КАФЕ ПАУЗА

Tag: Том Хенкс

  • Најдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!

    Најдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!

    Во продолжение прочитајте дел од најпознатите цитати на Том Хенкс, еден од најдобрите холивудски актери на сите времиња!rnrnНајдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!rn

    „Секогаш можете да се обидете да направите нешто. Продолжете напред. Продолжете да правите нови работи.”

    rn

    „Љубезноста секогаш помага.“

    rn

    „Единствениот начин на кој можете вистински да го контролирате она што другите го мислат за вас е да бидете искрени цело време.“

    rn

    „Никогаш не се откажувајте затоа што никогаш не знаете што ќе донесе плимата следниот ден.“

    rn

    „Ако сте духовити, ако има нешто што ве тера да се смеете, тогаш секој ден ќе ви биде добар.“

    rn

    „Херој е некој кој доброволно му пристапува на непознатото.“

    rn

    „Дури и наједноставниот избор може да направи неверојатна разлика во нашиот свет.“

    rn

    „Филмот има моќ да ве натера да не се чувствувате осамено, дури и кога се чувствувате така.“

    rn

    „Снимањето филмови е раскажување приказна со најдобрата технологија која ви е на располагање.“

    rn

    „На крајот од краиштата, за еден филм да биде добар мора да биде смешен филм и да ги натера луѓето да мислат: „Еј, не можев подобро да го поминам времето.“

    rn

    „За некои луѓе ќе бидам Форест Гамп до крајот на мојот живот. Но, тоа е во ред; тоа е добра работа.”

    rn

    „Некои луѓе се кукавици… Мислам дека една третина од луѓето се негативци, една третина се кукавици, а една третина се херои. Негативецот и кукавицата можат да изберат да бидат херои, но тие треба да го направат тој избор.“

    rn

    „Човечките суштества ги прават работите со причина, дури и ако понекогаш тоа е погрешна причина.“

    rn

    „Луѓето по природа се премногу комплицирани за да бидат целосно разбрани. Значи, можеме да избереме или да им пријдеме на нашите ближни со сомнеж или да им пристапиме со отворен ум, малку оптимизам и голема доза на искреност.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Том Хенкс, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15-те безвремени цитати од Абрахам Линколн.rnrnИзвор: everydaypower.com

  • 12 познати личности кои прекинале со образованието, но успеале со труд

    12 познати личности кои прекинале со образованието, но успеале со труд

    Не, не ви велиме да се отпишете од факултет. Приказните на овие познати личности ги даваме како пример дека со труд може да успеете во животот без разлика дали имате факултет или не. Погледнете кои познати личности успеале многу иако не завршиле со формалното образование.rn

    Марк Закерберг, Сив Џобс, Бил Гејтс

    rnКога зборуваме за познати и успешни кои се откажале од образованието, не можеме да ги прескокнеме тројцата технолошки гиганти, Марк Закерберг, Стив Џобс и Бил Гејтс. Иако многумина од нас не ги знаеме целосно нивните животни приказни, не значи дека не го почитуваме она што го направиле и успехот кој го постигнале.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrnrnСтив Џобс и Бил Гејтс се отпишале од школо бидејќи имале голема желба за отворање свој бизнис. Марк Закербер пак, ја направил првата верзија на Фејсбук додека студирал на Харвард, а потоа се отпишал за да го унапреди сајтот и да го направи многу повеќе од обична социјална мрежа. Така тој засекогаш го промени начинот на кој луѓето комуницираат и направи големо достигнување во светот на технологијата. Она што вие може да го научите од нив е дека иновативните и креативни идеи кои секој од нас ги има не смеат да се заборават туку треба да се спроведат во пракса.rn

    Елен Деџенерис

    rnПознатата, ултра успешна комедијантка, Елен Деџнерис, која секојдневно ги смее луѓето до солзи, се отпишала од факултет по само еден семестар бидејќи едноставно не била среќна. На почеток работела ниско платени работи во ресторани, кафулиња и клубови, сè додека во една прилика не ѝ се насмевнала среќата и таа станала онаа Елен која сите ја знаеме сега.rnrnИмајќи го предвид нејзиното тешко детство, Елен е вистински пример дека без разлика кој си и од каде доаѓаш, успехот е загарантиран со макотрпна работа, верба и надеж.rn

