КАФЕ ПАУЗА

Tag: табла

  • Во светот на слатките бебешки сништа

    Во светот на слатките бебешки сништа

    Едноставно никогаш не ни е доволно од фотографии со бебиња. Особено нѐ воодушевуваат оние со креативните сцени во кои малите човечиња се удобно сместени и фатени во моментите кога спијат.rnrn3-vo-svetot-na-slatkite-bebeshki-snishta-kafepauza.mk9-vo-svetot-na-slatkite-bebeshki-snishta-kafepauza.mkrnrnФотографката Ана Ефтимие е мајка на две деца, а во нејзината работа, главните ликови се секогаш најмалите и најслатките. Серијата фотографии во кои бебињата спијат на црна табла се преслатки и преинтересни, бидејќи на нив можеме да видиме што фотографката си замислува дека сонуваат малечките во тој момент. Во галеријата вклучивме и други бебешки фотографии на артисткара кои се едноставно неодоливи.rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатни идеи за уредување на работниот простор

    Уникатни идеи за уредување на работниот простор

    Автор: Ана ПетровиќrnrnРаботниот простор е место каде го поминувате поголемиот дел од времето, па од голема важност е тоа да биде инспиративно и функционално уредено на креативен начин. Постојат работи, кои иако навидум изгледаат мали, можат многу да придонесат за изгледот на вашата канцеларија. Со помош на овие иновативни идеи, убаво уредениот работен простор ќе ви ја направи работата многу попријатна.rn

    Инспиративна табла

    rnИскористете го празниот ѕид во канцеларијата, доколку сметате дека можете да пишувате на него. Постои и друга алтернатива како табла во природна големина, на која би можеле да залепите неколку фотографии, забелешки, убави спомени или обврски кои треба да ги завршите.rnrnУникатни идеи за уредување на работниот просторrn

    Украсени кабли

    rnГи знаете оние продолжени кабли кои го затвораат просторот и оставаат впечаток на неуредна канцеларија? Нивната едноличност решете ја на тој начин што ќе залепите украсна лента по должината на кабелот.rnrnУникатни идеи за уредување на работниот просторrn

    Sидни кутии за хартија

    rnУникатна идеја за сите оние кои секојдневно се преплавени со документи и честопати не знаат каде да ги складираат. Направете неколку украсни кутии на вашите ѕидови и проблемот е решен.rnrnУникатни идеи за уредување на работниот просторrn

    Украсете ги вашите алатки за работа

    rnВнесете доза креативност во секојдневната монотонија со тоа што ќе го обоите вашиот маус или едноставно ќе купите несекојдневна подлога.rnrnУникатни идеи за уредување на работниот просторrn

    Обојте дел од ѕидот

    rnНаместо да го трошите вашето скапоцено време на боење на целата просторија, можете слободно да го изберете најомилениот дел, на пример ѕидот покрај бирото, и да го обоите тоа место во вашата омилена боја.rnrnУникатни идеи за уредување на работниот простор
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни предмети од плутени затвoрачи

    Креативни предмети од плутени затвoрачи

    Празниците се официјално зад нас, па од многуте испиени шишиња вино, како доказ остануваат само плутените затвoрачи, кои повеќето од нас без размислување ги фрлаат, но некои сепак имаат обичај да ги чуваат во фиока, дури и без да имаат јасна идеја за што би им се нашле. Доколку сте од овие вториве, еве неколку идеи како плутените затвoрачи можат да се искористат и да се претворат во прекрасни предмети.rnrnНаправете интересни печати со кои ќе ги изненадите вашите деца, а истовремено сите заедно забавувајте се додека ги изработувате. Потребно е само да го засечете едниот крај на плутата во посакуваната форма, исечената форма да ја обоите и печатите се готови!rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnНаправете свеќник што ќе допринесе за поромантична и потопла атмосфера во вашиот дом. Потребни ви се поголем и помал стаклен цилиндар кои треба да ги ставите еден во друг. Во поголемиот ги ставате плутите, а во помалиот свеќата и веќе поседувате уникатен свеќник кој ќе ја исполни вашата соба со топлина во овие зимски денови.rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnТабла со која подобро ќе ги организирате вашите семејни обврски, така што на неа прегледно ќе ги закачувате разните планови и потсетници, е вистинска идеја за секое семејство. Сè што ви треба е поголема дрвена даска со рамка, на која цврсто ќе ѓи залепите плутите.rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnУкрасете го вашето купатило со едноставна, но сепак интересна простирка. За да ја изработите ќе ви треба скалпел или остар нож за да ги исечете плутите попречно по должина, мушама на која ќе ги лепите исечените парчиња и лепак. Соберете еднакви тапи за да добиете добар краен резултат. Откако ќе ги дефинирате димензиите, почнете да лепите од страните, а кога веќе ќе ја имате рамката, пополнете ја внатрешноста.rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnЗа дополнителни идеи, прочитајте „како поинаку да ги употребите тапите од вино?“rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • NoteSlate – е-табла за секој ден

