КАФЕ ПАУЗА

Tag: тестенини

  • Италијанките ги одобрија: 15 кратки правила за совршен оброк со тестенини

    Италијанките ги одобрија: 15 кратки правила за совршен оброк со тестенини

    Тестенините се едни од најомилените јадења ширум светот. Поголемиот дел од нас барем еднаш неделно ужива во тестенини, а постојат многу различни начини на кои ги подготвуваме. Но, доколку сакате секој пат да приготвувате вкусни тестенини, тогаш добро запомнете ги следните 15 правила од најголемите мајсторки за подготовка на тестени – Италијанките!rnrn3-italijankite-gi-odobrija-15-kratki-i-edinstveni-pravila-za-sovrsheno-jadenje-so-testenini-www,kafepauza.mk_rnrn1. Тестенините секогаш гответе ги со додавање чили. Но сосот нека не биде премногу лут, бидејќи така би го уништил јадењето. Сепак, нека е доволно интензивен за да го засили вкусот на тестенините.rnrn2. Кога подготвувате јадење со шкампи, во водата во која се вареле шкампите згответе ги и тестенини за побогат вкус.rnrn3. Ако готвите со вино, користете го истото вино кое потоа ќе го пиете заедно со јадењето.rnrn4. Немојте да претерувате со сосот, бидејќи во текот на јадењето треба да уживате и во вкусот на самите тестенини.rnrn5. Испробувајте разни облици на тестенини. Постојат околу 350 разни видови тестенини ширум светот. И тоа е доста голем избор за експериментирање, играње и забава во текот на готвењето.rnrn1-italijankite-gi-odobrija-15-kratki-i-edinstveni-pravila-za-sovrsheno-jadenje-so-testenini-www,kafepauza.mk_rnrn6. Ако сакате да готвите тестенини како што тоа го прават Италијанките, тогаш водата треба да врие од 1 до 5 минути, но не и повеќе.rnrn7. Ако правите јадење со запечени тестенини, секогаш печете така што сјајната страна од алуминиумската фолија ќе ја свртите надолу.rnrn8. Кога топите путер на шпоретот, тргнете го од огнот додека сѐ уште се топи за да не загори.rnrn9. Кога правите тестенини со зеленчук, исечкајте го целиот зеленчук на мали парчиња со еднаква големина за да се зготви рамномерно.rnrn10. Во водата во која се готват тестенините секогаш додавајте сол, но не премногу. Препорачаната количина е 10 грама на 3 литри вода.rnrn2-italijankite-gi-odobrija-15-kratki-i-edinstveni-pravila-za-sovrsheno-jadenje-so-testenini-www,kafepauza.mk_rnrn11. Кога на јадењето ќе му додадете лимон, исцедете го така што месото на лимонот да биде свртено кон дланката за семките да не завршат во јадењето.rnrn12. Избегнувајте да додавате лук во тестенините. Не е потребен при подготвувањето на тестенините и додајте го само доколку вкусот и мирисот на кромидот кој го користите не се доволно добри.rnrn13. Во водата во која се готват тестенините додајте мали шери домати. Со нож засечете ги доматите и ставете ги во водата. Тие ќе им дадат фин вкус на тестенините.rnrn14. Доколку подготвувате јадење и тестенините се изладат пред послужување, не треба повторно да ги загревате, туку само полијте ги со врела вода и продолжете.rnrn15. Маслиновото масло може, но и не мора да се додаде во тестенините додека се варат. Тоа на тестенините ќе им даде сосема поразличен вкус, па употребувајте го тогаш кога сте подготвени за експериментирање.rnrnСосовите се важен дел од сервирањето на тестенините, па погледнете ги овие брзи и едноставни сосови за тестенини.

  • Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

    Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

    Јаглехидратите играат голема улога во правилното функционирање на организмот и задоволувањето на дневните енергетски потреби. Многу нутриционисти препорачуваат консумирање на густи јаглехидрати кои имаат најмалку 2 до 3 грама хранливи влакна на 100 калории. Во продолжение прочитајте кои 6 намирници содржат здрави јаглехидрати, со чија помош ќе можете да ја постигнете посакуваната тежина.rn

    1. Јачмен

    rnЗдрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежинаrnrn125 милилитри варен јачмен = 97 калории, 22 грама јаглехидрати, 3 грама хранливи влакнаrnrnШведските истражувачи го препорачуваат јачменот како продукт кој го задоволува гладот така што го покачува нивото на шеќерот во крвта многу побавно од некои колачи, кои пак нагло го покачуваат шеќерот, а потоа и нагло го намалуваат, притоа исцрпувајќи ја вашата енергија.rn

    2. Грашок

    rnЗдрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежинаrnrn125 милилитри варен грашок = 67 калории, 12,5 грама јаглехидрати, 4,5 грама хранливи влакнаrnrnГрашокот обезбедува 12% од препорачаната дневна доза јаглехидрати и го неутрализира гладот на тој начин што го покачува нивото на лептин – хормонот кој му сигнализира на мозокот дека сте сити.rn

    3. Тестенини од цело зрно

    rnЗдрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежинаrnrn60 грама суви тестенини = 198 калории, 43 грама јаглехидрати, 5 грама влакнаrnrnБританските студии покажуваат дека консумирањето цели зрна, околу 3 порции дневно, се поврзува со понизок индекс на телесна маса и помалку висцерални масти. Порциите и оброците со тестенини важно е да се држат од 100 до 200 калории (125 до 250 милилитри варени тестенини).rn

    4. Пуканки

    rnЗдрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежинаrnrn750 грама пуканки = 93 калории, 19 јаглехидрати, 3,5 грама хранливи влакнаrnrnСпоред едно истражување, пуканките не само што обезбедуваат подолго чувство на ситост во однос на останатите грицки, како на пример чипсот, туку и го држат енергетското ниво под контрола во текот на целиот ден.rn

    6. Овесна каша

    rnЗдрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежинаrnrn125 милилитри сува овесна каша = 153 калории, 27 грама јаглехидрати, 4 грама влакнаrnrnСкоро половина од хранливите влакна во овесната каша се растворливи – тие во организмот се растворуваат во една супстанца слична на гелот која го прави стомакот пополн и посит за подолг временски период. Додавањето на овие влакна во секојдневната исхрана ќе ви помогне во намалувањето на мастите.rn

    7. Киноа

    rnЗдрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежинаrnrn125 грама варена киноа = 111 калории, 20 грама јаглехидрати, 2,5 грама влакнаrnrnСемето од киноа ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои му помагаат на телото во оформувањето и зацврстувањето на мускулниот тонус.

  • Јадете италијанска храна како вистински Италијанец

    Јадете италијанска храна како вистински Италијанец

    Некој ќе каже дека во Италија се слабее, бидејќи Италијанците секогаш јадат свежо подготвена храна. Но, после неколку недели во Италија ќе бидете среќни што со вас сте ги понеле растегливите хеланки за вежбање. Веројатно поради тоа Италијанците се толку среќни – секогаш имаат можност да јадат свежа и вкусна италијанска храна.rnrn(5)-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnВо продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви посочат како вистински да уживате во италијанската храна, како што тоа го прават Италијанците.rnrnИталијанска храна – тоа е љубов!rn

    1. Кафе

    rn(1)-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnКапучиното и макијатото се всушност американски навики за пиење кафе. Вработен во кафе бар во Милано вели дека Италијанците пијат по неколку топли еспреса, и тоа наутро, после ручек и после вечера. После јадење сите се чувствуваме поспано, па затоа се пие еспресо за расонување.rnrnВо ред е: Да се напиете вода пред да се напиете кафе. Така ќе го почувствувате вистинскиот вкус на кафето.rnrnНе е во ред: Да додавате млеко и шеќер (кафето се пие црно и горко).rn

    2. Аперитиви

    rn2-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnИталијанците секогаш пијат кога јадат, па затоа треба внимателно да се избере соодветното вино. Ако не знаете од каде да почнете, пробајте просеко (бело вино) со сирење пекорино, мерлот со салама или каберне со пршута.rnrnВо ред е: Да го промешате и да го помирисате црвеното вино пред да се напиете.rnrnНаздравете или кренете ја чашата ако личноста со која наздравувате седи далеку од вас. И не заборавајте да ги макнете бисквитите во слаткото винсанто.rnrnЗа закуските користете чепкалка. Во петок може и да ја прескокнете вечерата и да се заситите од предјадењата.rnrnНе е во ред: Да пиете на празен стомак, тоа никогаш не завршува добро. Исто така, не служете пенливо вино во тенки високи чаши.rn

