КАФЕ ПАУЗА

Tag: студент

  • Е ова е студентска соба!

    Е ова е студентска соба!

    Студентот Дерек Ло е еден од покреативните луѓе кои се разбираат во технологија. За неколку стотини долари, тој ја претворил својата соба во студентскиот дом во автоматизиран животен простор. Импресивната автоматизирана соба ја направил уште кога бил бруцош на Универзитетот во Беркли, а во неа тој не мора да мрдне со прст.rnrnЕ ова е студентска соба!rnrnЗа да ја промени атмосферата во собата, нему му е потребен каков било уред на кој има интернет бидејќи има направено апликација или уште поедноставно, сите работи функционираат и на гласовна команда. Потребни му биле отприлика три месеци да го создаде ова чудо.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нова девојка (New Girl)

    Нова девојка (New Girl)

    Автор: Александар НиневскиrnrnНова девојка (New Girl)Главни улоги: Зои Дешанел, Џејк Џонсон, Макс Гринфилд, Ламорн Морис, Хана СимонrnrnЖанр: ситуациска комедија (ситком)rnrnКреатор: Елизабет МериведрrnrnПремиера: 20 септември 2011rnrnОригинален канал: ФоксrnrnБрој на сезони: 1rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 20 минутиrnrnНаша оценка: 9rn rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Како што кажува насловот, серијата се врти околу новата девојка Џес. Таа е весела и насмеана девојка во нејзините доцни дваесетти, која се обидува да го преболи бившото момче откако тој ја измамил. Така таа наоѓа ново место за живеење и нови пријатели кога ќе се всели со тројца млади мажи: Ник кој работи како бармен; Шмит, кој работи некоја досадна работа во канцеларија и мисли дека е Казанова; и Винстон кој е поранешен кошаркар. Иако тројцата  нови цимери сметаат дека Џес се однесува по малку чудно, сепак ја подржуваат најголем дел од времето. Во оваа група на пријатели подоцна се вклопува и другарка ѝ на Џес, Сиси која е модел.rn


    rn
    rn

    rnПриказна: Голем број од интересните случки во серијата се причина на различните особини и карактери на сите ликови. Џес работи како наставничка во основно училиште која често влегува во чудни ситуации затоа што не сака да влегува во конфронтации. Исто така Џес често знае и да запее, притоа измислувајќи сопствени текстови кои одговараат на дадената ситуација.Нова девојка (New Girl)Нова девојка (New Girl)Ник е незавршен студент по право кој работи во еден локален бар. Тој нема среќа во љубовта и често сака да биде оставен на раат.Нова девојка (New Girl)Шмит е самопрогласен Казанова и верува дека е подарок за жените. Тој работи во канцеларија во една фирма каде што е единствениот маж и поради тоа е често исмејуван од своите колешки. Неговите цимери имаат тегла наменета за него, кога ќе каже некоја глупост – мора да стави пари во неа.Нова девојка (New Girl)Винстон е поранешен кошаркар кој играше во Латвија и моментално бара нова работа. Тој има голем натпреварувачки дух, но брзо му здосадуваат обичните работи и задачи.Нова девојка (New Girl)Сиси иако работи како манекенка, сепак има многу повеќе улично знаење и не се плаши од конфронтација за разлика од Џес. Тие две се најдобри другарки од детството. Иако на моменти не сака да признае, сепак постои некаква привлечност помеѓу Сиси и Шмит.rnrnКога и како да ја гледате: Кратка и слатка, по една епизода неделно е токму она што ви треба за си го подигнете расположението. Конзмирајте ја дозирано, но во кој било дел од денот, во друштво на неколку пријатели или со вашиот партнер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Community (Заедница)

    Community (Заедница)

