Луѓето денес се чини дека прават сè механички. Скокаме по првиот аларм на телефонот, се упатуваме кон тоалетот, полниме малку вода за кафе, а патем ставаме залак во устата, се облекуваме, пиеме брзо кафе и започнува новиот ден.rnrnКолку правиме сè механички и премногу брзо, може да се покаже со фактот дека нашето кафе е секогаш различно. Можеби тоа се должи на брзината и рутината, но има неколку феноменални трикови што ги заборавивме, а можеби некој и не ги знае.rnrnСледете ги неверојатните трикови при подготвување домашно, свежо мелено кафе што ќе му дадат совршено полн вкус на вашиот омилен топол напиток!rnrn
rn
Изборот на кафе е најзначаен
rnЗа да добиете супериорен вкус, арома и густина, треба да изберете квалитетно свежо мелено кафе. Не секое кафе е исто. Тие не се ни слични! Доброто свежо кафе ќе го препознаете по густата пена, што е знак дека кафето е со одличен квалитет и тоа е еден вид гаранција дека кафето во вашата шолја е апсолутно совршено. Дали знаевте дека токму пената ја зачувува аромата и вкусот на кафето и го одржува кафето подолго време топло?rn
Правилен процес на подготвување
rnОваа информација веројатно ќе ве изненади – дали знаевте дека водата за подготовка на кафе не треба да зоврие? Треба да се загрее, но треба и да се отстрани од ринглата пред вриење. Потоа додајте го кафето во водата.rnrn
rn
Колкава количина на кафе е доволна за една шолја напиток?
rnЗа секоја шолја оптимално е да се стави една богата лажичка свежо мелено кафе. Бидејќи денес пиеме кафе претежно од големи шолји, треба да се стават барем две. Се разбира, можете да ја прилагодите количината на кафе по ваш вкус, во зависност од тоа дали преферирате послаб или посилен вкус на кафе.rn
Варење на кафето
rnКога ќе додадете кафе, промешајте добро и вратете го на ринглата за да го доварите и тоа да достигне до врвот на ѓезвето. Тргнете го ѓезвето на страна и почекајте да се спушти пената, тогаш кафето е подготвено за сервирање. Кафето секогаш треба да се сервира во просторијата каде што се пие, а откако ќе го ставите во шолјата, оставете го малку да се „смири“ – тоа е за да се процесира извлекувањето на аромата од ситно мелените зрна во шолјата.rn
Најголема грешка
rnПовеќето луѓе претеруваат при варењето на кафето, а токму тоа е она што најмногу го уништува вкусот и пената на кафето. Исто така, грешка е да го засладите кафето откако е веќе сварено, бидејќи тогаш треба повторно да се промеша и талогот повторно се раздвижува. Ако сакате слатко кафе, додајте го шеќерот во ѓезвето на почетокот, кога водата е сè уште ладна.rnrnСега кога ги знаете најдобрите трикови, побрзајте да подготвите шолја свежо мелено кафе и уживајте во совршената полнота од арома и вкус на најубавиот напиток за расонување!rnrnЗатоа што сте љубител на црното кафе ви предлагаме да откриете кои се 4-те причини зошто би требало да продолжите да го пиете.


rnrnПред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.rnrnДел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).rnrnСе промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.rnrnТргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.rnrnОва се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:rn




rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОбичајот да се гледа на кафе за прв пат се појавил во Отоманската империја, но оттаму со тек на време се раширил низ целиот свет. Постојат многу различни интерпретации на симболите, како и правила за тоа како треба да се одвива гледањето на кафе. Но, има и неколку општоприфатени значења на оние симболи кои најчесто се појавуваат во нашите шолји.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnЗначајна улога во градењето на традицијата на турското кафе имаат жените. Еден познат обичај диктира и по малку стереотипна ситуација, во која семејството на младичот, доаѓа во посета на домот на идната невеста. Девојката им вари кафе и ги послужува. Според традицијата, тоа е единствената можност за девојката да го искаже своето мислење. Таа може да го направи кафето благо, што би значело дека се согласува или горко, со значење дека одбива. Може дури и да го направи со сол, за да им даде до знаење дека идејата за брак со тој човек воопшто не ù се допаѓа.rnrnИако турското кафе сега се пие со засладувачи, најчесто со додавање шеќер, во минатото се пиело исклучиво горко. Луѓето го засладувале со јадење на нешто благо заедно со кафето, како алва, локум, слатко или засладени овошни сокови.rnrn
rn
rnrnТурските кафетерии можат да се поделат на два вида: нови и стари кафетерии. Новите се многу поразлични од старите, каде се внимава на традицијата сè до најситен детаљ. Првата кафетерија била отворена во времето на султанот Сулејман Величествениот. Луѓето кои ги посетувале, биле образовани и угледни личности, а најчесто доаѓале за да играат игри, да читаат книги или само за да се видат и да направат муабет. Наскоро во кафетериите почнале до одат и високите службеници, свештениците, невработените и пензионерите. За време на владеењето на султанот Мурат III кафетериите биле забранети, но забраната била укината за време на владеењето на наредните султани.rnrn
rnrnИсто така, се отворале и многу кафетерии со декоративни базени, за кои Османлиите верувале дека имаат благотворна моќ. Подовите им биле украсувани со шарени теписи и ќилими, а базените биле поставувани во средина на кафетериите. Ваквите објекти биле градени на најубавите места со панорамски погледи на градот.rnrnКафетериите биле финансирани и помогнати од страна на локалните богати и угледни личности. Со воведувањето на тутунот, посетеноста на овие места се зголемила. За канаринците се верувало дека носат среќа, па во кафетериите имало по 30 или 40 кафези со птици. Традицијата на големи и раскошни кафетерии претрпела голем удар и голема промена со укинувањето на јаничарскиот ред.rnrn
rnrnДенес насекаде низ Турција има стотици илјади кафетерии, кои се различни од оние во минатото, бидејќи модерното се вметнало во традиционалното. Посетителите во многу наврати порачуваат чај наместо кафе или некој друг пијалак, но сепак, кафето се конзумира во најголеми количини. На овие места, луѓето одат да се опуштат, да се видат со пријателите, да го поминат своето слободно време, но пред сè да се напијат филџан турско кафе.rnrn rnrn