    3. Пица

    rnFresh italian pizzarnrnОчекувајте тенко тесто и едноставни состојки (без претерувања и полнето тесто). Во Италија прифатливо е да јадете пица со или без прибор за јадење.rnrnВо ред е: Да ги ставите лактите на масата и да гестикулирате со нив додека јадете.rnrnНе е во ред: Да оставите нешто од пицата. Изедете ја цела!rn

    4. Тестенини

    rn4-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnПовторно, колку помалку состојки, толку подобро. Во Италија, чинија со свежо приготвени тестенини се служи како прв дел од оброкот, пред протеинскиот дел. Може да побарате лажица, но обидете се долгите тестенини како шпагетите да ги навиткате на виљушката, почнувајќи од врвот, а потоа со вртење да направите совршен залак.rnrnВо ред е: Да јадете тестенини и сосови во зависност од регионот во кој се наоѓате. Во Рим тоа е „cacio e pepe“ што во превод значи сирење и пиперка. Во Сиена пробајте „pici“, тестенини кои личат на дебели шпагети. Изненадувачки, во Болоња не постои автентичен болоњезе сос. Кој би рекол?!rnrnНе е во ред: Да додавате премногу состојки или дополнително сос или сол.rn

    5. Џелато

    rn5-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mkrnrnИталијанците редовно имаат десерт и за време на вечерната прошетка после вечерата јадат сладолед или поточно кажано џелато. Џелатото наводно содржи помалку масти од сладоледот.rnrnВо ред е: Да бирате според бојата – вкусот треба да одговара на бојата. На пример, ако е од ф’стаци тогаш џелатото треба да е бледо зелено, ако е од банана не треба да е баш жолто.rnrnДополнително барајте знаци на кои пишува „produzione propria or artigianale“ (направено тука) и места каде што џелатото се чува во метални кутии.rnrnНе е во ред: Да се залетувате на места каде што има огромни количества џелато. Тоа значи дека џелатото е од индустриско производство. Најважно, не бројте ги калориите и не чувствувајте вина.

  • Се прашувате зошто јадете повеќе? Ќе се изненадите, бидејќи од оваа храна станувате погладни

    Се прашувате зошто јадете повеќе? Ќе се изненадите, бидејќи од оваа храна станувате погладни

    Звучи чудно, но сигурно сте забележале дека некогаш после оброкот огладнувате многу брзо и веднаш чувствувате нова потреба за храна. Понекогаш тоа чувство се јавува побрзо отколку што сме очекувале, особено после консумацијата на одреден вид храна.rn

    „Гладот е резултат на многу сложени интеракции кои се одвиваат во желудникот, цревата, мозокот, панкреасот и крвотокот“ – вели д-р Сју Декотис. Таа објаснува дека навистина постои храна која прави да се чувствуваме погладно.

    rnЕве која храна ни делува така…rnrn1-se-prashuvate-zoshto-jadete-povekje-kje-se-iznenadite-bidejkji-ova-hrana-pravi-da-se-chuvstvuvate-pogladno-www.kafepauza.mk_rn

    1. Бел леб

    rnЕдна интересна студија спроведена во Шпанија покажала дека луѓето кои консумираат две или повеќе парчиња бел леб имаат околу 40 проценти поголеми предиспозиции за прејадување. Односно, белото брашно кое се користи за правење на белиот леб ја нема надворешната лушпа, која е заслужна за чувството на заситеност, вели доктор Декотис.rn

    2. Сокови

    rnДобро е познато дека поголемиот дел од купените сокови, дури и оние кои се рекламираат како здрави и природни, се преполни со шеќер и без многу хранливи материи како на пример хранливи влакна. После пиењето ваков пијалак ќе се чувствуваме само погладни, објаснува Митзи Дулан, која е авторка на неколку книги за диета и здрава исхрана. Најдобро е сами да пригответе вкусен, густ, кашест сок – смуди од свежо овошје, во кое може да додадете кесичка протеински прав или пак масло од орев за зголемување на чувството на ситост.rn