    ТВ серија за пријателството, различностите и хуморот во секојдневниот студентски животrnrnrnCommunity (Заедница)Главни улоги: Џоел Мекејл, Џилијан Џејкобс, Дени Пуди, Ивет Никол Браун, Алисон Бри, Доналд Гловер, Чеви Чејс, Кен ЈонгrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnКреатор: Ден ХармонrnrnВреметраење: 22 минrnrnБрој на сезони: 2rnrnПремиера: 17 септември 2009rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn——————————————————————————————————————————————————-rnЗамислете си група во која дружењето делува невозможно, а истовремено многу забавно. Тие ни самите не знаат како функционираат, но знаат дека сакаат да го задржат и одржат тоа што го имаат и тешко би пуштиле нов член внатре. Тие се студенти на колеџот Комјунити, место каде и најголемите лузери добиваат втора шанса. Групата е спој од секакви, меѓусебно многу различни луѓе, кои првенствено имаат желба полесно да си поминат на часовите по шпански јазик. Но, набрзо стануваат цврсто поврзани луѓе, кои желбата за дружење и забава, се чини, вечно ќе ја бараат во изговорот дека треба да се состанат за учење.rn——————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Џеф Вингер е млад, згоден адвокат, кој секогаш има што да каже, без разлика дали е тоа решение на проблем или иронична шега, најчесто успешно комбинирајќи ги двете. За жал, неговата диплома за завршен факултет испаднала неважечка, па тој мора да помине низ целиот процес повторно од почеток. Стигнува на едно необично место, на колеџот Гриндејл комјунити, каде доаѓаат сите кои не успеале да завршат факултет во вистинското време и на вистинскиот начин.Community (Заедница)Community (Заедница)Тргнувајќи со поинаков мотив, тој оформува група за заедничко учење шпански јазик, која станува јадрото на серијата. Во групата има од сè по нешто. Брита е згодна блондинка, која на времето се откажала од студирање, а сега обожава да глуми „hard to get” и постојано се обидува нешто да докажува, Ени – млада зависничка од дрога, која во ова место го гледа нејзиниот спас, но има дури и преамбициозни очекувања со оглед на условите, а Ширли е средновечна црнкиња која го пропуштила животот поради тоа што рано започнала да гради семејство со нејзиниот поранешен сопруг кој ја оставил за стриптизерка.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)На другата страна на групата, балансира машката популација, на чело со Џеф, со ликовите на Пирс, постар човек, кој се има докажано во животот, но кој никако не успева целосно да се вклопи во групата. Не ги разбира нивните шеги и не успева да ги засмее другите со свои. Но, сепак, некако тие не можат ни без него. Трој е средношколска фудбалска ѕвезда, која уште живее во минатото и се чини дека му е тешко да се откаже од славата која го следела во животот.

    rn

    Некаде на страна од сите, а сепак сосема сплотен во групата е ликот на Абед, брзозборесто момче кое делува како да не разбира ништо за животот, а всушност покажува способност за анализирање на животите на другите, така како што тие ни самите не можат да се анализираат себеси. Тој ги гледа сите низ филмската камера, а често режира сцени од познати филмови во салата во која се состанува групата. Тој во серијата настапува спонтано и скоро незабележително, но многу е веројатно дека по неколку изгледани епизоди ќе ви стане омилениот лик и со нетрпение ќе ги очекувате следните негови непредвидливи потези.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)Гриндејл е навистина необично место. Професорот по шпански е без малку луд, деканот е сосема луд, а бога ми и многу смотан. По ходниците шетаат „старци“, професорките се стари колку нивните секси студенти, но забавата е присутна и покрај сè.Community (Заедница)Глума: Ликовите се толку различни, а сепак, толку сплотени во приказната и меѓу себе, што дури е чудно како е воопшто возможно да функционираат во целина. Еден религиозен, друг атеист, еден црн, друг расист, еден самоуверен, друг повлечен… ваквата споредба нема крај. Ликовите не само што се прецизно донесени од страна на фантастичната актерска екипа, туку нив скоро и да не можете да ги одвоите од самите актери. Ако се загледате повеќе епизоди од „Заедница“ едно по друго, веројатно е дека набрзо ќе се почувствувате како дел од групата или барем ќе сакате да добиете билет за членство.Community (Заедница)Кога и како да ја гледате: Заедница е забавна комедија од типот ситком, па како и другите серии од овој тип, не е за секој. Ранг-листите за ТВ серии ја поставуваат многу високо, но тоа не значи дека секој ќе ужива да ја гледа. Епизодите се кратки, па кога ќе почнете, брзо ќе станете зависни од свежите шеги, кои се разликуваат од оние кои сме навикнати да ги гледаме во серии како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Градот на пумите“, па дури и „Теоријата за Биг Бенг“. Совет: не претерувајте, до 3 епизоди на ден се сосема доволни за да ви остане серијата што подолго интересна и секогаш со иста возбуда, едвај да чекате да ја пуштите.Community (Заедница)Во една сезона има по 25 епизоди, а во моментов се прикажува втората сезона, така што имате доста за гледање. Времето и местото воопшто не се битни. Битно е само присуството на други луѓе, но не заради вас, туку заради нив. На моменти очекувајте толку гласно да се смеете што дури може да ги „заразите“ и комшиите од другата страна на ѕидот.

