Кога студентот по медицина Џозеф се заглавил во лифт, за среќа имал доволно батерија на телефонот за да ја раскаже неговата урнебесна приказна. Тој објавувал фотографии на Снепчет од неговото клаустрофобично искуство во текот на 60-те минути додека бил заглавен, а сиот виртуелен свет сега му ракоплеска за неговата храброст.rnrnДен: Моментално сум заглавен во лифтrnrnРобинзон Крусо е одлична приказна, но не може да се спореди со оваа современа сказна за преживување. Џозеф морал да даде сѐ од себе за да преживее: Да го мери времето, да се брани од сите тие смртоносни флуоресцентни светла и да се соочува со сите останати предизвици што ја тестирале неговата смелост. Земете си пуканки и внесете се во овој напнат и возбудлив трилер…rnrnДен 1, 10-та минута: Дали вака изгледа пеколот?rnrnДен 1, 15-та минута: Ако некој друг беше сега со мене, најверојатно ќе се свртев кон канибализмотrnrnДен 1, 20-та минута: Ќе почнам да наоѓам некаков алтернативен начин за да излезам од таванотrnrnДен 1, 25-та минута: Наскоро ќе си ја исечам раката со џебно ноже. Не е заглавена во ништо, само ми снемуваат идеиrnrnДен 1, 28-ма минута: Лаптопот си го крстив ВилсонrnrnПродолжете на следната страница за да дознаете како ќе заврши возбудливата приказна на заглавениот доктор…rnrn
Кога ќе отидете на факултет ќе сфатите дека има еден куп работи што не можете да ги научите сѐ додека не ги искусите. Кога ќе треба да делите одредени нешта со вашиот/вашата цимер/ка, ќе се научите да правите многу работи за кои до тогаш не сте ни помислувале дека е возможно да се направат. Покрај тоа што ве чекаат напорни денови за учење, зошто дополнително да си ги отежнувате работите? Погледнете ги овие неколку трикови кои барем малку ќе ви помогнат да си го олесните студентскиот живот.rn
1. Направете сами звучник за телефон
rnrnrnПокрај тоа што студентските денови се исполнети со учење, тука не е исклучена и забавата. Ако одлучивте да се соберете со своите пријатели и сакате да пуштите музика, но притоа сфатите дека немате звучници, овој проблем лесно можете да го решите со работи кои најверојатно веќе ги имате во станот или куќата. Ролната тоалетна хартија е вистинскиот избор. Направете дупка колку да го собере вашиот телефон, прицврстете го за неа и веќе ќе имате звучник. Исто така може да ги искористите и пластичните или хартиените чаши. Исечете дупка во нив и ставете ја ролната од тоалетна хартија од страните за да го засилите звукот.rn
2. Користете замрзнато грозје за да го изладите виното
rnrnrnОсвен музиката, при собирањето со пријателите честопати ќе имате и вино. Ако некогаш сте заборавиле да го изладите, тогаш решението е замрзнато грозје. Ставете во замрзнувачот и искористете го кога ќе ви биде најпотребно. На овој начин нема да имате вода во виното што би било случај ако користите лед.rn
3. Користете плејлиста за побрзо да се подготвите
rnrnrnЕдно нешто што повеќето луѓе го прават наутро е брзање при подготвувањето. Најдобриот начин да го избегнете доцнењето на предавањата е секојдневно да слушате една иста листа со песни. Откако песните ќе станат ваша рутина, ќе знаете кога и колку време потрошувате на една активност, па ќе можете да побрзате со подготовките.rn
4. Изберете закачалки кои собираат повеќе алишта
rnrnrnБидејќи најверојатно плакарот ќе треба да го делите со вашиот/вашата цимер/ка, ќе морате да научите да користите помал простор за алиштата. Одличен избор за ова се закачалките што собираат повеќе парчиња облека.rn
5. Заштедете време за подготовка на оброк
rnrnrnМикробрановата печка станува секојдневие во студентскиот живот. Па, наместо да чекате да загревате два оброци едно по друго, ова може да го постигнете со користење шолја. Ставете ја едната чинија, до неа ставете ја шолјата, а врз неа другата чинија. Ова ќе ви овозможи да ги загреете и двата оброци одеднаш.rn
6. Избегнете плеткање на жиците