    3. Житарици

    rnИако многумина мислат дека изеле здрав оброк, поголем дел од житариците се полни со шеќер и штетни додатоци. Затоа и не е многу чудно зошто чувствувате глад после јадењето на вашите омилени житарици наутро. Заменете ги со поздрава варијанта како оние од цели зрна, а засладете ги со суво овошје, или на пример исечкана банана или пак јаболко.rnrn2-se-prashuvate-zoshto-jadete-povekje-kje-se-iznenadite-bidejkji-ova-hrana-pravi-da-se-chuvstvuvate-pogladno-www.kafepauza.mk_rn

    4. Пица

    rnРетко на кого му е доволно едно парче пица и притоа да не посака повеќе. Пицата е преполна со бело брашно, хидрогенизирани масла, преработени кашкавали и разни други материи кои ги збунуваат деловите на мозокот кои се задолжени за регулирање на гладот. Здраво решение: домашна пица од интегрално брашно, многу зеленчук и мала количина на сирење и месо.rn

    5. Чипс и други солени грицки

    rnСе сложуваме дека е многу тешко да му одолеете на солениот чипс, но токму оваа храна нè тера да посегнуваме по уште. Нутриционистите советуваат дека после оваа солена, калорична бомба ќе посегнеме по нешто благо за да воспоставиме рамнотежа во организмот. Со поедноставни зборови, кога со сласт ќе изедете полна кесичка чипс, во организмот се создава чувство на „сега сум полн/а со солено“, време е „за благо“.rn

    6. Брза храна

    rnНа сите ни е познато дека треба да ја избегнуваме брзата храна. Синџирите за брза храна сè почесто на своето мини ставаат оброци кои ги означуваат како здрави. Но внимателно – овие ресторани се смислени со цел за да посакате да изедете повеќе отколку што ви е потребно. Сè е така дизајнирано за да ги умртви вашите сензори за контрола на апетитот.rnrn3-se-prashuvate-zoshto-jadete-povekje-kje-se-iznenadite-bidejkji-ova-hrana-pravi-da-se-chuvstvuvate-pogladno-www.kafepauza.mk_rn

    7. Алкохол

    rnТука нема што да се објаснува – алкохолот прави да се чувствуваме погладно! Алкохолот го смалува нивото на лептин кој влијае на слабеењето (затоа луѓето кои имаат недостаток на лептин не можат брзо да ги изгубат килограмите).rn

    8. Тестенини од бело брашно

    rnТоа што важи за белиот леб, важи и за тестенините од бело брашно. Исто така тестенините во комбинација со вкусни сосови ќе направат да посакате повеќе. После внесувањето на голема количина јаглехидрати, панкреасот нема да може да произведе доволно инсулин.rn

    9. Вештачки засладувачи

    rnВештачките засладувачи му праќаат порака на нашиот мозок дека стигнува шеќер, а тоа ја зголемува желбата за повеќе шеќер. Затоа следниот пат добро размислете дали ќе ставете вештачки засладувач во вашето кафе.

  • Креативни начини остатоците од храна да ги претворите во здрави оброци

    Креативни начини остатоците од храна да ги претворите во здрави оброци

    Често се случува фрижидерот да биде полн со остатоци од храна кои само зафаќаат место. Не е важно дали се остатоци од храна што сте ја зеле од ресторан или пак произлегле од вашата кујна.rnrnЕве неколку идеи кои остатоците ќе ги претворат во убава храна, фрижидерот ќе се подиспразни, а вие убаво и добро ќе се најадете. Не само што заштедувате пари туку и ѝ помагате на околината и на себеси. Сепак, запомнете дека има и некои додатоци кои во секое време можат да се најдат дома.rnrn1-Kreativni-nacini-kako-ostatocite-da-gi-pretvorite-vo-zdravi-obroci-kafepauza.mkrnrnЕве 5 идеи како остатоците можат да станат оброк:rn

    1. Голема салата

    rnНавикнете го организмот на здрава храна така што ќе почнете да чувате здрави продукти како замрзнато овошје, зеленчук, грав, лешници или пак набрзина пригответе домашни сосови кои одговараат на секаков вид храна. Исто така, добра идеја за лесна салата се и спанаќот, зелката и зелената салата бидејќи се многу вкусни и лесни за подготовка.rnrn2-Kreativni-nacini-kako-ostatocite-da-gi-pretvorite-vo-zdravi-obroci-kafepauza.mkrnrnАко имате остатоци од кинеска храна, додадете замрзнат зеленчук како броколи и грашок и направете микс салата. По желба, може да додадете бадеми, моркови, нерафиниран кафеав шеќер или други зеленчуци и протеини кои ви се при рака. На ист начин може да се приготви и мексиканската, јапонската, па дури и италијанската храна.rn

    2. Тако или бурито

    rnПод претпоставка дека дома имате кори или тортиљи можете да направите брзо тако со преостанатото месо, риба, грав или зеленчук. Добри додатоци се пченката, црниот грав и лут сос. Друга комбинација може да биде со лути пиперки и салца. Богати со протеини и со висока нутрициска вредност овие храбри избори вредат да се пробаат.rnrn3-Kreativni-nacini-kako-ostatocite-da-gi-pretvorite-vo-zdravi-obroci-kafepauza.mk (2)rn

    3. Омлет или киш

    rnАко имате јајца тогаш зошто да не приготвите омлет кој ќе биде готов за неколку минути без многу труд. Ако сакате малку да експериментирате, додадете кашкавал, нане, босилек, месо, компири или леб. За да се разбие монотонијата додадете броколи, спанаќ и грашок. А зеленчукот како кромидот и сушените домати се уште еден прекрасен додаток.rnrn4-Kreativni-nacini-kako-ostatocite-da-gi-pretvorite-vo-zdravi-obroci-kafepauza.mkrn

    4. Тестенини

    rnГолем број од луѓето најчесто дома чуваат тестенини и барем едно пакетче кечап, за секој случај. Кој било сос и тестенини плус остатоците прават навистина вкусен оброк кој ќе ве засити. Интересни идеи за сосови кои лесно можете дома да ги направите се путанеска и песто. Зачини кои долго траат се и лукот, кромидот, магдоносот, ориганото, босилекот, кои плус ѝ додаваат невообичаена арома на храната. Користете ја оваа комбинација на состојки и за помалку од 15 минути ќе добиете вкусна вечера.rnrn5-Kreativni-nacini-kako-ostatocite-da-gi-pretvorite-vo-zdravi-obroci-kafepauza.mkrn

    5. Пригответе храна во вок тава

    rnСѐ додека имате варени или лесно пржени остатоци од храна, додадете ги во голема вок тава, земете малку лук, соја сос, сусам и теријаки сос и ете оброк. Во случај да имате свеж ѓумбир или кој било друг азиски сос како сирача, или киселина од кафеав ориз, можете да ги додадете во тавата. Исто така, замрзнатиот зеленчук е одлична идеја. Замрзнати броколи, кромид, пиперки, грашок, зелен грав и карфиол одат прекрасно во сите азиски јадења и ве спасуваат од макотрпна работа како сечење, миење и сл.rnrnstir fried vegetables in a chinese wokrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 ладни салати со тестенини

    4 ладни салати со тестенини

    Разгледајте ги овие неколку рецепти за салати со тестенини кои се многу вкусни кога се ладни, а и брзо ќе ве најадат.rn

    Салата со тестенини, домати, тиквички и сирење

    rn4 ладни салати со тестениниrn

    Потребни состојки за 6 порции:

    rn

      rn011

    • 400 грама тестенини
    • rn011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn011

    • 1 лимон (или повеќе ако сакате)
    • rn011

    • 300 грама шери домати, исечкани на половинки
    • rn011

    • 2 тиквички, исечкани на коцки
    • rn011

    • 200 грама изронето фета сирење
    • rn011

    • магдонос
    • rn011

    • сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСварете ги и исцедете ги тестенините. Додајте им маслиново масло цеден сок и рендана кора од еден лимон, сол и бибер. Измешајте, а потоа додајте ги тиквичките, доматите, магдоносот и фета сирењето. Измешајте уште еднаш и оставете ја салатата во фрижидер неколку часа.rn

    Салата со тестенини, песто и грашок

    rn4 ладни салати со тестениниrn

    Потребни состојки за 4 порции:

    rn

      rn011

    • 300 грама тестенини
    • rn011

    • 200 грама замрзнат грашок
    • rn011

    • 50 грама босилек или нане
    • rn011

    • Едно големо чешне лук, исечкано
    • rn011

    • 50 грама пармезан
    • rn011

    • 3 лажици испржени јаткасти плодови
    • rn011

    • 3 лажици сок од цеден лимон
    • rn011

    • 100 мл маслиново масло
    • rn011

    • Сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗа да го направите песто сосот, во блендер ставете ги босилекот, лукот, јаткастите плодови, пармезанот, и лимонот. Убаво изблендајте, а потоа додајте го маслиновото масло и сол и бибер по вкус. Потоа во голем сад ставете ги подготвените тестенини, грашокот и сосот. Добро измешајте и оставете во фрижидер за добро да се олади.rn

