Дел од откритијата заради кои денеска животот ни е поедноставен и полесен, скапо ги чинеле нивните пронаоѓачи. Платиле со животот…rnrn
rn
1. Мајкл Дакре – летечко такси (2009)
rnДакре загинал тестирајќи го сопствениот изум – летечко такси. По три неуспешни обиди за полетување, на четвртиот конечно се искачил на височина од 200 метри, но ја изгубил контролата врз еден од моторите и се урнал во град во Малезија. Дакре е единствениот загинат во ужасната несреќа.rnrn
rn
2. Тан Ченгнијан – ултралесен авион (2007)
rnЧенгнијан е кинески фармер кој креирал ултралесен авион. Неговиот изум се урнал во селото во кое живеел, во провинцијата Шандонг во Источна Кина.rnrn
rn
3. Карел Соучек – водена капсула (1985)
rnСоучек креирал нов тип капсула. Со неа успешно ги поминал Нијагарините водопади, но на вториот тест, на специјално изработениот водопад „Астродоум“ во Тексас, се случила неочекувана незгода. Капсулата прерано била пуштена и започнала неконтролирано да се врти. Наместо да се спушти во центарот на резервоарот со вода, таа удрила во неговиот раб. Соучек се здобил со тешки повреди, на кои им подлегнал наредниот ден.rnrn
rn
4. Хенри Смолински – летечки автомобил (1973)
rnСмолински заедно со Харолд Блејк се обиделе да летаат со автомобил. При полетувањето се удриле во возило на крајот од пистата, по што избувнал силен пламен во кој и двајцата загинале. Несреќата се случила во Калифорнија, а проектот ги чинел два милиони долари и нивните животи.rnrn
rn
5. Доналд Кемпбел – глисер „Сината птица“ (1967)
rnКемпбел со „Сината птица“ соборил осум светски рекорди. Последната цел му била со глисерот да развие брзина од 480 километри на час. На 4 јануари 1967 година, обидувајќи се да ја постигне целта, „Сината птица“ се превртела и се распаднала во водата. Кемпбел не ја преживеал несреќата.rnrn
rn
6. Марија Кири – радиум (1934)
rnДобро ви е познато дека Марија и нејзиниот сопруг се заслужни за откривањето на радиумот. Епруветите со радиоактивни изотопи на овој елемент таа ги чувала во џебовите и во нејзиното биро. Долготрајното изложување на радијација било причина да се разболе од рак, од што подоцна и починала.rnrn
rn
7. Александар Богданов – трансфузија на крв (1928)
rnРусинот Богданов трагал по вечна младост и открил дека може да се подмлади преку трансфузија на крв. Одлучил да вбризга крв од негов студент, незнаејќи дека тој е болен од туберколоза и од маларија. Богданов починал како резултат на овие заболувања. Претходно, во 1925 година, основал Институт за трансфузиологија и хематологија, кој подоцна го добил неговото име.rnrn
rn
8. Томас Џуниор Ендрјус – Титаник (1912)
rnТој е креаторот на бродот Титаник, во кој загинаа 1.517 луѓе. На кобното патување на 14 април, во 1912 година, кога Титаник удрил во залутан глечер, на бродот бил и Ендрјус.rnrn
rn
9. Вилијам Булог – машина за печатење (1867)
rnБулог е изумител на ротациона машина за печатење. Додека се обидувал да направи корекција на својот пронајдок, тој во него ја заглавил ногата и заработил тешка повреда. По неколку дена добил гангрена. Починал додека лекарите му ја ампутирале ногата.rnrn
rn
10. Хенри Винстенли – Светилник (1703)
rnАнглискиот инженер Винстенли е конструктор на првиот светилник „Eddystone“, кој бил уништен во големата бура, во 1703 година. Таа ноќ, Винстенли ја очекувал бурата, но останал во светилникот за да ги доврши работите околу него. Верувал дека неговиот изум е толку многу добар што може да ја издржи и најсилната бура. За жал, не било така.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Една од незаборавните сцени во филмот е кога Џек Досон, чија улога ја толкуваше Леонардо Дикаприо, ја слика Роуз, која е тотално разголена и легната на софа, а на нејзе го носи дијамантскиот ѓердан наречен „
Таа ќе се најде на аукцијата, која ќе ја организира фирмата „
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnВозможно е да успеете да качите крава по скали, но не е возможно да ја симнете надоле.rnrn
rnrnЖелките можат да дишат со задникот.rnrn
rnrn99% од такси возилата во Њујорк превезуваат неодамна пристигнати имигранти.rnrn
rnrnСлонот е единственото животно кое не може да скока, a има 4 колена.rnrn
rnrnЖените трепкаат речиси двојно повеќе од мажите.rnrn
rnrnПолжавот може да спие цели 3 години.rnrn
rnrnЕлектричната столица ја измислил забар.rnrn
rnrnЗапалката за цигари била измислена пред кибритот.rnrn
rnrnГолемината на очите останува иста во текот на целиот живот, од самото раѓање. Затоа пак, ушите и носот никогаш не престануваат да растат.rnrn
rnrnПроцентот на луѓе кои сонувале во црно-бела слика, значително се намалил со појавата на телевизорите во боја.rnrn
rnrnИзградбата на бродот Титаник чинела седум милиони долари, а правењето филм за него чинелo двесте милиони долари.rnrn
rnrnЗвукот кој го слушаме кога ќе приближиме школка до нашето уво не се бранови од океан, туку циркулирањето на крвта низ вените во увото.rnrn
rnrnФизички е неизводливо човек да си го лизне лакотот, чест на исклучоците.rnrn
rnrnРечиси секој кој го чита ова ќе проба да си го лизне лактот :)rnrnГо прочитавте