КАФЕ ПАУЗА

Tag: убиец

  • Дознајте сè за Жил Де Рејс, првиот познат сериски убиец во историјата

    Дознајте сè за Жил Де Рејс, првиот познат сериски убиец во историјата

    Дури и да немало ништо невообичаено во врска со бретонскиот благородник Жил де Рејс (1404 – 1440), неговата извонредна кариера како војник во Стогодишната војна и како партнер на Јованка Орлеанка, ќе била доволно за да го осигури неговото место во историјата. Денес, овие достигнувања се наоѓаат во сенка на неговиот таен живот што го водел како причинител на ужасна смрт, на повеќе од 100 деца, со што е запишан и како првиот сериски убиец во историјата.rnrnrnrnРаниот живот на Жил Де Рејс бил обележан со трагедија. Неговите родители починале во 1415 година. Татко му, Ги Де Лавал, бил убиен во ловечка несреќа, каде што се претпоставува дека Жил бил сведок, а неговата мајка, Марија Де Кран, починала од непозната причина. Тој бил израснат од неговиот дедо Жан Де Кран.rnrnКако млад човек, Де Рејс покажувал импулсивност и тврдоглавост, карактеристики кои добро се одразувале на бојното поле, каде што тој бил вешт и бестрашен борец. Кога се појавила Јованка Орлеанка, тој бил замолен од најстариот син на кралот (Чарлс VII), да внимава на неа за време на битките. Двајцата заедно војувале во главни битки за време на нејзината кратка кариера, вклучувајќи го укинувањето на опсадата на францускиот град Орлеан. Во 1429 година тој бил назначен за маршал на Франција – највисоката француска воена позиција.rnrnНеговата воена кариера тргнала надолу по смртта на Јованка во 1431 година, при што го поминувал целото време на својот имот, кој бил еден од најбогатите во западна Франција. Де Рејс своето богатство го трошел невнимателно, плаќал огромни суми за декорации, слуги, воена заштита, како и за музика и литературни дела. Неговата продажба на семејното земјиште, за да го финансира неговиот екстравагантниот начин на живеење, довело до борба меѓу останатите членови од фамилијата, особено со Жан Де Кран, кој во наследство му ги оставил мечот и штитникот на неговиот помлад брат, кој починал во 1432 година.rnrnВо подоцнежните години, Де Рејс почнал да се грижи за своето спасение и за религијата. Во 1433 година, тој финансирал изградба на капела за блаженство на неговата душа, која ја нарекол Капела на Светите невини, при што вработените биле ужасни, избрани од страна на Де Рејс. Тој почнал да го истражува и окултизмот како средство за спасување на неговите финансиски средства, вработувајќи алхемичари и волшебници.rnrnВо меѓувреме, почнале да се шират гласини. Почнале да исчезнуваат деца во областа на неговиот замок и се чинело дека има поврзаност со активностите на Де Рејс и неговите слуги. Бидејќи било вообичаено во тоа време момчињата да бидат одделени од родителите ако се земени од страна на благородниците да работат како слуги, некои од родителите на жртвите не биле свесни за судбината на нивните деца. Оваа „јавна“ тајна била изнесена на суд од страна на сведоци кои тврделе дека ги виделе слугите на Де Рејс како уништувале тела на десетици деца во еден од неговите замоци, во 1437 година.rnrnНо, од страв и поради нискиот социјален статус на семејствата на жртвите, не се презеле ништо против него. Де Рејс не бил уапсен сè до 1440 година, кога киднапирал свештеник по некој спор, кој не бил поврзан со убиствата. Тој истовремено бил осуден во црковен и граѓански суд за голем број кривични дела, вклучувајќи богохулие, зоофилија и убиство на повеќе од 100 деца.rnrnПод закана за мачење, тој ги признал обвиненијата и ги опишал ритуалните мачење на дузина деца кои биле киднапирани од страна на слугите во период кој траел скоро една декада. Тој бил осуден на смрт со горење и бесење и оваа казна била извршена во Нант, на 26 октомври 1440 година. Де Рејс бил мирен и покажувал чувство на срам за време на извршувањето на казната.rnrnОва дело, бизарно, му донело постхумно признание како модел на христијанското покајание. По неговата смрт бил забележан тридневен пост. Последната мачна иронија е тоа што се појавила традиција во која родителите во Нант, ја одбележувале годишнината на погубувањето на Де Рејс, со камшикување на своите деца, да ги импресионираат со тежината на гревовите за кои тој се покајал. Се верува дека оваа традиција живеела повеќе од еден век по неговата смрт.rnrnВо поново време, теоретичарите се прашуваат дали Де Рејс навистина бил виновен за злосторните дела за коишто бил погубен, истакнувајќи дека неговото признание било извлечено за време на мачење. Сепак, повеќето од историчарите, кои ги испитале доказите од судењето на Де Рејс, продолжуваат да веруваат дека тој навистина ги извршил убиствата.rnrnДознајте и кои се 10-те најинтелигентни сериски убијци во историјата на човештвото.rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • 9 причини зошто Близнаците поседуваат карактеристики на сериски убијци

