КАФЕ ПАУЗА

Tag: статистика

  • 11 работи што не се толку опасни колку што мислите

    11 работи што не се толку опасни колку што мислите

    Светот може да биде прилично опасен, но некои работи не се толку лоши колку што мислите. Погледнете ги овие статистички податоци што ќе ви откријат дека има еден куп работи што се многу побезбедни отколку што мислевте.rn

    1. Ајкули или крави?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnИ покрај лошото мислење за ајкулите, тие не се најголемите крвожедни животни на планетата. Кравите се многу поопасни од ајкулите. Веројатноста да ве повреди крава е 20 пати поголема отколку да ве повреди ајкула.rn

    2. Ролеркостер или голф?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnНаучниците веруваат дека љубовта кон ролеркостерите и другите екстремни работи зависи од биохемијата на мозокот – луѓето со високо ниво на допамин постојано сакаат да прават нешто опасно.rnrnИ покрај тоа што се верува дека ролеркостерите се опасни, според статистиката, поопасно е да играте голф отколку да се возите на ролеркостер. И покрај репутацијата дека голфот е прилично безбеден спорт, голферите често имаат сериозни изместувања или хернијален диск. Се разбира, никој не зборува за ова на телевизија.rn

    3. Падобран или автомобил?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnСпоред статистичките податоци, возењето автомобил е многу поопасно отколку да скокнете од авион со падобран. Податоците од Сојузот на падобрани на САД сугерираат дека само еден од 100.000 скокови доведува до несреќа. Со други зборови, би требало да направите 17 скокови годишно за да ги приближите до можноста да бидете повредени во сообраќајна несреќа.rn

    4. Алигатор или бања?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnСтатистиката сугерира дека бањањето е многу поопасно од пливањето во езерце со алигатори. Во овој случај, станува збор за негрижата на луѓето затоа што честопати се тушираат со многу жешка вода кога се во алкохолизирана состојба. Според статистичките податоци за напад од страна на алигатор, бројот на луѓе што го изгубиле животот во сопствената бања е многу поголем.rn

    5. Молња или паѓање од креветот?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnКој би помислил дека паѓањето од креветот е толку опасно? Во текот на 10 години (2004-2014), помалку луѓе биле повредени при удар од гром, отколку луѓе што паднале од сопствениот кревет. Ударите од гром повредуваат околу 250.000 луѓе секоја година, но паѓањето од креветот е многу полошо, особено за постарите луѓе.rn

    6. Лифт или скали?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnСтравот од лифтови може да прерасне во вистинска фобија. Тоа е тесен простор и има многу механизми, а скалите изгледаат многу побезбедна опција. Или не? Според статистичките податоци, одењето по скали е околу 60 пати поопасно отколку возењето со лифт.rn

    7. Планинарење или дебелина?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnОва може да ви помогне да изберете здрав начин на живот. Според статистичките податоци, планинарењето е многу побезбедно отколку прекумерната телесна тежина (и сите поврзани болести). Ако ги следите сите правила за безбедност, качување по планини е многу побезбедно од јадењето брза храна и водењето седечки начин на живот.rn

    8. Авион или продолжителен кабел?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnСпоред статистиката, летањето со авион е многу побезбедно од продолжителните кабли што луѓето ги користат секојдневно во своите домови.rn

    9. Лав или нилски коњ?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnКралот на животните изгледа има достоен конкурент. Според статистичките податоци, лавовите не се толку опасни како слатките нилски коњчиња. И покрај нивната огромна тежина, овие животни можат да трчаат со брзина од 19 километри на час, тие се многу агресивни и можат да уништат сè што ќе им се најде на патот.rn

    10. Сноуборд или мебел?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnСноубордингот е еден од најопасните спортови, најмногу затоа што спортистите не се придржуваат до правилата за безбедност и затоа што не користат никаква заштитна опрема. Сепак, дури и овој екстремен спорт не е толку лош како мебелот кој успева да им наштети на многу луѓе.rn

    11. Метеорит или шахта?

    rn11 работи што не се толку опасни колку што мислитеrnrnСпоред статистичките податоци, шансите да умрете од метеорит се 1 во 10.000.000. Но, на планетата има многу поопасни работи од небесните тела. На пример, отворените шахти.rnrnПогледнете кои работи ги правите секој ден, без да сфатите колку се опасни.

  • Како функционира генерацијата милениумци?

    Како функционира генерацијата милениумци?

