КАФЕ ПАУЗА

Tag: Тајланд

  • Како се прави сладолед во Тајланд?

    Како се прави сладолед во Тајланд?

    Доколку сте имале прилика да гледате како Турчин го подготвува сладоледот со „тепање“ пред да го стави во корнет, сигурно сте мислеле дека тоа е најзабавниот начин на работа, барем кога станува збор за овој вкусен десерт. Епа, има уште покул начин, а тоа најдобро го знаат Тајланѓаните и туристите кои имале прилика да го вкусат ова богатство. Погледнете:Како се прави сладолед во Тајланд?rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

    Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

    Брзиот начин на живот, во комбинација со крајните рокови за спремање испит или завршување на започнатите работни проекти, не ни оставаат доволно време секогаш да се грижиме за здравиот начин на исхрана. Тоа резултира со јадење брза храна, задржување на течностите во телото, подуеност во стомакот и непријатност, што ви доаѓа да се облечете во шатор, наместо да „ризикувате“ да го намалите бројот на алкохолни пијачки, кога конечно ќе излезете после напорната работна недела.rnrnКако да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?rnrnЗа овој проблем, на помош ни излегуваат момичките од Тајланд, кои со векови наназад се мачкале со билни маски за тело, кои се одлични за чистење на нечистотиите во кожата, намалување на чувството на подуеност и зацврстување на телото. Секако, ова не значи дека ќе ослабете 5 кила со еден третман, а ефектите од овој боди врапинг ќе траат само неколку дена, но сепак е супер, доколку сакате да појдете на забава и да се чувствувате одлично!rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 20 грама ѓумбир
    • rn011

    • 80 грама куркума (азиски зачин)
    • rn011

    • 1 шака ориз
    • rn011

    • Топла вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrn1. Истолчете ги заедно ѓумбирот и куркумата (можете да ја најдете по пазарските тезги и продавниците специјализирани за органска храна).rnrn2. Истолчете го оризот додека не се претвори во гранули.rnrn3. Сите состојки додадете ги во топлата вода и мешајте ги со миксер, додека не се претворат во густа паста.rnrn4. Масирајте се со пастата по целото тело во кружни движења, обраќајќи посебно внимание на местата каде што имате масни наслаги, како што се бутовите, стомакот, колковите и надлактиците.rnrn5. Оставете ја пастата да постои 20 минути, а потоа исплакнете се со топла вода. Потоа можете да се намачкате со хидратантно млеко за тело, по ваш избор.rnrnМожете да ја зголемите моќноста на рецептот, завиткувајќи го вашето тело (или барем проблематичните делови) со најлонска фолија или со парчиња ткаенина.rnrnКако да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?rnrnОва е одличен рецепт, бидејќи ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и го намалува задржувањето на течностите во телото, куркумата дејствува како антиоксиданс и  детоксификатор, додека пак оризот ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја вади нечистотијата од порите, до најдалечните слоеви на кожата.rnrnИмате ли побезбеден начин да ги изгубите тие досадни килограми, кои ви сметаат да се чувствувате удобно во вашата омилена облека? Веројатно не. Затоа пробајте и споделете ги ефектите со нас. :)rnrnКако да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени

    Локациите од филмовите ни стојат „врежани“ во нашиот мозок исто толку цврсто како и некои легендарни филмски цитати. Додека некои целосно ја вметнаа познатата изрека „Ќе направам понуда која нема да може да ја одбие“ од Дон Вито во својот секојдневен говор, останатите мечтаат за неверојатните пејзажи кои се кријат во некои од најпознатите филмски сцени досега. Погледнете ги наредните неколку фотографии од тие сцени, како и од локациите на кои биле снимени. Го пронајдовте ли вашето омилено место од филмовите?rn
    rn

    Телма и Луиз (Thelma and Louise)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Неочекувано драматичната сцена на крајот од филмот
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Паркот „Dead Horse Point“
    rnrn

    Надвор од Африка (Out of Africa)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Мерил Стрип во улога на Карен
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Ридовите Нгонг, Кенија
    rn

    Плажа (The Beach)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Леонардо Дикаприо во улога на Ричард
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Маја Беј, Тајланд
    rn

    Сјаење (The Shining)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Џек Николсон во улога на Џек Торенс
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Хотелот Стенли, Естес Парк, Америка
    rn

    Војна на ѕвездите (Star Wars)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Незаборавната планета Татуин
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Матмата, Тунис
    rn

    Кум (The Godfather)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Мајкл Корлеоне (Ал Пачино) во Сицилија
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Савока, Сицилија, Италија
    rn

    Милионер од гетото (Slumdog Millionaire)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    На улиците во Дарави
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Сиромашниот кварт Дарави
    rn

    Господарот на прстените (The Lord of the Rings)

    rn

    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Мордор
    rnrn
    Незаборавни локации од најпознатите филмски сцени
    Националниот парк Тонгариро, Нов Зеланд

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Најпознатите плажи од списанието „Sports Illustrated“