    9 причини зошто Близнаците поседуваат карактеристики на сериски убијци

    12 од најстрашните сериски убијци биле Близнаци. Сите овие 12 поединци ги одземале животите на вкупно 159 жртви. Па, зошто припадниците на овој знак се склони кон социопатија? Ако размислите подобро, Близнаците имаат голем број карактеристики што го предизвикуваат нивното ладнокрвно однесување на сериски убијци. Во продолжение дознајте кои се тие…rnrn9 причини зошто Близнаците поседуваат карактеристики на сериски убијциrn

    1. Не се приземни

    rnСо оглед на тоа што Близнаците се воздушен знак, тие воопшто не се приземни луѓе. Тие се многу креативни, постојано летаат во облаците, но не се врзани за ниту еден вредносен систем. Тоа може да доведе до разнишан морал и лоша проценка во однос на тоа што е добро или лошо. Не е тајна тоа дека Близнаците понекогаш прават работи и покрај тоа што знаат дека тоа ќе доведе до негативни последици за нив и за другите луѓе.rn

    2. Променливи се

    rnБлизнаците се под влијание на планетата Меркур, најбрзата и најблиската планета до сонцето. Имајќи го тоа предвид, Близнаците брзо ги менуваат активностите и мислењата за да ја одбегнат здодевноста. Едно убиство не би ги задоволило Близнаците. Тие би морале да извршат повеќе и тоа на различен начин за да им биде интересно. Оваа омраза кон рутината им помага на Близнаците успешно да ги извршуваат злоделата без да бидат фатени.rn

    3. Имаат потреба од внимание

    rnБлизнаците сакаат внимание и ако не добијат признание за нивните добри дела, тогаш постојат големи шанси дека ќе почнат да прават нешто лошо. Сериските убијци си ја зголемуваат самодовербата со тоа што знаат дека луѓето се плашат од нив.rn

    4. Многу Близнаци имаат комплекс на супериорност

    rnБлизнаците секогаш веруваат во нивната интелигенција и мислат дека се најпаметните поединци во просторијата. Од таа гледна точка лесно е да се заклучи зошто серискиот убиец роден во овој знак ќе верува дека никогаш нема да биде фатен и казнет за злочините.rn

    5. Тешко им е да изградат длабоки врски со луѓето

    rnБлизнаците се познати по нивното големо знаење и бројни контакти, но тие се исто толку познати и по нивните површни односи со луѓето. Како последица на тоа, тие се помалку емпатични не само за одредени луѓе, туку за сите. Многу полесно е да се нанесува зло доколку не сте емоционално поврзани со човечките суштества.rnrn

    9 причини зошто Близнаците поседуваат карактеристики на сериски убијци
    Џефри Дахмер е еден од озлогласените сериски убијци родени во знакот Близнаци
    rn

    6. Не им е проблем да водат двоен живот

    rnПоради нивниот богат внатрешен свен и тенденција да се ставаат себеси на прво место, на Близнаците им е многу лесно да ги скријат личните работи. Ова не е само корисно за сериските убијци, туку и неопходно.rn

    7. Лесно се прилагодуваат

    rnБлагодарение на нивната променливост, Близнаците лесно се прилагодуваат на новите ситуации. Токму затоа многу од сериските убијци во овој знак без проблем ги менуваат нивните планови кога станува збор за убиствата што сакаат да ги извршат. Ако треба да го променат планот во зависност од околностите, Близнаците можат да го направат тоа со леснотија.rn

    8. Егоцентрични се

    rnБлизнаците не се толку емотивни како останатите знаци и не можат да ги разберат чувствата и проблемите на другите луѓе. Тие никогаш не можат да се стават себеси на туѓо место и тешко им е да изградат длабоки меѓучовечки односи што може да доведе до социопатија.rn

    9. Знаат да глумат

    rnБлизнаците знаат да се однесуваат како вистински бебиња ако не е по нивно. Ако припадниците на овој знак почувствуваат дека не го добиваат признанието што го заслужуваат или ако не можат да најдат животна смисла, преземаат драстични мерки за да ја поправат ситуацијата. Во случајот на многу сериски убијци оваа поправка е штетна и деструктивна за околината.rnrnНо, да го погледнеме сето ова и од друг аспект! Во продолжение прочитајте во кој хороскопски знак се родени најопасните луѓе според ФБИ.

  • Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

    Дознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знак

    Сите луѓе имаат мрачна страна и лоши навики. Можеби обожавате да гледате морбидни видеа на Јутјуб или ги грицкате ноктите. Секако дека тоа не ве прави лоша личност, но понекогаш забавно е да се истражува таа темна страна на човекот, особено ако тука се вклучат и најпознатите сериски убијци. Доколку сакате да дознаете повеќе за вашата мрачна природа, прочитајте кој сериски убиец би биле според вашиот хороскопски знак…rn

    Овен: Пол Џон Ноулс познат како „Убиецот Казанова“ (The Casanova Killer)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnОвните се импулсивни и не прифаќаат критики. Тие копнеат по туѓото одобрување и прифаќање. Убиецот Казанова е одличен пример на Овен кој не бил прифатен. Откако родителите го дале на посвојување кога бил дете, тој не можел да се помири со фактот дека тие не го сакале и прифаќале. Прв пат бил уапсен кога имал 19 години и во затворт ја сретнал неговата идна свршеница. Кога таа ја откажала свадбара, Ноулс импулсивно почнал да убива наоколу и „средил“ 18 до 35 жртви за само една година. Овните се енергични и мотивирани, но имаат проблем со правењето планови. Па така, овој Казанова добил куршум во градите додека се обидувал да избега од полицискиот автомобил со рацете врзани во лисици.rn

    Бик: Дени Ролинг познат како „Косачот од Гејнсвил“ (The Gainesville Ripper)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnБиковите се сензуални, одлучни и големи уметници. Тие сакаат да си создаваат убава атмосфера што и да прават, макар тоа било убивање. Косачот од Гејнсвил ги покажувал телата на неговите жртви како да се на уметничка изложба. Тој дури и ја отсекол главата на една од жртвите и ја ставил на полица за книги за да ја видат полицајците кога ќе пристигнат. Во еден од случаите, тој наредил огледала околу креветот на жртвата за да постигне подобар ефект.rn

    Близнаци: Џесмија и Тесмија Вајтхед познати како „Изопачените близначки“ (The Twisted Twins)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnЗа Близнаците се вели дека имаат две лица. Освен тоа, тие се многу приврзани за нивните браќа и сестри за кои би направиле сѐ. Па така, изопачените близначки ја прободеле и задавиле нивната мајка и го искасапиле нејзиниот ’рбетен мозок едно утро пред да одат на училиште кога имале 16 години. Кога полицијата пристигнала во нивната куќа, тие изгледале многу невино. Плачеле и биле видно вознемирени. Меѓутоа, приказните што им ги раскажале на полицајците не се поклопиле и тие биле однесени во затвор. Изопачените близначки покажале две сосема различни лица пред полицијата и додека убивале, исто како и Близнаците во секојдневниот живот.rn

    Рак: Ед Гејн познат како „Лудиот касап“ (The Mad Butcher)

    rnДознајте кој сериски убиец сте според вашиот хороскопски знакrnrnРаковите или многу се приврзани за нивните мајки или ги презираат поради тоа што не им го даваат посакуваното внимание. Тие се големи домашари и домот за нив претставува безбедно засолниште. Токму затоа овој хороскопски знак најдобро би бил претставен од озлогласениот убиец Ед Гејн кој по смртта на мајка му ги откопувал гробовите на штотуку закопаните жени кои личеле на мајката и потоа го украсувал домот со нивните делови од тело.rnrnПродолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…rnrn

  • 10 мистериозни загатки

    10 мистериозни загатки

    Интересни, мистериозни загатки што ќе ја разбудат вашата имагинација и вашите скриени, детективски способности…rnrn(1)-11-misteriozni-zagatki-kafepauza.mkrn

    1. Леден чај

    rnДве девојки излегле заедно на вечера. Двете порачале леден чај. За времето во кое првата девојка ја испила првата чаша, втората испила пет чаши леден чај.rnrnДевојката која испила само една чаша умрела, додека другата преживеала. Во сите пијачки имало отров.rnrnКако преживеала девојката што испила повеќе чаши ладен чај?rn

    2. Касета

    rnНепознат маж е пронајден мртов со касетофон во едната рака и пиштол во другата.rnrnКога пристигнала полицијата, веднаш го притиснале копчето PLAY на касетофонот.rnrnНа касетата било снимено „Немам зошто да живеам повеќе. Не можам да продолжам“, а потоа истрел од пиштол.rnrnПосле преслушувањето на касетата полицајците знаеле дека се работи за убиство, а не за самоубиство.rnrnКако го знаеле тоа?rn

    3. Броеви

    rnДетектив кој бил влезен во трагата на меѓународен синџир на шверц со нафта ненадејно исчезнал.rnrnДодека го проверувале местото на кое бил последно виден, полицајците нашле белешка на која било запишано:rnrn710 57735 34 5508 51 7718rnrnМоментално има тројца осомничени: Bill, John и Todd.rnrnМожете ли да го пробиете детективскиот код и да го откриете името на криминалецот?rn

    4. Богати луѓе

    rnЧовек е пронајден мртов во недела наутро. Неговата жена повикала полиција и полицијата ги испрашувала жената и послугата. Тие ги приложиле следните алибија:rn

      rn011

    • Жената рекла дека спиела
    • rn011

    • Батлерот го чистел шпајзот
    • rn011

    • Градинарот собирал зеленчук
    • rn011

    • Слугинката била да ја земе поштата
    • rn011

    • Готвачот подготвувал појадок
    • rn

    rnПолицијата веднаш го уапсила убиецот.rnrnКој бил убиецот и како полицијата била сигурна?rn