    Секоја генерација си има свои ставови, вредности, па дури и недостатоци. Секоја генерација сака да мисли дека е подобра од претходните или од оние после неа. Понекогаш изгледа дека ниту една генерација не добила толку внимание како милениумците, групата луѓе кои постарите често ги опишуваат како мрзливи, но експерти за видео игри и социјални мрежи.rnrnКако функционира генерацијата милениумци?rnrnПостојат безброј стереотипи за милениумците, а доколку спаѓате овде, веројатно сте се соочиле со барем еден. Во продолжение можете да дознаете нешто повеќе за клучните статистички податоци за оваа генерација, и за тоа како е дефинирана.rnrnНе постои официјална дата со која би се одредило кој спаѓа во групата милениумци. Повеќето ги дефинираат милениумците како оние родени помеѓу 1981-ва и 1996-та година, но некогаш границата започнува уште во 1978-ма, а завршува дури во 2000-та.rnrnЕдна од повлијателните книги за оваа генерација, „Милениумците се издигнуваат“ (Millennials Rising), беше објавена во 2000-та година. Авторите се одлучиле за името „милениумци“, а не за „генерација ипсилон“ бидејќи изгледало како самата младина да го преферира. Покрај тоа, името милениумци не ги става во сенка од претходните генерации. Името исто така го поддржува и фактот дека децата родени околу 1982-ра година, би завршиле средно образование на почетокот од новиот милениум.rnrnМногу истражувачи ги проучувале ставовите и мислењата на милениумците за разни теми. Повеќето покажуваат дека оваа генерација е образована, со висока самодоверба, амбициозна и технолошки писмена. Спротивно на популарното верување, милениумците не се опседнати само со кафе и авокадо.rnrnЕден од аспектите што ги истакнува милениумците е тоа што тие се екстремно поврзани. Околу 92% од нив поседуваат смартфони, а речиси сите, околу 85%, користат социјални мрежи. Милениумците имаат поголема веројатност да се адаптираат на новите платформи за разлика од постарите генерации.rnrnПолитички, милениумците настојуваат да бидат полиберални за разлика од претходната, па дури и генерацијата после нив.rnrnМилениумците и ретко одат во црква. Анкетите постојано покажуваат дека тие се помалку религиозни од постарите генерации кога биле помлади. Но според истражувањето на Пју од 2018-та година, црните милениумци биле значително порелигиозни за разлика од белите.rnrnДемографски, милениумците се поголема и етнички поразновидна група од претходните генерации. Исто така тие се поотворени за меѓурасни бракови – во анкета од 2010-та година, 85% од милениумците ги поддржувале овие бракови. 73% од милениумците ги поддржуваат и истополовите бракови, што е многу повеќе од претходната и генерацијата икс.rnrnБидејќи работодавците се навистина заинтересирани за профилот на милениумците, направени се многу истражувања кои ги проучуваат ефектите на генерацијата врз работната сила. Милениумците долго време се сметаат за нарциси. Една анализа на 170 истражувања го поддржала ова и покажала дека милениумците сметаат дека се подобри од другите за 25% повеќе за разлика од генерацијата икс.rnrnНо други истражувања го намалиле тој процент. Наводно, милениумците и генерацијата икс имаат слични долгорочни цели во кариерата, како што се позитивно влијание врз организацијата, станување експерт во својата област и работење на она што го сакаат. Сите разлики во работната етика поверојатно се поради фазата од животот, наместо трајните генерациски однесувања. Со други зборови, сите луѓе во нивните 20-ти настојуваат да бидат нарцисоидни, а ова се намалува со нивната возраст.rnrnЗнаевте ли дека милениумците имаат подобри финансиски навики од постарите генерации?

  • 7 статистички податоци за среќните парови што ќе ве изненадат

    7 статистички податоци за среќните парови што ќе ве изненадат

    Иако не постои формула со која ќе пресметате дали некоја врска ќе биде успешна, разбирањето на некои од општествените трендови може да ви помогне да предвидите во која насока се движите со партнерот. Врските бараат многу работа, а повеќето луѓе инвестираат многу за да ги направат успешни. Погледнете ги овие изненадувачки статистички податоци за љубовта, романсата и среќните парови.rnrn7 статистички податоци за среќните парови што ќе ве изненадатrn

    1. Здравата врска значи дека нема да се расправате

    rnРасправањето во врските често не е разбрано. Спротивно на популарното верување дека нешто сигурно не е во ред кога се расправате редовно, едно истражување покажало дека најсреќните парови се оние кои имаат „гневни, но искрени“ разговори. Ова е важен чекор во решавањето на проблемите и откривањето на вашите и потребите на партнерот.rn

