КАФЕ ПАУЗА

Tag: тастатура

  • Ги гледате секојдневно, но дали ја знаете нивната намена? За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата?

    Ги гледате секојдневно, но дали ја знаете нивната намена? За што служат копчињата од F1 до F12 на тастатурата?

    Ако некогаш сте се запрашале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата, тогаш ние го имаме одговорот кој го баравте.rnrn1-gi-gledate-sekojdnevno-na-tastaturata-a-ne-ja-znaete-nivnata-namena-eve-za-shto-sluzhat-kopchinjata-od-f1-do-f12-na-tastaturata-www.kafepauza.mk_rnrnF1 – го отвора прозорецот за помош за скоро секој програм.rnrnF2 – Овозможува промена на името на документот или датотеката.rnrnF3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзана за апликацијата која е активна во тој момент.rnrnF4 – Истовременото притискање на копчињата Alt и F4 го затвора активниот прозорец.rnrnF5 – Овозможува освежување на страницата или документот.rnrnF6 – Промена на курсорот кон полето за адреса во скоро сите Интернет прелистувачи.rnrnF7 – Овозможува проверка на правописните и граматичките грешки во апликациите на Мајкрософт, како што е Ворд.rnrnF8 – Ова копче овозможувало пристап на менито „Boot“ во Виндоус, во текот на гасењето на компјутерот.rnrnF9 – Овозможува освежување на документите во Ворд, како и праќање и примање електронска пошта во рамка на Аутлук.rnrnF10 – Го активира мени барот на отворената апликација. Истовременото стискање на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик.rnrnF11 – Овозможува активирање и деактивирање на можноста за гледање содржини на цел екран во рамка на Интернет прелистувачите.rnrnF12 – Ја отвора опцијата „Save as“ во Ворд.

  • Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-дело

    Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-дело

    Ако сте храбри и сакате да експериментирате, тогаш имаме една одлична идеја за вас. Станува збор за налепници кои лесно се нанесуваат на тастатурата од вашиот лаптоп, а потоа се отстрануваат без притоа да остават зад себе трајни траги. Целта на овие налепници е да го обојат вашето секојдневниве и да ви помогнат да ја победите монотонијата во секојдневната работа. Уживајте!rnrn(1) Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-дело (2) Налепници за тастатура кои ќе го претворат вашиот лаптоп во познато ремек-делоrnrn

  • Внимание! 5 предмети во вашиот дом од кои можете да се разболите

    Внимание! 5 предмети во вашиот дом од кои можете да се разболите

    Кога ќе помислите на бактерии и нечистотии, сигурно првото нешто што ви паѓа на ум се тоалетот, кантата за ѓубре или лавабото со неиспрани чинии. Но, ќе се изненадите доколку ви кажеме дека најпосните нешта во домот се токму оние со кои сме постојано во контакт…rnrnВнимание! 5 предмети во вашиот дом од кои можете да се разболитеrn

    1. Тастатура и маус

    rnСекој предмет кој постојано го допираме со нашите раце е преполн со бактерии. Доволно е само да напишете еден текст или да сурфате неколку минути на Интернет и потоа да ги допрете вашиот нос, очи или усни и со тоа да си префрлите безброј микроорганизми во вашето тело. Тастатурата и маусот се најнечистите нешта во вашиот дом, па токму затоа е потребно секој втор ден да ги чистите со средство за дезинфекција.rn

    2. Далечински управувач

    rnОваа направа е створена за цел ден да „лежи“ во вашите раце. Но, покрај вас, сите други го допираат управувачот, дури и веднаш по влегувањето во домот, уште пред да измијат раце. Токму затоа тој е преполн со бактерии кои под вашите влажни дланки се множат со голема брзина. Исто како тастатурата и маусот, така и далечинскиот управувач се препорачува постојано да се чисти со средство за дезинфекција.rn

    3. Мобилен телефон

    rnКолку пати се јавувате на мобилен за време на јадење, подготовка на оброците, во тоалетот, во автобус или на било кое друго јавно место? Мобилниот телефон е одличен начин за пренесување вируси и бактерии, па токму затоа редовно дезинфицирајте го со влажни марамчиња кои се на база на алкохол.rn

    4. Женска чанта

    rnТаа е преполна и со корисни и со бескорисни ситници, па токму затоа е вистинско легло за бактерии. И не само што вие постојано ја допирате со вашите раце и ја оставате на нечисти површини, вие исто така во неа редовно го носите вашиот паричник, мобилен уред, па дури и остатоци од храна. Токму затоа преку неа внесувате во вашиот дом илјадници бактерии, па добро би било доколку формирате навика одвреме-навреме да ја пребришувате со средство за дезинфекција.rn

    5. Врата од фрижидер

    rnВратите од фрижидерот се отвораат и затвораат безброј пати во текот на денот, а понекогаш тоа го прават и вашите гости. Со текот на времето врз нив остануваат различни остатоци од храна и пијалаци кои прават совршена површина за размножување опасни микроорганизми кои можат да завршат во нашето тело и да предизвикаат различни тежини. Токму затоа вратата од фрижидерот треба секојдневно да се брише со средство за чистење.

  • Тастатура во форма на ретро дактилографска машина

    Тастатура во форма на ретро дактилографска машина

    Голем дел од вас сигурно имале некакво искуство со дактилографска машина и за жал денес никој од нас нема корист од неа. Компјутерите и таблетите ни овозможуваат да ги запишеме нашите мисли дигитално и во многу брзо време. Но, на оние кои се носталгични за минатото, новата „Qwerkywriter“ тастатура ќе им го освои срцето. Таа изгледа како ретро машина за куцање која ги има сите предности на денешната технологија. Погледнете…rnrnТастатура во форма на ретро дактилографска машинаrnrn

    rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 2048: Најзаразната игра на интернет

    2048: Најзаразната игра на интернет

    Бидете подготвени да потрошите барем 2 часа на оваа лесна аритметичка загатка за која не треба ниту да го фатите глувчето в рака. Правилата се едноставни. Се користат само стрелките од татстатурата, а со секое ново движење, добивате една бројка во слободно поле плус, при што истите бројки кои меѓусебно ќе се допрат се собираат (2 со 2 ќе стане 4, 4 со 4 ќе стане 8 итн.). Поентата е секако, да стигнете до 2048.rnrn

    Кликни да играш
    Кликни да играш
    rnrnИнтересно е тоа што иако играта е заразна и веројатно многупати ќе изгубите, воопшто не е фрустрирачка. Забавна е додека се игра, а предизвикот да се победи е голем.rnrnКреаторот на играта Габриеле Чирули пресметал дека откако ја поставил играта пред една недела, луѓето потрошиле вкупно 500 години играјќи ја. Обидете се да не придонесете за зголемување на бројката.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемата тастатура во светот

    Најголемата тастатура во светот

    Рускиот артист Анатолиј Вујаткин инсталирал огромна копија на кирилската QWERTY тастатура во земја, изработена од 86 камени тули, а од кои секоја тежи по 453 кг. Споменикот-тастатура, кој во некои кругови го нарекуваат и „Клаудија“, претставува трајна надворешна скулптура, лоцирана во Екатеринбург, Русија, каде воедно претставува и значајна туристичка атракција.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотСпоменикот, којшто бил дизајниран со цел да се вметне дел од технологијата во природниот пејзаж, има идеја да ги натера минувачите на интеракција со него. Пешаците кога ќе се најдат во близина на џиновската тастатура, честопати потскокнуваат од едно на друго „копче“, и покрај тоа што нивното „притискање“ не му дава команди на ниеден компјутер. Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотИнсталацијата претставува една своевидна форма на уметност, која го отсликува денешниот начин на живеење. Ќе биде интересно да се види како идните генерации ќе го перципираат овој споменик, кога тастатурите веќе нема да се користат и технологијата ќе биде далеку понапредна.Најголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светотНајголемата тастатура во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стани Фејсбук нинџа – сурфај со тастатура

    Стани Фејсбук нинџа – сурфај со тастатура

    Знаете ли дека постојат дефинирани комбинации од тастатурата кои се специјализирани да извршуваат одредени функции додека прелистувате низ Фејсбук? Забрзајте ја вашата „работа“ на Фејсбук со помош на овие лесни шорткати:Стани Фејсбук нинџа - сурфај со тастатураrn

    Мозила Фајрфокс

    rn

      rn011

    • Shift + Alt + / = Барај (Search)
    • rn011

    • Shift + Alt + 0 = Помош (Help)
    • rn011

    • Shift + Alt + 1 = Почетна (Home)
    • rn011

    • Shift + Alt + 2 = Тајмлајн (Timeline)
    • rn011

    • Shift + Alt + 3 = Пријатели (Friends)
    • rn011

    • Shift + Alt + 4 = Инбокс (Inbox)
    • rn011

    • Shift + Alt + 5 = Известувања (Notifications)
    • rn011

    • Shift + Alt + 6 = Поставки на корисничката сметка (Account Settings)
    • rn011

    • Shift + Alt + 7 = Приватност (Privacy)
    • rn011

    • Shift + Alt + m = напиши нова порака (new message)
    • rn011

    • j и k = скролај меѓу постови во News Feed
    • rn011

    • c = коментирај додека си на пост во твојот News Feed
    • rn011

    • l = лајкувај или одлајкувај го селектираниот пост или фотографија
    • rn

    rn

    Останати прелистувачи

    rn

      rn011

    • Гугл Хром: Alt + знак
    • rn011

    • Интернет Експлорер: Alt + знак –> Enter (или само Alt + знак, кај некого е можно да не работат комбинациите 3-7)
    • rn011