    5. Широк костум

    rnНа улицата Фримонт било извршено криминално дело. Главен осомничен е човек по име Шон Бејкер. Според сведоците, непознат човек чекорел по патеката кога ненадејно бил погоден од куршум во стомакот.rnrnОсомничениот има кафеава коса, сини очи и носел широк Армани костум, исто како Шон Бејкер. Од Шон било побарано да ја раскаже приказната од почеток.rnrn„Па“, рекол Шон, „Се врткав околу паркот кога го видов човекот кој доаѓаше по патеката. Одеднаш, зад него се појави непознат тип и го застрела! Јас избегав дома најбрзо што можев.“rnrnПолицијата од него побарала да го опише убиецот.rnrn„Тој имаше црвени мустаќи, црвена коса и широк Армани костум.“rnrn„Мислам дека овој човек лаже“, рекол еден од полицајците.rnrnКако бил сигурен во тоа?rnrn(2)-11-misteriozni-zagatki-kafepauza.mkrn

    6. Соби

    rnУбиец е осуден на смртна казна. Има можност да избира помеѓу три соби:rnrnВо првата беснее пожар, во втората има убијци со пиштоли и во третата лавови кои не јаделе со години.rnrnКоја соба е најбезбедна?rn

    7. Коли, ножеви и жени

    rnМаж ја убива својата сопруга во нивната кола со нож. Нема сведоци.rnrnЈа исфрла од колата, внимавајќи да не остави отпечатоци на нејзиното тело.rnrnСледно, го фрла ножот од една карпа во длабока провалија, каде што никогаш нема да биде пронајден и си заминува дома.rnrnЕден час подоцна добива повик од полицијата при што му кажуваат дека неговата жена е убиена и дека треба да дојде на местото на злосторот најбрзо што може.rnrnШтом пристигнува го апсат.rnrnКако знаеле дека тој е убиецот?rn

    8. Планинарење

    rnПар отишле на планинарење во друга земја. Само мажот се вратил од одмор и кажал дека жена му се лизнала додека се качувале и паднала. При истражувањето на случајот, локалниот шериф го уапсил мажот известувајќи го: „Се јавија од туристичката агенција. Си ја убил жена ти.“rnrnМажот не известил никого за патувањето. Како знаеле од туристичката агенција дека тој е убиецот?rn

    9. Погреб

    rnНа погребот на својата мајка, девојка сретнала непознат маж.rnrnТаа била заинтригирана од мажот и заинтересирана да го запознае подобро.rnrnНо, додека разговарала со други луѓе присутни на погребот, сфатила дека не го знае неговото име, ниту пак неговиот телефонски број. Кога го побарала, тој веќе бил заминат.rnrnЕдна недела подоцна, таа го убила нејзиниот постар брат за да го најде човекот.rnrnЗошто?rn

    10. Живот во колиба

    rnБогат човек живее сам во мала колиба. Бидејќи бил делумно парализиран, сѐ му било доставувано до неговата колиба.rnrnЕден четврток кога вообичаено доставувал писма, поштарот забележал дека предната врата е отворена. Низ вратата можел да го види телото на мажот како лежи во вир од крв.rnrnКога дошол детективот, ја испитал сцената. На тремот имало две шишиња топло млеко, понеделнички весници, каталог, флаери и неотворени писма.rnrnДетективот се посомневал дека се случило убиство.rnrnВо кого се посомневал и зошто?rnrnАко приложените докази не ви беа доволни за да го откриете убиецот, тогаш погледнете ги одговорите на втората страница или кликнете овде.rnrn

  • Книга: „Девојката што си играше со оган“ – Стиг Ларсон

    Книга: „Девојката што си играше со оган“ – Стиг Ларсон

    Книга која може да ја читаат само оние со јак стомак, силна психа и кои не грицкаат нокти… Едно од најмаестралните дела некогаш напишани.