    Бред Пит

    rnПознатиот холивудски фраер се откажал од факултет само неколку недели пред дипломирањето за да почне да гради кариера во Холивуд. Иако ова звучи наивно, тој подоцна станува еден од најпознатите и најплатените актери во Холивуд. По 5 години работа на секакви места низ Холивуд тој конечно успева да се пробие на филмското платно. Страста, упорноста и следењето на својот сон е нешто што на Бред Пит му донело успех и слава.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrn

    Опра Винфри

    rnОпра Винфри се откажала од студиите откако ѝ била понудена работа. Најпрво работела во радио емисија, за подоцна да стане првата жена-црнец, спикер на локалните вести во Нешвил. Опра е уште една ѕвезда која имала навистина тешко детство и како девојче била злоупотребувана, но со сигурност е вистински пример за личност која ги срушила сите бариери во животот и создала нешто навистина прекрасно.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrn

    Френсис Скот Фицџералд

    rnЛитературниот гениј Ф. Скот Фицџералд, најпознат по Големиот Гетсби, се откажал од училиштето и покажал дека оцените и образованието не секогаш се пресудни во животот на еден човек. Познатиот писател бил без пари неколку години, живеел со своите родители и поправал автомобили пред да стане една од легендите на 20-тиот век.rn

    Ралф Лорен

    rnРалф Лорен се откажал од факултет по две години студирање. Најпрво почнал да работи како продавач на вратоврски. Инспириран од европските трендови, тој се обидел да пробие неколку свои дизајни во компанијата каде работел, но бил одбиен. Ова го инспирирало да започне свој бизнис кој многу брзо станал голем успех. Подоцна Лорен почнал да креира и други парчиња облека освен вратоврски за денес сите да го препознаваме неговото име како синоним за успех и престиж во модниот свет.rn

    Џон Ленон

    rnПознатиот член на Битлси секогаш повеќе се интересирал за музиката отколку за школото. Така, тој не завршил ни средно, не успевајќи да ги положи матурските испити. Подоцна се запишал во уметничко училиште, но бил отпишан поради несоодветно однесување. Тоа не го спречило да ги напише и изведе најубавите евергрини заради кои никогаш нема да биде заборавен.rn

    Лејди Гага

    rnПо втората година во познато уметничко училиште во Њујорк, Лејди Гага се отпишала со цел да започне музичка кариера. Откако работела со две музички групи и минала години во изведби по барови и клубови, соочувајќи се со пропаднати музички договори, таа стекна слава со нејзиниот прв соло албум. Моментално Лејди Гага е една од најплатените музички ѕвезди во светот.rn

    Том Хенкс

    rnПознатиот актер не успеал да го заврши драмскиот факултет. Иако бил добар и посветен студент, Том се откажал од факултетот не сакајќи да ја пропушти приликата за стажирање во театар во Охајо. Стекнувајќи големо познавање за театарот и глумата, Том Хенкс се пробива на филмската сцена со улогата во „Splash“.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrn

    Мет Муленвег

    rnМет Вуленбег студирал политички науки на универзитет во Хјустон. Додека бил на факултет, заедно со уште неколку пријатели почнал да работи на кодирање и програмирање. Наскоро тој проект станал првата верзија на Вордпрес, светски позната платформа за блогирање. Подоцна тој се отпишал од факултет за денес да биде познат како ко-основачот на Вордпрес. Уште еден доказ дека кога имаш голема идеја треба целосно да ѝ се посветиш.

  • Филм: Лери Краун (Larry Crowne)

    Филм: Лери Краун (Larry Crowne)

