КАФЕ ПАУЗА

Tag: тексас

  • Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци

    Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци

    Тексасот е материјал од безвременски вид. Се носи секоја година, во секоја сезона и може да се комбинира за различни прилики. И покрај тоа што е карактеристичен за брендовите кои ја диктираат уличната мода, сè поприсутен станува и помеѓу креациите на луксузните дизајнери.rnrnМоден тренд: тексасот како дел од модните додатоциrnrnДека тексасот премина во високата мода доказ се најновите трендови од модните куќи кои ги најавуваат пролетните колекции за 2014-та. Еден специфичен тренд во оваа насока е т.н. denim on denim во кој тексасот се комбинира со тексас. Луј Витон, Александар Мекквин, Кристифер Кејн се дел од модните компании кои го предлагаат овој вечен тренд во нова варијанта.rnrnПа така, веќе имаме можност да ги видиме модните додатоци во овој стил, а она што можеме да го очекуваме од овој тренд напролет е отмен и шик изглед за секојдневни, но и за вечерни прилики.rnrnМоден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци Моден тренд: тексасот како дел од модните додатоци
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни комбинации со тексасни кошули

    Интересни комбинации со тексасни кошули

    Можеме во едно нешто да се согласиме со сигурност, тексасот не излегува од мода. Тогаш што е попрактично од поседување на парче тексасна облека?rnrnТексасните кошули лесно можат да се комбинираат со фармерки, кратки пантолончиња, здолништа, да се вметнат во лежерен или повпечатлив изглед и секако, се носат во повеќе годишни времиња. Во продолжение следат интересни комбинации со тексасни кошули.Интересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошулиИнтересни комбинации со тексасни кошули
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

    Ремек-дела „насликани“ на стар добар син џинс

    Шведскиот артист Ијан Бери, познат под уметничкото име Дениму, работи исклучиво со парчиња тексас во разни нијанси на сино и на нив „слика“ пејзажи и луѓе. „Сликите“ на овој артист претставуваат извонредна мешавина од бои, нијанси и облици. За разлика од традиционалните сликари кои можат да ги измешаат боите сè додека не ја добијат нијансата која им е потребна, Дениму се соочува со многу потешка задача, отсекувајќи ја внимателно секоја нијанса, така за да одговара на предметот кој се илустрира.rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсrnrnПрвпат почнал да се занимава со арт на џинс кога по студирањето се вратил во своето гратче од детството Хадерсфилд, Англија во 2006 година. Таму начекал куп стари фармерки, кои веројатно ќе завршеле во добротворни цели. Но, артистот Дениму видел можност за реупотреба на оваа ткаенина на уникатен начин. Почнал да експериментира со текстилот додека истовремено учел како да манипулира со боите, користејќи белило, матрици за цртање и лепак. За една слика му требаат неколку недели, а за тоа време тој макотрпно сече, шие и лепи парчиња создавајќи импресивни ремек-дела. rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсrnrnБери почнал да работи на своите „слики“ од тексас со полно работно време откако бил отпуштен од работа како уметнички директор. Тој досега има изработено 80 „слики“, но очекува дека во иднина темпото ќе се намалува со оглед на тоа дека ќе посветува повеќе внимание на секое индивидуално дело. Понекогаш му треба половина ден само за да го најде вистинското парче тексас.rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс
    rn

    „Веројатно ќе правам сè помалку и помалку секоја година, бидејќи сакам да правам поголеми слики со повеќе детали. Навистина би сакал да ги правам побрзо, но поважно ми е да работам подобро отколку побрзо. Имам сè повеќе нарачки, но во моментов сум повеќе концентриран на изложби во галерии. Мислам дека луѓето ќе почекаат ако навистина ги сакаат моите слики. Не сакам да заработам набрзина. И онака би прифатил само интересни нарачки.“

    rnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсrnrn28-годишниот артист неодамна се врати од изложба во Мајами, Флорида, каде што неговите дела достигнаа цена до 4.500 фунти за парче.rnrnРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинсРемек-дела „насликани“ на стар добар син џинс
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добрите христијанки (Good Christian Belles)

    Добрите христијанки (Good Christian Belles)

    ТВ серија за животот на група христијанки и за новиот почеток на нивната поранешна соученичка…rn