    rn

    1-kniga-devojkata-shto-si-igrashe-so-ogan-stig-larson-kafepauza.mkНаша оцена: 10/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnНе сакам кога ги оставам работите недовршени или некомплетни. По некоја игра на случајности го прочитав првиот дел од серијалот „Милениум“, па продолжив со третиот. Сега се враќам на вториот со цел да го комплетирам целокупниот впечаток, и ако бидам малку искрена, да експериментирам. Книгите не се строго поврзани, но доколку сте во можност читајте ги по ред. По „Девојката со тетоважа на змеј“ можам слободно да кажам дека не сум веќе истата личност. Стиг Ларсон е еден гениј кој заслужува секакви почести и премногу е жалосно што не стигнал да го заврши четвртиот дел од серијалот, ниту пак да му се израдува на својот успех на глобално ниво.rnrnНајчесто, да бидеме искрени, секое продолжениe по првиот успешен дел е бледа копија, залуден обид на писателот/режисерот да го повтори или надмине својот претходен успех. Продолженијата најчесто се нереално оценети поради впечатоците на читателот од првиот дел. Но, има исклучоци. „Девојката што си играше со оган“ е уште помаестрално, покомплексно и понапнато дело од првата книга. Доволно беше за мојата љубов кон серијалот, да бидам малку објективна.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnОние кои прочитале нешто од Милениум запознаени се со Лизбет Саландер, млада неверојатно интелигентна жена која поминала низ вистински ужаси во животот уште на кревки години. Нејзиниот изглед ни одблиску не ја кажува вистината за неа. Таа изгледа како кревка, слаба рокерка без грам мозок, а во суштина без проблем може да решава тестови од Менса. Неправедно е оценета од јавните служби како неспособна и не може сама да донесува одлуки за себе бидејќи ѝ е доделен старател. Сепак, Лизбет наоѓа решение да го држи под контрола гадот кој ѝ беше назначен за старател и тајно да поседува огромна сума пари како резултат од разрешувањето на аферата Венештрем заедно со новинарот Микаел Блумквист.rnrnМикаел е возрасен маж, познат новинар кој крена прав со аферата Венештрем, искусен истражувач кој не се плаши да ја обелодени вистината и цврсто да им се спротивстави на корупцијата, насилството, неправедноста и шовинизмот. Микаел неретко потсетува на самиот автор Ларсон, и според мене Ларсон наголемо се пронаоѓал себеси во креирањето на овој фиктивен лик. Ќе го засакате Микаел бидејќи е феминист, бидејќи Даниел Крег го глумеше во филмот адаптиран според првиот дел и бидејќи е праведен.rnrn2-kniga-devojkata-shto-si-igrashe-so-ogan-stig-larson-kafepauza.mkrnrnОвој пат фокусот на книгата е ставен на трговијата со луѓе. Младиот новинар од „Милениум“ Даг, кој пишувал книга за трговијата со луѓе и неговата девојка Миа која само што не докторирала на истата тема, се грозоморно убиени во нивниот стан. Даг и Миа само што не откриле цела мрежа на макроа и корисници на нелегални сексуални услуги, меѓу кои се полицајци и угледни личности кои имаат многу што да изгубат кога нивните имиња би биле обелоденети. Иако голем е списокот на оние кои би ја посакале смртта на Даг и на Миа, Лизбет Саландер е главна осомничена бидејќи нејзините отпечатоци се најдени на оружјето со кое е извршено убиството.rnrnОд Саландер ни трага ни глас. Микаел упорно пробува да ја пронајде и почнува и самиот да ја разрешува целата мистерија во обид да го најде вистинскиот убиец. Лизбет не е сама. Покрај Микаел на нејзина страна и во обид да најде докази ќе застане и нејзиниот поранешен шеф, Драган Армански од Милтон обезбедување.rnrnЗа брзо по секој медиум почнува да врти слика од Саландер како личност по која е издадена потерница поради трократно убиство. Микаел знае дека Лизбет никогаш не би го сторила тоа, освен доколку има навистина силна причина и доколку нејзиниот живот бил во опасност. Но, зошто би ја убила младата двојка која се борела против она што Лизбет наголемо се залага – правата на жените?rnrnВториот дел од Милениум ни открива уште една мрачна тајна на подземјето во она што навидум е утопија. Овој пат подетално нè запознава со ужасното детство на Саландер и за „сето она зло“ што ѝ се случило кога имала само 12 години.rnrnКнигава е неверојатно моќна. Лизбет е неверојатен карактер. На некој магичен начин ќе ја засакате оваа девојка која наизглед не е човек кој е лесно да се обожува без причина. Искрите романса и пријателство меѓу неа и Микаел ќе ве разнежнат. Без разлика што читате, крими-романи, љубовни или мистерии, ќе ви се допадне „Девојката што си играше со оган“, особено ако сте феминисти, во тој случај ќе биде вашата Библија.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 14 јануари 2015. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • 9 големи нерешени мистерии

    9 големи нерешени мистерии

    Во многуте години од нашето постоење, се ширеле и слушале приказни за појави и случувања кои не можеле да се објаснат, за мистериозно исчезнати лица, убијци по кои полицијата сѐ уште трага. Многу истражувачи, научници, па и класичните љубители на адреналинот се обиделе да разоткријат некои од овие мистерии, притоа и самите изложувајќи се на разни опасности. И додека некои успеале во потрагата по докази и логично објаснување, овие мистерии сѐ уште го чекаат својот ред.rn