    Салата со тестенини, краставици и фета

    rn4 ладни салати со тестениниrn

    Потребни состојки за 4 порции:

    rn

      rn011

    • 300 грама тестенини
    • rn011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn011

    • Сок и кора од еден лимон
    • rn011

    • Една голема краставица, исечена на коцки
    • rn011

    • 50 грама изронето фета сирење
    • rn011

    • Една лажица нане
    • rn011

    • Една лажица магдонос
    • rn011

    • Сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСварете ги тестенините и само додајте ги сите состојки. Измешајте и оставете во фрижидер за да се излади.rn

    Салата со тестенини и крем од авокадо

    rnrn

    Потребни состојки за 2 порции:

    rn

      rn011

    • 250 грама сварени тестенини
    • rn011

    • Половина презреано авокадо
    • rn011

    • Половина лимон (или повеќе, зависно од вашиот вкус)
    • rn011

    • 5 ливчиња нане
    • rn011

    • ½ лажица сол
    • rn011

    • ½ лажица бибер
    • rn011

    • ½ лажица маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНа една страна згответе ги тестенините, а на друга во блендер ставете ги сите останати состојки и мешајте додека добиете хомогена смеса. Потоа само додадете го сосот врз тестенините, добро измешајте и изладете во фрижидер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 брзи и едноставни сосови за тестенини

    5 брзи и едноставни сосови за тестенини

    Варењето на тестенините е една од наједноставните работи кои можете да ги направите во кујната. И овие сосови исто така се лесни за приготвување, но на крајот ќе ви овозможат одличен оброк.rnrn5-brzi-i-ednostavni-sosovi-za-testenini-kafepauza.mkrn

    1. Сос од свежи домати

    rnИсецкајте на ситни коцкички 6-7 свежи домати и измешајте ги со 1 чешне истолчен лук, 5 лажици маслиново масло, сол и бибер. Ако сакате можете да додадете и 250 грама моцарела.rnrn

    2. Сос од домати, кромид и печурки

    rnВо тава на оган издинстајте 1 главица кромид. Потоа додајте му 4 домати исечени на парчиња и 200 грама печурки. Оставете да крчка околу 20 минути, а кога ќе биде готово додајте свеж босилек, сол и бибер.rn

    3. Сос со печурки и бело вино

    rnВо тава на оган ставете малку путер, 250 грама печурки, 2 мали истолчени чешниња лук и 1 лажица маслиново масло и оставете да крчка 5 минути, мешајќи постојано. Потоа додадете 60 мл бело вино и гответе додека виното не испари. Кога ќе испари, додадете уште 120 грама слатка павлака и чекајте да згусне. На крај додајте сол и бибер.rn

    4. Сос од сланина и млад кромид

    rnИспржете 8 парчиња сланина, а потоа отстранете го мрсниот дел и оставете ја на хартија за да се исцеди маслото. Пропржете неколку главици млад кромид во малку путер и маслиново масло, а потоа ним додајте им ги тестенините, сланината и малку пармезан за да се соединат.rn

    5. Сос со лимон, босилек и маскарпоне

    rnНа тивок оган загрејте 220 грама маскарпоне, 5 лажици цеден лимон и малку рендана кора од лимон. Држете ја смесата на оган околу пет минути. На крај додајте сол и бибер.rn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабете

    Храна која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабете

    Ако сакате да изгубите телесна тежина, тогаш овие неколку продукти не би требало да бидат вклучени во вашето мени.rnrnХрана која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабетеrn

    Тестенини од бело брашно

    rnЗнаеме дека тестенините како макарони или шпагети се честопати вклучени во исхраната на врвните спортисти, но тоа не се оние тестенини направени од бело брашно. Јаглехидратите содржани во нив се осиромашени и можат да предизвикаат некои реакции во организмот кои придонесуваат за складирање на масни наслаги. Наместо тоа, одберете тестенини од нерафинирано брашно.rn