rnrnrnВклучените телевизор, лаптоп, телефон или таблет во истиот штекер може да направат хаос. Со цел да го избегнете плеткањето на жиците, можете да создадете своја сопствена кутија каде што ќе ги полните своите уреди. Не само што ќе го спречите нередот, туку ќе знаете и кој кабел го исклучувате.rn
7. Одржувајте го уреден вашиот фрижидер
rnrnrnСтудентскиот живот не нуди луксуз, па повеќето места за живеење имаат мал фрижидер. Ако се обидувате да ставите повеќе работи, а притоа имате и шишиња, тогаш ова е одличен трик за да заштедите простор. Користете клип за документи и спречете ги шишињата да се тркалаат наоколу.rn
8. Полесно сушење на лакот за нокти
rnrnrnДевојките ќе се согласат дека чекањето да се исуши лакот за нокти е една од најдосадните работи. Ако се брзате за факултет или за излегување, тогаш можете да го користите овој трик за сушење на лакот. Ставете ги ноктите во сад со ладна вода и оставете ги неколку секунди, или пак едноставно ставете ги под чешмата со ладна вода и забрзајте го процесот.rn
9. Заштитете го полначот за телефон
rnrnrnПовеќето од нас имаат навика да го остават телефонот да се полни во непријатна позиција. Една од последиците е тоа дека наскоро ќе го видите полначот искинат на рабовите. Еден начин да го заштитите од ова е да ставите пружина од пенкало околу него. Ова ќе го спречи непријатното виткање и нема да дозволи да се искине.
Денес 3Д печатењето е еден од светските трендови. Со негова помош може да се создаде што било за многу малку време. Дури и една цела модна колекција. Денит Пелег е неодамна дипломирана студентка на колеџот за инженерство и дизајн Шенкар во Израел, која испечатила цела колекција за нејзиниот завршен проект.rnrnОваа 27-годишна девојка не знаела скоро ништо за 3Д печатењето кога започнала да го работи проектот, но по 9-месечно истражување таа успеала целосно да го заврши за само 2.000 часа.rnrn
„Сакав да се предизвикам да ја испечатам целата колекција користејќи ги домашните 3Д печатачи. Да бидам искрена, исто така сакав да имам слобода да создавам сопствени материјали, а не да зависам од тоа што се наоѓа на пазарот“ – рекла таа за Mashable.
rn
Данит Пелег создала сопствена колекција…
rnrnrn rn
За нејзиниот завршен проект на колеџот за инженерство и дизајн Шенкар.
rnrnrn rn
Но, оваа 27-годишна девојка не се решила за игла и конец…
rnrnrn rn
Туку за 3Д печатач со чија помош ќе создаде една цела колекција во рок од 2.000 часа.
A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on
rnrn
rnrn rn
Пелег не знаела многу за 3Д печатењето кога го започнала проектот, па затоа 9 месеци ја истражувала технологијата и многу време посветила во тестирање на различни печатени материјали.
rnrnrn rn
Вели дека откровението настанало кога се запознала со филафексот – нов тип конец кој е многу силен, но и многу флексибилен.
rnrnrn rn
Создала 5 различни изгледи за колекцијата користејќи само специјални конци и Witbox домашни печатачи, а имала и помош од TechFactoryPlus и заедницата на XLN.
rnrnrn rn
Пред да го започне печатењето, со помош на софтверот Optitex таа го цртала секое парче, а потоа го користела софтверот Blender за да создаде виртуелни модели и 3Д фајлови.
Ѝ биле потребни околу 400 часа (околу 17 дена) да ги создаде сите парчиња од колекцијата.
rnrn rnrn rn
Како главна инспирација во моментите кога ги создавала 3Д дизајните ѝ послужила колекцијата на Андреас Бастијан – Мезоструктуирани ќелијски материјали…
rnrn rnrn rn
И сфатила како да создаде материјали кои се движат како обичната облека.
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn It bounces! A video posted by Danit Peleg (@3d_liberty_fashion) on rn
rnrn rn
Целата нејзина колекција е прекрасен спој од мода и технологија…
И Пелег планира да ја продолжи својата работа со 3Д печатењето и во иднина.
rnrnrn rn
Овој проект е навистина освежувачки, иновативен и авангарден – и во светот на модата, но и во светот на технологијата. Затоа ги заслужува сите пофалби.
Можеме слободно да кажеме дека овој студент не се подготвувал напорно за својот тест, но тоа не значи и дека не се потрудил да го одговори секое прашање соодветно. И покрај тоа што неговите одговори може не се оние кои професорите ги барале, сепак тие не се ни погрешни. Погледнете за што станува збор…rnrnrn
1. Во која битка умрел Наполеон?
rn- Во својата последна битка.rn
2. Каде е потпишана декларацијата за независност?
rn- На дното од страницата.rn
3. Која е главната причина за развод?
rn- Бракот.rn
4. Што никогаш не можеш да изедеш за појадок?
rn- Ручек и вечера.rn
5. Што личи на половина јаболка?
rn- Другата половина.rn
6. Што ќе се случи ако фрлите црвен камен во сино море?
rn- Ќе стане мокар.rn
7. Како еден човек може да издржи 8 дена без сон?
rn- Тоа не е проблем. Може да спие навечер.rn
8. Како можете да подигнете слон со една рака?
rn- Не постои слон со една рака.rn
9. Ако во левата рака ви стојат 3 јаболка и 4 портокали, а во десната 4 јаболка и 3 портокали, што имате?
rn- Имате многу големи раце.rn
10. Ако на 8 луѓе им било потребно 10 часа да изградат ѕид, колку ќе им треба на 4 луѓе за истиот ѕид?
rn- Не им треба воопшто, ѕидот е веќе изграден.rn
11. Како да пуштите јајце на бетон, без притоа да се скрши?
rn- Како сакате, бетонот е многу цврст и не може така лесно да се скрши.
Адвокатурата е убава професија. Овозможува да се занимавате со интелектуална работа, да се расфрлате со знаења кога е моментот за тоа и дава бројни интелектуални битки во текот на кариерата. Покрај тоа, носи добар углед во општеството и е добро платена. Затоа правните факултети успеваат да привлечат толку голем број млади луѓе кои покрај желбата да го изучуваат правото веројатно уште повеќе размислуваат за овие работи.rnrnСепак, има и некои други нешта кои треба да ги имате предвид, а за кои малку кој зборува додека плаќате партиципација за студирање. Тие не се толку убави како оние што се набројани погоре. Нивната цел не е да ве обесхрабри во походот кон успех како адвокат, туку да ви послужат како важни информации за поподготвени да се впуштите во борбата која ви претстои.rnrnrn
1. Факултетот не ве подготвува за да бидете адвокати
rnДипломата од правен факултет значи дека ги познавате законите и го разбирате правото. Со тоа можете да се наречете добар правник, но не и добар адвокат. За вршење на адвокатурата потребни се уште многу други способности на кои мора да работите ако сакате да постигнете успех во оваа професија. За жал, на нашите правни факултети не се изучуваат предмети кои ќе ве научат да пишувате договори, да направите концепт за одбрана на обвинет клиент или да комуницирате квалитетно.rn
2. Со положен правосуден испит не се станува адвокат
rnПравосудниот испит служи за да ги потврдите вашите правнички квалитети после завршеното високо образование и одработениот практичен дел при стажирањето. Откако ќе ги потврдите, тоа значи дека сте спремни да застапувате други луѓе пред суд. Но, тоа не оди така лесно. Потребно е да извадите и адвокатска лиценца која чини 42.000 денари. Ваквата давачка е наметната со закон, а се плаќа на Адвокатската комора на РМ, односно на луѓето на кои треба да им бидете конкуренција.rnrnrn
3. Адвокатите не сакаат да ви го дадат своето знаење
rnВештините кои ви фалат треба да ги стекнете во текот на стажирањето. Постои заблуда дека стажирањето е работа, но тоа всушност е важен дел од образованието. Тоа е моментот кога треба да добиете многу важен тренинг од страна на адвокатот кај кого стажирате. Тажната вистина во целата приказна е тоа што тие нема лесно да ви го дадат нивното знаење, односно know-how. Многу млади правници завршуваат пополнувајќи обрасци, средувајќи документи или разнесувајќи поднесоци. Потоа положуваат правосуден испит и во поглед на вештините се речиси на истото место како и во времето на дипломирањето. Во меѓувреме, адвокатот кај кого сте го завршиле приправничкиот стаж ја злоупотребил можноста да добие бесплатна или евтина работна сила давајќи ништо или многу малку за возврат.rn