    2. Социјалните медиуми ги разделуваат партнерите

    rnСекој го има видено парот што излегол на вечера, но не можел да го тргне погледот од телефоните. Експертите за врски предупредуваат дека ние како општество ѝ дозволуваме на технологијата да нè разделува од саканите. Всушност терапевтите од Организацијата за врски во Ирска изјавиле дека во 80% од врските има барем малку грижа за прекумерна употреба на технологија од страна на партнерот.rn

    3. Прераниот секс може да ја уништи шансата за поврзаност

    rnНема ништо лошо во сексот за една вечер, но ако барате стабилна врска најдобро е да не брзате. Едно истражување во кое учествувале 600 венчани и парови што живеат заедно ја споредувало нивната среќа во разни фази од врската. Се открило дека оние кои чекале барем еден месец пред да имаат секс биле многу посреќни подоцна во врската за разлика од другите.rn

    4. Изневерувањето не значи неисполнувачка врска

    rnПовеќето луѓе сметаат дека ако нивниот партнер бара нешто надвор од врската, тоа е знак дека не е среќен. Но според едно истражување причината не е секогаш ова. Истражувачите ги прашувале мажите кои признале дека имале афера во која состојба бил нивниот брак. 56% од нив одговориле дека биле задоволни, не барале излез и биле во среќен брак.rn

    5. Веројатно сте се вљубиле на прв поглед

    rnПостојат многу дебати за тоа дали љубовта на прв поглед е реална или не. Истражувањата покажуваат дека сепак има некоја вистина во ова тврдење. Скенирањата на мозокот покажале дека кога испитаниците гледале во потенцијален партнер им била потребна отприлика една петина од секунда за да реагираат. Ако личноста им се допаѓала, мозокот произведувал хемикалии поврзани со љубовта и среќата како окситоцин и допамин. Ова значи дека ако ја гледате вистинската личност, вашиот мозок ќе одреди дали сте вљубени за една петина од секунда.rn

    6. Паровите без деца повеќе работат на нивната врска

    rnИстражувачи од Англија ги анализирале одговорите на 4.500 испитаници и ја споредувале нивната среќа со тогашната фаза во врската. Резултатите покажале дека паровите без деца биле позадоволни од нивната врска и посреќни во животот. Ова не значи дека нема да бидете среќни ако имате деца, едноставно резултатите покажале дека паровите без деца се посреќни заедно.rn

    7. Шансите за неверство се исти и кај мажите и кај жените

    rnИако постои верување дека мажите се оние кои изневеруваат почесто, едно истражување покажало дека шансите се исти и за двата пола. Разликата е само причината и начинот на неверство. Додека мажите најчесто бараат физичка забава, жените бараат емоционална поврзаност која можеби нема да резултира во физичка врска. Експертите предупредуваат дека и емоционалното и физичко неверство се штетни за врската.rnrnПрочитајте ги и овие лекции за љубовта од старите среќни парови.

  • Предвидување на следната светска војна со помош на статистика

    Предвидување на следната светска војна со помош на статистика

    Еден истражувач создал статистички модел користејќи податоци за војните во минатото со цел да предвиди кога светот би се соочил со следниот голем конфликт. Би било одлично да можеме да ја предвидуваме иднината, зарем не? Предвидувањето на следниот тренд кај социјалните мрежи би ни помогнало да ги рекламираме нашите бизниси. Но најсличното нешто на предвидување што можеме да го добиеме е учење од минатото. Ако погледнеме назад кон работите кои знаеме дека се случиле би можеле да ги искористиме тие информации и да погодуваме што би се случило следно и кога.rnrnПредвидување на следната светска војна со помош на статистикаrnrnСтатистичката анализа на податоци од многу години (децении, ако не и векови) може да ни помогне да предвидиме речиси сè – од трендови до епидемии. Всушност, истражувачите ја користеле активноста на Твитер за да предвидат активност на грип. Истражувачите исто така користат податоци од минатото за да го подобрат предвидувањето на времето, како и за предвидување природни катастрофи.rnrnСега, Арон Клосет, професор асистент и компјутерски научник на Универзитетот во Колорадо се обидел да ја предвиди една од најголемите закани на човештвото – војната.rn

    Ера на мир?