    Предвидлива романтична комедија со слатка доза хумор, погодна за филмско попладне со целото семејствоrnrn(1) Филм: Лери Краун (Larry Crowne) Режија: Том ХенксrnrnУлоги: Том Хенкс, Џулија Робертс, Гугу Мбата-РоуrnrnВреметраење: 98  минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 јули 2011rnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Лери Краун“ не нуди ништо повеќе од евтина, но слатка доза хумор. Кога веќе почнавме со „недостатоците“… главната мана е тоа што филмот е предвидлив уште во првите минути. Не дека дејството нема да ве држи будни до самиот крај, но тоа ќе бидат како минути во еден подолг квиз, во кој безмалку ги знаете сите одговори. Филмот нема негативци, нема кого да мразите или повремено да ве нервира. Ќе ви ги опушти сите сетила. Впрочем тоа е и намерата во ром-ком филмовите. И бандитите се група мили и шармантни палавковци, нивната најстрашна карактеристика е слатката љубомора кон главниот лик. Но, од неа нема да произлезат никакви завери, опструкции или гнев, туку пријателство. По малку нереално, нели? 🙂(2) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)Намерно не се воздржувам од сочните коментари за филмот, бидејќи како што веќе споменав, тој е крајно предвидлив уште со првите неколку сцени. Но, тоа не значи дека ве советувам да кренете раце од него, напротив ќе се обидам да ве убедам да останете пред телевизорот до последната минута. Главниот адут кој ви го нудам е секако фантастичниот Том Хенкс. ;)rnrnНеговиот актерски „багаж“, харизма каква што ретко кој друг поседува и суптилното наметнување на наивната добрина ќе ве остават поднасмеани и во добро расположение, барем уште околу час и половина, колку што ќе потрошите на филмот. Досегашното беспрекорно одигрување на улогите од страна на фантастичниот актер, бара и заслужува да му дадете уште една шанса (ова се однесува на улогата, не на содржината на филмот). Овој пат Хенкс тројно напаѓа, и како главен актер и како режисер и сценарист. Вториот адут (му се обраќам на посилниот пол) е Џулија Робертс и нејзината волшебна насмевка. Толку за неа. 🙂(3) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)(4) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)Лери Краун (Том Хенкс) е разведен, средовечен вреден продавач во исчекување да го прогласат за работник на годината. Но оваа досадна пракса на компанијата во која работи наеднаш завршува, за среќа или за жал, наместо признание тој добива отказ, со образложение дека е недоволно квалификуван. Обидите да пронајде друга работа тешко му одат, заглавува во финансиски лавиринти и се доведува во ситуација да ја загуби куќата. Во целиот тој хаос, Лери спасот го бара на колеџ, кој ќе направи целосен пресврт во неговиот живот. Судбината му ја кројат две жени. Едната од нив е професорката Мерцедес Тејнот (Џулија Робертс), а другата студентката Талија (Гугу Мбата-Роу)… Тука завршувам со приказната, и бездруго премногу ви открив. ;)rn(5) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)(6) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)Инаку, филмот е еден од оние што обединуваат генерации, па е погоден за филмско попладне со целото семејство. Ќе „падне“ и по некој совет за тоа како никогаш не е доцна за вистинските работи или се врти тркалото, но и клишеа како тоа дека љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате… Сè на сè гледливо филмче, кое нема да ви остави ниту тронка нејаснотија или простор за анализи, освен ако не сте подзаљубени, па почнете да се поистоветувате со ситуациите во филмот. Ништо ново, ништо страшно. 😉(7) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)(8) Филм: Лери Краун (Larry Crowne)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни филмски реплики

    Незаборавни филмски реплики

    За да ни стане некој филм омилен, понекогаш е доволна само една реплика…rnrnНезаборавни филмски репликиrn

    „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага-вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Петре Прличко како Манданата во легендарниот „Мис Стон“

    rn

    „Куфер ко куфер, празан.“ – Мето Јовановски (Илко) во „Тетовирање“

    rn

    „Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – Роберт де Ниро во улога на Сем во филмот „Казино“

    rn

    „Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – Том Хенкс (Форест Гамп) во филмот „Форест Гамп“

    rn

    „Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ – Ал Пачино (Мајкл Корлеоне) во „Кум 2“

    rn

    „Ќе му направам понуда, која нема да може да ја одбие.“ – Марлон Брандо (Дон Вито Корлеоне) во „Кум“

    rn

    rn

     „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ – Ричард Харис како Дамблдор во „Хари Потер“rnrn„Љубовта не може да се пронајде таму каде што не постои, ниту пак може да се сoкрие онаму каде што навистина ја има.“ – Дејвид Швимер (Макс Абит) во филмот „Бакнувајќи ја будалата“

    rn

    „Стравот те држи во заробеништво, надежта може да те ослободи.“ – од филмот „Бегство од Шошенк“

    rn

    „Ако си добар во нешто, никогаш не го прави тоа за џабе.“ – Хит Леџер како Џокерот во филмот „Бетмен: Црниот витез“