    NoteSlate – е-табла за секој ден

    Порано животот беше поедноставен. Имавме тетратки во кои ги пишувавме лекциите што ги предаваа професорите на училиште, цртавме на големи хамери со молив и правевме шопинг-листи на ливчиња од тефтер. Пресретнувајќи ги сите технолошки иновации, дозволивме овие да станат дел од нашето секојдневие; на работната маса веќе одамна нема расфрлани тетратки и ливчиња, туку лаптопи, мобилни телефони, електронски табли, музички плеери, кабли, батерии…NoteSlate – е-табла за секој денКреаторите на NoteSlate веруваат дека го имаат производот кој ќе ја врати практичноста и едноставноста од неодамнешните времиња, додека истовремено ќе го држи чекорот со модерното и технолошкото. Тие создадоа 13 инчна табла на која може да се пишува, црта и чкртка, исто како со молив на хартија.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денNoteslate се базира на е-мастило кое го овозможува примањето на информациите кои ги внесува корисникот со втиснување на специјалното пенкало кое доаѓа со него. Тие на таблата можат да прават буквално сè, а сработената задача, цртеж или есеј ќе се зачуваат на мемориската картичка за да може таблата да се користи одново и одново.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денКреираните фајлови може подоцна да се прегледуваат директно на самиот уред, но постои и опција за нивно префрлање на компјутер поврзувјќи го преку мини-USB порта. Батеријата ќе издржи користење на уредот до дури 180 часа (3 недели секојдневна работа), пред да се појави потреба повторно да се наполни.NoteSlate – е-табла за секој денОсновните верзии од уредот се монохроматски, но се достапни во неколку различни бои, додека пак, мулти-колор варијантата овозможува користење на бела, зелена, сина и црвена боја како мастило на црната мат површина.NoteSlate – е-табла за секој денОвој интересен гаџет кој се очекува да биде наследник на незаменливата комбинација „тетратка и молив“, треба да се пушти во продажба во јуни оваа година.NoteSlate – е-табла за секој ден

  • Сеќавања испишани на табла

    Сеќавања испишани на табла

    „Изгубената градина“ (Missing garden) е називот на овој проект кој е комбинација од илустрации, фотографии и табла за пишување. Моника Прус е илустраторот, а Доминик Смијаловски е фотографот. Двајцата заедно се креатори на овој иновативен проект, кој има за цел да ги истражи носталгичните сеќавања од детството. Погледнете за што станува збор:Сеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на таблаСеќавања испишани на табла
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Крзнена табла за пораки

    Крзнена табла за пораки

    Португалскиот дизајнер Gonçalo Campos креираше табла за пораки од вештачко крзно. На оваа табла може да се оставаат пораки, да се нацрта нешто уникатно или само да се помине со прстите низ крзното, на тој начин создавајќи некаква своевидна уметност. Ова е одлична идеја која, ако сте вешти, можете и самите да ја реализирате во домашни услови.Крзнена табла за поракиКрзнена табла за поракиКрзнена табла за поракиКрзнена табла за поракиКрзнена табла за поракиКрзнена табла за пораки