    rnОд последната голема војна имаат поминато повеќе од 70 години. Всушност и Првата и Втората светска војна се случиле во период од 30 години. Иако оттогаш има некакви конфликти помеѓу некои држави, сме немале глобален конфликт речиси цел век.rnrnНекои експерти сметаат дека е само прашање на време. Други инсистираат дека живееме во мирна ера и дека војните од тој вид, иако се дел од нашата историја, нема да бидат дел од нашата иднина. Но дали има начин да се знае со сигурност, особено кога напредокот на технологијата овозможил еволуција на природата и дефиницијата на војната?rnrnОбидувајќи се да ги одговори овие прашања, Арон разгледувал податоци од војните во периодот од 1823-та до 2003-та година. Податоците се собрани од Correlates of War Project, онлајн база на податоци за војните која ѝ е достапна на јавноста. Потоа создал компјутерски модел кој му помогнал да ги среди податоците.rnrnКако што ги разгледувал податоците, Арон обрнал внимание на тоа каков бил светот пред, за време на и по долг период од конфликтот. Особено сакал да најде други повоени периоди во историјата каде што човештвото минувало децении без поголема војна. Идентификувајќи ги овие периоди, се надевал дека би можел да одреди што би го нарушило овој 70-годишен мир. Она што го открил е дека овој период на „мир“ иако ни изгледа неверојатно, не е толку необичен. Наводно, за мирната ера по Втората светска војна да биде статистички значајна би требало да трае околу 100-140 години.rn

    „Овие резултати покажуваат дека сегашниот мир можеби е покршлив отколку што веруваме“, изјавил Арон.

    rnПокрај тоа, Арон изјавил дека самата војна е редок настан.rn

    „Во чисто статистичка смисла, долгиот период на мир само создава рамнотежа релативна на големото насилство. Опасноста од многу голема војна ќе остане константа.“

    rnАрон смета дека додека човештво можеби ќе ја цени способноста да се предвидат конфликтите, сепак останува големото прашање: Колку далеку сме од катастрофална војна која ќе му стави крај на животот на Земјата? Па Арон го искористил статистичкиот метод за да го предвиди падот на човештвото. Според променливите – промени во глобалното население, технолошки напредок и менување на политичкиот пејзаж, тој смета дека судниот ден на човештвото би се случил за 383 до 11.489 години, со средина од 1.339 години. Тој заклучил дека веројатноста за таков настан е најверојатно непозната, но иако не можеме да знаеме ништо со сигурност, изгледот за конфликт кој би ѝ ставил крај на цивилизацијата во следните 13 векови би требало да ни ги отвори очите.

  • Секс-статистика: Факти на кои веројатно досега не сте ни помислиле

    Секс-статистика: Факти на кои веројатно досега не сте ни помислиле

    Веројатно досега не се имате запрашано дали и колку е калорична спермата, од кога постои вибраторот и колку често мажите лажат за да имаат секс со жена. Но, побарани или не, одговорите на овие прашања може да ве заскокоткаат.rnrnСекс-статистика: Факти на кои веројатно досега не сте ни помислилеrn

      rn011

    • Околу 1% од жените можат да доживеат оргазам со стимулација на брадавиците.
    • rn011

    • Скоро 12% жени користат мобилен телефон за време на секс.
    • rn011

    • Само 15% од мажите имаат пенис подолг од 17,78 см.
    • rn011

    • Безмалку 22% од жените имаат спиено со некој од сочувство.
    • rn011

    • Најчестата причина за скршен пенис е прекумерната мастурбација.
    • rn011

    • Вагината се зголемува за 20% во текот на сексуалната возбуда.
    • rn011

    • Скоро 73% жени искусиле секс за една ноќ.
    • rn011

    • Спермата содржи повеќе од 30 состојки меѓу кои и витамин Б12, млечна киселина, креатин и холестерол.
    • rn011

    • Еден од 100 луѓе имаат главоболка после оргазам.
    • rn011

    • Мажите почесто патат од сексуална главоболка.
    • rn011

    • Од сексомнија, односно практикување секс за време на спиење, страдаат околу 7% од луѓето.
    • rn011

    • Вибраторот е измислен во 19 век, кога се користел за лекување хистерија.
    • rn011

    • Во текот на 30 минути секс се трошат 200 калории.
    • rn011

    • Околу 12% од луѓето се имаат впуштено во сексуален однос на работното место.
    • rn011

    • Жените во просек имаат 4, а мажите 7 сексуални партнери.
    • rn011

    • Една лажичка сперма содржи околу 5 калории.
    • rn011

    • Еден од 5 луѓе имале секс во авион.
    • rn011

    • Околу 47% жени поседуваат вибратор.
    • rn011

    • Сперматозоидите во женското тело можат да живеат од 3 до 5 дена.
    • rn011

    • Околу 34% од мажите имаат излажано за да добијат секс со жена.
    • rn011

    • Една третина од мажите имаат проблем со прерана ејакулација.
    • rn

  • Според статистиките, мажите со овие 4 карактеристики се најуспешни бизнисмени

    Според статистиките, мажите со овие 4 карактеристики се најуспешни бизнисмени

    Сè се врти околу тоа колку добро се познавате себеси – вашите емоции, ставови и како комуницирате со другите луѓе. Според еден извештај, 85% од финансискиот успех се препишува на способностите за „човечко инженерство“ кое се состои од вашиот карактер и способноста да комуницирате, преговарате и водите. Само 15% од успехот настанува поради техничките способности. Д-р Тревис Бредбери смета дека нашата емоционална интелигенција се состои од следниве 4 клучни способности без чие присуство не можете да бидете успешни бизнисмени…rnrnspored-statistikite-mazhite-so-ovie-4-karakteristiki-se-najuspeshni-biznismeni-www.kafepauza.mkrn

    1. Самосвесност: Како се справувате со вашите емоции

    rnСпоред Бредбери, самосвесноста е способност прецизно да ги перципирате вашите емоции и да станете свесни за нив во истиот момент кога ќе се случат. Високата интелигенција не се важи воопшто ако не можете да ја контролирате. Токму затоа и ако не знаете да се справите со подемите и падовите на вашиот бизнис, без сомнение ќе останете на дното. Можеби изгледа полесно да се каже отколку да се направи, но способноста да ги контролирате вашите емоции е клучна доколку сакате да ги контролирате оние околу вас. Ако не можете да контролирате како ќе реагирате на нови ситуации, лоши вести и промена на плановите, тогаш вие немате никаква контрола врз ситуацијата.rn

    2. Самоуправување: Како ги насочувате вашите емоции

    rnКако додаток на контролата на вашите емоции, вие исто така треба да знаете и точно како да ги искористите за ваша корист. Вие треба да знаете како да ги уредувате вашите сопствени очекувања, промени на расположението и перцепции. Најважно од сè, треба да го насочите тоа што го чувствувате кон соодветниот вентил. Според Бредбери, вие треба да бидете способни да ја користите вашата свесност за емоциите со цел да останете флексибилни. Кога ќе знаете како да ги искористите позитивните емоции и како да ги надминете негативните, вие ќе почнете и брзо да летате над конкуренцијата.rn

    3. Социјална свесност: Колку добро ги разбирате емоциите на другите луѓе

    rnСоцијалната свесност е способноста да читате помеѓу редови. Колку добро можете да го сфатите тоа што луѓето не го кажуваат? Вашата способност точно да ги перципирате емоциите на другите луѓе и да сфатите што навистина се случува е клучот за успех. Откако ќе сфатите како да ги идентификувате емоциите на другите, вие ќе сфатите и како да комуницирате со нив и да им го кажуваат токму тоа што сакаат да го чујат.rn

    4. Управување на врските: Колку добро создавате интеракции од нивните емоции

    rnСпоред психологот Даниел Канемен, луѓето попрво би соработувале со луѓе на кои им веруваат отколку со оние на кои не им веруваат, дури и ако тие нудат подобар продукт за пониска цена. Клучот на успехот во бизнисот е довербата. Ако им се допаѓате на луѓето, тие ќе работат со вас. И единствениот начин да ја добиете нивната доверба е доколку разберете точно што сакаат да чујат и почувствуваат од вас.

  • Селфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулите

    Селфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулите

    Верувале или не, годинава повеќе луѓе починале при обидот да направат селфи отколку при напад од ајкули. Сериозно. Според новите извештаи, во 2015 година имало повеќе смртни случаи поврзани со селфи, како на пример, лизнување, паѓање и други видови несреќи, отколку смртоносни напади на ајкули.rnrnСелфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулитеrnrnДосега постојат барем 12 потврдени несреќи кои завршиле со смрт предизвикана од селфи, додека пак само 8 од напад од ајкули. Повеќето од смртта која настанала од селфи е резултат на глупавост, како обиди да се направат опасни фотки кои им пркосат на гравитацијата или приближување до опасни животни, како мечка. Најновиот смртен случај е 66-годишниот јапонски турист кој паднал по скали додека се обидувал да направи селфи во Таџ Махал.rnrnМинистерот за внатрешни работи од Русија добивал толку многу извештаи за смрт поврзана со селфиња, што решил да издаде памфлет чија цел е да ги образува луѓето на процедурата за правење вакви фотографии. Искрено, смртта поради несреќа додека се обидувате да направите фотографија од себе е можеби еден од најглупавите начини да се умре. Токму затоа бидете безбедни и тргнете ги малку телефоните од вашето лице!