    ДХУ (GCB)Креатор: Роберт Харлинг

    rnГлавни улоги: Лесли Биб, Ени Потс, Кристин Ченоувет, Дејвид Џејмс Елиот, Џенифер Аспен, Бред Бајер, Мириам Шор, Марк Деклин, Марисол Николс и Тајлер Џејкоб МурrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 март 2012rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Добредојдовте во Далас, Тексас каде што секој ден е „судниот“ ден. Од креаторот на „Сексот и градот“ доаѓа нова ТВ серија која ќе ви покаже што се случува доколку одлучите да си играте со Тексас. Работите никогаш не се такви како што изгледаат и оваа серија совршено го доловува тој момент. Непредвидливите ситуации проследени со хумористични пресврти целосно ќе го задржат вашето внимание и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие необични и добри христијанки-убавици.rn



    rn

    rnПриказна: Аманда Вон (Лесли Биб), поранешна „лоша девојка“ е приморана да се врати дома откако нејзиниот брак завршува со скандал. Нејзината мајка Џиџи (Ени Потс) е пресреќна бидејќи добива втора шанса со својата ќерка, но поранешните соученички на Аманда не го делат нејзиното мислење. Предводени од Карлин Кокбрн (Кристин Ченоувет), Крикет Карут-Рејли (Мириам Шор) и Шерон Пичам (Џенифер Аспен) се потсетуваат на старите лоши времиња и пробуваат да ги „израмнат сметките“ со Аманда. Но, тие полека ќе почнат да сфаќаат дека таа веќе не е тоа што била во средно училиште.ДХУ (GCB)Карлин и Рип Кокбрн (Дејвид Џејмс Елиот) имаат таканаречен „совршен“ христијански брак. Карлин постојано се води според Библијата и во некои ситуации кога ќе тргне во погрешна насока, Рип е тука да ја потсети на вистинскиот пат. И покрај тоа што таа воопшто не ја сака Аманда, нејзините верувања ја спречуваат да ја мрази и да ù наштети на кој било начин, па затоа постојано смислува креативни и „легални“ начини за да ù се спротистави.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Шерон и Зек Пичам (Бред Бајер) биле кралот и кралицата на матурската вечер, најубавиот пар во училиштето. Тие имале големи планови за иднината, но некако работите не им испаднале баш така како што си ги замислувале. Враќањето на Аманда ќе предизвика низа настани кои ќе ги потсети на оние работи кои тие навистина ги сакаат. Што се однесува до Крикет и Блејк Рејли (Марк Деклин), тие имаат малку специфичен брак кој се темели на длабоко пријателство, но не и на љубов. И двајцата имаат партнери надвор од нивната врска – Крикет најчесто излегува со нејзините инструктори (таеквондо, јога…), додека пак Блејк е повеќе заинтересиран за личности од машкиот пол.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Заедничко кај сите овие ликови е неделната посета на црквата. Пастор Џон Тудор (Тајлер Џејкоб Мур) e проповедник во таа црква и покрај неговата редовна работа многу често има улога и на брачен советник, како и на официјален психолог во предградието. Најтешката задача му е да се справува со групата на христијанките-убавици и поради тоа ќе ја вработи Аманда како негова секретарка за да му помага во одредени „тешки“ ситуации. Оваа нова позиција на моќ нема многу да им се допадне на девојките, но Аманда одлично ќе ја искористи за да докаже дека е сменета, како и за да поправи некои сфаќања за жените кои владеат во нивното предградие.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Кога да ја гледате: Оваа ТВ серија е одлична за време на паузата за кафе. Непредвидливите ситуации целосно ќе го задржат вашето внимание, а хумористичните пресврти ќе ве насмеат до солзи и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие девојки кои секојдневно дознаваат нешто повеќе за себе и за нивните најблиски.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 модни правила кои смеете да ги прекршите

    10 модни правила кои смеете да ги прекршите

    Автор: Д.Џ.rnrnСекој од нас има слушнато барем неколку стари модни правила, најголемиот број од нив кажани од нашите мајки или баби кога носиме нешто необично или нешто што нив не им се допаѓа. Многу често, колку и да ви се допаѓала вашата комбинација од парчиња, овие модни правила успевале да ве премислат. Со времето и развивањето на модата на светско ниво, многу од овие модни-закони полека паѓаат во вода. Време е овие стари модни закони да ги оставиме зад нас и да експериментираме надвор од некои поставени граници.rnrnОвие се неколку модни правила кои ви е „дозволено“ (и ве охрабруваме) да ги прекршите:rn.rn