  • Ново vs. половно… Проблем?

    Ново vs. половно… Проблем?

    Ново утро, нов ден, нови мисли, секојдневни актови. Без влакна на јазик, без никакво двоумење, денес ќе ви зборувам за она што неверојатно ме иритира во последниов период. Едукација. Каква едукација? Стара едукација. Едукативен систем на една стара баба, како што си кажа Сашко Коцев на овогодишната „Златна буба мара на популарноста“, која впрочем навистина ми се допадна. Конечно беа доделени награди на луѓе кои ги заслужуваат… за да станеш фраер во маало ти треба нова кола, а за нова кола многу пари, а зошто многу пари, кога има половно?Ново vs. половно... Проблем?Епа така и со нашиов едукативен систем. Наместо да се следат временските обнови кои навистина не се, народски кажано, за фрлање, нашиве институции си остануваат на оној систем кој си го воделе пред, благо речено, еден век. Им се нудат нови системи на работа, не само на професорите, туку и на студентите. Што се случува со тие проекти? Фаќаат прашина, корозираат, како маскотите на Скопје, лавовите во центар. Зборот ми е, ако го правиш, прави го до крај како што треба, не е убаво да си замачкуваме очи.rnrnНашите мозоци можат да примат сè и сешто, но зошто мора да се труеме со валкана вода кога учиме за иднината. Не велам дека не треба да се споменат примери од минатото кои не довеле до тука, но една цела книга? Па сметам дека не е во ред јас и дедо ми да ги имаме учено истите работи. Светот се врти, нови работи не претекнуваат секој ден. Доста е од живеење по стари примери, нови секојдневно ни се на видик.rnrnКаков е тој факултет за дизајн, каде не се учат основните алатки за работа? Среќа постојат Youtube-туторијали и среќа имаме желба да научиме, па некако вадиме крај со крај… Ќе влегуваме во Европска Унија? Нема да влегуваме! Не со ваков едукативен систем. Можеби некои од вас нема да се согласат со мене, ама јас ќе кажам, тоа е затоа што навиките тешко се менуваат. Навикнати да трчаме за скрипта, навикнати да чекаме долги саати за еден потпис, си стигнал на ред, на ценетите им е време за пауза??? Сакаат одговорност од наша страна? Сакаат почит? Моментално ја имам само за малкумина, за оние двајца-тројца кои успеале да останат достојни на својата професија. Пари, пари, пари. Сè се врти околу нив за жал. Платени книги, дадена сума која во едно просечно семејство го носи јадењето на маса месечно, а од тие книги ни глас! Зошто нема книги? Никој не го знае одговорот. Епа не драги мои, ние „не пасеме трева“.rnrnСите ги знаеме дупките во нашите едукативни институции. Јас споменав само зрно од она што се случува. Жално е што на голем дел од предавањата на нашите факултети, студентите спијат. Но, тоа е реалноста… Ако некој не знае како да ти го испрезентира своето, тогаш си му досаден. Треба да гледаме што се случува во светот, треба да ги следиме оние кои се пред нас, да се обидеме да ги надминеме. Постојат начини да го одржиш и најдосадното предавање, а никој да не заспие. Креативноста секаде ја има, но малкумина ја гледаат и употребуваат. Јас сум само еден мал глас кој сака многу работи да бидат сменети. Сите сакаме многу работи да бидат сменети… Молк. Каде е проблемот?

