Оваа прекрасна јапонска старица може да ги научи и милениумците по некој трик за тоа како да ги снимат најинтересните моменти од животот и да ги претворат во магија. Кимико Нишимото се проби уште лани со урнебесните автопортрети, но нејзината работа без сомнение еволуирала во текот на годината и таа сега создава уште подобри и позабавни дела. Оваа 90-годишна старица е вистински гениј кога станува збор за технологијата, па самата си го води Инстаграм профилот, каде што ги објавува фотографиите што ги прави и обработува во посебен софтвер. Таа навистина успева да ги претвори своите обични денови во моменти исполнети со хумор, и следниве фотографии без сомнение ќе ви докажат тоа.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rn
Tag: старица
-

Откако оваа старица ја дознала магијата на фотографирањето, не може да престане да се забавува!
-

Писмо од 83-годишна старица полно со животни лекции од кои сте можеме да научиме нешто
Животот е трка за некои луѓе: Трка за да се добие унапредување на работа, да се има совршено тело, да се биде присутен на сите настани… Во оваа брза животна потрага по среќата немаме ни една минута да застанеме, да погледнеме околу себе и да си кажеме „Животот е толку прекрасен!“ Понекогаш, ова чувство на хармонија воопшто не се појавува, а понекогаш се појавува премногу доцна, како на пример, тогаш кога ќе наполните 83 години.rnrn
rnrnТокму тоа ѝ се случило на една 83-годишна старица која решила да напише писмо до нејзината пријателка. Многу е важно да ја разберете смислата на нејзините зборови што е можно побрзо, пред да стане предоцна. Можете дури и да си ја препишете последната реченица од писмото и да ја ставите на некое место во домот каде што ќе ја гледате секој ден. Прочитајте го ова искрено писмо полно со животни лекции од кои сите можеме да научиме нешто…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДрага Берта,rnrnПовеќе читам, а помалку бришам прашина. Седам во градината и се восхитувам на погледот без да се нервирам за плевелот во дворот. Поминувам повеќе време со семејството и пријателите, а помалку време трошам на работење.rnrnСекогаш кога е возможно, треба да ги почувствуваме доживувањата во животот, а не да ги издржуваме. Се обидувам да ги препознам тие моменти и да ги ценам.rnrnНе „чувам“ ништо. Го користиме скапиот прибор за јадење од кристал за секој посебен настан, како што е губењето вишок килограми, одзатнувањето на лавабото или цутењето на првиот цвет во градината.rnrnГо носам моето убаво сако кога одам во продавница. Мојата теорија е дека ако изгледам успешно, ќе можам потрошам 29 долари на мала кеса производи.rnrnНе го чувам убавиот парфем за посебни забави, туку го носам за работниците од продавницата за алати и за вработените во банка.rnrn„Некогаш“ и „деновиве“ полека исчезнуваат од мојот речник. Ако нешто вреди да се види, чуе или направи, тогаш сакам да го видам, чујам или направам сега.rnrn
rnrnНе сум сигурна што би направиле другите луѓе кога би знаеле дека нема да го дочекаат утрото што сите го земаме здраво за готово. Мислам дека би им се јавиле на членовите од семејството и на блиските пријатели. Можеби би им се јавиле и на поранешните пријатели за да им се извинат и да ги поправат грешките од караниците во минатото. Можеби би отишле во кинески ресторан на вечера или која и да е нивната омилена храна. Претпоставувам дека никогаш нема да дознам.rnrnКога би знаела дека часовите ми се одброени, би била лута поради тоа што сум оставила толку многу мали работи недовршени. Би била лута поради тоа што не сум ги напишала оние писма кои сум планирала да ги напишам некогаш. Би била лута и би се каела поради тоа што не сум му кажувала на сопругот и родителите доволно често колку многу ги сакам.rnrnМногу се трудам да не ги одложувам, потиснувам и чувам работите кои би ми го исполниле животот со смеа и радост. Секое утро кога отворам очи, си велам дека тоа е посебно. Секој ден, секоја минута, секој здив се дарови од Бог.rnrnМожеби нашиот живот не звучи како онаа песна што сме ја сакале. Но, додека сме тука, ништо не нѐ спречува да танцуваме.rnrn[/message_box]rnrn
rnrnДали и вие постојано брзате во животот? Не заборавајте да обрнете внимание на работите што се случуваат околу вас. Бидете присутни во секој момент. Применете ги драгоцените совети од ова писмо и никогаш нема да жалите поради работите што сте ги пропуштиле или сте ги оставиле недовршени.rnrnПрочитајте го и ова отворено писмо од една девојка до личноста што таа била во минатото. -

