КАФЕ ПАУЗА

Tag: титаник

  • Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, следејќи ја истата рута како својот претходник

    Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, следејќи ја истата рута како својот претходник

    Потонувањето на Титаник е можеби најпознатиот бродолом на сите времиња. Познат по големината и брзината, во тој период Титаник бил најголемиот брод и наводно не можел да потоне. Но неговата судбина била трагична и не го завршил ни своето прво патување од Саутхемптон до Њујорк.rnrnТитаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатреrnrnНа 15-ти април 1912-та година, Титаник потонал по судир со леден брег. Од 2.224-те патници, загинале над 1.500 со тоа станувајќи и една од најсмртоносните катастрофи во вода.rnrnТитаник ги воодушевувал сите со неговиот дизајн, технологија и големина. Неверојатниот број на детали можат да се видат и денес на потонатиот брод. Се зборувало дека Титаник е брод невиден досега. Затоа и неговото потонување продолжува да си игра со човечката имагинација.rnrnТитаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатреrnrnПа ако отсекогаш сте се прашувале како би изгледало патувањето на Титаник, конечно ќе можете да го направите тоа со Титаник II.rnrnКонструкцијата била направена според оригиналниот брод и изгледа ова ќе биде неверојатна комбинација на денешната технологија и стариот дизајн. Изградбата започнала во 2012-та година, но била прекината поради финансиски проблеми. Бидејќи се најдени нови спонзори, сега се очекува Титаник II да заплови во 2022-та година и да го заврши патувањето на неговиот претходник. Иако се направени неколку прилагодувања со цел да се надградат технологијата, безбедноста и структурата, Титаник II ќе наликува на оригиналниот брод што е можно повеќе.rnrnТитаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатреrnrnБродот ќе биде со должина од 270 метри и ќе има простор за 2.435 патници и екипаж од 427 луѓе. Како и оригиналот, и овој брод ќе има сместување за прва, втора и трета класа со различна цена. Ќе има простории за пушење, кафетерии, ресторани, место за шопинг, казино, театар, па дури и болница.rnrnТитаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатреrnrnОџаците на бродот се малку надградени и сега на нив има платформа за набљудување и опрема за навигација. Ако ви е страв од повторување на оригиналниот настан каде што немало доволно чамци за спасување, немојте да се грижите. Овој пат на бродот се наоѓаат 18 моторни чамци за спасување и се сокриени. Секој чамец има капацитет од 250 луѓе, многу повеќе од луѓето што ги собира на бродот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=102&v=QhRPvYbNDNErnrnБез разлика дали сакате да го искусите старото или да пробате нешто ново, наскоро ќе можете да запловите со еден од најубавите бродови на сите времиња.rnrnДознајте нешто повеќе за вистинските причини за потонувањето на Титаник.