  • Какви се жените во кревет според нивната градба на телото?

    Какви се жените во кревет според нивната градба на телото?

    Кога ќе се соберат одредени статистички податоци за градбата на телото не жените и начинот на кој водат љубов се добива и одреден шаблон по кој може да се определи кој тип на тело што носи во кревет. Тоа не мора да биде точно за сите затоа што на тоа влијаат многу фактори, но ако ве интересира што велат научните истражувања и статистиката за вас или вашата партнерка, ова се одговорите.rnrnКакви се жените во кревет според нивната градба на телото?rn

    Ако имате облини

    rnСе покажало дека жените со облини се поотворени за нови искуства во кревет и за секс за една ноќ. Таквите жени најчесто успеваат да ги привлечат мажите поради обликот на нивните колкови.rn

    Ако сте ниска

    rnНиските девојки имаат пониска точка на гравитација, а тоа им овозможува во кревет да направат работи кои повисоките девојки не ги можат. Нивната градба на телото им овозможува и да имаат секс на локации кои се невозможни за другите.rn

    Ако сте висока

    rnМажите ги перципираат долгите нозе како знак на здравје и затоа им се секси и привлечни, но на девојките кои ги имаат им е потешко да ги менуваат позите за време на сексот поради висината, а особено ако се повисоки од партнерот.rn

    Ако сте полничка

    rnСпоред истражување на еден нобеловец-генетичар, полничките жени повеќе уживаат во сексот од слабите. Тој верува дека жените со зголемена телесна тежина се подобри личности и се повеќе способни да уживаат во водењето љубов.rn

    Ако сте слаба

    rnИстиот генетичар верува и дека слабите наоѓаат помалку уживање во креветот, но една друга студија спроведена од други научници потврдила дека мажите се подобри во кревет со послаби жени.rn

    Ако имате мали гради

    rnПомалите гради се и поосетливи на допир и затоа овие жени добиваат многу повеќе од предиграта. Следствено на тоа, имаат и подобар секс од оние со поголеми гради.rn

    Ако имате големи гради

    rnИако нивните гради се помалку чувствителни на допир и затоа добиваат помалку стимулација, една студија покажала дека жените со поголеми гради имаат повисок коефициент на интелигенција. Тоа на научниците им дава за право да мислат дека тие подобро знаат што бараат од мажите и сексот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 интересни статистички факти за кафето

    8 интересни статистички факти за кафето

    Кафето крие бројни мистерии, а некои луѓе толку многу го обожаваат што попрво би се откажале цел месец од својот мобилен телефон отколку да се откажат од него. Многумина едноставно не можат да си го замислат денот без кафе. Тоа помага при издржливост, штити од камења во жолчката, го подобрува помнењето и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест. Токму поради тоа понекогаш кафето има моќ да ја преземе „контролата“ над животот, а за тоа сведочат и следниве неколку необични факти…rnrn8 необични и интересни факти за кафетоrn

      rn011

    • Скоро 55% од љубителите на кафето попрво би се здебелиле 4,5 килограми отколку да се одречат од својот омилен пијалак. Од друга страна пак, 49% од нив би се откажале и од мобилниот телефон само за да можат да продолжат да пијат кафе.
    • rn011

    • Околу 42% од луѓето тврдат дека кафето им овозможува поголемо задоволство од сексот.
    • rn011

    • Скоро 59% од кафеџиите сметаат дека оние кои пијат кафе се посекси од оние кои не пијат.
    • rn011

    • Околу 44% од луѓето тврдат дека денот им започнува откако ќе го испијат првото кафе.
    • rn011

    • Во Америка секој ден се пијат по 400 милиони кафиња. Америка е водечка земја по бројот на испиени кафиња, каде што се верува дека во текот на годината се пијат и до 146 милијарди шолји кафе.
    • rn011