    • Фајрфокс, Сафари и Хром за Mac: Ctrl + Alt+ знакrn
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“

    Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“

    Кога ќе ви се блокира компјутерот, трите копчиња на тастатурата се спасоносната комбинација. За жал, не можеме да ја примениме и кога ќе ни „прегрее“ мозокот. Во тој случај посегнуваме по кафето. Тоа одлично се справува со уморот и поспаноста, односно го активира „компјутерот“ во нашите глави.rnrnОваа симболика, некој веќе ја преточил во креативни чаши за кафе. Секоја од нив на дното има една од опциите Ctrl-Alt-Del. Изработени се од цврста пластика, која може да се мие и во машина за садови. Собираат по 230 мл течност, а еден комплет чини околу 10 американски долари. Погледнете ги, па ако ви се допаѓаат, нарачајте ги тука.Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“Чаши за кафе „Ctrl-Alt-Del“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си шорткати за вашите омилени папки во Виндоус 7

    Направете си шорткати за вашите омилени папки во Виндоус 7

    Корисниците на оперативниот систем Виндоус 7 знаат колку е тој практичен и едноставен за користење, но истовремено сигурно се фрустрираат поради некои нелогични ограничувања. Така, многу е фино што можете да ги закачите (pin) вашите често користени апликации на таскбарот, но ако се обидете да го направите истото со некоја папка, за жал при повикувањето ќе го добиете само основниот прозорец на Виндоус експлорер.rnrnОвој мал трик ќе ви помогне да го забрзате пристапот до често користените папки. Ние пробавме со папката Кафе пауза… секако 🙂Направете си шорткати за вашите омилени папки во Виндоус 71. Најпрво лоцирајте ја папката за која сакате да креирате шорткат од тастатурата.rnrn2. Кликнете со десен клик на папката и од помошното мени изберете Send to –> Desktop (create shortcut).rnrn3. Сега минимизирајте ги сите отворени прозорци и лоцирајте го новокреираниот шорткат, кој во нашиов случај се вика „Кафе пауза – Shortcut“. Доколку сакате, името можете да го промените.rnrn4. Кликнете со десното копче на глувчето врз иконата, изберете Properties и останете на табот Shortcut.rnrn5. Во полето Shortcut key последователно стиснете неколку копчиња од тастатурата, на пример Alt + Shift + K и на крајот кликнете OK.rnrn6. Сега, секогаш кога ќе сакате да ја отворите папката, дури и без да ги минимизирате отворените прозорци, треба само последователно да ги притиснете претходно зададените знаци од тастатурата. Прозорецот од оваа папка ќе се отвори врз сите останати.rnrnОвој трик е применлив и за апликации. Пробајте!rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

    3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

    Бенто e компјутерски систем кој вклучува лаптоп, таблет и смартфон во еден компактен мобилен уред, овозможувајќи нивна поврзана работа, како и лесна подвижност на секој од уредите поединечно.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред

    rnrn

    rn

    „Нашите алатки варираат по големина и по функција во согласност со нивната специфична функција. Компјутерите исто така, доаѓаат во различни форми, оптимизрани за конкретен контекст. Иако напредокот во дизајнот и инженерството влијаеја на намалување на нивната тежина, корисниците и понатаму носат повеќе уреди наеднаш, бидејќи секој од нив не ги задоволува сите потреби.“

    rn

    rn

    3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред.

    rnrn

    „Ако набљудувате како корисниците ги користат сите тие уреди во текот на денот, ќе заклучите дека не ги користат истовремено.“

    rn

    3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредНо, со Бенто, и ова би било возможно. Сите три уреди можат да функционираат во синергија. Предноста е што секој уред може да се користи независно и како дел од системот. А откако ќе завршите работејќи на секој од нив, ги пакувате во една кутија, наместо да им барате место во чантата.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредСетот од гаџети се состои од еден 15 милиметри тенок лаптоп, кој претставува столб што ги поврзува сите мобилни уреди: мулти тач тастатура, соларна батерија, мобилен телефон и уред за складирање податоци. Кога сите уреди се на своето место, системот станува лаптоп. 3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредТастатурата е всушност таблет, а во улога на тракпад е мобилниот телефон.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредТаблетот може да се користи и како секундарен дисплеј, за цртање или свирење по ноти.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредОвој концепт влезе во потесен круг помеѓу повеќе од 1000 проекти кои беа пријавени за наградата за дизајн од FUJITSU на тема: „Животот со компјутерите во иднина“, организиран во соработка со Designboom.3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредКога се сите уреди наполнети, можат да се откачат од системот, но сепак да функционираат поврзано преку безжична врска.rn3 неопходни гаџети во 1 мобилен уредБенто е сега за сега концепт, зад кој стои дизајнерот Рене Ли, но не би било лошо доколку ваков производ всушност стане достапен на пазарот. Би го купиле?rn3 неопходни гаџети во 1 мобилен уред