  • Две мистериозни книги ја предвиделе катастрофата на бродот Титаник

    Две мистериозни книги ја предвиделе катастрофата на бродот Титаник

    Приказната за луксузниот брод Титаник кој потона во ледените води на Атлантскиот Океан многупати била инспирација за филмски дела, документарци или некакви адаптации за комерцијална употреба. Катастрофата се случила на 15 април, во 1912 година и тогаш животите ги загубиле голем број патници, а оние кои преживеале, продолжиле да сведочат за моментите на паника, страв и безнадежност кои ги следеле до самото спасување.rnrnДве мистериозни книги ја предвиделе катастрофата на бродот ТитаникrnrnМногу писатели ја искористиле приказната за Титаник да создадат нови литературни дела, како што е „A Night to Remember“, британска драма од 1958 година. Подоцна, во 1997 година на Бродвеј имало мјузикл за Титаник, кој освоил пет награди „Тони“, по што следеше апсолутниот бокс-офис хит на Џејмс Камерон, „Титаник“, со Леонардо Дикаприо и Кејт Винслет во главните улоги.rnrnНо, постојат две книги, фикции, напишани пред да се случи тонењето, кои раскажуваат приказна за неуништлив брод кој потонува во ледени води. Во двете дела има толку многу коинциденции, што некои поддржувачи на теориите на заговор сметаат дека всушност го предвиделе несреќниот настан.rnrnПрвата книга е напишана во 1886 година, од Вилијам Томас Стед, истакнат спиритуалист и истражувачки новинар. Оригиналниот наслов на делото е „Како пароброд на поштата потона сред Атлантикот, од страна на преживеан“ (How the Mail Steamer Went Down in Mid Atlantic, by a Survivor) и раскажува приказна за безимен брод што тоне во Атлантскиот Океан. Главен лик е морнарот Томпсон, кој цело време е загрижен за тоа дека бродот нема доволно спасувачки чамци. Неговите стравови стануваат реалност кога ќе се судрат со мал брод во маглата. При спасувањето предност имале жените и децата, со што се спасиле едвај 200 патници од вкупно 700. Томпсон преживеал затоа што еден од спасувачките чамци случајно стигнал до него и тој бил извлечен од водата. Приказната завршува со поука дека никогаш не треба да се трга на пат по отворено море со недоволен број на спасувачки чамци.rnrnДве мистериозни книги ја предвиделе катастрофата на бродот ТитаникrnrnАвторот, пак, животот го загубил во несреќна случка и за нештата да бидат побизарни, несреќната случка е токму тонењето на бродот Титаник, а неговото тело никогаш не било пронајдено. Уште поголема бизарност на целата приказна додава и фактот дека Стед цел живот велел дека ќе умре или од давење во вода или од јавно линчување.rnrnВторото дело што на некој начин ја предвидува катастрофата на Титаник носи наслов „Кршот на Титан: Или, залудност“ (The Wreck of the Titan: Or, Futility) на Морган Робертсон. Приказната е фокусирана на бродот Титан, во тоа време најголемиот брод на светот, кој тргнува на пат во северниот дел на Атлантикот, се судира со леден брег и тоне. Но, сличностите не запираат тука. Димензиите наведени во книгата биле речиси исти како реалните димензии на Титаник, двата брода имале премалку спасувачки чамци, двата биле опишани како непотонливи и најинтересното, и фиктивниот и реалниот настан се случиле во студена ноќ во април. Најголемата разлика се однесува на бројот на жртви – во фиктивниот Титан, од 2.500 патници спасени биле само 13, додека пак во Титаник загинале околу 1.500 луѓе, а 705 ја преживеале катастрофата.rnrnДве мистериозни книги ја предвиделе катастрофата на бродот ТитаникrnrnПо реалната катастрофа, Робертсон често бил етикетиран како видовит, но тој за себе велел дека само едноставно имал многу познавања од областа на бродовите и поморскиот сообраќај.rnrnДоколку уживате во мистериозното, чудното и бизарното, прочитајте ги и најголемите нерешени мистерии на светот.

  • Вистинските причини за потонувањето на Титаник

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник

    Многу години подоцна, луѓето сѐ уште се опседнати со еден од најголемите бродоломи во историјата. Титаник важел за најголемиот брод опремен со најсовремената технологија од тоа време. Па, како еден обичен леден брег успеал да го предизвика падот на овој океански гигант? Најновите докази откриваат дека покрај парчето мраз постоеле и неколку други фактори кои придонеле за катастрофата. Дознајте за што станува збор…rn

    Пожар во машинското одделение

    rn

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник
    Титаник испловил од пристаништето во Саутхемптон во април, 1912 година
    rnrnБританскиот новинар Сенан Молони ја истражувал историјата на Титаник цели 30 години. По деталната анализа на фотографиите што биле направени пред поаѓањето на бродот, тој претпоставил дека причината за потонувањето е пожарот кој избил во резервоарот за гориво.rnrnПожарот избил пред да заплови бродот, а екипажот правел безуспешни обиди да се одржи структурата на бродот со недели. Новинарот дознал дека сопствениците на бродот знаеле за пожарот и се обиделе да го скријат тој податок од патниците со тоа што го свртеле бродот од другата страна на брегот во Саутхемптон за дамките од огнот да не бидат забележливи.rnrnСредишниот дел на бродот се загреал и достигнал температура од 1.000 степени Целзиусови на тоа место. Кога Титаник удрил во ледениот брег, челикот почнал да се распаѓа и се создал огромен отвор во средината. Експертите потврдуваат дека цврстината на челикот може да се намали и до 75% на толку висока температура.rn

    Двогледот бил заклучен во шкаф, а клучот останал на брегот

    rn

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник
    Еден од двогледите на Титаник кој бил најден на дното од океанот многу години подоцна
    rnrnТокму пред поаѓање, менаџерите на компанијата за бродови „White Star Lines“ одлучиле да го заменат моменталниот капетан со Хенри Вајлд кој имал искуство со големи патнички бродови. Меѓутоа, Дејвид Блер, претходниот капетан, заборавил да му ги даде на Вајлд клучевите од кутијата каде што се наоѓал двогледот. Секако дека Титаник имал свои опсерватори, но без двоглед тие морале да се потпрат само на сопствените очи. Па така, кога го забележале ледениот брег, веќе било предоцна. Јавноста дознала дека двогледот бил заклучен дури 95 години подоцна кога клучот бил ставен на аукција.rn