    1. Брмчењето во Таос

    rnГрадот Таос, кој се наоѓа во Ново Мексико, е место кое претставува дом за многу славни личности. Иако делува како мало и мирно место, меѓу народот е познато по необичната мистерија која стои зад неговото име. Наводно овде може да се слушне лесен звук кој наликува на брмчење, зуење или мрморење. Вообичаено, звукот може да се чуе на тивки места, а луѓето кои можат да го слушнат се нарекуваат „слушачи“ и го опишуваат како далечен звук на мотор. Теориите кои се обидуваат да ја објаснат оваа појава ги опфаќаат психата и разумот на човекот, фантастиката, па сѐ до паранормалното, но изворот и природата на овој звук се сѐ уште мистерија.rnrn1-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mkrn

    2. Црната Далија

    rnКога телото на млада девојка ќе биде пронајдено на паркинг во еден од најспоменуваните градови во светот, неизбежни се многуте новинари и приказни кои веднаш ќе го обиколат самото место. Телото на младата 22-годишна Елизабет Шорт било пронајдено во два дела на паркинг во Лос Анџелес. Кратко после целиот настан, кон името на Далија бил додаден прекарот „црна“ по името на филмот кој се прикажувал во тоа време: „Тажната Далија“. За случајот Црната Далија се ширеле многу гласини и приказни, но името на убиецот и понатаму останува мистерија за светот.rnrn2-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mkrn

    3. Грофот од Сен Жермен

    rnГрофот од Сен Жермен бил човек со многу интереси: бил авантурист, научник-аматер, пронаоѓач, виолинист, композитор, џентлмен. Познат под името „Der Wundermann“ (чудо од човек), развил неверојатни вештини интересирајќи се за алхемијата. Наводно, починал на 27 февруари 1784 година, но докази за неговата смрт никогаш не биле пронајдени. Неговото потекло не е познато, а заминал на истиот начин, не оставајќи трага. Во последниве години многу луѓе тврдат дека се Грофот од Сен Жермен.rnrn3-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk_rn

    4. Војничевиот ракопис

    rnОвој ракопис претставува средновековен документ кој е напишан на јазик кој не може да се сретне во ниту една литература. Многу научници се обиделе да го откријат значењето на овој запис, а објаснувањата останале само претпоставки дека се однесува на решенија на теми кои се јавиле како проблематика во средновековната и/или почетоците на модерната медицина. Сликите во самиот документ укажуваат дека тој се состоел од 6 дела кои ги опфаќаат следниве области: билки, астрономија, биологија, космос, фармација и рецепти. Потеклото на овој запис и негово вистинско значење остануваат загатка за многу луѓе.rnrn4-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mkrn

    5. Убиецот Зодијак

    rnИдентитетот на овој убиец е една од најголемите мистерии на сите времиња. Иако полицијата има испрашано повеќе од 2.500 осомничени лица, убиствата кои се случиле во 70-тите години на 20-тиот век никогаш не се официјално решени. Убивајќи најмалку 7 лица и потфрлајќи во намерата да убие уште две, овој убиец со години си поигрувал со полицијата и ѝ испраќал кодирани текстови во кои наводно се криел неговиот идентитет. Името по кое е сега познат си го има дадено самиот на себе, а причините зошто токму Зодијак се непознати.rnrnZODIAC-C-14DEC99-SC-HOrn

    6. Госпоѓа Бабушка

    rnПри анализирањето на убиството на Џон Ф. Кенеди, на снимките и сликите кои сведочат за тој грозоморен настан се појавува фигура на жена, која подоцна за јавноста станува позната под името Госпоѓа Бабушка поради начинот на кој го носела шалот преку главата, налик на стилот кој го имале руските баби, наречени бабушки. Сомневајќи се дека всушност имала камера и дека поседува снимки од витално значење за решавање на случајот, полицијата јавно побарала ѝ да ги предаде, но тоа никогаш не се случило. Иако подоцна, во 1970 година се појавува Беверли Оливер која тврдела дека е Госпоѓа Бабушка, било потврдено дека нејзината приказна е лага. Прашањата која е Госпоѓа Бабушка, што всушност правела таму и, можеби најважното, зошто никогаш не ги предала доказите кои ги поседувала, не се никогаш одговорени.rnrn6-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mkrn

    7. Мери Селест

    rnПознат и под името „Небесна Мери“, „Мери Селест“ бил американски трговки брод кој бил пронајден напуштен среде Атлантскиот Океан во 1872 година. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар, патување кое траело месец дена пред мистериозното исчезнување на сите патници: капетанот, неговата жена и ќерка му, како и целиот екипаж. Освен документите, сите лични работи на патниците биле пронајдени недопрени на бродот и притоа немало никакви знаци на борба. Некои од толкувањата опфаќаат теории за алкохолно предозирање на екипажот (бродот пренесувал 1.700 буриња со алкохол), подводни земјотреси, па и надреални појави. Телата на исчезнатите не биле никогаш пронајдени.rnrn7-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk_rn

    8. Џек Мевосек

    rnДобивајќи го името од писмо во кое непознат човек тврди дека е серискиот убиец по кој трага цел Лондон, Џек Мевосек е можеби најладнокрвниот сериски убиец кој постоел досега. Убиствата започнале во 1888 година во источниот дел на Лондон, а жртвите биле претежно проститутки чии грла биле пресечени, а телата осакатени. За жал, полицијата не пронашла доволно докази за да може да приведе некој од многуте осомничени. Сериските убиства не можат да се решат ни ден-денес и покрај сите нови методи на истражување кои постојат.rn

    8-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk

    rnrn

    8. Торинското платно

    rnЕдна од најголемите мистерии е Торинското платно – ленена ткаенина со слика на човек која јасно укажува дека тој бил распнат. Се верува дека човекот на сликата е Исус Христос и дека тоа е платното со кое бил обвиткан по распнувањето. Тоа сега се чува во катедралата на Свети Јован Крстител во Торино, Италија. Цврсти докази кои ги потврдуваат овие верувања не постојат, но ова платно се поврзува со уште едно парче облека наречено Судариум од Овеидо за кое се верува дека ја покривало главата на Исус Христос.rnrn9-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mkrnrnВе интересираат уште нерешени мистерии?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Мостот (The Bridge)

    ТВ серија: Мостот (The Bridge)

    ТВ серија за двајца детективи од Америка и од Мексико, кои мора да работат заедно за да пронајдат сериски убиец кој е опасен и за двете страниrnrnТВ серија: Мостот (The Bridge)Главни улоги: Демијан Бишир, Даен КругерrnrnЖанр: криминал, драма, мистеријаrnrnКреатори: Елвуд Рид, Бјорн Стеин, Мередит СтиемrnrnПремиера: 10 јули 2013rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англиски, шпанскиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn

    rnМарко Руиз (Демијан Бишир) е детектив за убиства кој работи за државата Чиуава, Мексико и живее во опасниот град Хуарез. Марко е фамилијарен човек и е еден од последните чесни луѓе во корумпираната и бесчувствителна полициска сила која е под контрола на картелите со дрога. Тој е бистар, шармантен, внимателен и целосно свесен за хаосот кој владее во неговиот град. ТВ серија: Мостот (The Bridge)Детективката Соња Крос (Даен Кругер) живее на другата страна од границата – во Ел Пасо, Тексас. Соња е нешто сосема поразлично од Марко. Таа е студена, директна и брутално искрена личност, без чувство на емпатија. Сè уште не е дефинирано, но според нејзините постапки веруваме дека има некој вид аутизам, најверојатно Аспергеров синдром.ТВ серија: Мостот (The Bridge)Сè започнува кога полицијата ќе најде мртва жена, оставена на средината на мостот кој се наоѓа помеѓу Америка и Мексико. Бидејќи станува збор за судијка од Америка, Мексиканската полиција одлучува да им го предаде случајот на Американците без разлика на тоа што половината од телото се наоѓа во Мексико. Но, многу брзо работите ќе тргнат во неочекувана насока. Соња ќе открие дека всушност се работи за двојно убиство – горниот дел од телото е на судијката, но нозете се од девојка со потемна кожа, која најверојатно е со мексиканско потекло. Поради оваа необична ситуација таа ќе биде принудена да побара помош од мексиканскиот детектив Марко Руиз. ТВ серија: Мостот (The Bridge) ТВ серија: Мостот (The Bridge)Досега има само 5 епизоди, но целиот случај многу брзо се развива и секоја нова епизода ве внесува сè подлабоко во животот на луѓето околу границата. Можеби на почетокот ви изгледа како едноставна и веќе видена криминална приказна, но ве уверуваме дека станува збор за нешто сосема различно. rnrnИсто така мора да ве предупредиме дека оваа ТВ серија е многу мрачна и тешка и не секој би можел да ја гледа. Доколку сте љубител на приказните со влегување во умот на сериски убијци, проследено со многу убиства и мистерии, тогаш дефинитивно не смеете да ја пропуштите „Мостот“. Ова е една од оние ретки ТВ серии каде што работите никогаш не се онака како што изгледаат и каде што многу тешко можете од прва да процените кој е на добрата, а кој на лошата страна од законот.ТВ серија: Мостот (The Bridge) ТВ серија: Мостот (The Bridge) ТВ серија: Мостот (The Bridge)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Највеселиот кит на светот

    Највеселиот кит на светот

    Случајната средба со вакво огромно суштество може да делува застрашувачки поради неговата неверојатна сличност со китот-убиец, но напнатоста престанува кога тој изненадувачки ќе отпоздрави со својата широка насмевка.Највеселиот кит на светотЗатоа се нарекува „лажен кит-убиец“ иако, исто како и китот-убиец, тој всушност не е кит туку еден огромен делфин. Сепак, не е дружељубив колку делфините. Иако знае да се смешка пред камерите, кога е гладен го напаѓа останатиот животински свет во океанот.Највеселиот кит на светотОвој кит се вика Смајли, а е забележан во Пацификот од фотографот Даг Перин. Може да расте и до 6 метри должина, а има од 16 до 22 огромни заби на секоја од двете вилици кои ја формираат оваа широка насмевка.Највеселиот кит на светотНајвеселиот кит на светотНајвеселиот кит на светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Временска јамка (Looper)

    Филм: Временска јамка (Looper)

    Филм за борбата помеѓу сегашните и идните потреби во животот, како и за опстанокот во најсурови условиrnrnФилм: Временска јамка (Looper)Режија: Рајан ЏонсонrnrnУлоги: Џозеф Гордон-Левит, Брус Вилис, Емили БлантrnrnВреметраење: 119 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 28 септември 2012rnrnЖанр: акција, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnВо Канзас во 2074 година, мафијата развила одличен систем за елиминирање на своите непријатели така што ги испраќаат нивните жртви назад во Канзас во 2044 година. Таму ги пресретнуваат платени убијци наречени „лупери“ кои ги добиваат своите инструкции од мафијаш (Џеф Даниелс) кој дошол од иднината. Анонимните жртви се појавуваат буквално од никаде заврзани и со маска на главата, на однапред договорено место каде што убиецот веднаш пука во нив, а потоа се ослободува од телото и ја собира својата награда – сребрени плочки кои се залепени на грбот на нивната жртва.Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Луперот работи сè додека еден ден не пронајде златни плочки на грбот на својата жртва, што значи дека всушност го убил постариот себе. Од тој момент започнува неговата пензија и тој може да го живее својот живот луксузно сè додека по 30 години не го вратат назад во моментот каде што неговата помлада верзија го убива. Исто така, нешто што е многу карактеристично за тој период е појавување на една специфична мутација кај луѓето поради која тие ќе станат способни за телекинеза. На почетокот сите сметале дека ќе станат суперхерои, но како и секогаш „моќта“ носи свои негативни последици…Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Приказната се одвива околу младиот Џо (Џозеф Гордон-Левит) кој е лупер. Тој имал многу лошо минато, пораснал без семејство и единствените совети кои ги добил во својот живот биле од човек од иднината кој му дал пиштол и го научил како да пука. Веднаш ќе забележите и дека Џо има многу проблеми – тој редовно е под дејство на дрога, посетува проститутки… Но, исто така тој има и една добра страна, учи француски, сонува да отпатува на подобро и пософистицирано место од Канзас и посакува да може некако да ѝ помогне на неговата проститутка пријателка (Пајпер Перабо) која има мало дете.Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Кога ќе се појави Џо од иднината (Брус Вилис), работите многу ќе се искомплицираат за младиот Џо. Тој себично и цврсто се држи до својата замисла за иднината и не дозволува никој да ја смени, дури ни личност која го познава подобро и од самиот себе во тој момент. Тогаш настанува битката помеѓу желбата за одреден начин на живот кај младиот Џо и спомените на неверојатна љубов кај стариот Џо. Што мислите кој ќе победи?Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Ако сте расположени за кратко и интензивно бегство од реалноста, погледнете го овој филм со одлична и уникатна содржина кој ќе го задржи вашето внимание до самиот крај, каде што ве очекува неочекуван пресврт кој сериозно ќе ве замисли за животот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Потера (The Chase)

    Потера (The Chase)

    „Потера“ е 13-минутна 3Д анимирана акција од Clawer Films. Зборува за едноставноста на професијата платен убиец, но и за тоа дека работите никогаш не се одвиваат според очекуваното. Филмчето е во режија на 25-годишниот самоук 3Д уметник Томас Вергара од Чиле.Потера (The Chase)Вергара себеси се нарекува филмски фанатик. Од следната изјава, ќе видите и зошто:rn
    rn

    „Ја напуштив работата за да го создадам „The Chase“, мојот прв личен проект на кој работев во изолирана кабина во шумата, со многу чај и во друштво на имагинарни пријатели. Ми беа потребни шест месеци за да го направам филмот, но поради бавното рендерирање, тој комплетно беше готов за осум. Буџетот ми беше 700 долари“.

    rnАко сте љубители на малку акција, погледнете го неговиот труд, навистина заслужува.rn

    rnЗа целокупната работа околу проектот, за тоа како ја направил оваа 3Д анимација, тој несебично зборува на неговиот веб сајт.rn
    rn

    „Сакам да ги споделам информациите за правењето на овој филм, со надеж дека ќе се забавувате или можеби ќе ве инспирираат да направите нешто свое. Кој знае. Всушност станува збор за прилично кул работа. Во потерата се вклучени четири ликови. Сите се дизајнирани од Маурицио Галвез, најголемиот уметник кој го имам запознаено“, вели младиот режисер.

    rnПотера (The Chase)Потера (The Chase)Потера (The Chase)Потера (The Chase)Во оваа 3Д анимирана акција нема да слушнете ниту збор од ликовите, но ќе уживате во ефектите и во музиката на Џеј Тејлор.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.