    1. Никогаш не носете бело во зима

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеrnrnДефинитивно едно од модните правила кое секој од нас го слушнал мал милион пати, а некои и сѐ уште се држат до него.  Белата боја е прекрасна, не само за летните фустанчиња и маички! Без разлика дали станува збор за бело капутче, џемпер или чизми, белите парчиња ќе го освежат вашиот изглед во сивите есенски и зимски денови.rn.rn

    2. Чевлите треба секогаш да одговараат со чантата

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеСе разбира дека вашите чевли и чанта треба да одговараат со останатите парчиња од вашата комбинација, но никој не вели дека тие треба да одговараат едно со друго! Во последно време се почесто среќаваме комбинации во кои чевлите се искомбинирани со накитот, лакот на ноктите или друго парче од изгледот. Ако се ограничиме, нашите чевли секогаш да одговараат со чантата која ја носиме, тоа ќе не остави со многу помалку  можни комбинации кои може да ги направиме, а и скоро е невозможно чантата и чевлите толку многу да се погодат едно со друго!rn.rn

    3. Никогаш не носете црна боја со тегет или кафено

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеСигурно веќе сте забележале дека последниве 2-3 години луѓето околу вас сѐ почесто ги комбинираат овие бои меѓусебно. Нашите мајки (и не само тие) уште не можат да поверуваат дека најголемото модно правило секојдневно се прекршува. И јас на почетокот бев скептична во врска со ваквите комбинации, но кога самите ќе испробате ќе заклучите дека светлите нијанси на кафена боја (светло кафени чизми и каиш многу интересно одговараат со црни пантолони или здолништа) и некои нијанси на тегет (на пример – индиго) многу интересно одговараат со црната боја.rn.rn

    4. Никогаш не носете црвено ако сте црвенокоси

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеСосема неточно! Можеби треба црвенокосите да посветат повеќе време во изборот на вистинската нијанса, но не е точно дека воопшто не треба да носат црвено!rn.rn

    5. Не комбинирајте накит од различни метали

    rnЗашто да се ограничиме само на златен или на сребрен накит, кога може интересно да се искомбинираат различните метали, па и разни други материјали? Доколку се внимава и убаво се замисли, комбинирањето на накитот од различни материјали (дрвен, метален…) може да изгледа необично и да и даде дополнителен, необичен шмек на секоја комбинација!rn.rn

    6. Никогаш не носете хулахопки со чевли со отворени прсти

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеПрекршувањето на ова правило бара многу внимание за да изгледа убаво. Комбинирањето на чевлите со отворени прсти и хулахопките треба да се направи внимателно. Особено треба да се внимава на изборот на хулахопки/чорапи.rn.rn

    7. Не носете превртена кожа или кожа во лето

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеШтета е да не можеме нашите омилени кожни чанти да ги носиме и во летните месеци. Но, не само чантите – тука спаѓаат и кожните јакни кои се одлични во комбинација со летните фустанчиња (во оние постудените летни вечери)!rn.rn

    8. Никогаш не комбинирајте различни шари

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеКолку досадно правило! Токму затоа и се почесто се прекршува! Комбинирањето на различни дезени (се разбира, не секакви, и треба да се внимава) е многу интересен начин вашата комбинација да биде малку необична и интересна. Тука спаѓаат сите комбинации на карирани шари, линии и други.rn.rn

    9. Никогаш не комбинирајте тексас со тексас

    rn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеОваа сезона многу се модерни тексас кошулите, кои во поголемиот дел од случаите се комбинирани со тексас фармерки! Внимавајте само на боите, не секој тексас одговара со некој друг! Обично тоа се комбинации на светли тексас кошули/јакни со фармерки од потемен тексас (и обратно).rn.rn

    10. Секоја боја во вашата комбинација треба да одговара една со друга

    rnНаједноставен начин обичната комбинација на облека (бои кои меѓусебно се претопуваат) да стане необична, е да додадете едно парче кое ќе се издвојува. Без разлика дали е тоа накит во интересна, упадлива форма или боја, или пак чевли, чанта, венче…rnrn10 модни правила кои смеете да ги прекршитеrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.