    rn

    „Животот е прекраток за да живееме два пати ист ден.“ – Џенифер Лопез (Шарлот) во „Свекрва-монструм“

    rn

    „Мене ми зборуваш?“ – Роберт де Ниро (Тревис) во „Таксист“rn

    rn

    rn

    „Животот се движи многу брзо. Ако повремено не застанете и погледнете наоколу, може да го пропуштите.“ – Метју Бродерик како Ферис во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“rnrn„За седум дена Господ го создал светот, јас за седум секунди го срушив својот.“ – Вил Смит (Бен Томас) во „Седум фунти“

    rn

    „И после сè, утре е нов ден“ – Вивиен Ли (Скарлет О`Хара) во филмот „Однесено од виорот“

    rn

    „Претпоставувам дека на крајот, почнуваме да размислуваме за почетокот.“ – Бред Пит (Mr. Smith) во филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“

    rn

    „Животот не е секогаш изгрејсонца и виножита. Тој е исто така и злобно и валкано место. Ќе ве победи и фрли на колена и таму ќе ве држи перманентно, ако тоа му го дозволите.“ – Силвестер Сталоне (Роки Балбоа) во филмот „Роки“

    rn

    „Моето име е Бонд. Џејмс Бонд.“ – најпознатата реплика од сите досегашни Џејмс Бонд филмовиrn

    rn

    rn

    „Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – Том Круз (Дејвид) во „Небо од ванила“rnrn„Полесно е да го повлечете чкрапалото отколку да свирите гитара. Полесно е да уништите, отколку да креирате.“ – Антонио Бандерас (Ел Мариачи) во филмот „Десперадо“

    rn

    „Запомнете, она што се случува во Вегас, останува во Вегас. Освен херпесот. Тој се враќа со вас.“ – Џефри Тамбор (Сид Гарнер) во „Мамурлак“

    rn

    „Се обидуваш, не успеваш, се обидуваш, не успеваш… Но, единствениот вистински неуспех е тогаш кога ќе престанеш да се обидуваш.“ – Џенифер Тили (Лиота) во „Опседнатиот замок“

    rn

    „Хјустон, имаме проблем.“ – Том Хенкс како Џим Ловел во „Аполо 13“

    rn

    „Јас не сум лоша. Јас сум само така нацртана.“ – Џесика Ребит во полуанимираниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“

    rn

    rn

    „Кога легендата станува факт, испечати ја легендата.“ – Карлтон Јанг како Максвел Скот во филмот „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“rnrn„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – Ентони Перкинс во улога на Норман Бејтс во филмот „Психо“

    rn

    „Кога првпат ве видов, мислев дека сте згоден. Потоа, се разбира, прозборевте.“ – Хелен Хант како Керол Конели во „Колку е добар, толку и ќе добие“

    rn

    „Најголемиот трик на ѓаволот е неговото убедување дека тој не постои.“ – Кевин Спејси како Роџер во филмот „Вообичаено осомничени“

    rn

    „Повеќето луѓе животот го гледаат само во црно-бело. Тие не сфаќаат дека постои сива област некаде на средината. Таму би требало да живееме ние.“ – Дејмон Вејнс како Китс во филмот „Отпорен на куршуми“

    rn

    „Гледам мртви луѓе.“ – шепотот на Хели Џоел Осмент, во улога на Кол во „Шесто сетило“

    rn

    rn

    „Суетата е дефинитивно мојот омилен грев.“ – Ал Пачино (Џон Милтон) во „Адвокатот на ѓаволот“rnrn„Доверба е кога со некого се чувствуваш безбедно.“ – Мет Дејмон (Едвард Вилсон) во „Добриот Пастир“

    rn

    „Господа, не можете да се борите тука. Ова е воена соба.“ – Питер Селерс како претседателот Меркин Мафли во комедијата „Д-р Стрејнџлов“

    rn

    „Не постои место како дома.“ – Џуди Гарланд (Дороти) во „Волшебникот од Оз“

    rn

    „Искрено, драга, баш ми е гајле“ – Кларк Гејбл како Рет Батлер во „Однесено од виорот“

    rn

    „Скапоцено мое“ – Енди Серкис како Голам во филмот „Господарот на прстените: Двете кули“

    rn

    „Аста ла виста, бејби.“ – Арнолд Шварценегер во „Терминатор“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.