1. Како да го скриете статусот од одредени луѓе?
rnМожеби немате навика да чепкате низ поставките за приватност („Privacy Settings“) на Фејсбук, но токму овде ќе најдете опција да одредите кој ќе може да ги гледа вашите статуси, и тоа: сите, само вашите пријатели или пријателите на вашите пријатели.rnrn
rnrnМожете да изберете и одредени листи со пријатели (вашите колеги, роднини или познаници), па дури и поединечни имиња на луѓе кои не треба да добиваат информации за вашите нови статуси. Затоа служи катанчето во десниот дел од рамката „What’s on your mind?”. Ако кликнете на „Customize“ ќе можете да изберете кој треба да го види статусот што ќе го објавите или кој не треба да го види.rn.rn
2. Како да ставите Dislike опција за вашиот статус
rnАко сакате да поставите нешто на вашиот ѕид, за кое ќе ви значи да добиете реален фидбек од вашите пријатели, практично би било да поставите копче „Dislike“, веднаш до популарното „Like”. Апликацијата Status Magic за Фејсбук може да додаде вакво копче на секој статус кој ќе се објави преку неа. Уште позабавно е што оваа опција можете и дополнително да ја прилагодувате за изразување различни емоции, како на пример: „Love”, „Hate”, „Disagree” „LOL” и сл.rn
.rn3. Како да поставите таг во вашиот статус
rnИако оваа опција не е многу нова, според тоа колку луѓе го прашуваат Гугл како се прават имињата на статусите на Фејсбук сини, изгледа дека на многумина сѐ уште ова не им е баш јасно.rnrn
rnrnЗа да спомнете некој во вашиот статус, напишете „@” во линијата за статуси и почнете со испишување на името на оној кој сакате да го обележите. Ќе ви се појави листа на имиња кои почнуваат со таа буква, после што само треба да го изберете вистинскиот профил. Оваа опција, покрај за профилите, е достапна и за страници, брендови, настани и компании.rn.rn
4. Како да си закажете идно објавување на статуси
rnИма повеќе надворешни сервиси од овој тип, но наједноставниот начин за да го постигнете ова е дефинитивно со користење на едноставната и бесплатна алатка Later Bro. Најавете се преку Facebook Connect, изберете ја временската зона, пишете што сакате да излезе во одредено време кое ќе го означите на календарот и толку.rn
.rn5. Како да ги визуелизирате вашите статуси во вид на облак (word cloud)
rnАпликацијата Status Analyzer 3D ќе види што сте пишувале во последно време и ќе генерира листа, а потоа и убав, анимиран облак од зборови во различни бои. Вашиот облак можете да го споделите со поставување на вашиот профил или пак на ѕидовите на вашите пријатели.rn
6. Како да ставате симболи во вашите статуси
rnЕдинствениот симбол кој можете да го направите автоматски со кратенка од тастатурата е ♥ кое се прави со притискање „<3″.rnrn
rnrnКорисниците на пи-си можат да ставаат дополнителни симболи со притискање на „Alt” + некој број од нумеричката тастатура.rn.rn
7. Како да гледате статуси од луѓе од целиот свет
rnДоколку сакате да ѕирнете во мислите на луѓето кои користат Фејсбук низ целиот свет, појдете на OpenBook. Сајтот автоматски генерира статуси од сите кои во поставките за приватност ја имаат избрано опцијата „Everyone.” Можете да пребарувате по пол или по клучни зборови за да видите што луѓето зборувале на одредена тема или пак да ги погледнете новините во светските статуси.rn
.rn8. Како да се забавувате со јазичните опции на Фејсбук
rnМожете да изберете статусот на Фејсбук да се прикаже наопаку или на т.н. пиратски јазик, кој ќе ги направи имињата на опциите позабавни. Ова може да се постигне со надворешни сервиси. TypeUpsideDown.com и UpsideDownText.com ќе го свртат текстот на статусите наопаку, додека Talk Like a Pirate Day ќе ви помогне во пиратскиот превод.rn
.rn9. Како да се пошегувате со вашите пријатели
rnОвој линк: http://facebook.com/profile.php?=73322363 може да води до сечиј профил на Фејсбук, всушност секој што е најавен на сервисот ќе го одведе до сопствениот профил. Пред да го поставите на нечиј ѕид, во комбинација со некој текст од типот: „Најгрд профил на Фејсбук“,не заборавајте претходно да го тргнете визуелниот преглед на линкот кој Фејсбук автоматски го додава.rn
.rn10. Статистика на вашите статуси
rnСте се запрашале ли колку пати сте поставиле нов статус на Фејсбук? Ако да, со Status Statistics за Фејсбук ќе добиете пристап до ваквите податоци и повеќе.rnrn
rnrnАпликацијата прави анализа на вашите статуси и ви дава листа на сите што сте ги напишале, просечниот број на употребени зборови и број на објавувања на ден. Дополнително, генерира дијаграм кој покажува во кој период од денот и во кои денови од неделата најчесто пишувате нови статуси.