации.rnrn

  • Веренички фотографии какви што не сте виделе досега

    Веренички фотографии какви што не сте виделе досега

    Моментот кога саканата личност ќе ве запроси е еден од најубавите во животот. Посебен и единствен, тоа е денот кој никогаш нема да го заборавите. Од тој момент па натаму, со кажувањето „ДА“, вие почнувате да градите живот со личноста која стои пред вас, а тоа е неверојатно возбудливо патување.rnrn(26)-verenichki-fotografii-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauzarnrnНо, дали сте помислиле како да им го соопштите тоа на вашите најблиски? Кога станува збор за нешто што е толку важно, семејството и пријателите се првите на кои сакате да им се јавите и да им ја кажете големата вест. Но што кога би почекале, па наместо со зборови, оставите една фотографија да им ја раскаже целата приказна? Еве како 24 парови го направиле тоа. Бидете и вие уникатни!rnrn

  • Бидете храбри, различни и уникатни – одберете венчаница во боја!

    Бидете храбри, различни и уникатни – одберете венчаница во боја!

    Различното бара храброст, а тоа се однесува и на венчаниците кои традиционално се во бела боја. Но, кој вели дека тоа мора да биде така? Можеби живееме во потрадиционално општество, но мали промени кои никому не наштетуваат се секогаш добредојдени. Па, ако имате какви било сомнежи во врска со белата боја за вашиот невестински фустан, не плашете се да одберете уникатност.rnrn(1)-bidete-hrabro-razlichni-i-unikatni-odberete-venchanica-vo-boja-kafepauza.mkrnrnСе надеваме дека следниве 24 идеи ќе ве инспирираат да бидете уникатно прекрасни на вашиот посебен ден.rnrn

  • Направете сами: Уникатни колоритни прстени

    Направете сами: Уникатни колоритни прстени

    За оваа изработка, сè што ви е потребно е лепило, прстени со празна основа (можат да се најдат во продавниците за накит), држач за прстени (каде што ќе ги оставите да се исушат) и лак за нокти. Доколку сакате одредени дизајни, можете дури и да испечатите одредена фотографија, во многу мала верзија, со цел да можете да ја поставите врз прстенот.rnrnНаправете сами: Уникатни колоритни прстениrnrnИзработката е многу едноставна, но потребно е малку време за да научите како најдобро да го нанесете лепилото на крај. Но, доколку сте трпеливи, без сомнение брзо ќе успеете да ја совладате оваа одлична техника. Исто така имајте на ум дека потребни се неколку часа додека тие целосно се исушат, но ако им обезбедите мирно место за сушење, тие ќе излезат одлични. За детално објаснување, погледнете го следново видео…rnrn

  • 13 знаци дека сте исклучителни, без да знаете

    13 знаци дека сте исклучителни, без да знаете

    Новороденчето изгледа неверојатно во очите на неговите родители. Но, уште како млади, ние сме биле воспитувани да се адаптираме на останатиот свет. Родителите им кажуваат на нивните деца да бидат тивки, да не се истакнуваат и да не бидат различни. Доколку не ги почитуваат овие правила, тие ги предупредуваат дека можат да бидат неприфатени. На овој начин сите ние забораваме дека сме исклучителни и го губиме уникатниот глас кој го поседуваме. Дали и вие сте заборавиле колку сте исклучителни? Следниве 13 нешта со сигурност ќе ве потсетат…rnrn13 знаци дека сте исклучителни, без да знаетеrn

    1. Вие читате секој ден

    rnВие сте исклучителни бидејќи инвестирате време во вашето подобрување и знаење. Можеби другите ве гледаат како личност која повеќе живее во книгите отколку во реалноста, но тоа не треба да ве обесхрабрува во читањето. Еден ден ќе направите нешто неверојатно со целото тоа знаење кое сте го акумулирале.rn

    2. Вие мечтаете и имате огромни соништа

    rnВие сте исклучителни бидејќи имате соништа и аспирации. Всушност, вашите соништа се толку големи што другите ги гледаат како непрактични и нереални, па токму затоа можеби и ви се смеат. Но, не им дозволувајте да влијаат врз вас, тоа се само луѓе кои се презафатени за сонување. Вие имате дарба, негувајте ја.rn