4. Адвокатите ќе ги земат заслугите за вашата добра работа
rnОгромно мнозинство од адвокатите на приправничкиот стаж гледаат како на можност бесплатно или за ситни пари да добијат работна сила. И не само што квалитетниот тренинг ќе изостане, туку и она што сами ќе го сработите при самостојното учење нема да ви биде признаено како ваша заслуга. Адвокатот ве вработува вас, што значи дека тој го плаќа вашето време во кое вие работите за него. Тоа што е сработено како крајна услуга е само негова заслуга, а не ваша.rnrnrn
5. Клиентите не сакаат да плаќаат
rnЕдна цинична изрека вели дека адвокатот мора да знае две работи: како да излаже и како да наплати. Луѓето тешко се одлучуваат да ангажираат адвокат затоа што треба да го платат. Кога адвокатот е ангажиран, тоа значи дека клиентот го купил неговото време и во тоа време тој мора да му биде на располагање, често пати игнорирајќи ги своите други животни обврски, и да заврши некаква интелектуална работа за него. Тоа, разбирливо, чини многу пари. Клиентите се потпираат на адвокатските услуги кога имаат потреба за тоа, но потоа се трудат да го одбегнат плаќањето колку што можат. Некои немаат пари, а кај други причината е само културата на неплаќање. Затоа адвокатите практикуваат наплаќање на аванс пред да почнат со работа. Оние кои не успеваат да наплатат понекогаш ги тужат своите клиенти.rn
6. Справувањето со клиентите не е едноставно
rnКлиентите очекуваат чуда од адвокатот. Дури и кога губењето на спорот е неизбежно, тие сметаат дека адвокатот е должен да употреби магично стапче со кое ќе ја смени реалноста и правдата од противник ќе ја претвори во негов сојузник. Добрите клиенти кои како на филмовите доаѓаат во канцеларијата со добар случај кој може ви донесе многу пари и слава се многу ретки.rnrnrn
7. Ораторските способности не се од клучна важност
rnОраторските способности се важни во судницата, но не се од клучна важност како што многумина мислат. Начинот на аргументација е она што е битно, што може да ги претстави работите од поинаков агол и да понуди поинаква слика на тоа што се случило или не се случило. Јавното говорење согласно стандардите од ораторската вечер на Правниот факултет не е од голема корист кога му се обраќате на судија кој има неколку децениско искуство. Наивно е да се поверува дека со добри говорнички вештини ќе прелажете некого кој, народски кажано, изел многу фурни леб за да стане судија. Начинот на кој се аргументираат сопствените гледишта на самото судење или во поднесоците до судот е она што ја прави разликата.rn
8. Неопходен е добар маркетинг и добро вмрежување
rnМногу важна работа е да сфатите дека ситуацијата во која си седите во канцеларијата и одеднаш на врата се појавува клиент ја има само во филмовите. Во реалноста, некој доаѓа кај вас само ако некој друг претходно ве препорачал. Ставете се во кожата на вашиот потенцијален клиент: тој е соочен со важно животно прашање и сака својата судбина да ја довери некому на кого може да му се верува. Тој ќе се распраша за добрите адвокати. Затоа вмрежувањето е од најголема важност во обезбедувањето на клиенти. Друга важна работа е добриот маркетинг. Постојат адвокати кои поради честото појавување на телевизија имаат статус на легенди, а во практиката често губат спорови. Но тоа малкумина го знаат и тие постојано имаат работа.rnrnrn
9. Малку адвокати се богати
rnЕдна од причините е што клиентите го избегнуваат плаќањето, а друга е таа што понекогаш едноставно нема доволно работа која би донела приход. Добар дел од адвокатите заработуваат некаде околу просечната македонска плата или нешто над тоа. Ретки се оние кои се навистина богати, а и оние кои се често пати богатството го стекнуваат од разни бизниси, а не од застапувањето на луѓе или компании.rn
10. Бегство во државната администрација