Можете ли да ја видите убавината на оваа фотографија? Многумина не можат!
Веќе изгледа нормално секогаш со себе да ги носиме нашите смартфони, притоа фотографирајќи нешто што ни остава впечаток. Речиси секој од нас кога ќе сретне некоја позната личност ја фотографира, а потоа ја споделува сликата на социјалните мрежи… Но, можете ли да забележите што е различно на оваа фотографија?rnrn
rnrnОна што ја прави убава оваа фотографија е старата жена којашто го користи најдобриот уред на создавање сеќавања – сопствените очи. Таа се обидува со своите очи да го види она што се случува и да ги почувствува емоциите на вистински начин. Таквата „стара техника“ всушност е полна со мудрости, а притоа може да се каже дека старицата е повеќе атрактивна отколку ѕвездата којашто сите ја фотографираат, пред сѐ поради тоа што таа го игнорира она што го прават другите околу неа, целосно посветувајќи му се на тогашниот момент.rnrn
-

100-годишна жена тврди дека тајната за долговечноста се крие во џинот
Мејбел Џексон е 100-годишна бабичка која живее долг и среќен живот во Суфолк, Англија, каде што била родена. Неодамна, таа влегла во листата на најстарите луѓе во светот и англиските медиуми, природно, покажале голем интерес за неа. На прашањето на што се должи нејзината долговечност, таа, покрај обидот секој ден да го живее без стрес и нервози, дала и уште еден интересен одговор.rnrn
rnrnМејбел смета дека тајната за нејзините 100 години се крие во чашата џин и тоник која ја пие секое утро. Таа дури пие и 6 чаши дневно, што можеме да претпоставиме дека е навистина скапа навика. Но, како што вели Мејбел, има ли животот цена?rn„Пијам 2 чаши со ручекот, една со ужината и потоа уште 3 во квечерините: 1 со вечерата и 2 додека плетам. Џинот ме одржува млада“, вели таа.
rnНејзиното тврдење е поткрепено од нејзиниот изглед и нејзините брзи когнитивни способности, па таа се обидела да пресмета колку вкупно шишиња џин испила од оној момент кога започнала да го консумира.rn
„Пресметав една вечер, кога не можев да спијам. Наместо да бројам овци, броев шишиња џин. Има 35 мерни единици во шише, а бидејќи пијам 6 чаши дневно заклучив дека пијам по 1 шише неделно. Што објаснува зошто секоја среда одам да купувам џин. На таа основа, купувам 52 шишиња годишно, односно 4.264 шишиња откога почнав да пијам“, објаснува Мејбел.
rnКако и да е, Мејбел сѐ уште, како што се вели „добро се држи“ и секојдневно ја практикува својата рутина. Ние ѝ посакуваме уште долги години исполнети со среќа, џин и тоник.
-

Само еден поглед на овој цртеж од 1888 ќе ви каже каква личност сте
Се работи за цртеж кој кружи повеќе од 100 години под различни имиња, но последниве денови повторно се рашири на социјалните мрежи. Првпат се појавил на разгледница во Германија во 1888 година, а потоа во еден американски хумористичен магазин од 1918, а е дело на Британецот Вилијам Или Хил.rnrnАко му верувате на она што се пишува за овој цртеж, вашиот одговор ќе ви открие каква личност сте.rn
Погледнете ја сликата. Што забележувате прво?
rn
rnrnН истата слика има девојка и старица, а зависно од тоа која од нив ќе ја забележите прво, постојат и различни толкувања, кои не се научно поткрепени, туку се работи само за забава.rn1. Девојка
rnДевојката на цртежот е свртена со лицето спротивно од вас, гледајќи во далечината, а во профил ѝ се гледаат носот и трепките. Од шеширот ѝ се вее бел вел, носи бунда, деколтето ѝ е дискретно отворено, а околу вратот има ланче.rnrnТолкување: Вие сте личност со ведра природа, младешки дух и на светот гледате оптимистично.rn
2. Старица
rnСтарицата ја гледаме во профил, а увото на девојката е око на старицата. Линијата на нејзиниот образ и вилицата го претставуваат носот на старицата, а ланчето ги формира нејзините усни, додека велот на шеширот кај старицата повеќе личи на марама.rnrnТолкување: Ако прво сте ја забележале старицата (или вештерката), склони сте на песимизам, скептични сте и имате стар дух.
-

Баба Рога и нејзините „митолошки колеги“
Дознајте нешто повеќе за неколку митолошки суштества кои додека бевме деца ни влеваа страв во коски…rnrn
Внимавајте иде Баба Рога!
rnСе сеќавате ли на Баба Рога? Многумина од нас штом го слушнеа ова име стануваа најпослушните деца на светот, ги празнеа чиниите и веднаш заминуваа на спиење. Според митолошките преданија, таа е страшна вештерка која живее во шума. Нејзината куќа е оградена со коски и черепи од деца, кои откако ќе ги намами во својот дом, ги вари во голем котел и ги јаде.rnrnПокрај во нашата земја, Баба Рога е синоним за детски страв и во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Русија, Украина, Бугарија, Полска, Чешка, Словачка и Словенија. Позната е уште и како Баба Јага, односно Јага Баба.
Во руските приказни, Баба Рога (Баба Јага) е грда и стара жена која живее во куќа што се движи на кокошкини нозе. Клучалката на вратата има остри заби и не може да се отвори ако не ги знаете магичните зборови. Нивната Баба Рога не лета на метла, туку на нејзиниот бастун.rnrnВо сказните „Василица Прекрасна“ на рускиот ислустратор и сценограф Иван Јаковлевич Билибин, оваа страшна баба има невидливи слуги за кои никој не смее да ја праша. Според делата на Билибин, нејзината куќа ја влечат тројца јавачи. Едниот јава на бел коњ и го означува денот, другиот на црвен и го сибмолизира Сонцето и третиот е на црн коњ и царува со ноќта.rnrn„Баба Рога“ на Александар Пушкин во поемата „Руслан и Људмила“ е штрбава старица, која исто така, живее во куќа на нозе од кокошка. Но, нејзиниот дом е без врати и без прозорци.rnrnПолските деца пак, Баба Рога ја знаат како вештерка која живее во куќа со само само една нога од кокошка. Таа лета на метла и е облечена во полска народна носија (црвено-црна). Во нивните приказни има повеќе Баба Роги. Така ги нарекуваат и страшните вештерки кои живеат во куќички од колачиња.rnrnПогледнете и една куса анимација за оваа хорор-баба:rnrn
А, сте слушнале ли за Караконџула?
rnКараконџула е женски демон кој живее во македонските, српските и бугарските приказни. И таа е со лик на старицa, носи бастун, има долги нокти, рогови, железни заби и продорни светли очи. Ова митолошко суштество лута доцна во ноќта за време на т.н. некрстени денови, често стои пред вратите и таму ја чека нејзината жртва. Таа може да се јави и во облик на многу слаба и висока жена или пак, да се трансформира во мало девојче.rnrnКога петелот ќе го означи почетокот на новиот ден, Караконџулата се повлекува во нејзиното дувло. Што значи, не чекајте да падне мрак, па да си одите дома, приберете се со време. 🙂
rnrnИтрите самовили ќе ви ги земат очите?!
rnСамовилите се убави, но злобни девојки, кои уживаат во музика и постојано играат оро. Имаат златни долги коси и крилја. Тие поседуваат неверојатна моќ да го заведат и маѓепсаат човекот. Живеат високо на планините, покрај извори на вода и во раскошни дворци на облаците.rnrnСпоред јужнословенската митологија, самовилите се раѓаат од росата на некое цвеќе, во моментот кога се појавува виножито. Можат да заземат најразлични форми, да се преобразат во лебед, сокол, волк и во други животни, и имаат неверојатна способност за пророкување. Ако побараат нешто од вас, а вие не го исполните, ќе ви ги земат очите. Нивната моќ лежи во косите и во крилјата. Ако некој им ги отсече, тие се претвораат во обични жени. Ако пак, им ја украдете облеката, самовилите ви се потчинуваат.
Интересно е тоа што во некои записи се сретнуваат и мажи-самовили. Тие се синови на самовилите и имаат неверојатна мажествена моќ. Ова секако, се само мал дел од податоците за овие суштества од митологијата. За нив, повеќе можете да прочитате во делата на Марко Цепенков.rnrnТаму е дувлото на неуништливата ламја
rnЛамјата најчесто има кучешка глава со големи остри заби и нокти. Таа се движи на четири нозе и има опашка која завршува во облик на рог. Телото на ламјата е покриено со големи лушпи, слично како кај рибите. Овие митолошки суштества живеат во пештери и во длабоки дупки, каде чуваат големи богатства. Во некои записи, тие се претставени и како чувари на водите и на изворите.rnrnИ ламјата има моќ да се трансформира. Таа може да заземе форма на човек, на орел или на змија. Нејзината појава се врзува со силните ветрови и со грмотевиците. Тие имаат силно развиен осет за мирис и се хранат со човечко месо. Ламјата е еден вид противтежа на змејот. Кога ќе се сретнат овие две митолошки суштества, тие веднаш влегуваат во борба, заради која се јавуваат грмотевиците и светкавите молњи на небото.
Сме гледале и слушале многу приказни за нив, со храбри и сиромашни јунаци, кои за да дојдат до срцето на богатите цареви ќерки, мораат да се соочат со овие опасни и неуништливи ѕверови…rnrnПа, заради кое од овие суштества и вие бевте послушни деца? 🙂rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.