    • Околу 35% од кафеџиите пијат исклучиво црно или турско кафе.
    • rn011

    • Скоро 65% од испиеното кафе се пие за време на појадокот.
    • rn011

    • Смртоносната доза кофеин изнесува 100 шолји кафе.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Откријте што вели статистиката за вашиот хороскопски знак

    Откријте што вели статистиката за вашиот хороскопски знак

    Астрологијата дава профил на секој хороскопски знак одделно, но овде откријте до какви заклучоци е дојдено со помош на истражувањата и статистичките податоци добиени од нив.rnrnОткријте што вели статистиката за вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnОвните не можат да се пофалат со особен успех во водењето деловни преговори и одржувањето деловна соработка. Не поднесуваат луѓе кои лажат и кои се нечесни, па не се мислат два пати пред да им кажат што точно мислат за нив и така да ги прекинат односите. Резултатите од истражувањата упатуваат на тоа дека малите Овни водат во групите на деца кои не отстапуваат од своите зацртани цели. Дури и ако им дадете задача за која не се дораснати и покажете дека се сомневате во нивниот евентуален успех, тие ќе сторат сè што е во нивна моќ само за да ви го докажат спротивното. Истражувањата говорат дека главни причини поради кои тие се разделуваат од своите партнери се рамнодушноста на партнерот, предвидливоста во однесувањето и недостатокот на жар во врската. Овие особини тие ги доживуваат како ладен туш и не ги толерираат.rnrnКако причини за развод Овните најчесто ги наведуваат постојаното проверување, изливите на љубомора и копањето по џебовите од страна на нивните партнери. Тие се и најнестрпливите возачи. Според податоците на британското и германското здружение на возачи, Овните имаат најмногу сообраќајни несреќи настанати поради непрописно претекнување или поминување на црвено светло. Ќе ги препознаете по одот. Имаат нагласено исправено држење, проследено со цврст и одлучен чекор. Дури и кога ги мачат болки во грбот, тие пак се трудат да одат исправено, а благодарение на тоа што многу се движат, успеваат да останат физички активни до длабока старост. Поретко одат на лекар во споредба со другите знаци. Грипот и високата температура се нивни најголеми здравствени непријатели, но силата и цврстата волја се на нивна страна во борбата против болестите.rn

    Бик

    rnБиковите заземаат висока позиција на листата на посакувани шефови. Многу го ценат талентот и напорната работа на своите подредени и сметаат дека е важно да се наградуваат грижливите, работливи и посветени работници. Тие се најдобри домаќини на работното место. Секој што ќе влезе во нивната канцеларија веднаш ќе биде послужен со кафе, за време на деловниот разговор и со скап пијалак и закуска, а сè ќе заврши во ресторан со одлично мени. Кога станува збор за љубовните врски, анкетите помеѓу илјадници брачни парови говорат за тоа дека Биковите се спремни да чекаат за возвраќање на нивната љубов подолго од кој било друг знак. Астрологијата тоа го објаснува преку нивната стрпливост и преданост.rnrnИстражувањата направени со помош на снимки од забавите во Холивуд покажуваат дека Биковите почесто од сите други влегуваат внатре на забавата држејќи го својот партнер околу струкот. Истото го прават и при запознавањето на нови луѓе. Посесивно го следат секој чекор на партнерот и покажуваат незадоволство доколку тој танцува со некој друг. Слободното време сакаат, меѓу другото, да го трошат на одгледување коњи, пчеларство и цвеќарство. Не се малку ни Биковите кои собираат вредни уметнички слики и ретки поштенски марки.rnrnСакаат порано да пристигнат на работа за на мира да си го испијат кафето и детално да го испланираат работниот ден. Причината за тоа е јасна – не поднесуваат нервози и паника, ниту трпат некој да ги брза или прекинува во работата. Немаат високо мислење за луѓето кои употребуваат евтини мириси, кои се облекуваат во вештачки материјали или живеат во невкусно уредени домови.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се мајстори во комуникацијата, па затоа тие најбрзо ќе се разберат на јазикот на земјата во која се наоѓаат. Многу од нив говорат течно и по неколку јазика, е се и добри преведувачи. И смислата за хумор им е јака страна. Тие се вистинска ризница на вицеви и досетки. Умеат најобичните ситуации да ги претворат во такви поради кои другите ќе се „искинат“ од смеење, така што нивното присуство на забавите е гаранција дека сите добро ќе си поминат. Ако сфатат дека занимавањето со некое хоби може да им донесе повеќе пари отколку нивната професија за која се школувале, тие без размислување ќе му се посветат на тоа. Често пати успеваат во професија која некогаш одамна ја сметале за привремена.rnrnИстражувањата покажуваат дека Близнаците и во зрелите години го задржуваат својот младешки изглед и начин на облекување. Носат посмели тонови и модни детали кои се во тренд. Никогаш не им е доста од љубов. Близнаците се знакот кој најчесто се венча во домовите за стари лица. Па и да имаат неколку пропаднати бракови зад себе, тие не се мислат дали пак да кажат „да“. Омилени им се и квизовите и решавањето загатки. Според едно американско истражување, најмногу победници на квизовите се родени токму во овој знак. Истовремено се и најчестите посетители на психолозите и психијатрите, кои се занимаваат со нивниот страв од оган, висина или затворени простори.rn