  • 9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома

    9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома

    Повеќето луѓе се согласни дека низ годините поминати студирајќи, ги искусиле најубавите моменти од младоста кои се доживуваат само еднаш. Проблем се само парите, кои голем број студенти ги добиваат како месечен џепарлак од родителите, а кој никогаш не им е доволен за сé. Но, доколку научите како да си го испланирате животот и вашите секојдневни трошоци, можете да имате сé и плус да завршите факултет во рок.rnrn

    Купете користени книги

    rnrnНа повеќето студенти голем финансиски товар во текот на секоја студентска година им претставува купувањето книги и прирачници. Зависно од цената на секоја книга, на годишно ниво може да се случи да потрошат 100 или повеќе евра. За да не се случи тоа, обидете се да запознаете некој од постарите генерации кој ќе ви ги продаде неговите учебници за дупло пониска цена.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Научете да готвите

    rnЈадењето надвор, без разлика што ќе изберете од менито, е секогаш за 2-3 пати поскапа варијанта од домашно приготвената храна. Ако живеете во студентски дом, користете ја заедничката кујна или јадете во бифе. Ако нема кујна, а храната во бифето не ви се допаѓа, станете креативни и почнете да готвите на решо или во микробранова печка, кои ви е поисплатливо да си ги купите, отколку да се расфрлате. На тој начин, 2-3 пати во месецот ќе можете да си дозволите да се нагостите во ресторан со вашите колеги.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Возете се со автобус

    rnrnБензинот е скап, а возењето со такси уште повеќе. Давањето толку многу пари за превоз, е навистина голем финансиски трошок за студент кој нема пари, а студира далеку од својот дом. Затоа, и покрај тоа што најудобно ви е возењето во автомобил, стиснете заби во текот на студиските години и користете го автобусот како основно превозно средство. Возењето во нив не е бесплатно, но е најевтина варијанта.rnrn10 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Возете велосипед

    rnrnДруг начин да заштедите на превоз е да возите велосипед. Не само што нема да потрошите ниту еден денар, туку истовремено и ќе ја одржувате вашата линија. Ако немате велосипед, можете да си купите нов за 3000-4000 денари и да заштедите многу пари.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Пазарете во евтини дуќани

    rnrnЕдна од најбитните работи ако сакате да бидете штедливи додека студирате, е да гледате во цените пред да купите некој производ. Избегнувајте да купувате козметика и други потребни препарати од скапи брендови, кога не ви е многу битно. Разгледајте ги цените во околните продавници и секогаш пазарете во онаа, каде цените се најниски. На тој начин ќе заштедите многу пари.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Немојте пречесто да пиете алкохол

    rnrnСтудентите обожуваат да се журкаат и да се пијанат. Но, пиењето е доста скапо и може да ви го потроши вашиот месечен буџет, ако претерате. Доколку сте едни од тие студенти кои си го празнат паричникот на забави, забавете малку и размислете колку е тоа штетно по вашето здравје од една страна и екстремно скапо од друга. Одењето на забави и во дискотеки два пати неделно е сосема доволно за да ги „наполните батериите“ пред испитна сесија. Од друга страна, ако сте повеќе надвор отколку внатре, значи дека малку време поминувате над книга. Имајте на ум дека забавата е послатка ако немате паднати испити да ви ги преоптоваруваат мислите.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Искористете ги бесплатните манифестации

    rnrnСите сакаат да одат на концерти, во кино или на други настани за забава, но ретко кој може да оди секаде кај што сака. Не го пропуштајте настапот на вашиот омилен бенд или пејач, бидејќи ќе ви биде криво отпосле, но не купувајте карта за сé што е актуелно во месецот. Наместо тоа, присуствувајте на бесплатни манифестации на отворено и разни други хуманитарни концерти. Ќе ги сретнете сите ваши пријатели и истовремено ќе заштедите многу пари.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Пригответе си кафе со пикантен вкус

    rnrnСтудентите обожуваат да пијат кафе со своите колеги во некој кафе-бар, на паузи меѓу предавањата. Тоа ги држи будни кога остануваат да учат доцна навечер. Но, ако пиете по неколку кафиња секој ден, ќе потрошите многу пари. Ако во кафе-барот не е скапо, посетете го 2 пати неделно, но во останатите денови од неделата, понесете си кафе од дома во термос или купете си од кафемат. Ние ви нудиме голем избор на вкусни кафе-рецепти.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од домаrn

    Најдете некоја хонорарна работа

    rnrnСекојдневното броење на парите во џебот, може да биде многу истоштувачко, па затоа ако успеете да најдете некоја работа со половично работно време е одличен начин да го намалите стресот. Сé додека работата не му наштетува на вашиот успех на факултет, таа може да ви помогне да живеете порелаксирано и да си дозволите повеќе луксузи.rnrn9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.