    Уште неколку други фактори кои можеби довеле до големата трагедија

    rn

    Вистинските причини за потонувањето на Титаник
    Ова е веројатно истиот судбоносен леден брег
    rn

      rn011

    • Немало месечина која би можела да го осветли ледениот брег. На тој начин опсерваторите ќе можеле да го забележат порано. Освен тоа, ѕвездите блескале толку силно што навистина било тешко да се распознае морето од небото. Не можеле убаво да ја дефинираат линијата на хоризонтот, а тоа уште повеќе ја отежнало можноста да се забележи опасноста. Не заборавајте дека набљудувачите немале двоглед!
    • rn011

    • И покрај предупредувањата на другите бродови, Титаник не го забавил движењето во ледената зона. Ако бродот пловел малку побавно, ќе можел да го избегне катастрофалниот леден брег.
    • rn011

    • Еден од набљудувачите предупредил дека на десниот бок на бродот му се заканува опасност, но не можело да се преземат никакви мерки. Експертите исто така заклучиле дека офицерот почекал 30 секунди пред да даде наредба за промена на курсот, а тоа дополнително придонело за катастрофалниот бродолом. Имено, Титаник пак ќе удрел во ледениот брег, но само предниот дел ќе бил сериозно оштетен и бродот ќе можел да остане на површината на водата.
    • rn

    rnДоколку сакате да дознаете повеќе за работите што се случувале на бродот, прочитајте ја и вистинската љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и Роуз.

  • Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

    Кои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?

    Обожавателите на филмот „Титаник“, кој во 1997 завладеа со сите светски кина и стана еден од најгледаните филмови на сите времиња, веројатно не можат ни да замислат како ова филмско ремек-дело би изгледало без Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги.rnrnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnКога во 1996 година започнал кастингот за „Титаник“, продуцентите во филмското студио 20th Century Fox го планирале Метју Меконахи во улогата на Џек, а главниот избор за улогата на Роуз според режисерот на филмот, Џејмс Камерон, била Гвинет Палтроу.rnrnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnЗа обожавателите на филмот оваа потенцијална поделба на улогите делува незамисливо, а многумина сметаат дека филмот не би постигнал толкав успех да не глумеле Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.rnrnКога славниот режисер го запознал Леонардо за прв пат, не бил баш уверен дека тој е идеален за улогата.rn

    „Леонардо беше само еден од листата на имиња. Не го знаев, никогаш го немав запознаено. Мислам дека дотогаш го имав видено само во улогата на Гилберт Грејп, така што не знаев што да очекувам“, изјавил Камерон.

    rnКејт Винслет знаела дека е створена за улогата на Роуз веднаш штом го прочитала сценариото.rn

    „Ронев крокодилски солзи кога го прочитав. Тоа никогаш ми се немаше случено и помислив дека едноставно морам да глумам во овој филм. Безброј пати му се јавив на Џејмс и го молев да ми ја даде таа прилика“, раскажува Кејт.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnНа крајот, Камерон сепак ѝ ја дал улогата на Кејт, а потоа следел изборот за главен актер. По првото двоумење, режисерот сфатил дека сака Леонардо да го отелотвори Џек, но во меѓувреме актерот за малку не се откажал од „Титаник“ поради филмот „Ноќи исполнети со буги“ (Boogie Nights).rnrnЛегендата вели дека Кејт Винслет го нашла Леонардо во неговата хотелска соба и го натерала да ја прифати улогата бидејќи многу сакала да работи со него.rnrnАмериканскиот актер Џереми Систо исто така влегол во потесниот избор за улогата на Џек, а како би изгледало кога тој би глумел наместо Леонардо, можете да видите во неговото прво пробно снимање со Кејт Винслет.rnrnrn

    „Тоа беше една од многуте улоги кои не сум ги добил. Ми беше малку срам да откријам еден од многуте неуспеси во мојот живот, но не можев на обожавателите на „Титаник“ да им ја одземам приликата да го погледнат филмот од некоја алтернативна перспектива. Бев на аудиција со Кејт и со уште три други актерки. Возбудливо беше да се биде дел од тој процес, дел од нешто толку големо. Сѐ што Џејмс Камерон прави е големо. Бев лудо инспириран од тоа искуство и малку ми се скрши срцето кога не ја добив улогата“, изјавил Џереми во едно интервју.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnСтивен Дорф исто така добил прилика да дојде на аудиција за улогата на Џек, но тврдел дека сепак бил среќен поради тоа што не глумел во филмот.rn