rnГолем дел од правниците се запишуваат на правен факултет сонувајќи за работа во нашето судство, но кога за време на стажирањето ќе сфатат дека има и полесно почнуваат да размислуваат за кариера како државни службеници. Проблемот овде е во тоа што тоа бегство не е лесно. Тука постојат неколку пречки. Прво, тоа е возможно само со добро вмрежување. Второ, дури и да сте дел од некоја од силните мрежи, работното место за кое вие ќе конкурирате ќе биде посакувано од уште неколку десетици ваши колеги и ќе треба да ги совладате и нив и нивните мрежи. Трето, дури и да успеете во тоа, прашање е колку можете да се потпрете на оваа стратегија на долг рок. Според проценките на европските институции постои превработеност во нашата државна администрација, односно потребни се само две третини до една половина од веќе вработените. Останатите се вишок, а нашето општество ќе мора порано или подоцна да го реши овој проблем.rnrn rnrn
Во текот на својот последен семестар од магистерските студии по архитектура на Универзитетот Минесота, на студентот Хенк Батита му досадило да работи само на концептуални проекти кои постојат само на хартија и решил да внесе живот во својот последен проект. Амбицијата да направи нешто различно, го натерала Хенк импулсивно да купи школски автобус од веб-сервисот „Craigslist“ за 3.000 американски долари, со цел да го редизајнира и да го претвори во подвижен дом.rnrnrnrnНеговата идеја го привлекла вниманието и поддршката од страна на професионалните архитекта и асистенти, кои го поттикнале младиот амбициозен архитект навистина да го трансформира возилото.rnrnrnrnПосле 15 напорни седмици поминати во планирање и физички труд, Батита успеал да го редизајнира вообичаениот школски автобус, со помошта од неговиот брат Винс и неговиот другар, фотограф, Џастин Евидон. Редизајнираниот автобус сега се состои од дневна соба, спална соба, тоалет, кујна, работен простор и простор за складирање предмети.rnrnrnrnОткако го завршил декорирањето на автобусот, тој започнал 8.000-километарско патување околу САД со него. Интересниот архитект секојдневно го документира забавното патување, објаснувајќи ги попатните авантури проследени со фотографии на неговиот веб-сајт, со цел да го следи прогресот на автобусот и евентуалните ограничувања, за да го усоврши неговиот дизајн.rnrnrnrn
Внесете малку авантура во јадењето суши преку една од овие кул чинии на студентката по биологија Avigayil, чие хоби е изработка на керамички производи. Во овој случај таа ги споила двете животни пасии и изработила невообичаен, но навистина креативен производ. Од океанот на дното на чинијата излегува страшна ајкула со уста полна соја сос.rnШтета што во моментот студентката има премногу нарачки и не прима нови. Но, ако сте љубители на суши, малку трпеливи и подготвени да платите повеќе од 70 долари, вашето уживање во оваа храна ќе биде многу поголемо и позабавно.rnРизикувајте и поделете го залакот суши со страшната ајкула. Обидете се да украдете и малку соја сос од нејзината уста. 😉rnrn
Додека студира архитектонски дизајн, сирискиот уметник Мухамед Ејлех своето слободно време го посветува на креирање фантастични илустрации кои ја поместуваат границата помеѓу дводимензионалното и тридимензионалното. Тие се толку добро нацртани што просто не можете да поверувате дека не станува збор за фотоманипулации. За нивната изработка тој користи најосновни алатки, само молив и тефтер.Овој 20-годишен студент навистина има талент, а тоа е забележливо со секое негово дело. Оваа серија цртежи тој ја нарекол „The 2D isn’t Enough Project“.rnrn
Возилото на овие слики сепак е само автомобил. Се работи за концептот Ламборгини Пердигон кој, интересно, не е направен од луѓето на Ламборгини, ниту по нивна нарачка. Овој дизајн е дело на еден студент од Факултетот за уметност во Пасадена, Калифорнија. Неговото име е Ондреј Јирец, а овој чудесен концепт е резултат на неговата работа на еден студентски проект. Каков ли би бил резултатот ако некогаш седне сериозно да работи за компанијата?rnrn
Тежок е животот студентски, особено ако студираш далеку од дома. Сепак мора да се снаоѓаш за да преживееш, а оваа фотографија е вистински доказ дека постојат инвентивни студенти.rnrn