    Рак

    rnСтатистиката покажува дека Раковите се најдобрите советодавци, иако себеси не знаат да си помогнат толку многу. Слободно обратете им се кога не ви оди во животот. Имаат извонредна интуиција и вродено внимание поради кои даваат мудри и практични совети. Од друга страна, ако им тргне лошо во љубовниот живот, тие имаат најголеми шанси да скршнат од својот пат и да посегнат по алкохолот, скитањето и другите телесни задоволства. Раковите не се снаоѓаат многу добро во улога на надредени. Не сакаат да држат јавни говори и да се изложуваат на големо внимание. Тешко воспоставуваат авторитет, а во прилог не им оди ниту преголемата попустливост.rnrnРаковите се штедливи. Веднаш штом се вработат, започнуваат со штедење за пензија и за црни денови. Нивниот дом неретко наликува на магацин за стари и непотребни предмети. Тие се традиционалисти со уметнички сензибилитет, па затоа и се врзуваат за некои предмети и тешко се одвојуваат дури и од непотребните ситници. Семејниот живот за нив е од најголема важност, а сè друго е во втор план. Жените Ракови обожаваат да купуваат облека од пазар. Одлично умеат да го искомбинираат старото и новото и секогаш да изгледаат заводливо.rn

    Лав

    rnИстражувањата спроведени во Холивуд, Њујорк и Франција покажуваат дека најголем број од гостите на гламурозните забави од висока класа и на другите важни настани се Лавови во хороскоп. Тие имаат ретка среќа да бидат во групата на оние кои немаат трема и не паничат на испит или ситуации при кои треба да излезат пред публика. Овој знак има и најголем број естрадни ѕвезди. Тие сакаат да покажуваат гордост во однос на она што го имаат. Тоа особено важи кога треба да го покажат својот партнер пред другите, при што постојано ќе ги истакнуваат неговите или нејзините убавина, образование и шарм.rnrnИако ретко се одлучуваат на развод, податоците укажуваат на тоа дека таквата одлука најчесто ја носат во мај или декември. Месеци во кои најчесто се вљубуваат се јануари, февруари, април и јуни. Тие важат за најдобри љубовници во зодијакот (покрај Скорпиите и Рибите), но истражувањата покажуваат и дека тие најчесто страдаат поради сексуални проблеми. Причината за тоа лежи во нивната гордост и суета. Според истражувањата кои еден угледен бизнис магазин ги спровел во педесетте најголеми американски компании покажува дека Лавовите се најчестиот хороскопски знак на водечките менаџерски позиции, а нивната доминација е уште поизразена на позициите на средно ниво. Се смета дека Лавовите се и големи гурмани. Слабост им се слатките, тортите, сладоледот и палачинките.rn

    Девица

    rnПо некои статистики Девиците се најстрасните читатели на романи. Имајќи ги предвид тврдењата на психолозите дека со изборот на книгите луѓето го надоместуваат она што им фали во животот, се чини дека мечтаат за нежност и романтика. Тие се тешко освоиви. Прво ќе најдат низа причини да не се впуштат во врска, за потоа преку длабока и широка анализа на добрите и лошите страни на потенцијалниот партнер да се препуштат на она што им го шепоти срцето. Сакаат да ги проучуваат сите љубовни техники.rnrnСпоред некои истражувања во американските големи компании и банки, тие го заземаат второто место во раководните структури, веднаш после Лавовите. Тој успех го постигнуваат околу педесеттиот роденден. Тие имаат најчувствителен дигестивен систем и тие најчесто добиваат чир на желудникот. Речиси и да ги нема меѓу алкохоличарите и наркоманите, затоа што не посегаат по средства кои ќе им го попечат рационалното расудување и ќе им го нарушат примерното поведение.rnrn