    „Сакам да имам кариера како Џони Деп, Шон Пен и Џек Николсон. Сакам да освојам Оскар еден ден. Тоа немаше да биде возможно ако глумев во „Титаник“. Погледнете го Лео. Неговата кариера само пропаѓа. Секогаш ќе биде само оној тип од бродот“, рекол Стивен своевремено, но очигледно многу се излажал.

    rnКои актери требале првично да ги овековечат Џек и Роуз од „Титаник“ на филмското платно?rnrnЛеонардо по „Титаник“ стана една од најголемите филмски ѕвезди, а оваа година го освои и долго посакуваниот Оскар за најдобар актер благодарение на извонредната изведба во филмот „Повратник“.

  • Вистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и Роуз

    Вистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и Роуз

    Секој кој го гледал филмот „Титаник“ сигурно се сеќава на бабата и дедото кои лежат на креветот во нивната кабина додека надоаѓа ледената вода, мирно чекајќи го крајот во прегратка. Призорот од легендарниот филм ги допре и најстудените срца, но малкумина знаат дека не станува збор за уметничка слобода, туку за неверојатна вистинска приказна за луѓето кои одбиле да се спасат и решиле смртта да ја дочекаат онака како што и живееле – заедно.rnrnВистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и РоузrnrnИсидор и Ида Штраус биле вистинска двојка од соништата. И покрај тоа што нивниот брак бил договорен од страна на семејството, љубовта помеѓу американскиот бизнисмен со германско потекло, еден од основачите на трговскиот ланец „Мејси“ и добро воспитаната девојка чија фамилија неодамна стигнала во САД од Европа, набргу процветала и станала искрена и длабока.rnrnВистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и РоузrnrnВо 1871 година, Исидор и Розали – Ида, се венчале. Во наредните 15 години нивниот брак бил крунисан со дури 7 деца. Пријателите и фамилијата ги сметале Исидор и Ида за сродни души и сопружници кои биле неверојатно приврзани еден за друг. Исидор поради својата работа често патувал, но секогаш разменувал по неколку писма дневно со неговата сопруга.rnrnКога децата пораснале, Ида и Исидор повеќе немале причина зошто да не бидат заедно, па Ида почнала често да патува со сопругот. Тоа се случило и таа фатална зима 1911/1912 година.rn

    „Каде одиш ти, одам и јас“, велела Ида.rn

    rnПарот зимата ја поминал во Европа, најмногу во Франција. Било предвидено дома да се вратат порано, но штрајкот на произведувачите на масло во Англија ги одложил нивните планови. На Исидор му било кажано дека додека трае штрајкот, кон Америка сигурно ќе исплови само еден брод – неверојатниот брод кој не може да потоне, Титаник.rnrnВистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и РоузrnrnИ така Исидор и Ида тргнале за Америка на 14-ти април 1912 година кога Титаник удрил во ледената санта и почнал да тоне. Парот бил забележан како стигнал до чамецот за спасување со број 8 во придружба на слугинката на госпоѓата Штраус, Елен Бирд. Бидејќи станувало збор за госпоѓа и господин во поодминати години, офицерот задолжен за евакуација им понудил место во чамецот, но Исидор одбил да се спаси сè додека на Титаник имало жени и деца. По тоа, ниту Ида не сакала да влезе во чамецот.rn

    „Живеевме заедно многу години. Не сакам да се одвојам од својот сопруг. Како што сме живееле, така и ќе умреме – заедно.“, рекла Ида, а на ова биле сведоци и многу други кои веќе биле во чамецот.

    rnИако сопругот ја молел да се спаси, Ида не го променила своето мислење. На нејзината слугинка ѝ ја дала бундата и ѝ рекла дека нејзе нема да ѝ биде потребна. Откако ја сместила во чамецот, таа се повлекла заедно со сопругот. Последен пат биле видени како седат на палубата и се држат за рака додека околу нив сè се рушело и исчезнувало во ледените води на Атлантскиот океан.rnrnВистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и РоузrnrnКога преживеаните патници стигнале во Њујорк со бродот „Карпатија“, многумина, вклучувајќи ја и слугинката Елен, ја раскажале приказната за Исидор и Ида Штраус на новинарите, нарекувајќи ја најневеројатниот пример за љубов и приврзаност. Таа со молскавична брзина се проширила низ целиот свет. Рабините во текот на службите во синагогите им ја прераскажувале на верниците, весниците пишувале за неа, посветена им е дури и песната „Катастрофата на Титаник“ која била многу популарна помеѓу американските Евреи.rnrnТелото на Исидор било пронајдено и идентификувано, но телото на Ида засекогаш останало некаде во длабочините на океанот. Сепак, на гробот на Штраус во Бронкс нивната љубов е засекогаш овековечена со еден едноставен цитат од „Песна над Песните“:rn

    „Водата не може да ја згасне љубовта – ниту пак да ја удави.“

    rnПостои и снимена сцена инспирирана од последните моменти на Исидор и Ида за „Титаник“ која за жал не успеала да добие свое место во крајната верзија на филмот, но можете да ја погледнете во следново видео…rnrn

  • Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?

    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?

    Дури и да го избегнал ледениот брег пред 104 години, Титаник сѐ уште би се помнел како најлуксузниот брод на сите времиња. За неговата изградба и уредување во 1912-тата година биле потребни 7,5 милиони долари што е еквивалент на 180 милиони долари денес. Додека акомодацијата и сместувањето од втора и трета класа на Титаник биле далеку подобри од сместувањето на другите бродови, сепак главната награда ги добива привилегиите од првата класа. Во тој контекст, што би можеле да добиете со купувањето на најскапиот билет на Титаник?rnrn

    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?
    Главните скалила
    rnrnЗа да го пронајдете одговорот, потребно е да го разгледате случајот на 58-годишната Шарлот Дрејк Кардеза од Филаделфија. Иако не била на листата на најбогатите патници како што биле милионерите Џејкоб Астор IV или Бенџамин Гугенхајм, Кардеза била патрон за уметностите, сопственичка на поголем број јахти и ловџија на крупен дивеч. Семејното богатство дошло од нејзиниот татко, богат сопственик на продавница за производство на текстил. Се смета дека Кардеза го купила најскапиот билет на бродот по цена од 2.560 долари во 1912-тата година, или 61.000 долари денес.rnrnТаа се качила на бродот заедно со нејзиниот 36-годишен син, Томас, нејзината слугинка и неговиот камариер и сите заедно понеле 14 сандаци, 4 куфери и 3 помали сандаци. Тие биле сместени во трисобен апартман со 2 спални соби и една дневна соба како и 2 дополнителни соби за облеката и бања. Нивните слуги биле сместени во придружните кабини во близина. Овој апартман бил еден од најлуксузните на бродот и единствениот друг апартман како нивниот бил резервиран за финансиерот Џ.П. Морган кој бил сопственик на компанијата која го поседувала Титаник и кој се откажал од патувањето во последниот момент.rnrn
    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?
    Една од спалните соби за патниците од прва класа
    rnrnНе само што ги избегнувале пониските класи, семејството Кардеза немало време ниту да се социјализира со останатите плутократи и буржоазија. Тие имале 15-метарска приватна палуба каде што можеле да уживаат над отворено небо на раат. За време на оброците, тие избирале каде ќе јадат, а можеле да се одлучат и за приватниот а-ла-карт ресторан кој се доплаќал дополнително. Од оние менија кои успеале да се „спасат“ од несреќата, се забележало дека сите присутни богаташи јаделе по 10 порции кои вклучувале морска храна, пилешко, јагнешко, телешко и слични видови меса.rnrnПо вечерата, Томас можел да се повлече во една соба за пушење која била наменета само за мажи, а Шарлота во првокласната соба за рекреација декорирана како Версајскиот дворец, каде се играле карти и се разговарало. Исто така, можеле да го посетат базенот со солена вода, турската бања, теренот за сквош или салата за вежбање која била опремена со најмодерните машини за вежбање од тој период, како електричниот коњ и електричната камила.rnrn
    Што би добиле со купувањето на најскапиот билет на бродот Титаник?
    Дневна соба за дамите
    rnrnНезависно дали нивното богатство имало некаков удел во спасувањето на луѓето на денот на несреќата, на семејството Кардеза и нивните слуги им било обезбедено место во малиот број спасувачки чамци, за разлика од преостанатите 1.500 луѓе кои или биле заглавени или пливале во студените води и добиле хипотермија. Месеци по несреќата, Шарлота ги тужела сопствениците на Титаник за изгубените фустани, накит, крзно и други предмети кои биле опишани на 16 страници што е сведоштво и тестамент не само за нејзината моќ и богатство туку служи и како едно неверојатно сеќавање.rnrnНа листата биле запишани и изгубени 5.500 долари или 132.000 долари во денешна вредност. Но, тоа е само ситно во споредба со нејзиното целосно богатство кое го понела со себе што изнесувало 177.000 долари или 4.2 милиони долари во денешна вредност. За разлика од многуте други посиромашни патници и членови на екипажот, семејството Кардеза не било ниту повредено, ниту значително осиромашено од катастрофата. Тие продолжиле да живеат во стилот на кој биле претходно навикнати сѐ до нивната смрт, 1939-тата за Шарлота и 1952-та за нејзиниот син, Томас.

  • 10 неверојатни случајности

    10 неверојатни случајности

    Некои веруваат во судбина сметајќи дека сè се случува со причина, а други тврдат дека постојат случајности. Во која група и да припаѓате, следниве примери ќе ви изгледаат премногу чудно за да бидат било судбина, било случајност.rn

    Марк Твен

    rnМарк Твен е роден во 1835 година, кога Халеевата комета поминала покрај Земјата. Во 1909 година рекол:rn
    rn

    „Дојдов на овој свет со Халеевата комета во 1835 година. Таа се враќа следната година, па очекувам и да си заминам со неа. Ако не заминам со Халеевата комета, тоа би било најголемото разочарување во мојот живот.“

    rnПочинал на 21 април 1910 година од срцев удар, само еден ден по најблиската средба меѓу Земјата и Халеевата комета.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Авантурите на Гордон Пим

    rn„Авантурите на Гордон Пим“ од Едгар Алан По е приказна за еден млад авантурист кој заминал на патување со брод. Бродот потонал, но тој бил еден од неколкумината преживеани кои останале на сред море без храна. За да не умрат од глад, одлучиле да влечат сламка за да решат кого да изедат, а несреќникот бил морнарот Ричард Паркер. Неверојатната случајност се случила 46 години подоцна, кога преживеаните од несреќата на бродот Мињоне биле во идентична ситуација, па кога влечеле сламка за да одлучат кој ќе им послужи како ручек, изборот паднал на морнар со име Ричард Паркер.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Потонувањето на Титаник

    rnМорган Робертсон е американски писател кој во 1898 година ја издал просечната новела „Залудност или потонувањето на Титан“. Измислената приказна се однесувала на дотогаш најцврстиот и најголем брод, кој во месец април за првпат тргнал да плови од Европа кон САД. Во текот на патувањето низ северниот Атлантик удрил во санта мраз, при што загинале сите поради недостиг на чамци за спасување. Само 14 години подоцна, во 1912 година, во вистинскиот живот бродот Титаник тргнал од Англија кон САД. Во една априлска ноќ удрил во санта мраз и потонал. Немало доволно чамци за спасување, па повеќето патници се удавиле. Покрај оваа, помеѓу измислениот Титан и вистинскиот Титаник, има и многу сличности во карактеристиките и конструкцијата.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Лотаријата на Орегон

    rnЛокалниот весник Колумбијан секоја недела ги објавувал броевите извлечени на Орегонската лотарија, а на 28 јуни 2000 година тоа успеале да го сторат една недела порано. Тие по грешка ги објавиле броевите кои биле извлечени таа недела во Западна Вирџинија, но само една недела подоцна истите броеви биле извлечени и во Орегон.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Мејџор Самерфорд

    rnЗа време на Првата светска војна британскиот офицер Мјеџор Самерфорд бил погоден од гром, поради што морал да се повлече од армијата. Се преселил во Ванкувер да живее мирен живот, но небото никако не сакало да го остави на мира. Додека рибарел седејќи под едно дрво повторно бил жртва на гром, што било причина за парализа на десната страна од телото. Некако успеал да се опорави, но наскоро шетајќи во парк бил погоден од уште еден гром, по што му целото тело му останало парализирано. Починал две години подоцна, кога, верувале или не, гром удрил во неговиот гроб и ја уништил надгробната плоча.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Проклетството на бродот Мермејд

    rnСлично како и офицерот Самерфорд, проклетството не сакало да ги остави на мира ниту преживеаните од бродоломот на бродот Мермејд. Тој потонал во близина на некое островче близу до Австралија, кое станало прибежиште на малкуте преживеани. По неколку дена тие биле спасени од бродот Свифтфајр, кој наскоро ја загубил битката со силните струи. По само осум часа наишол товарниот брод Говернор Реди. Ги натоварил сите 32 несреќници од двата брода помеѓу товарот од дрва, но откако бил зафатен од пожар, сите повторно морале да скокаат во водата. За среќа, набрзо дошол бродот Комет и безбедно ги вратил во Сиднеј. Сепак, „ѓаволот“ не слегол од Комет. Тој потонал пет дена подоцна, а екипажот бил спасен од бродот Јупитер кој, неверојатно но вистинито, потонал само 12 часа подоцна. Тие биле извлечени од водата од страна на луѓето од бродот Градот Лидс, по што несреќите конечно престанале.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Кралот Умберто I од Италија

    rnИталијанскиот крал Умберто владеел со земјата во последните 23 години од деветнаесеттиот век. На 29 јули 1900 година вечерал во еден ресторан во Монца, а кога се запознал со сопственикот сфатил дека и тој се вика Умберто, а дури и нивните сопруги имале исти имиња. За да биде случајноста уште поголема, следниот ден кралот бил застрелан од анархистите, а истиот ден бил убиен и сопственикот на ресторанот.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Ернан Кортес и календарот на Маите

    rnПомеѓу бројните пророштва во календарот на Маите има и едно кое вели дека „еден ден ќе дојде бледолик човек пратен од богот Кецалкоатл кој ќе им помогне да си ја повратат власта над градот Теночтитлан“. Случајно, во 1519 година, токму на време кај нив пристигнал конквистадорот Ернан Кортес, кој совршено одговарал на описот. Веднаш добил статус на бог и домородното население му понудило помош во освојувањето на денешно Мексико во надеж дека пророштвото ќе се оствари и повторно ќе живеат богато и во мир. Се разбира, Кортес со сето срце ја прифатил помошта, но за да го опустоши цело Мексико. Откако ограбил сè што можело да се ограби, се вратил назад во Европа. За жал, Маите премногу доцна сфатиле дека тој не бил нивниот човек пратен од бога.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Почетокот и крајот на Граѓанската војна во САД

    rnВилмер Меклин си живеел мирен селски живот сè додека не избувнала Граѓанската војна во САД и тоа токму пред прагот на неговата куќа. Тој живеел на сред пат помеѓу Вашингтон, главниот град на северот и Ричмонд, главниот град на југот. Неговата куќа во тоа време послужила како база на оние од југот, па таму официјално започнала војната со битката на Бул Ран. Не можејќи да ги поднесе редовните пукотници во близина на неговиот дом, Меклин се преселил во друго село во Вирџинија. Чудно, но вистинито, четири години подоцна во неговата нова куќа војната завршила, откако токму таму се предал генералот Роберт Ли. За оваа неверојатна случајност Вилмер МекЛин еднаш рекол:Војната почна во мојот двор, а заврши во мојата дневна соба“.rnrn10 неверојатни случајностиrn

    Ентони Хопкинс и Девојката од Петровка

    rnВоодушевен дека ја добил главната улога во филм базиран на книгата „Девојката од Петровка“ од Џорџ Фајфер, холивудскиот актер Ентони Хопкинс веднаш се упатил кон лондонските книжарници за да набави еден примерок за себе. Иако „се убил“ од барање, тоа завршило неуспешно. Кога отишол на железничката станица за да фати воз накај дома, на една клупа ја забележал токму оваа книга, која претходно некој ја заборавил. За време на снимањето, авторот Џорџ Фајфер се сретнал со него и разочарано му рекол дека не поседува ниту еден примерок од своето дело, затоа што единствениот кој го имал го позајмил на некој пријател кој ја загубил во Лондон. Ја добил назад затоа што, верувале или не, тоа била токму книгата што ја нашол Хопкинс.rnrn10 неверојатни случајностиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2

    Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2

    Има големи шанси во наредните неколку години да плови нов Титаник по отвореното море. Австралискиот милијардер Клајв Палмер ги објавил своите планови за изградба на ултрамодерна, луксузна верзија на „проколнатиот“ Титаник во Кина.Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2 Палмер, кој е еден од најбогатите луѓе во Австралија, изјавил дека конструкцијата на Титаник 2 ќе биде со подеднакви димензии како оригиналот.Австралиски милијардер планира да го изгради Титаник 2
    rn

    „Ќе биде исто толку луксузен како оригиналниот Титаник, но секако ќе ја има најдобрата технологија на 21-от век, како и најновите навигациски и безбедносни системи. Титаник 2 ќе биде неверојатен, и ќе има сала за вежбање, базен, библиотеки, првокласни ресторани и луксузни кабини.“


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастични слики од потонатиот Титаник

    Фантастични слики од потонатиот Титаник

    Наредниот месец, поточно на 14 април ќе се одбележат 100 години од катастрофалната несреќа на бродот Титаник. За да го одбележат овој јубилеј „National Geographic“ објавија нови слики од потонатиот брод на дното на Атлантскиот океан.Фантастични слики од потонатиот ТитаникТитаник потона откако удри во санта мраз доцна во ноќта на 14 април, а на повикот за помош првиот брод кој пристигнал бил Карпатија, 4 часа покасно. Од 2.223 патници и членови на екипажот, преживеале само 706 луѓе. Погинале 1.517 луѓе од кои 1.360 мажи и 157 жени и деца. Потонатиот брод го пронашле Жан-Луи Мишел и Роберт Балард во 1985 година.Фантастични слики од потонатиот ТитаникФантастични слики од потонатиот ТитаникФантастични слики од потонатиот ТитаникФантастични слики од потонатиот ТитаникФантастични слики од потонатиот ТитаникФантастични слики од потонатиот ТитаникФантастични слики од потонатиот ТитаникФантастични слики од потонатиот Титаник
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога почетокот би бил крај во филмовите…

    Кога почетокот би бил крај во филмовите…

    Сте се запрашале ли некогаш, како би изгледало кога би го свртеле дејството во филмот и од неговиот крај би направиле почеток? Кога би ги премотувале наназад, многу од филмовите би добиле среќни завршетоци. Еве неколку примери:rnrn1. Ако го гледате филмот „Ајкула“ од крајот кон почетокот, приказната е неверојатно позитивна. Голема бела ајкула спасува луѓе, фрлајќи ги од морските длабочини на површината на водата, сè додека не се отвори преубавата плажа полна со туристи.Кога почетокот би бил крај во филмовите...2. Кога почетокот и крајот би ги смениле своите места во „Лице со лузна“, тогаш режисерот би ви раскажал една необична приказна за скромен мафијаш. Во неа тој се откажува од кокаинот и од криминалот за да го следи сопствениот сон, а тоа е да стане човек кој мие садови и кој сака да заработи доволно пари за да ја посети Куба…Кога почетокот би бил крај во филмовите...3. Ако на овој начин го гледате „127 часа“, филмот ќе се претвори во тажна приказна со среќен крај. Хендикепиран човек, ќе најде рака во пустината, ќе ја прикачи и ќе ужива во убавините на Националниот парк во Јута…Кога почетокот би бил крај во филмовите...4. Во „Матрикс“, Нео се изморува од борбата и употребата на неговите супермоќи. Го ослободува сето кунг-фу знаење од неговиот мозок, по што ù се приклучува на матрицата и започнува нов живот како г-дин Андерсон.Кога почетокот би бил крај во филмовите...5. Ако наназад го гледате „Фајт клаб“, филмот зборува за човек кој од лудак во улична банда, се претвора во продуктивен член на општеството…Кога почетокот би бил крај во филмовите...6. Ако пак, од крајот кон почетокот го гледате „Рамбо“, ќе запознаете човек со необична исцелителна моќ. Тој наместо да ги убива, ги лечи луѓето со неговите магични куршуми.Кога почетокот би бил крај во филмовите...7. И трагедијата „Титаник“ се претвора во приказна со среќен крај. Станува збор за огромен брод кој се издигнува од длабочините на океанот, а чија цел е да спаси илјадници луѓе кои се дават во водата. Ги извлекува и ги враќа назад во Саутхемптон.Кога почетокот би бил крај во филмовите...8. „Годзила“ би била приказна за гигантски гуштер кој помага во реконструкцијата на уништен град, после која со популарниот „месечев од“ се враќа назад во океанот…Кога почетокот би бил крај во филмовите...9. „Карате кид“ е шампион во карате, кој се претвора во мирно и кревко момче, кое го задеваат во училиште и кое на крајот се враќа дома во Џерси.Кога почетокот би бил крај во филмовите...10. „Убава жена“ – тука би се изместиле моралните вредности. Ричард Гир од нормална жена ќе создаде проститутка… 🙂Кога почетокот би бил крај во филмовите...
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.