    Секоја година во февруари излегува нов број на модното списание специјализирано за костими за капење, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Фотографиите се прават на најегзотичните места ширум светот, а ова се плажите кои се нашле на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Шарк Беј, Австралија

    rnШарк Беј е прекрасна плажа која се наоѓа северно од Перт. Црвените песочни дини, тиркизната вода и делфините привлекуваат илјадници туристи годишно. Во 1985 година, „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ ја донесе Полина Поришкова во Шарк Беј, каде што младиот модел позираше за нејзината втора насловна страна. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Мауи

    rnМауи е вториот најголем хавајски остров познат белите песочни плажи и кристално сината вода. На Мауи можете да уживате во неповторливата глетка на изгрејсонцето преку вулканската карпа Халеакала. Овој остров беше одлично место за насловната фотографија од ланскиот број на Sports „Illustrated Swimsuit Issue“, кога позираше рускиот модел Ирина Шеик. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Домениканска Република

    rnДомениканската Република претставува прекрасна мешавина од шпанска, африканска и локална култура, храна и историја. Таа го дели островот Хиспаниола заедно со Хаити. Прекрасните доменикански плажи може да ги видите во „Sports Illustrated Swimsuit Issueод 1987 година, кога на насловната страна се најде популарната Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Фангнга Беј, Тајланд

    rnЗаливот Фангнга се смета за национално богатство на Тајланд, поради што тајландската влада сака Обединетите Нации да го прогласат ова место за светско културно наследство. Во далечната 1988 година, Ел Макферсон се појави уште еднаш на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, овој пат позирајќи на карпестото крајбрежје во близина на Пукет. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сејшелите

    rnРомантичните Сејшели сместени во Индискиот Океан претставуваат одлично луксузно засолниште за љубителите на нуркањето и риболовот. Овие острови имаат тропска температура во текот на целата година, а во 1979 година песочните плажи на Сејшелите се најдоа на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ заедно со моделот Кристи Бринкли. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Ланзароте, Шпанија

    rnВо 1992 година Шпанија беше во центарот на вниманието на светската јавност, не само заради Олимписките игри кои се одржаа таа година во Барселона, туку и заради вулканскиот остров Ланзароте, познат по плажите Плаја Бланка и Пуерто дел Кармен, кој заедно со американскиот модел Кети Ајленд се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јамајка

    rnЗемјата на реки и потоци, како што уште се нарекува Јамајка, во 1983 година ја красеше насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Американскиот модел Шерил Тигс беше фотографирана под водопадите на реката Дан, во близина на гратчето Очо Риос. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Кенија

    rnВо 1982 година, американскиот модел Керол Алт, се најде на насловната на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, позирајќи на зајдисонце, на коралниот крајбрежје на Кенија, облечена во црвен костим за капење. И додека синооката убавица беше во преден план, во позадина се протегаше Индискиот Океан по кој пловеа белите едрилици. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Јужна Африка

    rnНајвпечатливите места во Јужна Африка, пустината Калахари, африканските резервати и полуостровот Кејп, се места кои не само што се привлечни за туристите, туку и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Во 1996 година, американската манекенка Тајра Бенкс, облечена во бикини со леопардски принт, беше фотографирана токму на овие места кои подоцна се најдоа на насловните страници. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бахамите

    rnВодата околу Бахамските Острови е толку бистра што можете да гледате на длабочина до 70 метри. Заради тоа, Бахамите се најпосакувана дестинација за нуркање и пливање. Во 2005 година, Бахамите беа најпосакувана дестинација и за „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, па затоа се најдоа на насловната страна, заедно со американскиот модел Каролин Марфи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Козумел, Мексико

    rnВо далечната 1964 година, на насловната страна на првиот број на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ се појави германката Бабет Марч која, облечена во скромни бели бикини, позираше на островот Козумел, кој се наоѓа источно од мексиканскиот полуостров Јукатан. Тогаш Козумел беше ново и сè уште неоткриено место, а денес неговите гребени се заштитени заради ретките видови на риби кои егзистираат тука. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бора Бора

    rnБора Бора е синоним за рајски остров со бели песочни плажи и кристална сина вода. Тропскиот амбиент кој е карактеристичен за Бора Бора, во 1986 година придонесе овој остров да се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“, кога на бескрајните песочни плажи се најде Ел Макферсон. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Малдиви

    rnМалдивите беа одбраната дестинација која се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1998 година, кога Хајди Клум беше во фокусот на насловната фотографија. Пријатните температури во текот на целата година и недопрената природа ги прават овие корални острови и денес едни од најубавите места на земјата. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Аруба

    rnПалм Бич, Игл Бич и Бејби Бич се најжешките точки на карипскиот остров Аруба, објавени на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1984 година. Полина Поришкова уште еднаш се фотографираше за ова списание, но овој пат позираше на островот Аруба кој некогаш беше холандска колонија. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Барбадос

    rnНекогашна британска колонија, а денес веќе независна држава, островот Барбадос е идеален за оние кои ги сакаат топлото време, мирната вода и песочните плажи, од кои најпознати се плажите Браунис и Брендонс, лоцирани околу главниот град на Барбадос. Во 2003 година, чешкиот модел Петра Немцова позираше на Барбадос за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Сент Џон, Американски Девствени Острови

    rnДве третини од островот Сент Џон отпаѓа на националниот парк, што прави овој остров да биде беспрекорен. Плажите се мирни, песочни и се протегаат долж целиот северен брег. Во 2008 година, на овој остров, американскиот модел Мариса Милер беше фотографирана за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Бермудите

    rnБританската традиција оставила голем печат врз културата на Бермудските Острови. Попладневниот чај и голфот се само дел од многуте атракции кои ги нудат Бермудите. Дел од шармот на овие острови е и ограниченото возење кое се сведува само на велосипеди и скутери. Можеби тоа ја привлече и Даниела Пестова која се фотографираше на Бермудите за насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ од 1995 година. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Тунис

    rnИако северниот дел на Африка е политички доста нестабилен и небезбеден за патување, тимот на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ одлучи во 2001 година мексиканскиот модел Елза Бенитез да биде фотографирана на медитеранското крајбрежје во Тунис, за насловната страна на списанието. Тунис е посакувана туристичка дестинација заради посебната мешавина од берберска, арапска, римска и феникиска култура и заради прекрасните крајбрежни плажи. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustratedrn

    Канкун, Мексико

    rnМексиканската ривиера на Маите се најде на насловната страна на „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 1975 година, кога моделот Шерил Тигс повторно беше одбрана да биде во фокусот на насловната фотографија, овој пат позирајќи на плажите во Канкун. Освен заради рајските плажи, Канкун е привлечен за туристите и заради многубројните спортови на вода, рушевините од храмовите на Маите и луксузните одморалишта. Најпознатите плажи од списанието Sports Illustrated
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасна модерна вила во Тајланд

    Прекрасна модерна вила во Тајланд

    Вилата „Aqualina“ е сместена во тропските шуми на островот Ко Самуи во Тајланд и претставува прекрасно место за одмор и релаксација. Оваа модерна вила има 3 спални соби, 4 купатила, а она што е најимпресивно кај неа е огромниот базен кој е опколен со прекрасна природа. Ентериерот во куќата е минималистички и модерен, а доминира белата боја. Прекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во ТајландПрекрасна модерна вила во Тајланд
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијата

    Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијата

    На рајскиот тајландски остров Пукет се наоѓа луксузниот трговски центар Џангсилон, а во него е сместен неверојатниот ноќен клуб САУНД. Тој изобилува со елементи во научно-фантастичен стил, кои на музичкото и танцувачкото доживување му даваат несекојдневна футуристичка димензија.Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаЕнтериерот во клубот е инспириран од човечкото уво, асоцирајќи на извонредните аудио ефекти во клубот. Буквално сите елементи имаат заоблена форма, кои покрај убавиот изглед овозможуваат перфектна акустика. Покрај нив, еден од најинтересните елементи за посетителите е огромниот ЛЕД екран кој реагира на музичките ритми, така што е совршено синхронизиран со музиката која се пушта во моментот. Овој дизајн е идеја на Orbit Design Studio, а може да прими до 700 гости.Футуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијатаФутуристички ноќен клуб за журки од фантазијата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоу

    Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоу

    Во Тајланд се емитува реално шоу во кое камерите го следат однесувањето на единствениот учесник кој најчесто спие или јаде бамбусови гранчиња. Ѕвездата на ова шоу е Лин Пинг, бебе панда кое е толку омилено во Тајланд поради што еден телевизиски канал наречен „Панда канал“ го пренесува секое нејзино движење во живо, во текот на целиот ден.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуЛин Пинг е родена во 2009 година во зоолошката градина „Чијанг Мај“, која се наоѓа во северниот дел од Тајланд и оттогаш е главна атракција во земјата, предизвикувајќи вистинска „пандоманија“.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуВо 2009 година на натпреварот за избор на име на малата панда се заинтересирале 22 милиони луѓе. Популарноста на Лин Пинг може да се спореди со онаа на поларната мечка Кнута и на октоподот Пол.rn

    rnСпоред договорот помеѓу Кина и Тајланд, слаткото милениче мора да биде предадено на кинеските власти кога ќе наполни две години, а тоа е во мај оваа година. Во зоолошката градина се надеваат дека ќе успеат да ја задржат Лин Пинг уште некое време, а за тоа се залага и Прасертсак Бунтракулпунтави, водачот на тајландскиот „Проект панда“.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуПандата е многу значајна и за зоолошката градина. Како резултат на големата популарност на Лин Пинг, посетите се зголемени за 30 до 40 проценти.rnrnОд владата е побаран заем за изградба на натстрешник со клима уред во просторот за играње, во вредност од 28,5 милиони бати (930.000 долари).rn

    rnСе планира по пат на вештачко оплодување да се добие уште едно младенче панда и да се основа истражувачки центар за панди.Бебе панда – тајландска ѕвезда на реално шоуЛин Пинг е првата панда родена во Тајланд и за луѓето од „Проектот панда“ е интересно сè што таа прави. Ја гледаат како си игра, расте и се развива, па тие се чувствуваат како да одгледуваат сопствено дете.rnrn