    Бел леб

    rnБелиот леб ги има истите карактеристики како и тестенините од бело рафинирано брашно. Содржи премногу вештачки состојки кои се корисни за бизнисот на пекарите, но не и за вашиот организам.rn

    Слатки

    rnДобро е познато дека наместо да даваат енергија, тие секогаш завршуваат како масни наслаги. Во ред е да се насладувате со благи работи одвреме-навреме, но тоа не смее да биде стандарден дел од вашата исхрана.rn

    Брза храна

    rnПржените компирчиња и останатата брза храна важат за најчести причинители за појава на вишок килограми. Содржат премногу масти, во количина во која организмот не може да ги претвори во енергија и затоа остануваат под кожата.rnrnИсто така, треба да се избегнува и чипсот. Тој може да се замени со пуканки, кои се здрава закуска.rnrnХрана која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабетеrn

    Газирани сокови

    rnОсвен вкусот кој краткотрајно останува во устата, газираните сокови немаат друга позитивна страна. Нивната нутритивна вредност е рамна на нула и се исклучително неквалитетно гориво за организмот.rn

    Сувомесни производи

    rnВо сувомесните производи нема многу месо. Нивниот вкус произлегува од разните вештачки материи кои ги содржат, а кои на крајот предизвикуваат срцеви заболувања и дијабетес.rn

    Одредени видови житарки

    rnПотребно е да се биде претпазлив кога се купуваат житарки. Внимателно прочитајте на кутијата што сè е содржано во она што сакате да го купите. За да имаат подобар вкус производителите честопати додаваат разни засладувачи кои не ви требаат. Наместо тоа, одберете житарки во кои нема никакви додатоци, а потоа бидете креативни и пронајдете го вашиот омилен вкус.rn

    Прелив за салата

    rnКаква салата и да направите, ако ѝ додадете прелив кој не е здрав, џабе јадете салата во обидот да загубите некој килограм. Ако врз вашиот зеленчук ставите мајонез, не може да стане збор за здрава исхрана.rn

    Маргарин

    rnМаргаринот е еден од најлошите продукти кои можат да нахранат човек. Содржи многу масти, многу повеќе од путерот, и што е најлошо, неговата редовна употреба значително го покачува лошиот холестерол.

  • Пропржени тестенини со зеленчук и павлака

    Пропржени тестенини со зеленчук и павлака

    Вкусен ручек со богат вкус…Пропржени тестенини со зеленчук и павлакаПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200-300 г сварени тестенини
    • rn011

    • 4 пиперки во различни бои (жолта, зелена, портокалова и црвена)
    • rn011

    • 2 лажици масло за готвење
    • rn011

    • сол и бибер
    • rn011

    • биозачин
    • rn011

    • 200 мл кисела павлака
    • rn

    rnНачин на подготовка: Измијте ги пиперките и исечете ги на кругови. Во тавче загрејте го маслото и потоа ставете ги пиперките.rnrnДодадете малку биозачин, а по десет минути додадете ги и тестенините. Ставете малку сол и бибер и лесно мешајте со дрвена лажица за тестенините да се запечат убаво.rnrnКога тестенините ќе добијат златно-жолта боја, тргнете ги од оган и оставете ги неколку минути да се оладат. Потоа додадете ја киселата павлака, убаво измешајте ги и послужете ги.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го победите уморот?

    Како да го победите уморот?

    Американски експерти откриваат кои продукти нè прават уморни, а кои ни даваат сила и енергија. Според нив, за да го елиминираме лошото чувство, во секојдневната исхрана треба да вклучиме овесни снегулки (особено наутро), јаткасти плодови (ореви, ф’стаци, бадеми и сл.), семиња и обезмастено кисело млеко.Како да го победите уморот?Исто така, и продуктите полни со железо имаат стимулирачки ефект врз организмот. Такви се јаболката, гравот, спанаќот и леќата.rnrnСлатките задоволства и алкохолот пак, имаат спротивен ефект – предизвикуваат сонливост и чувство на исцрпеност. Меѓу производите кои нè прават уморни и треба да ги избегнуваме се и тестенините и мисиркиното месо (заради присуството на специфичен протеин во него, кој има претерано релаксирачки ефект).rnrnОвој список со храна која треба да ја внесете, односно да ја отфрлите од секојдневието, е корисен и за оние што страдаат од несоница или едноставно сакаат да останат ведри и свежи во текот на целиот ден.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.