Пролетта конечно пристигна, а со тоа ни даде и зелено светло за тексас комбинациите. Одамна се уверивме дека станува збор за безвремен тренд кој трае и трае, и кој никогаш нема да престане да биде нашиот спас кога немаме идеја што да облечеме. За сите прилики, за секоја доба од денот или ноќта, тексасот е тука да направи да изгледаме атрактивно и модерно. Но, денес нема да го фалиме нашиот омилен материјал, туку ќе откриеме кои трендови за оваа година се клучни.rnrn
rn
1. Апликации
rnСигурно веќе забележавте дека апликациите се насекаде околу вас. Девојките не можеа да одолеат, а да не ги освежат своите модни комбинации со овие детали, па затоа и постојано ги гледаме. Апликациите на тексасот се вистински хит за оваа година, а со нив можете да ги украсите здолништата, јакните, фармерките и кошулите. Освен тоа, ако не сакате да купите парче кое е веќе украсено на овој начин, тогаш пронајдете апликации и со нив освежете ја вашата стара гардероба.rnrn
rn
2. Тексас обувки
rnКендал Џенер го облече тексасот на одамна заборавен начин – во вид на обувки! Интересно, а лесно за комбинирање. Исто како кога смислувате целосна тексас комбинација, така и само со еден пар обувки ќе ја „зачините“ едноставната, монохроматска комбинација.rnrn
rn
3. Искинати краеви
rnНогавиците на фармерките ви се долги и сакате да ги скратите? Во ред, само немојте да ги порабите, туку оставете ги кончињата слободно да летаат на сите страни. Можеби не ги сакаме расветаните врвови на косата, но кога се фармерките во прашање, со задоволство ги прифаќаме! Освежете ги фармерките на овој начин и ќе изгледате лежерно и тренди.rnrn
rn
4. „Машко“ закопчување
rnСекако дека нема правила кога станува збор за „машкото“ и „женското“ закопчување, особено денес, во добата на секојдневни трендови, но ваквиот вид закопчување, кое вклучува само петелки и ништо повеќе, неодоливо потсетува на старите машки фармерки. А тоа оваа година ќе биде вистинскиот „бум“ кога се во прашање женските модели.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за повеќе тексас комбинации…rn


rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn

rnrnЗакопчајте ја, исправете ја јаката и спремни сте.rn
rnrnЕден од најголемите трендови оваа сезона – свилените блузи од осумдесеттите, додаваат неочекуван контраст на омилената тексас јакна.rn
rnrnДвојниот тексас не е ништо ново. Но, овој пат комбинирајте со потемни фармерки што започнуваат повисоко од долниот крај на вашата јакна.rn
rnrnИ ќе изгледате едноставно неодоливо!rn
rnrnУкрасувањето е повторно во мода. Зашијте си некои модни детали и создадете необично парче облека.
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rn
rn
rn
rn

rnrnДоколку и вие сакате да ја испробате оваа боја, слободно експериментирајте со нијансите, а исто така, не мора да ја бојадисате целата коса, туку можете да испробате и омбре техника. Сините краеви особено добро ќе им стојат на девојките кои имаат црна боја на коса и скоро бела или сивкаста. Исто така, доколку имате сини очи и ја бојадисате вашата коса во слична нијанса, таа совршено ќе ги истакне. Без разлика кој избор ќе го направите, гарантирано ќе бидете забележани!rnrn
rnrnОткако ќе имате коса во ефективната боја, потоа треба да се посветите на вашата фризура. Ако веќе драстично ја променивте бојата на косата, тогаш можете да ја промените драстично и вашата фризура. На пример, долгата коса можете да ја скратите или пак да направите шишки доколку сте немале до сега. Варијациите во поглед на сосема рамна коса, благо навиткана и тотално извиткана коса се дозволени, а исто така можете да изберете помеѓу пунџа, плетенка или коњско опавче.rnrn
rnrn
rnrnИдеалната шминка за оваа боја на коса е онаа во потемни нијанси, односно обидете се да ги нагласите очите со дебело исцртана линија со ајлајнер и со многу маскара. На усните нанесете некоја нежна боја кармин и тоа ќе биде доволно.rnrn
rnrnАко во некој случај ве мачи гардеробата, и не знаете што може да одговара со оваа боја на коса, најдобро би било да изберете сигурни варијанти и да се одлучите за црна, бела, беж и тегет нијанси. На тој начин нема да изгледате „пренатрупано“, туку ќе изгледате елегантно и отмено.rnrn
rnrnГледате дека воопшто не е тешко да имате впечатлива боја на коса? Дури, таа може да биде ваша предности, бидејќи покрај ваква фризура нема да ви бидат потребни други детали. Дали би го испробале овој нов моден тренд?

rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn