Од првиот сладок бакнеж, до првата заедничка ноќ и заминувањето на годишен одмор, ова се работи кои ја обележуваат љубовната врска.rnrn
rn
1. Првиот разговор
rnПрвиот разговор е возбудлив скоро како и првиот бакнеж. Трае со часови, а се чини како да поминал за миг. Тогаш дознавате за неговата/нејзината омилена храна, за срамните ситуации од неговото/нејзиното минато и слично. Сакате да чуете сѐ и воопшто не ви е здодевно.rn
2. Првиот бакнеж
rnБил неспретен или страстен, првиот бакнеж е сепак посебен момент во врската. Се памети цел живот.rn
3. „Ова е мојот дечко“ („Ова е мојата девојка“)
rnОваа реченица е знак дека партнерот има сериозни намери за врската. Првото претставување значи дека тој е посветен на вас и на самата врска.rn
4. Првата преспиена ноќ
rnОва е ситуација која ќе ја одреди вашата иднина бидејќи токму првата ноќ заедно е показател како би изгледале сите останатите заеднички ноќи.rn
5. Првото „те сакам“
rnДа кажете некому дека го сакате е многу убаво, но може да биде и многу стресно. Секогаш ќе се прашувате што може другиот да одговори на тие две мали слатки зборчиња. Исчекувањето ќе го дефинира вашиот однос.rnrn
rn
6. Првото „ние“
rnПрвиот заеднички потпис на честитка или на картичка за подарок е показател дека виде двајца сте станале едно „ние“.rn
7. Првата кавга
rnКавгите се вообичаен дел од секоја врска, но кога ќе почнат да фрчат искри за првпат, тоа се памети, а особено кога после тоа ќе следува слатко смирување.rn
8. Првото заедничко патување
rnПрвото заедничко патување е вистински тест за врската. За само неколку дена можете да дознаете како функционирате заедно, да ги откриете навиките на партнерот, како и да ја запознаете неговата личност без преправања.rn
9. Првиот шопинг
rnШопингот е стрено искуство, особено за машките кои најчесто немаат нерви да шетаат со часови низ трговските центри. Тоа ќе биде тест за неговите нерви и неговиот праг на толеранција.rn
10. Препуштање на далечинскиот управувач
rnМашките се доста посесивни кога станува збор за управувањето со телевизорот, па кога првпат ќе го предадат далечинскиот управувач на партнерката, тоа е знак дека нејзината среќа им значи повеќе од својата. Макар и тоа да значи дека ќе треба да гледаат турска серија.rnrn
rn
11. Замислување на заедничката иднина
rnМоментот кога ќе сфатите дека со него/неа сакате да го поминете остатокот од животот е клучна пресвртница во врската. Обврзувањето за делење на животот со некого значи дека ќе бидете со него и во добро и во зло, а не дека ќе избегате при првиот знак на проблем.rn
12. Првиот пат без шминка
rnТоа што девојките ќе се појават во тренерки и без шминка пред своите партнери е всушност добро, значи дека се чувствуваат удобно покрај своите момци и не чувствуваат дека треба да се кријат зад шминка.rn
13. Посета на лекар
rnЗаедничкото одење на лекар е вистински тест за врската. Во таков момент треба да бидеме посилни за својата друга половина и да ја дадеме својата поддршка. Таа ситуација ќе му покаже на партнерот дали сме доволно силни за предизвиците кои ги носи иднината.rn
14. Заедничка грижа за милениче
rnНе е важно дали чувате домашно милениче или орхидеја, со самото тоа што двајцата ќе се грижите за нечиј живот, вашата врска станува поцврста.rn
15. Преданост
rnПреданоста е, покрај љубовта и меѓусебното почитување, најважниот дел од секоја врска. Моментот кога ќе сфатите дека партнерот ви е целосно предаден, ќе ве натера да се трудите уште повеќе околу врската, за да не го изгубите она што го имате.



rnrnЉубовните врски бараат многу напорна работа. И доколку и двете страни не вложуваат константно многу труд, врската започнува да се распаѓа и во најлош случај целосно завршува. Но, тоа не мора да значи дека истото ќе ви се случи и вам. Доколку сакате да останете во моменталната врска, тогаш погледнете ги овие 4 магични фрази кои ќе ви помогнат многу лесно да ја остварите вашата цел.rn
rnrnБарањето размислување од друг може да ви помогне да станете поотворени и покреативни при изнаоѓање нови решенија за вашите проблеми. Ако го/ја запрашате партнерот, односно партнерката за мислење, тој/таа можеби ќе ви понуди сосема различно гледиште од вашето, нешто што вам ни на крај памет не би ви паднало. На тој начин ќе му/ѝ покажете дека го почитувате неговото/нејзиното размислување, дека тоа е важно за вас, ќе ја зацврстите вашата врска, а можеби и ќе научите нешто ново за полесно справување со секојдневните проблеми.rn
rnrnКога се случуваат вакви работи, многу лесно може да се сфатат лично. И покрај тоа што има шанси овие работи да се прават намерно, многу почесто тие настануваат поради случаен сплет на околности. Можеби вашиот партнер не знае дека толку ве нервира подигнатиот капак или пак вашата партнерка не е свесна колку ви се важни одредени спортски натпревари.rnrnОбидете се да му/ѝ објасните зошто толку ве иритираат овие ситуации, но направете го тоа на начин со кој ќе покажете дека сакате го разберете нивното однесување, не да ги обвинувате за она што е веќе направено. Исто така откако ќе го кажете своето, дајте им шанса за објаснување и откако ќе ги ислушате, едноставно и смирено објаснете им како тоа делува на вас. Ќе се изненадите што сè можете да решите со едноставна и смирена комуникација.rn
rnrnПробајте да ја погледнете ситуацијата од малку поинаков агол. Не мора да значи дека секогаш треба да ви биде криво за тоа што сте го направиле, но сепак тоа не ве спречува да се извините за своите постапки со кои сте ги повредиле оние кои ги сакате. Фразата „извини“ не мора да значи признавање на вината. Може да се каже за да покажете дека сфаќате дека сте повредиле некого и дека поради тоа жалите.rn
rnrn„Те сакам“ може да биде искажано на вербален, но и на невербален начин. Секоја личност е различна. Некои луѓе ги кажуваат овие 2 збора постојано, додека пак други многу ретко. Но, бројот колку пати се кажани не е мерило за љубовта која тој/таа ја чувствува за вас. На некои луѓе едноставно полесно им е да ви кажуваат „Те сакам“ преку одредени постапки, како на пример да ви подготвуваат свежо кафе секое утро. Пронајдете го начинот на кој вашиот партнер вистински ги искажува своите чувства и со тек на време ќе сфатите дека можеби тој/таа ви кажувале дека ве сакаат многу почесто отколку што претходно сте мислеле.rnrn rnrn
rnrnЅидот е направен од страна на уметниците Фредерик Барон и Клер Кито, како рандеву локација за вљубените и како траен споменик за вечно восхитување. Фразите ги запишувал Фредерик во нотес, чукајќи од врата на врата по амбасадите и соседите сè додека не собрал 300 на различен јазик.rnrn


rnrn
rnrnВо ова видео се спакувани романтични изјави од дури 95 филмови. Можеби ќе го препознаете вашиот омилен филм и токму ова видео ќе биде причина за повторно да се препуштите и да уживате во романтична атмосфера.rnrnrnrn rnrn
rnrnТокму тоа била идејата на Мајкл Марантс, кој на денот на мајката во Америка решил да прошета низ улиците во Њујорк и да го поставува ова прашање на случајни минувачи. Некои од нивните одговори биле сосема очекувани, но повеќето од нив биле уникатни, интересни и неодоливи…rn
rnrnМи недостига еден топол поглед,rnи цврсто држење за рака.rnМи недостига сјајот на едни очи,rnи храброста да им шепнам TE САКАМ.rnМи недостига една силна прегратка,rnи скришно украден бакнеж.rnТолку нешта ми недостигаат!…rnа те нема да ми ги дадеш.rnМи недостигаат долгите разговориrnи доверените тајни.rnМи недостигаат погледите,rnи очи со искри сјајни.rnМи недостига рамо за плачење,rnи смеата од срце.rnМи недостига, се губатrnдве подадени раце.rnМи недостига зимаrnзатрупана во бели снегови,rnза мене топли деновиrnми недостигаат оние мигови…rnНе ми недостига љубовта твоја,rnникогаш ја немав.rnМене не ми недостигаш Ти!rnМи недостига човекот кој мислев дека си…
rnrn
rnrnИстражувањето било направено во училиштето за менаџмент „MIT Sloan“, во Масачусетс, а спроведено на луѓе со возраст од 25 до 60 години. Тимот од социјални психолози открил дека луѓето се посреќни кога партнерот ќе им изјави љубов, откако ќе имаат интимни односи за првпат, одошто кога ваквите изјави настапуваат претходно во врската. Тие ова го објаснуваат, велејќи дека двата пола се генетски програмирани да инвестираат во љубовна врска, која има потенцијал за бременост кај жената.rnrnЏош Акерман, кој го предводел истражувањето, вели дека љубовта не може да се измери на овој начин, бидејќи врз подготвеноста да се каже „те сакам“ и чувството откако некој ќе ви изјави љубов, влијаат различни фактори.rnrnСепак, истражувањето покажало дека мажите кои им велат на нивните партнерки „те сакам“ пред да имаат секс со нив, се помалку заинтересирани за градењето цврста и долготрајна љубовна врска со неа.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn