КАФЕ ПАУЗА

Tag: те сакам

  • Реченици што жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“

    Реченици што жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“

    Иако изјавата „те сакам“ е најмоќната реченица во светот што сите сакаат да ја слушнат како потврда за љубовта, сепак постојат неколку реченици што жените повеќе би сакале да ги слушнат. Овие изјави покажуваат дека за успешна врска е потребно многу повеќе од љубов.rnrnРеченици што жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“rn

    1. Ќе ти простам

    rnЌе ти простам за сите невнимателно кажани зборови по напорниот ден.rnrnЌе ти простам за сите оние ситуации во кои не бевме свесни како се повредуваме.rnrnЌе ти простам за сите големи и мали грешки.rn

    2. Ќе се жртвувам за тебе

    rnЌе го жртвувам моето време за нешто што сакаш да го правиш.rnrnЌе останам покрај тебе додека се грижиш за нашето бебе иако рано наутро треба да одам на работа.rnrnЌе направам нешто убаво за тебе затоа што си настината.rn

    3. Ќе те почитувам

    rnЌе те почитувам за сè што си.rnrnЌе ги почитувам твоите чувства, мислења, уникатност.rnrnЌе ги почитувам твоите соништа и желби.rn

    4. Ќе те поддржувам

    rnСекогаш ќе ти го чувам грбот.rnrnМожеш да се потпреш на мене и секогаш ќе се трудам да имаш сè што ти треба.rnrnКога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш.rn

    5. Ќе те заштитувам

    rnЌе ја заштитам нашата љубов.rnrnЌе нè штитам од оние што не ни посакуваат добро.rnrnЌе ти бидам прибежиште и безбедно пристаниште.rnrnЌе бидам некој на кого секогаш можеш да му веруваш.rn

    6. Секогаш ќе бидам среќен што си со мене

    rnПовеќето личности остануваат покрај луѓето што им простуваат, што ги поддржуваат, што им помагаат да станат кога ќе паднат, што се многу повеќе од само едно „те сакам“.rnrnПрочитајте ги овие пет митови за врските и за бракот што ги учите од околината.

  • Хороскопски знаци на кои им е најтешко да речат „те сакам“

    Хороскопски знаци на кои им е најтешко да речат „те сакам“

    „Те сакам“ е едноставна и кратка реченица, но многу моќна. Не може секој да ја изговори оваа реченица толку лесно, но секој сака да ја слушне, а погледнете на кои хороскопски знаци им е најтешко да речат „те сакам“.rnrnХороскопски знаци на кои им е најтешко да речат „те сакам“rn

    1. Близнаци

    rnНа личностите родени во овој хороскопски знак им е потребно долго време за да се препуштат во новата врска и отворено да ги изразат своите чувства. Близнаците се љубопитни личности и многу често размислуваат дали за нив постои некоја подобра личност и поради тоа им е тешко да влезат во сериозна врска. Овие личности изговараат „те сакам“ само кога целосно ќе се посветат на партнерот и ќе сфатат колку навистина им значи.rn

    2. Девица

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак во себе ја носат вродената потреба сè да биде совршено, вклучувајќи ја и врската. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите чувства. Ако сметаат дека нешто не е во ред во врската, овие личности ќе се воздржат од изјавување љубов додека не биде сè така како што тие мислат дека треба да биде.rn

    3. Скорпија

    rnСкорпиите не сакаат промени и претпочитаат долги врски. За овие личности важи правилото да останат со партнерот и во добро и во зло. Но, иако Скорпиите уште од почетокот се посветени на љубовната врска, тие ќе речат „те сакам“ само кога ќе бидат 100 % сигурни дека врската е сериозна и стабилна затоа што не сакаат однапред да покажат ранливост и да бидат повредени.rn

    4. Водолија

    rnНа личностите родени во овој хороскопски знак им треба многу слобода и простор во врската. Водолиите често претпочитаат нетрадиционални врски и ретко изјавуваат љубов затоа што сметаат дека на тој начин ќе создадат обврски за кои не се подготвени. Тие се подготвени да ја жртвуваат својата слобода само за личноста што ќе им овозможи да бидат такви што се. Само тогаш овие личности ќе се отвораат емотивно, целосно ќе се предадат на врската и ќе изговорат „те сакам“.rnrnПогледнете на кои хороскопски знаци им е најтешко да ја пронајдат вистинската љубов.

  • Што всушност мисли секој од хороскопските знаци кога вели „Те сакам“?

    Што всушност мисли секој од хороскопските знаци кога вели „Те сакам“?

    „Те сакам“ – убаво е да ги слушнете овие две слатки и магични зборови, но тоа што е подобро е да ги почувствуваме преку постапките на личноста што ги изјавува. Но, дали некогаш сте се запрашале што им се врти во глава на вашите сакани додека ги изустуваат овие зборови? „Те сакам“ има многу значења, па ако сакате да знаете што точно мисли вашиот партнер додека ви кажува дека ве љуби, пронајдете го неговиот знак во продолжение и откријте.rnrnrn

    Овен

    rn

    „Секогаш кога ќе те видам, чувствувам големо возбудување.“

    rn

    Бик

    rn

    „Се чувствувам како важна личност кога сум со тебе.“

    rn

    Близнаци

    rn

    „Силно ме возбудуваш!“

    rn

    Рак

    rn

    „Со тебе се чувствувам сигурно, како да сум дома.“

    rn

    Лав

    rn

    „Се чувствувам самоуверено и среќно кога сум со тебе.“

    rn

    Девица

    rn

    „Со тебе сè ми изгледа лесно, мирно…“

    rn

    Вага

    rn

    „Ти си мојот свет и јас сум твојот свет.“

    rn

    Скорпија

    rn

    „Во мене го будиш тоа најдоброто, ми покажуваш колку добра личност можам да бидам.“

    rn

    Стрелец

    rn

    „Со тебе се чувствувам слободно, се чувствувам како сè да е можно.“

    rn

    Јарец

    rn

    „Се чувствувам како да можеме заедно да го освоиме светот.“

    rn

    Водолија

    rn

    „Ми ја промени перспективата за нешто што мислев дека никој нема да успее.“

    rn

    Риби

    rn

    „Ме усреќуваш и ме смееш подобро од сите.“

    rnДознајте и која е најшармантната љубовна изјава на секој хороскопски знак.

  • Прочитајте го ова ако одамна не сте чуле „Те сакам“!

    Прочитајте го ова ако одамна не сте чуле „Те сакам“!

    Те сакам!rnrnДва збора, три самогласки, седум букви. Изјава што може да биде изговорена за половина секунда. Фраза што може да биде кажана со вистинска нежност или случајно да излета низ нечии заби. Се работи за зборови според кои сите сакаме да живееме. Зборови што очајно сакаме да ни бидат кажани, бидејќи сме биле научени дека романтичната љубов е таа што нè прави вредни како човечки суштества. Но, реалноста е дека постојат милиони видови љубов и дека не ни се потребни тие зборови за да ја мериме нашата вредност.rnrnprochitajte-go-ova-ako-ne-ste-chule-te-sakam-odamna-www.kafepauza.mkrnrnВистината е дека доволна ни е и љубовта што ја имаме за себе.rnrnПроблемот се јавува кога ја перципираме како нешто што можеме да го добиеме само од другите и дека љубовта кон себе не е толку важна како онаа што ја добиваме од надвор. Сакаме да се чувствуваме безбедно, да ни биде дадена дозвола да се сакаме откако ќе видиме дека некој друг нè сака. Мислиме дека ако некој друг ни каже „Те сакам“, дури тогаш можеме да бидеме сакани, без разлика дали станува збор за некој друг или за самите нас.rnrnВам не ви се потребни тие зборови.rnrnАко размислите подобро, тие не се ништо повеќе од два збора, три самогласки и седум букви. И без разлика колку се убедуваме дека зборовите се секогаш доволни и дека имаат силно значење, тоа не е секогаш случајот. И го знаеме тоа длабоко во себе. Зборовите можат да лажат, а луѓето можат да манипулираат.rnrnЉубовта не е само букви.rnrnНе се потсетуваме доволно дека љубовта не може да биде мерена само со зборови. Постојат дела што се погласни од сите комбинации на букви. Не се потсетуваме ни дека љубовта е насекаде околу нас, дури и кога не се обидуваме да ја најдеме. Толку сме фокусирани на тие зборови, што не ги забележуваме малите нешта, оние реалните што навистина отсликуваат нечија љубов. Овие ситници, колку безначајно и да делуваат, имаат поголема моќ од познатите два збора што сите ги очекуваме.rnrnФокусирајте се на делата околу вас.rnrnВреме е да ги отвориме очите. Забележете ги случајните допири со дланки, двете прегрнати тела, оставените пораки, насмевката упатена во ваша насока, ненамерните погледи што траеле малку подолго, како и најомразените домашни обврски завршени од друга личност уште пред да сте имале шанса да станете од кревет од сабајле… Љубовта се изразува на многу начини, па не трошете си го времето барајќи ги зборовите без дела.rnrnМожеби никој одамна не ви кажал дека ве сака. Но, дали сте сигурни дека никој не ви ги покажал овие емоции без зборови? Можеби сте слушале, наместо да гледате… А можеби и единственото „Те сакам“ што ви е потребно е она од самите вас. И никогаш не заборавајте дека зборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта!

  • Значењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знак

    Значењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знак

    Уште во Вавилонската ера ѕвездите играле голема улога во предвидувањето на особините и настаните што ќе се случат во животот на одредена личност. Иако овој метод се смета за застарен, 12 хороскопски знаци сѐ уште можат да ја предвидат човечката природа и однесување во повеќето ситуации. Па така, тие можат да го одредат и значењето на зборовите „Те сакам“. Во продолжение, дознајте какво значење имаат овие зборови за секој хороскопски знак…rnrnЗначењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знакrn

    Овен: „Лудо сум вљубен/а во сето она што го правиш“

    rnОвните се посветуваат на секоја задача, па така тие многу се посветуваат и на нивните сакани. Нивната љубов е цврста како карпа. Секогаш кога ќе прочитаат ваша порака или ќе го фатат вашиот поглед, нивното срце почнува силно да чука. Нивното те сакам докажува дека вие им значите буквално сѐ на овој свет.rn

    Бик: „Верувам во тебе“

    rnПрипадниците на знакот Бик се повнимателни кога донесуваат одлуки во животот. Тие имаат доверба само во неколку луѓе од нивниот живот и изјавувањето љубов некому е големо достигнување за нив. Токму затоа, нивното те сакам е знак дека им е удобно покрај таа личност и дека имаат доверба во неа.rn

    Близнаци: „Го покажувам моето вистинско лице кога сум крај тебе“

    rnБлизнаците се многу самоуверени и имаат богат социјален живот, па затоа тие без проблем можат да разговараат со секого, но понекогаш им недостасува разбирањето и емоционалната поврзаност со партнерот. Не им се јасни сопствените мисли и одлуки поради што многу им е тешко да се отворат. Нивното те сакам докажува дека вие сте единствената личност на светот пред која можат да бидат искрени и свои и со која можат да ги споделат сите лични тајни, а тоа не е воопшто лесно за Близнаците.rn

    Рак: „Никогаш немој да исчезнеш!“

    rnРаковите се многу емотивни и сочувствителни, па затоа нивната љубов е длабока. Тие ќе се залепат како гума за џвакање за саканата личност и никогаш нема да ја напуштат. Секогаш кога ви велат „Те сакам“ тоа значи дека вие сте им единствениот приоритет и дека ќе ги уништите доколку некогаш ги оставите.rnrnЗначењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знакrn

    Лав: „Ти победи“

    rnНа Лавовите им е тешко да донесуваат одлуки, бидејќи имаат само едно гледиште кон работите. Тие сакаат да им угодуваат на луѓето и да бидат во центарот на вниманието, па затоа многу тешко наоѓаат некого со кого би сакале да останат засекогаш. Нивното те сакам е најголемиот подарок што можете да го добиете од нив.rn

    Девица: „Гледам иднина со тебе“

    rnЗборовите „Те сакам“ означуваат силна поврзаност за Девиците. Тие играат на сигурно и секогаш имаат план. Им треба рамнотежа во животот и кога ќе кажат „Те сакам“, тие мислат на иднината и подготвени се за сериозна врска.rn

    Вага: „Ќе те разберам или барем ќе се обидам“

    rnВагите не обрнуваат многу внимание на она што го велат другите. Тие се фокусирани само на себе, но вложуваат многу труд за да ги разберат нивните сакани. Нивното те сакам значи дека тие ги рушат нивните граници за да ве разберат.rn

    Скорпија: „Ќе те заштитувам“

    rnТврдоглави, нервозни и манипулативни се клучните зборови што се поврзуваат со Скорпиите, но тие имаат и многу позитивни страни. Припадниците на овој знак се многу грижливи и заштитнички настроени кон луѓето кои им значат. Тие се подготвени да ве заштитат од секоја можна опасност. Тие нема да ви ја покажат нивната љубов во јавност, но нивното „Те сакам“ е од големо значење и никогаш не го кажуваат туку-така.rnrnЗначењето на зборовите „Те сакам“ за секој хороскопски знакrn

    Стрелец: „Јас сум активен дел од нашата врска, барем сега засега“

    rnОвој безгрижен хороскопски знак секогаш бара нови патишта и воопшто не мисли на иднината. Иако некои од нив навистина се приврзуваат, останатите веруваат дека треба да се преминува од еден на друг партнер. Тоа не значи дека Стрелците не можат да бидат добри партнери, туку дека нивната љубов понекогаш трае кратко.rn

    Јарец: „Мисијата е да се постигне успех“

    rnЈарците секогаш ја ставаат кариерата на прво место, па затоа честопати се мачат во полето на љубовта. Тие сметаат дека љубовта им го одвлекува вниманието. Па така, нивното те сакам значи дека тие се подготвени да станат дел од една успешна приказна.rn

    Водолија: „Во добро и во зло, секогаш ќе бидам тука за тебе“

    rnВодолиите се динамични и позитивни, но зборовите „сериозна врска“ им претставуваат голема фобија и обично бегаат од таквите односи. Но, откако ќе ги победат овие стравови и зборовите „Те сакам“ ќе излезат од нивната уста, тие ќе бидат подготвени да останат со вас засекогаш.rn

    Риби: „Ќе ти ги простам сите грешки“

    rnРибите се непоправливи романтичари. Освен тоа, тие се подготвени да ја простат секоја ваша грешка, што понекогаш ги доведува до непожелна ситуација. Ако Рибите ви кажат дека ве сакаат, тоа значи дека ќе преминат преку сите ваши грешки и мани.rnrnПрочитајте како хороскопските знаци со 5 збора ја опишуваат вашата совршена љубовна врска.

  • 6 прашања што треба да си ги поставите пред да кажете „Те сакам“

    6 прашања што треба да си ги поставите пред да кажете „Те сакам“

    Првото „Те сакам“ е многу важно. Ако сте во сериозна врска и сѐ уште не сте изјавиле љубов, тогаш сигурно сте размислувале за своите чувства, и можеби сте почувствувале дека е време да кажете „Те сакам“. Кога ќе го кажете во вистинскиот момент, врската може многу да се подобри. Но, кога не е време за тоа, може да настанат бројни проблеми помеѓу вас и вашиот партнер. Па кога е вистинското време? Како да знаете за сигурно? Погледнете ги овие прашања и вашите одговори може ќе ви помогнат да одлучите дали сега е вистинскиот момент за овие важни зборови.rnrn6-prashanja-koi-treba-da-si-gipostavite-pred-da-kazhete-te-sakam-kafepauza.mkrn

    1. Дали чувате тајни?

    rnОва може да звучи како детинесто прашање, но сепак е важно. Вљубените парови не чуваат тајни, тие се секогаш отворени еден кон друг. Ако чувате тајни од вашиот партнер, можеби не е време да ја изјавите вашата љубов.rn

    2. Дали очекувате совршенство?

    rnКога навистина љубите некого, вие ги љубите и нивните недостатоци, не само карактеристиките што се добри. Љубовта започнува со прифаќање и важно е да разберете дека ниту една личност или врска не се совршени.rn

    3. Дали сте пријатели?

    rnНе можете да имате функционална љубовна врска доколку вашиот партнер не ви е и пријател. Пријателите заедно се шегуваат, споделуваат интереси, заедно работат на тешките проблеми и најважно, се подржуваат. Пријателството и љубовните врски се многу слични, па затоа и врската што има пријателска основа е многу силна.rn

    4. Дали се чувствувате љубоморно?

    rnДовербата е од суштинско значење и мора да биде дел од вашата врска пред да кажете „Те сакам“. Ако чувствувате љубомора кога вашиот партнер е сам или со некој друг, тогаш веројатно треба да се воздржите од изјавување љубов. Научете да му верувате на вашиот партнер, бидејќи во спротивно никогаш нема да го љубите како што сакате.rn

    5. Дали е само физичка привлечност?

    rnФизичката хемија е важна за функционална љубовна врска. Но понекогаш целата врска може да е само тоа. Односот што се темели само на секс води до досадување. Потребно е нешто повеќе за вистинска љубов помеѓу вас и вашиот партнер.rn

    6. Дали сте научиле нешто од минатото?

    rnМинатите врски можат многу да нѐ научат за сегашноста. Откако ќе прекинете некоја врска, дајте си време да се проучите себеси, да го спознаете вашиот партнер и да разберете зошто врската завршила. Ако немате научено ништо важно од претходните врски, што всушност ѝ нудите на личноста на која сакате да ѝ изјавите љубов? Ако навистина ја сакате, размислете што можете да понудите.rnrnДоколку се одлучивте да ги изговорите овие зборови, погледнете ги овие романтични начини да кажете „Те сакам“.

  • Повеќе од едно обично „Те сакам“: 6 инспиративни дефиниции за суштината на љубовта

    Повеќе од едно обично „Те сакам“: 6 инспиративни дефиниции за суштината на љубовта

    Постојат толку многу различни дефиниции за љубовта што тешко е да се најде вистинската. Секој има различно сфаќање за најинтензивното чувство што постои кај луѓето. Научниците тврдат дека љубовта е начин да се пополни егзистенцијалната празнина во човечкиот живот. Некои мислат дека нѐ привлекуваат луѓето со кои мислиме дека би имале убави деца. Други, пак, сметаат дека љубовта се сведува на секс.rnrnПовеќе од едно обично „Те сакам“: 6 инспиративни дефиниции за суштината на љубовтаrnrnНе постои точна дефиниција за љубовта, бидејќи постојат толку многу различни критериуми врз основа на кои одлучуваме кому ќе му ги кажеме магичните зборови „Те сакам“. Романтичната љубов претставува комплицирана мрежа од копнеж, желба, страст, интимност и уште многу други нешта. Прочитајте ги следниве 6 малку поинакви дефиниции за љубовта кои можеби ќе ви ги променат досегашните сфаќања за оваа силна емоција и ќе ве наведат на размислување…rn

    1. Љубовта е спасение

    rnГрчкиот антички филозоф Платон ја опишал љубовта како соединување. Во неговата античка книга за љубовта „Симпозиум“, ликот Аристофан објаснува дека луѓето биле тркалезни суштества со 4 раце, 4 нозе и 2 лица. Тие ги нападнале боговите и за да ги казни, Зевс ги преполовил. Оттогаш луѓето се обидувале да ја најдат нивната друга половина и копнееле по тоа да се вратат во првичната целина.rnrnОвој мит ја поттикнал идејата дека романтичната љубов е соединување на двајца поединци кои си ги надополнуваат меѓусебните недостатоци и заедно создаваат единствено битие. Со оглед на тоа што се верувало дека постои само една личност која може да го направи ова, се всадила идејата дека наоѓањето на другата половина ќе доведе до совршена среќа и ќе создаде моногамна и вечна врска која ќе се заснова на меѓусебно разбирање и надополнување.rnrnПостојат многу современи дефиниции за романтична љубов кои вклучуваат делови од митот на Аристофан. На пример, во денешно време постојано се зборува дека љубовниците треба да се сродни души, дека во врската не постојат повеќе заменките „Јас“ и „Ти“ туку „Ние“, а сите копнееме по тоа да ја најдеме „вистинската“ личност за нас.rn

    2. Љубовта е страст

    rnЉубовта е како возбудливо возење на луда железница. Физичката привлечност е интензивна, емоциите полудуваат и се создава длабока поврзаност меѓу две лица. Проблемот е во тоа што страста избледува. Сте го гледале филмот „Играј валцер со мене“ (Take This Waltz)? Ако сте го гледале, тогаш сигурно знаете дека Маргот ја заменува стабилната врска со Лу за интензивната хемија што ја има со Даниел. Меѓутоа, страста меѓу нив исчезнува откако ќе се уморат од експериментирањето со нивните сексуални фантазии.rnrnПовеќе од едно обично „Те сакам“: 6 инспиративни дефиниции за суштината на љубовтаrn

    3. Љубовта е желба за основање семејство

    rnЉубовта нѐ наведува да мислиме дека нејзината суштина лежи во постигнувањето вечна среќа и задоволство, но во реалноста тоа е само една илузија која успева да нѐ убеди дека треба да се размножуваме. Ова е мислењето што го делат филозофот Шопенхауер и другите еволуциски теоретичари. Тие верувале дека целта на страста е да доведе до репродукција и дека интимноста служи за да ја одржи врската и да му овозможи на детето подобри услови за преживување. Не звучи многу романтично, се согласувате?rn

    4. Љубовта е постоење на заеднички интереси

    rnЛуѓето се вљубуваат во оние личности со кои имаат слични приказни и искуства. Колку поголеми разлики постојат меѓу приказните на љубовниците толку поголем е ризикот од фрустрација во врската. Според ова гледиште, спротивностите не се привлекуваат.rnrnПовеќе од едно обично „Те сакам“: 6 инспиративни дефиниции за суштината на љубовтаrn

    5. Љубовта е личен развој

    rnКога сме вљубени, ние учиме еден од друг, изложени сме на нешта кои никогаш претходно не сме ги доживеале, запознаваме нови луѓе и стекнуваме нови пријатели. Според тоа, љубовта е еден вид развој на тој начин што го запознаваме светот од еден поинаков аспект и се наоѓаме во ситуации кои не се вообичаени за нашето секојдневие.rn

    6. Љубовта е пријателство

    rnАко вљубените имаат среќа, минливата страст ќе еволуира во длабоко, значајно и долготрајно пријателство или во едноставно партнерство кое ќе им помогне на партнерите да се справат со осаменоста. И во двата случаи ќе се намалат експериментите во спалната соба, но барем ќе знаете дека имате човек кој секогаш ќе биде тука за вас.rnrnСо која дефиниција за љубовта се согласувате вие?rnrnДоколку сте во љубовна врска, но не сте сигурни дали сте ја пронашле вашата сродна душа, ова се 10-те знаци дека тој е вистинскиот човек за вас.

  • 5 прашања на кои треба искрено да одговорите пред да изјавите љубов

    5 прашања на кои треба искрено да одговорите пред да изјавите љубов

    Сте почнале да се гледате со некого веќе некое време и јасно е дека емоциите и од двете страни се силни. Постојано сте заедно и луѓето веќе почнаа да ве препознаваат како пар. Неколку пати ви дојде да ги изговорите магичните зборови „Те сакам“ и тоа е прекрасно, но тоа се зборови со кои дефинитивно не треба да се расфрлате наоколу. Како да знаете дали се работи само за страст (потреба да бидете со некого) или вистинска љубов?rnrn5 прашања на кои треба искрено да одговорите пред да изјавите љубовrnrnИако овие две идеи се поклопуваат, треба да знаете дека многу се разликуваат една од друга. Пред конечно да ја изјавите вашата љубов, обидете се да одговорите на следниве 5 прашања…rn

    1. Дали постојано имате само секс?

    rnСекако дека хемијата во спалната соба е од големо значење, но ако таму го поминувате поголемиот дел од времето, тоа не е добар знак. По некое време ќе ви здодее сето тоа и ќе почнете да барате друг партнер да ги задоволи вашите сексуални потреби.rn

    2. Дали криете работи еден од друг?

    rnМеѓу заљубените партнери не постојат ѕидови, граници и тајни. Тие се претставуваат себеси во вистинско светло и се прифаќаат меѓусебно со сите недостатоци и мани. Честопати, паровите меѓу кои постои само силна страст го кријат нивното вистинско лице од страв дека ќе бидат одбиени. Во љубовта не би требало да постои таков страв.rn

    3. Дали меѓу вас постои вистинско пријателство?

    rnДоколку одговоривте потврдно на ова прашање, постои голема веројатност дека се работи за вистинска љубов. Врската изградена без пријателска основа ретко опстојува.rn

    4. Дали често чувствувате љубомора?

    rnЗаљубените партнери си веруваат еден на друг без оглед на околностите. Партнерите меѓу кои постои само страст честопати си наоѓаат причини да бидат љубоморни, бидејќи се несигурни во себе и во нивната лојалност.rn

    5. Дали очекувате вашиот партнер да биде совршен?

    rnКога сте вљубени, тоа значи дека треба да ја прифатите секоја мана и секој недостаток на партнерот. Но, кога постои само страст, очекувате од партнерот да биде совршен и да има совршен однос со семејството и пријателите за врската да делува среќна и успешна.rnrnОдговорите на овие прашања ќе ви ги откријат вашите вистински чувства и ќе ви помогнат да дознаете дали се работи за вистинска љубов или за обична страст. Не треба да избрзувате со зборовите „Те сакам“ додека не се запознаете малку подобро со партнерот и не бидете сигурни во нивното вистинско значење.rnrnДоколку одлучивте дека сепак се работи за вистинска љубов, прочитајте ги овие 22 романтични начини да кажете „Tе сакам“.

  • Што да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?

    Што да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?

    Секој посакува да ги слушне зборовите „Те сакам“, но не секогаш е вистинското време за да се изговорат. Тоа не значи дека не ја цените или сакате личноста која ви изјавила љубов, туку едноставно не сте подготвени и вие да го кажете истото гласно. Доколку некогаш се најдете во таа ситуација, еве што можете да кажете наместо „Те сакам“, а да не бидете сфатени погрешно…rnrnШто да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?rn

    „Не сум подготвен/а да го кажам тоа сѐ уште, но многу ми значиш“

    rnИскреноста е многу важна за секоја врска во развој. Ако не сте подготвени, тука нема ништо страшно. Не треба да се чувствувате обврзани да кажете „Те сакам“ и вашиот партнер го знае тоа. Можеби ќе бидат малку повредени, но ако успеете да им докажете дека навистина ви значат, тие ќе имаат трпение и ќе ве почекаат. Ќе го ценат фактот што не ја земате нивната љубов здраво за готово и моментот кога конечно ќе ги изговорите тие зборови ќе биде неверојатен.rn

    „Среќен/на сум што си дел од мојот живот“

    rnКажете го ова само ако го мислите и не плашете се да го повторите неколку пати. Смислата на љубовта и онака лежи во тоа да бидете со личност која ве прави среќни.rn

    „Никогаш порано не сум се чувствувал/а вака и се обидувам да разберам што се случува“

    rnНе го кажувајте ова доколку не го мислите. Чувствата знаат да бидат збунувачки и страшни. Сите го следиме сопственото темпо. Дајте си време за да се разберете себеси и ќе знаете дали и кога ќе бидете подготвени да изјавите љубов.rn

    „Ме правиш многу среќен/на и многу те ценам“

    rnОваа реченица е комбинација од повеќе работи. Сепак, најважно е да направите партнерот да се чувствува сигурно и безбедно покрај вас. Потребна е голема храброст за да се изговорат зборовите „Те сакам“. Дајте му до знаење на партнерот дека не сте се исплашиле, ниту мислите дека е чудно тоа што токму тогаш ви изјавил/а љубов.rn

    Обидете се со бакнеж

    rnМожеби нема да можете да ги изговорите зборовите што тие би сакале да ги чујат уште веднаш, но не заборавајте дека понекогаш делата говорат погласно од зборовите.rnrnШто да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?rn

    „Мислам дека и јас се чувствувам на истиот начин“

    rnОва е како и вие да сте го кажале истото на некој начин. Искрени сте дека најверојатно сте сигурни во вашите чувства, но не сосема, што е во ред и партнерот би требало да ве разбере.rn

    „Многу ми значи ова“

    rnТоа е навистина така и кажете го ова со искрена насмевка. Можете ѝ да додадете што било на оваа реченица. Можете да кажете: „Ова многу ми значи и посакувам да можев да ти го кажам истото, но нешто ме спречува. Сепак, мислам дека сме на истата бранова должина.“rn

    „Навистина се грижам за тебе“

    rnИако не можете да ги изговорите магичните зборови, сепак можете да им покажете како се чувствувате во моментот. Кажете нешто во стил „Многу се грижам за тебе и среќен/на сум што ми го кажа ова“.rn

    Прегратката прави чуда

    rnОва е многу ранлив момент. Физичкиот допир ќе помогне вашиот партнер повторно да се почувствува сигурно покрај вас.rn

    Можеби не сте подготвени да ги искажете вашите чувства, но зошто да не ги напишете на хартија?!

    rnДали сте подготвени да пишувате за вашата љубов? Да ја покажете? Можеби вие тешко да ги изговорите зборовите, бидејќи никогаш претходно не сте ги кажале и сега се плашите. Кажете ги на различен начин. Напишете мало писменце, подарете ѝ нешто на саканата личност, што било. Зборовите сами ќе ви дојдат кога ќе биде вистинското време за тоа.rnrnМожеби ни самите не знаете што ве спречува за да изјавите љубов, но тоа е сосема во ред. Немојте да чувствувате притисок. Ќе знаете точно кога треба да ги изговорите зборовите „Те сакам“. Дотогаш, продолжете така и понатаму, бидејќи сигурно има причина зошто партнерот се вљубил токму во вас.

  • Зборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта

    Зборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта

    Вашиот партнер ви кажал дека ве сака. Ви кажал дека посакува засекогаш да останете заедно и дека не може да си го замисли животот без вас. Но, ако некој вистински сака, тогаш ќе може тоа и да го покаже. Секоја негова постапка ќе вели „Те сакам“, а тој нема ни да мора да ги изговори тие зборови на глас. Вие ќе знаете.rnrnЗборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовтаrnrnЗборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта. Љубовта вреди многу повеќе од едни обични звуци во говорна форма што го исполнуваат воздухот. Секако дека прекрасно е да се слушнат тие магични два збора. Прекрасно е чувството кога знаете дека некој се грижи за вас и ве цени.rnrnНо, проблемот е што многу луѓе не го разбираат вистинското значење на љубовните зборови и ги користат ноншалантно. Токму затоа не би требало да бидете наивни и никако не би требало да поверувате во нив додека тие не бидат поддржани со дела.rnrnНа крајот на краиштата, зборовите се само зборови без оглед на тоа колку се чисти и искрени. Неговата љубов треба да е видлива од начинот на кој ве бакнува, од начинот на кој ве прегрнува и од начинот на кој ве држи за рака. Љубовта е во малите нешта. Љубовта е во начинот на кој ќе ви се насмевне кога ќе се разбудите. Во начинот на кој се карате и смирувате. Во начинот на кој ве чува и штити од секое зло. Во начинот на кој ве држи за рака додека вечерате. Во начинот на кој ви става вино во чашата. Во начинот на кој го изговара вашето име.rnrnВерувајте дека не ви се потребни илјадници „Те сакам“. Нема потреба да го слушате тоа секој ден. Треба само да верувате дека се вистински. А тоа ќе можете да го препознаете од неговата посебна насмевка што ја чува само за вас и од неговите слатки бакнежи. Дали губите чувство за време кога лежите заедно и не правите ништо посебно, а не сте ни свесни дека поминале со часови? Дали се смеете најгласно на целиот свет кога ќе ви каже некоја глупава шега? Тоа е љубов.rnrnВолшебно е да се чујат зборовите „Те сакам“. Но, доколку знаете дека некој ве сака без да мора да ви го каже тоа, тука лежи суштината на вистинската љубов.