    3. Наоѓате време за да застанете и да се насочите кон себе

    rnВие сте исклучителни бидејќи не ги следите слепо инструкциите. Вие секогаш верувате дека постои друг начин на кој можете да ја завршите вашата работа, подобар начин, па токму затоа секогаш се обидувате да го најдете. Вашите колеги мислат дека сте бавни, неефикасни и претерано внимателни, но тоа не е воопшто вистина.rn

    4. Плачете кога гледате филм кој допрел до вас или кога слушате прекрасна песна

    rnВие сте исклучителни бидејќи сте емпатични и разбирате како другите се чувствуваат. Вие им дозволувате на вашите емоции природно да си течат и си дозволувате на себе целосно да ги искусите. Другите мислат дека немате никаква контрола врз вашите емоции, но тие едноставно не сфаќаат што значи да се биде толку свесен за своите емоции. Негувајте ја оваа способност, бидејќи не секој успева да ја изгради.rn

    5. Им помагате на другите без да очекувате ништо за возврат

    rnВие сте исклучителни бидејќи не гледате во сè пари и едноставно уживате да им помагате на другите и да бидете добри. Тоа ве прави да се чувствувате среќно и исполнето. Другите луѓе сметаат дека сте будалести што им помагате на другите без да побарате ништо за возврат.rn

    6. Повеќе слушате отколку што зборувате

    rnВие сте исклучителни бидејќи слушате активно и сте навистина заинтересирани за она што ви го зборуваат. Вие одбирате повеќе да слушате отколку да зборувате, но не затоа што сте срамежливи, тивки или досадни туку затоа што имате ваши мислења и сте отворени за мислењата на другите.rn

    7. Го прифаќате неуспехот

    rnВие сте исклучителни бидејќи знаете како да го искористите продуктивно неуспехот кој го доживувате. Многумина попрво би стагнирале отколку да преземат ризик кој би можел да доведе до неуспех, но не и вие. Вие едноставно ги тестирате сите нешта, со цел да откриете што функционира, а што не и потоа одлучувате кој ќе биде вашиот следен чекор.rn

    8. Пријатно ви е да бидете сами

    rnВие сте исклучителни бидејќи сте независни. Немате проблем доколку треба да јадете сами, да гледате филм сами или да одите сами на одмор. Многумина ве доживуваат како осаменици или антисоцијални, но вистината е дека вие сте самоуверени и удобно ви е покрај себе. Немате потреба од постојано внимание и признание од останатите.rn

    9. Прво се грижите за себе, а потоа за другите

    rnВие сте исклучителни бидејќи сфаќате дека за да можете да се грижите за другите, прво мора да се погрижите за себе. Вие сакате самите да ги задоволите вашите потреби, а не да го правите тоа преку задоволувањето на туѓите потреби. Останатите понекогаш ве доживуваат како себични, индиферентни и негрижливи, но вие едноставно сфаќате дека за да можете подобро да се грижите за другите, прво треба да ги решите вашите проблеми.rn

    10. Никогаш не престанувате со поставување прашања

    rnВие сте исклучителни бидејќи сте љубопитни и сакате да знаете како нештата функционираат. Другите можеби ве доживуваат како здодевни и иритантни, но вашата грижа за светот е за пофалба, не за критика. Вие сакате да разберете како тој функционира со цел да можете повеќе да го цените.rn

    11. Вие сте позитивни и можете да видите убавина во сè

    rnВие сте исклучителни бидејќи верувате дека во секого постои убавина. И покрај тоа што знаете дека секогаш постои простор за подобрување, вие наместо да се депримирате со негативноста свесно се фокусирате на позитивноста која ве прави среќни. Другите ве доживуваат како претерано позитивни и оптимистични, но токму ова однесување може да ве одведе побрзо до врвот од останатите.rn

    12. Вие си дозволувате да го правите она што го сакате

    rnВие сте исклучителни бидејќи не се терате да правите нешто што го мразите. Луѓето мислат дека сте будалести што трошите толку многу време и пари на вашата страст, но вие знаете точно што ве прави среќни. Исто така разбирате и дека вашето време и пари не се потрошени, туку се инвестирани во вашата среќа.rn

    13. Вие се сакате самите себеси

    rnВие сте исклучителни бидејќи се сакате себеси и кон себе се однесувате љубезно. Кога нешто нема да испадне онака како што сте намислиле, културно се прашувате каде сте згрешиле и потоа ја анализирате ситуацијата со цел да дојдете до решение. Вие никогаш не се навредувате ниту пак се осудувате.

  • 10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

    10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

    Креативните луѓе се лесно забележливи и препознатливи поради тоа што се разликуваат од оние стандардни типови луѓе кои ги познаваме. Дали е тоа поради облеката, косата, изразите на лицето, однесувањето, интересите… Зборот кој ги опишува е баш тој – различни. И секогаш ги шират своите видици, наоѓаат нови и интересни начини да завршат некоја работа, го гледаат светот со отворен ум и срце подготвено да прифати нови нешта, промени и предизвици. Тие го сакаат животот и гледаат да ги извлечат од него сите убавини кои ги нуди. Во кратки црти, нив ги опишуваат следниве 10 работи.rnrn(1)-10-raboti-koi-kreativnite-lugje-gi-pravat-razlichno-a-ne-ni-zabelezguvaat-kafepauza.mkrn

    1. Работат, но под нивни услови

    rnГлавна особина им е способноста за слободно изразување. За нив не постои погрешно, лошо или гадно, туку само уникатни начини на изразување на секоја индивидуа. Затоа не ни можат да работат додека некој друг им виси на глава.rn

    2. Немаат класична, нормална работа

    rnТие не ги прифаќаат зборовите нормално и така треба. Па не е воопшто за чудење што ретко можете да најдете висококреативна личност како работи заглавена на биро пишувајќи документи. Тие имаат потреба од изразување и развивање, па поинаква работа би ги загушила целосно.rn

    3. Се инспирираат од различни работи

    rnКреативните луѓе гледаат со широко отворени очи, па дури и најбаналната работа може да ги инспирира. Сѐ зависи во кои насоки им лета умот додека ја гледаат, па од ништо знаат да направат нешто фантастично.rn

    4. Прашуваат многу

    rnЉубопитноста е исто така нивна голема одлика. Ги интересираат многу работи, па токму затоа тие се оние кои најчесто поставуваат прашања и не се откажуваат додека не добијат некои одговори. Имаат сликовита имагинација која ги тера на доста размислување и распрашување.rn

    5. Не се плашат од неуспех

    rnБидејќи за нив, такво нешто е невозможно. Од фактот дека за нив не постои нешто што е добро или лошо направено произлегува дека успехот и неуспехот се исто така невозможни. Што и да правиме, каде и да одиме и на кое место да се најдеме на крајот, сето тоа е едно големо искуство од кое може само да се научи и е позитивно само по себе.rn

    6. Независни се

    rnШироките видици и отвореноста за поглед од различни перспективи им овозможува да се снајдат во многу ситуации. Тие се многу независни и личности кои можат да преживеат сами, наоѓајќи занимација насекаде околу нив.rn

    7. Ризикуваат

    rnИ не се плашат од тоа. Обожаваат да пробуваат нови работи, да видат нови места, да запознаваат нови луѓе. И токму затоа не се повлекуваат назад кога доаѓа до момент да се преземе таков ризик. Тој ризик значи нешто ново и возбудливо, а тие се луѓе кои едвај чекаат да се соочат со нешто такво.rn

    8. Болните ситуации ја подгреваат нивната страст

    rnТие функционираат на принцип на пренасочување на енергијата. Така, негативната енергија која се собира кај нив откако некој ќе ги повреди, откако ќе изгубат некого или што и да е што ги натажува, ја насочуваат кон креативност и создавање нешто убаво, на свој начин.rn

    9. Постојано учат нови работи

    rnКреативните луѓе имаат немирен дух. Правењето едно исто постојано, за нив е како кафез кој ги држи заробени. Затоа константно учат нови работи и се надградуваат себеси. На тој начин се поврзуваат со светот околу нив кој за возврат им дозволува и обезбедува нови начини за да се изразат.rn

    10. Сонуваат

    rnНивното секојдневие е многу различно од она на повеќето луѓе. Тие сонуваат и замислуваат и патуваат во својот ум на места кои за останатите се незамисливи. Тие се полни со идеи, со замисли и решенија за реализација. Едноставно, тие го гледаат светот поинаку.rnrnФакт е дека во секој од нас се крие креативна личност. Сите сме способни да создадеме нешто различно и убаво, да бидеме уникатни и свои. Сѐ што ни е потребно за да ја откриеме нашата креативна страна е да прифатиме дека сликата која ние ја имаме за светот околу нас е само една вистина помеѓу неколкуте милијарди други.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.