Каде и да одиме, сакаме да ги посетуваме пазарите – тие се совршени места за запознавање на културата на местото, локалното население, секојдневниот живот на градот. Иако секој има свој шарм, некои се истакнаа со својата егзотична понуда или метод на работа.rnrn
rn
1. Волшебен пазар (Боливија)
rnБез разлика дали верувате во духови или ве интересираат локални верувања и обичаи, можеби нема подобар начин да им се приближите отколку да одите на волшебниот пазар во Ла Паза. Во понудата ќе најдете разни работи потребни за протерување на злите духови, како амајлии и состојки за лековити напивки, па не е изненадување што ова е омилено место на разни астролози. Ќе ве пречекаат бизарни работи како сушени животински фетуси, трупови на жаби, астероидни карпи.rn
2. Пазар на пајаци (Камбоџа)
rnЗа оние кои се преплашени од пајаци, имаме добра вест: барем не се живи! Но, на овој пазар во Камбоџа можете да пробате малку поинаква локална кујна. Сите сакаме да мислиме дека сме тотални експерти за „храна“ и светски гурмани, но пробајте крцкави тарантули, па потоа размислете. Изненадувачки, оние што ги пробале тврдат дека, во најмала рака, тие не се лоши. Велат дека се нешто како мешавина од пилешки крилца и риба. И славниот Гордон Рамзи ги испроба пред камера – само ќе кажеме дека голем дел од неговите реакции мораше да бидат цензурирани.rnrn
rn
3. Вуду пазар (Того), Меркадо де Сонора (Мексико)
rnСтанува збор за предмети што се користат во традиционалната медицина и правењето лекови. Локалните лекари веруваат дека чудесните пијалаци имаат корисен ефект врз здравјето и дека можат да излечат многу болести, па затоа овој пазар е всушност локална аптека за оние кои не можат да си дозволат скапи третмани и лекови.rn
4. Пазар на невести Роми (Бугарија)
rnСе вика пазар и да, навистина купувате невеста, но не е деловно како што звучи. Тоа е традиција во која девојчињата и момчињата одат на пазар заедно со своите семејства. Секој се облекува и се шминка со надеж дека ќе го привлече најдобриот брачен партнер – ако може да си го дозволи тоа. Цените можат да бидат високи.rn
5. Пазар на на железничка пруга (Тајланд)
rnОвој пазар не е толку познат по необичните работи што се продаваат, туку по својата локација. Тој се наоѓа во средината на железничката пруга. Затоа го нарекуваат најопасниот пазар во светот. Кога продавачите ќе забележат дека доаѓа воз, започнува секојдневниот процес: за неколку минути се носат намирници под шаторот, шаторот се поместува малку ако е потребно и продолжуваат да седат настрана како да не се случува ништо невообичаено – сè додека не помине возот. Потоа, намирниците повторно се враќаат и купувањето на пругата продолжува.rnrn
rn
6. Пазар на птици (Авганистан)
rnПокрај вообичаените пазари со животни, теписи и храна, во главниот град Кабул можете да најдете пазар каде што мрморењето на клиентите се надминува со чврчорење и квичење. Птиците се нешто најомилено на жителите во Кабул, па затоа не е изненадување што постои цел пазар посветен на нив. За многу продавачи, ова е повеќе од работа – тоа е хоби и знаење што се пренесува низ генерациите.rn
7. Пловечки пазари (Тајланд)
rnПродавачите ја чуваат стоката во традиционални чамци и веслаат од клиент до клиент. Можеби не изгледа практично, но овој начин на продажба се појави од практични причини. На оние што носеа стока од своите градини им беше полесно да се спуштат по реката со брод до продажното место. Овој начин на тргување на некои места е стар стотици години. Можете да ги најдете и во Виетнам, Индонезија и не можете да ги пропуштите. Само следете ја реката!rn
8. Пазарот Измаиловски (Москва, Русија)
rnМатрјошката е популарната кукла и еден од омилените симболи и сувенири од Русија. Овие шарени дрвени фигурини лесно можете да ги најдете скоро насекаде, но нивното „гнездо“ е на пазарот Измаиловски. Покрај кукли, можете да најдете и убави, рачно изработени и обоени вазни, чинии и украси за домот.rn
9. Ноќен пазар Шилин (Тајван)
rnНема спиење на патувањата. Затоа, ова е идеална можност за купување сувенири или пробување локални производи за оние кои целиот ден го поминале на екскурзии и разгледувања. Еден од најголемите и најпознати ноќни пазари во Тајван ќе ве воодушеви со понуда од локалната кујна што е отворена од 20 часот до 2 часот по полноќ.rnrnЗапловете низ вкусовите, аромите и боите на индонезискиот пловечки пазар.